Сојуз на средношколци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuz-na-srednoshkolci/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 11:48:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сојуз на средношколци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuz-na-srednoshkolci/ 32 32 Сојузот на средношколци ќе се се приклучи на протестот за проблемот со јавниот превоз во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sojuzot-na-srednoshkoltsi-ke-se-se-prikluchi-na-protestot-za-problemot-so-javniot-prevoz-vo-skopje/ Fri, 22 Nov 2024 11:48:34 +0000 https://republika.mk/?p=840787

Сојузот на средношколци на Република  Македонија соопшти дека активно ќе се приклучи во поддршка на протестот кој ќе се одржи попладнево за состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во Скопје.

Во допис до медиумите Сојузот нагласува дека бараат решение за проблемот кој е „горлив и сериозен“ затоа што „особено ги засега средношколците, правејќи го секојдневното патување до училиштата низ градот сè потешко“.

Протестот ќе почне 14:00 часот пред старата пошта во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14:30 часот. Како млади луѓе кои директно се засегнати, бараме итни и одржливи решенија за враќање на јавниот превоз и обезбедување еднаков пристап до образование за сите ученици, истакнува Сојузот.

Во дописот додава и дека „останува посветен на застапување на правата и потребите на учениците и обезбедување дека нашите гласови ќе бидат слушнати за прашања кои го засегаат нашето образование и секојдневен живот“.

The post Сојузот на средношколци ќе се се приклучи на протестот за проблемот со јавниот превоз во Скопје appeared first on Република.

]]>

Сојузот на средношколци на Република  Македонија соопшти дека активно ќе се приклучи во поддршка на протестот кој ќе се одржи попладнево за состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во Скопје. Во допис до медиумите Сојузот нагласува дека бараат решение за проблемот кој е „горлив и сериозен“ затоа што „особено ги засега средношколците, правејќи го секојдневното патување до училиштата низ градот сè потешко“. Протестот ќе почне 14:00 часот пред старата пошта во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14:30 часот. Како млади луѓе кои директно се засегнати, бараме итни и одржливи решенија за враќање на јавниот превоз и обезбедување еднаков пристап до образование за сите ученици, истакнува Сојузот. Во дописот додава и дека „останува посветен на застапување на правата и потребите на учениците и обезбедување дека нашите гласови ќе бидат слушнати за прашања кои го засегаат нашето образование и секојдневен живот“.

The post Сојузот на средношколци ќе се се приклучи на протестот за проблемот со јавниот превоз во Скопје appeared first on Република.

]]>
Сојузот на средношколци почнува кампања за собирање предлози за подобрување на државната матура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sojuzot-na-srednoshkoltsi-pochnuva-kampana-za-sobirane-predlozi-za-podobruvane-na-drzhavnata-matura/ Thu, 02 Nov 2023 09:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=697308

Сојузот на средношколци денеска почнува кампања за собирање предлози и идеи за подобрување на државната матура.

По тој повод денеска во Europe House ќе се одржи средба на која се поканети претседателите на ученичките заедници од сите средни училишта во Скопје.

The post Сојузот на средношколци почнува кампања за собирање предлози за подобрување на државната матура appeared first on Република.

]]>

Сојузот на средношколци денеска почнува кампања за собирање предлози и идеи за подобрување на државната матура. По тој повод денеска во Europe House ќе се одржи средба на која се поканети претседателите на ученичките заедници од сите средни училишта во Скопје.  

The post Сојузот на средношколци почнува кампања за собирање предлози за подобрување на државната матура appeared first on Република.

]]>
Сојузот на средношколци апелира институциите да ги прифатат барањата на вработените во ДИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sojuzot-na-srednoshkoltsi-apelira-institutsiite-da-gi-prifatat-baranata-na-vrabotenite-vo-dits/ Sat, 27 May 2023 12:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=645176

Матурантите го полагаа испитот по мајчин јазик од државната матура. Првиот екстерен испит е задолжителен за сите ученици.

Според информациите на Државниот испитен центар, околу 10.800 матуранти полагале македонски јазик и литература, околу 4.400 албански јазик и литература, а 357 кандидати полагале турски јазик и литература.

Мнозинството од нив се од средното стручно образование, потоа следат гимназиите, а најмалку застапени се учениците од средното уметничко образование.

Според прелиминарните информации на Сојузот на средношколците, полагањето на првиот екстерен испит поминало во најдобар можен ред и до Сојузот засега не се пристигнати жалби или поплаки по одржувањето на испитот.

Сојузот на средношколци смета дека не смее да ги заборавиме вработените во Државниот испитен центар бидејќи благодарение на нив државата успеа да го организира првиот екстерен испит од државната матура во предвидениот рок.

Ставајќи го штрајкот во мирување, вработените во ДИЦ својот економски интерес го ставија под интересот на оваа генерација матуранти да полага државна матура во дадениот рок и да се здобие со навремени резултати, потребни за запишување на понатамошни студии.

Токму затоа, Сојузот упатува уште еден јавен апел до Министерството за финансии да ја испочитува доблесната одлука на овие 29 луѓе и да ги прифати нивните барања за изедначување на платите со зголемувањата на минималната плата.

Македонските матуранти веќе ја одбранија својата проектната задача, што значи дека им остануваат вториот екстерен испит, којшто е закажан за 10 јуни, и двата интерни испити, кои се полагаат во периодот од 12 до 30 јуни.

The post Сојузот на средношколци апелира институциите да ги прифатат барањата на вработените во ДИЦ appeared first on Република.

]]>

Матурантите го полагаа испитот по мајчин јазик од државната матура. Првиот екстерен испит е задолжителен за сите ученици. Според информациите на Државниот испитен центар, околу 10.800 матуранти полагале македонски јазик и литература, околу 4.400 албански јазик и литература, а 357 кандидати полагале турски јазик и литература. Мнозинството од нив се од средното стручно образование, потоа следат гимназиите, а најмалку застапени се учениците од средното уметничко образование. Според прелиминарните информации на Сојузот на средношколците, полагањето на првиот екстерен испит поминало во најдобар можен ред и до Сојузот засега не се пристигнати жалби или поплаки по одржувањето на испитот. Сојузот на средношколци смета дека не смее да ги заборавиме вработените во Државниот испитен центар бидејќи благодарение на нив државата успеа да го организира првиот екстерен испит од државната матура во предвидениот рок. Ставајќи го штрајкот во мирување, вработените во ДИЦ својот економски интерес го ставија под интересот на оваа генерација матуранти да полага државна матура во дадениот рок и да се здобие со навремени резултати, потребни за запишување на понатамошни студии. Токму затоа, Сојузот упатува уште еден јавен апел до Министерството за финансии да ја испочитува доблесната одлука на овие 29 луѓе и да ги прифати нивните барања за изедначување на платите со зголемувањата на минималната плата. Македонските матуранти веќе ја одбранија својата проектната задача, што значи дека им остануваат вториот екстерен испит, којшто е закажан за 10 јуни, и двата интерни испити, кои се полагаат во периодот од 12 до 30 јуни.

The post Сојузот на средношколци апелира институциите да ги прифатат барањата на вработените во ДИЦ appeared first on Република.

]]>
Сојуз на средношколци: Најверојатно првиот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 27 мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sojuz-na-srednoshkoltsi-najverojatno-prviot-eksteren-ispit-od-drzhavnata-matura-ke-se-polaga-na-27-maj/ Fri, 12 May 2023 07:47:22 +0000 https://republika.mk/?p=639983

Сојузот на средношколци ги известува матурантите и целокупната јавноста дека, според информациите со кои располага, најверојатно ќе се успее во напорот првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, како што е планирано.

Сојузот ова го поздравува. Апелираме на разумност и сериозност и ги повикуваме надлежните државната матура да ја одржат во веќе одредените рокови, наведува Сојузот.

Веќе трета недела е во штрајк синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ), со што се доведува во прашање полагањето на државната матура. Датумите се 27 мај и 10 јуни. Од државната матура зависат уписите на матурантите на факултетите во земјава и во странство.

Сојузот на средношколци ја потсетува јавноста дека одржувањето на државната матура е законска обврска и оттука, како што наведува, државата е должна да ја спроведе во законски предвидениот рок.

Правото на штрајк е секако уставно загарантирано, но правото на образование исто е дел од Уставот. Законот за средното образование го смета одржувањето на матурскиот испит на крајот од секоја учебна година за должност на институциите. Како што кажавме и порано, ако не се одржи државната матура, ќе се создадат огромни проблеми за оваа генерација матуранти кои планираат да студираат во високото образование. Можното неодржување на државната матура најмногу ќе им наштети на матурантите кои планираат да студираат во странство, а според нашите анализи овој број изнесува 12 отсто од секоја една генерација. Токму затоа ја потсетуваме јавноста на нашиот ангажман во месец март за соодветно адаптирање на државната матура во интерес на сите средношколци и го повторуваме нашиот апел возрасните да не ја доведуваат иднината на овие матуранти под прашање, истакнува Сојузот во денешното соопштение.

https://republika.mk/vesti/prodolzhuva-shtrajkot-na-dits-ako-do-petok-nema-dogovor-za-zgolemuvane-na-platite-ke-se-menuvaat-datumite-za-drzhavna-matura/

Синдикатот на ДИЦ вчера одржа прес-конфренција на која соопшти дека на состанокот со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не се договориле во врска со нивните барања за покачувања на платите и остануваат во штрајк. Синдикатот на 8 мај кажа дека воопшто не е изводливо дека првиот испит ќе се полага на 27 мај.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири е дециден дека полагање државна матура на 27 мај мора да има. За да се реализира процесот, ако е потребно, ќе се вклучат, како што најави, и вработените од МОН.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-drzhavna-matura-na-27-maj-ke-ima/

The post Сојуз на средношколци: Најверојатно првиот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 27 мај appeared first on Република.

]]>

Сојузот на средношколци ги известува матурантите и целокупната јавноста дека, според информациите со кои располага, најверојатно ќе се успее во напорот првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, како што е планирано.
Сојузот ова го поздравува. Апелираме на разумност и сериозност и ги повикуваме надлежните државната матура да ја одржат во веќе одредените рокови, наведува Сојузот.
Веќе трета недела е во штрајк синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ), со што се доведува во прашање полагањето на државната матура. Датумите се 27 мај и 10 јуни. Од државната матура зависат уписите на матурантите на факултетите во земјава и во странство. Сојузот на средношколци ја потсетува јавноста дека одржувањето на државната матура е законска обврска и оттука, како што наведува, државата е должна да ја спроведе во законски предвидениот рок.
Правото на штрајк е секако уставно загарантирано, но правото на образование исто е дел од Уставот. Законот за средното образование го смета одржувањето на матурскиот испит на крајот од секоја учебна година за должност на институциите. Како што кажавме и порано, ако не се одржи државната матура, ќе се создадат огромни проблеми за оваа генерација матуранти кои планираат да студираат во високото образование. Можното неодржување на државната матура најмногу ќе им наштети на матурантите кои планираат да студираат во странство, а според нашите анализи овој број изнесува 12 отсто од секоја една генерација. Токму затоа ја потсетуваме јавноста на нашиот ангажман во месец март за соодветно адаптирање на државната матура во интерес на сите средношколци и го повторуваме нашиот апел возрасните да не ја доведуваат иднината на овие матуранти под прашање, истакнува Сојузот во денешното соопштение.
https://republika.mk/vesti/prodolzhuva-shtrajkot-na-dits-ako-do-petok-nema-dogovor-za-zgolemuvane-na-platite-ke-se-menuvaat-datumite-za-drzhavna-matura/ Синдикатот на ДИЦ вчера одржа прес-конфренција на која соопшти дека на состанокот со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не се договориле во врска со нивните барања за покачувања на платите и остануваат во штрајк. Синдикатот на 8 мај кажа дека воопшто не е изводливо дека првиот испит ќе се полага на 27 мај. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири е дециден дека полагање државна матура на 27 мај мора да има. За да се реализира процесот, ако е потребно, ќе се вклучат, како што најави, и вработените од МОН. https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-drzhavna-matura-na-27-maj-ke-ima/  

The post Сојуз на средношколци: Најверојатно првиот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 27 мај appeared first on Република.

]]>
Државната матура ќе биде олеснета, го прифативме компромисот од МОН, прифатени ни се три од четири барања, велат од Сојузот на средношколци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhavnata-matura-ke-bide-olesneta-go-prifativme-kompromisot-od-mon-prifateni-ni-se-tri-od-chetiri-barana-velat-od-sojuzot-na-srednoshkoltsi/ Tue, 28 Mar 2023 09:17:12 +0000 https://republika.mk/?p=624579

Од Сојузот на средношколци информираа дека на вонредна седница одржана синоќа го прифатиле компромисот понуден од страна на Министерството за образование и наука околу државната матура, со кој велат дека државната матура ќе биде прилагодена на состојбата во образованието и ќе биде олеснета за оваа генерација матуранти

Од Сојузот велат дека им биле прифатени три од четирите барања. На матурантите ќе им се олесни полагањето на државната матура бидејќи ќе се обезбедат банки со прашања за интерните испити и овие испити ќе носат повеќе поени при уписот на факултет. Дополнително ќе се намали бројот на прашања и бодови на првиот екстерен испит, а тој ќе се смета за соодветен на сите студиски програми, што значи дополнителни 2 поени при уписот.

„Сегашниот сооднос екстерните испити да носат најмногу 24 поени, а интерните најмногу 12 поени ќе се смени во сооднос екстерните да носат најмногу 20 поени, односно интерните најмногу 16 поени. Министерството за образование и наука преку Владата ќе им издаде препорака на универзитетите да извршат ваква промена во конкурсите. Првиот екстерен испит ќе се смета за соодветен на сите студиски програми што значи дека оценката од овој испит ќе се множи со повисок коефициент. Конкретно, матурантите ќе добијат додатни 2 поени при упис поради оваа промена, а државата ќе покаже грижа за важноста на мајчиниот јазик и литература“, посочуваат од Сојузот на средношколци.

Оттаму велат дека издејствувале наставниците да ги споделат банките со прашања за интерните испити најдоцна 4 недели пред испитот. Овие банки ќе содржат број на прашања 3 пати поголем од бројот на прашања на испитот, што според Сојузот е значајно олеснување за матурантите бидејќи тие ќе имаат доволно време соодветно да се подготват и за интерните испити.

Генералното собрание по долга дискусија ја прифати алтернативната понуда на МОН наместо одложување на датумот на првиот екстерен испит, да се намали обемноста на испитот. Истиот ќе носи од 60 до 80 бодови, наместо досегашните од 80 до 100, што значи дека ќе има намалување на бројот на прашања, посочуваат од Сојузот.

The post Државната матура ќе биде олеснета, го прифативме компромисот од МОН, прифатени ни се три од четири барања, велат од Сојузот на средношколци appeared first on Република.

]]>

Од Сојузот на средношколци информираа дека на вонредна седница одржана синоќа го прифатиле компромисот понуден од страна на Министерството за образование и наука околу државната матура, со кој велат дека државната матура ќе биде прилагодена на состојбата во образованието и ќе биде олеснета за оваа генерација матуранти Од Сојузот велат дека им биле прифатени три од четирите барања. На матурантите ќе им се олесни полагањето на државната матура бидејќи ќе се обезбедат банки со прашања за интерните испити и овие испити ќе носат повеќе поени при уписот на факултет. Дополнително ќе се намали бројот на прашања и бодови на првиот екстерен испит, а тој ќе се смета за соодветен на сите студиски програми, што значи дополнителни 2 поени при уписот. „Сегашниот сооднос екстерните испити да носат најмногу 24 поени, а интерните најмногу 12 поени ќе се смени во сооднос екстерните да носат најмногу 20 поени, односно интерните најмногу 16 поени. Министерството за образование и наука преку Владата ќе им издаде препорака на универзитетите да извршат ваква промена во конкурсите. Првиот екстерен испит ќе се смета за соодветен на сите студиски програми што значи дека оценката од овој испит ќе се множи со повисок коефициент. Конкретно, матурантите ќе добијат додатни 2 поени при упис поради оваа промена, а државата ќе покаже грижа за важноста на мајчиниот јазик и литература“, посочуваат од Сојузот на средношколци. Оттаму велат дека издејствувале наставниците да ги споделат банките со прашања за интерните испити најдоцна 4 недели пред испитот. Овие банки ќе содржат број на прашања 3 пати поголем од бројот на прашања на испитот, што според Сојузот е значајно олеснување за матурантите бидејќи тие ќе имаат доволно време соодветно да се подготват и за интерните испити.
Генералното собрание по долга дискусија ја прифати алтернативната понуда на МОН наместо одложување на датумот на првиот екстерен испит, да се намали обемноста на испитот. Истиот ќе носи од 60 до 80 бодови, наместо досегашните од 80 до 100, што значи дека ќе има намалување на бројот на прашања, посочуваат од Сојузот.
 
The post Државната матура ќе биде олеснета, го прифативме компромисот од МОН, прифатени ни се три од четири барања, велат од Сојузот на средношколци appeared first on Република.

]]>
Сојуз на средношколци: Укинување на еден интерен испит не е во интерес на средношколците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sojuz-na-srednoshkoltsi-ukinuvane-na-eden-interen-ispit-ne-e-vo-interes-na-srednoshkoltsite/ Fri, 17 Mar 2023 10:23:12 +0000 https://republika.mk/?p=620644

Сојузот на средношколци, пред денешната седница на која ќе дискутираат за државната матура, сметаат дека барањето за укинување еден интерен испит е спротивен на интересите на средношколците.

Во нивното соопштение до јавноста тие велат дека интерните испити се полесни од екстерните, а нивно укинување ќе им ја намали можноста на матурантите да се запишат на универзитетски студии.

„Анализата на Сојузот покажува дека укинувањето на еден интерен испит ќе им наштети на нашите ученици кои аплицираат за студии во странство бидејќи нема да имаат доволен опсег на предмети. На пример, медицинските факултети во Велика Британија бараат од секој кандидат да приложи најмалку испит по Биологија и по Хемија, а испитот по Англиски јазик им служи на странските кандидати да докажат дека го познаваат јазикот. Бидејќи испитот по мајчин јазик не е прифатен на странските факултети, нашите матуранти ќе бидат ставени во подредена положба. А нивниот број не е мал“, велат од Сојузот на средношколци.

Од Сојузот тврдат дека секоја година има преку 1.700 матуранти кои студираат во странство, а оваа бројка може да достигне и 2.000 лица, што е околу 12 проценти од вкупниот број матуранти. Според нив, укинувањето на еден интерен испит може да им го уништи трудот на овие средношколци, а со сличен проблем би можеле да се соочат и матурантите кои ќе студираат на домашните универзитети, доколку тие решат да направат построги уписи.

Оттаму посочуваат дека на денешното собрание ќе бидат донесени неколку конкретни барања кои ќе го олеснат полагањето на државната матура и ќе бидат во интерес на сите средношколци.

Реакцијата на Сојузот на средношколци доаѓа пред денешниот протест на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС). Тие најавија дека од 12:30 часот ќе одржат протест пред Министерството за образование и наука, на кој ќе побараат надлежните да објават што ќе треба да се учи, за да може навреме да се спремат за државната матура.

The post Сојуз на средношколци: Укинување на еден интерен испит не е во интерес на средношколците appeared first on Република.

]]>

Сојузот на средношколци, пред денешната седница на која ќе дискутираат за државната матура, сметаат дека барањето за укинување еден интерен испит е спротивен на интересите на средношколците. Во нивното соопштение до јавноста тие велат дека интерните испити се полесни од екстерните, а нивно укинување ќе им ја намали можноста на матурантите да се запишат на универзитетски студии. „Анализата на Сојузот покажува дека укинувањето на еден интерен испит ќе им наштети на нашите ученици кои аплицираат за студии во странство бидејќи нема да имаат доволен опсег на предмети. На пример, медицинските факултети во Велика Британија бараат од секој кандидат да приложи најмалку испит по Биологија и по Хемија, а испитот по Англиски јазик им служи на странските кандидати да докажат дека го познаваат јазикот. Бидејќи испитот по мајчин јазик не е прифатен на странските факултети, нашите матуранти ќе бидат ставени во подредена положба. А нивниот број не е мал“, велат од Сојузот на средношколци. Од Сојузот тврдат дека секоја година има преку 1.700 матуранти кои студираат во странство, а оваа бројка може да достигне и 2.000 лица, што е околу 12 проценти од вкупниот број матуранти. Според нив, укинувањето на еден интерен испит може да им го уништи трудот на овие средношколци, а со сличен проблем би можеле да се соочат и матурантите кои ќе студираат на домашните универзитети, доколку тие решат да направат построги уписи. Оттаму посочуваат дека на денешното собрание ќе бидат донесени неколку конкретни барања кои ќе го олеснат полагањето на државната матура и ќе бидат во интерес на сите средношколци. Реакцијата на Сојузот на средношколци доаѓа пред денешниот протест на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС). Тие најавија дека од 12:30 часот ќе одржат протест пред Министерството за образование и наука, на кој ќе побараат надлежните да објават што ќе треба да се учи, за да може навреме да се спремат за државната матура.  

The post Сојуз на средношколци: Укинување на еден интерен испит не е во интерес на средношколците appeared first on Република.

]]>
Јавниот превоз да биде бесплатен за сите ученици, бараат од Сојузот на средношколци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javniot-prevoz-da-bide-besplaten-za-site-uchenitsi-baraat-od-sojuzot-na-srednoshkoltsi/ Mon, 13 Mar 2023 12:59:26 +0000 https://republika.mk/?p=619160

Сојузот на средношколци денеска во Собранието ќе поднесе Предлог за измени и дополнување на Законот за средно образование, во членот што се однесува на правото на превоз на учениците, со кој бараат бесплатниот превоз да важи и за средношколците од приватните училишта и за учениците со попреченост од државните училишта.

Претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ соопшти дека се работи за околу две илјади од вкупно 71 илјада средношколци во државава и информираше за сите активности што ги презеле во остварувањето на оваа цел во изминатата година, вклучително и средби со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и вицепремиерката Славица Грковска, како и со претставници на Клубот на млади пратеници.

Тој рече дека Предлогот за измени на Законот ќе го достават до сите пратенички групи и очекува пратениците да го поддржат. Предлогот не се однесува само на приватните училишта, туку со него се бара бесплатниот превоз да важи и за средношколците со посебни образовни потреби сместени во државните домови, како за учениците што живеат на помалку од два и пол километри од училиштето.

Исто така, со предлогот се бара јавниот превоз да биде бесплатен и на лето зашто учениците од државните стручни училишта имаат феријална пракса за време на летниот и на зимскиот распуст.

Според сегашниот закон, иако одат на пракса да работат како дел од дуалното образование, тие својот превоз го плаќаат, рече Павиќевиќ.

Измените што ги предлагаат, додаде, се ажурирани и креирани со тоа што се внесени сите конструктивни забелешки од претставници со кои имале средба, и дека со предлогот правото на бесплатен превоз ќе стане универзално за средношколците.

Овој закон предвидува крај на дискриминацијата врз основа на растојанието од домот како и на типот на училиштето – државно или приватно. Понатаму, се обезбедува превоз и за учениците кои посетуваат феријална пракса за време на распустите, а се гарантираат и правата на учениците со попреченост. Законот овозможува превозот да стане праведен за сите средношколци во нашата земја, додаде претседателот на Сојузот на средношколци.

The post Јавниот превоз да биде бесплатен за сите ученици, бараат од Сојузот на средношколци appeared first on Република.

]]>

Сојузот на средношколци денеска во Собранието ќе поднесе Предлог за измени и дополнување на Законот за средно образование, во членот што се однесува на правото на превоз на учениците, со кој бараат бесплатниот превоз да важи и за средношколците од приватните училишта и за учениците со попреченост од државните училишта. Претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ соопшти дека се работи за околу две илјади од вкупно 71 илјада средношколци во државава и информираше за сите активности што ги презеле во остварувањето на оваа цел во изминатата година, вклучително и средби со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и вицепремиерката Славица Грковска, како и со претставници на Клубот на млади пратеници. Тој рече дека Предлогот за измени на Законот ќе го достават до сите пратенички групи и очекува пратениците да го поддржат. Предлогот не се однесува само на приватните училишта, туку со него се бара бесплатниот превоз да важи и за средношколците со посебни образовни потреби сместени во државните домови, како за учениците што живеат на помалку од два и пол километри од училиштето. Исто така, со предлогот се бара јавниот превоз да биде бесплатен и на лето зашто учениците од државните стручни училишта имаат феријална пракса за време на летниот и на зимскиот распуст.
Според сегашниот закон, иако одат на пракса да работат како дел од дуалното образование, тие својот превоз го плаќаат, рече Павиќевиќ.
Измените што ги предлагаат, додаде, се ажурирани и креирани со тоа што се внесени сите конструктивни забелешки од претставници со кои имале средба, и дека со предлогот правото на бесплатен превоз ќе стане универзално за средношколците.
Овој закон предвидува крај на дискриминацијата врз основа на растојанието од домот како и на типот на училиштето – државно или приватно. Понатаму, се обезбедува превоз и за учениците кои посетуваат феријална пракса за време на распустите, а се гарантираат и правата на учениците со попреченост. Законот овозможува превозот да стане праведен за сите средношколци во нашата земја, додаде претседателот на Сојузот на средношколци.
 
The post Јавниот превоз да биде бесплатен за сите ученици, бараат од Сојузот на средношколци appeared first on Република.

]]>
Oд елитна гимназија за талентирани деца до немање настава по осум стручни предмети – МОН и МФ да изнајдат решение за МИГ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-elitna-gimnazija-za-talentirani-detsa-do-nemane-nastava-po-osum-struchni-predmeti-mon-i-mf-da-iznajdat-reshenie-za-mig/ Tue, 31 Jan 2023 08:55:25 +0000 https://republika.mk/?p=602870

Сојузот на средношколци апелира што побрзо да се реши проблемот во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) бидејќи апсурдно е, како што пишува во реакција, учениците од оваа гимназија да имаат по само еден до два часа дневно.

Недозволиво е поради неможноста МОН и Министерството за финансии да најдат заедничко решение учениците да немаат настава за осум стручни предмети во МИГ. Со жалење ја констатираме состојбата во гимназијата која беше замислена како елитна образовна институција за учениците талентирани по математика и информатика. Силно веруваме во тоа дека развојот на сите науки е екстремно важен, особено земајќи ја предвид круцијалната улога на средното образование во процесот, наведува Сојузот.

Оттаму потсетуваат дека се залагаат за отворање две нови селективни гимназии – јазична гимназија по примерот на филолошките гимназии во Белград и Сараево и хуманистичко-општествена гимназија по примерот на образовен систем во Франција.

Надлежните мора да ја регулираат ситуацијата во МИГ и да се држат на високите посакувани стандарди – не само бидејќи е уставно право на нејзините ученици, туку и за да ни докаже дека нашите амбиции за развојот на сите науки се реални и остварливи, пишува Сојузот на средношколци.

The post Oд елитна гимназија за талентирани деца до немање настава по осум стручни предмети – МОН и МФ да изнајдат решение за МИГ appeared first on Република.

Нема настава за учениците во втората смена, по дојавата за поставена бомба во пет средни училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nema-nastava-za-uchenicite-vo-vtorata-smena-po-dojavata-za-postavena-bomba-vo-pet-sredni-uchilishta/ Wed, 26 Oct 2022 12:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=565933

Сојузот на средношколци преку соопштение изрази загриженост за денешните дојави за поставени бомби во пет средни училишта во Скопје.

Во последниот период јавноста сведочеше на слични дојави за бомби во училишта и болници во соседна Република Србија. Сојузот ја поздравува брзата акција на безбедносните служби. Ограноците на Сојузот нè информираа дека евакуацијата е целосно спроведена, а настава нема да има за учениците од втората смена, стои во соопштението.

Сојузот на средношколци апелира на зголемување на безбедноста во средните училишта.

Ги повикуваме нашите соученици да бидат смирени бидејќи паниката е нашиот најголем непријател во овие ситуации. Безбедностите и училишните служби да бидат професионални и методични во работењето на за да се заштитат средношколците и сите останати вклучени во образовниот процес, се вели во соопштението.

Во СВР Скопје денеска беше пријавено дека на меил адреси на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот, соопшти МВР.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dojava-za-bombi-vo-pet-skopski-uchilishta/

The post Нема настава за учениците во втората смена, по дојавата за поставена бомба во пет средни училишта appeared first on Република.

Средношколците против самопрогласениот лидер на средношколци Павлиќевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srednoshkolcite-protiv-samoproglaseniot-lider-na-srednoshkolci-pavlikjevikj/ Wed, 27 Apr 2022 18:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=494415

Сакаме да реагираме на вчерашниот настан на претседателот на Сојузот на средношколци во гостувањето на телевизија Сител. Воедно прашуваме со кого се консултирал Лука Павлиќевиќ јавно да изнесе ставови во името на сите средношколци кои се спротивно на мислењето на мнозинството од нас, реагира средношколецот Петар Мицкоски на денешната изјава пред Министерството за образование.

Оттаму, Мицкоски прашува од каде е правото на Павиќевиќ да врши притисок врз професорите, додавајќи дека тие како средношколци ги поддржуваат барањата на професорите за достоинствени плати кои како што рече ќе бидат на ниво на нивниот труд и ангажман.

Каде претседателот на сојузот ги носел одлуките и кој му дава за право без да праша и без наша дозвола да врши притисок врз професорите. Ние како средношколци сме свесни дека е важно наставата да продолжи и ние сакаме да има настава. Но, истовремено сме свесни за тежината на наставничката професија која покрај доброто образование бара и дополнителен личен ангажман на секој професор со учениците. Наставниците се наши втори родители како што училиштето е наш втор дом затоа ги поддржуваме нашите наставници во барањето за достоинствени плати кои ќе бидат на ниво на нивниот труд и ангажман. Наставниците ја креираат иднината на општеството и заслужуваат да бидат наградени за тоа, дециден е средношколецот Мицкоски.

The post Средношколците против самопрогласениот лидер на средношколци Павлиќевиќ appeared first on Република.

]]>

Сакаме да реагираме на вчерашниот настан на претседателот на Сојузот на средношколци во гостувањето на телевизија Сител. Воедно прашуваме со кого се консултирал Лука Павлиќевиќ јавно да изнесе ставови во името на сите средношколци кои се спротивно на мислењето на мнозинството од нас, реагира средношколецот Петар Мицкоски на денешната изјава пред Министерството за образование. Оттаму, Мицкоски прашува од каде е правото на Павиќевиќ да врши притисок врз професорите, додавајќи дека тие како средношколци ги поддржуваат барањата на професорите за достоинствени плати кои како што рече ќе бидат на ниво на нивниот труд и ангажман.
Каде претседателот на сојузот ги носел одлуките и кој му дава за право без да праша и без наша дозвола да врши притисок врз професорите. Ние како средношколци сме свесни дека е важно наставата да продолжи и ние сакаме да има настава. Но, истовремено сме свесни за тежината на наставничката професија која покрај доброто образование бара и дополнителен личен ангажман на секој професор со учениците. Наставниците се наши втори родители како што училиштето е наш втор дом затоа ги поддржуваме нашите наставници во барањето за достоинствени плати кои ќе бидат на ниво на нивниот труд и ангажман. Наставниците ја креираат иднината на општеството и заслужуваат да бидат наградени за тоа, дециден е средношколецот Мицкоски.

The post Средношколците против самопрогласениот лидер на средношколци Павлиќевиќ appeared first on Република.

]]>
Сојузот на средношколци го поздрави компромисот меѓу СОНК и Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sojuzot-na-srednoshkolci-go-pozdravi-kompromisot-megju-sonk-i-vladata/ Mon, 25 Apr 2022 18:40:40 +0000 https://republika.mk/?p=493486

„Сојузот на средношколци го поздравува постигнатиот договор меѓу СОНК и Владата. Задоволни сме дека обете страни го послушаа нашиот апел и празничниот период го искористија да постигнат заеднички компромис”, објави Сојузот.

„Најраното можно враќање на учениците е во среда, што значи 10 загубени работни денови. Затоа го повикуваме членството на СОНК во најбрз можен рок да го одобри договорот. Бараме од Министерството за образование и наука Сојузот да биде вклучен во одлучувањата за надомествувањето на пропуштениот материјал“, пишува во реакцијата на Сојузот на средношколци.

The post Сојузот на средношколци го поздрави компромисот меѓу СОНК и Владата appeared first on Република.