Во организација на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, утре 10.04.2024 (среда) во Музејот на македонската борба, со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи промоцијата на монографијата ,,Стојан Стојков – мојот творечки пат”.
Монографијата е посветена на делото, животниот и творечки пат на почитуваниот композитор и професор Стојан Стојков.
Промотор: Александар Трајковски, а на промоцијата ќе бидат изведени и дела од камерниот и хорски опус на композиторот.
Настанот е во рамките на манифестацијата Денови на македонската музика 2024.
The post СОКОМ ќе ја промовира монографијата „Стојан Стојков – мојот творечки пат” appeared first on Република.
]]>The post СОКОМ ќе ја промовира монографијата „Стојан Стојков – мојот творечки пат” appeared first on Република.
]]>На 22 март (петок) почнува новото издание на Фестивалот „Денови на македонска музика“ со концерт на Воениот оркестар на Армијата под диригентска палка на Горан Илијевски во големата сала на Филхармонија.
На концертот ќе бидат изведени дела од македонските композитори создадени за голем дувачки оркестар. Програмата на „47.Денови на македонска музика“ е во знакот на извонредното творештво на македонските композитори од поголем обем: симфониско, оперско, дела за гудачки оркестар, но и камерен опус. Со концертите ќе бидат одбележани и повеќе значајни јубилеи, на композиторите Томислав Зографски, Михајло Николовски, Стојче Тошевски, Живојин Глишиќ, Тодор Трајчевски, но јубилеите на МРТВ - 80 години од основањето и Н.У. Танец - 75 години од основањето.
Вториот концерт е на 24.03.2024 (недела) во малата сала на Филхармонија, камерниот оркестар „Профундис“ со солисти ќе ги изведат делата на композиторите Гоце Коларовски, Фатос Лумани, Дарија Андовска, Гоце Гавриловски и Ангел Спироски.
Програмата на фестивалот вклучува премиерни изведби на дела од помладата генерација, како и изведбите на дела што се вбројуваат во ремек-делата на сите генерации композитори. Со свои концерти ќе се вклучат и Националната опера и балет, Филхармонија, камерниот ансамбл „Алтус“, а ќе заврши со традиционалната Трибина посветена на состојбите со творештвото на македонските композитори.
Уметничкиот одбор и СОКОМ при кониципирање на програмата поаѓа од фактот - домашното уметничко творештво зависи од сите нас, од нашата одговорност и од нашата грижа да овозможиме создавање, изведба и промоција на дела што го означуваат нашето минато, сегашност и иднина.
Влезот на сите концерти е слободен.
The post 47. „Денови на македонска музика“ во знакот на извонредното творештво на македонските композитори appeared first on Република.

]]>Во Камерната сала на Филхармонијата, беа доделени наградите на СОКОМ во рамките на 45.издание на Денови на македонска музика. Комисијата во состав: проф. д-р Стефанија Лешкова-Зеленковска, музиколог, д-р Мирјана Павловска-Шулајковска, музиколог и проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, композитор, наградата „Георги Божиков“ која Сојузот на композитори на Македонија ја доделува на музички уметници и ансамбли за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори во текот на една година, за 2021 година , ја додели на Камерното дуо Владимир Костов (виолина) и Марија Вршкова (пијано).
Комисијата во состав: проф. д-р Јане Коџабашија, композитор, проф. Живојин Глишиќ, композитор и Марко Коловски, музиколог, Наградата „Трајко Прокопиев“ што е највисоко професионално признание кое го доделува СОКОМ на музички творци и музички писатели за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата, ја додели на македонскиот композитор Љупчо Константинов за неговото обемно творештво, за филмска и театарска музика.
Настанот беше заокружен со концерт на новоформираниот гудачки оркестар „Ајга“ под диригентско водство на младата диригентка Ана Спасовска и беа изведени дела од Љубомир Бранѓолица, Љупчо Константинов, Александар Пејовски, Стојан Стојков и Тодор Скаловски (оркестрација Ристо Аврамовски). Како солисти настапија Маја Чаначевиќ – англиски рог, Горан Јанев – хорна и Владимир Костов – виолина.
The post СОКОМ ги додели наградите „Трајко Прокопиев“ на Љупчо Константинов и „Георги Божиков“ на Владимир Костов и Марија Вршкова appeared first on Република.
]]>The post СОКОМ ги додели наградите „Трајко Прокопиев“ на Љупчо Константинов и „Георги Божиков“ на Владимир Костов и Марија Вршкова appeared first on Република.
]]>Најновиот авторски носач на звук на македонскиот композитор, виолинист и едукатор Михаило Трандафиловски официјално ќе биде објавен на 11 ноември, во издание на Метиер (Métier). Албумот е реализиран во соработка со некои од најуспешните музички уметници во Велика Британија, инаку блиски соработници на Трандафиловски како Питер Шепард Скарвед, Нил Хајд, Линда Мерик, Родерик Чадвик, Роџер Хитон и Гитарското дуо Мијаби. Истиот ја истражува потрагата на авторот по „хрома“ (боја) како во хармонската, така и во формалната структура на делата, во традиционалните и експерименталните звучности и во потребата за длабоко посветена изведба на физичка директност.
Опсежната музичка потрага на авторот резултира во композиции со испреплетени музички изрази, дел од кои се создадени за време на пандемиските затворања во 2020 и 2021 година.
Михаило Трандафиловски е изведувач – композитор во калапот на Телеман, Барток, Јоаким и Листи. Како и овие автори, и во опусот на Трандафиловски е невозможно сосема да се раздвојат неговата композиторска и инструментална имагинација, и во него тој покажува флуидна, но истовремена силна меѓусебна зависност на енергиите на секоја од нив. Неговиот придонес во опусот за виолина е извонреден, неговите дуа за виолина и пијано (сонати во секоја смисла, освен во самиот наслов), концерти, виолински дуа, камерни и педагошки дела се вистински подарок за публиката и изведувачите. Претходните снимки на неговите дела привлекоа блескави критики ширум светот.
Повеќе информации за самиот албум, како и линк за дигитално преземање на истиот се достапни на следниов линк.
The post Објавен новиот албум POLYCHROMY на композиторот Михаило Трандафиловски appeared first on Република.
]]>The post Објавен новиот албум POLYCHROMY на композиторот Михаило Трандафиловски appeared first on Република.
]]>Камерна сала на Филхармонија, вечерва со почеток во 20 часот ќе бидат доделени наградите на СОКОМ и концерт ќе одржи гудачкиот оркестар „Ајга“. Диригент: Ана Спасовска
Солисти: Маја Чаначевиќ - англиски рог, Горан Јанев - хорна, Владимир Костов - виолина
Наградата „Трајко Прокопиев“ што е највисоко професионално признание кое го доделува СОКОМ на музички творци и музички писатели за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата, се доделува на македонскиот композитор
ЉУПЧО КОНСТАНТИНОВ
Комисија во состав:
проф. д-р Јане Коџабашија, композитор
проф. Живојин Глишиќ, композитор
Марко Коловски, музиколог
Наградата „ГЕОРГИ БОЖИКОВ“ која Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ ја доделува на музички уметници и ансамбли за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори во текот на една година, за 2021 година се доделува на Камерното дуо
ВЛАДИМИР КОСТОВ - ВИОЛИНА
МАРИЈА ВРШКОВА - ПИЈАНО
Комисија во состав:
проф. д-р Стефанија Лешкова-Зеленковска, музиколог
д-р Мирјана Павловска-Шулајковска, музиколог
проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, композитор
The post Љупчо Константинов и дуото Марија Вршкова / Владимир Костов добитници на наградите на СОКОМ appeared first on Република.
]]>The post Љупчо Константинов и дуото Марија Вршкова / Владимир Костов добитници на наградите на СОКОМ appeared first on Република.
]]>Во Камерната сала на Филхармонија, денеска во 20 часот во рамки на втората сезона на фестивалот „Денови на македонска музика“, новоформираниот гудачки оркестар „Ајда“ под диригентско водство на младата диригентка Ана Спасовска ќе изведе дела од Љубомир Бранѓолица, Љупчо Константинов, Александар Пејовски, Стојан Стојков и Тодор Скаловски (оркестрација Ристо Аврамовски).
Како солисти ќе настапат Маја Чаначевиќ – англиски рог, Горан Јанев – хорна и Владимир Костов – виолина.
Идејата за формирање на ансамблот „Ајга“ произлезе од неопходноста да се оформи гудачки оркестар, што ќе го проследи во својот опус творештвото од музичкиот барок до денес, со особен акцент на современите автори. Составен е од млади, но веќе добро познати имиња на класичната музичка сцена во Македонија, со што ќе дојде до израз нивната енергија, полетност, но и исполнителска зрелост, наведоа од Сојузот на композиторите на Македонија.
Наградата „Трајко Прокопиев“, што е највисоко професионално признание кое го доделува СОКОМ на музички творци и музички писатели за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата, се доделува на македонскиот композитор Љупчо Констатинов.
Наградата „Георги Божиков“ што Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ ја доделува на музички уметници и ансамбли за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори во текот на една година, за 2021 година се доделува на камерното дуо Владимир Костов – виолина и Марија Вршкова – пијано.
The post Доделување на наградите СОКОМ и концерт на гудачкиот оркестар „Ајга“ appeared first on Република.
]]>Идејата за формирање на ансамблот „Ајга“ произлезе од неопходноста да се оформи гудачки оркестар, што ќе го проследи во својот опус творештвото од музичкиот барок до денес, со особен акцент на современите автори. Составен е од млади, но веќе добро познати имиња на класичната музичка сцена во Македонија, со што ќе дојде до израз нивната енергија, полетност, но и исполнителска зрелост, наведоа од Сојузот на композиторите на Македонија.Наградата „Трајко Прокопиев“, што е највисоко професионално признание кое го доделува СОКОМ на музички творци и музички писатели за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата, се доделува на македонскиот композитор Љупчо Констатинов. Наградата „Георги Божиков“ што Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ ја доделува на музички уметници и ансамбли за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори во текот на една година, за 2021 година се доделува на камерното дуо Владимир Костов – виолина и Марија Вршкова – пијано.
The post Доделување на наградите СОКОМ и концерт на гудачкиот оркестар „Ајга“ appeared first on Република.
]]>Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) денеска одржаа работна средба на која присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, а разговараа за нивните организациски и финансиски проблеми.
Претседателот на ДПМ, Христо Петрески, посочи дека порано во ова Друштво имало четворица вработени, а сега нема ниту еден. Тоа, како што рече, мора да се промени.
На времето во ДПМ имаше четири вработени лица. Сега нема ни еден, финансиран од Министерство за култура. Нас автоматски со ова ни се сечат крилјата. Се согласувам дека беа премногу, но не може да нема ниеден, затоа што Друштвото на тој начин е затворено. Ние сме волонтери, јас таму не земам надоместок ниту сакам да земам, но таму мора да има барем еден вработен човек. Да биде Друштвото отворено – рече Петрески.
Тој посочи дека ќе биде добро доколку постои барем еден вработен и ако располагаат со барем милион денари за покривање на основните трошоци.
За минатата година ние имаме 100.000 денари од Министерството за културни активности. Тоа е мал износ за година дена. Со овие пари не може да се води ДПМ каде што има безмалку 300 члена, и каде што навистина има активности, меѓународни, државни манифестации, награди, соработка. Јас не барам огромни пари, но потребни ни се за да ги покриеме основните трошоци, струја, вода, греење, но и за реновирање на Друштвото – рече Петрески.
Тој нагласи дека е потребно Друштвото на писателите да биде она што било. Ако не може повеќе, потенцира, барем да не му се одземе од дигнитетот и од квалитетот што го имал 75 години.
Ние имаме многу слични проблеми. Уметноста е една и неделива, нема бариери, сеедно дали станува збор за музика, сликарство, филм, театар или пак литература. Ние како Здружение постоиме 75 години, зарем сега треба да го намалиме неговиот углед? Се соочуваме со големи проблеми – додаде Петрески.
Претседателот на собранието на СОКОМ, Јане Коџобашија, на средбата побара да не се намалуваат нивните програми, бидејќи како што рече, од година во година сѐ помалку гости им доаѓаат на манифестациите.
Програмите се намалуваат од година во година. Ние сме во ситуација кога можеме да пабараме помош само околу програмите. Тие да не се намалуваат. Нашите меѓународни манифестации станаа само наши. Веќе немаме ниту едно лице од надвор да чуеме што се случува. Тука се потребни средства. Ако бидеме доволно убедливи со аргументи, мислам дека општеството ќе сфати и ќе нема потреба да размислуваме дали сме од корист – додаде Коџобашија.
Како што напомена тој, сите институции кои се занимаваат со култура ги делат истите проблеми.
Според претседателката на ДЛУМ, Јана Манева-Чупоска, културната меморија од 75 години е доволен аргумент ова Друштво конечно да влезе под капата на Министерството за култура. Таа напомена дека овој предлог е поради тоа што ДЛУМ се наоѓа во крајно неповолна ситуација.
ДЛУМ е сираче веќе одамна. Ние сме прибрани во Домот на АРМ. Си плаќаме редовно кирија, но гледате и вие дека ова не е соодветно место за сериозно Друштво со толкав културен багаж. Државата мора да има сенс за овој проблем, затоа што ДЛУМ мора да постои и ова е последен воз да упатиме сериозен апел до општеството дека ДЛУМ е пред затворање – додаде Манева-Чупоска.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска се согласи дека државата треба да вложи во одржливоста на уметноста, на македонската музика и македонските автори.
Во однос на барањето на Манева-Чупоска дека на ДЛУМ му е потребен соодветен простор за работа, министерката посочи дека се надева оти ќе се најде репрезентативен простор, бидејќи Домот на АРМ не е добро решение.
Се согласувам дека ви треба простор за да се функционира и ќе се најде решение. Не е Домот на АРМ решение, тука е Сојузот на борци, сметам дека на трите столба им треба простор. Во овој момент, се надевам дека ќе имаме можност да најдеме барем по еден репрезентивен простор кој ќе нема потреба да ве заглавува во долгови – рече министерката.
The post Средба на ДЛУМ, ДПМ и СОКОМ: Наместо да творат, уметниците просат за сметки appeared first on Република.
]]>На времето во ДПМ имаше четири вработени лица. Сега нема ни еден, финансиран од Министерство за култура. Нас автоматски со ова ни се сечат крилјата. Се согласувам дека беа премногу, но не може да нема ниеден, затоа што Друштвото на тој начин е затворено. Ние сме волонтери, јас таму не земам надоместок ниту сакам да земам, но таму мора да има барем еден вработен човек. Да биде Друштвото отворено – рече Петрески.Тој посочи дека ќе биде добро доколку постои барем еден вработен и ако располагаат со барем милион денари за покривање на основните трошоци.
За минатата година ние имаме 100.000 денари од Министерството за културни активности. Тоа е мал износ за година дена. Со овие пари не може да се води ДПМ каде што има безмалку 300 члена, и каде што навистина има активности, меѓународни, државни манифестации, награди, соработка. Јас не барам огромни пари, но потребни ни се за да ги покриеме основните трошоци, струја, вода, греење, но и за реновирање на Друштвото – рече Петрески.Тој нагласи дека е потребно Друштвото на писателите да биде она што било. Ако не може повеќе, потенцира, барем да не му се одземе од дигнитетот и од квалитетот што го имал 75 години.
Ние имаме многу слични проблеми. Уметноста е една и неделива, нема бариери, сеедно дали станува збор за музика, сликарство, филм, театар или пак литература. Ние како Здружение постоиме 75 години, зарем сега треба да го намалиме неговиот углед? Се соочуваме со големи проблеми – додаде Петрески.Претседателот на собранието на СОКОМ, Јане Коџобашија, на средбата побара да не се намалуваат нивните програми, бидејќи како што рече, од година во година сѐ помалку гости им доаѓаат на манифестациите.
Програмите се намалуваат од година во година. Ние сме во ситуација кога можеме да пабараме помош само околу програмите. Тие да не се намалуваат. Нашите меѓународни манифестации станаа само наши. Веќе немаме ниту едно лице од надвор да чуеме што се случува. Тука се потребни средства. Ако бидеме доволно убедливи со аргументи, мислам дека општеството ќе сфати и ќе нема потреба да размислуваме дали сме од корист – додаде Коџобашија.Како што напомена тој, сите институции кои се занимаваат со култура ги делат истите проблеми. Според претседателката на ДЛУМ, Јана Манева-Чупоска, културната меморија од 75 години е доволен аргумент ова Друштво конечно да влезе под капата на Министерството за култура. Таа напомена дека овој предлог е поради тоа што ДЛУМ се наоѓа во крајно неповолна ситуација.
ДЛУМ е сираче веќе одамна. Ние сме прибрани во Домот на АРМ. Си плаќаме редовно кирија, но гледате и вие дека ова не е соодветно место за сериозно Друштво со толкав културен багаж. Државата мора да има сенс за овој проблем, затоа што ДЛУМ мора да постои и ова е последен воз да упатиме сериозен апел до општеството дека ДЛУМ е пред затворање – додаде Манева-Чупоска.Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска се согласи дека државата треба да вложи во одржливоста на уметноста, на македонската музика и македонските автори. Во однос на барањето на Манева-Чупоска дека на ДЛУМ му е потребен соодветен простор за работа, министерката посочи дека се надева оти ќе се најде репрезентативен простор, бидејќи Домот на АРМ не е добро решение.
Се согласувам дека ви треба простор за да се функционира и ќе се најде решение. Не е Домот на АРМ решение, тука е Сојузот на борци, сметам дека на трите столба им треба простор. Во овој момент, се надевам дека ќе имаме можност да најдеме барем по еден репрезентивен простор кој ќе нема потреба да ве заглавува во долгови – рече министерката.
The post Средба на ДЛУМ, ДПМ и СОКОМ: Наместо да творат, уметниците просат за сметки appeared first on Република.
]]>Во петок, 25 март, во Музејот на македонската борба со почеток во 10 часот, Сојузот на композиторите на Македонија организира научни средби кои се одржуваат на тема „Македонското музичко творештво – сегашност и минато“.
Со интенција да го развие и продолжи одржувањето на „Музичките средби во СОКОМ“, кои за прв пат со одржаа во 2019 година, и оваа година, Сојузот на композиторите на Македонија организира научни средби кои се одржуваат под темата „Македонското музичко творештво – сегашност и минато“.
Организирањето на „Музичките средби во СОКОМ“ е со цел да се поттикне и унапреди научно–истражувачката дејност во областа на музикологијата, етномузикологијата, музичката византологија, танцовата уметност, музичката педагогија, музичкото културно наследство, музиката и поезијата, музиката и медиумите. Освен претставување на научни истражувања, оваа година остваруваме и професионални разговори со определен повод (награда, јубилеј, значајно остварување надвор од нашите граници, ново дело, итн.) со музичките дејци за определени теми или дела од нивното творештво и дејност од областа на македонската музичка култура.
Координатор на настанот е музикологот д-р Мирјана Павловска Шулајковска, а претседавач е Академик проф. д-р Јане Коџабашија. Со свои излагања и разговори со истакнати музички дејци ќе се претстават македонски музиколози, етномузиколози, педагози, истражувачи, меѓу кои: д-р Огненка Герасимовска Димитровска, м-р Весна Малјановска, Академик проф. д-р Јане Коџабашија, м-р Снежана Анастасова Чадиковска, проф. д-р Александар Трајковски, д-р Мирјана Павловска Шулајковска, м-р Даница Стојанова, д-р Беким Рамадани и м-р Ивона Опетческа – Татарчевска.
The post Научна средба „Македонското музичко творештво – сегашност и минато“ во Музејот на македонската борба appeared first on Република.
]]>The post Научна средба „Македонското музичко творештво – сегашност и минато“ во Музејот на македонската борба appeared first on Република.
]]>Во петок, 25 март, во Музејот на македонската борба со почеток во 10 часот, Сојузот на композиторите на Македонија организира научни средби кои се одржуваат на тема „Македонското музичко творештво – сегашност и минато“.
Со интенција да го развие и продолжи одржувањето на „Музичките средби во СОКОМ“, кои за прв пат со одржаа во 2019 година, и оваа година, Сојузот на композиторите на Македонија организира научни средби кои се одржуваат под темата „Македонското музичко творештво – сегашност и минато“.
Организирањето на „Музичките средби во СОКОМ“ е со цел да се поттикне и унапреди научно–истражувачката дејност во областа на музикологијата, етномузикологијата, музичката византологија, танцовата уметност, музичката педагогија, музичкото културно наследство, музиката и поезијата, музиката и медиумите. Освен претставување на научни истражувања, оваа година остваруваме и професионални разговори со определен повод (награда, јубилеј, значајно остварување надвор од нашите граници, ново дело, итн.) со музичките дејци за определени теми или дела од нивното творештво и дејност од областа на македонската музичка култура.
Координатор на настанот е музикологот д-р Мирјана Павловска Шулајковска, а претседавач е Академик проф. д-р Јане Коџабашија. Со свои излагања и разговори со истакнати музички дејци ќе се претстават македонски музиколози, етномузиколози, педагози, истражувачи, меѓу кои: д-р Огненка Герасимовска Димитровска, м-р Весна Малјановска, Академик проф. д-р Јане Коџабашија, м-р Снежана Анастасова Чадиковска, проф. д-р Александар Трајковски, д-р Мирјана Павловска Шулајковска, м-р Даница Стојанова, д-р Беким Рамадани и м-р Ивона Опетческа – Татарчевска.
The post Музички средби во СОКОМ: Макeдонското музичко творештво, сегашност и минато appeared first on Република.
]]>The post Музички средби во СОКОМ: Макeдонското музичко творештво, сегашност и минато appeared first on Република.
]]>На седницата на Собранието на СОКОМ која се одржа минатата недела, членството на Здружението се прошири за еден нов член. На предлог на Претседателството на СОКОМ, Собранието на Асоцијацијата едногласно донесе одлука како член на СОКОМ да биде примен музичкиот писател, истражувач, општествен деец и редовен професор на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, д-р Александар Трајковски, соопштија од СОКОМ.
Александар Трајковски во 2002 година дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а на истиот, во 2007 година и магистрира во класата на проф. д-р Викторија Коларовска – Гмирја, со темата „Организацијата и содржината на музичката настава во Република Македонија,
во периодот од 1950 до 1962 година“. Во 2014 година на Институтот за социолошки и политичко - правни истражувања, под менторство на проф. д-р Ганка Цветанова ја одбранил докторската теза „Филмската музика како форма на комуникација: музиката во македонскиот игран филм во периодот од 1952 до 2011 година“.
Во 2009 година е избран во звањето доцент по група предмети од областа на музичката теорија на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима (поранешен Универзитет за аудио-визуелни уметности ЕФТА) во Скопје. Во 2015 година е избран во звањето вонреден професор на истиот, а во 2020 во редовен професор.Д-р Александар Трајковски е активен и на полето на општествено- социјалниот и културен живот во Република Македонија, насочувајќи го својот интерес на делување низ повеќе начини и форми. Во текот на својата професионална кариера учествувал во голем број научно-истражувачки проекти. Со свои авторски предавања се претставил на бројни фестивали и културни манифестации, како и на покана на повеќе образовни и културни институции.
Д-р Александар Трајковски е автор на три книги: „Зина Креља, сопран, првенка на Операта при Македонскиот народен театар“, „Музиката во македонскиот игран филм: од ’Фросина’, до ’Лазар’“ и „70 години Академско културно- уметничко друштво ‘Мирче Ацев’“, во кои ги сублимира своите повеќегодишни истражувања, а кои според тематиката која ја обработуваат претставуваат вреден прилог во збогатувањето на македонската научна и културолошка мисла, како и на повеќе од триесет научни трудови објавени во реномирани музички и културолошки списанија и научни зборници, од кои најголемиот број се меѓународни.
The post Александар Трајковски нов член на СОКОМ appeared first on Република.

]]>Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ со огромно жалење соопштува дека во текот на вчерашниот ден (10 февруари) почина истакнатиот македонски композитор, музичар, педагог и долгогодишен член на СОКОМ, Тоде Новачевски, стои во дописот на асоцијацијата.
Творечки опус на Тоде Новачевски опфаќа оркестарски, камерни, вокално-инструментални дела и кантата за хор. Неговото творештво е препознатливо по големиот опус на народни и забавни песни, скоро сите антологиски хитови.
Тоде Новачевски својот музичко-едукативен пат го проследува најпрво во средното музичко училиште во Битола. Потоа се запишува на наставно-теоретскиот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Две години подоцна, се запишува на одделот по композиција, во класата на Тома Прошев. На наставно-теоретскиот оддел дипломира во 1979 година, а на одделот по композиција во 1985 година. Од 1979 до 1982 година работи во Музичката продукција на РТС, а од 1982 година работи најпрво како корепетитор, а потоа како наставник во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Подоцна се преселува во Мелбурн, Австралија каде живееше и работеше повеќе од 30 години.
Нека му е Вечен споменот!
The post СОКОМ се прости од Тоде Новачевски: Неговото творештво е препознатливо по големиот опус на народни и забавни песни, скоро сите антологиски хитови appeared first on Република.
]]>Творечки опус на Тоде Новачевски опфаќа оркестарски, камерни, вокално-инструментални дела и кантата за хор. Неговото творештво е препознатливо по големиот опус на народни и забавни песни, скоро сите антологиски хитови. Тоде Новачевски својот музичко-едукативен пат го проследува најпрво во средното музичко училиште во Битола. Потоа се запишува на наставно-теоретскиот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Две години подоцна, се запишува на одделот по композиција, во класата на Тома Прошев. На наставно-теоретскиот оддел дипломира во 1979 година, а на одделот по композиција во 1985 година. Од 1979 до 1982 година работи во Музичката продукција на РТС, а од 1982 година работи најпрво како корепетитор, а потоа како наставник во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Подоцна се преселува во Мелбурн, Австралија каде живееше и работеше повеќе од 30 години.
Нека му е Вечен споменот!
The post СОКОМ се прости од Тоде Новачевски: Неговото творештво е препознатливо по големиот опус на народни и забавни песни, скоро сите антологиски хитови appeared first on Република.
]]>Во просториите на НУ Национална опера и балет беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу СОКОМ, застапуван од Претседателката проф. д-р Валентина Велковска - Трајановска и НУ Националната опера и балет, застапувана од Директорот проф. м-р Васо Ристов. Активностите во рамките на соработката помеѓу двете институции ќе се одвиваат во насока на изведба и промоција на македонското музичко културно наследство, македонската уметничка музика, музичко-сценското творештво кое како наследство го оставија генерациите македонски композитори. Освен изведби на музичко-сценските дела, опери, балети, ораториуми, кантати и др., особено значајно за градење на музичката култура и историја е создавањето на ново музичко-сценско творештво. НУ Националната опера и балет е еден од најзначајните столбови на музичката култура, а во контекст на меѓународната соработка и концерти македонското музичко творештво е единствениот репрезент што може да не претстави најсоодветно и автентично.
The post Потпишан Меморандум за соработка помеѓу СОКОМ и НУ Национална опера и балет appeared first on Република.
]]>The post Потпишан Меморандум за соработка помеѓу СОКОМ и НУ Национална опера и балет appeared first on Република.
]]>На седницата одржана на 24 декември 2021 година, македонскиот композитор и истакнат научен деец, долгогодишен член на Сојузот на композиторите на Македонија, а во моментов Претседател на Собранието на СОКОМ, проф. д-р Јане Коџабашија е избран за член на Дукљанската академија на науките и уметностите во Црна Гора.
Неодамнешниот избор за академик на проф.д-р Јане Коџабашија, во оваа институција е признание и резултат на неговата повеќедецениска дејност, со која дава значаен придонес во развојот на македонската музичка култура и на нашата научна мисла.
Проф. д-р Коџабашија во текот на своето дејствување остварува значајни резултати во некои од базичните текови во развојот на македонската музичка култура – во музичката продуктива, во текот на работниот век во Македонската радио – телевизија, како одговорен уредник на Музичката и касетна продукција, директор на Македонија концерт, музичката публицистика и обемните научни истражувања во областа на музичкото културно наследство, за значаен број црковно – музички дејци, ракописни и печатени црковно – музички зборници и откривање на досега недостапни музички ракописи од областа на црковното пеење од византиската традиција кај нас.
Овие истражувања во неговата дејност започнати во текот на 80-те години на минатиот век па се’ до денешни дни претставуваат значаен придонес и остварена богата активност во областа на теоријата и практиката на црковното пеење од византиската традиција.
Издадените седумнаесет теоретски и монографски изданија и зборници на црковно пеење настанати на територијата на Македонија во 19-от и почетокот на 20-от век, се монографски изданија на оригинални ракописи од македонски музички дејци, со воведен текст и транскрипција од невматска на европска нотација, како и педагошка литература, прва од ваков вид на македонски јазик за изучување на теоријата и практиката на источното црковно пеење.
Неговите трудови се изобилно цитирани од истражувачите на културното музичко наследство во земјава и во странство и се употребуваат како педагошка литература за изучување на теоријата и практиката на источното црковно пеење и во образовни институции надвор од нашата земја.
Издавањето на овие дела на проф Јане Коџабашија и нивното представување пред културната и научната јавност резултираа со забрзан развој, возобновување и со се’ поширока примена на црковното пеење од византиската традиција во Македонија.
Пред нашата и странската културна јавност во рамките на Европската година на културното наследство во текот на 2018 година проф. д-р Јане Коџабашија го претстави значајното издание „Антологија на македонското црковно пеење“, овозможено од Делегацијата на Европската унија на Р. Македонија.
The post Проф. д-р Јане Коџабашија избран за член на Дукљанската академија на науките и уметностите appeared first on Република.
]]>The post Проф. д-р Јане Коџабашија избран за член на Дукљанската академија на науките и уметностите appeared first on Република.
]]>