сојузници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuznici/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jun 2024 12:43:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сојузници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuznici/ 32 32 Мисајловски до припадниците на АРМ: Во мене имате сојузник на кој може да се потпрете https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-do-pripadnitsite-na-arm-vo-mene-imate-sojuznik-na-koj-mozhe-da-se-potprete/ Wed, 26 Jun 2024 12:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=791017

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска беше во посета на Командата на операции во Касарната „Боро Менков“ во Куманово, каде оствари средба со командантот, бригадниот генерал Бесник Емини, началникот на штабот бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски и најодговорните офицери во командата, соопштија од министерството за одбрана.

Од кабинетот на министерот велат дека за време на денешната посета министерот Мисајловски беше брифиран за мисијата и задачите кои ги остварува оваа команда, главниот двигател на Армијата во чиј состав се најголемиот број на армиски единици од сите родови и служби кои заеднички придонесуваат за заштитата на територијалниот интегритет и суверенитет на државата и во операции за поддршка на мирот и безбедноста предводени од НАТО, Обединетите нации и Европската Унија.

Министерот Мисајловски на денешниот брифинг упати огромна благодарност до сите припадници на командата за сето она што го направиле досега и порача максимално ќе ги поддржи сите активности и потреби кои ги има оваа Команда и единиците од нејзиниот состав.

Сакам да ги запознам нашите припадници, чувари на мирот и безбедноста од блиску, да се запознам со вашите потреби и состојби и да направиме се што е потребно вашата работа да ја извршувате беспрекорно. Во мене имате сојузник на кој можете да се потпрете, порача министерот Мисајловски.

На денешниот брифинг министерот Мисајловски беше брифиран за идните чекори на Командата за операции, опремување и модернизација, обуката и вежбите и прифаќањето и имплементацијата на НАТО стандардите.

 

The post Мисајловски до припадниците на АРМ: Во мене имате сојузник на кој може да се потпрете appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска беше во посета на Командата на операции во Касарната „Боро Менков“ во Куманово, каде оствари средба со командантот, бригадниот генерал Бесник Емини, началникот на штабот бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски и најодговорните офицери во командата, соопштија од министерството за одбрана. Од кабинетот на министерот велат дека за време на денешната посета министерот Мисајловски беше брифиран за мисијата и задачите кои ги остварува оваа команда, главниот двигател на Армијата во чиј состав се најголемиот број на армиски единици од сите родови и служби кои заеднички придонесуваат за заштитата на територијалниот интегритет и суверенитет на државата и во операции за поддршка на мирот и безбедноста предводени од НАТО, Обединетите нации и Европската Унија. Министерот Мисајловски на денешниот брифинг упати огромна благодарност до сите припадници на командата за сето она што го направиле досега и порача максимално ќе ги поддржи сите активности и потреби кои ги има оваа Команда и единиците од нејзиниот состав.
Сакам да ги запознам нашите припадници, чувари на мирот и безбедноста од блиску, да се запознам со вашите потреби и состојби и да направиме се што е потребно вашата работа да ја извршувате беспрекорно. Во мене имате сојузник на кој можете да се потпрете, порача министерот Мисајловски.
На денешниот брифинг министерот Мисајловски беше брифиран за идните чекори на Командата за операции, опремување и модернизација, обуката и вежбите и прифаќањето и имплементацијата на НАТО стандардите.  

The post Мисајловски до припадниците на АРМ: Во мене имате сојузник на кој може да се потпрете appeared first on Република.

]]>
Бајден денеска заминува за Европа на средби со сојузниците од ЕУ и НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-deneska-zaminuva-za-evropa-na-sredbi-so-sojuznicite-od-eu-i-nato/ Wed, 23 Mar 2022 07:45:13 +0000 https://republika.mk/?p=476919

Американскиот претседател Џо Бајден денеска заминува за Брисел на разговори со европските лидери за руската инвазија врз Украина, носејќи со себе планови за воведување дополнителни санкции кон Москва.

Според два одвоени упатени извора, Бајден и неговиот тим планираат да воведат санкции и против членови на рускиот Парламент, како реакција на руската инвазија врз Украина. Се очекува тие дополнителни мерки за изолација да бидат соопштени во текот на утрешниот ден.

Агендата на Бајден предвидува тој во 8:40 часот по локално време да замине од Белата куќа за Брисел, каде треба да се сретне со партнерите на САД во НАТО, европските лидери, а да ја посети и Варшава каде ќе има консултации со претседателот Анджеј Дуда.

Весникот „Волстрит џурнал“ пишува дека со санкции би можеле да се соочат 300 члена на руската Дума. Повикувајќи се на информации од портпарол на Белата куќа, венискот пишува дека не се донесени конечни одлуки за тоа кој и со колкави санкции ќе се соочи.

Ќе имаме дополнителни мерки за санкции што ќе ги објавиме в четврток заедно со нашите сојузници на средбата на претседателот со нив, пренесува њујоршкиот весник изјава на неиуменуваниот претставник од Белата куќа.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, синоќа пред медиумите изјави дека Бајден в четврток ќе присуствува на итен самит на НАТО, ќе се сретне со лидерите на Г7 и ќе им се обрати на 27-те лидери на Европската унија на седница на Европскиот совет.

Бајден ќе координира за следната фаза од воената помош за Украина, рече Саливан, додавајќи дека американскиот претседател ќе работи со американските сојузници на заострување на постојните санкции.

Бајден уште на самиот почеток на руската инвазија врз Украина најави дека САД нема воено да се конфронтираат со Русија, но вети дека САД ќе ја бранат целата територија на НАТО. Притоа донесе наредба за распоредување неколку илјади американски војници во државите од источното крило на НАТО.

За време на неговата посета на Полска Бајден ќе ги посети американските трупи распоредени таму и ќе се сретне со експерти вклучени во активностите за справување на хуманитарната криза предизвикана од милионите бегалци што ја напуштија Украина.

The post Бајден денеска заминува за Европа на средби со сојузниците од ЕУ и НАТО appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден денеска заминува за Брисел на разговори со европските лидери за руската инвазија врз Украина, носејќи со себе планови за воведување дополнителни санкции кон Москва. Според два одвоени упатени извора, Бајден и неговиот тим планираат да воведат санкции и против членови на рускиот Парламент, како реакција на руската инвазија врз Украина. Се очекува тие дополнителни мерки за изолација да бидат соопштени во текот на утрешниот ден. Агендата на Бајден предвидува тој во 8:40 часот по локално време да замине од Белата куќа за Брисел, каде треба да се сретне со партнерите на САД во НАТО, европските лидери, а да ја посети и Варшава каде ќе има консултации со претседателот Анджеј Дуда. Весникот „Волстрит џурнал“ пишува дека со санкции би можеле да се соочат 300 члена на руската Дума. Повикувајќи се на информации од портпарол на Белата куќа, венискот пишува дека не се донесени конечни одлуки за тоа кој и со колкави санкции ќе се соочи. Ќе имаме дополнителни мерки за санкции што ќе ги објавиме в четврток заедно со нашите сојузници на средбата на претседателот со нив, пренесува њујоршкиот весник изјава на неиуменуваниот претставник од Белата куќа. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, синоќа пред медиумите изјави дека Бајден в четврток ќе присуствува на итен самит на НАТО, ќе се сретне со лидерите на Г7 и ќе им се обрати на 27-те лидери на Европската унија на седница на Европскиот совет. Бајден ќе координира за следната фаза од воената помош за Украина, рече Саливан, додавајќи дека американскиот претседател ќе работи со американските сојузници на заострување на постојните санкции. Бајден уште на самиот почеток на руската инвазија врз Украина најави дека САД нема воено да се конфронтираат со Русија, но вети дека САД ќе ја бранат целата територија на НАТО. Притоа донесе наредба за распоредување неколку илјади американски војници во државите од источното крило на НАТО. За време на неговата посета на Полска Бајден ќе ги посети американските трупи распоредени таму и ќе се сретне со експерти вклучени во активностите за справување на хуманитарната криза предизвикана од милионите бегалци што ја напуштија Украина.

The post Бајден денеска заминува за Европа на средби со сојузниците од ЕУ и НАТО appeared first on Република.

]]>