соет за безбедност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/soet-za-bezbednost/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Aug 2022 09:46:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png соет за безбедност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/soet-za-bezbednost/ 32 32 Состојбата во „Запорожје“ на итна седница на Советот за безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sostojbata-vo-zaporozje-na-itna-sednica-na-sovetot-za-bezbednost/ Thu, 11 Aug 2022 09:46:30 +0000 https://republika.mk/?p=539008

Рускиот претставник во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, соопшти дека Русија побарала итна седница на Советот за безбедност на ОН поради кризата околу нуклеарната централа во Запорожје. Седницата ќе се одржи денеска во Њујорк.

Улјанов ја обвини Украина дека создава вештачки пречки и тешкотии за потенцијалната мисија на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во нуклеарната централа Запорожје.

Во март 2022 година, руските сили го зазедоа „Запорожје“, најголемата нуклеарна централа во Европа со шест реактори кои работат, а централата сега работи со капацитет од 70 проценти.

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа „Запорожје“, а портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во понеделникот изјави дека Киев ја држи цела Европа во заложништво со гранатирање на централата.

The post Состојбата во „Запорожје“ на итна седница на Советот за безбедност appeared first on Република.

]]>

Рускиот претставник во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, соопшти дека Русија побарала итна седница на Советот за безбедност на ОН поради кризата околу нуклеарната централа во Запорожје. Седницата ќе се одржи денеска во Њујорк. Улјанов ја обвини Украина дека создава вештачки пречки и тешкотии за потенцијалната мисија на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во нуклеарната централа Запорожје. Во март 2022 година, руските сили го зазедоа „Запорожје“, најголемата нуклеарна централа во Европа со шест реактори кои работат, а централата сега работи со капацитет од 70 проценти. Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа „Запорожје“, а портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во понеделникот изјави дека Киев ја држи цела Европа во заложништво со гранатирање на централата.

The post Состојбата во „Запорожје“ на итна седница на Советот за безбедност appeared first on Република.

]]>