Сојуз на синдикати на Македонја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuz-na-sindikati-na-makedonja/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 12:19:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сојуз на синдикати на Македонја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuz-na-sindikati-na-makedonja/ 32 32 Трендафилов: Дојдовме да им дадеме жолт картон на судиите, по 1 мај ќе им дадеме црвен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trendafilov-dojdovme-da-im-dademe-zholt-karton-na-sudiite-po-1-maj-ke-im-dademe-tsrven/ Tue, 02 Apr 2024 12:19:58 +0000 https://republika.mk/?p=761267

Потесното раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска се собра на протест пред зградата на Врховниот суд за, како што рекоа, да им дадат жолт картон на судиите поради судската одлука да им се одземе сопственоста на Работничкиот дом. Порачаа дека правото мора да владее во државата и оти не е работа на синдикатите да се изборат за тоа, но кога мораат - можат и ќе покажат дека правото ќе владее во земјава. Во спротивно најави дека по 1 мај ќе им дадат црвен картон на судиите.

Чекаме до 1 мај. Доколку влезат во нашиот дом, ќе влеземе во нивните домови. Доколку го земат нашиот дом ќе ги земеме нивните домови. Ние друг избор немаме, отстапка назад немаме. Ние сме доведени до ѕидот, а до ѕидот се знае што се прави - се гази само напред и само право, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Дојдовме, додаде, пред Врховниот суд да им го завртиме грбот на оние судии кои ја донесоа срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом.

Денеска дојдовме тука само раководствата на синдикатите да им кажеме на овие судии дека време е правото и правдата да победи, дека не може на слободно судско убедување да одземаат имот кој работниците започнале да го градат во 1958 година врз основа на законот од 1998 година. Вакво чудо нема никаде во светот, суд со пресуда на работници кои двоеле од сопствена уста, од лебот, од синдикалната членарина, од нивните плати кои изградиле дом да го одземаат и да го даваат на државата за потоа државата да може да го раскрчми. Ние сме успеале 30 години од 1992 да го зачуваме Работничкиот дом во периодот на транзицијата кога олигархијата, газдите ги грабнаа работничките имоти и работничките фабрики и денеска 30 години после тоа сакаат да го грабнат и Работничкиот дом и на таков начин да го замолчат синдикалното движење, потенцира Трендафилов.

Порача дека ваквата пресуда „шефе види што им направив“ ќе предизвика штета на еден куп други организации во државата, почнувајќи од политички партии, од стопански комори, Црвен крст, пензионери, борци и слични организации кои пред 1992 година граделе свои сопствени куќи и свои сопствени домови.

Најави дека на 18 април треба да се одржи рочиште во Основниот граѓански суд кој треба само да го препрати предметот во Врховниот суд кој, пак, треба да одлучува по барањето за повторување на постапката со истиот судечки совет кој ја донесе првичната одлука.

Видоа што се случува изминатите денови, ќе ги прочитаат и новите докази и аргументи кои ги имаме и сметаме дека ќе ја исправат неправдата која ја нанесоа. Имаат доволно време да седнат, да разговараат, да разменат идеи и да ги почитуваат мислењата на оние две судијки кои ги дале како издвоени мислења во целокупната постапка врз основа на аргументи, а не само на слободно судско уверување и да донесат нова пресуда врз основа на Уставот, законите и меѓународните трудови стандарди. Во спротивно слободното судско убедување ќе стане слободно работничко убедување и ќе ги преземаме истите работи како и тие, рече Трендафилов.

За нивното барање за преиспитување на одлуката и за разрешување на тројцата судии од судечкиот совет кои ја донесоа, рече дека ССМ уште веднаш кога ја доби одлуката побара оставка од тројцата судии.

Во судечкиот совет од пет судии имаме две издвоени мислења во интерес на ССМ и во интерес на правото и на правдата – во интерес на работниците. Очекуваме да се одважат и да поднесат оставки. Поради не поднесувањето оставки од нивна страна поднесувавме барања за утврдување на дисциплинска одговорност до Судскиот совет и очекуваме веднаш по извршувањето на изборите Советот да ги разгледува трите барања поединечно врз основа на доказите кои ги поднесовме и да утврди дисциплинска одговорност доколку овие судии до 1 мај не се одважат и не донесат поинаква пресуда во интерес на правото, правдата и во интерес на работниците, рече Трендафилов.

Очекуваат за предметот да се заинтересиран и Уставниот суд поради нивната одлука од 1992 година која, како што велат, тројцата судии ја погазија и ја фрлија во канта за отпадоци и поради барањето што го поднесе ССМ до нив за заштита на правата и слободите, а не ја исклучуваат и можноста да ја тужат државата пред Меѓународниот суд во Стразбур.

На 15 мај истекува рокот за поднесување на тужба против државата. Не сакаме да бидеме доведени во ситуација како работници да ја тужиме и напаѓаме државата и да ги срамиме политичарите, судиите и функционерите и очекуваме до 1 мај да заврши разрешницата. Доколку не, имаме безрезервна поддршка од Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати и ќе поднесеме тужба до Меѓународниот суд, но по 1 мај сите акции и активности кои ќе ги преземаат синдикатите во насока на заштита на Работничкиот дом не можеме да гарантираме дека ќе се одвиваат на ваков начин и може да бидат далеку поригорозни особено ако некој проба да влезе во Работничкиот дом и ако проба да ни го одземе Работничкиот дом кој го граделе нашите дедовци и баби и нашите татковци и мајки и ние како работници, посочи Трендафилов.

Како што кажа, ССМ или Единствените синдикати на Македонија како што се нарекувале во 1948 година уште тогаш обезбедиле 10 проценти од средствата за изградба на Работничкиот дом, а во наредните 10 години ги обезбедиле сите потребни средства за изградба. Државата, како што потенцира, нема ни еден доказ дека инвестирала ниту еден тогашен динар во изградбата. Сите документи од одобрението за расчистување на просторот, одобрението за градба, исплатените средства преку банка на сметка на изведувачот, договорот за изградба, уверението за употреба и сите други документи се исклучива само на име на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Доколку не сме имале право тогаш немало ниту да ги имаме на наше име. Денеска дојдовме тука да им дадеме жолт картон од членовите на органите и телата на синдикатите, а доколку е потребно можеме да бидеме и 700, можеме да бидеме и 7.000, можеме да бидеме и 70.000. Седумдесет илјади членови брои ССМ, 70.000 од нас ќе застанат тука да им покажат на овие судии дека правото и правдата мора да завладее и дека мора од некаде да се почне. Ќе почнеме од Врховниот суд, пресудата која ја очекуваме не е да биде тоа во интерес на ССМ, туку тоа да биде во интерес на работниците и на правото, рече Трендафилов.

За време на протестот целосно затворена за сообраќај беше левата страна од булеварот „Кочо Рацин“ на потегот од семафорите кај судска палата до Работничкиот дом.

The post Трендафилов: Дојдовме да им дадеме жолт картон на судиите, по 1 мај ќе им дадеме црвен appeared first on Република.

]]>

Потесното раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска се собра на протест пред зградата на Врховниот суд за, како што рекоа, да им дадат жолт картон на судиите поради судската одлука да им се одземе сопственоста на Работничкиот дом. Порачаа дека правото мора да владее во државата и оти не е работа на синдикатите да се изборат за тоа, но кога мораат - можат и ќе покажат дека правото ќе владее во земјава. Во спротивно најави дека по 1 мај ќе им дадат црвен картон на судиите.
Чекаме до 1 мај. Доколку влезат во нашиот дом, ќе влеземе во нивните домови. Доколку го земат нашиот дом ќе ги земеме нивните домови. Ние друг избор немаме, отстапка назад немаме. Ние сме доведени до ѕидот, а до ѕидот се знае што се прави - се гази само напред и само право, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Дојдовме, додаде, пред Врховниот суд да им го завртиме грбот на оние судии кои ја донесоа срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом.
Денеска дојдовме тука само раководствата на синдикатите да им кажеме на овие судии дека време е правото и правдата да победи, дека не може на слободно судско убедување да одземаат имот кој работниците започнале да го градат во 1958 година врз основа на законот од 1998 година. Вакво чудо нема никаде во светот, суд со пресуда на работници кои двоеле од сопствена уста, од лебот, од синдикалната членарина, од нивните плати кои изградиле дом да го одземаат и да го даваат на државата за потоа државата да може да го раскрчми. Ние сме успеале 30 години од 1992 да го зачуваме Работничкиот дом во периодот на транзицијата кога олигархијата, газдите ги грабнаа работничките имоти и работничките фабрики и денеска 30 години после тоа сакаат да го грабнат и Работничкиот дом и на таков начин да го замолчат синдикалното движење, потенцира Трендафилов.
Порача дека ваквата пресуда „шефе види што им направив“ ќе предизвика штета на еден куп други организации во државата, почнувајќи од политички партии, од стопански комори, Црвен крст, пензионери, борци и слични организации кои пред 1992 година граделе свои сопствени куќи и свои сопствени домови. Најави дека на 18 април треба да се одржи рочиште во Основниот граѓански суд кој треба само да го препрати предметот во Врховниот суд кој, пак, треба да одлучува по барањето за повторување на постапката со истиот судечки совет кој ја донесе првичната одлука.
Видоа што се случува изминатите денови, ќе ги прочитаат и новите докази и аргументи кои ги имаме и сметаме дека ќе ја исправат неправдата која ја нанесоа. Имаат доволно време да седнат, да разговараат, да разменат идеи и да ги почитуваат мислењата на оние две судијки кои ги дале како издвоени мислења во целокупната постапка врз основа на аргументи, а не само на слободно судско уверување и да донесат нова пресуда врз основа на Уставот, законите и меѓународните трудови стандарди. Во спротивно слободното судско убедување ќе стане слободно работничко убедување и ќе ги преземаме истите работи како и тие, рече Трендафилов.
За нивното барање за преиспитување на одлуката и за разрешување на тројцата судии од судечкиот совет кои ја донесоа, рече дека ССМ уште веднаш кога ја доби одлуката побара оставка од тројцата судии.
Во судечкиот совет од пет судии имаме две издвоени мислења во интерес на ССМ и во интерес на правото и на правдата – во интерес на работниците. Очекуваме да се одважат и да поднесат оставки. Поради не поднесувањето оставки од нивна страна поднесувавме барања за утврдување на дисциплинска одговорност до Судскиот совет и очекуваме веднаш по извршувањето на изборите Советот да ги разгледува трите барања поединечно врз основа на доказите кои ги поднесовме и да утврди дисциплинска одговорност доколку овие судии до 1 мај не се одважат и не донесат поинаква пресуда во интерес на правото, правдата и во интерес на работниците, рече Трендафилов.
Очекуваат за предметот да се заинтересиран и Уставниот суд поради нивната одлука од 1992 година која, како што велат, тројцата судии ја погазија и ја фрлија во канта за отпадоци и поради барањето што го поднесе ССМ до нив за заштита на правата и слободите, а не ја исклучуваат и можноста да ја тужат државата пред Меѓународниот суд во Стразбур.
На 15 мај истекува рокот за поднесување на тужба против државата. Не сакаме да бидеме доведени во ситуација како работници да ја тужиме и напаѓаме државата и да ги срамиме политичарите, судиите и функционерите и очекуваме до 1 мај да заврши разрешницата. Доколку не, имаме безрезервна поддршка од Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати и ќе поднесеме тужба до Меѓународниот суд, но по 1 мај сите акции и активности кои ќе ги преземаат синдикатите во насока на заштита на Работничкиот дом не можеме да гарантираме дека ќе се одвиваат на ваков начин и може да бидат далеку поригорозни особено ако некој проба да влезе во Работничкиот дом и ако проба да ни го одземе Работничкиот дом кој го граделе нашите дедовци и баби и нашите татковци и мајки и ние како работници, посочи Трендафилов.
Како што кажа, ССМ или Единствените синдикати на Македонија како што се нарекувале во 1948 година уште тогаш обезбедиле 10 проценти од средствата за изградба на Работничкиот дом, а во наредните 10 години ги обезбедиле сите потребни средства за изградба. Државата, како што потенцира, нема ни еден доказ дека инвестирала ниту еден тогашен динар во изградбата. Сите документи од одобрението за расчистување на просторот, одобрението за градба, исплатените средства преку банка на сметка на изведувачот, договорот за изградба, уверението за употреба и сите други документи се исклучива само на име на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Доколку не сме имале право тогаш немало ниту да ги имаме на наше име. Денеска дојдовме тука да им дадеме жолт картон од членовите на органите и телата на синдикатите, а доколку е потребно можеме да бидеме и 700, можеме да бидеме и 7.000, можеме да бидеме и 70.000. Седумдесет илјади членови брои ССМ, 70.000 од нас ќе застанат тука да им покажат на овие судии дека правото и правдата мора да завладее и дека мора од некаде да се почне. Ќе почнеме од Врховниот суд, пресудата која ја очекуваме не е да биде тоа во интерес на ССМ, туку тоа да биде во интерес на работниците и на правото, рече Трендафилов.
За време на протестот целосно затворена за сообраќај беше левата страна од булеварот „Кочо Рацин“ на потегот од семафорите кај судска палата до Работничкиот дом.

The post Трендафилов: Дојдовме да им дадеме жолт картон на судиите, по 1 мај ќе им дадеме црвен appeared first on Република.

]]>
Владата ги обедини синдикатите против нејзините лоши политики https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-gi-obedini-sindikatite-protiv-nejzinite-loshi-politiki/ Thu, 02 Mar 2023 11:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=615037

Синдикатите од јавниот сектор едногласни дека со предлогот на Законот за системот на плати во јавниот сектор се намалуваат правата на работниците во делот за платите и се елиминира можноста за уредување на оваа материја со колективните договори со што значително ќе се влијае на укинување на колективните договори во јавен сектор во кои се уредени системот на плати и нивната исплата, а за што ССМ изминатиот период предупредуваше.
На денешниот состанок на кој учествуваа скоро сите Сојузи, Конфедерации и грански синдикати од јавниот сектор, синдикатите покажаа несогласување со Законот за системот на плати во јавниот сектор и го покажаа своето единство против намерата на Владата да стави рака врз колективното договарање во јавниот сектор и со тоа да ги укине колективните договори.
Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат во јавен сектор ниту пак било која друга Конфедерација или пак грански синдикат, во ниту еден момент не биле ниту вклучени, ниту информирани за подготовката на Предлог на Закон за системот за плати во јавен сектор кој Владата.
Состанокот се одржа во рамките на Синдикалната школа организирана од ССКЦ на тема Новиот нацрт Закон за состемот на плати во јавниот сектор и неговото влијание на улогата и значењето на синдикатите и на колективното договарање, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија.

The post Владата ги обедини синдикатите против нејзините лоши политики appeared first on Република.

]]>

Синдикатите од јавниот сектор едногласни дека со предлогот на Законот за системот на плати во јавниот сектор се намалуваат правата на работниците во делот за платите и се елиминира можноста за уредување на оваа материја со колективните договори со што значително ќе се влијае на укинување на колективните договори во јавен сектор во кои се уредени системот на плати и нивната исплата, а за што ССМ изминатиот период предупредуваше. На денешниот состанок на кој учествуваа скоро сите Сојузи, Конфедерации и грански синдикати од јавниот сектор, синдикатите покажаа несогласување со Законот за системот на плати во јавниот сектор и го покажаа своето единство против намерата на Владата да стави рака врз колективното договарање во јавниот сектор и со тоа да ги укине колективните договори. Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат во јавен сектор ниту пак било која друга Конфедерација или пак грански синдикат, во ниту еден момент не биле ниту вклучени, ниту информирани за подготовката на Предлог на Закон за системот за плати во јавен сектор кој Владата. Состанокот се одржа во рамките на Синдикалната школа организирана од ССКЦ на тема Новиот нацрт Закон за состемот на плати во јавниот сектор и неговото влијание на улогата и значењето на синдикатите и на колективното договарање, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија.

The post Владата ги обедини синдикатите против нејзините лоши политики appeared first on Република.

]]>
Протест на ССМ: Со 15 илјади денари не можеме да го поминеме месецот, доста им бевме слуги на работодавачите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/protest-na-ssm-so-15-iljadi-denari-ne-mozeme-da-go-pomineme-mesecot-dosta-im-bevme-slugi-na-rabotodavachite/ Fri, 04 Feb 2022 12:29:28 +0000 https://republika.mk/?p=454227

Претседателството и Советот на Сојузот на синдикати на Македонија, заедно со штрајкувачките одбори денеска ја блокираа улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора во центарот на Скопје во знак на незадоволство од предлогот на работодавачите за методологијата на минималната плата.

За синдикатот, предлогот е неприфатлив бидејќи нивните пресметки покажале дека минималната плата би се зголемила на 16.164 денари, а синдикатот бара минималната плата да изнесува 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати.

Да не застанеме додека не го добиеме нашето право. Доста беше да им бидеме слуги на работодавачите. Со 15 илјади денари не можеме да го поминеме месецот. Во џебовите на работодавачите завршуваат 60 проценти од профитот. Мора да престане и исплатата на плата во плик затоа што нашиот работник утре ќе биде пензионер и ќе стане социјален случај, порачаа синдикалците.

Најавија дека доколку денеска на седницата на Економско-социјалниот совет не бидат прифатени нивните барања за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и за скалесто зголемување на сите останати плати, ќе организираат генерален штрајк и други облици на притисок како блокирање на улици и фабрики.

На 10 февруари, за кога е закажана собраниската седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата, ќе организираат собир пред Собранието.

Од ова нема враќање. На потег се Владата и работодавачите. Работникот зема 15 илјади денари, а минималната потрошувачка кошничка е 35 илјади денари. Пораката е егзистенција, ништо повеќе, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Според Димовски, со зголемувањето на минималната плата бенефит ќе имаат и работниците, и работодавачите и државата- работникот ќе добие достоинствена плата за да го помине месецот, работодавачите ќе добијат мотивирани работници и ќе ја зголемат продуктивноста, а државата по основ на придонеси на месечно ниво ќе има прилив од 2.750.000 евра од 110.000 работници кои земаат минимална плата.

За денеска е закажана и седница на Економско-социјалниот совет на која повторно ќе се разговара за зголемување на минималната плата откако во средата не беше постигнат договор.

The post Протест на ССМ: Со 15 илјади денари не можеме да го поминеме месецот, доста им бевме слуги на работодавачите appeared first on Република.

]]>

Претседателството и Советот на Сојузот на синдикати на Македонија, заедно со штрајкувачките одбори денеска ја блокираа улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора во центарот на Скопје во знак на незадоволство од предлогот на работодавачите за методологијата на минималната плата. За синдикатот, предлогот е неприфатлив бидејќи нивните пресметки покажале дека минималната плата би се зголемила на 16.164 денари, а синдикатот бара минималната плата да изнесува 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати.
Да не застанеме додека не го добиеме нашето право. Доста беше да им бидеме слуги на работодавачите. Со 15 илјади денари не можеме да го поминеме месецот. Во џебовите на работодавачите завршуваат 60 проценти од профитот. Мора да престане и исплатата на плата во плик затоа што нашиот работник утре ќе биде пензионер и ќе стане социјален случај, порачаа синдикалците.
Најавија дека доколку денеска на седницата на Економско-социјалниот совет не бидат прифатени нивните барања за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и за скалесто зголемување на сите останати плати, ќе организираат генерален штрајк и други облици на притисок како блокирање на улици и фабрики. На 10 февруари, за кога е закажана собраниската седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата, ќе организираат собир пред Собранието.
Од ова нема враќање. На потег се Владата и работодавачите. Работникот зема 15 илјади денари, а минималната потрошувачка кошничка е 35 илјади денари. Пораката е егзистенција, ништо повеќе, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски.
Според Димовски, со зголемувањето на минималната плата бенефит ќе имаат и работниците, и работодавачите и државата- работникот ќе добие достоинствена плата за да го помине месецот, работодавачите ќе добијат мотивирани работници и ќе ја зголемат продуктивноста, а државата по основ на придонеси на месечно ниво ќе има прилив од 2.750.000 евра од 110.000 работници кои земаат минимална плата. За денеска е закажана и седница на Економско-социјалниот совет на која повторно ќе се разговара за зголемување на минималната плата откако во средата не беше постигнат договор.