софтвер за просеча брзина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/softver-za-prosecha-brzina/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Oct 2022 12:17:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png софтвер за просеча брзина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/softver-za-prosecha-brzina/ 32 32 Набавката на софтверот за мерење брзина на Рашковски не била во годишниот план, се вметнала со измените https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sudenjeto-za-sluchajot-softveri-prodolzuva-na-1-noemvri/ Thu, 13 Oct 2022 11:51:55 +0000 https://republika.mk/?p=560613

Судењето на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се товари за нелегалната набавка на софтвер, продолжува на 1 ноември, откако на денешното рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје беа сослушани повеќе сведоци предложени од Обвинителството.

Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.

За следно рочиште се повикани четворица сведоци, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На денешното рочиште, последен беше сослушан сведокот Анета Стефковска, која во 2020 година работела како економист во Генералниот секретаријат за јавни набавки на Владата, која во својот исказ пред Судот, рече дека набавката на софтверот за мерење просечна брзина не била предвидена во годишниот план, но бил во измената и дополнувањето, што е исто.

Сведокот рече дека првата постапка за јавна набавка била повлечена поради „основни и битни пропусти во првата јавна набавка“, а по  укажување од кабинетот на Генералниот секретар. Втората постапка, пак била поништена заради ниту една прифатлива понуда, односно, како што рече сведокот, дека никој не го исполнил условот за техничка реализација.

Стефковска рече дека критериум за избор на сите три јавни набавки дека била најниска цена и дека не се сеќава на измени во бодувањето на критериумите.

– Како и секоја техничка спецификација доаѓаше од кабинетот или лично од Генералниот секретар, а некогаш и од лицето Игор Христов. Целосната оценка се спроведува од комисијата формирана за тоа, изјави сведокот Стефковска.

Прашана дали во тендерската јавна набавка постоеле рокови до кога софтверот требало да биде ставен во функција, таа рече дека “да, мора да има, тоа е како задолжителна ставка за сите постапки”.

На повеќе прашања од Драги Рашковски, во насока дали додека бил генерален секретар на Владата секогаш ги исполнувал неговите обврски во делот на јавните набавки, сведокот одговори „да ги извршувате сите овие работи“.

Прашана од Рашковски „дали некогаш во постапките по предметните јавни набавки имала притисок од него како генерален секретар на Владата, Стефковска одговори „не“.

Сведокот, исто така, рече дека и додека Рашковски бил генерален секретар на Владата никогаш не и дал насока некого да дисквалификува од постапките за јавни набавки.

На прашање од Рашковски, дали како генерален секретар на Владата, го прифатил предлогот на Комисијата за јавната набавка, сведокот одговори потврдно.

Претходно на денешното рочиште, беа сослушани двајца сведоци – Иван Чорбев, професор на ФИНКИ, кој додека бил декан на Факултетот потпишал меморандум за соработка со фирми кои го контактирале професорот Ивица Димитровски од ФИНКИ, за соработка за софтвер за процесирање слики и видео и сведокот Кирил Самарџиоски, вработен како информатичар во Генерален секретаријат на Владата и член на Комисијата за евалуација на набавката на софтверот за определување на просечна брзина на возилата.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ.

The post Набавката на софтверот за мерење брзина на Рашковски не била во годишниот план, се вметнала со измените appeared first on Република.

]]>

Судењето на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се товари за нелегалната набавка на софтвер, продолжува на 1 ноември, откако на денешното рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје беа сослушани повеќе сведоци предложени од Обвинителството. Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска. За следно рочиште се повикани четворица сведоци, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На денешното рочиште, последен беше сослушан сведокот Анета Стефковска, која во 2020 година работела како економист во Генералниот секретаријат за јавни набавки на Владата, која во својот исказ пред Судот, рече дека набавката на софтверот за мерење просечна брзина не била предвидена во годишниот план, но бил во измената и дополнувањето, што е исто. Сведокот рече дека првата постапка за јавна набавка била повлечена поради „основни и битни пропусти во првата јавна набавка“, а по  укажување од кабинетот на Генералниот секретар. Втората постапка, пак била поништена заради ниту една прифатлива понуда, односно, како што рече сведокот, дека никој не го исполнил условот за техничка реализација. Стефковска рече дека критериум за избор на сите три јавни набавки дека била најниска цена и дека не се сеќава на измени во бодувањето на критериумите.
– Како и секоја техничка спецификација доаѓаше од кабинетот или лично од Генералниот секретар, а некогаш и од лицето Игор Христов. Целосната оценка се спроведува од комисијата формирана за тоа, изјави сведокот Стефковска.
Прашана дали во тендерската јавна набавка постоеле рокови до кога софтверот требало да биде ставен во функција, таа рече дека “да, мора да има, тоа е како задолжителна ставка за сите постапки”. На повеќе прашања од Драги Рашковски, во насока дали додека бил генерален секретар на Владата секогаш ги исполнувал неговите обврски во делот на јавните набавки, сведокот одговори „да ги извршувате сите овие работи“. Прашана од Рашковски „дали некогаш во постапките по предметните јавни набавки имала притисок од него како генерален секретар на Владата, Стефковска одговори „не“. Сведокот, исто така, рече дека и додека Рашковски бил генерален секретар на Владата никогаш не и дал насока некого да дисквалификува од постапките за јавни набавки. На прашање од Рашковски, дали како генерален секретар на Владата, го прифатил предлогот на Комисијата за јавната набавка, сведокот одговори потврдно. Претходно на денешното рочиште, беа сослушани двајца сведоци – Иван Чорбев, професор на ФИНКИ, кој додека бил декан на Факултетот потпишал меморандум за соработка со фирми кои го контактирале професорот Ивица Димитровски од ФИНКИ, за соработка за софтвер за процесирање слики и видео и сведокот Кирил Самарџиоски, вработен како информатичар во Генерален секретаријат на Владата и член на Комисијата за евалуација на набавката на софтверот за определување на просечна брзина на возилата. Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ.

The post Набавката на софтверот за мерење брзина на Рашковски не била во годишниот план, се вметнала со измените appeared first on Република.

]]>