солидарен данок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/solidaren-danok/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Nov 2023 12:17:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png солидарен данок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/solidaren-danok/ 32 32 Солидарен данок наплатен од 130 компании, 26 не ја исполниле обврската https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/solidaren-danok-naplaten-od-130-kompanii-26-ne-ja-ispolnile-obvrskata/ Thu, 09 Nov 2023 12:17:11 +0000 https://republika.mk/?p=699889

Заклучно со вчера, 8 ноември, од 130 компании се наплатени 2,3 милијарди денари по основ на данокот на солидарност. Оваа обврска ја имаат 156 компании, меѓу кои и едно јавно претпријатие, со вкупен износ од три милијарди, 29 милиони денари. Дваесет и шест компании сѐ уште не ја подмириле обврската и вкупно должат 726,6 милиони денари, и покрај рокот што им е даден од Управата за јавни приходи.

Најголем износ, од 257,3 милиони денари, се уплатени од една скопска компанија со дејност леење челик, која за 2022 година имала вкупен приход 11,3 милијарди денари.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска на брифинг со новинарите денеска соопшти дека речиси половината од компаниите што не ја исполниле обврската се од Скопје (12), а останатите се од Неготино, Струмица, Гевгелија, Делчево, Битола, Прилеп, Чучер Сандево, Гостивар, Слупчане, Желино, Охрид.

Дејностите на компаниите што должат се различни – две фирми се од дејноста коцкање и обложување, две за изградба на станбени и нестанбени згради, две компании со дејност трговија со дрва, градежни материјали и санитарија, потоа трговија на големо со хемиски производи итн.

Немањето средства е најчесто причината што овие компании ја наведуваат за неисполнетата обврска за плаќање на данокот на солидарност.

Најголемиот должник, а воедно и компанија со најголема пријавена обврска, е скопска компанија од среден обем, чија дејност е трговија со електрична енергија, која остварила вкупни приходи од 13,2 милијарди денари и должи 294,6 милиони денари - рече Лукаревска.

УЈП има доставено опомени. Од 26-те компании што ја должат обврската, шест направиле пребивање, што е дозволено, а три компании се во режим на репрограм односно одлучиле да плаќаат на три рати (октомври, ноември, декември).

Рокот за компаниите што нема да ја исполнат обврската останува 24 ноември кога ќе следува блокирање на сметката.

-Пративме опомени, потоа ќе доставиме и решенија и на крај блокирање на сметките. Но, до денот на блокадата, сепак, ќе ги контактираме за да видиме каква е состојбата, рече Лукаревска, додавајќи дека целта на УЈП не е да ги блокира, туку да се најде решение.

The post Солидарен данок наплатен од 130 компании, 26 не ја исполниле обврската appeared first on Република.

]]>

Заклучно со вчера, 8 ноември, од 130 компании се наплатени 2,3 милијарди денари по основ на данокот на солидарност. Оваа обврска ја имаат 156 компании, меѓу кои и едно јавно претпријатие, со вкупен износ од три милијарди, 29 милиони денари. Дваесет и шест компании сѐ уште не ја подмириле обврската и вкупно должат 726,6 милиони денари, и покрај рокот што им е даден од Управата за јавни приходи. Најголем износ, од 257,3 милиони денари, се уплатени од една скопска компанија со дејност леење челик, која за 2022 година имала вкупен приход 11,3 милијарди денари. Директорката на УЈП Сања Лукаревска на брифинг со новинарите денеска соопшти дека речиси половината од компаниите што не ја исполниле обврската се од Скопје (12), а останатите се од Неготино, Струмица, Гевгелија, Делчево, Битола, Прилеп, Чучер Сандево, Гостивар, Слупчане, Желино, Охрид. Дејностите на компаниите што должат се различни – две фирми се од дејноста коцкање и обложување, две за изградба на станбени и нестанбени згради, две компании со дејност трговија со дрва, градежни материјали и санитарија, потоа трговија на големо со хемиски производи итн. Немањето средства е најчесто причината што овие компании ја наведуваат за неисполнетата обврска за плаќање на данокот на солидарност.
Најголемиот должник, а воедно и компанија со најголема пријавена обврска, е скопска компанија од среден обем, чија дејност е трговија со електрична енергија, која остварила вкупни приходи од 13,2 милијарди денари и должи 294,6 милиони денари - рече Лукаревска.
УЈП има доставено опомени. Од 26-те компании што ја должат обврската, шест направиле пребивање, што е дозволено, а три компании се во режим на репрограм односно одлучиле да плаќаат на три рати (октомври, ноември, декември). Рокот за компаниите што нема да ја исполнат обврската останува 24 ноември кога ќе следува блокирање на сметката. -Пративме опомени, потоа ќе доставиме и решенија и на крај блокирање на сметките. Но, до денот на блокадата, сепак, ќе ги контактираме за да видиме каква е состојбата, рече Лукаревска, додавајќи дека целта на УЈП не е да ги блокира, туку да се најде решение.

The post Солидарен данок наплатен од 130 компании, 26 не ја исполниле обврската appeared first on Република.

]]>
Ако Законот за солидарен данок „падне“ на Уставен суд, средствата на компаниите ќе им се враќаат од буџетот за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ako-zakonot-za-solidaren-danok-padne-na-ustaven-sud-sredstvata-na-kompaniite-ke-im-se-vrakaat-od-budhetot-za-2024-godina/ Fri, 03 Nov 2023 15:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=697775

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска, одговорајќи на новинарски прашање, рече дека ако Законот за солидарен данок „падне“ на Уставен суд, средствата на компаниите ќе им се враќаат од буџетот наредната година.

Битиќи не верува дека Законот ќе биде оспорен од Судот.

Кажав дека до овој момент има законска обврска за плаќање на солидарниот данок, а средствата ќе се користат за антикризни мерки кои ќе бидат соопштени наредните денови. За следната година, бидејќи правиме проекции на буџетот, и бидејќи кризата е се уште активна, ќе има средства за антикризни мерки. Ако евентуално прејудицираме дека таква одлука може да се донесе, мислам дека има доволно испланирани средства во државната каса, но првично, намената е за антикризни мерки. Ако има таква одлука, тогаш ќе треба да се земат од граѓаните и да им се вратат на компаниите што мислам дека нема да се случи. Средствата ќе се вратат од наредниот буџет, од сегашниот не е возможно зашто е веќе крај на годината, рече Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на промоцијата на проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Македонија“.

The post Ако Законот за солидарен данок „падне“ на Уставен суд, средствата на компаниите ќе им се враќаат од буџетот за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска, одговорајќи на новинарски прашање, рече дека ако Законот за солидарен данок „падне“ на Уставен суд, средствата на компаниите ќе им се враќаат од буџетот наредната година. Битиќи не верува дека Законот ќе биде оспорен од Судот.

Битиќи: Ако солидарниот данок падне на Уставен, парите на компаниите ќе им се враќааат од буџетот за следната година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-ako-solidarniot-danok-padne-na-ustaven-parite-na-kompaniite-ke-im-se-vrakaaat-od-budhetot-za-slednata-godina/ Fri, 03 Nov 2023 12:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=697776

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска, одговорајќи на новинарски прашање, рече дека ако Законот за солидарен данок „падне“ на Уставен суд, средствата на компаниите ќе им се враќаат од буџетот наредната година.

Битиќи не верува дека Законот ќе биде оспорен од Судот.

-Кажав дека до овој момент има законска обврска за плаќање на солидарниот данок, а средствата ќе се користат за антикризни мерки кои ќе бидат соопштени наредните денови. За следната година, бидејќи правиме проекции на буџетот, и бидејќи кризата е се уште активна, ќе има средства за антикризни мерки. Ако евентуално прејудицираме дека таква одлука може да се донесе, мислам дека има доволно испланирани средства во државната каса, но првично, намената е за антикризни мерки. Ако има таква одлука, тогаш ќе треба да се земат од граѓаните и да им се вратат на компаниите што мислам дека нема да се случи. Средствата ќе се вратат од наредниот буџет, од сегашниот не е возможно зашто е веќе крај на годината, рече Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на промоцијата на проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Македонија“

The post Битиќи: Ако солидарниот данок падне на Уставен, парите на компаниите ќе им се враќааат од буџетот за следната година appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска, одговорајќи на новинарски прашање, рече дека ако Законот за солидарен данок „падне“ на Уставен суд, средствата на компаниите ќе им се враќаат од буџетот наредната година. Битиќи не верува дека Законот ќе биде оспорен од Судот.
-Кажав дека до овој момент има законска обврска за плаќање на солидарниот данок, а средствата ќе се користат за антикризни мерки кои ќе бидат соопштени наредните денови. За следната година, бидејќи правиме проекции на буџетот, и бидејќи кризата е се уште активна, ќе има средства за антикризни мерки. Ако евентуално прејудицираме дека таква одлука може да се донесе, мислам дека има доволно испланирани средства во државната каса, но првично, намената е за антикризни мерки. Ако има таква одлука, тогаш ќе треба да се земат од граѓаните и да им се вратат на компаниите што мислам дека нема да се случи. Средствата ќе се вратат од наредниот буџет, од сегашниот не е возможно зашто е веќе крај на годината, рече Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на промоцијата на проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Македонија“

The post Битиќи: Ако солидарниот данок падне на Уставен, парите на компаниите ќе им се враќааат од буџетот за следната година appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Има соодвет одѕив на компаниите по основ на Законот за солидарен данок https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-ima-soodvet-odziv-na-kompaniite-po-osnov-na-zakonot-za-solidaren-danok/ Mon, 30 Oct 2023 15:45:12 +0000 https://republika.mk/?p=694427

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, е задоволен од одѕивот на компаниите по однос на Законот за солидарен данок.

Како што вели Битиќи, собраните средства по овој основ ќе бидат наменети за антикризни мерки и ќе одат кај најранливите категории на граѓани.

Одѕивот е соодветен. Мислам дека според последните информации околу 70 проценти е собран данокот. Другите компании активно работат со Управата за јавни приходи за да видат како да ја исполнат законската обврска, изјави Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања во Куманово.

Во однос на најавите за намалување на платите на избраните и именуваните лица кои согласно одлуката на Уставниот суд беа зголемени за 78 проценти, Битиќи вели дека работна група работи на изнаоѓање на законско решение и дека евентуални измени треба да претрпат околу седум закони.

Притоа, треба да имаме предвид да не се наруши принципот на самите закони затоа што лесно може да дојдеме до законски решенија што се противуставни како што впрочем беше и последната одлука на Уставниот суд. Затоа 1.260-те функцонери ќе бидат опфатени со едно решение, но не можам да прејудицирам кое е решението, изјави Битиќи.

The post Битиќи: Има соодвет одѕив на компаниите по основ на Законот за солидарен данок appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, е задоволен од одѕивот на компаниите по однос на Законот за солидарен данок. Како што вели Битиќи, собраните средства по овој основ ќе бидат наменети за антикризни мерки и ќе одат кај најранливите категории на граѓани.
Одѕивот е соодветен. Мислам дека според последните информации околу 70 проценти е собран данокот. Другите компании активно работат со Управата за јавни приходи за да видат како да ја исполнат законската обврска, изјави Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања во Куманово.
Во однос на најавите за намалување на платите на избраните и именуваните лица кои согласно одлуката на Уставниот суд беа зголемени за 78 проценти, Битиќи вели дека работна група работи на изнаоѓање на законско решение и дека евентуални измени треба да претрпат околу седум закони.
Притоа, треба да имаме предвид да не се наруши принципот на самите закони затоа што лесно може да дојдеме до законски решенија што се противуставни како што впрочем беше и последната одлука на Уставниот суд. Затоа 1.260-те функцонери ќе бидат опфатени со едно решение, но не можам да прејудицирам кое е решението, изјави Битиќи.

The post Битиќи: Има соодвет одѕив на компаниите по основ на Законот за солидарен данок appeared first on Република.

]]>
Стопанската комора очекува Законот за солидарен данок да биде повлечен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stopanskata-komora-ochekuva-zakonot-za-solidaren-danok-da-bide-povlechen/ Mon, 25 Sep 2023 10:51:41 +0000 https://republika.mk/?p=684946

Стопанска комора очекува Законот за солидарен данок да биде повлечен. Нејзините правни тимови велат дека ова законско решение „лебди во воздух“ по неколку основи, пред се, зашто е ретроактивно, непринципиелно и зашто не ја исполнува целта за која е наменето.

-Би било несоодветно министерот да каже дека немаме право да го оспориме Законот на Уставен суд. Нашите правни тимови велат дека по неколку основи тој Закон „лебди во воздух“ и има основа да биде оспорен пред Судот. Очекуваме Законот да биде повлечен, пред се зашто е ретроактивен, не е принципиелен, се однесува само на одредена група компании и не ја исполнува целта за која е наменет. Засегнати ќе бидат фирми кои немаат никаква врска со бенефитот од енергетската и КОВИД кризата, изјави денеска извршниот директор на Комората, Антони Пешев пред конференцијата „Водење бизнис со ЕУ – како да се постигне поинтензивна трговска соработка меѓу Македонија и Полска“.

Како што истакна Пешев, иако во текот на договарањето со компаниите околу поевтинувањето на производите Владата ветила дека ќе им каже која дата ќе биде земена како репер, тоа не го сторила,

Тој го повтори ставот на бизнисот, дека секој закон треба да се носи согласно т.н. даночен календар.

-Компаниите треба да знаат порано три до шест месеци за да си го прилагодат своето работење, а не како сега, да донесете закон шест месеци откога е истечен и откако се распределени добивките на компаниите. Како ќе им ги земете кога повеќето се со странски инвеститори и тие ги имаат повлечено парите. Цениме дека овој Закон можеби можел да биде донесен, но порано од што истекол рокот, нагласи Пешев.

По донесувањето на Законот за солидарен данок минатата недела, реагираа сите стопански комори, а Стопанската комора најави, како што и претходно предупредуваше, дека ќе го оспори пред Уставен суд. Министерот за економија Крешник Бектеши во четвртокот, одговорајќи на новинарски прашања, и порача на Комората тоа да го стори. Ако Законот биде оспорен, како што рече, Владата е обврзана тоа да го почитува.

The post Стопанската комора очекува Законот за солидарен данок да биде повлечен appeared first on Република.

]]>

Стопанска комора очекува Законот за солидарен данок да биде повлечен. Нејзините правни тимови велат дека ова законско решение „лебди во воздух“ по неколку основи, пред се, зашто е ретроактивно, непринципиелно и зашто не ја исполнува целта за која е наменето. -Би било несоодветно министерот да каже дека немаме право да го оспориме Законот на Уставен суд. Нашите правни тимови велат дека по неколку основи тој Закон „лебди во воздух“ и има основа да биде оспорен пред Судот. Очекуваме Законот да биде повлечен, пред се зашто е ретроактивен, не е принципиелен, се однесува само на одредена група компании и не ја исполнува целта за која е наменет. Засегнати ќе бидат фирми кои немаат никаква врска со бенефитот од енергетската и КОВИД кризата, изјави денеска извршниот директор на Комората, Антони Пешев пред конференцијата „Водење бизнис со ЕУ – како да се постигне поинтензивна трговска соработка меѓу Македонија и Полска“. Како што истакна Пешев, иако во текот на договарањето со компаниите околу поевтинувањето на производите Владата ветила дека ќе им каже која дата ќе биде земена како репер, тоа не го сторила, Тој го повтори ставот на бизнисот, дека секој закон треба да се носи согласно т.н. даночен календар. -Компаниите треба да знаат порано три до шест месеци за да си го прилагодат своето работење, а не како сега, да донесете закон шест месеци откога е истечен и откако се распределени добивките на компаниите. Како ќе им ги земете кога повеќето се со странски инвеститори и тие ги имаат повлечено парите. Цениме дека овој Закон можеби можел да биде донесен, но порано од што истекол рокот, нагласи Пешев. По донесувањето на Законот за солидарен данок минатата недела, реагираа сите стопански комори, а Стопанската комора најави, како што и претходно предупредуваше, дека ќе го оспори пред Уставен суд. Министерот за економија Крешник Бектеши во четвртокот, одговорајќи на новинарски прашања, и порача на Комората тоа да го стори. Ако Законот биде оспорен, како што рече, Владата е обврзана тоа да го почитува.

The post Стопанската комора очекува Законот за солидарен данок да биде повлечен appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Власта со новиот измислен данок сака да им земе арач на лојалните фирми, наместо да се бори со сивата економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-vlasta-so-noviot-izmislen-danok-saka-da-im-zeme-arach-na-lojalnite-firmi-namesto-da-se-bori-so-sivata-ekonomija/ Sun, 24 Sep 2023 08:28:14 +0000 https://republika.mk/?p=684598

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека Ахмети и Ковачевски измислија нов данок, кој внимавајте го нарекоа „солидарен“, а со кој во реалноста се собира дупло данок од оние компании, кои редовно си ги плаќаат своите давачки и се лојални кон својата држава.

Место власта да се бори против сивата економија, која цвета во Македонија, таа сака да ги одере овие компании.

Но оваа мерка не важи за оние фирми, кои се основани минатата година, а кои се занимаваат со продажба на струја, што е смешно, кога токму тие фирми се основани од роднините и пријателите на високите функционери на ДУИ и СДС, кои се стекнаа со милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт за брзо време, веднаш ќе го избрише овој несолидарен данок и целосно ќе се посвети во сузбивање на сивата економија, се наведува во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Власта со новиот измислен данок сака да им земе арач на лојалните фирми, наместо да се бори со сивата економија appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека Ахмети и Ковачевски измислија нов данок, кој внимавајте го нарекоа „солидарен“, а со кој во реалноста се собира дупло данок од оние компании, кои редовно си ги плаќаат своите давачки и се лојални кон својата држава.
Место власта да се бори против сивата економија, која цвета во Македонија, таа сака да ги одере овие компании.   Но оваа мерка не важи за оние фирми, кои се основани минатата година, а кои се занимаваат со продажба на струја, што е смешно, кога токму тие фирми се основани од роднините и пријателите на високите функционери на ДУИ и СДС, кои се стекнаа со милиони евра.   ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт за брзо време, веднаш ќе го избрише овој несолидарен данок и целосно ќе се посвети во сузбивање на сивата економија, се наведува во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Власта со новиот измислен данок сака да им земе арач на лојалните фирми, наместо да се бори со сивата економија appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Власта со таканаречениот „солидарен данок“, сака да ги одере фирмите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-vlasta-so-takanarecheniot-solidaren-danok-saka-da-gi-odere-firmite/ Sat, 23 Sep 2023 07:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=684261

Наместо да се бори против сивата економија, владата со новиот данок ќе земе арач од лојалните фирми на државата, кои си ги плаќаат редовно даноците, а со тоа дополнително ќе ја стимулира сивата економија. Ваквата мерка не е солидарност туку арамилук - стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека со новиот данок, каде е предвидено дупло оданочување на компаниите, не се опфатени компании, кои лани биле основани.

Токму минатата година беа основани фирми, кои се занимаваат со продажба на струја и за краток период остварија милионски суми на добивка, а јавноста многу добро знае чии роднини и пријатели на функционерите од ДУИ и СДС ги основаа овие фирми. Истовремено, целта е да се соберат што повеќе средства од овие лојални компании, за да имаат Ахмети и Ковачевски тендер плус, во овие останати неколку месеци, да се нафатираат со уште некој милион плус, за нив и нивните роднини. ВМРО-ДПМНЕ веднаш по преземањето на власта, ќе го поништи овој штетен закон за компаниите и државата - коментираат од опозицијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Власта со таканаречениот „солидарен данок“, сака да ги одере фирмите appeared first on Република.

Мицкоски: Законот за солидарен данок е земање од успешните и дисциплинирани на сметка на генераторите на сивата економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-zakonot-za-solidaren-danok-e-zemane-od-uspeshnite-i-distsiplinirani-na-smetka-na-generatorite-na-sivata-ekonomija/ Thu, 21 Sep 2023 12:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=683814

Законот за солидарен данок е данок каде од тие кои се успешни и дисциплинирани се зема повеќе на сметка на оние кои се неуспешни и недисцилинирани и тука пред се мислам на оние кои се творци генератори на сивата економија во Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на општина Новаци одговарајќи на новинарско прашање за ефектот од Законот за солидарен данок.

Имате даночни раеви на неколку делови во Македонија каде ни фискални сметки важат, ниту важат било какви други законски одредби, дури имате делови и во Скопје каде можете да платите со европска валута и да добиете кусур во европска валута и тоа е пред очите на органите на редот и никој ништо не им може. Ние како да имаме делови каде има паралелен систем и сега тие се амнестирани и толерирани, а овие кои и досега редовни си ги исполнувале редовно своите обврски се повторно казнувани од оваа влада. А целта на Владата е да собере што повеќе пари за сега пред избори во тендери во 4 очи договараат провизии, како што тоа го прават со еден објект недалеку од овде РЕК Битола - кажа Мицкоски.

Ако мислат дека тоа ќе помине, додаде Мицкоски, за неколку месеци од сега ќе бидат демантирани.

Ефектот од Законот нема да биде позитивен, тоа ќе ја зголеми фрустрацијата, а на исполнување на даночните обврски. Или државата за едни е мајка за некого не, заклучи Мицкоски кој додаде „ако не знаат кои се тие даночни раеви, ако не знаат каде се плаќа со евро валута ќе им кажам, а за неколку месеци од сега нема да биде така“.

The post Мицкоски: Законот за солидарен данок е земање од успешните и дисциплинирани на сметка на генераторите на сивата економија appeared first on Република.

]]>

Законот за солидарен данок е данок каде од тие кои се успешни и дисциплинирани се зема повеќе на сметка на оние кои се неуспешни и недисцилинирани и тука пред се мислам на оние кои се творци генератори на сивата економија во Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на општина Новаци одговарајќи на новинарско прашање за ефектот од Законот за солидарен данок.
Имате даночни раеви на неколку делови во Македонија каде ни фискални сметки важат, ниту важат било какви други законски одредби, дури имате делови и во Скопје каде можете да платите со европска валута и да добиете кусур во европска валута и тоа е пред очите на органите на редот и никој ништо не им може. Ние како да имаме делови каде има паралелен систем и сега тие се амнестирани и толерирани, а овие кои и досега редовни си ги исполнувале редовно своите обврски се повторно казнувани од оваа влада. А целта на Владата е да собере што повеќе пари за сега пред избори во тендери во 4 очи договараат провизии, како што тоа го прават со еден објект недалеку од овде РЕК Битола - кажа Мицкоски.
Ако мислат дека тоа ќе помине, додаде Мицкоски, за неколку месеци од сега ќе бидат демантирани. Ефектот од Законот нема да биде позитивен, тоа ќе ја зголеми фрустрацијата, а на исполнување на даночните обврски. Или државата за едни е мајка за некого не, заклучи Мицкоски кој додаде „ако не знаат кои се тие даночни раеви, ако не знаат каде се плаќа со евро валута ќе им кажам, а за неколку месеци од сега нема да биде така“.

The post Мицкоски: Законот за солидарен данок е земање од успешните и дисциплинирани на сметка на генераторите на сивата економија appeared first on Република.

]]>
ССК: Законот за солидарен данок упатува многу погрешен сигнал https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssk-zakonot-za-solidaren-danok-upatuva-mnogu-pogreshen-signal/ Thu, 21 Sep 2023 12:28:26 +0000 https://republika.mk/?p=683803

ојузот на стопански комори смета дека со Законот за солидарен данок се дава еден многу погрешен сигнал и уште еднаш ќе го разгледаат пред да одлучат дали ќе и се приклучат на Стопанската комора во негово оспорување пред Уставниот суд или ќе поединечно ќе реагираат.

-Уште еднаш ќе го разгледаме во кој правец ќе оди нивното оспорување, дали заедно со нив или поединечно, меѓутоа ние веќе во многу наврати дадовме изјави дека сметаме дека овој данок дава еден многу погрешен сигнал, и едноставно предизвикува еден преседан, кој до сега не се случил да вие наметнувате одредени даночни оптоварувања надвор од пресметковниот период, создавате правна несигурност, им праќате погрешен сигнал на сите оние кои работат и инвестираат во економијата, рече Ангелоски.

Во однос на сегашната даночна реформа тој вели дека е убеден дека ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, за што постојат меѓународни финансиски институции кои детектираат дека околу 20 нешто проценти е сива и 20 проценти црна.

-Така што, нашата економија се состои пола од официјална и можеби уште толку од неофицијална, смета Ангелоски.

The post ССК: Законот за солидарен данок упатува многу погрешен сигнал appeared first on Република.

]]>

ојузот на стопански комори смета дека со Законот за солидарен данок се дава еден многу погрешен сигнал и уште еднаш ќе го разгледаат пред да одлучат дали ќе и се приклучат на Стопанската комора во негово оспорување пред Уставниот суд или ќе поединечно ќе реагираат. -Уште еднаш ќе го разгледаме во кој правец ќе оди нивното оспорување, дали заедно со нив или поединечно, меѓутоа ние веќе во многу наврати дадовме изјави дека сметаме дека овој данок дава еден многу погрешен сигнал, и едноставно предизвикува еден преседан, кој до сега не се случил да вие наметнувате одредени даночни оптоварувања надвор од пресметковниот период, создавате правна несигурност, им праќате погрешен сигнал на сите оние кои работат и инвестираат во економијата, рече Ангелоски. Во однос на сегашната даночна реформа тој вели дека е убеден дека ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, за што постојат меѓународни финансиски институции кои детектираат дека околу 20 нешто проценти е сива и 20 проценти црна. -Така што, нашата економија се состои пола од официјална и можеби уште толку од неофицијална, смета Ангелоски.

The post ССК: Законот за солидарен данок упатува многу погрешен сигнал appeared first on Република.

]]>
Стопанската комора ќе го даде Законот за солидарен данок пред Уставниот суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stopanskata-komora-ke-go-dade-zakonot-za-solidaren-danok-pred-ustavniot-sud/ Wed, 20 Sep 2023 20:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=683608

Стопанската комора ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на Законот за солидарен данок, најави претседателот на Комората, Бранко Азески.

Азески во интерју за ТВ „Телма“ порача дека ова ќе биде трет закон за две години што Стопанската комора ќе го оспори пред Уставниот Суд.

Како што вели првиот човек на Стопанската комора, бизнис секторот направил се за да се продлабочи дијалогот меѓу нив и власта, но, во услови кога партиските интереси се поважни, тој повикува на заедничка платформа на бизнисот со универзитетите, медиумите, синдикатите и невладините организации.

Ги молиме и сакаме да ја продлабочиме соработката со секого кој што е на оваа линија, да допринесеме за доброто на оваа држава. Тоа можеме да го направиме ако одиме заедно на овие цели и со оваа методологија, медиумите, бизнис организациите, синдикалните организации, невладиниот сектор, универзитетите, сите треба да се обединиме под таа платформа, која што дури и да дојде до застранување на политичките елити во одреден период, ќе можат да ги тргнат за рака и да им кажат „Чекај, вратете се“. Затоа што, очигледно е дека ниту губењето на изборите ја убива нивната волја за власт, ниту критиките што ги упатуваме, ниту сериозните полнења на затворите, тие повторно си продолжуваат. Доаѓаат нови, се регрутираат сили коишто не сакаат да работат, не сакаат да се вклучат во процесите, туку најдобро им е преку партиските агенди, преку партиските активности да практично егзистираат во овој момент, рече Азески.

Претседателот на Стопанската комора, меѓу другото, рече и дека забрзано се носат закони за потребите на изборите.

Ние сме вчудоневидени од состојбата што ја гледаме во моментот, што на едноставен и прост начин значи дека над масава сега има ситуација во која што гледаш никаква активност освен некаква лична и партиска што постои, а под масава врие. Затоа што секој трет ден добиваме некој закон од епохални размери, којшто некој го работи. На пример законот за трговски друштва во моментов. Како на сцената горе не гледаме активност, а гледаме долу закони што се во интерес на предизборието. Тоа значи машинеријата што се наоѓа внатре, усидрена, во администрацијата функционира веројатно беспрекорно и прекувремено во овој период. И туку оп, одма ќе го добиеш одговорот. Па ваква законска активност, ние не сме имале во последниве 10 години, додаде Азески.

Тој рече дека државните интереси мора да бидат поважни од партиските.

За јавниот долг, Азески кажа дека во 2008 година бил 23 отсто, а дека сега е зголемен на 56 отсто и оти тоа мора да е ставено под алармантна ситуација.

Меѓутоа, ние не можеме и не треба да престанеме со задолжувањата, но тие мораат да бидат во продуктивна насока ставани, порача претседателот на Стопанската комора.

The post Стопанската комора ќе го даде Законот за солидарен данок пред Уставниот суд appeared first on Република.

]]>

Стопанската комора ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на Законот за солидарен данок, најави претседателот на Комората, Бранко Азески. Азески во интерју за ТВ „Телма“ порача дека ова ќе биде трет закон за две години што Стопанската комора ќе го оспори пред Уставниот Суд. Како што вели првиот човек на Стопанската комора, бизнис секторот направил се за да се продлабочи дијалогот меѓу нив и власта, но, во услови кога партиските интереси се поважни, тој повикува на заедничка платформа на бизнисот со универзитетите, медиумите, синдикатите и невладините организации.
Ги молиме и сакаме да ја продлабочиме соработката со секого кој што е на оваа линија, да допринесеме за доброто на оваа држава. Тоа можеме да го направиме ако одиме заедно на овие цели и со оваа методологија, медиумите, бизнис организациите, синдикалните организации, невладиниот сектор, универзитетите, сите треба да се обединиме под таа платформа, која што дури и да дојде до застранување на политичките елити во одреден период, ќе можат да ги тргнат за рака и да им кажат „Чекај, вратете се“. Затоа што, очигледно е дека ниту губењето на изборите ја убива нивната волја за власт, ниту критиките што ги упатуваме, ниту сериозните полнења на затворите, тие повторно си продолжуваат. Доаѓаат нови, се регрутираат сили коишто не сакаат да работат, не сакаат да се вклучат во процесите, туку најдобро им е преку партиските агенди, преку партиските активности да практично егзистираат во овој момент, рече Азески.
Претседателот на Стопанската комора, меѓу другото, рече и дека забрзано се носат закони за потребите на изборите.
Ние сме вчудоневидени од состојбата што ја гледаме во моментот, што на едноставен и прост начин значи дека над масава сега има ситуација во која што гледаш никаква активност освен некаква лична и партиска што постои, а под масава врие. Затоа што секој трет ден добиваме некој закон од епохални размери, којшто некој го работи. На пример законот за трговски друштва во моментов. Како на сцената горе не гледаме активност, а гледаме долу закони што се во интерес на предизборието. Тоа значи машинеријата што се наоѓа внатре, усидрена, во администрацијата функционира веројатно беспрекорно и прекувремено во овој период. И туку оп, одма ќе го добиеш одговорот. Па ваква законска активност, ние не сме имале во последниве 10 години, додаде Азески.
Тој рече дека државните интереси мора да бидат поважни од партиските. За јавниот долг, Азески кажа дека во 2008 година бил 23 отсто, а дека сега е зголемен на 56 отсто и оти тоа мора да е ставено под алармантна ситуација.
Меѓутоа, ние не можеме и не треба да престанеме со задолжувањата, но тие мораат да бидат во продуктивна насока ставани, порача претседателот на Стопанската комора.

The post Стопанската комора ќе го даде Законот за солидарен данок пред Уставниот суд appeared first on Република.

]]>
СКСЗМ: Владата ги казнува бизнисите со солидарен данок и ги замрзнува намалените цени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/skszm-vladata-gi-kaznuva-biznisite-so-solidaren-danok-i-gi-zamrznuva-namalenite-tseni/ Wed, 20 Sep 2023 13:30:20 +0000 https://republika.mk/?p=683473

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) реагира на последната владина одлука за поевтинување на основните прехранбени производи, како и на донесувањето на Законот за данок на солидарност.

Комората апелира претседателот на државата да не го потпише указот за прогласување на Законот.

СКСЗМ постојано лобираше и работи против предложениот Закон за данокот за солидарност, нагласувајќи дека овој Закон е непринципиелен, не се заснова на никаква релевантна анализа и апелира до сите надлежни институции да рефлектираат и да најдат алтернативни начини за ублажување на последиците од кризата. Но, и покрај сите реакции на СКСЗМ, Собранието го изгласа законот по брза постапка, со што уште еднаш се докажува дека правната сигурност на компаниите во Република Македонија никогаш не е загарантирана и дека успешните компании кои работат прописно, придонесуваат во економскиот развој на земјата и кои се воедно најголемите даночни обврзници ќе бидат казнети за нивниот успех и поради лошото управување со кризата од страна на институциите, наведува Комората.

Според Комората, со овој Закон кој се применува ретроактивно, домашните компании не само што ќе бидат казнети со големи суми и нема да можат да ги реализираат планираните инвестиции, туку ќе бидат дестимулирани да работат на раст и развој во следните години што може дополнително да ја поттикне неформалната економија.

Тоа ќе претставува и голем товар за компаниите бидејќи средствата што ги стекнале порано, компаниите веќе ги имаат инвестирано, што значи дека овој закон ќе ги стави во лоша положба во следните години, компаниите опфатени со Законот. Апелираме до претседателот на Република  Македонија да го земе предвид барањето на СКСЗМ испратено претходно и да не го потпише указот за прогласување на Законот за данокот за солидарност, нагласува Комората.

СКСЗМ оценува дека и Одлуката за поевтинување на производите за 10 проценти е многу штетна за компаниите.

Слободната пазарна економија е доведена во прашање со многубројните интервенции на Владата, со што се стимулира сивата економија, а во меѓувреме целите на нашата земја се нејзино елиминирање, но и промовирање на слободната конкуренција. При донесување вакви одлуки, потребно е привремено да се укинат даноците или царинските стапки за да се избегне недостатокот на тие производи на пазарот, но и да се заштитат домашните производители. При намалувањето на цените на овие производи, квалитетот на производите е загрозен, со што домашните производители ќе мора да работат со загуба, наведува СКСЗМ.

Комората апелира до сите институции, спроведувањето на ваквите одлуки и закони да не се прави без релевантна и детална анализа на пазарот, бидејќи последиците од нивното донесување, предупредува, ќе бидат многу големи.

The post СКСЗМ: Владата ги казнува бизнисите со солидарен данок и ги замрзнува намалените цени appeared first on Република.

]]>

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) реагира на последната владина одлука за поевтинување на основните прехранбени производи, како и на донесувањето на Законот за данок на солидарност. Комората апелира претседателот на државата да не го потпише указот за прогласување на Законот. СКСЗМ постојано лобираше и работи против предложениот Закон за данокот за солидарност, нагласувајќи дека овој Закон е непринципиелен, не се заснова на никаква релевантна анализа и апелира до сите надлежни институции да рефлектираат и да најдат алтернативни начини за ублажување на последиците од кризата. Но, и покрај сите реакции на СКСЗМ, Собранието го изгласа законот по брза постапка, со што уште еднаш се докажува дека правната сигурност на компаниите во Република Македонија никогаш не е загарантирана и дека успешните компании кои работат прописно, придонесуваат во економскиот развој на земјата и кои се воедно најголемите даночни обврзници ќе бидат казнети за нивниот успех и поради лошото управување со кризата од страна на институциите, наведува Комората. Според Комората, со овој Закон кој се применува ретроактивно, домашните компании не само што ќе бидат казнети со големи суми и нема да можат да ги реализираат планираните инвестиции, туку ќе бидат дестимулирани да работат на раст и развој во следните години што може дополнително да ја поттикне неформалната економија. Тоа ќе претставува и голем товар за компаниите бидејќи средствата што ги стекнале порано, компаниите веќе ги имаат инвестирано, што значи дека овој закон ќе ги стави во лоша положба во следните години, компаниите опфатени со Законот. Апелираме до претседателот на Република  Македонија да го земе предвид барањето на СКСЗМ испратено претходно и да не го потпише указот за прогласување на Законот за данокот за солидарност, нагласува Комората. СКСЗМ оценува дека и Одлуката за поевтинување на производите за 10 проценти е многу штетна за компаниите. Слободната пазарна економија е доведена во прашање со многубројните интервенции на Владата, со што се стимулира сивата економија, а во меѓувреме целите на нашата земја се нејзино елиминирање, но и промовирање на слободната конкуренција. При донесување вакви одлуки, потребно е привремено да се укинат даноците или царинските стапки за да се избегне недостатокот на тие производи на пазарот, но и да се заштитат домашните производители. При намалувањето на цените на овие производи, квалитетот на производите е загрозен, со што домашните производители ќе мора да работат со загуба, наведува СКСЗМ. Комората апелира до сите институции, спроведувањето на ваквите одлуки и закони да не се прави без релевантна и детална анализа на пазарот, бидејќи последиците од нивното донесување, предупредува, ќе бидат многу големи.

The post СКСЗМ: Владата ги казнува бизнисите со солидарен данок и ги замрзнува намалените цени appeared first on Република.

]]>
Мицкоски од Вевчани: Со воведување солидарен данок Владата не е фер кон оние кои редовно ги плаќаат давачките, не смее да има привилигирани граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-od-vevchani-so-voveduvane-solidaren-danok-vladata-ne-e-fer-kon-onie-koi-redovno-gi-plakaat-davachkite-ne-smee-da-ima-priviligirani-gragani/ Fri, 28 Jul 2023 13:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=666330

Владата повторно е не фер и нечесна кон оние што си ги завршуваат обврските, односно сите кои ги плаќаат своите давачките, се лојални граѓани и со законот за солидарен даноk ќе треба да плаќаат повеќе. На сметка на тоа, оние кои и до сега не плаќале, кои се дел од сивата економија ќе продолжат и понатаму да не плаќаат, истакна лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски коментирајќи го предлогот на Владата за воведување солидарен данок.

Според него, не смее да има привилегирани и граѓани од втор ред, посочувајќи ги актуелните случувања во селото Слупчане, во кои, нагласи, дека цела Влада е вклучена во убедување на жителите да ги плаќаат сметките за електрична енергија, нешто што по закон треба да го прават.

Еве овде во Вевчани имаме околу 2.500 жители, наплатата е повеќе од 98 проценти на електрична енергија, претпоставувам таа е наплатата и на даноците. Е сега зошто овие луѓе во Вевчани треба да бидат граѓани од втор ред, а овие од Слупчане да бидат привилегирани. Дали и овие треба сега овдека да ги дигнат во воздух трансформаторите на ЕВН или нешто друго да направат со што ќе треба да го привлечат вниманието. Дали треба тие тоа да го направат како што го прават нивните сограѓани во Слупчане? Секако дека не, не е тоа начинот, треба секој еден граѓанин да си ги исполни своите обврски кон државата согласно законите и согласно Уставот - рече Мицкоски.

The post Мицкоски од Вевчани: Со воведување солидарен данок Владата не е фер кон оние кои редовно ги плаќаат давачките, не смее да има привилигирани граѓани appeared first on Република.

]]>

Владата повторно е не фер и нечесна кон оние што си ги завршуваат обврските, односно сите кои ги плаќаат своите давачките, се лојални граѓани и со законот за солидарен даноk ќе треба да плаќаат повеќе. На сметка на тоа, оние кои и до сега не плаќале, кои се дел од сивата економија ќе продолжат и понатаму да не плаќаат, истакна лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски коментирајќи го предлогот на Владата за воведување солидарен данок. Според него, не смее да има привилегирани и граѓани од втор ред, посочувајќи ги актуелните случувања во селото Слупчане, во кои, нагласи, дека цела Влада е вклучена во убедување на жителите да ги плаќаат сметките за електрична енергија, нешто што по закон треба да го прават.
Еве овде во Вевчани имаме околу 2.500 жители, наплатата е повеќе од 98 проценти на електрична енергија, претпоставувам таа е наплатата и на даноците. Е сега зошто овие луѓе во Вевчани треба да бидат граѓани од втор ред, а овие од Слупчане да бидат привилегирани. Дали и овие треба сега овдека да ги дигнат во воздух трансформаторите на ЕВН или нешто друго да направат со што ќе треба да го привлечат вниманието. Дали треба тие тоа да го направат како што го прават нивните сограѓани во Слупчане? Секако дека не, не е тоа начинот, треба секој еден граѓанин да си ги исполни своите обврски кон државата согласно законите и согласно Уставот - рече Мицкоски.

The post Мицкоски од Вевчани: Со воведување солидарен данок Владата не е фер кон оние кои редовно ги плаќаат давачките, не смее да има привилигирани граѓани appeared first on Република.

]]>
Околу 200 фирми опфатени со солидарниот данок ќе треба да дадат околу 77 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/okolu-200-firmi-opfateni-so-solidarniot-danok-ke-treba-da-dadat-okolu-77-milioni-evra/ Wed, 26 Jul 2023 12:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=665542

Околу 200 компании би требало да бидат опфатени со данокот на солидарност, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, а проценките се врз основа на евиденциските анализи што ги има направено УЈП согласно даночните биланси што ги имаат доставено компаниите во Управата.

Зборуваме за споредбени податоци, 2022, 2021 итн. Очекувањата се дека околу 76-77 милиони евра би се влеале во Буџетот преку овој еднократен данок на солидарност, рече директорката на УЈП, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата посветена на постигнатиот договор за зголемување на платите на вработените во Управата.

Во однос на дејностите на компаниите кои ќе бидат опфатени со солидарниот данок и дали се тие поврзани само со енергетиката и оние кои оствариле големи приходи во време на енергетската криза, таа одговори дека се работи за подолг период.

Независно, тука имаме споредбен период кој е малку подолг од енергетската криза во рамки на податоците, рече Лукаревска.

Собраниската Комисија за европски прашања вчера ја почна дебатата по амандманите за Предлог-законот за данок на солидарност, што со предложените измени на законите за ДДВ и за данок на добивка, се доставени од Владата со европско знаменце по скратена постапка.

Предлог-законот за данокот на солидарност, предложен од Министерството за финансии, предвидува воведување данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка, при што обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари.

The post Околу 200 фирми опфатени со солидарниот данок ќе треба да дадат околу 77 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Околу 200 компании би требало да бидат опфатени со данокот на солидарност, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, а проценките се врз основа на евиденциските анализи што ги има направено УЈП согласно даночните биланси што ги имаат доставено компаниите во Управата.
Зборуваме за споредбени податоци, 2022, 2021 итн. Очекувањата се дека околу 76-77 милиони евра би се влеале во Буџетот преку овој еднократен данок на солидарност, рече директорката на УЈП, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата посветена на постигнатиот договор за зголемување на платите на вработените во Управата.
Во однос на дејностите на компаниите кои ќе бидат опфатени со солидарниот данок и дали се тие поврзани само со енергетиката и оние кои оствариле големи приходи во време на енергетската криза, таа одговори дека се работи за подолг период.
Независно, тука имаме споредбен период кој е малку подолг од енергетската криза во рамки на податоците, рече Лукаревска.
Собраниската Комисија за европски прашања вчера ја почна дебатата по амандманите за Предлог-законот за данок на солидарност, што со предложените измени на законите за ДДВ и за данок на добивка, се доставени од Владата со европско знаменце по скратена постапка. Предлог-законот за данокот на солидарност, предложен од Министерството за финансии, предвидува воведување данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка, при што обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари.

The post Околу 200 фирми опфатени со солидарниот данок ќе треба да дадат околу 77 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Бесими: Не се откажавме од „солидарниот“ данок https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-ne-se-otkazhavme-od-solidarniot-danok/ Thu, 01 Jun 2023 11:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=646810

Министерот за финансии Фатмир Бесими апелира што поскоро да се изгласат законите од даночна реформа кои се во собраниска процедура, нагласувајќи дека Владата не се откажа од данокот на солидарност.

Законите се во Собрание и апелирам уште еднаш сите закони што се во делот на даночна реформа што поскоро да се изгласат зашто веќе ги поминале сите страни на инклузивна дебата со сите чинители во општеството, стопанските комори, со академската заедница, со политичките партии и едноставно таа дебата треба да продолжи, а да не стои во Собрание. Треба што побрзо да почне. Како што денеска во Собрание конечно по неколку месеци се очекува да се изгласа заемот од 100 милиони евра од ЕИБ обезбеден за стопанството, директно за фирмите кои дополнително ќе имаат поддршка за економскиот раст, така и овие закони, треба да се донесе и сетот на даночните реформи кој е дел од препораките што ни ги даваат и во Извештајот за прогрес на ЕУ и Економско-социјалниот дијалог во ЕК во Брисел, потенцира Бесими, одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, важно е тоа што е веќе во собраниска процедура што поскоро да се заврши за да се реализираат проектите предвидени во Буџетот.

The post Бесими: Не се откажавме од „солидарниот“ данок appeared first on Република.