„Сок од простата: јубилејно издание“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sok-od-prostata-jubilejno-izdanie/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Nov 2022 07:59:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Сок од простата: јубилејно издание“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sok-od-prostata-jubilejno-izdanie/ 32 32 Промоција на „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-sok-od-prostata-jubilejno-izdanie-od-jovan-pavlovski-2/ Wed, 30 Nov 2022 07:59:02 +0000 https://republika.mk/?p=579871

Книгоиздателството „Ми-Ан“ вечер од 19.19 часот во Културно-информативниот центар во Скопје ќе ја промовира книгата „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски. Изданието е по повод 85 години живот и 65 години творечка дејност на Павловски – писател, енциклопедист и публицист.

Веднаш по појавувањето во 1990 година, култниот роман на Јован Павловски „Сок од простата“ ги разбранува литературните и културните води во Македонија. Беше најчитана книга во времето на нејзиното објавување, беше прогласена за најчитана во Србија, а до денес има седум изданија на македонски јазик, како и редица преводи на други јазици. Реномираната „Хрватска енциклопедија“ на Лексикографскиот завод „Мирослав Крлежа“ од Загреб го определува „Сок од простата“ како првиот македонски еротски постмодернистички роман… „Сок од простата“ не е само еротски роман, туку и длабока лирска приказна за осаменоста и културниот шок, за страста и љубовта, за несигурноста во сопствените чувства и колебањето… Романот може да се појми како еротска проза, проза која со директноста на изразот и со неговата реалистичност се стреми да ги пробие елитизираните, закоравени ставови за пристојното/непристојното, да ја деконструира хипокризијата на „високата литература“… наведува „Ми-Ан“.
Книгата ќе ја промовираат професорките од Филолошкиот факултет Весна Мојсова-Чепишевска и Кристина Николовска. Освен романот „Сок од простата“, во изданието се поместени и критички осврти за творештвото на Павловски од акад. Катица Ќулафкова, проф. д-р Наташа Аврамовска, проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, проф. д-р Гоце Смилевски, проф. д-р Владимир Мартиновски, проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, доц. д-р Бобан Карапејовски и м-р Иван Антоновски.

Јован Павловски е автор на над 40 книги (поезија и проза), над дваесет публицистички трудови. Особено е значаен неговиот придонес во македонската енциклопедистика. Тој е уредник и издавач на првата македонска општа енциклопедија. Павловски во три мандати беше претседател ан Друштвото на писателите на Македонија и е добитник на високи литературни и државни награди.

 

The post Промоција на „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски appeared first on Република.

]]>

Книгоиздателството „Ми-Ан“ вечер од 19.19 часот во Културно-информативниот центар во Скопје ќе ја промовира книгата „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски. Изданието е по повод 85 години живот и 65 години творечка дејност на Павловски – писател, енциклопедист и публицист. Веднаш по појавувањето во 1990 година, култниот роман на Јован Павловски „Сок од простата“ ги разбранува литературните и културните води во Македонија. Беше најчитана книга во времето на нејзиното објавување, беше прогласена за најчитана во Србија, а до денес има седум изданија на македонски јазик, како и редица преводи на други јазици. Реномираната „Хрватска енциклопедија“ на Лексикографскиот завод „Мирослав Крлежа“ од Загреб го определува „Сок од простата“ како првиот македонски еротски постмодернистички роман… „Сок од простата“ не е само еротски роман, туку и длабока лирска приказна за осаменоста и културниот шок, за страста и љубовта, за несигурноста во сопствените чувства и колебањето… Романот може да се појми како еротска проза, проза која со директноста на изразот и со неговата реалистичност се стреми да ги пробие елитизираните, закоравени ставови за пристојното/непристојното, да ја деконструира хипокризијата на „високата литература“… наведува „Ми-Ан“. Книгата ќе ја промовираат професорките од Филолошкиот факултет Весна Мојсова-Чепишевска и Кристина Николовска. Освен романот „Сок од простата“, во изданието се поместени и критички осврти за творештвото на Павловски од акад. Катица Ќулафкова, проф. д-р Наташа Аврамовска, проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, проф. д-р Гоце Смилевски, проф. д-р Владимир Мартиновски, проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, доц. д-р Бобан Карапејовски и м-р Иван Антоновски. Јован Павловски е автор на над 40 книги (поезија и проза), над дваесет публицистички трудови. Особено е значаен неговиот придонес во македонската енциклопедистика. Тој е уредник и издавач на првата македонска општа енциклопедија. Павловски во три мандати беше претседател ан Друштвото на писателите на Македонија и е добитник на високи литературни и државни награди.  

The post Промоција на „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски appeared first on Република.

]]>