Софија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sofija/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 08:53:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Софија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sofija/ 32 32 Мултимедијалниот проект „Мечтаење помеѓу празното и празнината“ на пијанистката Петровска и уметницата Цветановска-Мартиновска во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/multimedijalniot-proekt-mechtaene-pomegu-praznoto-i-prazninata-na-pijanistkata-petrovska-i-umetnitsata-tsvetanovska-martinovska-vo-sofija/ Thu, 28 Nov 2024 08:53:23 +0000 https://republika.mk/?p=842610

Во галеријата на Културно-информативен центар на Македонија во Софија, вечер, во 18:30 часот ќе се одржи мултимедијалниот проект „Мечтаење помеѓу празното и празнината“ – солистички концерт на авторска музика на Билјана Петровска (соло пијано) и сценска визуелна инсталација на Марина Цветановска-Мартиновска.

Во однос на проектот се посочува дека потребата да се дополнуваат музиката и визуелното во просторот е карактеристика на наведените уметнички во претходните уметнички настапи, од каде и произлегува оваа идеја. При тоа наоѓајќи ја заедничката фреквенција преку современ пристап и обработка на заедничка тема мечтаењето, желбите и потребите на луѓето во секојдневието. Всушност создавајќи ги своите форми за сценската инсталација, Марина ги работи под инспирација на музиката на Билјана Петровска.

Музиката на албумот на Билјана е инспирирана од мелодии и мотиви фолклорни песни, од она за кое се претпоставува сите го имаме запишано во нашиот код. Самиот стил на компонирање, амбиентален и медитативен донесува моменти во кои се чувствува инспирацијата од уметничките композиции и форми на Марина.

Современата релаксирачка и амбиентална музика на Билјана Петровска уште повеќе го оформува невидливото, исполнувајќи го празниот волумен со изведба на пијано звуци во современиот стил. Во целина, композициите создадени во умерено темпо, со мелодиски линии и хармонски подлоги со музикална, концептуална структура и позадина, поседуваат приемчивост и слушливост. Употребата на мелодијата и изедначените ритмизации во хармонската основа во нив, остваруваат наизменично прелевање на тонски бои со изразена суптилност. Нивното преплетување и дијалог во разните гласови и регистри, вообичаениот вовед, наместа вметнатите разработки на тематските мотиви во композициите, доведуваат до создавање на чувствено-контемплативни и медитативни расположенија, ја дополнуваат креацијата на Марина Цветаноска – Мартиновска и создаваат чувство на исполнетост, релаксираност и современо естетско визуелно и музичко оплеменување на просторот и доживување кај реципиентите.

Програма:

Самовила (Fairy) оп. А
Сон ( dream ) оп. A
Исчекување (Anticipation) оп. A
Носталија (Nostalgy) оп. Ц
Вечно твоја (Forever yours) оп. A
Сеќавање (Memory) op. 1
Молк (Silence) оп.A
Единаесеттиот час (Тhe eleventh hour) – Никола Стојковски, аранжман за пијано Билјана Петровска
Мечтаење (Daydreaming) оп. A
Жед (Thirst) оп. A, стои во соопштението од Културно-информативниот центар на РСМ во Софија. вг/

 

The post Мултимедијалниот проект „Мечтаење помеѓу празното и празнината“ на пијанистката Петровска и уметницата Цветановска-Мартиновска во Софија appeared first on Република.

]]>

Во галеријата на Културно-информативен центар на Македонија во Софија, вечер, во 18:30 часот ќе се одржи мултимедијалниот проект „Мечтаење помеѓу празното и празнината“ – солистички концерт на авторска музика на Билјана Петровска (соло пијано) и сценска визуелна инсталација на Марина Цветановска-Мартиновска. Во однос на проектот се посочува дека потребата да се дополнуваат музиката и визуелното во просторот е карактеристика на наведените уметнички во претходните уметнички настапи, од каде и произлегува оваа идеја. При тоа наоѓајќи ја заедничката фреквенција преку современ пристап и обработка на заедничка тема мечтаењето, желбите и потребите на луѓето во секојдневието. Всушност создавајќи ги своите форми за сценската инсталација, Марина ги работи под инспирација на музиката на Билјана Петровска. Музиката на албумот на Билјана е инспирирана од мелодии и мотиви фолклорни песни, од она за кое се претпоставува сите го имаме запишано во нашиот код. Самиот стил на компонирање, амбиентален и медитативен донесува моменти во кои се чувствува инспирацијата од уметничките композиции и форми на Марина. Современата релаксирачка и амбиентална музика на Билјана Петровска уште повеќе го оформува невидливото, исполнувајќи го празниот волумен со изведба на пијано звуци во современиот стил. Во целина, композициите создадени во умерено темпо, со мелодиски линии и хармонски подлоги со музикална, концептуална структура и позадина, поседуваат приемчивост и слушливост. Употребата на мелодијата и изедначените ритмизации во хармонската основа во нив, остваруваат наизменично прелевање на тонски бои со изразена суптилност. Нивното преплетување и дијалог во разните гласови и регистри, вообичаениот вовед, наместа вметнатите разработки на тематските мотиви во композициите, доведуваат до создавање на чувствено-контемплативни и медитативни расположенија, ја дополнуваат креацијата на Марина Цветаноска – Мартиновска и создаваат чувство на исполнетост, релаксираност и современо естетско визуелно и музичко оплеменување на просторот и доживување кај реципиентите. Програма: Самовила (Fairy) оп. А Сон ( dream ) оп. A Исчекување (Anticipation) оп. A Носталија (Nostalgy) оп. Ц Вечно твоја (Forever yours) оп. A Сеќавање (Memory) op. 1 Молк (Silence) оп.A Единаесеттиот час (Тhe eleventh hour) – Никола Стојковски, аранжман за пијано Билјана Петровска Мечтаење (Daydreaming) оп. A Жед (Thirst) оп. A, стои во соопштението од Културно-информативниот центар на РСМ во Софија. вг/  

The post Мултимедијалниот проект „Мечтаење помеѓу празното и празнината“ на пијанистката Петровска и уметницата Цветановска-Мартиновска во Софија appeared first on Република.

]]>
Го исмевала бугарскиот народ: Тензии во Софија против „антибугарската“ претстава на Џон Малкович https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/go-ismevala-bugarskiot-narod-tenzii-vo-sofija-protiv-antibugarskata-pretstava-na-dhon-malkovich/ Thu, 07 Nov 2024 21:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=835312

Тензично е пред влезот на најголемата театарска сцена во Бугарија, Народниот театар „Иван Вазов“, кој е окупиран од стотици граѓани кои го изразуваат своето незадоволство од поставувањето на претставата „Оружје и човек“ на Бернард Шо под режисерската палка на Џон Малкович, јавува БГНЕС.

Според демонстрантите -  претставата е антибугарска, ги исмева бугарските војници и го исмева бугарскиот народ. Тие бараат оставка од директорот на театарот Васил Василев.

https://youtu.be/cfD1SHcgWgE?si=ozHhDvLZ6cE_JItm

Протестот започна како мирен, но подоцна изреволтираните граѓани се поделија во две групи. Првата остана пред фонтаната и протестираше мирно, додека другата група се судри со полицијата, пред влезот на театарот. Толпата се обиде да влезе во театарот. На влезот неуспешно се обиде да излезе директорот на театарот Васил Василев, кој викаше дека ќе ја заштити културата во Бугарија.

Органите на редот интервенираа за да спречат посериозна пресметка.

Тензиите повторно ескалираа. Во фоајето на театарот дојдоа претставници на политички партии. На влезот во скенерот реплики разменуваат Ангел Џамбазки од ВМРО и директорот на театарот Васил Василев. Поранешниот пратеник и неговите другари купиле билети за да влезат, по што тензиите повторно ескалирале. Двајцата си размениле грди реплики.

https://youtu.be/xAfFcW0vwRk?si=2uuolCSONkAyGWd-

Причина за протестот пред Народниот театар „Иван Вазов“ беше одлуката да се постави претставата на Бернард Шо „Човекот и оружјето“, која се смета за навредлива за бугарското општество, бидејќи ги претставува Бугарите за време на српско- бугарската војна (1885).

Датумот на кој требаше да се изведе претставата е вечерва на 7 ноември – годишнината од словенската епопеја, каде Бугарите ја бранеа Унијата и својата независност. Нивниот подвиг го овековечи и Иван Вазов, чие име го носи Народниот театар. Следниот датум, 8 ноември, е поврзан со окупацијата на западната периферија од Србија, каде до ден денес Белград води политика на бришење на се што е бугарско. Третиот датум е 27 ноември – годишнината од потпишувањето на Договорот од Ној, пишува  БГНЕС.

The post Го исмевала бугарскиот народ: Тензии во Софија против „антибугарската“ претстава на Џон Малкович appeared first on Република.

]]>

Тензично е пред влезот на најголемата театарска сцена во Бугарија, Народниот театар „Иван Вазов“, кој е окупиран од стотици граѓани кои го изразуваат своето незадоволство од поставувањето на претставата „Оружје и човек“ на Бернард Шо под режисерската палка на Џон Малкович, јавува БГНЕС. Според демонстрантите -  претставата е антибугарска, ги исмева бугарските војници и го исмева бугарскиот народ. Тие бараат оставка од директорот на театарот Васил Василев. https://youtu.be/cfD1SHcgWgE?si=ozHhDvLZ6cE_JItm Протестот започна како мирен, но подоцна изреволтираните граѓани се поделија во две групи. Првата остана пред фонтаната и протестираше мирно, додека другата група се судри со полицијата, пред влезот на театарот. Толпата се обиде да влезе во театарот. На влезот неуспешно се обиде да излезе директорот на театарот Васил Василев, кој викаше дека ќе ја заштити културата во Бугарија. Органите на редот интервенираа за да спречат посериозна пресметка. Тензиите повторно ескалираа. Во фоајето на театарот дојдоа претставници на политички партии. На влезот во скенерот реплики разменуваат Ангел Џамбазки од ВМРО и директорот на театарот Васил Василев. Поранешниот пратеник и неговите другари купиле билети за да влезат, по што тензиите повторно ескалирале. Двајцата си размениле грди реплики. https://youtu.be/xAfFcW0vwRk?si=2uuolCSONkAyGWd- Причина за протестот пред Народниот театар „Иван Вазов“ беше одлуката да се постави претставата на Бернард Шо „Човекот и оружјето“, која се смета за навредлива за бугарското општество, бидејќи ги претставува Бугарите за време на српско- бугарската војна (1885).
Датумот на кој требаше да се изведе претставата е вечерва на 7 ноември – годишнината од словенската епопеја, каде Бугарите ја бранеа Унијата и својата независност. Нивниот подвиг го овековечи и Иван Вазов, чие име го носи Народниот театар. Следниот датум, 8 ноември, е поврзан со окупацијата на западната периферија од Србија, каде до ден денес Белград води политика на бришење на се што е бугарско. Третиот датум е 27 ноември – годишнината од потпишувањето на Договорот од Ној, пишува  БГНЕС.

The post Го исмевала бугарскиот народ: Тензии во Софија против „антибугарската“ претстава на Џон Малкович appeared first on Република.

]]>
Радев: Нема потреба од посредништво меѓу Скопје и Софија, Македонија треба да води разговор со Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radev-nema-potreba-od-posrednishtvo-megu-skopje-i-sofija-severna-makedonija-treba-da-vodi-razgovor-so-brisel/ Sun, 13 Oct 2024 19:36:31 +0000 https://republika.mk/?p=826246

Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека нема потреба од посредништво во разговорите меѓу Скопје и Софија, за продоложувањето на преговорите на земјава, јави БТА.

На прашањето да даде коментар на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека е подготвен да води преговори со бугарскиот претседател, Радев рече дека отсекогаш бил отворен за дијалог, но, според него, треба да се прави разлика меѓу дијалог и преговори.

- Преговорите меѓу Бугарија и Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол за договорот за добрососедство. Ако зборуваме за дијалог, тој треба да се води меѓу Македонија и Европската комисија и тоа врз основа на прифатената Преговорачка рамка за Македонија, која со консензус, едногласно е усвоена од сите земји членки на ЕУ и е прифатена од Владата на Македонија, рече Радев во изјава за бугарски медиуми.

Според него, работите се и повеќе од јасни и дека Македонија треба да ги исполни барањата поставени од Европската Унија, а Бугарија, како што рече, може да помага во тој процес.

-И ќе повторам по којзнае кој пат, ние сме подготвени и ние треба да помогнеме. Тоа е нашата одговорност, и тоа да помагаме Македонија побрзо и поефективно да ги исполни условите запишани во двостраниот протокол и во Преговарачката рамка, така што би можеле посигурно да чекорат по европскиот пат, изјави бугарскиот поретседател.

The post Радев: Нема потреба од посредништво меѓу Скопје и Софија, Македонија треба да води разговор со Брисел appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека нема потреба од посредништво во разговорите меѓу Скопје и Софија, за продоложувањето на преговорите на земјава, јави БТА. На прашањето да даде коментар на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека е подготвен да води преговори со бугарскиот претседател, Радев рече дека отсекогаш бил отворен за дијалог, но, според него, треба да се прави разлика меѓу дијалог и преговори.
- Преговорите меѓу Бугарија и Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол за договорот за добрососедство. Ако зборуваме за дијалог, тој треба да се води меѓу Македонија и Европската комисија и тоа врз основа на прифатената Преговорачка рамка за Македонија, која со консензус, едногласно е усвоена од сите земји членки на ЕУ и е прифатена од Владата на Македонија, рече Радев во изјава за бугарски медиуми.
Според него, работите се и повеќе од јасни и дека Македонија треба да ги исполни барањата поставени од Европската Унија, а Бугарија, како што рече, може да помага во тој процес.
-И ќе повторам по којзнае кој пат, ние сме подготвени и ние треба да помогнеме. Тоа е нашата одговорност, и тоа да помагаме Македонија побрзо и поефективно да ги исполни условите запишани во двостраниот протокол и во Преговарачката рамка, така што би можеле посигурно да чекорат по европскиот пат, изјави бугарскиот поретседател.

The post Радев: Нема потреба од посредништво меѓу Скопје и Софија, Македонија треба да води разговор со Брисел appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ ја посети црквата „Света недела“ во Софија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-ja-poseti-tsrkvata-sveta-nedela-vo-sofija/ Thu, 19 Sep 2024 15:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=817762

Новак Ѓоковиќ по мечот со Димитров отиде во прошетка во главниот град на Бугарија. Тој беше воодушевен од Софија, храната и посебно од црквата „Света Недела“.

Тој разговараше со свештениците и се заинтересира за доизградбата на храмот која е во тек.

 

The post Ѓоковиќ ја посети црквата „Света недела“ во Софија appeared first on Република.

]]>

Новак Ѓоковиќ по мечот со Димитров отиде во прошетка во главниот град на Бугарија. Тој беше воодушевен од Софија, храната и посебно од црквата „Света Недела“. Тој разговараше со свештениците и се заинтересира за доизградбата на храмот која е во тек.  

The post Ѓоковиќ ја посети црквата „Света недела“ во Софија appeared first on Република.

]]>
Националната опера и балет гостува во Софија со операта „Набуко“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/natsionalnata-opera-i-balet-gostuva-vo-sofija-so-operata-nabuko/ Thu, 12 Sep 2024 08:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=815581

Националната опера и балет, в петок, на 13 септември ќе гостува во Софиската национална опера и балет со операта „Набуко“ од Џузепе Верди. Изведбата во Скопје е закажана за 21 септември на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 20 часот.

Гостувањето во Софија е дел од договорот за соработка потпишан во ноември 2023 година меѓу тогашниот директор на Националната опера и балет, Васко Ристов, и директорот на Софиската опера и балет, Академик Маестро Пламен Карталов.

Диригент е Бисера Чадловска, а режисер е Италијанецот Ренато Бонајуто. Сценографијата е дело на Флавио Арбети, костимографијата на Артемио Кабаси, а кореографијата ја потпишува Маја Митревска Богоевска. Тимот е дополнет со асистенти и мајстори, меѓу кои Катерина Стојковска, Јасмина Ѓорѓеска и Јане Бакевски.

Главните улоги ги толкуваат истакнати македонски уметници: Марјан Јованоски (Набуко), Злата Тошевска Димовска (Абигаиле), Николина Јаневска (Фенена), Зоран Сотиров (Исмаил) и Игор Дурловски (Захарие).

The post Националната опера и балет гостува во Софија со операта „Набуко“ appeared first on Република.

]]>

Националната опера и балет, в петок, на 13 септември ќе гостува во Софиската национална опера и балет со операта „Набуко“ од Џузепе Верди. Изведбата во Скопје е закажана за 21 септември на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 20 часот. Гостувањето во Софија е дел од договорот за соработка потпишан во ноември 2023 година меѓу тогашниот директор на Националната опера и балет, Васко Ристов, и директорот на Софиската опера и балет, Академик Маестро Пламен Карталов. Диригент е Бисера Чадловска, а режисер е Италијанецот Ренато Бонајуто. Сценографијата е дело на Флавио Арбети, костимографијата на Артемио Кабаси, а кореографијата ја потпишува Маја Митревска Богоевска. Тимот е дополнет со асистенти и мајстори, меѓу кои Катерина Стојковска, Јасмина Ѓорѓеска и Јане Бакевски. Главните улоги ги толкуваат истакнати македонски уметници: Марјан Јованоски (Набуко), Злата Тошевска Димовска (Абигаиле), Николина Јаневска (Фенена), Зоран Сотиров (Исмаил) и Игор Дурловски (Захарие).

The post Националната опера и балет гостува во Софија со операта „Набуко“ appeared first on Република.

]]>
Пејковски нов директор на КИЦ на Македонија во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pejkovski-nov-direktor-na-kits-na-makedonija-vo-sofija/ Wed, 04 Sep 2024 08:17:17 +0000 https://republika.mk/?p=812961

Владината прес-служба соопшти дека Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија.

Пејковски доаѓа на местото на писателот Сашко Насев кој беше назначен за директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија во 2018 година. Тој претходно ја извршуваше функцијата в.д. директор на Културно-информативниот центар.

Зоран Пејковски (Битола) е македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е и доцент од областа Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје.

Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, во 2016 година од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/France) се стекнува со титулата Почесен амбасадор на мирот, во 2017 г, се стекнува со титулата редовен академик на Чувашката народна академија од Руската Федерација, а во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија.

 

The post Пејковски нов директор на КИЦ на Македонија во Софија appeared first on Република.

]]>

Владината прес-служба соопшти дека Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија. Пејковски доаѓа на местото на писателот Сашко Насев кој беше назначен за директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија во 2018 година. Тој претходно ја извршуваше функцијата в.д. директор на Културно-информативниот центар. Зоран Пејковски (Битола) е македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е и доцент од областа Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, во 2016 година од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/France) се стекнува со титулата Почесен амбасадор на мирот, во 2017 г, се стекнува со титулата редовен академик на Чувашката народна академија од Руската Федерација, а во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија.  

The post Пејковски нов директор на КИЦ на Македонија во Софија appeared first on Република.

]]>
Се зголемува бројот на жртви во експлозијата во Бугарија: Почина и 20-годишното девојче https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-zgolemuva-brojot-na-zhrtvi-vo-eksplozijata-vo-bugarija-pochina-i-20-godishnoto-devojche/ Sat, 27 Jul 2024 16:30:15 +0000 https://republika.mk/?p=800831

Бројот на загинатите во експлозијата во магацинот за пиротехника во близина на бугарскиот град Елин Пелин, недалеку од Софија, се зголеми на двајца, покрај 49-годишниот синоќа на повредите им подлегна и 20-годишното девојче.

Од тешки изгореници во четвртокот починал 49-годишен маж, а неговата 20-годишна ќерка синоќа им подлегнала на повредите, јавуваат бугарските медиуми.

Како што информираат од болницата Пирогов, и покрај укажаната лекарска помош, девојчето кое имало изгореници на 85 отсто од телото, им подлегнало на повредите, пишува порталот Новините.

The post Се зголемува бројот на жртви во експлозијата во Бугарија: Почина и 20-годишното девојче appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинатите во експлозијата во магацинот за пиротехника во близина на бугарскиот град Елин Пелин, недалеку од Софија, се зголеми на двајца, покрај 49-годишниот синоќа на повредите им подлегна и 20-годишното девојче.

Од тешки изгореници во четвртокот починал 49-годишен маж, а неговата 20-годишна ќерка синоќа им подлегнала на повредите, јавуваат бугарските медиуми.

Како што информираат од болницата Пирогов, и покрај укажаната лекарска помош, девојчето кое имало изгореници на 85 отсто од телото, им подлегнало на повредите, пишува порталот Новините.

The post Се зголемува бројот на жртви во експлозијата во Бугарија: Почина и 20-годишното девојче appeared first on Република.

]]>
Промоција на романот „Последното име на иднината“ од Живко Грозданоски во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-poslednoto-ime-na-idninata-od-zhivko-grozdanoski-vo-sofija/ Mon, 01 Jul 2024 12:02:07 +0000 https://republika.mk/?p=792417

Овој четврток, на 4 јули, во 18,30 часот во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија ќе се одржи промоција на романот „Последното име на иднината“ (Антолог, 2018) од македонскиот писател Живко Грозданоски.

За книгата, која ја трасира животната линија на тунелскиот инженер Јоха од Јена, Германија, ќе разговараат преведувачот Маријан Петров и авторот, кој ќе биде присутен на промоцијата. Во врска со објавата на книгата исто така ќе се обрати и книжевниот критичар и издавач на делото Пламен Тотев (Books4All).

По „Куфер за тројца“ (Или-или, 2014), кој беше преведен од Тања Попова и објавен во Бугарија во 2017 година, „Последното име на иднината“ е втор роман на Живко Грозданоски преведен на бугарски јазик.

The post Промоција на романот „Последното име на иднината“ од Живко Грозданоски во Софија appeared first on Република.

]]>

Овој четврток, на 4 јули, во 18,30 часот во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија ќе се одржи промоција на романот „Последното име на иднината“ (Антолог, 2018) од македонскиот писател Живко Грозданоски. За книгата, која ја трасира животната линија на тунелскиот инженер Јоха од Јена, Германија, ќе разговараат преведувачот Маријан Петров и авторот, кој ќе биде присутен на промоцијата. Во врска со објавата на книгата исто така ќе се обрати и книжевниот критичар и издавач на делото Пламен Тотев (Books4All). По „Куфер за тројца“ (Или-или, 2014), кој беше преведен од Тања Попова и објавен во Бугарија во 2017 година, „Последното име на иднината“ е втор роман на Живко Грозданоски преведен на бугарски јазик.

The post Промоција на романот „Последното име на иднината“ од Живко Грозданоски во Софија appeared first on Република.

]]>
Книжевен портрет на академик Влада Урошевиќ во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knizheven-portret-na-akademik-vlada-uroshevik-vo-sofija/ Fri, 07 Jun 2024 09:58:08 +0000 https://republika.mk/?p=785475

Во присуство на бројни љубители на литературата и претставници на македонската амбасада во Софија, за поетското творештво  на академикот Урошевиќ беседеше универзитетската професорка Лидија Капушевска Дракулевска.

Анализирајќи ги и сумирајќи ги книжевните постигнувања на академикот Урошевиќ, со акцентирање на неговиот значаен придонес во развојот на македонската современа литература, Капушевка Дракулевска, меѓу другото истакна:

Живееме во свет што претставува своевидна симфонија на страв и ужас и иако Урошевиќ нема илузии дека поезијата има моќ да ја спречи дехуманизацијата на денешниот свет и актуелните турбуленции од планетарни размери (војни, бегалски кризи, еколошки катастрофи, монструозни експерименти во биотехнолошките и компјутерски лаборатории и сл.), тој верува во „скриената сила“ на поезијата и во пророчката улога на поетот, како во песната ‘Озборувања’, во која читаме: ‘Тој води кртови на прошетка низ рудници, / тој е плашило вљубено во молњата. / Тој има в џеб пеколна машина / темпирана за по три века; тој е поет’.“

На овој прв настан од манифестацијата беа презентирани стихови од Урошевиќ на македонски и на бугарски јазик, а благодарствена беседа имаше и самиот Урошевиќ кој ја истакна незаменливата улога на Македонската книжевна визита како мост на зближување на македонските и бугарските писатели и настан кој на единствен начин ја популаризира македонската книжевност во Бугарија.
Првата вечер од оваа значајна културна манифестација која годинава се одржува по 15-ти пат беше дополнета и со доделувањето на наградата „Македонски книжевен Дедал“. Ова признание годинава посмртно му беше доделено на познатиот бугарски писател Алек Попов, кој со своето книжевно дело изгради своевидна вертикала на современата бугарска литература и со неговите книжевни врски и соработка со македонската книжевност и култура остави траен белег во пријателството на двете култури и народи. Беседа за делото на Алек Попов одржа писателот и преведувач Душко Крстевски, кој од богатата книжевна актива посебно ја нагласи соработката на починатиот Попов со македонската литературна, телевизиска и медиумска средина.
Писателите учесници на 15-тата Македонска книжевна визита во Софија денеска, заедно со многубројната публика ќе го проследат документарниот филм посветен на деценија и пол долгата мисија на оваа книжевна манифестација. Филмот е во продукција на Книгоиздателствто Макавеј, а манифестацијата ќе биде затворена со големиот вечерен поетски митинг на кој ќе учествуваат македонските и бугарските поети – Влада Урошевиќ, Маја Панајотова, Бранко Цветкоски, Димитар Христов, Јулијана Величковска, Николај Шопов, Димитар Башевски, Поли Муканова, , Лора Динкова, Душко Крстевски, Иван Христов, Иван Антоновски, Тања Попова, Тихомир Јанчовски, Петар Андасаров, Марија Велинова и Атанас Капралов.
Учесниците на манифестацијата оваа година ќе го посетат спомен-домот на легендарната бугарска поетеса Дора Габе.

The post Книжевен портрет на академик Влада Урошевиќ во Софија appeared first on Република.

]]>

Во присуство на бројни љубители на литературата и претставници на македонската амбасада во Софија, за поетското творештво  на академикот Урошевиќ беседеше универзитетската професорка Лидија Капушевска Дракулевска.
Анализирајќи ги и сумирајќи ги книжевните постигнувања на академикот Урошевиќ, со акцентирање на неговиот значаен придонес во развојот на македонската современа литература, Капушевка Дракулевска, меѓу другото истакна:
Живееме во свет што претставува своевидна симфонија на страв и ужас и иако Урошевиќ нема илузии дека поезијата има моќ да ја спречи дехуманизацијата на денешниот свет и актуелните турбуленции од планетарни размери (војни, бегалски кризи, еколошки катастрофи, монструозни експерименти во биотехнолошките и компјутерски лаборатории и сл.), тој верува во „скриената сила“ на поезијата и во пророчката улога на поетот, како во песната ‘Озборувања’, во која читаме: ‘Тој води кртови на прошетка низ рудници, / тој е плашило вљубено во молњата. / Тој има в џеб пеколна машина / темпирана за по три века; тој е поет’.“
На овој прв настан од манифестацијата беа презентирани стихови од Урошевиќ на македонски и на бугарски јазик, а благодарствена беседа имаше и самиот Урошевиќ кој ја истакна незаменливата улога на Македонската книжевна визита како мост на зближување на македонските и бугарските писатели и настан кој на единствен начин ја популаризира македонската книжевност во Бугарија. Првата вечер од оваа значајна културна манифестација која годинава се одржува по 15-ти пат беше дополнета и со доделувањето на наградата „Македонски книжевен Дедал“. Ова признание годинава посмртно му беше доделено на познатиот бугарски писател Алек Попов, кој со своето книжевно дело изгради своевидна вертикала на современата бугарска литература и со неговите книжевни врски и соработка со македонската книжевност и култура остави траен белег во пријателството на двете култури и народи. Беседа за делото на Алек Попов одржа писателот и преведувач Душко Крстевски, кој од богатата книжевна актива посебно ја нагласи соработката на починатиот Попов со македонската литературна, телевизиска и медиумска средина. Писателите учесници на 15-тата Македонска книжевна визита во Софија денеска, заедно со многубројната публика ќе го проследат документарниот филм посветен на деценија и пол долгата мисија на оваа книжевна манифестација. Филмот е во продукција на Книгоиздателствто Макавеј, а манифестацијата ќе биде затворена со големиот вечерен поетски митинг на кој ќе учествуваат македонските и бугарските поети – Влада Урошевиќ, Маја Панајотова, Бранко Цветкоски, Димитар Христов, Јулијана Величковска, Николај Шопов, Димитар Башевски, Поли Муканова, , Лора Динкова, Душко Крстевски, Иван Христов, Иван Антоновски, Тања Попова, Тихомир Јанчовски, Петар Андасаров, Марија Велинова и Атанас Капралов. Учесниците на манифестацијата оваа година ќе го посетат спомен-домот на легендарната бугарска поетеса Дора Габе.

The post Книжевен портрет на академик Влада Урошевиќ во Софија appeared first on Република.

]]>
Македонска вечер во Софија: Камерниот оркестар „Профундис“ вечерва на престижниот фестивал „Софиски музички недели“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonska-vecher-vo-sofija-kamerniot-orkestar-profundis-vecherva-na-prestizhniot-festival-sofiski-muzichki-nedeli/ Fri, 07 Jun 2024 09:18:42 +0000 https://republika.mk/?p=785450

Македонскиот камерен оркестар Профундис вечерва ќе настапи на престижниот фестивал „Софиски музички недели“ (Sofia Music Weeks) во Софија, Бугарија. Овој фестивал на класичната музика, со традиција од 55 години, е познат по својата извонредна програма и високи уметнички стандарди.

По серијата успешни меѓународни гостувања на фестивалите Котор Арт, Раванелиус и гостувањата во Нови Сад, Белград и Италија, Профундис за првпат ќе има чест да се претстави пред публиката во Софија.

- „Многу сме возбудени и со задоволство ја прифативме поканата да настапиме на фестивалот „Софиски музички недели“. Вечерашниот концерт е посебен за нас, не само поради репертоарот, туку и поради можноста да споделиме музика со нашите пријатели и колеги од Бугарија. Верувам дека ова ќе биде незаборавна вечер за сите нас." – изјави маестра Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител и диригент на „Профундис“.

На концертот, кој ќе се одржи во престижната сала „BIAD“ во центарот на Софија, ќе настапат македонскиот виолинист Климент Тодороски и бугарската басистка Маргарита Калчева. Тие ќе изведат Концерт за две виолини од Ј.С. Бах, во специјален аранжман за овие два инструменти. Покрај ова ремек-дело, на програмата ќе бидат изведени и дела од современиот македонски композитор Драган Шуплевски, англискиот композитор Густав Холст, бугарскиот композитор Димитар Христов, како и американскиот композитор Филип Глас.

Инаку, меѓународниот фестивал „Софија музички недели" е водечки бугарски фестивал за класична музика и танц. Основан во 1970 година, со досега 55 изданија, фестивалот претставува природна раскрсница на балканските, европските и светските познати уметници и композитори. Овој настан е мост помеѓу бугарската и светската култура, простор за премиери, современа уметност и иновации, како и мешавина со други жанрови како џез и фолклор. Во рамки на фестивалот секоја година се одржуваат над 50 настани.

 

The post Македонска вечер во Софија: Камерниот оркестар „Профундис“ вечерва на престижниот фестивал „Софиски музички недели“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот камерен оркестар Профундис вечерва ќе настапи на престижниот фестивал „Софиски музички недели“ (Sofia Music Weeks) во Софија, Бугарија. Овој фестивал на класичната музика, со традиција од 55 години, е познат по својата извонредна програма и високи уметнички стандарди. По серијата успешни меѓународни гостувања на фестивалите Котор Арт, Раванелиус и гостувањата во Нови Сад, Белград и Италија, Профундис за првпат ќе има чест да се претстави пред публиката во Софија. - „Многу сме возбудени и со задоволство ја прифативме поканата да настапиме на фестивалот „Софиски музички недели“. Вечерашниот концерт е посебен за нас, не само поради репертоарот, туку и поради можноста да споделиме музика со нашите пријатели и колеги од Бугарија. Верувам дека ова ќе биде незаборавна вечер за сите нас." – изјави маестра Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител и диригент на „Профундис“. На концертот, кој ќе се одржи во престижната сала „BIAD“ во центарот на Софија, ќе настапат македонскиот виолинист Климент Тодороски и бугарската басистка Маргарита Калчева. Тие ќе изведат Концерт за две виолини од Ј.С. Бах, во специјален аранжман за овие два инструменти. Покрај ова ремек-дело, на програмата ќе бидат изведени и дела од современиот македонски композитор Драган Шуплевски, англискиот композитор Густав Холст, бугарскиот композитор Димитар Христов, како и американскиот композитор Филип Глас. Инаку, меѓународниот фестивал „Софија музички недели" е водечки бугарски фестивал за класична музика и танц. Основан во 1970 година, со досега 55 изданија, фестивалот претставува природна раскрсница на балканските, европските и светските познати уметници и композитори. Овој настан е мост помеѓу бугарската и светската култура, простор за премиери, современа уметност и иновации, како и мешавина со други жанрови како џез и фолклор. Во рамки на фестивалот секоја година се одржуваат над 50 настани.  

The post Македонска вечер во Софија: Камерниот оркестар „Профундис“ вечерва на престижниот фестивал „Софиски музички недели“ appeared first on Република.

]]>
Петнаесетта македонска книжевна визита во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/petnaesetta-makedonska-knizhevna-vizita-vo-sofija/ Thu, 06 Jun 2024 08:01:06 +0000 https://republika.mk/?p=785145

Со учество на 11 македонски поетеси, поети и писатели од сите генерации, од 6-ти до 8 јуни во Софија ќе се одржи 15-тото издание на „Македонската книжевна визита“, чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија и продлабочување на македонско-бугарските книжевни и културни врски.

Организатор на оваа традиционална манифестација е Книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Софија, а проектот е помогнат од македонското министерството за култура.

Годинашната „Петнаeсетта македонска книжевна визита“ ќе започне со книжевниот портрет на современиот македонски поет, прозаист, есеист, преведувач, универзитетски професор, академик Влада Урошевиќ, за чие поетско творештво ќе говори универзитетската професорка Лидија Капушевска Дракулевска. На овој настан ќе бидат презентирани  стихови од Урошевиќ на македонски и на бугарски јазик, а поздравна беседа ќе имаат и претставници на Сојузот на бугарските писатели и на Друштвото на писателите на Македонија.

Втората клучна содржина на Петнаесеттата македонска книжевна визита во Софија е големиот бугарско-македонски поетски митинг на кој оваа година ќе земат учество: Влада Урошевиќ, Маја Панајотова, Бранко Цветкоски, Димитар Христов, Јулијана Величковска, Николај Шопов, Димитар Башевски, Поли Муканова, Тихомир Јанчовски, Лора Динкова, Душко Крстевски, Иван Христов, Иван Антоновски, Тања Попова, Диме Ратајкоски, Петар Андасаров, Марија Велинова и Атанас Капралов.

Во знак на одбележување на 15-годишниот јубилеј на Македонската книжевна визита во Софија, манифестација која придонесе значајно во зближувањето на макаедонската и бугарската литература, со иницирани и остварени над 100 книги преведени во двете земји и на двата јазика, како и учество на речиси стотина македонски поети, есеисти и преведувачи на сите досегашни изданија, ќе биде премиерно прикажан и мини-документарен филм „15 години Македонска книжевна визита во Софија“ во продукција на Книгоиздателството Макавеј.

Традиционално и на оваа Македонска книжевна визита во Софија ќе биде доделена наградата „Македонски книжевен Дедал“ на бугарски автор со непореклив книжевен интегритет, кој значајно придонесол за унапредување на соработката меѓу писателите од двете земји. Годинашен носител на ова признание е неодамна починатиот бугарски писател Алек Попов, кој со своите дела е одамна омилен меѓу читателлите и во Бугарија и во Македонија.

Учесниците на манифестацијата оваа година ќе го посетат спомен-домот на легендарната бугарска поетеса Дора Габе.

The post Петнаесетта македонска книжевна визита во Софија appeared first on Република.

]]>

Со учество на 11 македонски поетеси, поети и писатели од сите генерации, од 6-ти до 8 јуни во Софија ќе се одржи 15-тото издание на „Македонската книжевна визита“, чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија и продлабочување на македонско-бугарските книжевни и културни врски. Организатор на оваа традиционална манифестација е Книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Софија, а проектот е помогнат од македонското министерството за култура. Годинашната „Петнаeсетта македонска книжевна визита“ ќе започне со книжевниот портрет на современиот македонски поет, прозаист, есеист, преведувач, универзитетски професор, академик Влада Урошевиќ, за чие поетско творештво ќе говори универзитетската професорка Лидија Капушевска Дракулевска. На овој настан ќе бидат презентирани  стихови од Урошевиќ на македонски и на бугарски јазик, а поздравна беседа ќе имаат и претставници на Сојузот на бугарските писатели и на Друштвото на писателите на Македонија. Втората клучна содржина на Петнаесеттата македонска книжевна визита во Софија е големиот бугарско-македонски поетски митинг на кој оваа година ќе земат учество: Влада Урошевиќ, Маја Панајотова, Бранко Цветкоски, Димитар Христов, Јулијана Величковска, Николај Шопов, Димитар Башевски, Поли Муканова, Тихомир Јанчовски, Лора Динкова, Душко Крстевски, Иван Христов, Иван Антоновски, Тања Попова, Диме Ратајкоски, Петар Андасаров, Марија Велинова и Атанас Капралов. Во знак на одбележување на 15-годишниот јубилеј на Македонската книжевна визита во Софија, манифестација која придонесе значајно во зближувањето на макаедонската и бугарската литература, со иницирани и остварени над 100 книги преведени во двете земји и на двата јазика, како и учество на речиси стотина македонски поети, есеисти и преведувачи на сите досегашни изданија, ќе биде премиерно прикажан и мини-документарен филм „15 години Македонска книжевна визита во Софија“ во продукција на Книгоиздателството Макавеј. Традиционално и на оваа Македонска книжевна визита во Софија ќе биде доделена наградата „Македонски книжевен Дедал“ на бугарски автор со непореклив книжевен интегритет, кој значајно придонесол за унапредување на соработката меѓу писателите од двете земји. Годинашен носител на ова признание е неодамна починатиот бугарски писател Алек Попов, кој со своите дела е одамна омилен меѓу читателлите и во Бугарија и во Македонија. Учесниците на манифестацијата оваа година ќе го посетат спомен-домот на легендарната бугарска поетеса Дора Габе.

The post Петнаесетта македонска книжевна визита во Софија appeared first on Република.

]]>
Специјална награда на жирито за Вардан Тозија на фестивал во Софија https://arhiva3.republika.mk/scena/film/spetsijalna-nagrada-na-zhirito-za-vardan-tozija-na-festival-vo-sofija/ Sun, 24 Mar 2024 14:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=758153

На вчерашната свечена церемонија на затворањето на 28. Софија Филм Фестивал (СИФФ) беа доделени наградите за авторите на филмовите во неколку програмски селекции.

„М“ на Вардан Тозија ја доби специјалната награда на жирито за креативна работа со деца на филм.

Извор: Рацин.мк

The post Специјална награда на жирито за Вардан Тозија на фестивал во Софија appeared first on Република.

]]>

На вчерашната свечена церемонија на затворањето на 28. Софија Филм Фестивал (СИФФ) беа доделени наградите за авторите на филмовите во неколку програмски селекции. „М“ на Вардан Тозија ја доби специјалната награда на жирито за креативна работа со деца на филм. Извор: Рацин.мк

The post Специјална награда на жирито за Вардан Тозија на фестивал во Софија appeared first on Република.

]]>
Промоцијата на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsijata-na-romanot-adamovoto-rebro-od-olivera-nikolova-vo-sofija/ Wed, 20 Mar 2024 08:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=756546

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер, со почеток од 18:30 часот ќе се одржи промоцијата на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова.

Книгата која излезе од печат оваа 2024 година, како издание на Издавачка куќа „Изида“, ќе биде претставена од уредничката Елеонора Тодорова и преведувачот Маријан Петров.

Промоцијата ќе започне со видео обраќање на 88-годишната авторка кон присутните во галеријата на Културниот центар во Софија.

Дури кога ја напишав книгата „Адамовото ребро“ сфатив дека всушност е моето длабоко барање на себе си. Барањето на себе си никогаш на минува без учество на другите, затоа сум длабоко благодарна на сите познати и непознати, современици и несовременици, сонародници и несонародници, напиша Николова кон бугарското издание на нејзината книга, стои во соопштението од КИЦ на РСМ во Софија.

 

The post Промоцијата на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова во Софија appeared first on Република.

]]>

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер, со почеток од 18:30 часот ќе се одржи промоцијата на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова. Книгата која излезе од печат оваа 2024 година, како издание на Издавачка куќа „Изида“, ќе биде претставена од уредничката Елеонора Тодорова и преведувачот Маријан Петров. Промоцијата ќе започне со видео обраќање на 88-годишната авторка кон присутните во галеријата на Културниот центар во Софија.
Дури кога ја напишав книгата „Адамовото ребро“ сфатив дека всушност е моето длабоко барање на себе си. Барањето на себе си никогаш на минува без учество на другите, затоа сум длабоко благодарна на сите познати и непознати, современици и несовременици, сонародници и несонародници, напиша Николова кон бугарското издание на нејзината книга, стои во соопштението од КИЦ на РСМ во Софија.
 

The post Промоцијата на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова во Софија appeared first on Република.

]]>
Некролог со ликот на Хитлер залепен на синагога во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nekrolog-so-likot-na-hitler-zalepen-na-sinagoga-vo-sofija/ Thu, 11 Jan 2024 08:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=731823

Некролог со ликот на Адолф Хитлер и кукасти крстови  се појавија во зградата на синагогата во Софија, додека внатре се одржувала молитва.

На денот кога ја славиме саботата во јудаизмот - околу 5 часот, младите го залепија ова парче хартија на вратата. На прв поглед може да изгледа прилично ситно, како смешна шега, но всушност она што го гледаме е сосема јасно организирана акција на луѓе кои ставиле маски“, вели Максим Делчев, претседател на централниот израелски духовен совет во Бугарија..

Еврејската заедница изрази револт и загриженост поради ширењето на говорот на омраза.

Окружното обвинителство на Софија се пријавило во врска со некролозите на Хитлер залепени на фасадата на софиската синагога и започна истрага.

The post Некролог со ликот на Хитлер залепен на синагога во Софија appeared first on Република.

]]>

Некролог со ликот на Адолф Хитлер и кукасти крстови  се појавија во зградата на синагогата во Софија, додека внатре се одржувала молитва.
На денот кога ја славиме саботата во јудаизмот - околу 5 часот, младите го залепија ова парче хартија на вратата. На прв поглед може да изгледа прилично ситно, како смешна шега, но всушност она што го гледаме е сосема јасно организирана акција на луѓе кои ставиле маски“, вели Максим Делчев, претседател на централниот израелски духовен совет во Бугарија..
Еврејската заедница изрази револт и загриженост поради ширењето на говорот на омраза. Окружното обвинителство на Софија се пријавило во врска со некролозите на Хитлер залепени на фасадата на софиската синагога и започна истрага.

The post Некролог со ликот на Хитлер залепен на синагога во Софија appeared first on Република.

]]>
Софија и Лука никогаш не излегуваат од мода https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/sofija-i-luka-nikogash-ne-izleguvaat-od-moda/ Sun, 31 Dec 2023 08:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=728407

Имињата за бебиња постојано влегуваат и излегуваат од мода, па затоа е важно да се избере име со кое детето може да расте, објаснуваат стручњаците.

Софија е најчестото женско, а Лука најчестото машко име кое родителите го избирале за своите новородени деца во текот на изминатата година.

Меѓу популарните имиња кај женските бебиња се и Јана, Хана, Ана, Мила, Ева, Сара, Бисера...., а кај машките Михаил, Дамјан, Јаков, Јован, Давид, Петар, Марко, Матеј, Алексеј....

Според Државниот завод за статистика на Република Македонија, минатата година се родиле 18.073 бебиња, од кои 51,2 отсто машки.

Според месецот на раѓање пак, како што покажува статистиката, најголем број дечиња се родени во јули, дури 1 717.

 

The post Софија и Лука никогаш не излегуваат од мода appeared first on Република.

]]>

Имињата за бебиња постојано влегуваат и излегуваат од мода, па затоа е важно да се избере име со кое детето може да расте, објаснуваат стручњаците. Софија е најчестото женско, а Лука најчестото машко име кое родителите го избирале за своите новородени деца во текот на изминатата година. Меѓу популарните имиња кај женските бебиња се и Јана, Хана, Ана, Мила, Ева, Сара, Бисера...., а кај машките Михаил, Дамјан, Јаков, Јован, Давид, Петар, Марко, Матеј, Алексеј.... Според Државниот завод за статистика на Република Македонија, минатата година се родиле 18.073 бебиња, од кои 51,2 отсто машки. Според месецот на раѓање пак, како што покажува статистиката, најголем број дечиња се родени во јули, дури 1 717.  

The post Софија и Лука никогаш не излегуваат од мода appeared first on Република.

]]>
Сергеј Попов: Софија победи, не поради тоа што е член на УМС, туку затоа што студентите ја изгласаа https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sergej-popov-sofija-pobedi-ne-poradi-toa-shto-e-chlen-na-ums-tuku-zatoa-shto-studentite-ja-izglasaa/ Wed, 13 Dec 2023 21:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=722705

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, информираше за резултатите од изборот на лидер на студентите во студентски дом Пелагонија.

Софија победи. Не поради тоа што е член на УМС, туку затоа што студентите ја изгласаа, а вие продолжете да бидете опозиција на опозицијата. Поздрав, порача тој.

 

The post Сергеј Попов: Софија победи, не поради тоа што е член на УМС, туку затоа што студентите ја изгласаа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, информираше за резултатите од изборот на лидер на студентите во студентски дом Пелагонија.
Софија победи. Не поради тоа што е член на УМС, туку затоа што студентите ја изгласаа, а вие продолжете да бидете опозиција на опозицијата. Поздрав, порача тој.
 

The post Сергеј Попов: Софија победи, не поради тоа што е член на УМС, туку затоа што студентите ја изгласаа appeared first on Република.

]]>
Бугарите не го даваат споменикот на советската армија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarite-ne-go-davaat-spomenikot-na-sovetskata-armija/ Wed, 13 Dec 2023 08:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=722420

Софиската полиција ноќеска постави уште една блокада околу споменикот на советската армија со што сега таму има три во обид да се спречи и денеска да има немири поради неговото демонтирање.

Во реонот околу споменикот што се демонтира има засилено полициско присуство и тој се обезбедува 24 часа, јавија софиските медиуми.

Тензиите почнаа вчера при обидот за демонтирање на споменикот на советската армија во Софија откако во раните утрински часови стапи во акција намерата на подрачната управа искажана пред месеци, а пред споменикот се појави кран.

Се собраа бранителите на споменикот, меѓу нив и пратеници од БСП и „Преродба“ кои се противат на тој потег. Кога заменик-претседателот на БСП, Георги Свиленски се обидел да ги пробие оградите, му била повредена раката.

Споменикот стар 70 години најверојатно ќе биде отстранет на делови од центарот на Софија. Се уште не е јасно каде точно ќе биде преместен

The post Бугарите не го даваат споменикот на советската армија appeared first on Република.

]]>

Софиската полиција ноќеска постави уште една блокада околу споменикот на советската армија со што сега таму има три во обид да се спречи и денеска да има немири поради неговото демонтирање. Во реонот околу споменикот што се демонтира има засилено полициско присуство и тој се обезбедува 24 часа, јавија софиските медиуми. Тензиите почнаа вчера при обидот за демонтирање на споменикот на советската армија во Софија откако во раните утрински часови стапи во акција намерата на подрачната управа искажана пред месеци, а пред споменикот се појави кран. Се собраа бранителите на споменикот, меѓу нив и пратеници од БСП и „Преродба“ кои се противат на тој потег. Кога заменик-претседателот на БСП, Георги Свиленски се обидел да ги пробие оградите, му била повредена раката. Споменикот стар 70 години најверојатно ќе биде отстранет на делови од центарот на Софија. Се уште не е јасно каде точно ќе биде преместен

The post Бугарите не го даваат споменикот на советската армија appeared first on Република.

]]>
Промоција на бугарското издание на книгата „Од истото тесто“ од Бранко Цветкоски во македонскиот културен центар во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-bugarskoto-izdanie-na-knigata-od-istoto-testo-od-branko-tsvetkoski-vo-makedonskiot-kulturen-tsentar-vo-sofija/ Mon, 23 Oct 2023 08:43:24 +0000 https://republika.mk/?p=694071

На 26 октомври (четврток) 2023, со почеток од 18:30 часот, во галеријата на КИЦ на Република Македонија во Софија ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на книгата „Од истото тесто“ од Бранко Цветкоски. Оваа поетска книга на Цветковски е издание на издавачката куќа „Захариј Стојанов“ од Софија, преводот е на Роза Бојанова.

На промоцијата, за литературното дело „Од исто тесто – стихови за смртта и надежта“ ќе говорат: издавачот Иван Гранитски, преведувачката и писателка Роза Бојанова, писателот Димитар Христов и самиот автор – Бранко Цветкоски.

Македонскиот поет и книжевен критичар Санде Стојчевски, во еден дел од својот осврт кон книгата, за делото на Цветкоски напишал:

„Неговиот книжевен успех, таа вистинска експлозија на сите јазици на светот, значи особена гордост за македонската литература и култура, зашто е меѓу најретките, меѓу неколкумината современи писатели од кај нас, кои заради слоевитоста и длабочината на своите лирски текстови се препознаени како извишени книжевни присутници на богатата мапа на креативни индивидуалности. За тоа сведочат високите оцени од големите критички пера на јазиците каде што се печатат неговите книги, но и големите одличја, наградите и признанијата што ширум културниот свет ги споделува со најистакнатите книжевни творци во современиот свет.

Најновата книга поезија на Цветкоски носи спрегнат, повеќеслоен, возбудливо рефлексивен наслов од чиј центар може да се извлечат нијанси и разгатки што упатуваат на позиција според која сè вкупом извира од една иста формула. Колку и да успеваат да се раздалечат составките на тоа несогледливо и таинствено СÈ, на какво и да е растојание до кое можат да стасаат во амбицијата за да се достигнат себе, колку и да се засолнат во лушпата на посебност и да се потргнат во различност, станува јасно дека и границата помеѓу „овој и оној свет“ е само наша умисла, неотстранлива условност, слаб привид од утеха. Всушност, дали е воопшто нужно да стане збор за утеха, зашто се покажува дека тоа заедништво, таа сеопфатна поврзаност на сè што е одавде и оданде, не е никаква ускратеност или каква и да е пречка кон сопствено профилирање, туку широка порта која води кон мисловна просветленост дека „под исти прсти се извива музиката на вечноста“, дека нема друга сушност, друго тесто, како што пее поетот.“

Бранко ЦВЕТКОСКИ (Слатино, Охридско, 21 јуни 1954) е македонски поет, литературен критичар, есеист, преведувач, публицист и издавач.

Завршил Филолошки факултет на универзитетот „Св. Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Работел како новинар во весникот „Нова Македонија”, бил главен уредник на Книгоиздателството „Култура“, секретар на Друштвото на писателите на Македонија, претседател на манифестацијата „Рацинови средби”, директор на Македонскиот народен театар, уредник и главен уредник на списанието „Стремеж“, еден од основачите на Балканската книжевна фондација „Балканика“, основач, директор и главен уредник на издавачката куќа „Макавеј“ и списанието „Книжевно житие“, уредник-продуцент во Македонската информативна агенција (МИА), член на уредувачкиот одбор на едицијата „Македонска книжевност во 135 тома“ и на едицијата „Превод на литературни дела што добиле Нобелова награда“, како и директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Живее во Скопје.

Цветкоски е член на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија, почесен член на Сојузот на бугарските писатели, член на Словенската литературна и уметничка акaдемија со седиште во Варна (Бугарија) и нејзин коoрдинатор за Република Македонија, член на Академијата на убавите уметности – Вевчани.

Учествувал на книжевни фестивали, книжевни средби и на собири на интелектуалци во: Бугарија, Турција, Грција, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Германија, Италија, Романија, Молдавија, Русија, Полска, Кина, Црна Гора, Словачка, Чешка, Азербејџан, Украина, Унгарија, Шведска итн.

The post Промоција на бугарското издание на книгата „Од истото тесто“ од Бранко Цветкоски во македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>

На 26 октомври (четврток) 2023, со почеток од 18:30 часот, во галеријата на КИЦ на Република Македонија во Софија ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на книгата „Од истото тесто“ од Бранко Цветкоски. Оваа поетска книга на Цветковски е издание на издавачката куќа „Захариј Стојанов“ од Софија, преводот е на Роза Бојанова. На промоцијата, за литературното дело „Од исто тесто – стихови за смртта и надежта“ ќе говорат: издавачот Иван Гранитски, преведувачката и писателка Роза Бојанова, писателот Димитар Христов и самиот автор – Бранко Цветкоски. Македонскиот поет и книжевен критичар Санде Стојчевски, во еден дел од својот осврт кон книгата, за делото на Цветкоски напишал: „Неговиот книжевен успех, таа вистинска експлозија на сите јазици на светот, значи особена гордост за македонската литература и култура, зашто е меѓу најретките, меѓу неколкумината современи писатели од кај нас, кои заради слоевитоста и длабочината на своите лирски текстови се препознаени како извишени книжевни присутници на богатата мапа на креативни индивидуалности. За тоа сведочат високите оцени од големите критички пера на јазиците каде што се печатат неговите книги, но и големите одличја, наградите и признанијата што ширум културниот свет ги споделува со најистакнатите книжевни творци во современиот свет. Најновата книга поезија на Цветкоски носи спрегнат, повеќеслоен, возбудливо рефлексивен наслов од чиј центар може да се извлечат нијанси и разгатки што упатуваат на позиција според која сè вкупом извира од една иста формула. Колку и да успеваат да се раздалечат составките на тоа несогледливо и таинствено СÈ, на какво и да е растојание до кое можат да стасаат во амбицијата за да се достигнат себе, колку и да се засолнат во лушпата на посебност и да се потргнат во различност, станува јасно дека и границата помеѓу „овој и оној свет“ е само наша умисла, неотстранлива условност, слаб привид од утеха. Всушност, дали е воопшто нужно да стане збор за утеха, зашто се покажува дека тоа заедништво, таа сеопфатна поврзаност на сè што е одавде и оданде, не е никаква ускратеност или каква и да е пречка кон сопствено профилирање, туку широка порта која води кон мисловна просветленост дека „под исти прсти се извива музиката на вечноста“, дека нема друга сушност, друго тесто, како што пее поетот.“ Бранко ЦВЕТКОСКИ (Слатино, Охридско, 21 јуни 1954) е македонски поет, литературен критичар, есеист, преведувач, публицист и издавач. Завршил Филолошки факултет на универзитетот „Св. Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Работел како новинар во весникот „Нова Македонија”, бил главен уредник на Книгоиздателството „Култура“, секретар на Друштвото на писателите на Македонија, претседател на манифестацијата „Рацинови средби”, директор на Македонскиот народен театар, уредник и главен уредник на списанието „Стремеж“, еден од основачите на Балканската книжевна фондација „Балканика“, основач, директор и главен уредник на издавачката куќа „Макавеј“ и списанието „Книжевно житие“, уредник-продуцент во Македонската информативна агенција (МИА), член на уредувачкиот одбор на едицијата „Македонска книжевност во 135 тома“ и на едицијата „Превод на литературни дела што добиле Нобелова награда“, како и директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Живее во Скопје. Цветкоски е член на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија, почесен член на Сојузот на бугарските писатели, член на Словенската литературна и уметничка акaдемија со седиште во Варна (Бугарија) и нејзин коoрдинатор за Република Македонија, член на Академијата на убавите уметности – Вевчани. Учествувал на книжевни фестивали, книжевни средби и на собири на интелектуалци во: Бугарија, Турција, Грција, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Германија, Италија, Романија, Молдавија, Русија, Полска, Кина, Црна Гора, Словачка, Чешка, Азербејџан, Украина, Унгарија, Шведска итн.

The post Промоција на бугарското издание на книгата „Од истото тесто“ од Бранко Цветкоски во македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Картографирање на себеси“ од Славица Гаџова Свидерска во Македонскиот културен центар во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-kartografirane-na-sebesi-od-slavitsa-gadhova-sviderska-vo-makedonskiot-kulturen-tsentar-vo-sofija/ Thu, 12 Oct 2023 11:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=690520

На 12 октомври (четврток), од 18:30 часот, во КИЦ на Република Македонија ќе се одржи промоцијата на книгата „Картографирање на себеси“ од македонската поетеса Славица Гаџова Свидерска. На вечерта, посветена на преведената и наскоро издадена книга на бугарски јазик од Издавачката куќа „Ерго“, ќе говорат: издавачот Мартин Христов, преведувачката Поли Муканова, писателот Владимир Левчев, како и самата авторка – Славица Гаџова Свидерска.

Накратко за „Картографирање на себеси:

Во прекрасните стихови со кои Славица Гаџова Свидерска се картографира себеси , го откриваме целиот свет: од „Охридска“ до „Африканска“ и до „Арктичка“ стихотворба, од домашните архиви на телата до скривалиштата на стравот. Свидерска е македонска, но и космополитска поетеса со неповторлив творечки ракопис. Лесно и непринудено таа постигнува завидна длабочина и висок квалитет во својата поезија. Секоја стихотворба во оваа книга е откровение. (Владимир Левчев)

Издигајќи го својот моќен, бескомпромисен глас против секакви варијации на „политиката на стравот“, авторката успева да го закотви и победи стравот, не со очај, бегство или пренебрегнувачки однос, а преку создавање на мирно, спокојно, сигурно, скоро магиски заштитено катче. Имено во тоа циклично повторување на почетокот и крајот е исходот, спасението од ирационалниот страв во овој свет овде и сега. (д-р Лидија Капушевска–Дракулевска)

За Славица Гаџова е многу важно индивидуалното, интимното доживување на спознанието, пронижано од номадски експедиции, а токму такви експедиции даваат дополнителна сила, камчињата во компонирањето на мозаикот, уше една оптика во издвојувањето на предизвиците кои ни ги нуди животот и кои необично го освежуваат духот. (д-р Звонко Танески)

Славица Гаџова Свидерска (1984, Битола) е македонска поетеса, преведувач, есеист, литературен теоретичар, доктор на филолошките науки. Ги има издадено стихозбирките „Бескрајност“ (2001), „Писма“ (2012), „Политики на љубовта“ (2015), и „Тела“ (2016). Автор е и на научните монографии: Литература и дискурси на власта“ (2013), „Литература и политичко насилство“ (2018), како и на литературно-филозофските есеи „За смислата и апсурдот“ (2017). Носителка е на наградите „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата (2012), „Ацо Караманов“ на „Карамановите поетски средби“ (2016), „Орфеева лира“ на престижниот фестивал за поезија „Орфеј“ во Пловдив, Бугарија (2019). Во 2022 година на добива наградата „Македонска литературна авангарда“ за книгата „Политики на стравот“ (2021). Нејзината поезија е преведувана на англиски, кинески, бугарски, српски, хрватски, босански, чешки, словачки, турски, и албански.

 

The post Промоција на книгата „Картографирање на себеси“ од Славица Гаџова Свидерска во Македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>

На 12 октомври (четврток), од 18:30 часот, во КИЦ на Република Македонија ќе се одржи промоцијата на книгата „Картографирање на себеси“ од македонската поетеса Славица Гаџова Свидерска. На вечерта, посветена на преведената и наскоро издадена книга на бугарски јазик од Издавачката куќа „Ерго“, ќе говорат: издавачот Мартин Христов, преведувачката Поли Муканова, писателот Владимир Левчев, како и самата авторка – Славица Гаџова Свидерска. Накратко за „Картографирање на себеси: Во прекрасните стихови со кои Славица Гаџова Свидерска се картографира себеси , го откриваме целиот свет: од „Охридска“ до „Африканска“ и до „Арктичка“ стихотворба, од домашните архиви на телата до скривалиштата на стравот. Свидерска е македонска, но и космополитска поетеса со неповторлив творечки ракопис. Лесно и непринудено таа постигнува завидна длабочина и висок квалитет во својата поезија. Секоја стихотворба во оваа книга е откровение. (Владимир Левчев) Издигајќи го својот моќен, бескомпромисен глас против секакви варијации на „политиката на стравот“, авторката успева да го закотви и победи стравот, не со очај, бегство или пренебрегнувачки однос, а преку создавање на мирно, спокојно, сигурно, скоро магиски заштитено катче. Имено во тоа циклично повторување на почетокот и крајот е исходот, спасението од ирационалниот страв во овој свет овде и сега. (д-р Лидија Капушевска–Дракулевска) За Славица Гаџова е многу важно индивидуалното, интимното доживување на спознанието, пронижано од номадски експедиции, а токму такви експедиции даваат дополнителна сила, камчињата во компонирањето на мозаикот, уше една оптика во издвојувањето на предизвиците кои ни ги нуди животот и кои необично го освежуваат духот. (д-р Звонко Танески) Славица Гаџова Свидерска (1984, Битола) е македонска поетеса, преведувач, есеист, литературен теоретичар, доктор на филолошките науки. Ги има издадено стихозбирките „Бескрајност“ (2001), „Писма“ (2012), „Политики на љубовта“ (2015), и „Тела“ (2016). Автор е и на научните монографии: Литература и дискурси на власта“ (2013), „Литература и политичко насилство“ (2018), како и на литературно-филозофските есеи „За смислата и апсурдот“ (2017). Носителка е на наградите „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата (2012), „Ацо Караманов“ на „Карамановите поетски средби“ (2016), „Орфеева лира“ на престижниот фестивал за поезија „Орфеј“ во Пловдив, Бугарија (2019). Во 2022 година на добива наградата „Македонска литературна авангарда“ за книгата „Политики на стравот“ (2021). Нејзината поезија е преведувана на англиски, кинески, бугарски, српски, хрватски, босански, чешки, словачки, турски, и албански.  

The post Промоција на книгата „Картографирање на себеси“ од Славица Гаџова Свидерска во Македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>
Отворена изложбата „105 години Требениште“ во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvorena-izlozhbata-105-godini-trebenishte-vo-sofija/ Tue, 10 Oct 2023 09:22:24 +0000 https://republika.mk/?p=689800

Во Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките во Софија, Република Бугарија, вчера беше отворена изложбата „105 години Требениште“ во присуство на функционери и претставници од институциите на трите држави: Македонија, Бугарија и Србија, кои се обединија за реализацијата на овој ексклузивен проект.

Изложбата е резултат на неколкугодишната соработка меѓу Националниот археолошки институт со музеј при БАН – Софија, Народниот музеј на Србија – Белград, Археолошкиот музеј на Република Македонија – Скопје и Заводот и музеј – Охрид.

„На 100-годишнината во Скопје, сега во Софија, а во 2025 година во Белград. Оваа величествена изложба, која со гордост беше поставена и претставена во Археолошкиот музеј во Скопје, побуди огромен интерес кај македонските граѓани. Верувам дека златните маски од Требениште и стотиците вредни артефакти од овој исклучително атрактивен археолошки локалитет ќе ја пробудат љубопитноста и на бугарската јавност“, рече заменик-министерот за култура, Даим Лучи, на отворањето на изложбата.

Тој рече дека генерации археолози трагаа и трагаат по приказната од уникатниот локалитет и додаде: „Благодарејќи на искрените намери и на огромниот труд на експерти од повеќе области од трите држави, пронајденото повторно се спојува во својата целина. Преку културата, зачувувањето и промовирањето на културното наследство се поврзуваат земјите од Западен Балкан врз темелите на европските вредности“.

Директорката на Археолошкиот музеј од Скопје, Славица Бабамова, истакна дека изложбата е резултат на макотрпната и посветена заедничка работа на експертите и професионалците од музеите на трите држави, и дека на задоволство на сите, волшебната археолошка приказна за аристократијата која живеела во Охридскиот Регион во VI и V век пр. н.е. повеќе од едно столетие е предизвик и инспирација за археолозите не само од Балканот туку и пошироко.

„Требениште и неговите раскошни наоди во XXI век добија нова димензија: станаа предизвик за заедничка врвна професионална работа и симбол за заедничка цел за реализација на оваа изложба од страна на музеите во Софија, во Белград и во Скопје. Во овие години Требениште стана показател за успешен меѓународен проект, за чија реализација се потребни огромен ентузијазам, меѓусебно разбирање, знаење и посветеност на професионалците од трите соседни балкански држави.

Во таа смисла, заедничкото промовирање на културното наследство и неговото претставување пред пошироката јавност лежат во суштината на поврзувањето на земјите од Западен Балкан, што воедно е промоција и на заедничките европски вредности кои се прифатени од Македонија, Бугарија и од Србија.“, истакна Бабамова.

Во присуство на многу гости, амбасадори, политичари, музејски работници од трите држави на отворањето на изложбата во Националниот археолошки институт со музеј при БАН, во духот на европските вредности и зацврстување на културната соработка на земјите од регионот, говореа и потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, директорите на музеите од Софија, Христо Попов, и од Белград, Бојана Борич-Брешковиќ, министерот за култура на Бугарија, Крастју Крастев, и државниот секретар во Министерството за култура на Србија, Миодраг Ивановиќ.

Меѓу археолошките предмети кои потекнуваат од Требениште, најпознати се погребните златни маски, но во рамките на изложбата можат да се видат и други вредни предмети, како што се: златни апликации во облик на рака, сандали, алки изработени од злато, килибарен и друг вид накит, керамички предмети, оружје, шлемови, но и впечатливи керамички предмети поврзани со сѐ уште мистичната приказна за непознатата аристократија која го населувала денешното село Требениште.

Со оглед на тоа што овој проект ја содржи суштината на поврзувањето на земјите од Западен Балкан преку културата, зачувувањето и промовирањето на културното наследство како темелна европска вредност, изложбата посветена на требенишката некропола ќе го продолжи своето патешествие низ најзначајните европски и светски музеи, кои искажуваат огромен интерес уште од започнувањето на проектот.

 

 

 

The post Отворена изложбата „105 години Требениште“ во Софија appeared first on Република.

]]>

Во Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките во Софија, Република Бугарија, вчера беше отворена изложбата „105 години Требениште“ во присуство на функционери и претставници од институциите на трите држави: Македонија, Бугарија и Србија, кои се обединија за реализацијата на овој ексклузивен проект. Изложбата е резултат на неколкугодишната соработка меѓу Националниот археолошки институт со музеј при БАН – Софија, Народниот музеј на Србија – Белград, Археолошкиот музеј на Република Македонија – Скопје и Заводот и музеј – Охрид. „На 100-годишнината во Скопје, сега во Софија, а во 2025 година во Белград. Оваа величествена изложба, која со гордост беше поставена и претставена во Археолошкиот музеј во Скопје, побуди огромен интерес кај македонските граѓани. Верувам дека златните маски од Требениште и стотиците вредни артефакти од овој исклучително атрактивен археолошки локалитет ќе ја пробудат љубопитноста и на бугарската јавност“, рече заменик-министерот за култура, Даим Лучи, на отворањето на изложбата. Тој рече дека генерации археолози трагаа и трагаат по приказната од уникатниот локалитет и додаде: „Благодарејќи на искрените намери и на огромниот труд на експерти од повеќе области од трите држави, пронајденото повторно се спојува во својата целина. Преку културата, зачувувањето и промовирањето на културното наследство се поврзуваат земјите од Западен Балкан врз темелите на европските вредности“. Директорката на Археолошкиот музеј од Скопје, Славица Бабамова, истакна дека изложбата е резултат на макотрпната и посветена заедничка работа на експертите и професионалците од музеите на трите држави, и дека на задоволство на сите, волшебната археолошка приказна за аристократијата која живеела во Охридскиот Регион во VI и V век пр. н.е. повеќе од едно столетие е предизвик и инспирација за археолозите не само од Балканот туку и пошироко. „Требениште и неговите раскошни наоди во XXI век добија нова димензија: станаа предизвик за заедничка врвна професионална работа и симбол за заедничка цел за реализација на оваа изложба од страна на музеите во Софија, во Белград и во Скопје. Во овие години Требениште стана показател за успешен меѓународен проект, за чија реализација се потребни огромен ентузијазам, меѓусебно разбирање, знаење и посветеност на професионалците од трите соседни балкански држави. Во таа смисла, заедничкото промовирање на културното наследство и неговото претставување пред пошироката јавност лежат во суштината на поврзувањето на земјите од Западен Балкан, што воедно е промоција и на заедничките европски вредности кои се прифатени од Македонија, Бугарија и од Србија.“, истакна Бабамова. Во присуство на многу гости, амбасадори, политичари, музејски работници од трите држави на отворањето на изложбата во Националниот археолошки институт со музеј при БАН, во духот на европските вредности и зацврстување на културната соработка на земјите од регионот, говореа и потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, директорите на музеите од Софија, Христо Попов, и од Белград, Бојана Борич-Брешковиќ, министерот за култура на Бугарија, Крастју Крастев, и државниот секретар во Министерството за култура на Србија, Миодраг Ивановиќ. Меѓу археолошките предмети кои потекнуваат од Требениште, најпознати се погребните златни маски, но во рамките на изложбата можат да се видат и други вредни предмети, како што се: златни апликации во облик на рака, сандали, алки изработени од злато, килибарен и друг вид накит, керамички предмети, оружје, шлемови, но и впечатливи керамички предмети поврзани со сѐ уште мистичната приказна за непознатата аристократија која го населувала денешното село Требениште. Со оглед на тоа што овој проект ја содржи суштината на поврзувањето на земјите од Западен Балкан преку културата, зачувувањето и промовирањето на културното наследство како темелна европска вредност, изложбата посветена на требенишката некропола ќе го продолжи своето патешествие низ најзначајните европски и светски музеи, кои искажуваат огромен интерес уште од започнувањето на проектот.      

The post Отворена изложбата „105 години Требениште“ во Софија appeared first on Република.

]]>