сон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/son/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Jul 2024 16:12:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/son/ 32 32 Овие лесни вежби пред спиење ќе ви го продолжат сонот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ovie-lesni-vezhbi-pred-spiene-ke-vi-go-prodolzhat-sonot/ Sun, 21 Jul 2024 16:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=798833

Ново истражување посочува дека кратките периодични вечерни активности, во облик на лесни вежби, би можеле да го продолжат спиењето за 30 минути.

Вежбите како што се полесни чучнувања („сквотови“) и подигање на телото може да резултираат со подобар сон и потенцијално да ја намалат можноста за дијабетес и срцеви заболувања кај постарите возрасни лица, покажува истражувањето. И претходни испитувања прикажаа дека продолженото седење буден навечер и недоволното спиење се поврзани со зголемена опасност од најчестите заболувања коишто може да значат и смрт.

Околу 30 учесници во новото истражување имаа за задача: едната група - да прават четиричасовни вечерни „сесии“ со продолжено седење и втората група - седење со триминутни вежби на секои половина час.

Вежбите вклучуваа чучнувања, тежина врз листовите и колената, стоечки вежби итн. Одговорната за испитувањето, Мередит Педи изјави дека овие едноставни вежби се избрани затоа што не бараат никаква опрема, ниту многу простор, а може да се прават и при гледање ТВ. Така, истражувањата откриле дека кај испитаниците кои правеле вежби, се јавува одликата на 30 минути подолго спиење и се посочува дека сличен позитивен ефект се добива и од „марширање во место“ или едноставно одење низ куќата...

Па, дури и малку танцување може да помогне во таа насока. Најважно е редовно да станувате од столот и да го движите телото, советува д-р Педи.

Сепак, не се препорачуваат интензивни физички вежби пред спиење. Тоа ја зголемува телесната температура и отчукувањата на срцето, што води кон лош сон.

The post Овие лесни вежби пред спиење ќе ви го продолжат сонот appeared first on Република.

]]>

Ново истражување посочува дека кратките периодични вечерни активности, во облик на лесни вежби, би можеле да го продолжат спиењето за 30 минути. Вежбите како што се полесни чучнувања („сквотови“) и подигање на телото може да резултираат со подобар сон и потенцијално да ја намалат можноста за дијабетес и срцеви заболувања кај постарите возрасни лица, покажува истражувањето. И претходни испитувања прикажаа дека продолженото седење буден навечер и недоволното спиење се поврзани со зголемена опасност од најчестите заболувања коишто може да значат и смрт. Околу 30 учесници во новото истражување имаа за задача: едната група - да прават четиричасовни вечерни „сесии“ со продолжено седење и втората група - седење со триминутни вежби на секои половина час. Вежбите вклучуваа чучнувања, тежина врз листовите и колената, стоечки вежби итн. Одговорната за испитувањето, Мередит Педи изјави дека овие едноставни вежби се избрани затоа што не бараат никаква опрема, ниту многу простор, а може да се прават и при гледање ТВ. Така, истражувањата откриле дека кај испитаниците кои правеле вежби, се јавува одликата на 30 минути подолго спиење и се посочува дека сличен позитивен ефект се добива и од „марширање во место“ или едноставно одење низ куќата...
Па, дури и малку танцување може да помогне во таа насока. Најважно е редовно да станувате од столот и да го движите телото, советува д-р Педи.
Сепак, не се препорачуваат интензивни физички вежби пред спиење. Тоа ја зголемува телесната температура и отчукувањата на срцето, што води кон лош сон.

The post Овие лесни вежби пред спиење ќе ви го продолжат сонот appeared first on Република.

]]>
Прекумерното спиење поопасно од недостатокот на сон https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/prekumernoto-spiene-poopasno-od-nedostatokot-na-son/ Sun, 11 Feb 2024 17:58:17 +0000 https://republika.mk/?p=742925

Прекумерното спиење може да има негативни здравствени последици, слични на недостатокот на сон.

Недостатокот на сон е еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат многу луѓе. Тоа влијае на секојдневните задачи и ја намалува продуктивноста, но премногу сон може да има слични несакани ефекти како недостатокот на сон, можеби уште полоши, според многу експерти. Прекумерното спиење е штетно бидејќи на нашето тело му треба доволно време за да ја искористи целата енергија акумулирана во текот на ноќта.

Ако спиеме премногу, тогаш вишокот енергија повторно се претвора во недостаток. Затоа, дури и по долг сон, можете да се чувствувате тромо, уморно и непродуктивно. Количината на сон што ви треба може да варира во текот на вашиот живот. Сето тоа зависи од вашата возраст и нивото на активност, како и од вашето целокупно здравје и начин на живот. Иако ова може да варира во зависност од индивидуалните потреби, експертите препорачуваат повеќето возрасни да спијат помеѓу седум и девет часа дневно.

Како да знаете дека сте спиеле доволно и дека не сте поминале премногу време на спиење? Едноставно е, треба да се чувствувате ведри, одморени и со многу енергија и сила. За да имате квалитетен сон, вклучете неколку здрави навики во вашата дневна рутина:

– Избегнувајте консумирање кофеин и алкохол пред спиење и вклучете здрава храна во вашата исхрана

– Вежбајте наутро, ќе ви помогне да се разбудите

– Обидете се да спиете и да се будите секој ден во исто време

– Направете пријатна и удобна средина во вашата спална соба. Добро проветрете пред спиење и оставете ги ролетните нагоре, така што дневната светлина ќе ве разбуди наутро

– Избегнувајте дремење во текот на денот, особено ако тоа трае подолго од 30 минути

 

The post Прекумерното спиење поопасно од недостатокот на сон appeared first on Република.

]]>

Прекумерното спиење може да има негативни здравствени последици, слични на недостатокот на сон. Недостатокот на сон е еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат многу луѓе. Тоа влијае на секојдневните задачи и ја намалува продуктивноста, но премногу сон може да има слични несакани ефекти како недостатокот на сон, можеби уште полоши, според многу експерти. Прекумерното спиење е штетно бидејќи на нашето тело му треба доволно време за да ја искористи целата енергија акумулирана во текот на ноќта. Ако спиеме премногу, тогаш вишокот енергија повторно се претвора во недостаток. Затоа, дури и по долг сон, можете да се чувствувате тромо, уморно и непродуктивно. Количината на сон што ви треба може да варира во текот на вашиот живот. Сето тоа зависи од вашата возраст и нивото на активност, како и од вашето целокупно здравје и начин на живот. Иако ова може да варира во зависност од индивидуалните потреби, експертите препорачуваат повеќето возрасни да спијат помеѓу седум и девет часа дневно. Како да знаете дека сте спиеле доволно и дека не сте поминале премногу време на спиење? Едноставно е, треба да се чувствувате ведри, одморени и со многу енергија и сила. За да имате квалитетен сон, вклучете неколку здрави навики во вашата дневна рутина: – Избегнувајте консумирање кофеин и алкохол пред спиење и вклучете здрава храна во вашата исхрана – Вежбајте наутро, ќе ви помогне да се разбудите – Обидете се да спиете и да се будите секој ден во исто време – Направете пријатна и удобна средина во вашата спална соба. Добро проветрете пред спиење и оставете ги ролетните нагоре, така што дневната светлина ќе ве разбуди наутро – Избегнувајте дремење во текот на денот, особено ако тоа трае подолго од 30 минути  

The post Прекумерното спиење поопасно од недостатокот на сон appeared first on Република.

]]>
Сонувавте дека ви паднал заб? Еве што значи и што треба веднаш да направите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/sonuvavte-deka-vi-padnal-zab-eve-shto-znachi-i-shto-treba-vednash-da-napravite/ Mon, 12 Jun 2023 19:19:05 +0000 https://republika.mk/?p=650638

Голем број луѓе веруваат дека соништата се потсвесни пораки и често бараат смисла и значење во нив. Овие соништа понекогаш се вистински кошмари, а меѓу нив се и оние на кои забите ви скапуваат и паѓаат.

Народните претскажувања за ваквите соништа обично се поврзани со лоши прогнозирачки исходи за некој наш близок член од семејството, со што се предвидува дека наскоро ќе се разболи или умре.

Психологот и експерт за соништа Рубин Најман вели дека толкувањето на соништата е поврзано со емоциите што ви ги буди неговата симболика. Повеќе се работи за личното, а помалку за буквалното значење.

Затоа, експертите наведуваат пет основни толкувања за соништата за губење на забите.

Чувство на срам и несигурност. Забите навистина не паѓаат сами од себе, што го прави овој сон особено бизарен и е во спротивност со теоријата дека соништата се само консолидација на сеќавањата. Ако прифатиме дека соништата претставуваат емоции и не се само буквални симболи, можно е паѓањето на забите да претставува недостаток на самодоверба.

Трансформација. Познатиот психијатар Карл Јунг верувал дека таков сон претставува повторно раѓање и трансформација. Имено, што се случува кога ќе ви испаднат млечните заби? Трајните заби избиваат. На овој начин, губењето заб во сон може да се толкува како знак на раст и позитивна промена.

Недостаток на контрола. Според оваа теорија, паѓањето на забите во сон може да укаже на недостаток на контрола. Никој не сака да му паднат забите, па ако имате такви соништа, размислете дали во вашиот живот се случува нешто што ве прави да се чувствувате беспомошни и дали сте соочени со ситуација врз која немате никакво влијание.

Загуба и тага. Соништата за паѓање на забите исто така може да претставуваат загуба, па дури и тага. Таквиот сон е од вознемирувачки карактер, па затоа треба да се запрашате дали неодамна сте изгубиле нешто. Ако вашата потсвест се обидува да се помири со загубата во реалниот живот, тоа може да се одрази во вашите соништа.

Можеби навистина имате проблеми со забите. На крајот на краиштата, постои можност вашите соништа да се поврзани со проблеми со забите. Во една студија објавена во Frontiers in Psychology, научниците открија врска помеѓу соништата за забите и вистинските проблеми со забите што луѓето ги чувствуваат кога ќе се разбудат.

Меѓу нив е и несвесното крцкање на забите, но тешко е да се каже дали токму тоа е причината за кошмарот. Тие веруваат дека непријатноста и можната болка можеби нашле начин да се вклучат во вашите соништа.

 

The post Сонувавте дека ви паднал заб? Еве што значи и што треба веднаш да направите appeared first on Република.

]]>

Голем број луѓе веруваат дека соништата се потсвесни пораки и често бараат смисла и значење во нив. Овие соништа понекогаш се вистински кошмари, а меѓу нив се и оние на кои забите ви скапуваат и паѓаат. Народните претскажувања за ваквите соништа обично се поврзани со лоши прогнозирачки исходи за некој наш близок член од семејството, со што се предвидува дека наскоро ќе се разболи или умре. Психологот и експерт за соништа Рубин Најман вели дека толкувањето на соништата е поврзано со емоциите што ви ги буди неговата симболика. Повеќе се работи за личното, а помалку за буквалното значење. Затоа, експертите наведуваат пет основни толкувања за соништата за губење на забите. Чувство на срам и несигурност. Забите навистина не паѓаат сами од себе, што го прави овој сон особено бизарен и е во спротивност со теоријата дека соништата се само консолидација на сеќавањата. Ако прифатиме дека соништата претставуваат емоции и не се само буквални симболи, можно е паѓањето на забите да претставува недостаток на самодоверба. Трансформација. Познатиот психијатар Карл Јунг верувал дека таков сон претставува повторно раѓање и трансформација. Имено, што се случува кога ќе ви испаднат млечните заби? Трајните заби избиваат. На овој начин, губењето заб во сон може да се толкува како знак на раст и позитивна промена. Недостаток на контрола. Според оваа теорија, паѓањето на забите во сон може да укаже на недостаток на контрола. Никој не сака да му паднат забите, па ако имате такви соништа, размислете дали во вашиот живот се случува нешто што ве прави да се чувствувате беспомошни и дали сте соочени со ситуација врз која немате никакво влијание. Загуба и тага. Соништата за паѓање на забите исто така може да претставуваат загуба, па дури и тага. Таквиот сон е од вознемирувачки карактер, па затоа треба да се запрашате дали неодамна сте изгубиле нешто. Ако вашата потсвест се обидува да се помири со загубата во реалниот живот, тоа може да се одрази во вашите соништа. Можеби навистина имате проблеми со забите. На крајот на краиштата, постои можност вашите соништа да се поврзани со проблеми со забите. Во една студија објавена во Frontiers in Psychology, научниците открија врска помеѓу соништата за забите и вистинските проблеми со забите што луѓето ги чувствуваат кога ќе се разбудат. Меѓу нив е и несвесното крцкање на забите, но тешко е да се каже дали токму тоа е причината за кошмарот. Тие веруваат дека непријатноста и можната болка можеби нашле начин да се вклучат во вашите соништа.  

The post Сонувавте дека ви паднал заб? Еве што значи и што треба веднаш да направите appeared first on Република.

]]>
Проблемите со спиењето петкратно ја зголемуваат опасноста од мозочен удар https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/problemite-so-spieneto-petkratno-ja-zgolemuvaat-opasnosta-od-mozochen-udar/ Wed, 19 Apr 2023 06:34:39 +0000 https://republika.mk/?p=631919

Шмркањето со носот, 'рчењето, превртувањето в кревет, долгите дремки дење, будењето ноќе, или пак, премалку или дури и премногу сон, освен што придонесуваат за слаб квалитет на спиењето, исто така, ја зголемуваат и опасноста од мозочен удар.

Авторката на новиот научен труд, Кристин Мекарти од Универзитетот на Галвеј во Ирска, смета дека овие симптоми може да доведат и до пет пати поголем ризик од мозочен удар. Всушност, истражувачите откриле дека колку повеќе проблеми со спиењето има човекот, толку е поголема опасноста од мозочен удар, пишува „Си-ен-ен“.

Наодите се во согласност со претходните истражувања коишто го поврзуваат нездравиот сон со високиот крвен притисок и оштетувањето на крвните садови, кои се фактори на опасност од мозочен удар, се надоврза Кристен Нутсон, вонредна професорка по Неврологија и Превентивна медицина на Медицинскиот факултет „Фајнберг“ при американскиот Северозападен Универзитет.

Можна причина е влијанието на краткиот, „испрекинат“ сон и нарушувања во спиењето, како што е апнејата, врз способноста на телото да го регулира метаболизмот, крвниот притисок и воспаленијата, коишто се фактори на ризик за мозочен удар.

И д-р Филис Зи, директорка на Центарот за деноноќна медицина и медицина на спиењето при Северозападниот Универзитет, смета дека лошиот сон има негативно влијание врз здравјето.

Лошиот сон може да го наруши природното намалување на крвниот притисок што се случува за време на ноќниот сон и да придонесе за хипертензија, што е важен фактор на ризик за мозочен удар и кардиоваскуларни болести. А, и други истражувања врз дел од населението посочија слични врски меѓу нарушувањето на сонот и заболувањата како што се дијабетес, срцеви заболувања и деменција, вели таа.

Написот во списанието „Неуролоџи“ (Neurology), анализира податоци од над 4.500 луѓе.

Резултатите важат за вистинити и по исклучувањето други проблеми коишто може да доведат до мозочен удар - депресија, злоупотреба на алкохол, пушење и недостаток на физичка активност.

Апнеја е состојба при спиење во која луѓето престануваат да дишат неколкупати на час. Тоа е поврзано со трикратно зголемување на опасноста од мозочен удар, се вели во истражувањето.

Важно е да се напомене дека испитувањата можат да покажат само поврзаност меѓу проблемите со спиењето и мозочниот удар, а не вистинската причина, нагласи д-р Ендрју Фриман, одговорен за одделот за срцеви болест при здружението Национално еврејско здравје во Денвер, САД.

Дремењето, исто така, е посочено како фактор на ризик. Луѓето кои дремат во просек - повеќе од еден час имаат 88 отсто поголеми можности за мозочен удар од оние кои не дремат. Сепак, вообичаената дремка од помалку од еден час не била поврзана со зголемена опасност од мозочен удар, се вели во написот.

The post Проблемите со спиењето петкратно ја зголемуваат опасноста од мозочен удар appeared first on Република.

]]>

Шмркањето со носот, 'рчењето, превртувањето в кревет, долгите дремки дење, будењето ноќе, или пак, премалку или дури и премногу сон, освен што придонесуваат за слаб квалитет на спиењето, исто така, ја зголемуваат и опасноста од мозочен удар. Авторката на новиот научен труд, Кристин Мекарти од Универзитетот на Галвеј во Ирска, смета дека овие симптоми може да доведат и до пет пати поголем ризик од мозочен удар. Всушност, истражувачите откриле дека колку повеќе проблеми со спиењето има човекот, толку е поголема опасноста од мозочен удар, пишува „Си-ен-ен“. Наодите се во согласност со претходните истражувања коишто го поврзуваат нездравиот сон со високиот крвен притисок и оштетувањето на крвните садови, кои се фактори на опасност од мозочен удар, се надоврза Кристен Нутсон, вонредна професорка по Неврологија и Превентивна медицина на Медицинскиот факултет „Фајнберг“ при американскиот Северозападен Универзитет. Можна причина е влијанието на краткиот, „испрекинат“ сон и нарушувања во спиењето, како што е апнејата, врз способноста на телото да го регулира метаболизмот, крвниот притисок и воспаленијата, коишто се фактори на ризик за мозочен удар. И д-р Филис Зи, директорка на Центарот за деноноќна медицина и медицина на спиењето при Северозападниот Универзитет, смета дека лошиот сон има негативно влијание врз здравјето. Лошиот сон може да го наруши природното намалување на крвниот притисок што се случува за време на ноќниот сон и да придонесе за хипертензија, што е важен фактор на ризик за мозочен удар и кардиоваскуларни болести. А, и други истражувања врз дел од населението посочија слични врски меѓу нарушувањето на сонот и заболувањата како што се дијабетес, срцеви заболувања и деменција, вели таа. Написот во списанието „Неуролоџи“ (Neurology), анализира податоци од над 4.500 луѓе. Резултатите важат за вистинити и по исклучувањето други проблеми коишто може да доведат до мозочен удар - депресија, злоупотреба на алкохол, пушење и недостаток на физичка активност. Апнеја е состојба при спиење во која луѓето престануваат да дишат неколкупати на час. Тоа е поврзано со трикратно зголемување на опасноста од мозочен удар, се вели во истражувањето. Важно е да се напомене дека испитувањата можат да покажат само поврзаност меѓу проблемите со спиењето и мозочниот удар, а не вистинската причина, нагласи д-р Ендрју Фриман, одговорен за одделот за срцеви болест при здружението Национално еврејско здравје во Денвер, САД. Дремењето, исто така, е посочено како фактор на ризик. Луѓето кои дремат во просек - повеќе од еден час имаат 88 отсто поголеми можности за мозочен удар од оние кои не дремат. Сепак, вообичаената дремка од помалку од еден час не била поврзана со зголемена опасност од мозочен удар, се вели во написот.

The post Проблемите со спиењето петкратно ја зголемуваат опасноста од мозочен удар appeared first on Република.

]]>
Ако се будите меѓу 1 и 3 часот навечер, телото и потсвеста ви испраќаат важна порака https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/ako-se-budite-megu-1-i-3-chasot-navecher-teloto-i-potsvesta-vi-isprakaat-vazhna-poraka/ Sun, 02 Apr 2023 14:19:02 +0000 https://republika.mk/?p=625523

Времето кога сред ноќ се будите од сон може да укаже на важна порака што ви ја испраќаат телото и потсвеста.

Телото често ни испраќа сигнали кои ги игнорираме, а тие можат да откријат многу за нашето ментално и физичко здравје. Квалитетот на сонот е клучен за здравјето и енергијата, но многу луѓе се борат со несоница или ненадејно се будат среде ноќ.

Во Кина постои дури и посебна теорија - Шен, која ги објаснува циклусите на нашиот сон, во зависност од мислите, свеста и менталните функции. Шен, или духовен ум, дозволува нашето внатрешно битие да се поврзе со надворешниот свет, а надворешниот свет со внатрешното битие. Според оваа теорија, нашиот ум и тело треба да функционираат според природниот ритам. Кога е нарушен, тоа укажува на некои неповолни состојби во физичкото и психичкото здравје.

Според некои тврдења, будењето од сон во текот на ноќта може да значи дека сте загрижени или дека имате тежок товар што ве оптоварува и ве вознемирува. Будењето од сон може да настане и поради енергијата во градите и чувството на тага, бидејќи всушност така сака да комуницира со нас нашата потсвест, „внатрешното јас“. Според кинеската медицина, ако се разбудите во текот на ноќта, телото и умот испраќаат порака дека треба да се ослободите од насобраниот товар.

Времето кога ќе се разбудите исто така може да покаже зошто тоа се случува, па:

  • Будењето веднаш по првиот сон може да укаже дека сте под стрес или имате симптоми на анксиозност. Неопходно е да се опуштите, да вежбате позитивно размислување и да негувате добри мисли кои ќе ви помогнат да се вратите на спиење на пријатен начин.
  • Будењето помеѓу 1 и 3 може да укаже на тешки емоции, односно емоционален стрес. Можеби треба да простите некому или треба да побарате од некого прошка. Ако се разбудите и не можете да заспиете, обидете се со вежби за дишење.
  • Будењето пред зори, односно после 5 часот наутро, укажува на тоа дека напнатоста доаѓа од цревата и желудникот, како и дека е важно да се ослободите од емотивниот товар што ве притиска.

Извор: Сенса

 

 

 

The post Ако се будите меѓу 1 и 3 часот навечер, телото и потсвеста ви испраќаат важна порака appeared first on Република.

]]>

Времето кога сред ноќ се будите од сон може да укаже на важна порака што ви ја испраќаат телото и потсвеста. Телото често ни испраќа сигнали кои ги игнорираме, а тие можат да откријат многу за нашето ментално и физичко здравје. Квалитетот на сонот е клучен за здравјето и енергијата, но многу луѓе се борат со несоница или ненадејно се будат среде ноќ. Во Кина постои дури и посебна теорија - Шен, која ги објаснува циклусите на нашиот сон, во зависност од мислите, свеста и менталните функции. Шен, или духовен ум, дозволува нашето внатрешно битие да се поврзе со надворешниот свет, а надворешниот свет со внатрешното битие. Според оваа теорија, нашиот ум и тело треба да функционираат според природниот ритам. Кога е нарушен, тоа укажува на некои неповолни состојби во физичкото и психичкото здравје. Според некои тврдења, будењето од сон во текот на ноќта може да значи дека сте загрижени или дека имате тежок товар што ве оптоварува и ве вознемирува. Будењето од сон може да настане и поради енергијата во градите и чувството на тага, бидејќи всушност така сака да комуницира со нас нашата потсвест, „внатрешното јас“. Според кинеската медицина, ако се разбудите во текот на ноќта, телото и умот испраќаат порака дека треба да се ослободите од насобраниот товар. Времето кога ќе се разбудите исто така може да покаже зошто тоа се случува, па:
  • Будењето веднаш по првиот сон може да укаже дека сте под стрес или имате симптоми на анксиозност. Неопходно е да се опуштите, да вежбате позитивно размислување и да негувате добри мисли кои ќе ви помогнат да се вратите на спиење на пријатен начин.
  • Будењето помеѓу 1 и 3 може да укаже на тешки емоции, односно емоционален стрес. Можеби треба да простите некому или треба да побарате од некого прошка. Ако се разбудите и не можете да заспиете, обидете се со вежби за дишење.
  • Будењето пред зори, односно после 5 часот наутро, укажува на тоа дека напнатоста доаѓа од цревата и желудникот, како и дека е важно да се ослободите од емотивниот товар што ве притиска.
Извор: Сенса      

The post Ако се будите меѓу 1 и 3 часот навечер, телото и потсвеста ви испраќаат важна порака appeared first on Република.

]]>
Научно одредени знаци кога детето треба да престане со редовната попладневна дремка https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/nauchno-odredeni-znatsi-koga-deteto-treba-da-prestane-so-redovnata-popladnevna-dremka/ Sun, 26 Feb 2023 20:18:32 +0000 https://republika.mk/?p=613453

Педијатар од „Роквил центарот“ во Њујорк, Алан Сејлем, направил истражување со цел да одговори на прашањето „Кога детето треба да престане со редовниот сон попладне?“.

Според Сејлем, потребите за сон преку ден се разликуваат од дете до дете.

Некои малечки целосно ќе престанат да спијат попладне веќе во третата година, додека на други повремено ќе им треба редовен сон преку ден дури и на петгодишна возраст. Детето е она што ја има главната улога во „елиминирањето“ на дневниот сон, односно знаците коишто јасно можат да откријат дали е време да го исфрлите дневниот сон од секојдневната рутина. Имено, предвременото прекинување на редовниот сон преку ден, може да доведе до прекумерен замор и лошо расположение, па затоа родителите треба да обрнат внимание на неколку знаци..., вели Сејлем.

Тие знаци се:

Сè почесто детето го прескокнува дневниот сон и поради тоа нема никакви проблеми;

Станува многу рано наутро; спие помалку од 10 часа навечер;

Му станува сè потешко да заспие попладне;

Тешко заспива ноќе.

Педијатарот нагласува дека и ако детето е вообичаено добро расположено, тоа значи дека најверојатно веќе нема потреба од редовната попладневна дремка.

The post Научно одредени знаци кога детето треба да престане со редовната попладневна дремка appeared first on Република.

]]>

Педијатар од „Роквил центарот“ во Њујорк, Алан Сејлем, направил истражување со цел да одговори на прашањето „Кога детето треба да престане со редовниот сон попладне?“. Според Сејлем, потребите за сон преку ден се разликуваат од дете до дете.
Некои малечки целосно ќе престанат да спијат попладне веќе во третата година, додека на други повремено ќе им треба редовен сон преку ден дури и на петгодишна возраст. Детето е она што ја има главната улога во „елиминирањето“ на дневниот сон, односно знаците коишто јасно можат да откријат дали е време да го исфрлите дневниот сон од секојдневната рутина. Имено, предвременото прекинување на редовниот сон преку ден, може да доведе до прекумерен замор и лошо расположение, па затоа родителите треба да обрнат внимание на неколку знаци..., вели Сејлем.
Тие знаци се: Сè почесто детето го прескокнува дневниот сон и поради тоа нема никакви проблеми; Станува многу рано наутро; спие помалку од 10 часа навечер; Му станува сè потешко да заспие попладне; Тешко заспива ноќе. Педијатарот нагласува дека и ако детето е вообичаено добро расположено, тоа значи дека најверојатно веќе нема потреба од редовната попладневна дремка.

The post Научно одредени знаци кога детето треба да престане со редовната попладневна дремка appeared first on Република.

]]>
Ако го сонувате поранешниот партнер може да биде лош знак, ова се некои толкувања https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/ako-go-sonuvate-poraneshniot-partner-moze-da-bide-losh-znak-ova-se-nekoi-tolkuvanja/ Sat, 19 Nov 2022 12:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=575820

Според многумина, соништата за бившиот се лош знак, затоа што на овој начин интуицијата ви кажува дека нешто негативно се случува или допрва ќе се случи во вашиот живот.

Понекогаш сонот за бившиот воопшто не мора да биде поврзан со него како личност, ниту пак со емоциите дека ви недостига, туку многу повеќе укажуваат на вас како личност.

Ако сонувате за бившиот партнер со кого неодамна сте раскинале, тогаш тој сон може да укажува на тоа како се справувате со раскинувањето.

Па затоа потребно е да си ги поставите прашањата: „Дали сте среќни или тажни?“, „Дали конечно сте ставиле крај или сѐ уште не можете да се помирите со тоа дека сте ја прекинале врската?“

Во продолжение повеќе соништа поврзани со бившиот партнер и неколку толкувања:

Немате доволно самодоверба

Ако одненадеж го сонувате поранешниот партнер тоа може да значи дека се чувствувате несигурно и ви недостасува поголема самодоверба.

Ако поранешниот партнер сака да се смирите тоа укажува дека постои некој конфликт во вашиот живот и дека заради тоа што се чувствувате безнадежно за иднината, се навраќате на минатото и копнеете за убавите мигови.

Ако вашата несигурност е поврзана со сегашниот партнер, неразрешените чувства (за поранешниот партнер) може само да ве попречат во носењето рационални одлуки и ви ја црпат енергијата.

Тоа значи дека е редно време да заборавите на минатото и да се сконцентрирате на сегашноста.

Копнеж за нешто што го имал поранешниот партнер

Тука не станува збор само за материјалните работи. Ако често размислувате за некои карактерни особини на вашиот поранешен дечко што многу ви се допаѓале, многу е веројатно тој да ви се појави во соништата.

Можеби тој бил мошне амбициозен и самоуверен и сте чувствувале дека тој ви е најголема поддршка во животот, па така во миговите кога се чувствувате несигурно сосема нормално е да сонувате дека тој е тука со вас за да ве води.

Ви недостасува поголема поврзаност со сегашниот партнер

Соништата за бившиот се појавуваат во моментот кога потсвесно се сеќавате на тоа како сте се чувствувале во периодот кога сте биле заедно со него.

Дали постојат некои работи од минатата врска што ви недостасуваат со сегашниот партнер?

Можеби не се чувствувате целосно исполнето и копнеете за поголема поврзаност, каква што сте имале со поранешниот партнер.

Сепак, обидете се да бидете внимателни и да не го споредувате минатото со сегашноста. Инаку, никогаш нема да бидете задоволни.

Сфатете дека сте во врска со сосема различни луѓе и околности, па затоа станува збор за две сосема различни врски.

Бидете внимателни

Според многумина, соништата за бившиот се лош знак, затоа што на овој начин интуицијата ви кажува дека нешто негативно се случува или допрва ќе се случи во вашиот живот.

Ако сонувате дека бившиот дечко починал значи дека нешто лошо ќе се случи во вашата сегашна врска.

Следете ја интуицијата и тоа ќе ви помогне да избегнете некоја непријатна ситуација.

Ако не се чувствувате безбедно во новата врска, овој сон е знак дека треба да преземете сериозни чекори да се заштитите.

Не можете да се ослободите од минатото

Првиот одговор што би ви паднал на ум по ваков сон е дека најверојатно сѐ уште не сте расчистиле со минатото и дека ви е потребно време.

Потребно е да најдете начин да се ослободите од минатото за да не ве прогонуваат соништата за минатото и да не ви влијаат негативно врз сегашноста.

The post Ако го сонувате поранешниот партнер може да биде лош знак, ова се некои толкувања appeared first on Република.

]]>

Според многумина, соништата за бившиот се лош знак, затоа што на овој начин интуицијата ви кажува дека нешто негативно се случува или допрва ќе се случи во вашиот живот. Понекогаш сонот за бившиот воопшто не мора да биде поврзан со него како личност, ниту пак со емоциите дека ви недостига, туку многу повеќе укажуваат на вас како личност. Ако сонувате за бившиот партнер со кого неодамна сте раскинале, тогаш тој сон може да укажува на тоа како се справувате со раскинувањето. Па затоа потребно е да си ги поставите прашањата: „Дали сте среќни или тажни?“, „Дали конечно сте ставиле крај или сѐ уште не можете да се помирите со тоа дека сте ја прекинале врската?“ Во продолжение повеќе соништа поврзани со бившиот партнер и неколку толкувања:

Немате доволно самодоверба

Ако одненадеж го сонувате поранешниот партнер тоа може да значи дека се чувствувате несигурно и ви недостасува поголема самодоверба. Ако поранешниот партнер сака да се смирите тоа укажува дека постои некој конфликт во вашиот живот и дека заради тоа што се чувствувате безнадежно за иднината, се навраќате на минатото и копнеете за убавите мигови. Ако вашата несигурност е поврзана со сегашниот партнер, неразрешените чувства (за поранешниот партнер) може само да ве попречат во носењето рационални одлуки и ви ја црпат енергијата. Тоа значи дека е редно време да заборавите на минатото и да се сконцентрирате на сегашноста.

Копнеж за нешто што го имал поранешниот партнер

Тука не станува збор само за материјалните работи. Ако често размислувате за некои карактерни особини на вашиот поранешен дечко што многу ви се допаѓале, многу е веројатно тој да ви се појави во соништата. Можеби тој бил мошне амбициозен и самоуверен и сте чувствувале дека тој ви е најголема поддршка во животот, па така во миговите кога се чувствувате несигурно сосема нормално е да сонувате дека тој е тука со вас за да ве води.

Ви недостасува поголема поврзаност со сегашниот партнер

Соништата за бившиот се појавуваат во моментот кога потсвесно се сеќавате на тоа како сте се чувствувале во периодот кога сте биле заедно со него. Дали постојат некои работи од минатата врска што ви недостасуваат со сегашниот партнер? Можеби не се чувствувате целосно исполнето и копнеете за поголема поврзаност, каква што сте имале со поранешниот партнер. Сепак, обидете се да бидете внимателни и да не го споредувате минатото со сегашноста. Инаку, никогаш нема да бидете задоволни. Сфатете дека сте во врска со сосема различни луѓе и околности, па затоа станува збор за две сосема различни врски.

Бидете внимателни

Според многумина, соништата за бившиот се лош знак, затоа што на овој начин интуицијата ви кажува дека нешто негативно се случува или допрва ќе се случи во вашиот живот. Ако сонувате дека бившиот дечко починал значи дека нешто лошо ќе се случи во вашата сегашна врска. Следете ја интуицијата и тоа ќе ви помогне да избегнете некоја непријатна ситуација. Ако не се чувствувате безбедно во новата врска, овој сон е знак дека треба да преземете сериозни чекори да се заштитите.

Не можете да се ослободите од минатото

Првиот одговор што би ви паднал на ум по ваков сон е дека најверојатно сѐ уште не сте расчистиле со минатото и дека ви е потребно време. Потребно е да најдете начин да се ослободите од минатото за да не ве прогонуваат соништата за минатото и да не ви влијаат негативно врз сегашноста.

The post Ако го сонувате поранешниот партнер може да биде лош знак, ова се некои толкувања appeared first on Република.

]]>
Хороскопски знаци кои мора внимателно да ги будите наутро https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/horoskopski-znaci-koi-mora-vnimatelno-da-gi-budite-nautro/ Mon, 27 Jun 2022 10:47:36 +0000 https://republika.mk/?p=520225

Некои се агресивни, а други сметаат дека нема потреба да ги будите затоа што тие самите знаат најдобро кога треба да станат. На овие четири хороскопски знаци подобро е да не им се приближувате додека спијат.

Овен
Познато е дека Овните се нетрпеливи и со променливо расположение. Ако имате задача да разбудите некој што е роден во знакот Овен, бидете подготвени дека е можно да ви се налути. Кога навистина мора да ги разбудите, најдобро е тоа да го направите набрзина и веднаш да побегнете. Кога еднаш ќе се разбудат Овните се мошне продуктивни, па ако не мора да ги разбудите предвреме не правете го тоа, затоа што сигурно ќе успеат да завршат сѐ дури и ако станат малку подоцна.

Риби
Познато е дека Рибите имаат бујна фантазија и сакаат да побегнат од секојдневието, а најдобро го прават тоа додека спијат и сонуваат. Ако ги разбудите очекувајте дека може агресивно да почнат да фрлаат предмети кон вас. Не е опасно ако ви фрлат перница, но внимавајте да не го фрлат часовникот, столната ламба или мобилниот телефон.

Лав
Лавовите се познати по тоа што сакаат да бидат во центарот на вниманието во секој поглед на животот и сакаат да бидат третирани како што тоа го заслужува една личност со „кралско“ потекло. Тие самите знаат кога треба да станат, затоа нема потреба да одите и да ги будите предвреме, во спротивно ќе ви се налутат.

Водолија
Водолиите се забавни, полни со живот и интелигентни, но раното будење не им е најсилна страна. Благодарение на нивниот темперамент можете да очекувате да ви се развикаат и да ве избркаат од собата. Честопати додека не се расонети ќе упатат и погрдни зборови и навреди заради што подоцна ќе се каат.

The post Хороскопски знаци кои мора внимателно да ги будите наутро appeared first on Република.

]]>

Некои се агресивни, а други сметаат дека нема потреба да ги будите затоа што тие самите знаат најдобро кога треба да станат. На овие четири хороскопски знаци подобро е да не им се приближувате додека спијат. Овен Познато е дека Овните се нетрпеливи и со променливо расположение. Ако имате задача да разбудите некој што е роден во знакот Овен, бидете подготвени дека е можно да ви се налути. Кога навистина мора да ги разбудите, најдобро е тоа да го направите набрзина и веднаш да побегнете. Кога еднаш ќе се разбудат Овните се мошне продуктивни, па ако не мора да ги разбудите предвреме не правете го тоа, затоа што сигурно ќе успеат да завршат сѐ дури и ако станат малку подоцна. Риби Познато е дека Рибите имаат бујна фантазија и сакаат да побегнат од секојдневието, а најдобро го прават тоа додека спијат и сонуваат. Ако ги разбудите очекувајте дека може агресивно да почнат да фрлаат предмети кон вас. Не е опасно ако ви фрлат перница, но внимавајте да не го фрлат часовникот, столната ламба или мобилниот телефон. Лав Лавовите се познати по тоа што сакаат да бидат во центарот на вниманието во секој поглед на животот и сакаат да бидат третирани како што тоа го заслужува една личност со „кралско“ потекло. Тие самите знаат кога треба да станат, затоа нема потреба да одите и да ги будите предвреме, во спротивно ќе ви се налутат. Водолија Водолиите се забавни, полни со живот и интелигентни, но раното будење не им е најсилна страна. Благодарение на нивниот темперамент можете да очекувате да ви се развикаат и да ве избркаат од собата. Честопати додека не се расонети ќе упатат и погрдни зборови и навреди заради што подоцна ќе се каат.

The post Хороскопски знаци кои мора внимателно да ги будите наутро appeared first on Република.

]]>
Шест совети против ‘рчењето https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/shest-soveti-protiv-rchenjeto/ Thu, 05 May 2022 16:01:03 +0000 https://republika.mk/?p=498155

‘Рчењето е непријатна појава која освен што ги вознемирува оние кои спијат покрај нас, и штети и на сaмата личност која ‘рчи. Стручњакот за сон, Кетрин Хол открива неколку едноставни, но делотворни трикови кои ќе помогнат да се престане со таа лоша ноќна навика.

Првиот совет гласи: гласно повторување на самогласките – неколкупати на ден, по неколку минути.

Повторувањето на А-Е-И-О-У може да Ви помогне да престанете да ‘рчите бидејќи ги зајакнува мускулите во грлото и ги спречува вибрациите при спиењето што предизвикуваат ‘рчење - појаснува Хол

2. Туширајте се со топла вода пред спиење

‘Рчењето често е предизвикано од алергени кои ги иритираат носните шуплини и доведуваат до нивно стеснување, а пареата од топлата вода може да ја навлажни внатрешноста на носот и човекот подобро да дише ноќе и да го намали ‘рчењето.

3. Не јадете доцна навечер

Одењето в кревет со полн стомак создава дополнителен притисок врз градите и белите дробови, па и тоа може да предизвика ‘рчење. Затоа, Хол советува да се јаде порано, најмалку четири часа пред легнување, поради што храната веќе ќе е сварена и ќе го намали ‘рчењето.

4. Миленичињата вон спалната соба

Ако уживате во гушкањето со домашното милениче в кревет, понекогаш постои поврзаност меѓу неговото крзно и алергиите кои често нè погодуваат и можат да ги влошат дишните проблеми кај човекот. Хол смета дека сопствениците на домашни миленици треба да ги држат своите „пријателчиња “ вон спалната соба, особено ноќе.

5. Вежби за уста

Тие помагаат во зајакнувањето на мускулите во устата коишто го контролираат ‘рчењето. Најсоодветната вежба е лизгање на врвот на јазикот назад кон непцето, кон грлото или само притискање на јазикот на непцето.

The post Шест совети против ‘рчењето appeared first on Република.

]]>

‘Рчењето е непријатна појава која освен што ги вознемирува оние кои спијат покрај нас, и штети и на сaмата личност која ‘рчи. Стручњакот за сон, Кетрин Хол открива неколку едноставни, но делотворни трикови кои ќе помогнат да се престане со таа лоша ноќна навика. Првиот совет гласи: гласно повторување на самогласките – неколкупати на ден, по неколку минути.
Повторувањето на А-Е-И-О-У може да Ви помогне да престанете да ‘рчите бидејќи ги зајакнува мускулите во грлото и ги спречува вибрациите при спиењето што предизвикуваат ‘рчење - појаснува Хол

2. Туширајте се со топла вода пред спиење

‘Рчењето често е предизвикано од алергени кои ги иритираат носните шуплини и доведуваат до нивно стеснување, а пареата од топлата вода може да ја навлажни внатрешноста на носот и човекот подобро да дише ноќе и да го намали ‘рчењето.

3. Не јадете доцна навечер

Одењето в кревет со полн стомак создава дополнителен притисок врз градите и белите дробови, па и тоа може да предизвика ‘рчење. Затоа, Хол советува да се јаде порано, најмалку четири часа пред легнување, поради што храната веќе ќе е сварена и ќе го намали ‘рчењето.

4. Миленичињата вон спалната соба

Ако уживате во гушкањето со домашното милениче в кревет, понекогаш постои поврзаност меѓу неговото крзно и алергиите кои често нè погодуваат и можат да ги влошат дишните проблеми кај човекот. Хол смета дека сопствениците на домашни миленици треба да ги држат своите „пријателчиња “ вон спалната соба, особено ноќе.

5. Вежби за уста

Тие помагаат во зајакнувањето на мускулите во устата коишто го контролираат ‘рчењето. Најсоодветната вежба е лизгање на врвот на јазикот назад кон непцето, кон грлото или само притискање на јазикот на непцето.

The post Шест совети против ‘рчењето appeared first on Република.

]]>
Никогаш не треба да пиеме кафе по непроспиена ноќ, британско истражување предупредува на опасноста https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nikogash-ne-treba-da-pieme-kafe-po-neprospiena-nokj-britansko-istrazuvanje-predupreduva-na-opasnosta/ Wed, 06 Apr 2022 18:25:41 +0000 https://republika.mk/?p=484279

За вистинските љубители на кафе, утрото не може да почне без шолја од омилениот пијалок, бидејќи во спротивно денот во многу брзо време може да стане лош. Во основа, нема ништо лошо во кафето, на крајот на краиштата, неколку студии покажаа дека неколку шолји кафе на ден се дури и здрави.

Сепак, научниците од британскиот универзитет Бат сега предупредуваат дека кафето не треба да се пие наутро без никакви ограничувања. Според нив, секој кој имал немирна ноќ и лошо спиел треба да го прескокне утринското кафе затоа што кафето може да го наруши метаболизмот.

Причината за ова е резултатот од новата студија објавена од научниците во „Бритиш џурнал оф нутришн“ (British Journal of Nutrition). Според истражувањето, пиењето шолја кафе пред појадок и по лош сон може да ја наруши регулацијата на шеќерот во крвта.

За потребите на истражувањето биле испитани примероци од крв од вкупно 29 возрасни кои учествувале во различни експерименти во текот на три дена.

За време на истражувањето, испитаниците една вечер спиеле непречено и добиле засладен пијалок со доволно глукоза и калории за да симулираат појадок следниот ден. Во другите ноќи, испитаниците се буделе секој час и наутро повторно пиеле засладен пијалок. И по уште една ноќ, во која испитаниците исто така се буделе на секој час, им давале дополнителна шолја силно црно кафе, кое содржело околу 300 милиграми кофеин, околу 30 минути пред засладениот пијалок наутро. Редоследот на ноќта бил случаен за секој учесник.

Резултатите од тестовите на крвта покажале дека по дополнителна шолја кафе наутро, нивото на шеќер во крвта било за 50 проценти повисоко за појадок отколку кај другите испитаници, особено по немирна ноќ. Иако нивото на шеќер во крвта се зголемило кај сите учесници по појадокот, тие не биле толку високи како по кафето.

Џејмс Бетс, кој работи како еден од директорите на Центарот за исхрана, вежбање и метаболизам на Универзитетот во Бат, го надгледувал истражувањето.

Едноставно кажано, управувањето со шеќерот во крвта е загрозено кога нашето тело првпат ќе дојде во контакт со кафето наутро, а особено по лошиот сон. Тоа би можеле да го избегнеме ако прво јадеме, а подоцна пиеме кафе ако чувствуваме дека сè уште ни треба - вели Бетс.

Ова откритие може да има важни здравствени придобивки за сите нас. Одложете го кафето за подоцна. Секако, тоа не значи дека треба да се откажеме од кафето, но, за нашето здравје, би било подобро да си дозволиме кафе само по појадок.

Во секој случај, се уште нема причина за голем страв. Имено, редовниот лош сон и онака може негативно да влијае на метаболизмот. Сепак, големината на овој ефект ќе се покаже со понатамошни истражувања.

The post Никогаш не треба да пиеме кафе по непроспиена ноќ, британско истражување предупредува на опасноста appeared first on Република.

]]>

За вистинските љубители на кафе, утрото не може да почне без шолја од омилениот пијалок, бидејќи во спротивно денот во многу брзо време може да стане лош. Во основа, нема ништо лошо во кафето, на крајот на краиштата, неколку студии покажаа дека неколку шолји кафе на ден се дури и здрави. Сепак, научниците од британскиот универзитет Бат сега предупредуваат дека кафето не треба да се пие наутро без никакви ограничувања. Според нив, секој кој имал немирна ноќ и лошо спиел треба да го прескокне утринското кафе затоа што кафето може да го наруши метаболизмот. Причината за ова е резултатот од новата студија објавена од научниците во „Бритиш џурнал оф нутришн“ (British Journal of Nutrition). Според истражувањето, пиењето шолја кафе пред појадок и по лош сон може да ја наруши регулацијата на шеќерот во крвта. За потребите на истражувањето биле испитани примероци од крв од вкупно 29 возрасни кои учествувале во различни експерименти во текот на три дена. За време на истражувањето, испитаниците една вечер спиеле непречено и добиле засладен пијалок со доволно глукоза и калории за да симулираат појадок следниот ден. Во другите ноќи, испитаниците се буделе секој час и наутро повторно пиеле засладен пијалок. И по уште една ноќ, во која испитаниците исто така се буделе на секој час, им давале дополнителна шолја силно црно кафе, кое содржело околу 300 милиграми кофеин, околу 30 минути пред засладениот пијалок наутро. Редоследот на ноќта бил случаен за секој учесник. Резултатите од тестовите на крвта покажале дека по дополнителна шолја кафе наутро, нивото на шеќер во крвта било за 50 проценти повисоко за појадок отколку кај другите испитаници, особено по немирна ноќ. Иако нивото на шеќер во крвта се зголемило кај сите учесници по појадокот, тие не биле толку високи како по кафето. Џејмс Бетс, кој работи како еден од директорите на Центарот за исхрана, вежбање и метаболизам на Универзитетот во Бат, го надгледувал истражувањето.
Едноставно кажано, управувањето со шеќерот во крвта е загрозено кога нашето тело првпат ќе дојде во контакт со кафето наутро, а особено по лошиот сон. Тоа би можеле да го избегнеме ако прво јадеме, а подоцна пиеме кафе ако чувствуваме дека сè уште ни треба - вели Бетс.
Ова откритие може да има важни здравствени придобивки за сите нас. Одложете го кафето за подоцна. Секако, тоа не значи дека треба да се откажеме од кафето, но, за нашето здравје, би било подобро да си дозволиме кафе само по појадок. Во секој случај, се уште нема причина за голем страв. Имено, редовниот лош сон и онака може негативно да влијае на метаболизмот. Сепак, големината на овој ефект ќе се покаже со понатамошни истражувања.

The post Никогаш не треба да пиеме кафе по непроспиена ноќ, британско истражување предупредува на опасноста appeared first on Република.

]]>
Техника развиена од војската со која ќе заспиете за само две минути https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/tehnika-razviena-od-vojskata-za-da-zaspiete-za-samo-dve-minuti/ Mon, 24 Jan 2022 16:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=448730

Од почетокот на пандемијата, степенот на клиничка несоница се зголемил за над 35 отсто, а меѓу 50 и 75 проценти од луѓето бележат промена на своите рутини за спиење, покажуваат податоците на Шпанското Невролошко здружение, пренесува весникот „Ла Вангардија“.

Несоницата не е специфична само за одредена возраст и може да мачи секаков тип на луѓе, поради што многумина се обидуваат различни методи за да може да се постигне ниво на сон што побрзо за луѓето да може да бидт што поодморени.

Како што пренесува британски „Мирор“, постои техника што се употребува во американската војска којашто овозможува да се заспие за 120 секунди, при што овој метод има успешност од 96 проценти по шест недели практикување.

Ова се четири едноставни чекори што треба да ги направите:

1. Опуштете ги мускулите на лицето, вклучувајќи ја и вилицата, јазикот и тие околу очите

2. Пуштете ги рамената да пропаднат во креветот и опуштетете ги внатрешниот и надворешнбиот дел на рацете

3. Дишете мирно, држејќи ги градите мирни и релаксирани

4. Опуштете ги горниот и долниот дел од нозете и стопалата

Овој метод за лесно заспивање стана популарен на социјалните мрежи откако беше споделен од специјалистот за фитнес Џастин Агустин, кој има 1,7 милиони фанови на ТикТок, но претходно, овој метод се споменува и во книгата „„Relax and Win: Championship Performance“.

@justin_agustin Technique to falling asleep in 2 minutes! Insp. AsapSCIENCE on YT #sleep #fallasleep #insomnia #insomniac #learnontiktok #howto ♬ You - Petit Biscuit

За подобро функционирање на техниката, авторот на книгата, Лојд Бад Винтер, препорачува да се ослободи умот од секаков стрес и десетина секунди да се замислите на некое совршено мирно место - како на пример кану на мирна вода со само сино небо над вас или мрежа за лежење во темнина со само ѕвездено небо над вас; или пак, десетина секунди да си ги повторувате зборовите „немој да мислиш“, „немој да мислиш“, „немој да мислиш“.

The post Техника развиена од војската со која ќе заспиете за само две минути appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на пандемијата, степенот на клиничка несоница се зголемил за над 35 отсто, а меѓу 50 и 75 проценти од луѓето бележат промена на своите рутини за спиење, покажуваат податоците на Шпанското Невролошко здружение, пренесува весникот „Ла Вангардија“. Несоницата не е специфична само за одредена возраст и може да мачи секаков тип на луѓе, поради што многумина се обидуваат различни методи за да може да се постигне ниво на сон што побрзо за луѓето да може да бидт што поодморени. Како што пренесува британски „Мирор“, постои техника што се употребува во американската војска којашто овозможува да се заспие за 120 секунди, при што овој метод има успешност од 96 проценти по шест недели практикување. Ова се четири едноставни чекори што треба да ги направите: 1. Опуштете ги мускулите на лицето, вклучувајќи ја и вилицата, јазикот и тие околу очите 2. Пуштете ги рамената да пропаднат во креветот и опуштетете ги внатрешниот и надворешнбиот дел на рацете 3. Дишете мирно, држејќи ги градите мирни и релаксирани 4. Опуштете ги горниот и долниот дел од нозете и стопалата Овој метод за лесно заспивање стана популарен на социјалните мрежи откако беше споделен од специјалистот за фитнес Џастин Агустин, кој има 1,7 милиони фанови на ТикТок, но претходно, овој метод се споменува и во книгата „„Relax and Win: Championship Performance“.
@justin_agustin Technique to falling asleep in 2 minutes! Insp. AsapSCIENCE on YT #sleep #fallasleep #insomnia #insomniac #learnontiktok #howto ♬ You - Petit Biscuit
За подобро функционирање на техниката, авторот на книгата, Лојд Бад Винтер, препорачува да се ослободи умот од секаков стрес и десетина секунди да се замислите на некое совршено мирно место - како на пример кану на мирна вода со само сино небо над вас или мрежа за лежење во темнина со само ѕвездено небо над вас; или пак, десетина секунди да си ги повторувате зборовите „немој да мислиш“, „немој да мислиш“, „немој да мислиш“.

The post Техника развиена од војската со која ќе заспиете за само две минути appeared first on Република.

]]>