сок од домати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sok-od-domati/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 18:05:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сок од домати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sok-od-domati/ 32 32 Ако го пиете секој ден, овој домашен сок може да го намали крвниот притисок и да го заштити срцето https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ako-go-piete-sekoj-den-ovoj-domashen-sok-mozhe-da-go-namali-krvniot-pritisok-i-da-go-zashtiti-srtseto/ Mon, 14 Oct 2024 18:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=826790

Сокот од домати е уште поздрав од овошјето. Студијата објавена во 2019 година во списанието Food Science and Nutrition покажа дека сокот од домати може значително да го намали крвниот притисок. Истражувачите од Токио следеле 481 учесник кои секојдневно го пиеле овој сок, а резултатите покажале дека има значително подобрување кај оние со висок крвен притисок.

Учесниците во студијата пиеле помеѓу 85 и 215 мл сок од домати секој ден, а повеќето консумирале околу 200 мл. Пред и по студијата, беа измерени маркери за кардиоваскуларен ризик, вклучувајќи крвен притисок, нивоа на липиди во крвта и толеранција на гликоза. Резултатите покажале дека крвниот притисок кај 94 учесници со нетретирана хипертензија бил значително намален, додека нивото на „лошиот“ ЛДЛ холестерол паднало кај 125 учесници.

Инаку, доматите содржат витамин Ц, шолја чист сок од домати задоволува дури 74% од дневните потреби за овој важен антиоксиданс и витамин К, како и минералот калиум.

Сепак, неговата најпозната состојка е ликопен, антиоксиданс и каротеноид кој на доматите им ја дава карактеристичната црвена боја. Ликопенот е одличен сојузник во борбата против воспаленија и тумори бидејќи ги спречува штетите предизвикани од слободните радикали.

Истражувањата покажаа дека овој антиоксиданс е двојно помоќен од, на пример, бета-каротенот од морковот. Сокот од домати е уште поздрав од самото овошје токму затоа што со мешање се кршат клеточните ѕидови, па се ослободува уште повеќе ликопен.

Помага при хипертензија и го одржува срцето здраво

Ако страдате од висок крвен притисок, дефинитивно треба да консумирате свеж сок од домати секој ден. Имено, делува така што го намалува крвниот притисок.

Повеќе од 500 луѓе на возраст меѓу 20 и 74 години учествувале во јапонско истражување кое траело една година.

20 проценти од оние кои пиеле чаша сок од домати секој ден имале забележителен пад на крвниот притисок. Покрај тоа, доматите се богати со витамин Б6, кој го намалува нивото на хомоцистеин, аминокиселина која ги оштетува крвните садови и срцето.

Значително го намалува ризикот од мозочен удар

Едно финско истражување кое проучувало повеќе од илјада мажи на возраст меѓу 46 и 65 години во текот на 12 години, покажало дека оние испитаници кои имале повисоки нивоа на ликопен имале 55 отсто помал ризик од мозочен удар.

Ликопен е моќен антиоксиданс кој го спречува создавањето на згрутчување на крвта, што значи дека со неговото консумирање помагате за зачувување на крвните садови.

Покрај намалениот ризик од мозочен удар кај мажите со покачени нивоа на ликопен, ризикот од срцев удар е исто така значително помал.

The post Ако го пиете секој ден, овој домашен сок може да го намали крвниот притисок и да го заштити срцето appeared first on Република.

]]>

Сокот од домати е уште поздрав од овошјето. Студијата објавена во 2019 година во списанието Food Science and Nutrition покажа дека сокот од домати може значително да го намали крвниот притисок. Истражувачите од Токио следеле 481 учесник кои секојдневно го пиеле овој сок, а резултатите покажале дека има значително подобрување кај оние со висок крвен притисок. Учесниците во студијата пиеле помеѓу 85 и 215 мл сок од домати секој ден, а повеќето консумирале околу 200 мл. Пред и по студијата, беа измерени маркери за кардиоваскуларен ризик, вклучувајќи крвен притисок, нивоа на липиди во крвта и толеранција на гликоза. Резултатите покажале дека крвниот притисок кај 94 учесници со нетретирана хипертензија бил значително намален, додека нивото на „лошиот“ ЛДЛ холестерол паднало кај 125 учесници. Инаку, доматите содржат витамин Ц, шолја чист сок од домати задоволува дури 74% од дневните потреби за овој важен антиоксиданс и витамин К, како и минералот калиум. Сепак, неговата најпозната состојка е ликопен, антиоксиданс и каротеноид кој на доматите им ја дава карактеристичната црвена боја. Ликопенот е одличен сојузник во борбата против воспаленија и тумори бидејќи ги спречува штетите предизвикани од слободните радикали. Истражувањата покажаа дека овој антиоксиданс е двојно помоќен од, на пример, бета-каротенот од морковот. Сокот од домати е уште поздрав од самото овошје токму затоа што со мешање се кршат клеточните ѕидови, па се ослободува уште повеќе ликопен. Помага при хипертензија и го одржува срцето здраво Ако страдате од висок крвен притисок, дефинитивно треба да консумирате свеж сок од домати секој ден. Имено, делува така што го намалува крвниот притисок. Повеќе од 500 луѓе на возраст меѓу 20 и 74 години учествувале во јапонско истражување кое траело една година. 20 проценти од оние кои пиеле чаша сок од домати секој ден имале забележителен пад на крвниот притисок. Покрај тоа, доматите се богати со витамин Б6, кој го намалува нивото на хомоцистеин, аминокиселина која ги оштетува крвните садови и срцето. Значително го намалува ризикот од мозочен удар Едно финско истражување кое проучувало повеќе од илјада мажи на возраст меѓу 46 и 65 години во текот на 12 години, покажало дека оние испитаници кои имале повисоки нивоа на ликопен имале 55 отсто помал ризик од мозочен удар. Ликопен е моќен антиоксиданс кој го спречува создавањето на згрутчување на крвта, што значи дека со неговото консумирање помагате за зачувување на крвните садови. Покрај намалениот ризик од мозочен удар кај мажите со покачени нивоа на ликопен, ризикот од срцев удар е исто така значително помал.

The post Ако го пиете секој ден, овој домашен сок може да го намали крвниот притисок и да го заштити срцето appeared first on Република.

]]>