соларни панели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/solarni-paneli/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Aug 2022 19:52:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png соларни панели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/solarni-paneli/ 32 32 Предложени поедноставени процедури за поставување фотонапонски централи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/predlozeni-poednostaveni-proceduri-za-postavuvanje-fotonaponski-centrali/ Tue, 30 Aug 2022 19:52:21 +0000 https://republika.mk/?p=545877

Владата денеска на 75-та седница го разгледа и усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, кој ќе биде доставен во собраниска процедура по скратена постапка.

– Измените и дополнувањата, се резултат на Посветената работа на Владата, на ублажување на последиците од енергетската криза, креирајќи амбиент за граѓаните и деловната заедница да може да постават најбрзо и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Министерот за транспорт и врски, образложувајќи го Предлог-законот, упати апел до сите пратеници проактивно да се вклучат во носење на измените во Законот за градење, да биде донесена измената за да им се помогне на граѓаните.

Предложените измени, усвоени денеска од Владата предвидуваат, фотонапонските електроцентрали да може да бидат поставени на објекти во индивидуална сопственост до 6 киловати и од страна на сите субјекти потрошувачи – производители до 40 киловати.

Новиот Закон, предвидува поедноставување на процедурите и клучно е што на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи.

Со ова предложено решение, стои во соопштението, Владата излегува во пресрет и на бизнис секторот и на граѓаните, помагајќи на домашниот електроенергетски сектор.

The post Предложени поедноставени процедури за поставување фотонапонски централи appeared first on Република.

]]>

Владата денеска на 75-та седница го разгледа и усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, кој ќе биде доставен во собраниска процедура по скратена постапка.
– Измените и дополнувањата, се резултат на Посветената работа на Владата, на ублажување на последиците од енергетската криза, креирајќи амбиент за граѓаните и деловната заедница да може да постават најбрзо и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Министерот за транспорт и врски, образложувајќи го Предлог-законот, упати апел до сите пратеници проактивно да се вклучат во носење на измените во Законот за градење, да биде донесена измената за да им се помогне на граѓаните. Предложените измени, усвоени денеска од Владата предвидуваат, фотонапонските електроцентрали да може да бидат поставени на објекти во индивидуална сопственост до 6 киловати и од страна на сите субјекти потрошувачи – производители до 40 киловати. Новиот Закон, предвидува поедноставување на процедурите и клучно е што на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи. Со ова предложено решение, стои во соопштението, Владата излегува во пресрет и на бизнис секторот и на граѓаните, помагајќи на домашниот електроенергетски сектор.

The post Предложени поедноставени процедури за поставување фотонапонски централи appeared first on Република.

]]>
Наскоро законско решение со кое граѓаните ќе може да инсталираат фотоволтаични централи на крововите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/naskoro-zakonsko-reshenie-so-koe-gragjanite-kje-moze-da-instaliraat-fotovoltaichni-centrali-na-krovovite/ Sat, 28 May 2022 08:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=507899

Во однос на граѓани кога ќе можат да инсталираат на своите покриви, јас би кажал кога ќе се олеснат условите и поедностават постапките за инсталирање на фотоволтаични централи на крововите на граѓаните, веќе е во изработка законско решение. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за законските измени за енергетика.

Тоа прво треба да ги олесни градежните процедури за изработка на централа и тоа законско решение ќе се најде пред пратениците во текот на следниот квартал, рече Ковачевски.

Премиерот посочи дека правилата за приклучување кои исто така се во надлежност на Министерството за економија и на кои се работи, при што ќе се обезбеди електрична енергија за разлика од сега да биде преземена од дистрибутерот на електрична енергија и третото Министерството за финансии веќе работи на подзаконски акт за да може да се воведе категоријата на даночен застапник при што ќе се олесни на дистрибутерот на електрична енергија да може да ја презема и да издава фактура на домаќинството кое не е даночен обврзник.

Дополнително во Осломеј е пуштена првата фотоволтаична централа од 10 мегавати и таму веќе се во подготовка практично проектите за почеток на реализација на уште две од по 50 мегавати фотоволтаични централи и уште една од 10 мегавати која ќе биде во сопственост на АД ЕСМ, а другите две по 50 мегавати ќе бидат на приватни инвеститори едниот од Бугарија, другиот од Турција кои што на основ на јавно-приватно партнерство ќе ги изградат на старите наоѓалишта во Осломеј. На аукции веќе се изработуваат фотоволтаични централи, во поголем капацитет бидејќи во неколку години наназад се избрани инвеститори кои инвестираат сопствени средства. Со тие три решенија како и со зголемување на постојниот капацитет од 4 киловати на 6 киловати колку што е предлогот како и дуплирање на капацитетот за компаниите кои сакаат да стават на своите кровови ќе се олесни постапката односно ќе имаме постапка која ќе биде идентична со постапката и процедурите во западно европските држави каде најголемиот број од нас имале можност да видат дека во најголемиот дел од покривите се инсталирани фотоволтаични централи, соопштуваат од Влада.

The post Наскоро законско решение со кое граѓаните ќе може да инсталираат фотоволтаични централи на крововите appeared first on Република.