сој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/soj/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 19:34:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/soj/ 32 32 Во Велика Британија откриен сој на мајмунски сипаници што полесно се шири меѓу луѓето https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-velika-britanija-otkrien-soj-na-majmunski-sipanitsi-shto-polesno-se-shiri-megu-lugeto/ Wed, 30 Oct 2024 19:34:26 +0000 https://republika.mk/?p=832559

Во Велика Британија е откриен еден случај на мајмунски сипаници (мпокс), а тоа е сојот 1Б, кој полесно се шири меѓу луѓето во споредба со оригиналниот вид, јави денеска Би-Би-Си.

Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба во Африка поради големи сипаници.

Пациент од Велика Британија неодамна бил на одмор во Африка и почнал да се чувствува лошо 24 часа по враќањето. На 21 октомври му се појавиле симптоми слични на грип, а осипот се појавил три дена подоцна.

Пациентот се лекува во специјалистичка инфективна единица во Кралската болница во Лондон.

Случаи на 1Б мпокс се пријавени во ДР Конго, Кенија, Бурунди и Руанда. Се следи состојбата на лицата кои биле во контакт со заразените, а се претпоставува дека има помалку од 10 лица.

„Ова е првпат да го откриеме овој вид на мпокс во Обединетото Кралство, иако други случаи се потврдени во странство. Ризикот за населението во Обединетото Кралство останува низок, а ние работиме брзо на следење блиски контакти за да го намалиме ризикот од ширење“, рече професорката Сузан Хопкинс, главен медицински советник на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА). 

The post Во Велика Британија откриен сој на мајмунски сипаници што полесно се шири меѓу луѓето appeared first on Република.

]]>

Во Велика Британија е откриен еден случај на мајмунски сипаници (мпокс), а тоа е сојот 1Б, кој полесно се шири меѓу луѓето во споредба со оригиналниот вид, јави денеска Би-Би-Си.

Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба во Африка поради големи сипаници.

Пациент од Велика Британија неодамна бил на одмор во Африка и почнал да се чувствува лошо 24 часа по враќањето. На 21 октомври му се појавиле симптоми слични на грип, а осипот се појавил три дена подоцна.

Пациентот се лекува во специјалистичка инфективна единица во Кралската болница во Лондон.

Случаи на 1Б мпокс се пријавени во ДР Конго, Кенија, Бурунди и Руанда. Се следи состојбата на лицата кои биле во контакт со заразените, а се претпоставува дека има помалку од 10 лица.

„Ова е првпат да го откриеме овој вид на мпокс во Обединетото Кралство, иако други случаи се потврдени во странство. Ризикот за населението во Обединетото Кралство останува низок, а ние работиме брзо на следење блиски контакти за да го намалиме ризикот од ширење“, рече професорката Сузан Хопкинс, главен медицински советник на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА). 

The post Во Велика Британија откриен сој на мајмунски сипаници што полесно се шири меѓу луѓето appeared first on Република.

]]>
Нов сој на коронавирус регистриран во 36 земји ширум светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nov-soj-na-koronavirus-registriran-vo-36-zemji-shirum-svetot/ Mon, 07 Aug 2023 07:32:11 +0000 https://republika.mk/?p=669415

Сојот ЕГ.5.1, наречен и Ерис, на новиот коронавирус се шири низ светот и веќе е регистриран во 36 земји, објави Џерузалем пост.

Заклучно со 24 јули 2023 година, регистрирани се 2.442 случаи на инфекција со Ерис во 36 земји ширум светот, вклучително и 18 во Израел.

Варијантата сега е доминантна во Британија, каде што продолжува да растe бројот на хоспитализирани пациенти со КОВИД-19, соопштија британските здравствени власти минатата недела.

Според Управата за здравствена безбедност на Велика Британија (УКХСА), надзорот на варијантата ЕГ.5.1 започна на почетокот на јули, по зголемените извештаи за неговото ширење, особено во Азија. Варијантата на новиот коронавирус за првпат беше откриена во март годинава.

The post Нов сој на коронавирус регистриран во 36 земји ширум светот appeared first on Република.

]]>

Сојот ЕГ.5.1, наречен и Ерис, на новиот коронавирус се шири низ светот и веќе е регистриран во 36 земји, објави Џерузалем пост. Заклучно со 24 јули 2023 година, регистрирани се 2.442 случаи на инфекција со Ерис во 36 земји ширум светот, вклучително и 18 во Израел. Варијантата сега е доминантна во Британија, каде што продолжува да растe бројот на хоспитализирани пациенти со КОВИД-19, соопштија британските здравствени власти минатата недела. Според Управата за здравствена безбедност на Велика Британија (УКХСА), надзорот на варијантата ЕГ.5.1 започна на почетокот на јули, по зголемените извештаи за неговото ширење, особено во Азија. Варијантата на новиот коронавирус за првпат беше откриена во март годинава.

The post Нов сој на коронавирус регистриран во 36 земји ширум светот appeared first on Република.

]]>
Научници во САД развија нов сој на коронавирус https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nauchnici-vo-sad-razvija-nov-soj-na-koronavirus/ Wed, 19 Oct 2022 07:25:10 +0000 https://republika.mk/?p=562796

Истражувачи од американскиот универзитет Бостон соопштија дека развиле нов сој на коронавирус по низа слични експерименти во светот, со цел да се борат против нови пандемии.

Новиот сој претставува комбинација од омикрон и оригиналната варијанта од Вухан, а истражувањето го спроведе тим научници од Флорида и Бостон, јави „Фокс њуз“.

Евидентирано е дека глувците реагирале на хибридниот сој и утврдено е оти петпати е позаразен од исклучително заразниот омикрон.

Се истакнува дека смртноста кај глувците била 100 отсто од првобитниот сој, а 80 проценти кај хибридната варијанта.

Кога тие биле изложени само на омикрон, имале благи симптоми.

Како што појаснија научниците, истражувањето е одобрено од Агенцијата за биолошка безбедност, како и од Бостонската комисија за јавно здравје.

Според нив, истражувањето ќе биде корисно за борбите против нови пандемии.

The post Научници во САД развија нов сој на коронавирус appeared first on Република.

]]>

Истражувачи од американскиот универзитет Бостон соопштија дека развиле нов сој на коронавирус по низа слични експерименти во светот, со цел да се борат против нови пандемии. Новиот сој претставува комбинација од омикрон и оригиналната варијанта од Вухан, а истражувањето го спроведе тим научници од Флорида и Бостон, јави „Фокс њуз“. Евидентирано е дека глувците реагирале на хибридниот сој и утврдено е оти петпати е позаразен од исклучително заразниот омикрон. Се истакнува дека смртноста кај глувците била 100 отсто од првобитниот сој, а 80 проценти кај хибридната варијанта. Кога тие биле изложени само на омикрон, имале благи симптоми. Како што појаснија научниците, истражувањето е одобрено од Агенцијата за биолошка безбедност, како и од Бостонската комисија за јавно здравје. Според нив, истражувањето ќе биде корисно за борбите против нови пандемии.

The post Научници во САД развија нов сој на коронавирус appeared first on Република.

]]>
Во Велика Британија регистриран нов сој на мајмунски сипаници: Заразениот дошол од Западна Африка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-velika-britanija-registriran-nov-soj-na-majmunski-sipanici-zarazeniot-doshol-od-zapadna-afrika/ Fri, 02 Sep 2022 12:17:49 +0000 https://republika.mk/?p=546751

Во Велика Британија е идентификуван нов вид на мајмунски сипаници, објавија здравствените власти.

Агенцијата за здравствена безбедност (УКХСА) соопшти дека едно лице, кое неодамна било во Западна Африка, е заразено со генетски различна варијанта на вирусот од онаа што ја предизвикала епидемијата во Велика Британија.

Засега се следат сите контакти со кои бил заболениот, за да се утврди дали има дополнителни инфекции. Првично не е обелоденето дали лицето е машко или женско и колку години има.

Постојат два генетски различни соеви на вирусот на мајмунска сипаница: централноафриканскиот вид, или како што сега се нарекува „Клејд 1“ (Конго Басен) и западноафриканскиот вид, или „Клејд 2“.

Сојот „Конго Басен“ предизвикува потешка форма на болеста и има стапка на смртност од 10,6 проценти и се смета за полесно пренослива, додека западноафриканскиот вид е поблага варијанта, со стапка на смртност од 3,6 проценти. Во моментов е во тек понатамошна анализа за да се види дали овој изолиран случај е „Клејд 1“, друг потсој на „Клејд 2“ или сосема нова варијанта.

Работиме на тоа да контактираме со луѓето кои имале близок контакт со случајот пред да биде потврдена нивната инфекција, да ги оцениме колку што е потребно и да дадеме совет. УКХСА и НХС имаат добро воспоставени процедури за контрола на инфекции за справување со случаи на увезени заразни болести и тие строго ќе се следат, а ризикот за пошироката јавност е многу низок. Ги потсетуваме сите оние кои планираат да патуваат во Западна и Централна Африка да внимаваат на симптомите на мајмунски сипаници и да се јават на лекар доколку развијат симптоми по враќањето - изјави д-р Софија Маки, директор за инциденти во УКХСА.

Во моментов има најмалку 3.279 познати случаи на мајмунски сипаници во Обединетото Кралство, со 79 идентификувани само во последната недела, што е помалку од 126 претходната недела и 167 неделата пред тоа. УКХСА е уверена дека епидемијата се намалува и покрај тоа што глобалниот биланс сега надминува 50.000.

„SIGA Technologies“, фирма за здравствена безбедност чие истражување е финансирано од американската влада за да се спротивстави на заканата од биолошкото оружје, разви антивирусно средство познат како текавиримат за борба против сипаници и сродни вируси, вклучително и мајмунска сипаница.

Тековиримат е одобрен за третман на сипаници во САД, каде што се продава како „TPOXX“.

The post Во Велика Британија регистриран нов сој на мајмунски сипаници: Заразениот дошол од Западна Африка appeared first on Република.

]]>

Во Велика Британија е идентификуван нов вид на мајмунски сипаници, објавија здравствените власти. Агенцијата за здравствена безбедност (УКХСА) соопшти дека едно лице, кое неодамна било во Западна Африка, е заразено со генетски различна варијанта на вирусот од онаа што ја предизвикала епидемијата во Велика Британија. Засега се следат сите контакти со кои бил заболениот, за да се утврди дали има дополнителни инфекции. Првично не е обелоденето дали лицето е машко или женско и колку години има. Постојат два генетски различни соеви на вирусот на мајмунска сипаница: централноафриканскиот вид, или како што сега се нарекува „Клејд 1“ (Конго Басен) и западноафриканскиот вид, или „Клејд 2“. Сојот „Конго Басен“ предизвикува потешка форма на болеста и има стапка на смртност од 10,6 проценти и се смета за полесно пренослива, додека западноафриканскиот вид е поблага варијанта, со стапка на смртност од 3,6 проценти. Во моментов е во тек понатамошна анализа за да се види дали овој изолиран случај е „Клејд 1“, друг потсој на „Клејд 2“ или сосема нова варијанта.
Работиме на тоа да контактираме со луѓето кои имале близок контакт со случајот пред да биде потврдена нивната инфекција, да ги оцениме колку што е потребно и да дадеме совет. УКХСА и НХС имаат добро воспоставени процедури за контрола на инфекции за справување со случаи на увезени заразни болести и тие строго ќе се следат, а ризикот за пошироката јавност е многу низок. Ги потсетуваме сите оние кои планираат да патуваат во Западна и Централна Африка да внимаваат на симптомите на мајмунски сипаници и да се јават на лекар доколку развијат симптоми по враќањето - изјави д-р Софија Маки, директор за инциденти во УКХСА.
Во моментов има најмалку 3.279 познати случаи на мајмунски сипаници во Обединетото Кралство, со 79 идентификувани само во последната недела, што е помалку од 126 претходната недела и 167 неделата пред тоа. УКХСА е уверена дека епидемијата се намалува и покрај тоа што глобалниот биланс сега надминува 50.000. „SIGA Technologies“, фирма за здравствена безбедност чие истражување е финансирано од американската влада за да се спротивстави на заканата од биолошкото оружје, разви антивирусно средство познат како текавиримат за борба против сипаници и сродни вируси, вклучително и мајмунска сипаница. Тековиримат е одобрен за третман на сипаници во САД, каде што се продава како „TPOXX“.

The post Во Велика Британија регистриран нов сој на мајмунски сипаници: Заразениот дошол од Западна Африка appeared first on Република.

]]>
Ова се првите симтпоми на стелт омикрон сојот кој се шири низ светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ova-se-prvite-simtpomi-na-stelt-omikron-sojot-koj-se-shiri-niz-svetot/ Thu, 10 Feb 2022 08:04:15 +0000 https://republika.mk/?p=456557

Стелт омикрон сојот се шири низ светот, а според информациите кои ни доаѓаат од некои земји, тој е и до два пати позаразен од оригиналната варијанта на омикрон.

Експертите открија дека сѐ уште е рано да се зборува за оваа подваријанта на вирусот, бидејќи малку се знае за него, а многумина се прашуваат колку е опасен и како изгледаат неговите симптоми.

Иако експертите сè уште ги проучуваат ефектите на стелт омикрон сојот, новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека „BA.2“ се разликува од претходните мутации поради неговата клеточна структура.

Се сметаше дека симптомите се слични на претходната подваријанта, но сега е откриено дека еден од најчестите симптоми на стелт омикрон сојот е вртоглавицата.

Друг вообичаен симптом кој се јавува доста рано е замор. Д-р Анџелик Коце, претседател на Јужноафриканската медицинска асоцијација, која првпат ги предупреди властите за омикрон во ноември минатата година, рече дека заморот со болки во мускулите може да биде меѓу раните знаци на оваа варијанта.

Кои се вообичаените симптоми?

Симптомите на стелт омикрон се опишани како речиси идентични со оние во оригиналната варијанта: суво болно грло, кивање, благи болки во мускулите и замор.

Невообичаени знаци вклучуваат несвестица, конгестија, магла во мозокот, осип на кожата, конјунктивитис, гадење или повраќање.

Додека „BA.2“ сѐ уште е под истрага, научниците од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) издадоа предупредување за оригиналниот омикрон, барајќи од луѓето да внимаваат на бледата, сива или сина кожа, усни или нокти. Ова може да укажува на ниско ниво на кислород во крвта и да побараат итна медицинска помош.

The post Ова се првите симтпоми на стелт омикрон сојот кој се шири низ светот appeared first on Република.

]]>

Стелт омикрон сојот се шири низ светот, а според информациите кои ни доаѓаат од некои земји, тој е и до два пати позаразен од оригиналната варијанта на омикрон. Експертите открија дека сѐ уште е рано да се зборува за оваа подваријанта на вирусот, бидејќи малку се знае за него, а многумина се прашуваат колку е опасен и како изгледаат неговите симптоми. Иако експертите сè уште ги проучуваат ефектите на стелт омикрон сојот, новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека „BA.2“ се разликува од претходните мутации поради неговата клеточна структура. Се сметаше дека симптомите се слични на претходната подваријанта, но сега е откриено дека еден од најчестите симптоми на стелт омикрон сојот е вртоглавицата. Друг вообичаен симптом кој се јавува доста рано е замор. Д-р Анџелик Коце, претседател на Јужноафриканската медицинска асоцијација, која првпат ги предупреди властите за омикрон во ноември минатата година, рече дека заморот со болки во мускулите може да биде меѓу раните знаци на оваа варијанта. Кои се вообичаените симптоми? Симптомите на стелт омикрон се опишани како речиси идентични со оние во оригиналната варијанта: суво болно грло, кивање, благи болки во мускулите и замор. Невообичаени знаци вклучуваат несвестица, конгестија, магла во мозокот, осип на кожата, конјунктивитис, гадење или повраќање. Додека „BA.2“ сѐ уште е под истрага, научниците од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) издадоа предупредување за оригиналниот омикрон, барајќи од луѓето да внимаваат на бледата, сива или сина кожа, усни или нокти. Ова може да укажува на ниско ниво на кислород во крвта и да побараат итна медицинска помош.

The post Ова се првите симтпоми на стелт омикрон сојот кој се шири низ светот appeared first on Република.

]]>