сократис фамелос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sokratis-famelos/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 08:22:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сократис фамелос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sokratis-famelos/ 32 32 СИРИЗА избра нов лидер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/siriza-izbra-nov-lider-2/ Mon, 25 Nov 2024 08:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=841448

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери, јави дописничката на МИА од Атина.

Фамелос освои 49,4 отсто од гласовите, поранешниот министер Павлос Полакис беше втор со 43,5 проценти и веднаш по соопштувањето на резултатите доцна синоќа изјави дека не е потребно одржување втор круг.

Останатите двајца кандидати, европратеникот Николаос Фарандурис и актерот Апостолос Глецос освоија 5,1, односно 1,99 проценти од гласовите.

Поради зголемениот интерес, гласањето вчера беше продолжено за еден час.

По соопштувањето на резултатите, Фамелос (58) рече дека „СИРИЗА ќе биде посилна и поголема и во и вон Парламентот и во Грција и во Европа“.

https://republika.mk/vesti/balkan/famelos-mitsotakis-bara-sosednata-zemja-da-go-pochituva-dogovorot-pa-odi-niz-grtsija-i-veli-deka-toj-e-losh/

Изборите во СИРИЗА се одржаа откако поранешниот претседател Стефанос Каселакис по само една година на функцијата беше разрешен во септември со одлука на Централниот комитет на партијата и не му беше дозволено одново да се бори за лидерската позиција, по што во саботата ја претстави неговата нова партија Движење на демократија.

На парламентарните избори пред нешто помалку од 18 месеци СИРИЗА освои 17,83 отсто од гласовите, додека пак на евроизборите во јуни годинава 14,92 проценти, а и во двата изборни процеси беше на второто место.

Согласно резултатите од истражувањата на јавното мислење во Грција објавени во изминатиот период, СИРИЗА е со намален рејтинг.

The post СИРИЗА избра нов лидер appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери, јави дописничката на МИА од Атина. Фамелос освои 49,4 отсто од гласовите, поранешниот министер Павлос Полакис беше втор со 43,5 проценти и веднаш по соопштувањето на резултатите доцна синоќа изјави дека не е потребно одржување втор круг. Останатите двајца кандидати, европратеникот Николаос Фарандурис и актерот Апостолос Глецос освоија 5,1, односно 1,99 проценти од гласовите. Поради зголемениот интерес, гласањето вчера беше продолжено за еден час. По соопштувањето на резултатите, Фамелос (58) рече дека „СИРИЗА ќе биде посилна и поголема и во и вон Парламентот и во Грција и во Европа“. https://republika.mk/vesti/balkan/famelos-mitsotakis-bara-sosednata-zemja-da-go-pochituva-dogovorot-pa-odi-niz-grtsija-i-veli-deka-toj-e-losh/ Изборите во СИРИЗА се одржаа откако поранешниот претседател Стефанос Каселакис по само една година на функцијата беше разрешен во септември со одлука на Централниот комитет на партијата и не му беше дозволено одново да се бори за лидерската позиција, по што во саботата ја претстави неговата нова партија Движење на демократија. На парламентарните избори пред нешто помалку од 18 месеци СИРИЗА освои 17,83 отсто од гласовите, додека пак на евроизборите во јуни годинава 14,92 проценти, а и во двата изборни процеси беше на второто место. Согласно резултатите од истражувањата на јавното мислење во Грција објавени во изминатиот период, СИРИЗА е со намален рејтинг.

The post СИРИЗА избра нов лидер appeared first on Република.

]]>
Фамелос: Мицотакис бара соседната земја да го почитува Договорот, па оди низ Грција и вели дека тој е лош https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/famelos-mitsotakis-bara-sosednata-zemja-da-go-pochituva-dogovorot-pa-odi-niz-grtsija-i-veli-deka-toj-e-losh/ Fri, 24 May 2024 15:48:49 +0000 https://republika.mk/?p=781455

Земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот, истакна од Парламентот, претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос и посочи дека ратификацијата на трите меморандуми, ќе ја унапредеше соработката, јави дописничката на МИА од Атина.

Иако инфлацијата и поскапувањата на цените е главната тема на денешната расправа во Парламентот на ниво на лидери на партии, Фамелос се осврна и на надворешната политика, акцентот ставајќи го на Договорот од Преспа и ставот на актуелната грчка Влада.

За Cеверна Македонија, јасно да ви кажам дека е проблематично, нашите сојузници и меѓународните партнери да го слушаат премиерот да вели: ја повикувам Владата на соседната земја да го имплементира Договорот, а во внатрешноста на земјата истите партнери да слушаат премиерот и функционерите да велат дека е негативен Договорот, посочи Фамелос.

Дополнително потенцираше дека тие од прв момент го осудиле „прекршувањето на уставното име, усно од претседателката и премиерот на Македонија“.

Јасно бараме почитување на Договорот. Земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот. Но, избор на господинот Мицотакис беше да остави празен простор за да постои иредентизам, за да постои отстапка и ова го направи затоа што ѝ даде зелена карта на сестринската партија на Нова демократија да произведува иредентизам, бидејќи ВМРО е сестринска партија на Нова демократија, рече Фамелос.

Во однос на трите меморандуми кои СИРИЗА повторно ги достави во Парламентот истакна дека „ратификацијата ќе ја унапредеше соработката, а ќе имаше напредок и во прашањата што за учебниците, таблите, трговските имиња‘

Паралелно побара одговор од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дали ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес.

Во воведниот извештај на трите меморандуми што ги доставивме, министрите на Нова Демократија во 2020 година со нивните имиња потпишуваат фраза што вели „ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес“. Прашувам, лажни се потписите или се од национален интерес, но ги замрзнувате сега? Бидејќи постојат потписи, на десетина ваши министри, истакна претседателот на пратеничката група на СИРИЗА.

The post Фамелос: Мицотакис бара соседната земја да го почитува Договорот, па оди низ Грција и вели дека тој е лош appeared first on Република.

]]>

Земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот, истакна од Парламентот, претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос и посочи дека ратификацијата на трите меморандуми, ќе ја унапредеше соработката, јави дописничката на МИА од Атина. Иако инфлацијата и поскапувањата на цените е главната тема на денешната расправа во Парламентот на ниво на лидери на партии, Фамелос се осврна и на надворешната политика, акцентот ставајќи го на Договорот од Преспа и ставот на актуелната грчка Влада.
За Cеверна Македонија, јасно да ви кажам дека е проблематично, нашите сојузници и меѓународните партнери да го слушаат премиерот да вели: ја повикувам Владата на соседната земја да го имплементира Договорот, а во внатрешноста на земјата истите партнери да слушаат премиерот и функционерите да велат дека е негативен Договорот, посочи Фамелос.
Дополнително потенцираше дека тие од прв момент го осудиле „прекршувањето на уставното име, усно од претседателката и премиерот на Македонија“.
Јасно бараме почитување на Договорот. Земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот. Но, избор на господинот Мицотакис беше да остави празен простор за да постои иредентизам, за да постои отстапка и ова го направи затоа што ѝ даде зелена карта на сестринската партија на Нова демократија да произведува иредентизам, бидејќи ВМРО е сестринска партија на Нова демократија, рече Фамелос.
Во однос на трите меморандуми кои СИРИЗА повторно ги достави во Парламентот истакна дека „ратификацијата ќе ја унапредеше соработката, а ќе имаше напредок и во прашањата што за учебниците, таблите, трговските имиња‘ Паралелно побара одговор од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дали ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес.