сојуз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuz/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jul 2024 11:15:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сојуз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuz/ 32 32 Холандската екстремно десничарска партија ќе се приклучи на новиот сојуз на Орбан во Европарламентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandskata-ekstremno-desnicharska-partija-ke-se-prikluchi-na-noviot-sojuz-na-orban-vo-evroparlamentot/ Sat, 06 Jul 2024 11:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=794008

Холандска екстремно десничарска националистичка Партија на слободата (ПВВ) ќе се приклучи на новиот сојуз на истомисленици во Европскиот парламент, соопшти нејзиниот лидер.

Наречен Патриоти за Европа, сојузот неодамна го формираше унгарскиот премиер Виктор Орбан, потсетува ДПА.

Ние сме патриоти на ПВВ, ја сакаме нашата нација. Силна и суверена. Се спротивставуваме на илегалната имиграција. Ние ги браниме мирот и слободата. И ја поддржуваме Украина. Го штитиме нашето јудео-христијанско наследство. И нашите семејства, напиша синоќа на Х лидерот на ПВВ Герт Вилдерс.

- Сакаме да ги комбинираме силите во ЕП и гордо ќе се приклучиме на Патриоти за Европа!, нагласи тој.

Партијата на Вилдерс победи на парламентарните избори во Холандија во ноември минатата година. ПВВ е најголемата партија во новата десничарска коалиција која положи заклетва во вторникот. Дик Шуф, поранешен шеф на холандската разузнавачка служба, е премиер.

На јунските избори за Европскиот парламент, ПВВ освои шест пратенички места.

Партијата Фидес на Орбан, австриската крајнодесничарска Партија на слободата и популистичката чешка партија АНО беа првите членки на алијансата Патриоти за Европа кога беше промовирана кон крајот на минатиот месец.

Шпанската крајно десничарска „Вокс“ и португалската крајнодесничарска партија „Чега“, исто така неодамна соопштија дека ќе се приклучат.

Со најавата на Вилдерс, новата група ќе има европратеници од шест земји – за статус на група во Европскиот парламент потребно е членство на европратеници од најмалку седум земји.

Засега, Алтернатива за Германија (АфД) одби да се приклучи.

The post Холандската екстремно десничарска партија ќе се приклучи на новиот сојуз на Орбан во Европарламентот appeared first on Република.

]]>

Холандска екстремно десничарска националистичка Партија на слободата (ПВВ) ќе се приклучи на новиот сојуз на истомисленици во Европскиот парламент, соопшти нејзиниот лидер. Наречен Патриоти за Европа, сојузот неодамна го формираше унгарскиот премиер Виктор Орбан, потсетува ДПА. Ние сме патриоти на ПВВ, ја сакаме нашата нација. Силна и суверена. Се спротивставуваме на илегалната имиграција. Ние ги браниме мирот и слободата. И ја поддржуваме Украина. Го штитиме нашето јудео-христијанско наследство. И нашите семејства, напиша синоќа на Х лидерот на ПВВ Герт Вилдерс. - Сакаме да ги комбинираме силите во ЕП и гордо ќе се приклучиме на Патриоти за Европа!, нагласи тој. Партијата на Вилдерс победи на парламентарните избори во Холандија во ноември минатата година. ПВВ е најголемата партија во новата десничарска коалиција која положи заклетва во вторникот. Дик Шуф, поранешен шеф на холандската разузнавачка служба, е премиер. На јунските избори за Европскиот парламент, ПВВ освои шест пратенички места. Партијата Фидес на Орбан, австриската крајнодесничарска Партија на слободата и популистичката чешка партија АНО беа првите членки на алијансата Патриоти за Европа кога беше промовирана кон крајот на минатиот месец. Шпанската крајно десничарска „Вокс“ и португалската крајнодесничарска партија „Чега“, исто така неодамна соопштија дека ќе се приклучат. Со најавата на Вилдерс, новата група ќе има европратеници од шест земји – за статус на група во Европскиот парламент потребно е членство на европратеници од најмалку седум земји. Засега, Алтернатива за Германија (АфД) одби да се приклучи.

The post Холандската екстремно десничарска партија ќе се приклучи на новиот сојуз на Орбан во Европарламентот appeared first on Република.

]]>
Русија и Кина не создаваат воен сојуз, тврди Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-i-kina-ne-sozdavaat-voen-sojuz-tvrdi-putin/ Sun, 26 Mar 2023 14:03:38 +0000 https://republika.mk/?p=623862

Русија и Кина не воспоставуваат воен сојуз и не кријат ништо поврзано со својата воена соработка, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во интервју за државната телевизија.

Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг го потврдија своето пријателство и ветија дека ќе воспостават поблиски врски на самитот во Москва претходно оваа недела, додека Русија се обидува да напредува во, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“ во Украина.

Не основаме никаков воен сојуз со Кина. Да, ние соработуваме на полето на воено-техничката интеракција. Не го криеме тоа. Сè е транспарентно, нема ништо тајно, додаде Путин.

Рускиот претседател исто така рече дека западните сили се обидуваат да создадат повеќе глобални сојузи, обвинувајќи ги САД и НАТО дека почнале да градат нова „оска“ слична на сојузот од Втората светска војна меѓу Германија, Италија и Јапонија.

Затоа западните аналитичари зборуваат за фактот дека Западот почнува да гради нова оска слична на онаа што во 1930-тите ја создадоа фашистичките режими на Германија и Италија и милитаристичка Јапонија, оцени Путин.

The post Русија и Кина не создаваат воен сојуз, тврди Путин appeared first on Република.

]]>

Русија и Кина не воспоставуваат воен сојуз и не кријат ништо поврзано со својата воена соработка, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во интервју за државната телевизија. Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг го потврдија своето пријателство и ветија дека ќе воспостават поблиски врски на самитот во Москва претходно оваа недела, додека Русија се обидува да напредува во, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“ во Украина.
Не основаме никаков воен сојуз со Кина. Да, ние соработуваме на полето на воено-техничката интеракција. Не го криеме тоа. Сè е транспарентно, нема ништо тајно, додаде Путин.
Рускиот претседател исто така рече дека западните сили се обидуваат да создадат повеќе глобални сојузи, обвинувајќи ги САД и НАТО дека почнале да градат нова „оска“ слична на сојузот од Втората светска војна меѓу Германија, Италија и Јапонија.
Затоа западните аналитичари зборуваат за фактот дека Западот почнува да гради нова оска слична на онаа што во 1930-тите ја создадоа фашистичките режими на Германија и Италија и милитаристичка Јапонија, оцени Путин.

The post Русија и Кина не создаваат воен сојуз, тврди Путин appeared first on Република.

]]>