Солинген Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/solingen/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Aug 2024 07:04:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Солинген Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/solingen/ 32 32 Уапсениот 26-годишен Сириец за нападот во Солинген го признал делото https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapseniot-26-godishen-siriets-za-napadot-vo-solingen-go-priznal-deloto/ Sun, 25 Aug 2024 07:03:46 +0000 https://republika.mk/?p=809870

Германската полиција синоќа уапси 26-годишен Сириец, кој денеска признал дека го извршил завчерашниот напад со нож во градот Солинген во кој три лица се убиени, а осум се ранети.

Осомничениот се предал и го признал делото, се вели во заедничката изјава на полицијата и обвинителството во Дизелдорф.

Нападот, за кој одговорноста ја презеде групата Исламска држава, се случи завчера вечер на фестивал по повод одбележувањето на 650-годишната од постоењето на градот. ИСИС не објави никакви докази за своето тврдење. Во минатото, многу пати ИСИС лажно преземаше одговорност за злосторства. Сега се чека разузнавачките служби да проценат дали тоа е точно тврдење.

Пред да биде уапсен властите синоќа соопштија дека осомничениот е поврзан со засолниште за бегалци во Солинген, во кое била извршена рација.

Регионалниот министер за внатрешни работи Херберт Реул изјави дека полицијата го уапсила „вистинскиот осомничен“. Германските медиуми синоќа јавија дека мажот и се предал на полициската патрола, а неговата облека била крвава и валкана.

The post Уапсениот 26-годишен Сириец за нападот во Солинген го признал делото appeared first on Република.

]]>

Германската полиција синоќа уапси 26-годишен Сириец, кој денеска признал дека го извршил завчерашниот напад со нож во градот Солинген во кој три лица се убиени, а осум се ранети. Осомничениот се предал и го признал делото, се вели во заедничката изјава на полицијата и обвинителството во Дизелдорф. Нападот, за кој одговорноста ја презеде групата Исламска држава, се случи завчера вечер на фестивал по повод одбележувањето на 650-годишната од постоењето на градот. ИСИС не објави никакви докази за своето тврдење. Во минатото, многу пати ИСИС лажно преземаше одговорност за злосторства. Сега се чека разузнавачките служби да проценат дали тоа е точно тврдење. Пред да биде уапсен властите синоќа соопштија дека осомничениот е поврзан со засолниште за бегалци во Солинген, во кое била извршена рација. Регионалниот министер за внатрешни работи Херберт Реул изјави дека полицијата го уапсила „вистинскиот осомничен“. Германските медиуми синоќа јавија дека мажот и се предал на полициската патрола, а неговата облека била крвава и валкана.

The post Уапсениот 26-годишен Сириец за нападот во Солинген го признал делото appeared first on Република.

]]>
Германската полиција се уште трага по напаѓачот кој со нож уби три лица во Солинген https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskata-politsija-se-ushte-traga-po-napagachot-koj-so-nozh-ubi-tri-litsa-vo-solingen/ Sat, 24 Aug 2024 09:18:54 +0000 https://republika.mk/?p=809644

Германската полиција денеска продолжи со потрагата по лицето одговорно за нападот со нож што се случи синоќа на прославата на 650-годишнината од градот Солинген.

Во нападот во петокот вечерта загинаа најмалку три лица – една жена и двајца мажи, а осум се повредени, од кои пет потешко, соопштија властите. Не беа дадени информации за идентитетот на повредените или нивната моментална состојба, јави ДПА.

Напаѓачот се уште е во бегство, соопшти деенска полицијата, а потрагата продолжува. Специјалните единици трагаа по напаѓачот во градот.

Полицијата ги предупреди жителите кои забележуваат се што е сомнително да не дејствуваат самоиницијативно, туку да се јават на полицискиот број за итни случаи.

„Во моментов немаме индиции за тоа каде се наоѓа“, изјави портпаролот на полицијата. Нема ниту опис на осомничениот.

Напаѓачот успеал да побегне поради паниката што се проширила по прободувањето, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија. Северна Рајна Вестфалија е најнаселената покраина во Германија.

„Мислам дека тоа е нашиот огромен проблем. Се уште немаме многу информации за сторителот“, изјави Александар Креста, портпарол на полицијата во Вупертал.

Според полицијата, напаѓачот нападнал случајни минувачи, избирајќи ги своите жртви по случаен избор.

Нападот започнал околу 21:45 часот (19.45 по Гринич) во петокот, соопшти полицијата. Бил извршен во центарот на градот каде што била поставена сцена за музика во живо за настанот Фестивал на различностите. Злосторството се случило непосредно пред бината, јави ДПА.

The post Германската полиција се уште трага по напаѓачот кој со нож уби три лица во Солинген appeared first on Република.

]]>

Германската полиција денеска продолжи со потрагата по лицето одговорно за нападот со нож што се случи синоќа на прославата на 650-годишнината од градот Солинген. Во нападот во петокот вечерта загинаа најмалку три лица – една жена и двајца мажи, а осум се повредени, од кои пет потешко, соопштија властите. Не беа дадени информации за идентитетот на повредените или нивната моментална состојба, јави ДПА. Напаѓачот се уште е во бегство, соопшти деенска полицијата, а потрагата продолжува. Специјалните единици трагаа по напаѓачот во градот. Полицијата ги предупреди жителите кои забележуваат се што е сомнително да не дејствуваат самоиницијативно, туку да се јават на полицискиот број за итни случаи. „Во моментов немаме индиции за тоа каде се наоѓа“, изјави портпаролот на полицијата. Нема ниту опис на осомничениот. Напаѓачот успеал да побегне поради паниката што се проширила по прободувањето, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија. Северна Рајна Вестфалија е најнаселената покраина во Германија. „Мислам дека тоа е нашиот огромен проблем. Се уште немаме многу информации за сторителот“, изјави Александар Креста, портпарол на полицијата во Вупертал. Според полицијата, напаѓачот нападнал случајни минувачи, избирајќи ги своите жртви по случаен избор. Нападот започнал околу 21:45 часот (19.45 по Гринич) во петокот, соопшти полицијата. Бил извршен во центарот на градот каде што била поставена сцена за музика во живо за настанот Фестивал на различностите. Злосторството се случило непосредно пред бината, јави ДПА.

The post Германската полиција се уште трага по напаѓачот кој со нож уби три лица во Солинген appeared first on Република.

]]>