сојузен суд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuzen-sud/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jan 2022 09:14:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сојузен суд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuzen-sud/ 32 32 Ѓоковиќ e депортиран поради појавување во јавност кога бил ковид-позитивен https://arhiva3.republika.mk/vesti/sojuzniot-sud-ja-otkri-glavnata-prichina-za-deportacijata-na-gjokovikj/ Thu, 20 Jan 2022 09:10:51 +0000 https://republika.mk/?p=446975

Сојузниот суд на Австралија јавно ги достави сите детали од донесената пресуда за случајот „Новак Ѓоковиќ“, а во документот кој содржи точно 106 точки, се наведуваат сите сомнителни потези на светскиот рекет број еден во обидот да добие краткорочна виза за престој во Мелбурн за време на Австралија Опен.

Новак ја доби првата битка на Федералниот суд и направи поништената виза да му биде вратена, но по 11 дена минати во Австралија, на крајот беше депортиран откако Сојузниот суд по вторпат му го одзема правото да биде слободен граѓанин во државата Викторија.

Во објавената пресуда се образложени сите дејствија на Ѓоковиќ со царинската полиција и неговите контроверзни активности при добиениот позитивен ПЦР тест на 16-ти декември, а од тоа што е прикажано во документацијата, слободно може да се заклучи дека Новак на крајот е депортиран поради неговот појавување во јавноста со позитивен тест.

Министерот за имиграција Алекс Хок во својот извештај наведе дека тоа е лош пример за граѓаните во Австралија и може да донесе контра-ефект, а ваквиот став на министерот беше усвоен од сојузниот Суд.

Во прикажаните документи за да добие виза и медицинско ослободување, Новак навел дека бил позитивен на Ковид 19 на 16-ти декември, но еден ден подоцна делел трофеи во Белград, а наредниот одработил интервју со „Л’Екип“ иако знаел дека има позитивен ПЦР тест. Оваа ставка се споменува како пресудна за депортацијата на светскиот рекет број еден, кој на крајот остана без шанса да ја брани освоената титула на својот омилен грен слем турнир.

The post Ѓоковиќ e депортиран поради појавување во јавност кога бил ковид-позитивен appeared first on Република.

]]>

Сојузниот суд на Австралија јавно ги достави сите детали од донесената пресуда за случајот „Новак Ѓоковиќ“, а во документот кој содржи точно 106 точки, се наведуваат сите сомнителни потези на светскиот рекет број еден во обидот да добие краткорочна виза за престој во Мелбурн за време на Австралија Опен. Новак ја доби првата битка на Федералниот суд и направи поништената виза да му биде вратена, но по 11 дена минати во Австралија, на крајот беше депортиран откако Сојузниот суд по вторпат му го одзема правото да биде слободен граѓанин во државата Викторија. Во објавената пресуда се образложени сите дејствија на Ѓоковиќ со царинската полиција и неговите контроверзни активности при добиениот позитивен ПЦР тест на 16-ти декември, а од тоа што е прикажано во документацијата, слободно може да се заклучи дека Новак на крајот е депортиран поради неговот појавување во јавноста со позитивен тест. Министерот за имиграција Алекс Хок во својот извештај наведе дека тоа е лош пример за граѓаните во Австралија и може да донесе контра-ефект, а ваквиот став на министерот беше усвоен од сојузниот Суд. Во прикажаните документи за да добие виза и медицинско ослободување, Новак навел дека бил позитивен на Ковид 19 на 16-ти декември, но еден ден подоцна делел трофеи во Белград, а наредниот одработил интервју со „Л’Екип“ иако знаел дека има позитивен ПЦР тест. Оваа ставка се споменува како пресудна за депортацијата на светскиот рекет број еден, кој на крајот остана без шанса да ја брани освоената титула на својот омилен грен слем турнир.

The post Ѓоковиќ e депортиран поради појавување во јавност кога бил ковид-позитивен appeared first on Република.

]]>