Солвеј Инвестмент Груп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/solvej-investment-grup/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Oct 2023 12:29:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Солвеј Инвестмент Груп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/solvej-investment-grup/ 32 32 Матичната компанија на Бучим отфрла секаква поврзаност со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/matichnata-kompanija-na-buchim-otfrla-sekakva-povrzanost-so-rusija/ Fri, 13 Oct 2023 12:11:07 +0000 https://republika.mk/?p=690936

Компанијата Бучим се огласи по повод неодамнешните медиумски содржини за нејзината поврзаност со проектот Иловица-Штука.

Го пренесуваме во целост нивното соопштение:

„Во интерес на вистината и правилното информирање на јавноста во име на Солвеј Инвестмент Груп би сакале формално да обезбедиме фактички корекции:

1. Единствената интеракција која матичната компанија на Бучим, Солвеј Инвестмент Груп ја имал со Еуромакс Рисорсис во врска со проектот Иловица-Штука е во 2019 година и тоа по пат на јавна понуда. Денес валидноста на оваа понуда не е актуелна. Информацијата е достапна на следниов линк: https://solwaygroup.com/2019/04/25/solway-investment-group-offers-euromax-resources-ltd-and-the-ilovica-shtuka-project-a-better-path-forward/. На 26 април, 2019 година Еуромакс Рисорсис го одби овој предлог преку официјално соопштение. Оттогаш, предлогот ја изгуби својата важност и немаше никаква понатамошна комуникација помеѓу Солвеј и Еуромакс Рисорсис.

2. Ниту Бучим, ниту пак нејзината матична компанија немаат сопственост, контрола, поврзаност или пак влијание од Русија. Во декември 2022 година, поттикнати од, како што веруваа, неоправданите наводи за „руско влијание“ и „корупција“ поднесени од страна на Американската Канцеларија за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) против подружниците на Солвеј во Гватемала и двајца оттогаш веќе поранешни вработени, „одборот на директори на Солвеј започна независна целосна истрага кои исто така меѓу другото го истражуваа и таканареченото „руско влијание“. Независната истрага ја спроведе американската адвокатска фирма Сејден Лоу Груп (Seiden Law Group LLP), во соработка со владата на САД, при што истрагата ја водеа искусни и почитувани пензионирани федерални агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ) на САД. Истрагата е завршена и резултатите се официјално доставени до американската влада. Набргу откако владата на САД беше известена за резултатите од истрагата, на санкционираните подружници на Солвеј во Гватемала од страна на американската влада им беше одобрено повторно да започнат со деловните операции во Гватемала и добија дозвола повторно да работат со рудниците. По повеќе од 100 спроведени интервјуа и преглед на терабајти податоци, истрагата јасно заклучи, дека Солвеј Инвестмент Груп нема никаква сопственост, контрола, поврзаност или влијание од Русија. Ова беше јавно објавено во мај 2023 година и е лесно достапно на Интернет: https://solwaygroup.com/2023/10/03/solway-investment-group-guatemalan-subsidiaries-granted-license-to-resume-operations/

3. Матичната компанија на Бучим, Солвеј Инвестмент Груп е семејна компанија за рударство и метали со седиште во Швајцарија со проекти во Украина, Македонија, Гватемала, Индонезија и Аргентина. Солвеј никогаш не бил контролиран или во сопственост на руски државјанин. Солвеј е основан во 2003 година од Александар Бронштајн, државјанин на Естонија кој никогаш немал руски пасош и ја осудува руската инвазија на Украина. Тој се повлече од сите позиции во Солвеј во 2020 година и престана да поседува секаков интерес во компанијата. Компанијата е во сопственост на синовите на основачот, кои се германски државјани без руски врски и без руски пасоши. Солвеј никогаш не бил санкциониран за врски со Русија. Солвеј не е руска компанија, не е во сопственост на руски граѓани и нема никакви деловни односи со Русија.

4. Ниту Бучим, ниту кои било други подружници на Солвеј Инвестмент Груп не сè и никогаш не биле контролирани од Дмитриј Кудрјаков, поединецот споменат како санкциониран во официјалната изјава на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ).
Дмитриј Кудрјаков долги години имаше раководни позиции во подружниците на Солвеј, сите негови договори со Солвеј и подружниците беа веднаш прекинати во ноември 2022 година, кога Солвеј дозна за американските санкции по изјавата на OFAC. Со одлука на акционерите на Дмитриј Кудрјаков официјално веднаш беше отповикан од каква било поврзаност со Солвеј и вклучително и од неговите позции во подружниците.“

The post Матичната компанија на Бучим отфрла секаква поврзаност со Русија appeared first on Република.

]]>

Компанијата Бучим се огласи по повод неодамнешните медиумски содржини за нејзината поврзаност со проектот Иловица-Штука. Го пренесуваме во целост нивното соопштение: „Во интерес на вистината и правилното информирање на јавноста во име на Солвеј Инвестмент Груп би сакале формално да обезбедиме фактички корекции: 1. Единствената интеракција која матичната компанија на Бучим, Солвеј Инвестмент Груп ја имал со Еуромакс Рисорсис во врска со проектот Иловица-Штука е во 2019 година и тоа по пат на јавна понуда. Денес валидноста на оваа понуда не е актуелна. Информацијата е достапна на следниов линк: https://solwaygroup.com/2019/04/25/solway-investment-group-offers-euromax-resources-ltd-and-the-ilovica-shtuka-project-a-better-path-forward/. На 26 април, 2019 година Еуромакс Рисорсис го одби овој предлог преку официјално соопштение. Оттогаш, предлогот ја изгуби својата важност и немаше никаква понатамошна комуникација помеѓу Солвеј и Еуромакс Рисорсис. 2. Ниту Бучим, ниту пак нејзината матична компанија немаат сопственост, контрола, поврзаност или пак влијание од Русија. Во декември 2022 година, поттикнати од, како што веруваа, неоправданите наводи за „руско влијание“ и „корупција“ поднесени од страна на Американската Канцеларија за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) против подружниците на Солвеј во Гватемала и двајца оттогаш веќе поранешни вработени, „одборот на директори на Солвеј започна независна целосна истрага кои исто така меѓу другото го истражуваа и таканареченото „руско влијание“. Независната истрага ја спроведе американската адвокатска фирма Сејден Лоу Груп (Seiden Law Group LLP), во соработка со владата на САД, при што истрагата ја водеа искусни и почитувани пензионирани федерални агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ) на САД. Истрагата е завршена и резултатите се официјално доставени до американската влада. Набргу откако владата на САД беше известена за резултатите од истрагата, на санкционираните подружници на Солвеј во Гватемала од страна на американската влада им беше одобрено повторно да започнат со деловните операции во Гватемала и добија дозвола повторно да работат со рудниците. По повеќе од 100 спроведени интервјуа и преглед на терабајти податоци, истрагата јасно заклучи, дека Солвеј Инвестмент Груп нема никаква сопственост, контрола, поврзаност или влијание од Русија. Ова беше јавно објавено во мај 2023 година и е лесно достапно на Интернет: https://solwaygroup.com/2023/10/03/solway-investment-group-guatemalan-subsidiaries-granted-license-to-resume-operations/ 3. Матичната компанија на Бучим, Солвеј Инвестмент Груп е семејна компанија за рударство и метали со седиште во Швајцарија со проекти во Украина, Македонија, Гватемала, Индонезија и Аргентина. Солвеј никогаш не бил контролиран или во сопственост на руски државјанин. Солвеј е основан во 2003 година од Александар Бронштајн, државјанин на Естонија кој никогаш немал руски пасош и ја осудува руската инвазија на Украина. Тој се повлече од сите позиции во Солвеј во 2020 година и престана да поседува секаков интерес во компанијата. Компанијата е во сопственост на синовите на основачот, кои се германски државјани без руски врски и без руски пасоши. Солвеј никогаш не бил санкциониран за врски со Русија. Солвеј не е руска компанија, не е во сопственост на руски граѓани и нема никакви деловни односи со Русија. 4. Ниту Бучим, ниту кои било други подружници на Солвеј Инвестмент Груп не сè и никогаш не биле контролирани од Дмитриј Кудрјаков, поединецот споменат како санкциониран во официјалната изјава на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ). Дмитриј Кудрјаков долги години имаше раководни позиции во подружниците на Солвеј, сите негови договори со Солвеј и подружниците беа веднаш прекинати во ноември 2022 година, кога Солвеј дозна за американските санкции по изјавата на OFAC. Со одлука на акционерите на Дмитриј Кудрјаков официјално веднаш беше отповикан од каква било поврзаност со Солвеј и вклучително и од неговите позции во подружниците.“

The post Матичната компанија на Бучим отфрла секаква поврзаност со Русија appeared first on Република.

]]>