сол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sol/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jan 2024 16:16:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sol/ 32 32 Бурлин е розево езеро во Сибир, низ него поминува вовче, совршено е за фотографирање пејзажи https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/burlin-e-rozevo-ezero-vo-sibir-niz-nego-pominuva-vovche-sovrsheno-e-za-fotografirane-pejzazhi/ Mon, 01 Jan 2024 19:28:10 +0000 https://republika.mk/?p=724949

Во степата Кулунда, во Алтајската територија во Русија, се наоѓа преубавото розово езеро Бурлин. Езерото е единствено во светот. Познато е не само по своите розови пејзажи туку и по производството на сол.

Солта се ископува во езерото повеќе од 200 години. Првото спомнување на бурлинската сол датира од 1768 година. Царицата Катерина Втора наредила на царската трпеза да се служи сол од Бурлан, а царот Петар Велики го нарекол локалитетот „Царска солана“.

Површината на езерото е 32 км2, а просечната длабочина е 1 метар.

Друга уникатна карактеристика на езерото е неговата боја. Во јуни и јули езерото станува розево, a заситеноста на бојата зависи од температурата на воздухот и сончево време. Поради високата концентрација на сол во езерото, невозможно е да се удавите, а на езерото веднаш ќе бидете исончани.

Исто така, ова езеро е одлично место за фотографирање! Патеката по која сообраќаат вагони натоварени со сол минуваат право низ средината на езерото.

 

 

The post Бурлин е розево езеро во Сибир, низ него поминува вовче, совршено е за фотографирање пејзажи appeared first on Република.

]]>

Во степата Кулунда, во Алтајската територија во Русија, се наоѓа преубавото розово езеро Бурлин. Езерото е единствено во светот. Познато е не само по своите розови пејзажи туку и по производството на сол. Солта се ископува во езерото повеќе од 200 години. Првото спомнување на бурлинската сол датира од 1768 година. Царицата Катерина Втора наредила на царската трпеза да се служи сол од Бурлан, а царот Петар Велики го нарекол локалитетот „Царска солана“. Површината на езерото е 32 км2, а просечната длабочина е 1 метар. Друга уникатна карактеристика на езерото е неговата боја. Во јуни и јули езерото станува розево, a заситеноста на бојата зависи од температурата на воздухот и сончево време. Поради високата концентрација на сол во езерото, невозможно е да се удавите, а на езерото веднаш ќе бидете исончани. Исто така, ова езеро е одлично место за фотографирање! Патеката по која сообраќаат вагони натоварени со сол минуваат право низ средината на езерото.    

The post Бурлин е розево езеро во Сибир, низ него поминува вовче, совршено е за фотографирање пејзажи appeared first on Република.

]]>
Колку сол е доволно? Време е за кисела зелка https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/kolku-sol-e-dovolno-vreme-e-za-kisela-zelka/ Sun, 22 Oct 2023 15:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=693928

Доколку оваа година подготвувате зимница, октомври е идеално време за кисела зелка.

Од него се прават некои од омилените наши јадења, како сарма, подварак… Многу домаќинки во денешно време се одлучуваат за купениот, бидејќи сметаат дека процесот е премногу комплициран и дека киселата зелка нема да испадне како што треба. Ако оваа година правите кисела зелка за прв пат, но дури и ако сте искусна домаќинка, можеби не знаете која количина сол треба да ја истурите во водата и како правилно да ја направите саламурата. За правилно да ја киселите зелката, прочитајте подолу колку сол е потребна за 10 литри вода.

Некои луѓе ја сакаат киселата зелка малку посолена, а некои не толку, но во која група и да спаѓате, постои оптимална количина да додадете. Значи, 400 g сол оди на 10 l вода.

Ако користите буре од 20 литри, удвојете ја количината на сол. Друга важна работа е која сол ја користите. Доколку сакате киселата зелка да биде вкусна, ви предлагаме да користите крупна морска сол, која треба целосно да се раствори во водата пред да се истури во бурето.

 

The post Колку сол е доволно? Време е за кисела зелка appeared first on Република.

]]>

Доколку оваа година подготвувате зимница, октомври е идеално време за кисела зелка. Од него се прават некои од омилените наши јадења, како сарма, подварак… Многу домаќинки во денешно време се одлучуваат за купениот, бидејќи сметаат дека процесот е премногу комплициран и дека киселата зелка нема да испадне како што треба. Ако оваа година правите кисела зелка за прв пат, но дури и ако сте искусна домаќинка, можеби не знаете која количина сол треба да ја истурите во водата и како правилно да ја направите саламурата. За правилно да ја киселите зелката, прочитајте подолу колку сол е потребна за 10 литри вода. Некои луѓе ја сакаат киселата зелка малку посолена, а некои не толку, но во која група и да спаѓате, постои оптимална количина да додадете. Значи, 400 g сол оди на 10 l вода. Ако користите буре од 20 литри, удвојете ја количината на сол. Друга важна работа е која сол ја користите. Доколку сакате киселата зелка да биде вкусна, ви предлагаме да користите крупна морска сол, која треба целосно да се раствори во водата пред да се истури во бурето.  

The post Колку сол е доволно? Време е за кисела зелка appeared first on Република.

]]>
Прекумерната сол во исхраната го зголемува ризикот од дијабет https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/prekumernata-sol-vo-ishranata-go-zgolemuva-rizikot-od-dijabet/ Mon, 10 Apr 2023 10:04:23 +0000 https://republika.mk/?p=629394

90% од возрасните лица внесуваат повеќе сол од што им е потребно и со тоа го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, бубрежни нарушувања, а со тоа и од дијабет.

Статистиките во однос на заболувањата од дијабет се сè позагрижувачки. Бројот на заболени секојдневно расте, во светски рамки, но и кај нас во Македонија. Пред сѐ ова се должи на лошите животни навики, стресот, начинот на исхраната и физичката неактивност, факти поткрепени од СЗО и други здравствени организации.

Но, кога станува збор за исхраната, тука проблемот е посложен. Повеќето од нас купуваат процесирани производи, подготвени за долготрајно чување и „збогатени“ со адитиви, едвај читливи. Сепак мора да ги прочитате за да знаете што купувате и дали одредени состојки штетно влијаат на вашето здравје, особено при нивна почеста употреба. Една од нив е и солта!

Солта ни е неопходна, но во ограничени количества!

Основна состојка на солта е натриумот. Организмот на човекот има потреба од мали количиства на натриум, бидејќи е значаен за пренесување на нервните импулси, за контракциите и релаксирањето на мускулите, како и за одржување на правилен баланс на вода и минерални материи во организмот. Дополнително, солта е јодирана, односно има солидни количества од неопходниот минерал за нашето здравје - јодот.

Според Светската здравствена организација препорачан дневен внес на сол изнесува до 4g. Но, со денешниот вообичаен начин на исхрана, невнесувањето на повеќе од 4g сол преку исхраната, претставува вистински предизвик. Според одредени истражувања на американскиот CDC, дури 90% од возрасните лица внесуваат повеќе сол од што им е потребно.

Кога натриумот е внесен преку исхраната во доста поголеми количини, може да создаде проблеми како што се покачен или висок притисок, заболувања на срцето и срцев удар. Исто така, може да предизвика губење на калциумот, кој најчесто се губи од коските со што доаѓа до зголемен ризик од различни заболувања на коските.

Каква е релацијата помеѓу дијабетот и солта?

Претерувањето со солта иако не води директно кон дијабет, сепак индиректно влијае и тоа преку:

1. Зголемен ризик од кардиоваскуларни болести

Натриумот е одговорен за контролирањето на балансот на течности во организмот, што е многу важно и за регулацијата на крвниот волумен и притисок. Претерувањето со солта води кон флуидна ретенција (задржување на течностите во организмот), што неминовно го покачува крвниот притисок, а високиот крвен притисок е директно поврзан со зголемениот ризик од повеќето кардиоваскуларни болести.

Лицата со дијабет имаат значително поголем ризик од срцеви болести, во споредба со здравите лица. Одредени истражувања велат дека лицата со дијабет, имаат дури 4 пати поголем ризик од смртност од некаква кардиоваскуларна болест, во однос на лицата кои го немаат ова заболување. Ова е случај, бидејќи пациентите со дијабет тип 2 најчесто имаат барем еден од следните здравствени проблеми: метаболeн синдром, обесност, покачен крвен притисок, нарушен липиден статус (покачени триглицериди и холестерол), физичка неактивност и слично. Овие силни ризик-фактори за дијабет, во исто време се поеднакво силни и во однос на зголемувањето на опасноста од срцеви заболувања.

Така, кај лицата што страдаат од дијабет, самото постоење на дијагнозата веќе претставува проблем. Заради овие причини, тие треба да бидат посебно внимателни, односно максимално да ги избегнуваат другите ризик-фактори за срцеви болести, особено оние кои можат полесно да бидат контролирани, помеѓу кои и консумирањето на солта.

2. Зголемен ризик од компликации со стапалата

Зголемениот притисок поттикнат од прекумерната употреба на солта, може да води кон отоци на стапалата. Секоја повреда на овој дел од телото претставува сериозна опасност за лицата со дијабет.

3. Зголемен ризик од бубрежни нарушувања

Дијабетот е всушност една од најчестите причини за бубрежните болести. Речиси ¼ од дијабетичарите развиваат некакви бубрежни заболувања.

Дијабетот подразбира покачени нивоа на глукоза во крвта кои помеѓу останатото можат да предизвикаат одредени оштетувања во крвните садови на бубрезите. Таквите оштетувања ги спречуваат крвните садови во вршењето на својата задача, па бубрежните ткива остануваат без крв и неопходни нутриенти, што значи на подолг рок и тие се оштетуваат.

Оттука, можеме да заклучиме дека ако постојат дилеми околу тоа дали здравите лица треба строго да го контролираат внесот на солта и околу тоа која е точната строга граница на максимален внес на солта, можеме да кажеме дека кај заболените од дијабет ситуацијата е ,,почиста”. Тие дефинитивно треба посериозно да ја сфатат потребата од контролиран внес на солта.

Како да го намалиме внесот на сол во организмот?

Наједноставниот совет од кој можете да почнете е: Почесто јадете храна која самите ќе ја подготвувате дома и максимално избегнувајте процесирани прехранбени производи.

Истражувањата покажуваат дека огромниот процент од прекумерно внесена сол најчесто доаѓа од јадењето ,,купечка” односно храна од маркетите, а не од честото употребување на домашниот соларник.

Ова не значи дека не треба да внимавате и на соларникот! Внесувајте од половина, до максимум лажичка сол дневно (тоа е веќе над 5g!).

Солта е силен појачувач на вкус, па затоа честото и пообемно користење на различните зачини (исто така појачувачи на вкусот) кои најчесто се и доста здрави, може да води кон драстично намалена потреба од сол!

За да ги искористите бенефитите на јодот од солта, односно тој да не испари или да не сублимира, не купувајте премногу сол која ќе ја складирате и додавајте од солта при крајот на готвењето, а не на почетокот.

Дополнително, исто така многу битен аспект од контролирањето на внесот на солта е и препознавањето на храната со т.н. скриена сол.

Дури до 80% од солта која ја внесуваме е скриена во секојдневните производи. Добри примери за прехранбени производи со скриена сол се:

  • Лебот - една резенка содржи и до 0,5 g сол. Тоа би значело дека само со неколку парчиња леб, внесуваме доволно сол за целиот ден!
  • Најразлични видови сирења, но и млечни производи.
  • Каков било вид на храна во конзерва.
  • Кисели краставички.
  • Месни производи.
  • Различни сосови.
  • Брза храна.
  • Замрзнати оброци.
  • Пици
  • Сендвичи
  • Лиснати теста
  • Гранола мусли и колачиња.
  • Саламурени производи.

Превенцијата е најдобриот лек, затоа внимавајте на состојките во исхраната - “храната може да биде лек, но и отров“.

The post Прекумерната сол во исхраната го зголемува ризикот од дијабет appeared first on Република.

]]>

90% од возрасните лица внесуваат повеќе сол од што им е потребно и со тоа го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, бубрежни нарушувања, а со тоа и од дијабет. Статистиките во однос на заболувањата од дијабет се сè позагрижувачки. Бројот на заболени секојдневно расте, во светски рамки, но и кај нас во Македонија. Пред сѐ ова се должи на лошите животни навики, стресот, начинот на исхраната и физичката неактивност, факти поткрепени од СЗО и други здравствени организации. Но, кога станува збор за исхраната, тука проблемот е посложен. Повеќето од нас купуваат процесирани производи, подготвени за долготрајно чување и „збогатени“ со адитиви, едвај читливи. Сепак мора да ги прочитате за да знаете што купувате и дали одредени состојки штетно влијаат на вашето здравје, особено при нивна почеста употреба. Една од нив е и солта!

Солта ни е неопходна, но во ограничени количества!

Основна состојка на солта е натриумот. Организмот на човекот има потреба од мали количиства на натриум, бидејќи е значаен за пренесување на нервните импулси, за контракциите и релаксирањето на мускулите, како и за одржување на правилен баланс на вода и минерални материи во организмот. Дополнително, солта е јодирана, односно има солидни количества од неопходниот минерал за нашето здравје - јодот. Според Светската здравствена организација препорачан дневен внес на сол изнесува до 4g. Но, со денешниот вообичаен начин на исхрана, невнесувањето на повеќе од 4g сол преку исхраната, претставува вистински предизвик. Според одредени истражувања на американскиот CDC, дури 90% од возрасните лица внесуваат повеќе сол од што им е потребно. Кога натриумот е внесен преку исхраната во доста поголеми количини, може да создаде проблеми како што се покачен или висок притисок, заболувања на срцето и срцев удар. Исто така, може да предизвика губење на калциумот, кој најчесто се губи од коските со што доаѓа до зголемен ризик од различни заболувања на коските.

Каква е релацијата помеѓу дијабетот и солта?

Претерувањето со солта иако не води директно кон дијабет, сепак индиректно влијае и тоа преку: 1. Зголемен ризик од кардиоваскуларни болести Натриумот е одговорен за контролирањето на балансот на течности во организмот, што е многу важно и за регулацијата на крвниот волумен и притисок. Претерувањето со солта води кон флуидна ретенција (задржување на течностите во организмот), што неминовно го покачува крвниот притисок, а високиот крвен притисок е директно поврзан со зголемениот ризик од повеќето кардиоваскуларни болести. Лицата со дијабет имаат значително поголем ризик од срцеви болести, во споредба со здравите лица. Одредени истражувања велат дека лицата со дијабет, имаат дури 4 пати поголем ризик од смртност од некаква кардиоваскуларна болест, во однос на лицата кои го немаат ова заболување. Ова е случај, бидејќи пациентите со дијабет тип 2 најчесто имаат барем еден од следните здравствени проблеми: метаболeн синдром, обесност, покачен крвен притисок, нарушен липиден статус (покачени триглицериди и холестерол), физичка неактивност и слично. Овие силни ризик-фактори за дијабет, во исто време се поеднакво силни и во однос на зголемувањето на опасноста од срцеви заболувања. Така, кај лицата што страдаат од дијабет, самото постоење на дијагнозата веќе претставува проблем. Заради овие причини, тие треба да бидат посебно внимателни, односно максимално да ги избегнуваат другите ризик-фактори за срцеви болести, особено оние кои можат полесно да бидат контролирани, помеѓу кои и консумирањето на солта. 2. Зголемен ризик од компликации со стапалата Зголемениот притисок поттикнат од прекумерната употреба на солта, може да води кон отоци на стапалата. Секоја повреда на овој дел од телото претставува сериозна опасност за лицата со дијабет. 3. Зголемен ризик од бубрежни нарушувања Дијабетот е всушност една од најчестите причини за бубрежните болести. Речиси ¼ од дијабетичарите развиваат некакви бубрежни заболувања. Дијабетот подразбира покачени нивоа на глукоза во крвта кои помеѓу останатото можат да предизвикаат одредени оштетувања во крвните садови на бубрезите. Таквите оштетувања ги спречуваат крвните садови во вршењето на својата задача, па бубрежните ткива остануваат без крв и неопходни нутриенти, што значи на подолг рок и тие се оштетуваат. Оттука, можеме да заклучиме дека ако постојат дилеми околу тоа дали здравите лица треба строго да го контролираат внесот на солта и околу тоа која е точната строга граница на максимален внес на солта, можеме да кажеме дека кај заболените од дијабет ситуацијата е ,,почиста”. Тие дефинитивно треба посериозно да ја сфатат потребата од контролиран внес на солта.

Како да го намалиме внесот на сол во организмот?

Наједноставниот совет од кој можете да почнете е: Почесто јадете храна која самите ќе ја подготвувате дома и максимално избегнувајте процесирани прехранбени производи. Истражувањата покажуваат дека огромниот процент од прекумерно внесена сол најчесто доаѓа од јадењето ,,купечка” односно храна од маркетите, а не од честото употребување на домашниот соларник. Ова не значи дека не треба да внимавате и на соларникот! Внесувајте од половина, до максимум лажичка сол дневно (тоа е веќе над 5g!). Солта е силен појачувач на вкус, па затоа честото и пообемно користење на различните зачини (исто така појачувачи на вкусот) кои најчесто се и доста здрави, може да води кон драстично намалена потреба од сол! За да ги искористите бенефитите на јодот од солта, односно тој да не испари или да не сублимира, не купувајте премногу сол која ќе ја складирате и додавајте од солта при крајот на готвењето, а не на почетокот. Дополнително, исто така многу битен аспект од контролирањето на внесот на солта е и препознавањето на храната со т.н. скриена сол. Дури до 80% од солта која ја внесуваме е скриена во секојдневните производи. Добри примери за прехранбени производи со скриена сол се:
  • Лебот - една резенка содржи и до 0,5 g сол. Тоа би значело дека само со неколку парчиња леб, внесуваме доволно сол за целиот ден!
  • Најразлични видови сирења, но и млечни производи.
  • Каков било вид на храна во конзерва.
  • Кисели краставички.
  • Месни производи.
  • Различни сосови.
  • Брза храна.
  • Замрзнати оброци.
  • Пици
  • Сендвичи
  • Лиснати теста
  • Гранола мусли и колачиња.
  • Саламурени производи.
Превенцијата е најдобриот лек, затоа внимавајте на состојките во исхраната - “храната може да биде лек, но и отров“.

The post Прекумерната сол во исхраната го зголемува ризикот од дијабет appeared first on Република.

]]>
Многу сол го скратува животот: Печивата, конзервираниот зеленчук и готовите пилешки оброци се виновници за прекумерниот внес на натриум https://arhiva3.republika.mk/vesti/mnogu-sol-go-skratuva-zivotot-pechivata-konzerviraniot-zelenchuk-i-gotovite-pileshki-obroci-se-vinovnici-za-prekumerniot-vnes-na-natrium/ Mon, 29 Aug 2022 12:15:16 +0000 https://republika.mk/?p=545262

Додавањето сол во храната може да придонесе до пократок животен век и поголема можност од рана смрт, потврди ново истражување на британски и американски научници, што опфатило повеќе од 500.000 луѓе во Обединетото Кралство.

Националната здравствена служба на Обединетото Кралство препорачува возрасните да го ограничат внесот на околу една лажица сол дневно. Постои долга евиденција на научни истражувања што покажуваат дека исхраната богата со сол е штетна, но овој труд ја нагласува потребата за дополнително ниво на претпазливост, рече водечкиот автор на испитувањата Лу Чи, инаку професор по епидемиологија на Универзитетот „Тулан“ во Њу Орлеанс, САД.

Испитаниците одговарале на прашалник меѓу 2006 и 2010 година за нивните навики за јадење сол и колку често го додаваат овој секојдневен зачин во храната. Истражувањето е објавено во журналот „Јуропиан харт“ (European Heart Journal).

Солта ја зголемува опасноста од рана смрт, а овошјето и зеленчукот го намалуваат, тврдат стучњаците. Истражувачите ја анализирале здравствената состојба околу девет години и откриле дека колку повеќе луѓето додаваат сол во оброците, толку се поголеми нивните шанси за рана смрт. Сепак, оние луѓе кои консумираат големи количини на сол би можеле да ја намалат опасноста со јадење повеќе овошје и зеленчук, се вели во трудот.

Американското здружение за срце препорачува возрасните да консумираат не повеќе од 2.300 милиграми сол дневно – но забележува дека идеалната граница е 1.500 милиграми дневно. Јадењето премногу сол може да го покачи крвниот притисок, што пак, може да предизвика срцеви заболувања, мозочен удар и бубрежни болести.

Но, дури и ако не се додава премногу сол во оброците, може да дојде до прекумерна консумација на натриум.

Потребни се повеќе докази, особено од клиничките испитувања, пред јавноста да може да преземе какви било мерки. Сепак, нашите наоди се во согласност со претходните истражувања што постојано укажуваат дека високиот внес на сол е негативно поврзан со различни здравствени исходи како хипертензија и кардиоваскуларни болести, додаде д-р Чи.

Готовата и преработената храна често содржи сол за вкус или за конзервирање. Според Управата за храна и лекови на САД, на пр., повеќе од 70 отсто од солта што Американците ја внесуваат, е додадена сол во преработената храна.

Иако повеќето мои пациенти не додаваат сол во храната, не сфаќаат дека печивата, конзервираниот зеленчук и готовите пилешки оброци се меѓу најлошите виновници за прекумерниот внес на натриум, вели д-р Стивен Јурашек, од Харвард.

Карли Ноулс, регистрирана диететичарка, препорачува да се готви дома, каде што се има поголема контрола врз соленоста и подготовката на оброците, читањето состојки на купените производи, како и околу зачините со можност без сол. Според неа, така има поголема можност за подобро обработена и поздрава храна.

 

The post Многу сол го скратува животот: Печивата, конзервираниот зеленчук и готовите пилешки оброци се виновници за прекумерниот внес на натриум appeared first on Република.

]]>

Додавањето сол во храната може да придонесе до пократок животен век и поголема можност од рана смрт, потврди ново истражување на британски и американски научници, што опфатило повеќе од 500.000 луѓе во Обединетото Кралство.
Националната здравствена служба на Обединетото Кралство препорачува возрасните да го ограничат внесот на околу една лажица сол дневно. Постои долга евиденција на научни истражувања што покажуваат дека исхраната богата со сол е штетна, но овој труд ја нагласува потребата за дополнително ниво на претпазливост, рече водечкиот автор на испитувањата Лу Чи, инаку професор по епидемиологија на Универзитетот „Тулан“ во Њу Орлеанс, САД.
Испитаниците одговарале на прашалник меѓу 2006 и 2010 година за нивните навики за јадење сол и колку често го додаваат овој секојдневен зачин во храната. Истражувањето е објавено во журналот „Јуропиан харт“ (European Heart Journal). Солта ја зголемува опасноста од рана смрт, а овошјето и зеленчукот го намалуваат, тврдат стучњаците. Истражувачите ја анализирале здравствената состојба околу девет години и откриле дека колку повеќе луѓето додаваат сол во оброците, толку се поголеми нивните шанси за рана смрт. Сепак, оние луѓе кои консумираат големи количини на сол би можеле да ја намалат опасноста со јадење повеќе овошје и зеленчук, се вели во трудот. Американското здружение за срце препорачува возрасните да консумираат не повеќе од 2.300 милиграми сол дневно – но забележува дека идеалната граница е 1.500 милиграми дневно. Јадењето премногу сол може да го покачи крвниот притисок, што пак, може да предизвика срцеви заболувања, мозочен удар и бубрежни болести. Но, дури и ако не се додава премногу сол во оброците, може да дојде до прекумерна консумација на натриум.
Потребни се повеќе докази, особено од клиничките испитувања, пред јавноста да може да преземе какви било мерки. Сепак, нашите наоди се во согласност со претходните истражувања што постојано укажуваат дека високиот внес на сол е негативно поврзан со различни здравствени исходи како хипертензија и кардиоваскуларни болести, додаде д-р Чи.
Готовата и преработената храна често содржи сол за вкус или за конзервирање. Според Управата за храна и лекови на САД, на пр., повеќе од 70 отсто од солта што Американците ја внесуваат, е додадена сол во преработената храна.
Иако повеќето мои пациенти не додаваат сол во храната, не сфаќаат дека печивата, конзервираниот зеленчук и готовите пилешки оброци се меѓу најлошите виновници за прекумерниот внес на натриум, вели д-р Стивен Јурашек, од Харвард.
Карли Ноулс, регистрирана диететичарка, препорачува да се готви дома, каде што се има поголема контрола врз соленоста и подготовката на оброците, читањето состојки на купените производи, како и околу зачините со можност без сол. Според неа, така има поголема можност за подобро обработена и поздрава храна.  

The post Многу сол го скратува животот: Печивата, конзервираниот зеленчук и готовите пилешки оброци се виновници за прекумерниот внес на натриум appeared first on Република.

]]>
Неколку трикови како да се спаси пресолената манџа https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/nekolku-trikovi-kako-da-se-spasi-presolenata-mandza/ Wed, 13 Jul 2022 08:38:50 +0000 https://republika.mk/?p=527895

Секому, веројатно, му се случило барем еднаш да пресоли јадење, па тоа да мора да биде фрлено…

Сепак, има неколку трикови, коишто може да го спасат оброкот.

Морков, кромид или компир

Ако манџата, супата, сосот или чорбата е пресолена, во садот се додава еден цел кромид, морков или излупен компир кој ќе го собере вишокот сол.

Јаболко

Според умешноста на искусните готвачки и јаболкото може да послужи за истото тоа. Само што, кон крајот на готвењето, овошјето се вади и се фрла.

Вода

Може да се додаде и вода, а ако потоа јадењето треба да се згусне, ставете малку згуснувач, скроб, или пак, бешамел-сос.

The post Неколку трикови како да се спаси пресолената манџа appeared first on Република.

]]>

Секому, веројатно, му се случило барем еднаш да пресоли јадење, па тоа да мора да биде фрлено… Сепак, има неколку трикови, коишто може да го спасат оброкот.

Морков, кромид или компир

Ако манџата, супата, сосот или чорбата е пресолена, во садот се додава еден цел кромид, морков или излупен компир кој ќе го собере вишокот сол.

Јаболко

Според умешноста на искусните готвачки и јаболкото може да послужи за истото тоа. Само што, кон крајот на готвењето, овошјето се вади и се фрла.

Вода

Може да се додаде и вода, а ако потоа јадењето треба да се згусне, ставете малку згуснувач, скроб, или пак, бешамел-сос.

The post Неколку трикови како да се спаси пресолената манџа appeared first on Република.

]]>
Зимската служба на Град Скопје интервенираше со 450 тони фрлена сол https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zimskata-sluzba-na-grad-skopje-intervenirashe-so-450-toni-frlena-sol/ Sun, 06 Mar 2022 10:14:17 +0000 https://republika.mk/?p=468430

Во текот на изминатата ноќ и утрово, екипите на Зимската служба на Градот Скопје активно работеа на расчистување на снегот од градските улици и булевари, како и тротоарите, до сите критични точки и пристапи до витални објекти.

Точно во 1 часот по полноќ со сите расположливи возила се интервенираше со фрлање на 450 тони сол на сите места каде што екипите утврдија потреба.

Зимската служба на Градот Скопје и екипите од ЈП Улици и Патишта будно ја следат состојбата и интервенираат според состојбата на улиците и булеварите, но и по барање на граѓаните.

The post Зимската служба на Град Скопје интервенираше со 450 тони фрлена сол appeared first on Република.

]]>

Во текот на изминатата ноќ и утрово, екипите на Зимската служба на Градот Скопје активно работеа на расчистување на снегот од градските улици и булевари, како и тротоарите, до сите критични точки и пристапи до витални објекти. Точно во 1 часот по полноќ со сите расположливи возила се интервенираше со фрлање на 450 тони сол на сите места каде што екипите утврдија потреба. Зимската служба на Градот Скопје и екипите од ЈП Улици и Патишта будно ја следат состојбата и интервенираат според состојбата на улиците и булеварите, но и по барање на граѓаните.

The post Зимската служба на Град Скопје интервенираше со 450 тони фрлена сол appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Mи се смеат што набавувам сол како што ми се смееја за вакцините https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-mi-se-smeat-shto-nabavuvam-sol-kako-shto-mi-se-smeeja-za-vakcinite/ Sun, 20 Feb 2022 11:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=461033

Александар Вучиќ вели дека обезбедил доволно основни намирници доколку дојде до недостик поради војната меѓу Украина и Русија.

Србија ја откупила речиси целата резерва на сол од фабриката во Тузла и затоа вели граѓаните не треба да се грижат.

Водевме сметка, купивме се од храна како прави домаќини.Ми се смеат, викаат тој е луд.Така ми се смееја и за вакцините и за медицинските материјали и респиратори. На крај испадна дека бев во право. Купивме сол колку што можевме така да луѓето не треба да се грижат и да прават резерви. Имаме резерви како што сакате -објасни претседателот.

The post Вучиќ: Mи се смеат што набавувам сол како што ми се смееја за вакцините appeared first on Република.

]]>

Александар Вучиќ вели дека обезбедил доволно основни намирници доколку дојде до недостик поради војната меѓу Украина и Русија. Србија ја откупила речиси целата резерва на сол од фабриката во Тузла и затоа вели граѓаните не треба да се грижат.
Водевме сметка, купивме се од храна како прави домаќини.Ми се смеат, викаат тој е луд.Така ми се смееја и за вакцините и за медицинските материјали и респиратори. На крај испадна дека бев во право. Купивме сол колку што можевме така да луѓето не треба да се грижат и да прават резерви. Имаме резерви како што сакате -објасни претседателот.

The post Вучиќ: Mи се смеат што набавувам сол како што ми се смееја за вакцините appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Општина Аеродром набави 200 тони сол, активен е кризниот штаб https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mucunski-opshtina-aerodrom-nabavi-200-toni-sol-aktiven-e-krizniot-shtab/ Mon, 10 Jan 2022 19:49:09 +0000 https://republika.mk/?p=442807

Пред малку заврши состанокот на Кризниот штаб на Општината. Ги информираме граѓаните дека на располагање се ставени возила за чистење снег на улиците, тротоарите и други јавни површини, а за таа цел се набавени и околу 200 тони сол. Штабот ќе се грижи за реализација на донесениот план чија цел е да обезбеди олеснет пристап и движење на граѓаните во зимски услови.

Се преземаат сите мерки за безбедно функционирање на сообраќајот. Екипи на нашата општина постојано ќе бидат на терен, информираше преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски.

The post Муцунски: Општина Аеродром набави 200 тони сол, активен е кризниот штаб appeared first on Република.

]]>

Пред малку заврши состанокот на Кризниот штаб на Општината. Ги информираме граѓаните дека на располагање се ставени возила за чистење снег на улиците, тротоарите и други јавни површини, а за таа цел се набавени и околу 200 тони сол. Штабот ќе се грижи за реализација на донесениот план чија цел е да обезбеди олеснет пристап и движење на граѓаните во зимски услови. Се преземаат сите мерки за безбедно функционирање на сообраќајот. Екипи на нашата општина постојано ќе бидат на терен, информираше преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски.

The post Муцунски: Општина Аеродром набави 200 тони сол, активен е кризниот штаб appeared first on Република.

]]>