Соња Преград Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sona-pregrad/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 08:11:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Соња Преград Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sona-pregrad/ 32 32 Со работилница на хрватската кореографка Соња Преград почнуваат предвањата на Катедрата за современ танц при УГД Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-rabotilnitsa-na-hrvatskata-koreografka-sona-pregrad-pochnuvaat-predvanata-na-katedrata-za-sovremen-tants-pri-ugd-shtip/ Mon, 07 Oct 2024 08:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=823691

Денес од 10 часот на Катедрата за современ танц, при универзитетот „Гоце Делчев“, ќе се одржи работилница со познатата хрватска кореографка Соња Преград. Оваа работилница се одржува во соработка со Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ и нивниот програм „Култренинг“.

Со оваа работилница официјално започнува сезоната 2024-2025 за студентите по современ танц, во која се планирани повеќе активности, работилници и настапи.

Соња Преград е хрватски кореограф, изведувач, педагог и куратор. Таа има магистрирано на Универизтетот за уметности во Берлин, Германија. За нејзината кореографска и изведбена работа три пати ја добива Хрватската национална театрска награда, а наградена е и како куратор на фестивалот „Импроцпекција“. Како изведувач работи со кореографите Мег Стјуарт, Борис Шармац, Изабел Шад, Сања Ивековиќ, Александра Јанева Имфелд, Ирма Омерзо и други. Континуирано предава на Катедрата за нови медиуми на Академијата за ликовни уметности и Танцовиот оддел на Академијата за драмска уметност во Загреб, Хрватска, како и на независниот програм „ROAR“ во Берлин, Германија. Соња Преград е основач и продуцент на фестивалот „Импроспекција“, кој започнува во 2007 година, како и на колективот „Антисезона“ со кој води програма за изведбена уметност во Музеј на современа уметност во Загреб, Хрватска.

The post Со работилница на хрватската кореографка Соња Преград почнуваат предвањата на Катедрата за современ танц при УГД Штип appeared first on Република.

]]>

Денес од 10 часот на Катедрата за современ танц, при универзитетот „Гоце Делчев“, ќе се одржи работилница со познатата хрватска кореографка Соња Преград. Оваа работилница се одржува во соработка со Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ и нивниот програм „Култренинг“. Со оваа работилница официјално започнува сезоната 2024-2025 за студентите по современ танц, во која се планирани повеќе активности, работилници и настапи. Соња Преград е хрватски кореограф, изведувач, педагог и куратор. Таа има магистрирано на Универизтетот за уметности во Берлин, Германија. За нејзината кореографска и изведбена работа три пати ја добива Хрватската национална театрска награда, а наградена е и како куратор на фестивалот „Импроцпекција“. Како изведувач работи со кореографите Мег Стјуарт, Борис Шармац, Изабел Шад, Сања Ивековиќ, Александра Јанева Имфелд, Ирма Омерзо и други. Континуирано предава на Катедрата за нови медиуми на Академијата за ликовни уметности и Танцовиот оддел на Академијата за драмска уметност во Загреб, Хрватска, како и на независниот програм „ROAR“ во Берлин, Германија. Соња Преград е основач и продуцент на фестивалот „Импроспекција“, кој започнува во 2007 година, како и на колективот „Антисезона“ со кој води програма за изведбена уметност во Музеј на современа уметност во Загреб, Хрватска.

The post Со работилница на хрватската кореографка Соња Преград почнуваат предвањата на Катедрата за современ танц при УГД Штип appeared first on Република.

]]>