Сојуз на математичари на Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuz-na-matematichari-na-makedonija/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jul 2023 08:47:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сојуз на математичари на Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sojuz-na-matematichari-na-makedonija/ 32 32 Огромен успех за средношколците на математичката олимпијада во Јапонија: Дамјан Давков освои златен медал https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/ogromen-uspeh-za-srednoshkoltsite-na-matematichkata-olimpijada-vo-japonija-damjan-davkov-osvoi-zlaten-medal/ Wed, 12 Jul 2023 08:47:37 +0000 https://republika.mk/?p=660308

Шест македонски математичари постигнаа огромен успех на математичката олимпијада во Јапонија. На престижниот натрепвар тие освоија четири медали и две пофалници, соопштија од Сојузот на математичари на Македонија (СММ).

Ни претставува особена чест да објавиме дека на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех! На овој светски мегдан за извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници, соопштија од СММ.

Златен медал освои Дамјан Давков, додека со сребрен медал по математика на интернационалната олимпијада се закити Алексиј Тасиќ. Никола Цветаноски и Никола Спироски добија бронзени медали.

Во продолжение списокот и освоените поени на македонските математички олимпијци.
ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени)
АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (сребрен медал; со освоени 25 поени)
НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени)
НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; со освоени 19 поени)
ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; со освоени 17 поени)
БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница; со освоени 11 поени)

Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина! Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања!, велат од СММ.

The post Огромен успех за средношколците на математичката олимпијада во Јапонија: Дамјан Давков освои златен медал appeared first on Република.

]]>

Шест македонски математичари постигнаа огромен успех на математичката олимпијада во Јапонија. На престижниот натрепвар тие освоија четири медали и две пофалници, соопштија од Сојузот на математичари на Македонија (СММ).
Ни претставува особена чест да објавиме дека на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех! На овој светски мегдан за извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници, соопштија од СММ.
Златен медал освои Дамјан Давков, додека со сребрен медал по математика на интернационалната олимпијада се закити Алексиј Тасиќ. Никола Цветаноски и Никола Спироски добија бронзени медали. Во продолжение списокот и освоените поени на македонските математички олимпијци. ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени) АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (сребрен медал; со освоени 25 поени) НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени) НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; со освоени 19 поени) ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; со освоени 17 поени) БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница; со освоени 11 поени)
Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина! Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања!, велат од СММ.
 
The post Огромен успех за средношколците на математичката олимпијада во Јапонија: Дамјан Давков освои златен медал appeared first on Република.

]]>
На 40. Балканската математичка олимпијада Македонија освои рекордни шест медали! https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/na-40-balkanskata-matematichka-olimpijada-makedonija-osvoi-rekordni-shest-medali/ Fri, 12 May 2023 13:03:51 +0000 https://republika.mk/?p=640186

На јубилејната, 40. Балканска математичка олимпијада, која што се одржа во Анталија, Турција, Македонија оствари нов рекорд. Првпат се освоени шест медали меѓу кои еден златен, еден сребрен и четири бронзени медали, соопшти Сојузот на математичари на Македонија.

Златниот медал освои Никола Спировски, Дамјан Давков освои сребро, а бронзените медали им припаднаа на Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски и Алек Танаскоски.

Бројот на освоени тимски поени кој само во 2022 година беше 118 е уште еднаш надминат, и оваа година изнесува 157 поени, што ја пласира Македонија на 5. место во официјалната конкуренција. Македонија е една од трите држави со златен медал.

Уште една радосна вест е што една од задачите кои сите учесници ја решаваа беше македонски предлог (задача 1), во авторство на лидерот Никола Велов.

Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на Анастасија Трајанова, Илија Јовчески и претседателот на комисијата за ММО и меѓународни натпревари проф. д-р Мирко Петрушевски, кои заедно со нас учествуваа во подготовките на тимот. На крај неизоставно им искажуваме благодарност на спонзорите Виктор Симјаноски, Бојан Јовески, Предраг Груевски, Бобо Станковиќ, Бојан Серафимов, Валентин Ѓорѓиоски, Тодор Ристов и Стојан Трајановски кои во целост го покрија финансискиот дел за подготовките, велат од тимот и додаваат дека во наредните денови на веб страната на СММ со сите ученици кои ја сакаат математиката ќе ги споделат материјалите од подготвителните часови кои ги посетуваа одбрани ученици во склоп на Олимписката школа Александар Блажевски-Цане.

The post На 40. Балканската математичка олимпијада Македонија освои рекордни шест медали! appeared first on Република.

]]>

На јубилејната, 40. Балканска математичка олимпијада, која што се одржа во Анталија, Турција, Македонија оствари нов рекорд. Првпат се освоени шест медали меѓу кои еден златен, еден сребрен и четири бронзени медали, соопшти Сојузот на математичари на Македонија. Златниот медал освои Никола Спировски, Дамјан Давков освои сребро, а бронзените медали им припаднаа на Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски и Алек Танаскоски. Бројот на освоени тимски поени кој само во 2022 година беше 118 е уште еднаш надминат, и оваа година изнесува 157 поени, што ја пласира Македонија на 5. место во официјалната конкуренција. Македонија е една од трите држави со златен медал. Уште една радосна вест е што една од задачите кои сите учесници ја решаваа беше македонски предлог (задача 1), во авторство на лидерот Никола Велов.