Софија-Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sofija-skopje/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jul 2024 08:54:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Софија-Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sofija-skopje/ 32 32 „Застани, ќе се запалите“: Голгота на патниците на линијата Софија-Скопје на „Македонија сообраќај“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/zastani-ke-se-zapalite-golgota-na-patnitsite-na-linijata-sofija-skopje-na-makedonija-soobrakaj/ Tue, 02 Jul 2024 08:54:05 +0000 https://republika.mk/?p=792636

Патниците кои во саботата со автобус на „Македонија сообраќај“ на редовната линија од Софија за Скопје се враќале дома доживеле вистинска голгота. Велат дека автобусот ќе им се запалел, па еден и пол час на сред пат кај селото Псача чекале комби од Скопје да дојде да ги превезе, а поради голем дефект автобусот го оставиле кај селото.

Ова не е прв пат „Македонија сообраќај“ да ги малтретира патниците, вели патничката.

Таа за ММС објасни дека сите патници биле револтирани, па во нивно име кога конечно после полноќ стасале во Скопје до дирекцијата на Македонија сообраќај и до нивниот партнер фирмата Калеа од Софија веднаш реагирале со мејл.

Но, според неа до сега од компаниите немаат никаков одговор.

Целата сторија на ММС

The post „Застани, ќе се запалите“: Голгота на патниците на линијата Софија-Скопје на „Македонија сообраќај“ appeared first on Република.

]]>

Патниците кои во саботата со автобус на „Македонија сообраќај“ на редовната линија од Софија за Скопје се враќале дома доживеле вистинска голгота. Велат дека автобусот ќе им се запалел, па еден и пол час на сред пат кај селото Псача чекале комби од Скопје да дојде да ги превезе, а поради голем дефект автобусот го оставиле кај селото. Ова не е прв пат „Македонија сообраќај“ да ги малтретира патниците, вели патничката. Таа за ММС објасни дека сите патници биле револтирани, па во нивно име кога конечно после полноќ стасале во Скопје до дирекцијата на Македонија сообраќај и до нивниот партнер фирмата Калеа од Софија веднаш реагирале со мејл. Но, според неа до сега од компаниите немаат никаков одговор. Целата сторија на ММС

The post „Застани, ќе се запалите“: Голгота на патниците на линијата Софија-Скопје на „Македонија сообраќај“ appeared first on Република.

]]>
Двапати неделно со цена и од 70 евра повратен билет: Од 26 март стартува авиолинијата меѓу Софија и Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dvapati-nedelno-so-cena-i-od-70-evra-povraten-bilet-od-26-mart-startuva-aviolinijata-megju-sofija-i-skopje/ Thu, 03 Mar 2022 16:02:07 +0000 https://republika.mk/?p=467181

Објавен е распоредот на летови на редовната авионска линија Софија-Скопје-Софија.

Првиот лет на бугарската авиокомпанија „ГуливЕр“ ќе биде на 26 март 2022 година, а авиокомпанијата ќе има редовни летови на релација двапати неделно, во сабота и во понеделник.

Повратниот лет ќе чини околу 70 евра.

Авиолинијата беше восапоиставена на 11 февруари. Во авионот тогаш беа бугарскиот министер за транспорт и врски Николај Шабев и министерот за туризам Христо Проданов. Во име на Македонија, во летот учествуваа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, како и државната секретарка во Министерството за економија, Размена Дуровиќ.

The post Двапати неделно со цена и од 70 евра повратен билет: Од 26 март стартува авиолинијата меѓу Софија и Скопје appeared first on Република.

]]>

Објавен е распоредот на летови на редовната авионска линија Софија-Скопје-Софија. Првиот лет на бугарската авиокомпанија „ГуливЕр“ ќе биде на 26 март 2022 година, а авиокомпанијата ќе има редовни летови на релација двапати неделно, во сабота и во понеделник. Повратниот лет ќе чини околу 70 евра. Авиолинијата беше восапоиставена на 11 февруари. Во авионот тогаш беа бугарскиот министер за транспорт и врски Николај Шабев и министерот за туризам Христо Проданов. Во име на Македонија, во летот учествуваа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, како и државната секретарка во Министерството за економија, Размена Дуровиќ.

The post Двапати неделно со цена и од 70 евра повратен билет: Од 26 март стартува авиолинијата меѓу Софија и Скопје appeared first on Република.

]]>
Падна договор: Aвионската линија Скопје – Софија започнува од 27 март https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/padna-dogovor-avionskata-linija-skopje-sofija-zapochnuva-od-27-mart/ Fri, 11 Feb 2022 17:12:19 +0000 https://republika.mk/?p=457302

Авиолинијата Софија – Скопје започнува редовно да сообраќа од 27 март, со што отвораме нови можности за нашите граѓани, изјавија денеска од Скопје министрите за транспорт на Република Македонија и Република Бугарија, Бочварски и Сабев.

Владина делегација на Македонија, предводена од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а во придружба на делегација од Бугарија составена од министерот за транспорт, Николај Сабев и за министерот за туризам, Христо Проданов, како и тур- оператори од Бугарија денеска со првиот лет слетаа на Меѓународниот аеродром Скопје.

На средбата во Клуб на пратенци, покрај претставниците на владите на двете држави присуствуваа и претставници на тур-операторите од Македонија и Бугарија.

На средбата покрај воспоставување на редовната авиолинија, се разговараше и за зголемување на туристичката понуда.

Денеска на мое големо задоволство можам да најавам дека авио-линијата Скопје – Софија ќе започне активно да лета од 27 март, оваа пролет. Заедно со колегите од Република Бугарија и со тур-операторите донесовме значајни одлуки за туризмот и за економијата на двете земји. Нашата соработка е на високо ниво и така ќе продолжиме и во наредниот период. Со заеднички заложби и решенија отвораме нови можности за нашите граѓани, но и придонесуваме за развој и раст на економијата, изјави по работната средба министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој додаде дека оваа средба е силна порака со која се покажува силната волја за инфраструктурниото поврзување меѓу двете земји. Министерот за инфраструктура на Република Бугарија, Николај Сабев истакна дека со денешната средба на тур-операторите на двете земји се воспоставија нови врски во развој на економските односи меѓу Македонија и Бугарија. Тој најави изградба на преостаниот дел од патниот правец до граничниот премин Клепало.

The post Падна договор: Aвионската линија Скопје – Софија започнува од 27 март appeared first on Република.

]]>

Авиолинијата Софија – Скопје започнува редовно да сообраќа од 27 март, со што отвораме нови можности за нашите граѓани, изјавија денеска од Скопје министрите за транспорт на Република Македонија и Република Бугарија, Бочварски и Сабев. Владина делегација на Македонија, предводена од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а во придружба на делегација од Бугарија составена од министерот за транспорт, Николај Сабев и за министерот за туризам, Христо Проданов, како и тур- оператори од Бугарија денеска со првиот лет слетаа на Меѓународниот аеродром Скопје. На средбата во Клуб на пратенци, покрај претставниците на владите на двете држави присуствуваа и претставници на тур-операторите од Македонија и Бугарија. На средбата покрај воспоставување на редовната авиолинија, се разговараше и за зголемување на туристичката понуда.
Денеска на мое големо задоволство можам да најавам дека авио-линијата Скопје – Софија ќе започне активно да лета од 27 март, оваа пролет. Заедно со колегите од Република Бугарија и со тур-операторите донесовме значајни одлуки за туризмот и за економијата на двете земји. Нашата соработка е на високо ниво и така ќе продолжиме и во наредниот период. Со заеднички заложби и решенија отвораме нови можности за нашите граѓани, но и придонесуваме за развој и раст на економијата, изјави по работната средба министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Тој додаде дека оваа средба е силна порака со која се покажува силната волја за инфраструктурниото поврзување меѓу двете земји. Министерот за инфраструктура на Република Бугарија, Николај Сабев истакна дека со денешната средба на тур-операторите на двете земји се воспоставија нови врски во развој на економските односи меѓу Македонија и Бугарија. Тој најави изградба на преостаниот дел од патниот правец до граничниот премин Клепало.

The post Падна договор: Aвионската линија Скопје – Софија започнува од 27 март appeared first on Република.

]]>
Ќе му се исполни желбата на Петков: За два месеци ќе има авиолинија Софија-Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kje-mu-se-ispolni-zelbata-na-petkov-za-dva-meseci-kje-ima-aviolinija-sofija-skopje/ Tue, 18 Jan 2022 12:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=446356

Бугарскиот премиер Кирил Петков најави дека за околу два месеци треба да биде воспоставена авиолинија од Софија до Скопје.

Петков нагласи дека од сега натаму добрососедството меѓу Бугарија и Македонија ќе се мери со конкретни реализирани чекори и цели, а не само преку политички изјави.

Денеска јасно изјавуваме дека линијата Софија - Скопје ќе биде реалност. За она за што се ангажираме е дека за 30 дена ќе имаме точни специфики, а за 60 денови таа линија ќе биде воведена во функција. Така што, кога ќе почнеме да работиме со точни резултати ќе дадеме можност на народите од двете земји да можат слободно да патуваат, слободно да прават бизнис - изјави Петков на прес-конференција по средбата со неговиот македонски колега Димитар Ковачевски.

Петков додаде дека е многу среќен што можел да каже дека во иднина добрососедството ќе се мери со реални постигнати цели и резултати.

На ваков начин ќе им покажеме на двата народа од двете земји дека добрососедството се мери практично, не само на ниво на политички изјави, туку на ниво на реални резултати на бизнис и работа и на ниво на патување од Софија до Скопје за 20 минути - истакна бугарскиот премиер Петков.

The post Ќе му се исполни желбата на Петков: За два месеци ќе има авиолинија Софија-Скопје appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков најави дека за околу два месеци треба да биде воспоставена авиолинија од Софија до Скопје. Петков нагласи дека од сега натаму добрососедството меѓу Бугарија и Македонија ќе се мери со конкретни реализирани чекори и цели, а не само преку политички изјави.