сомун и татлии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/somun-i-tatlii/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Sep 2022 09:20:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сомун и татлии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/somun-i-tatlii/ 32 32 Во Радовиш следните три дена ќе се јадат „Самуни и Татлии“ https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/vo-radovish-slednite-tri-dena-kje-se-jadat-samuni-i-tatlii/ Thu, 29 Sep 2022 09:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=555478

И оваа година, под покровителство на Општина Радовиш, во деновите од 30 Септември до 01 и 02 Октомври, на локацијата прд Центарот за култура „Ацо Караманов“, посетителите ќе имаат можност да уживаат во прекрасна програма исполнета со разни жанрови и содржини.

На традиционалната гурманска манифестација „Самун ем татлија“, која се одржува во Радовиш, годинава ќе настапат само македонски музичари. Како што е наведено во програмата, на 30-ти септември за дел од забавата ќе се погрижи Бајабо Бенд, Викторија Бенд и Брас Брадерс. Овогодишната манифестација ќе биде збогатена со Меѓународниот фолклорен фестивал „Радовишки собор“.

Наредната вечер, на први октомври ќе настапат Јовче Пандев Бенд, Игор Џамбазов и Гуру Харе и Ибишеви. Последната вечер пак, гостуваат Ицов и пријателите, Струмичка тајфа, Екстра бенд и Вукица, Троја и Влатко Стефановски Трио.

Во минатото за време на манифестацијата во Радовиш најчесто доаѓаа регионални музички ѕвезди.

Црвена Јабука, Наташа Беквалац, Шабан Шаулиќ, Хари Мата Хари, Јелена Розга и многу други познати изведувачи ги забавуваа посетителите на настанот на кој се промовираат локалните специјалитети, „самунот и татлијата“ изминатите години.

Во тек на неколку дневната манифестација во минатото, се случуваше да се продадат и по 40 илјади самуни.

 

The post Во Радовиш следните три дена ќе се јадат „Самуни и Татлии“ appeared first on Република.

]]>

И оваа година, под покровителство на Општина Радовиш, во деновите од 30 Септември до 01 и 02 Октомври, на локацијата прд Центарот за култура „Ацо Караманов“, посетителите ќе имаат можност да уживаат во прекрасна програма исполнета со разни жанрови и содржини. На традиционалната гурманска манифестација „Самун ем татлија“, која се одржува во Радовиш, годинава ќе настапат само македонски музичари. Како што е наведено во програмата, на 30-ти септември за дел од забавата ќе се погрижи Бајабо Бенд, Викторија Бенд и Брас Брадерс. Овогодишната манифестација ќе биде збогатена со Меѓународниот фолклорен фестивал „Радовишки собор“. Наредната вечер, на први октомври ќе настапат Јовче Пандев Бенд, Игор Џамбазов и Гуру Харе и Ибишеви. Последната вечер пак, гостуваат Ицов и пријателите, Струмичка тајфа, Екстра бенд и Вукица, Троја и Влатко Стефановски Трио. Во минатото за време на манифестацијата во Радовиш најчесто доаѓаа регионални музички ѕвезди. Црвена Јабука, Наташа Беквалац, Шабан Шаулиќ, Хари Мата Хари, Јелена Розга и многу други познати изведувачи ги забавуваа посетителите на настанот на кој се промовираат локалните специјалитети, „самунот и татлијата“ изминатите години. Во тек на неколку дневната манифестација во минатото, се случуваше да се продадат и по 40 илјади самуни.  

The post Во Радовиш следните три дена ќе се јадат „Самуни и Татлии“ appeared first on Република.

]]>