солзи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/solzi/ За подобро да се разбереме Tue, 21 May 2024 11:10:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png солзи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/solzi/ 32 32 Андријана со солзи во очите откако жирикомисијата во „Ѕвездите на Гранд“ се испокара поради неа https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/andrijana-so-solzi-vo-ochite-otkako-zhirikomisijata-vo-zvezdite-na-grand-se-ispokara-poradi-nea/ Tue, 21 May 2024 13:25:52 +0000 https://republika.mk/?p=780468

Полека се ближи финалето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а како во минатата, така и во оваа сезона, Македонија ќе има одличен претставник, а богами и сериозен фаворит за едно од првите три места.

Станува збор за атрактивната пејачка Андријана Петрушовска, која во саботата обезбеди пласман во четврт-финалето на ова музичко шоу.

Петрушовска овојпат малку се помачи, па пласманот понатаму го обезбеди преку бараж, но она што предизвика расправии помеѓу жири-комисијата, е токму нејзиниот настап.

Имено, во дуелот со својата противкандидатка, нашата Андријана на крајот доби помалку гласови, а тоа беше причина за кавга помеѓу Ана Бекута, Драган Стојковиќ - Босанац и Мили на една страна, а Цеца Ражнатовиќ, Вики Миљковиќ, Снежана Ѓурушиќ и Ѓорѓе од другата страна...

Поради непријатната ситуација на сцената која траеше неколку минути, на моменти можеа да се видат и солзи во очите на нашата Андријана.

Но, најважно од се е тоа што Петрушовска обезбеди пласман понатаму.

Инаку Андријана полека, но сигурно станува една од најбараните пејачки кога се во прашање живите настапи, а доказ за тоа е многубројната публика секаде каде таа настапува со својот бенд.

Погледнете ја расправијата помеѓу жири-комисијата:

The post Андријана со солзи во очите откако жирикомисијата во „Ѕвездите на Гранд“ се испокара поради неа appeared first on Република.

]]>

Полека се ближи финалето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а како во минатата, така и во оваа сезона, Македонија ќе има одличен претставник, а богами и сериозен фаворит за едно од првите три места. Станува збор за атрактивната пејачка Андријана Петрушовска, која во саботата обезбеди пласман во четврт-финалето на ова музичко шоу. Петрушовска овојпат малку се помачи, па пласманот понатаму го обезбеди преку бараж, но она што предизвика расправии помеѓу жири-комисијата, е токму нејзиниот настап. Имено, во дуелот со својата противкандидатка, нашата Андријана на крајот доби помалку гласови, а тоа беше причина за кавга помеѓу Ана Бекута, Драган Стојковиќ - Босанац и Мили на една страна, а Цеца Ражнатовиќ, Вики Миљковиќ, Снежана Ѓурушиќ и Ѓорѓе од другата страна... Поради непријатната ситуација на сцената која траеше неколку минути, на моменти можеа да се видат и солзи во очите на нашата Андријана. Но, најважно од се е тоа што Петрушовска обезбеди пласман понатаму. Инаку Андријана полека, но сигурно станува една од најбараните пејачки кога се во прашање живите настапи, а доказ за тоа е многубројната публика секаде каде таа настапува со својот бенд. Погледнете ја расправијата помеѓу жири-комисијата:

The post Андријана со солзи во очите откако жирикомисијата во „Ѕвездите на Гранд“ се испокара поради неа appeared first on Република.

]]>
„Отсекогаш сонував за овој момент“: Плаче Меси, плачат соиграчите, а 80.000 луѓе пеат за најдобриот https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/otsekogash-sonuvav-za-ovoj-moment-plache-mesi-plachat-soigrachite-a-80-000-luge-peat-za-najdobriot/ Fri, 24 Mar 2023 09:51:06 +0000 https://republika.mk/?p=623134

Ноќта полна солзи, смеа и најубави емоции е нешто што фудбалерите и стручниот штаб на репрезентацијата на Аргентина ќе го паметат додека се живи! Предводникот на светските шампиони, Лионел Меси не можеше а да не заплаче, но солзи им течеа и на неговите соиграчи, навивачите, тренерот и луѓето на клупата.

Причините за радост на Аргентинците се многу, но кулминацијата е 800 гол во кариерата на Меси, постигнат во 89 минута пред неговите најверни поддржувачи.

Во нивниот прв натпревар пред домашните навивачи по освојувањето на Светското првенство во декември, Аргентина ја победи Панама на пријателскиот натпревар со 2-0 со головите на Тиаго Алмада и Меси.

https://youtube.com/watch?v=4MwYpjlGKhs&feature=shares

Забавата започна по последниот судиски свиреж, а членовите на семејството и децата им се придружија на Меси и неговите соиграчи од Аргентина на теренот со огномет што експлодираше во позадина.

Отсекогаш сонував за овој момент, да славам со вас. Да си дојдам во мојата земја и да го подигнам трофејот на Копа Америка, и најголемиот од сите трофеи, тој од Светското првенство. Знам дека ова е наш ден да славиме, но не сакам да се заборават и сите соиграчи кои беа тука претходно, кои исто така дадоа сè на теренот за да го постигнеме ова. Сите го заслужуваат ова признание. И аргентинските навивачи, бидејќи секогаш го даваа својот максимум за овие бои, ѝ порача емотивниот Меси на публиката.

По Меси, и Скалони со солзи во очите додаде дека вечно ќе им е благодарен на овие играчи.

Фудбалот им припаѓа нив и без нив немаше да го освоиме Светското првенство. Секој што го носи овој дрес дава се од себе и понекогаш резултатите не доаѓаат. Но, овој пат го добивме и тоа е неверојатно, рече тој.

https://youtube.com/watch?v=KFeGq7Cuwjc&feature=shares

The post „Отсекогаш сонував за овој момент“: Плаче Меси, плачат соиграчите, а 80.000 луѓе пеат за најдобриот appeared first on Република.

]]>

Ноќта полна солзи, смеа и најубави емоции е нешто што фудбалерите и стручниот штаб на репрезентацијата на Аргентина ќе го паметат додека се живи! Предводникот на светските шампиони, Лионел Меси не можеше а да не заплаче, но солзи им течеа и на неговите соиграчи, навивачите, тренерот и луѓето на клупата. Причините за радост на Аргентинците се многу, но кулминацијата е 800 гол во кариерата на Меси, постигнат во 89 минута пред неговите најверни поддржувачи. Во нивниот прв натпревар пред домашните навивачи по освојувањето на Светското првенство во декември, Аргентина ја победи Панама на пријателскиот натпревар со 2-0 со головите на Тиаго Алмада и Меси. https://youtube.com/watch?v=4MwYpjlGKhs&feature=shares Забавата започна по последниот судиски свиреж, а членовите на семејството и децата им се придружија на Меси и неговите соиграчи од Аргентина на теренот со огномет што експлодираше во позадина.
Отсекогаш сонував за овој момент, да славам со вас. Да си дојдам во мојата земја и да го подигнам трофејот на Копа Америка, и најголемиот од сите трофеи, тој од Светското првенство. Знам дека ова е наш ден да славиме, но не сакам да се заборават и сите соиграчи кои беа тука претходно, кои исто така дадоа сè на теренот за да го постигнеме ова. Сите го заслужуваат ова признание. И аргентинските навивачи, бидејќи секогаш го даваа својот максимум за овие бои, ѝ порача емотивниот Меси на публиката.
По Меси, и Скалони со солзи во очите додаде дека вечно ќе им е благодарен на овие играчи.
Фудбалот им припаѓа нив и без нив немаше да го освоиме Светското првенство. Секој што го носи овој дрес дава се од себе и понекогаш резултатите не доаѓаат. Но, овој пат го добивме и тоа е неверојатно, рече тој.
https://youtube.com/watch?v=KFeGq7Cuwjc&feature=shares

The post „Отсекогаш сонував за овој момент“: Плаче Меси, плачат соиграчите, а 80.000 луѓе пеат за најдобриот appeared first on Република.

]]>
Братот на двете жени, убиени во масакрот во Цетиње побара да биде ослободен Ненад https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bratot-na-dvete-zeni-ubieni-vo-masakrot-vo-cetinje-pobara-da-bide-osloboden-nenad/ Sun, 14 Aug 2022 16:39:21 +0000 https://republika.mk/?p=540282

По комеморативната седница, која денеска се одржа во Цетиње, со потресни зборови зборуваше Тиодор Радуновиќ кој во масакрот ги загуби двете сестри Мила и Александра Радуновиќ.

Со насолзени очи и видно потресен испрати барање до претставниците на властите, Ненад Калуѓеровиќ од Цетиње, кој го застрела убиецот Вук Бориловиќ, да биде ослободен од секаква одговорност и властите да не го товарат за кривично дело.

Радуновиќ повика да се ослободи од одговорноста, како што рече, „човекот што го прекина крвопролевањето во Цетиње“.

„Ве молам децата што ги има тој човек да не останат без татко по втор пат, ве молам, ве молам, тој човек да не биде обвинет“, рече Радуновиќ и рече дека тоа е херојски чин.

Додека Радуновиќ зборуваше, од салата се слушна одобрување „Така е!“, а на крајот со аплауз за поддршка на неговото барање.

 

The post Братот на двете жени, убиени во масакрот во Цетиње побара да биде ослободен Ненад appeared first on Република.

]]>

По комеморативната седница, која денеска се одржа во Цетиње, со потресни зборови зборуваше Тиодор Радуновиќ кој во масакрот ги загуби двете сестри Мила и Александра Радуновиќ. Со насолзени очи и видно потресен испрати барање до претставниците на властите, Ненад Калуѓеровиќ од Цетиње, кој го застрела убиецот Вук Бориловиќ, да биде ослободен од секаква одговорност и властите да не го товарат за кривично дело. Радуновиќ повика да се ослободи од одговорноста, како што рече, „човекот што го прекина крвопролевањето во Цетиње“. „Ве молам децата што ги има тој човек да не останат без татко по втор пат, ве молам, ве молам, тој човек да не биде обвинет“, рече Радуновиќ и рече дека тоа е херојски чин. Додека Радуновиќ зборуваше, од салата се слушна одобрување „Така е!“, а на крајот со аплауз за поддршка на неговото барање.  

The post Братот на двете жени, убиени во масакрот во Цетиње побара да биде ослободен Ненад appeared first on Република.

]]>
Марсело не можеше да ги задржи солзите на прошталната прес-конференција во Реал Мадрид https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/marselo-ne-mozeshe-da-gi-zadrzi-solzite-na-proshtalnata-pres-konferencija-vo-real-madrid/ Mon, 13 Jun 2022 17:29:17 +0000 https://republika.mk/?p=514672

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело беше облеан од емоции за време на прошталната прес-конференција со која 34-годишниот Бразилец го завршува престојот во мадридскиот клуб.

Марсело не можеше да ги задржи солзите додека зборуваше за соиграчите и вработените во Реал Мадрид кои му помогнале во кариерата. Тој нив ги нарече вистинско семејство.

Марсело е најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид со 25 освоени трофеи.

Тој е во Реал Мадрид од 2007 година. Како дел од клубот, петпати ја освои Лигата на шампионите, шестпати стана шампион на Шпанија, пет пати го освои шпанскиот Суперкуп, трипати го освои Суперкупот на УЕФА и двапати Купот на Шпанија, а четири пати го освои и Светското клупско првенство.

Бразилецот одигра 545 настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи 38 гола и 103 асистенции.

The post Марсело не можеше да ги задржи солзите на прошталната прес-конференција во Реал Мадрид appeared first on Република.

]]>

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело беше облеан од емоции за време на прошталната прес-конференција со која 34-годишниот Бразилец го завршува престојот во мадридскиот клуб. Марсело не можеше да ги задржи солзите додека зборуваше за соиграчите и вработените во Реал Мадрид кои му помогнале во кариерата. Тој нив ги нарече вистинско семејство. Марсело е најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид со 25 освоени трофеи. Тој е во Реал Мадрид од 2007 година. Како дел од клубот, петпати ја освои Лигата на шампионите, шестпати стана шампион на Шпанија, пет пати го освои шпанскиот Суперкуп, трипати го освои Суперкупот на УЕФА и двапати Купот на Шпанија, а четири пати го освои и Светското клупско првенство. Бразилецот одигра 545 настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи 38 гола и 103 асистенции.

The post Марсело не можеше да ги задржи солзите на прошталната прес-конференција во Реал Мадрид appeared first on Република.

]]>
Аплауз и солзи радосници кога поглаварот на СПЦ соопшти дека ја прифаќа автокефалноста на МПЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aplauz-i-solzi-radosnici-koga-poglavarot-na-spc-soopshti-deka-ja-prifakja-avtokefalnosta-na-mpc/ Tue, 24 May 2022 17:35:11 +0000 https://republika.mk/?p=506459

Со громогласен аплауз и солзи радосници беше дочекана веста кога поглаварот на СПЦ соопшти дека ја прифаќа автокефалноста на МПЦ-ОА денеска на заедничката литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

На заедничката литургија денеска во Соборниот храм во Скопје со која чиноначалствуваа поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ, архиепископот охридски и македонски Стефан и патријархот српски Порфириј беше соопштена радосната вест.

Ви носиме уште една радост. Светиот Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА, ја одобрува и ја прифаќа автокефалноста. Српската православна црква (СПЦ) ја призна автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), објави поглаварот на СПЦ, Порфириј.

Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот во соработка со архиепископот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт.

Одлуката за признавањето на автокефалниот статус на Македонската православна црква ОА ја поздрави државниот врв во двете земји бидејќи со неа се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

https://youtu.be/IFVZxoSqy7M

The post Аплауз и солзи радосници кога поглаварот на СПЦ соопшти дека ја прифаќа автокефалноста на МПЦ appeared first on Република.

]]>

Со громогласен аплауз и солзи радосници беше дочекана веста кога поглаварот на СПЦ соопшти дека ја прифаќа автокефалноста на МПЦ-ОА денеска на заедничката литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На заедничката литургија денеска во Соборниот храм во Скопје со која чиноначалствуваа поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ, архиепископот охридски и македонски Стефан и патријархот српски Порфириј беше соопштена радосната вест.
Ви носиме уште една радост. Светиот Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА, ја одобрува и ја прифаќа автокефалноста. Српската православна црква (СПЦ) ја призна автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), објави поглаварот на СПЦ, Порфириј.
Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот во соработка со архиепископот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт. Одлуката за признавањето на автокефалниот статус на Македонската православна црква ОА ја поздрави државниот врв во двете земји бидејќи со неа се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. https://youtu.be/IFVZxoSqy7M

The post Аплауз и солзи радосници кога поглаварот на СПЦ соопшти дека ја прифаќа автокефалноста на МПЦ appeared first on Република.

]]>