Сојуз на стопански комори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuz-na-stopanski-komori/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Feb 2023 10:41:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сојуз на стопански комори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuz-na-stopanski-komori/ 32 32 ССК: Предлог-законот за работни односи е конфузен, неразбирлив и неприменлив https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssk-predlog-zakonot-za-rabotni-odnosi-e-konfuzen-nerazbirliv-i-neprimenliv/ Fri, 24 Feb 2023 10:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=612682

Потребата од комплетно нов закон за работни односи е одамна утврдена, но измените кои се прават мора да се одраз на современите трендови на пазарот на трудот и динамичните односи меѓу работната сила и работодавачите, истакнува Сојузот на стопански комори на Македонија.

За да има задоволни работници потребно е да постојат здрави компании кои ќе работат во економско и деловно опкружување каде ќе има рамноправни услови за сите деловни субјекти. Предлог текстот на новиот закон за работни односи во ваква форма во која е даден е конфузен, неразбирлив и неприменлив, посебно во делот на уредување на договорите. Сојузот истакнува мислење дека не треба да има ограничување на број на анекси и скратување на времето на договор на определено време. Се соочуваме со недостаток на квалификувана работна сила која е многу мобилна и со наметнување на потешки правила, само го комплицира функционирањето на компаниите, реагираат од ССК.

Како спорни во предложеното решение ги наоѓаат и членовите од законот, каде се бара 100 процентно покривање на платата и во услови кога правното лице не работи, што, според ССК, преставува нелогично и тешко остварливо решение и може негативно да се одрази на понатамошно продолжување со работа. Исто така, додаваат, сè уште не се дефинирани условите и начинот за тоа, кој ќе ги сноси трошоците за дополнително родителско отсуство.

Сојузот на оваа тема оствари комуникација и со синдикатите при што се доаѓа до заклучок дека од текстот на новиот закон кој е на јавна расправа не се задоволни ниту работодавачите ниту синдикатите. Основата е на база на стари услови, а врз база на истите се вметнуваат промени кои не може да ги отсликаат современите трендови на работење и на овој начин не се постигнува она кое треба да биде темел на работењето на секоја компанија. Предложениот текст на законот има потреба од значајна доработка за да биде применлив во ново создадените услови за работа, а во текот на транспарентниот процес на јавни расправи има предлози кои даваат значаен инпут во позитивна насока. Исто така ја акцентираме и потребата паралелно со овој процес да се преземат и сериозни дејствија за намалување на сивата економија и за создавање на услови за здраво, предвидливо работење и инвестирање во инфраструкурата и капиталните позиции, реагираат од Сојузот.

The post ССК: Предлог-законот за работни односи е конфузен, неразбирлив и неприменлив appeared first on Република.

]]>

Ангелоски: Излезот од кризата е во нови инвестиции, иновации и претприемништво https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angeloski-izlezot-od-krizata-e-vo-novi-investicii-inovacii-i-pretpriemnishtvo/ Sat, 05 Nov 2022 10:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=569818

Во нашата земја се уште треба да се инвестира во развој на претприемништвото бидејќи тоа ќе да придонесе во развој на економијата и ќе креира решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваме меѓу кои и актуелните поврзани со енергетската криза, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски во дискусијата на настанот „Менаџерски муабети 5“ кој се одржува во рамки на седмата Меѓународна научна конференција со тематски фокус „Академиски и менаџерски предизвици, остварувања и научени лекции од земјите во транзиција кон пазарно стопанство“ што се одржа во Битола во организација на Бизнис Академија Смилевски и БАС Институтот за менаџмент Битола.

Процесот на создавање на претприемничка култура е започнат но се уште недостасува временски период за да се достигне посакуваното ниво. Македонските менаџери имаат мало или скромно интернационално искуство што негативно влијае врз нивниот професионален развој и раст, споредено со нивните колеги во странство. За развој на претприемништвото и подигнување на неговото ниво неопходно е да се посвети поголеми внимание на воспоставување на интернационални релации, истакна Ангелоски.

Тој потенцираше дека претприемништвото претставува склоп од две карактеристики, поседување на лични квалитети и стекнување на соодветни вештини.

Важно е да се препознае потенцијалот на овие луѓе кои поседуваат лични карактеристики важни за развој на претприемништвото и да се насочат и охрабрат да стекнат и потребни вештини и да зачекорат по патот кон развој на сопствен бизнис. Сојузот тука игра важна улога од една страна преку промоција на успешни примери кои треба да охрабрат и да поттикнат нови претприемачи, и од друга како техничка поддршка, поврзување и вмрежување на домашниот и меѓународниот пазар, потенцираше Ангелоски.

Вo дискусијата тој се осврна и на важноста на инвестициите во обновливи извори на енергија, енергетски менаџмент и производство на храна како важни предуслови на полесно надминување на актуелната криза со глобални димензии.

Овие три аспекти се најважни за намалување на последиците и полесно понатамошно заздравување на економијата и општеството во целина. Затоа и мерките и политики кои Сојузот ги препознава како најсоодветни се поврзани со инвестиции во енергетиката, храната, соодветното менаџирање. Сојузот како активен чините во креирање на политики во континуитет доставуваат предлози и мерки до надлежните институции. Излезот од кризата треба да го бараме во нови инвестиции, осовременување, иновации и се тоа гледано низ призмата на претприемништвото кое во некој нов проблем, гледа нова шанса и можност, порача Ангелоски.

Со претседателот на Сојузот дебатираа и Наташа Несторовска, член на Управен одбор на АД Стопанска банка Битола, Христина Фуна сосопственик и финансиски менаџер на Синпекс Битола и Благоја Стојчевски, сосопственик и менаџер на Тримод Тим ДОО.

Оваа години како соорганизатори на Меѓународната конференција се и Факултетот за бизнис студии и право и Факултетот за информатички технологии и инженеринг, двата во состав на Универзитетот Унион Никола Тесла од Белград, Универзитетот Милтон Фридман од Будимпешта, Унгарија, МНД Битола, Albanian University од Тирана и Белградската академија бизниси уметнички стручни студии.

За дводневната конференција беа презентирани 44 трудови, од кои 3 во пленарниот дел од останатите 41 труд во 4 тематски форуми, кои опфаќаат минати, сегашни и идни предизвици. Во текот на седумте конференциски настани одржани во изминатите години се презентирани 545 научно – истражувачки труд, како плод на досегашната работа на програмскиот и организацискиот одбор, како и на сите соорганизатори оваа година и наназад.

The post Ангелоски: Излезот од кризата е во нови инвестиции, иновации и претприемништво appeared first on Република.

]]>

Во нашата земја се уште треба да се инвестира во развој на претприемништвото бидејќи тоа ќе да придонесе во развој на економијата и ќе креира решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваме меѓу кои и актуелните поврзани со енергетската криза, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски во дискусијата на настанот „Менаџерски муабети 5“ кој се одржува во рамки на седмата Меѓународна научна конференција со тематски фокус „Академиски и менаџерски предизвици, остварувања и научени лекции од земјите во транзиција кон пазарно стопанство“ што се одржа во Битола во организација на Бизнис Академија Смилевски и БАС Институтот за менаџмент Битола.
Процесот на создавање на претприемничка култура е започнат но се уште недостасува временски период за да се достигне посакуваното ниво. Македонските менаџери имаат мало или скромно интернационално искуство што негативно влијае врз нивниот професионален развој и раст, споредено со нивните колеги во странство. За развој на претприемништвото и подигнување на неговото ниво неопходно е да се посвети поголеми внимание на воспоставување на интернационални релации, истакна Ангелоски.
Тој потенцираше дека претприемништвото претставува склоп од две карактеристики, поседување на лични квалитети и стекнување на соодветни вештини.
Важно е да се препознае потенцијалот на овие луѓе кои поседуваат лични карактеристики важни за развој на претприемништвото и да се насочат и охрабрат да стекнат и потребни вештини и да зачекорат по патот кон развој на сопствен бизнис. Сојузот тука игра важна улога од една страна преку промоција на успешни примери кои треба да охрабрат и да поттикнат нови претприемачи, и од друга како техничка поддршка, поврзување и вмрежување на домашниот и меѓународниот пазар, потенцираше Ангелоски.
Вo дискусијата тој се осврна и на важноста на инвестициите во обновливи извори на енергија, енергетски менаџмент и производство на храна како важни предуслови на полесно надминување на актуелната криза со глобални димензии.
Овие три аспекти се најважни за намалување на последиците и полесно понатамошно заздравување на економијата и општеството во целина. Затоа и мерките и политики кои Сојузот ги препознава како најсоодветни се поврзани со инвестиции во енергетиката, храната, соодветното менаџирање. Сојузот како активен чините во креирање на политики во континуитет доставуваат предлози и мерки до надлежните институции. Излезот од кризата треба да го бараме во нови инвестиции, осовременување, иновации и се тоа гледано низ призмата на претприемништвото кое во некој нов проблем, гледа нова шанса и можност, порача Ангелоски.
Со претседателот на Сојузот дебатираа и Наташа Несторовска, член на Управен одбор на АД Стопанска банка Битола, Христина Фуна сосопственик и финансиски менаџер на Синпекс Битола и Благоја Стојчевски, сосопственик и менаџер на Тримод Тим ДОО. Оваа години како соорганизатори на Меѓународната конференција се и Факултетот за бизнис студии и право и Факултетот за информатички технологии и инженеринг, двата во состав на Универзитетот Унион Никола Тесла од Белград, Универзитетот Милтон Фридман од Будимпешта, Унгарија, МНД Битола, Albanian University од Тирана и Белградската академија бизниси уметнички стручни студии. За дводневната конференција беа презентирани 44 трудови, од кои 3 во пленарниот дел од останатите 41 труд во 4 тематски форуми, кои опфаќаат минати, сегашни и идни предизвици. Во текот на седумте конференциски настани одржани во изминатите години се презентирани 545 научно – истражувачки труд, како плод на досегашната работа на програмскиот и организацискиот одбор, како и на сите соорганизатори оваа година и наназад.

The post Ангелоски: Излезот од кризата е во нови инвестиции, иновации и претприемништво appeared first on Република.

]]>
ССК: Нема логика да се даваат субвенции, а да се воведуваат нови даноци https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssk-nema-logika-da-se-davaat-subvencii-a-da-se-voveduvaat-novi-danoci/ Fri, 26 Aug 2022 19:33:20 +0000 https://republika.mk/?p=544578

Раководството на Сојузот на стопански комори порача Владата да биде повнимателна при креирањето и носењето на најавената даночна реформа во, како што велат, овие тешки времиња кога стопанството се наоѓа во тежок постковид период,  зафатено е од енергетска криза и е во нарушен глобален синџир на снабдување.

-Државата треба да се фокусира на заштеди и рационализација  во Буџетот, а редно време е да размислува и за приватизација на одредени несуштински работи кои ги поседува, а кои со години можеби бележат загуби, рече денеска на прес-конференција претседателот на ССК Трајан Ангелоски.

Државата, посочи, има акции во Телеком, ние сме либерализиран пазар, и не ја гледаме потребата зошто државата сега на некој начин да тера бизнис во Телеком. Има и во железници итн. кои и така и вака секоја година гледаме бележат загуби.

-Дефинитивно државата треба да размисли на рационализација во буџетските трошења. Моментов за воведување нови даноци треба многу внимателно да се размисли. Во ваква елементарна непогода со цените на енергенсите не сум убеден како би се одразиле нови даноци  затоа што прашање е која фирма ќе има позитивни резултати за да ги измирува дополнителните даноци, посоочи Ангелоски.

На вчерашната средба во Владата со коморите министерот за финансии Фатмир Бесими се изјаснил позитивно во однос на приливите во Буџетот, а тоа, посочи Ангелоски, е очекувано со оглед дека инфлацијата ги зголемува цените на производите и на тој начин даноците  процентуално се наплаќаат,  растат и вредностите на приливи во буџетот.

-Не треба да размислуваме доколку се даваат одредени стимулации за цената на електричната енергија веднаш дали да се воведуваат и нови даноци, мислам дека нема поврзаност помеѓу овие две работи и се губи логиката на давање на тие стимулации за евентуално избегнување на високите вредности на струјата, рече претседателот на ССК, на прес-конференцијата на која ги претстави последиците во стопанството од енергетската криза и предлозите на ССК за штедење.

The post ССК: Нема логика да се даваат субвенции, а да се воведуваат нови даноци appeared first on Република.

ЕСМ: Продаваме „ноќни вишоци“ струја по цена 250 до 320 евра за мегават час https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-prodavame-nokjni-vishoci-struja-po-cena-250-do-320-evra-za-megavat-chas/ Fri, 26 Aug 2022 18:19:20 +0000 https://republika.mk/?p=544550

ЕСМ продава само „ноќни вишоци“ електрична енергија, кои остануваат во периодот 2 до 7 часот и кои произлегуваат од работењето на термоелектраните во најнизок режим на одржување во текот на ноќта, до засиленото производство на почетокот на денот, се наведува во реакцијата на АД ЕСМ на прес-конференцијата на Сојузот на стопанските комори (ССК).

Цените на таа ноќна енергија се движат од 250 до 320 евра за мегават час. Ноќната енергија нема врска со базната и пиковата енергијата, чии цени достигнуваат до 700 евра, односно тоа се различни работи. Купувачи на ноќните вишоци се сите стопански субјекти кои имаат потреба од струја во текот на ноќта или трговци со струја, се наведува во реакцијата на ЕСМ.

Од компанијата посочуваат дека АД ЕСМ работи максимално, согласно моменталните капацитети и ресурси и целосно ги задоволува потребите на граѓаните и малите потрошувачи, за кои и има законска обврска.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/angeloski-na-ekonomijata-se-zakanuva-energetsko-cunami-cenata-na-strujata-da-se-ogranichi/

The post ЕСМ: Продаваме „ноќни вишоци“ струја по цена 250 до 320 евра за мегават час appeared first on Република.

]]>

ЕСМ продава само „ноќни вишоци“ електрична енергија, кои остануваат во периодот 2 до 7 часот и кои произлегуваат од работењето на термоелектраните во најнизок режим на одржување во текот на ноќта, до засиленото производство на почетокот на денот, се наведува во реакцијата на АД ЕСМ на прес-конференцијата на Сојузот на стопанските комори (ССК).
Цените на таа ноќна енергија се движат од 250 до 320 евра за мегават час. Ноќната енергија нема врска со базната и пиковата енергијата, чии цени достигнуваат до 700 евра, односно тоа се различни работи. Купувачи на ноќните вишоци се сите стопански субјекти кои имаат потреба од струја во текот на ноќта или трговци со струја, се наведува во реакцијата на ЕСМ.
Од компанијата посочуваат дека АД ЕСМ работи максимално, согласно моменталните капацитети и ресурси и целосно ги задоволува потребите на граѓаните и малите потрошувачи, за кои и има законска обврска. https://republika.mk/vesti/ekonomija/angeloski-na-ekonomijata-se-zakanuva-energetsko-cunami-cenata-na-strujata-da-se-ogranichi/

The post ЕСМ: Продаваме „ноќни вишоци“ струја по цена 250 до 320 евра за мегават час appeared first on Република.

]]>
ССК бара активирање на државните резерви https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssk-bara-aktiviranje-na-drzavnite-rezervi/ Thu, 02 Jun 2022 12:09:37 +0000 https://republika.mk/?p=510167

Итно да се елиминираат непотребните и комплицирани бирократски процедури за инсталирање обновливи извори на енергија кои траат по 60 до 90 дена, да се зголеми домашното производство на основните земјоделски култури и да се активираат државните резерви ако сакаме полесно да ги пребродиме ценовните шокови, апелира денеска Сојузот на стопански комори (ССК).

Според ССК, компаниите се подготвени да инвестираат во обновливи извори, но главна пречка им се сложените административни постапки. Иако некои веќе ја имаат обезбедено опремата и треба да ја монтираат, губат време за вадење дозволи и документи, „трчајќи“ во општините и низ институциите.

Бараме решителна реакција, сега и веднаш. Има најави, но бараме дела. Ако сакаме да се заштитиме од ценовни шокови, треба да одиме во еден правец – домашно производство и на енергенти и на прехранбени производи. На тој начин шоковите би биле помали и ситуацијата би се држела некако под контрола. Производството може да се зголеми, можеби не драстично, но секојдневно секако да, рече претседателот на ССК Трајан Ангелоски, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектот за Сертификат за деловна успешност.

Според Ангелоски, главното прашање, сепак, е енергетиката и државата мора да реагира веднаш. Доцниме со инвестициите и сега, кога приватниот сектор презема иницијативи, тие се закочени, не можат да се реализираат.

Од тука доаѓаат сите ценовни шокови и тука имаме апсолутно барање: реакција веднаш – укинување на комплицираните процедури за добивање дозволи за инсталирање обновливи извори. Компаниите можат добар дел од енергетските потреби сами да ги задоволат, а неопходното ќе го купат. Нема потреба да имаме толку сложени процедури, да губиме време по општини за градежни дозволи или по институции за вадење документи. Чекаме по 60 – 90 дена. Според неофицијални информации, само во една од скопските општини има 30 – 40 предмети за обновливи извори. Денес не е проблем да се обезбеди опремата, но на обезбедена опрема и можност таа да се монтира, ние сме закочени во административните процедури, подвлече Ангелоски.

Тој укажа дека земјава годишно увезува преку една милијарда евра енергенти.

Веќе доаѓаат новите понуди и има две алтернативи: да инвестирате во обновливи извори и инвестицијата да ја вратите за три до четири години или да платите високи сметки и ништо да не добиете. Мислам дека е најпаметно да се инвестира во обнолниви извори, овој бран да се искористи во позитивен правец. Има многу површини на кои може да се инсталираат уредите, достапни се на пазарот, многу компании навлегоа во нивна монтажа и поставување, бирократските процедури се навистина непотребни. Затоа бараме се што е бирократска процедура да се симплифицра и тоа веднаш да се стори. Во оваа криза така најадекватно сите што можат да инвестираат, ќе се заштитат од ценовните шокови, потенцира претседателот на ССК.

Во однос на мелничко-пекарската индустрија, тој потсети дека подолго време се бара интервенција и активирање на државните резерви.

-Не ни е јасно зошто нема интервенција. Можеби владините структури имаат други методологии на активирање, но ние сметаме дека резервите служат за кога има недостаоци на пазарот или на високи ценовни шокови. Еден услов е исполнет. Не можам да кажам дали активирањето е задоцнето, но нашето барање е да се актиираат резервите сега, во услови на ценовни шокови, истакна Ангелоски и додаде дека „сега е моментот да покажеме дали сме навистина земјоделска земја како што постојано велиме“.

Коментирајќи ги цените во светски рамки, Ангелоски рече дека повеќето производи се на стабилно ниво.

-Три групи производи беа идентификувани како пробматични во февруари и март: металите, енергетните и прехранебите производи. Металите се горе-долу стабилизирани, со прехранбените се случува нешто слично ако се занемари делот со даноците, а во однос на енергентите, летен период е и не можеме да кажеме точно што ќе се случува со оглед и на новите санцкии кои ги наметнува ЕУ. Непознаница е следната зима во кој правец ќе одат цените, оцени претседателот на ССК.

Сојузот нема дилеми дека ценовниот шок од вчера до денеска е резултат на непродолжувањето на владината одлука за висината на ДДВ. Водно оценува и дека беше сосема нелогична одлуката со која се укина маржата за некои производи.

-Нашите очекувања беа постепено да се нивелираат даночните ослободувања, рече Ангелоски.

The post ССК бара активирање на државните резерви appeared first on Република.

]]>

Итно да се елиминираат непотребните и комплицирани бирократски процедури за инсталирање обновливи извори на енергија кои траат по 60 до 90 дена, да се зголеми домашното производство на основните земјоделски култури и да се активираат државните резерви ако сакаме полесно да ги пребродиме ценовните шокови, апелира денеска Сојузот на стопански комори (ССК). Според ССК, компаниите се подготвени да инвестираат во обновливи извори, но главна пречка им се сложените административни постапки. Иако некои веќе ја имаат обезбедено опремата и треба да ја монтираат, губат време за вадење дозволи и документи, „трчајќи“ во општините и низ институциите.
Бараме решителна реакција, сега и веднаш. Има најави, но бараме дела. Ако сакаме да се заштитиме од ценовни шокови, треба да одиме во еден правец – домашно производство и на енергенти и на прехранбени производи. На тој начин шоковите би биле помали и ситуацијата би се држела некако под контрола. Производството може да се зголеми, можеби не драстично, но секојдневно секако да, рече претседателот на ССК Трајан Ангелоски, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектот за Сертификат за деловна успешност.
Според Ангелоски, главното прашање, сепак, е енергетиката и државата мора да реагира веднаш. Доцниме со инвестициите и сега, кога приватниот сектор презема иницијативи, тие се закочени, не можат да се реализираат.
Од тука доаѓаат сите ценовни шокови и тука имаме апсолутно барање: реакција веднаш – укинување на комплицираните процедури за добивање дозволи за инсталирање обновливи извори. Компаниите можат добар дел од енергетските потреби сами да ги задоволат, а неопходното ќе го купат. Нема потреба да имаме толку сложени процедури, да губиме време по општини за градежни дозволи или по институции за вадење документи. Чекаме по 60 – 90 дена. Според неофицијални информации, само во една од скопските општини има 30 – 40 предмети за обновливи извори. Денес не е проблем да се обезбеди опремата, но на обезбедена опрема и можност таа да се монтира, ние сме закочени во административните процедури, подвлече Ангелоски.
Тој укажа дека земјава годишно увезува преку една милијарда евра енергенти.
Веќе доаѓаат новите понуди и има две алтернативи: да инвестирате во обновливи извори и инвестицијата да ја вратите за три до четири години или да платите високи сметки и ништо да не добиете. Мислам дека е најпаметно да се инвестира во обнолниви извори, овој бран да се искористи во позитивен правец. Има многу површини на кои може да се инсталираат уредите, достапни се на пазарот, многу компании навлегоа во нивна монтажа и поставување, бирократските процедури се навистина непотребни. Затоа бараме се што е бирократска процедура да се симплифицра и тоа веднаш да се стори. Во оваа криза така најадекватно сите што можат да инвестираат, ќе се заштитат од ценовните шокови, потенцира претседателот на ССК.
Во однос на мелничко-пекарската индустрија, тој потсети дека подолго време се бара интервенција и активирање на државните резерви. -Не ни е јасно зошто нема интервенција. Можеби владините структури имаат други методологии на активирање, но ние сметаме дека резервите служат за кога има недостаоци на пазарот или на високи ценовни шокови. Еден услов е исполнет. Не можам да кажам дали активирањето е задоцнето, но нашето барање е да се актиираат резервите сега, во услови на ценовни шокови, истакна Ангелоски и додаде дека „сега е моментот да покажеме дали сме навистина земјоделска земја како што постојано велиме“. Коментирајќи ги цените во светски рамки, Ангелоски рече дека повеќето производи се на стабилно ниво. -Три групи производи беа идентификувани како пробматични во февруари и март: металите, енергетните и прехранебите производи. Металите се горе-долу стабилизирани, со прехранбените се случува нешто слично ако се занемари делот со даноците, а во однос на енергентите, летен период е и не можеме да кажеме точно што ќе се случува со оглед и на новите санцкии кои ги наметнува ЕУ. Непознаница е следната зима во кој правец ќе одат цените, оцени претседателот на ССК. Сојузот нема дилеми дека ценовниот шок од вчера до денеска е резултат на непродолжувањето на владината одлука за висината на ДДВ. Водно оценува и дека беше сосема нелогична одлуката со која се укина маржата за некои производи. -Нашите очекувања беа постепено да се нивелираат даночните ослободувања, рече Ангелоски.

The post ССК бара активирање на државните резерви appeared first on Република.

]]>
Запален автомобилот на директорка од ССК, раководството откри со какви смртни закани се соочуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zapalen-avtomobilot-na-direktorka-od-ssk-rakovodstvoto-otkri-so-kakvi-smrtni-zakani-se-soochuvaat/ Fri, 25 Feb 2022 12:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=463821

Раководството на Сојузот на стопански комори (ССК) се соочува со закани и притисоци околу функционирањето, во изминатите два месеца упатувани преку телефон и писма, а ноќеска бил запален и автомобилот на извршната директорка, тврди Трајан Ангелоски, претседател на ССК.

Ангелоски на прес-конференција рече дека кон него биле упатени притисоци да си даде оставка од здравствени причини, а кон извршната директорка како да постапува.

Веќе втор месец јас лично добивам закани, притисоци, кои на ниту еден начин не се испровоцирани, ниту е даден повод и причина, а во изминативе денови веќе кон извршната директорка на многу експлицитен начин се извршија одредени акти кои навлегуваат дури и во сферата на потешки криминални дејства и потешки дела на безбедноста. Станува збор за телефонски и закани упатени преку писма, а изминатата ноќ во 1.30 часот е запалено возилото на нашата извршна директорка, кое е во директна релација со претходното писмо каде на експлицитен начин се дадени рокови, ултиматиуми како треба да се однесува и да постапи на одредени лица кои го упатиле ова писмо, рече Ангелоски.

Побара брзо и одлучно постапување од надлежните институции и праша дали „државава е место каде некој треба да се грижи за својата безбедност“. Апелира до институции да ги заштитат нив како личности, како и интегритетот на комората како организација која, како што посочи, делува за економските случувања и на ниту еден случај нема допирни точки со вакви негативни појави. Заклучно со ноќешниот настан досега поднеле три пријави до Министерството за внатрешни работи, кое, како што рече, веќе постапува.

На новинарско прашање на што се однесуваат заканите Ангелоски посочи дека според писмото што го добил како слика што му го испратила извршната директорка додека тој со државната делегација изминатите денови престојуваше во Дубаи, јасно се иницира дека станува збор за работи поврзани со ССК.

Посочи дека не може да шпекулира и наведе дека можеби заканите се од структури кои се внатре или кои не се веќе во ССК, но оти оставаат на институциите да си ја завршат својата работа.

Заканите се однесуваат околу функционирањето на ССК, не станува збор за државна институција, туку за одредени лица кои можеби се внатре, кои можеби повеќе не се во Сојузот. Но, генерално од заканите и писмата тоа веќе го има во документациска форма и во МВР јасно иницира, се бара еве кон мене да поднесам оставка од здравствени причини и доколку не го сторам тоа дека знаете ќе ви се случи… имате ветувања од ваков или онаков тип, рече Ангелоски.

The post Запален автомобилот на директорка од ССК, раководството откри со какви смртни закани се соочуваат appeared first on Република.

]]>

Раководството на Сојузот на стопански комори (ССК) се соочува со закани и притисоци околу функционирањето, во изминатите два месеца упатувани преку телефон и писма, а ноќеска бил запален и автомобилот на извршната директорка, тврди Трајан Ангелоски, претседател на ССК. Ангелоски на прес-конференција рече дека кон него биле упатени притисоци да си даде оставка од здравствени причини, а кон извршната директорка како да постапува.
Веќе втор месец јас лично добивам закани, притисоци, кои на ниту еден начин не се испровоцирани, ниту е даден повод и причина, а во изминативе денови веќе кон извршната директорка на многу експлицитен начин се извршија одредени акти кои навлегуваат дури и во сферата на потешки криминални дејства и потешки дела на безбедноста. Станува збор за телефонски и закани упатени преку писма, а изминатата ноќ во 1.30 часот е запалено возилото на нашата извршна директорка, кое е во директна релација со претходното писмо каде на експлицитен начин се дадени рокови, ултиматиуми како треба да се однесува и да постапи на одредени лица кои го упатиле ова писмо, рече Ангелоски.
Побара брзо и одлучно постапување од надлежните институции и праша дали „државава е место каде некој треба да се грижи за својата безбедност“. Апелира до институции да ги заштитат нив како личности, како и интегритетот на комората како организација која, како што посочи, делува за економските случувања и на ниту еден случај нема допирни точки со вакви негативни појави. Заклучно со ноќешниот настан досега поднеле три пријави до Министерството за внатрешни работи, кое, како што рече, веќе постапува. На новинарско прашање на што се однесуваат заканите Ангелоски посочи дека според писмото што го добил како слика што му го испратила извршната директорка додека тој со државната делегација изминатите денови престојуваше во Дубаи, јасно се иницира дека станува збор за работи поврзани со ССК. Посочи дека не може да шпекулира и наведе дека можеби заканите се од структури кои се внатре или кои не се веќе во ССК, но оти оставаат на институциите да си ја завршат својата работа.