сокови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sokovi/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Sep 2023 06:09:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сокови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sokovi/ 32 32 Владата денеска одлучува дали ќе пиеме поевтини сокови и алкохол https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-deneska-odluchuva-dali-ke-pieme-poevtini-sokovi-i-alkohol/ Tue, 26 Sep 2023 05:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=685094

Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците. До крај на неделава се очекува да биде завршена  анализата со владините мерки да бидат опфатени и хигиенските производи. За непочитување на гарантираните цени на прехранбените производи, што е во сила од минатата недела, веќе се затворени маркети.

Како што најави министерот за економија Крешник Бекшети, денеска ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци.

-За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки, изјави вчера Бектеши кој со премиерот Димитар Ковачевски ја посетија компанијата „Алма-М“ во Визбегово.

Според Ковачевски, со новата мерка на Владата на над 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната, месната индустрија, е намалена цената за 10 проценти во однос на цената која ја имале на 1 август.

-Кај одредени категории и производи веќе има намалување на производите над 10 проценти, а кај некои намалувањето е од 30 проценти до 40 проценти. Во маркетите овие производи веќе добија ознака „гарантирана цена“, со оваа мерка придонесуваме и покрај инфлациските притисоци, заеднички и солидарно даваме поддршка на нашите граѓани, изјави Ковачевски.

Поради непочитување на владините мерки за намалување на цените на прехранбените производи, според министерот Бектеши, во скопскиот регион се затворени маркети на „Веро“ и „Вива фреш“.

Во над 50 контроли на Државниот пазарен инспекторат во саботата казнети се седум маркети поради непочитување на владината одлука, а затворени се пет големи ланци на маркети по основ на Законот за потрошувачи, односно по основ на нечесни трговски пратки.

Од Стопанската комора, пак, сметаат дека маркетите имале многу малку време да се усогласат во однос на намалувањето на цените бидејќи стануба звор за околу 1200 артилки.

Според извршниот директор на комората Антони Пешев, мерката со затворањето е престрога, драконска, непотребна, предизвикува штети и тоа треба да биде последното нешто кон кое ќе прибегнат институциите.

-Затворањето никому не носи бенефит, особено не сега, кога се намалени цените, изјави Пешев, истакнувајќи дека очекува да се реши проблемот и маркетите повторно да почнат со работа.

Следниот месец, како што најави премиерот, ќе бидат направени и анализите за деветиот пакет антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и кон сите оние што во време на криза не остваруваат дополнителни приходи.

The post Владата денеска одлучува дали ќе пиеме поевтини сокови и алкохол appeared first on Република.

]]>

Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците. До крај на неделава се очекува да биде завршена  анализата со владините мерки да бидат опфатени и хигиенските производи. За непочитување на гарантираните цени на прехранбените производи, што е во сила од минатата недела, веќе се затворени маркети. Како што најави министерот за економија Крешник Бекшети, денеска ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци. -За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки, изјави вчера Бектеши кој со премиерот Димитар Ковачевски ја посетија компанијата „Алма-М“ во Визбегово. Според Ковачевски, со новата мерка на Владата на над 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната, месната индустрија, е намалена цената за 10 проценти во однос на цената која ја имале на 1 август.
-Кај одредени категории и производи веќе има намалување на производите над 10 проценти, а кај некои намалувањето е од 30 проценти до 40 проценти. Во маркетите овие производи веќе добија ознака „гарантирана цена“, со оваа мерка придонесуваме и покрај инфлациските притисоци, заеднички и солидарно даваме поддршка на нашите граѓани, изјави Ковачевски.
Поради непочитување на владините мерки за намалување на цените на прехранбените производи, според министерот Бектеши, во скопскиот регион се затворени маркети на „Веро“ и „Вива фреш“. Во над 50 контроли на Државниот пазарен инспекторат во саботата казнети се седум маркети поради непочитување на владината одлука, а затворени се пет големи ланци на маркети по основ на Законот за потрошувачи, односно по основ на нечесни трговски пратки. Од Стопанската комора, пак, сметаат дека маркетите имале многу малку време да се усогласат во однос на намалувањето на цените бидејќи стануба звор за околу 1200 артилки. Според извршниот директор на комората Антони Пешев, мерката со затворањето е престрога, драконска, непотребна, предизвикува штети и тоа треба да биде последното нешто кон кое ќе прибегнат институциите. -Затворањето никому не носи бенефит, особено не сега, кога се намалени цените, изјави Пешев, истакнувајќи дека очекува да се реши проблемот и маркетите повторно да почнат со работа. Следниот месец, како што најави премиерот, ќе бидат направени и анализите за деветиот пакет антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и кон сите оние што во време на криза не остваруваат дополнителни приходи.

The post Владата денеска одлучува дали ќе пиеме поевтини сокови и алкохол appeared first on Република.

]]>
Во општина Ѓорче Петров ќе се пие само кафе, вода, чај и сокови, нема да се набавува алкохол како досега https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-opshtina-gjorche-petrov-kje-se-pie-samo-kafe-voda-chaj-i-sokovi-nema-da-se-nabavuva-alkohol-kako-dosega/ Sun, 16 Jan 2022 18:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=445401

Општина Ѓорче Петров ја искоренува праксата за набавка на вина, пива, жестоки пијалоци за што во 2019 година се склучуваа договори и по 941.994 денари. Оваа година, овој трошок е намален за над половина милион денари. Па така, сега, преку договор за јавна набавка општината ќе добие само кафе, води, чај, газирани и негазирани сокови кои се наменети за гости. Во ниту една од ставките, не стои набавка на алкохол.


Ако се види договорот на Општина Ѓорче Петров, во него стои набавка на црвено и бело вино, пенливо вино, пиво во различни амбалажи, жолта ракија, вотка, рум, коњак, узо, текила. Овие производи, со договорот за оваа година – не се набавуваат.

Па така, гостите во Општината, сега ќе се служат со чоколадни бомбони, газирана или негазирана вода, газиран сок, а поголем избор ќе имаат само кога во прашање се вкусовите на густи сокови бидејќи се набавуваат од праска, портокал, јаболко. Во општината кујна ќе има и чај од повеќе вкусови, како и кафиња. Принципот на реализација на договорот е – колку ќе се потроши, толку да се плати, што значи дека останува можноста да не се потрошат сите пари од договорот.

Новиот градоначалник, Александар Стојкоски, уште кога беше назначен на функцијата кажа дека ќе ги намали сите непродуктивни трошоци, а дека ќе набавува само тоа што е неопходно за нормално функционирање. Па така, тој уште со првиот ребаланс на буџетот на Ѓорче Петров, ги скрати парите наменети за букети, јадења и пиења по ресторани, објавување огласи.

The post Во општина Ѓорче Петров ќе се пие само кафе, вода, чај и сокови, нема да се набавува алкохол како досега appeared first on Република.

]]>

Општина Ѓорче Петров ја искоренува праксата за набавка на вина, пива, жестоки пијалоци за што во 2019 година се склучуваа договори и по 941.994 денари. Оваа година, овој трошок е намален за над половина милион денари. Па така, сега, преку договор за јавна набавка општината ќе добие само кафе, води, чај, газирани и негазирани сокови кои се наменети за гости. Во ниту една од ставките, не стои набавка на алкохол. Ако се види договорот на Општина Ѓорче Петров, во него стои набавка на црвено и бело вино, пенливо вино, пиво во различни амбалажи, жолта ракија, вотка, рум, коњак, узо, текила. Овие производи, со договорот за оваа година – не се набавуваат. Па така, гостите во Општината, сега ќе се служат со чоколадни бомбони, газирана или негазирана вода, газиран сок, а поголем избор ќе имаат само кога во прашање се вкусовите на густи сокови бидејќи се набавуваат од праска, портокал, јаболко. Во општината кујна ќе има и чај од повеќе вкусови, како и кафиња. Принципот на реализација на договорот е – колку ќе се потроши, толку да се плати, што значи дека останува можноста да не се потрошат сите пари од договорот. Новиот градоначалник, Александар Стојкоски, уште кога беше назначен на функцијата кажа дека ќе ги намали сите непродуктивни трошоци, а дека ќе набавува само тоа што е неопходно за нормално функционирање. Па така, тој уште со првиот ребаланс на буџетот на Ѓорче Петров, ги скрати парите наменети за букети, јадења и пиења по ресторани, објавување огласи.

The post Во општина Ѓорче Петров ќе се пие само кафе, вода, чај и сокови, нема да се набавува алкохол како досега appeared first on Република.

]]>