Сојуз на синдикати на УКИМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuz-na-sindikati-na-ukim/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Sep 2022 09:36:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сојуз на синдикати на УКИМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuz-na-sindikati-na-ukim/ 32 32 УКИМ пред штрајк: Никогаш не сме биле со пониски плати, а Владата нè игнорира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ukim-pred-shtrajk-nikogash-ne-sme-bile-so-poniski-plati-a-vladata-ne-ignorira/ Tue, 27 Sep 2022 09:22:13 +0000 https://republika.mk/?p=554552

Ако до петок Владата не седне на маса со Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Синдикатот ќе иницира помирување пред штрајк. Претседателот на Синдикатот, проф. д-р Ангел Ристов, во гостувањето во „360 степени“ на Алсат ТВ рече дека никогаш во историјата на Универзитетот состојбата на вработените не била потешка и полоша.

Ристов вели дека во минатото платите на УКИМ биле на ниво на судии и на обвинители, а денес доцентите земаат пониска плата од просечната. Според претседателот на Синдикатот, редовен професор на УКИМ заработува 39 500 денари месечно, а платата на доцент изнесува 30 590 денари, што е под просекот во државата.

Ние сме едни од ретките држави во Европа и во светот каде еден доцент, доктор на науки, зема помала плата од просечната, рече Ристов, додавајќи дека најзагрозен е ненаставниот кадар чии плати не се покачени со години.

Правејќи споредба со примањата на колегите од регионот, Ристов вели дека во Македонија универзитетските професори се убедливо најслабо платени.

Јас ја споменав платата на еден редовен професор што целиот свој живот го посветил на науката, на образованието, на младите, на идните генерации – 650 евра. Во поблиското опкружување, во Косово – 1 500 евра плата, Србија – 1 800 до 2 000 евра плата, Хрватска – 2 000 евра плата, Словенија 2 500 евра плата. Ние заостануваме далеку зад сите земји во регионот, но исто така и од земјите во Европа и светот, објаснува Ристов.

Според него, патот до повисоки звања е тежок и скап. Појаснува дека за еден професор да може да дојде до поголемо звање од својата плата треба да издвојува за литература, за учество на конференции, за објавување трудови, што е голем трошок.

Замислете сега вие, професор со оваа плата не може да си дозволи ниту до Косовска Митровица да отиде на конференција, вели Ристов.

Синдикатот на УКИМ бара постепено зголемување на платите по 25 осто на годишно ниво. Со тоа, смета Ристов, за четири години вработените ќе дојдат до достоинствена плата.

За овие барања Синдикатот на УКИМ на 2 јуни организираше предупредувачки протест пред Ректоратот и за крајот на тој месец планираше мирен протест пред Владата, но го откажа откако доби ветување од Владата дека нивните барања ќе бидат разгледани од министерствата за образование и наука и за финансии. Но, тоа не се случи.

The post УКИМ пред штрајк: Никогаш не сме биле со пониски плати, а Владата нè игнорира appeared first on Република.

]]>

Ако до петок Владата не седне на маса со Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Синдикатот ќе иницира помирување пред штрајк. Претседателот на Синдикатот, проф. д-р Ангел Ристов, во гостувањето во „360 степени“ на Алсат ТВ рече дека никогаш во историјата на Универзитетот состојбата на вработените не била потешка и полоша. Ристов вели дека во минатото платите на УКИМ биле на ниво на судии и на обвинители, а денес доцентите земаат пониска плата од просечната. Според претседателот на Синдикатот, редовен професор на УКИМ заработува 39 500 денари месечно, а платата на доцент изнесува 30 590 денари, што е под просекот во државата. Ние сме едни од ретките држави во Европа и во светот каде еден доцент, доктор на науки, зема помала плата од просечната, рече Ристов, додавајќи дека најзагрозен е ненаставниот кадар чии плати не се покачени со години. Правејќи споредба со примањата на колегите од регионот, Ристов вели дека во Македонија универзитетските професори се убедливо најслабо платени. Јас ја споменав платата на еден редовен професор што целиот свој живот го посветил на науката, на образованието, на младите, на идните генерации – 650 евра. Во поблиското опкружување, во Косово – 1 500 евра плата, Србија – 1 800 до 2 000 евра плата, Хрватска – 2 000 евра плата, Словенија 2 500 евра плата. Ние заостануваме далеку зад сите земји во регионот, но исто така и од земјите во Европа и светот, објаснува Ристов. Според него, патот до повисоки звања е тежок и скап. Појаснува дека за еден професор да може да дојде до поголемо звање од својата плата треба да издвојува за литература, за учество на конференции, за објавување трудови, што е голем трошок. Замислете сега вие, професор со оваа плата не може да си дозволи ниту до Косовска Митровица да отиде на конференција, вели Ристов. Синдикатот на УКИМ бара постепено зголемување на платите по 25 осто на годишно ниво. Со тоа, смета Ристов, за четири години вработените ќе дојдат до достоинствена плата. За овие барања Синдикатот на УКИМ на 2 јуни организираше предупредувачки протест пред Ректоратот и за крајот на тој месец планираше мирен протест пред Владата, но го откажа откако доби ветување од Владата дека нивните барања ќе бидат разгледани од министерствата за образование и наука и за финансии. Но, тоа не се случи.

The post УКИМ пред штрајк: Никогаш не сме биле со пониски плати, а Владата нè игнорира appeared first on Република.

]]>
Проф. д-р Ристов: Професор на УКИМ зема плата пониска од просечната – 30.590 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-d-r-ristov-profesor-na-ukim-zema-plata-poniska-od-prosechnata-30-590-denari/ Tue, 27 Sep 2022 07:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=554474

Под просекот на државното ниво е платата на доцент, доктор на науки на УКИМ, бидејќи зема плата од 30.590 денари, изјави проф. д-р Ангел Ристов, претседател на Сојузот на синдикатите на УКИМ, во интервју за „360 степени“.

„Јас ја споменав дека платата на еден редовен професор што целиот свој живот го посветил на науката, на образованието, на младите, на идните генерации е 650 евра. Во поблиското опкружување, во Косово - 1.500 евра плата, Србија -1.800 до 2.000 евра плата, Хрватска - 2.000 евра плата, Словенија - 2.500 евра плата. Ние заостануваме далеку зад сите земји во регионот, но и зад земјите во Европа и светот“, изјави професор Ристов за „360 степени“.

Ако до петок Владата не седне на маса со Сојузот на синдикати на УКИМ, Синдикатот ќе иницира помирување пред штрајк.

The post Проф. д-р Ристов: Професор на УКИМ зема плата пониска од просечната – 30.590 денари appeared first on Република.

]]>

Под просекот на државното ниво е платата на доцент, доктор на науки на УКИМ, бидејќи зема плата од 30.590 денари, изјави проф. д-р Ангел Ристов, претседател на Сојузот на синдикатите на УКИМ, во интервју за „360 степени“.
„Јас ја споменав дека платата на еден редовен професор што целиот свој живот го посветил на науката, на образованието, на младите, на идните генерации е 650 евра. Во поблиското опкружување, во Косово - 1.500 евра плата, Србија -1.800 до 2.000 евра плата, Хрватска - 2.000 евра плата, Словенија - 2.500 евра плата. Ние заостануваме далеку зад сите земји во регионот, но и зад земјите во Европа и светот“, изјави професор Ристов за „360 степени“.
Ако до петок Владата не седне на маса со Сојузот на синдикати на УКИМ, Синдикатот ќе иницира помирување пред штрајк.

The post Проф. д-р Ристов: Професор на УКИМ зема плата пониска од просечната – 30.590 денари appeared first on Република.

]]>