СОјуз на синдикат на УКИМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuz-na-sindikat-na-ukim/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Feb 2024 12:58:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СОјуз на синдикат на УКИМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuz-na-sindikat-na-ukim/ 32 32 Сојузот на Синдикати на УКИМ најавува штрајк: Не се почитува колективниот договор за зголемување на платите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sojuzot-na-sindikati-na-ukim-najavuva-shtrajk-ne-se-pochituva-kolektivniot-dogovor-za-zgolemuvane-na-platite/ Fri, 09 Feb 2024 12:58:07 +0000 https://republika.mk/?p=742227

Претседател на Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) Ангел Ристов на денешната прес-конференција обвини дека државата не обезбедила средства во буџетот за примена на обврските од колективниот договор склучен меѓу Синдикатот на УКИМ и Собранието, иако истиот е полноважен и стапил на сила на 1 јануари оваа година. Тој упати апел за средба со премиерот во рок од три дена, а доколку средбата не се реализира, ќе следува протест.

Доколку во рок од три дена не добиеме средба со премиерот, согласно соопштението испратено од ректорската управа потпишано од сите декани, ректорката, проректорите, ќе се радикализираме. Ќе следува протест, па доколку тој предупредувачки протест не вроди со плод, следува штрајк, порача Ристов.

Ректорката на Универзитот Биљана Ангелова на денешната прес-конференција обвини за игнорантскиот однос на институциите кон УКИМ.

Игнорантски однос на институциите трае долго, можеби повеќе од 15 години. Поводот е колективниот договор но причини има многу - нарушената финансиска автономија, нарушена кадровска автономија и нарушена функционална автономија, што ни создава секојдневни проблеми во функционирањето, рече Ангелова.

Таа потенцираше дека колективниот договор кој што беше склучен во текот на 2022 година од страна на Синдикатот и Собранието е полноважен и објавен во Службен весник. Тој, како што рече, произведува правно дејство и за Универзитетот и за надлежните институции

Јас како ректор и ректорската управа која ја сочинуваат деканите и директорите на факултетите и понатаму ќе се залагаме да одржиме што подостоинствен стандард на сите наши вработени. Ќе настојуваме да се спроведува колективниот договор, а тоа значи правниот систем во оваа држава и спроведување на правото, додаде Ангелова.

The post Сојузот на Синдикати на УКИМ најавува штрајк: Не се почитува колективниот договор за зголемување на платите appeared first on Република.

]]>