социјални медиуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/socijalni-mediumi/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Apr 2024 16:02:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png социјални медиуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/socijalni-mediumi/ 32 32 Кривична пријава против кочанчанец, кој на социјалните мрежи им се заканувал на полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-protiv-kochanchanets-koj-na-sotsijalnite-mrezhi-im-se-zakanuval-na-politsajtsi/ Mon, 29 Apr 2024 16:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=772301

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од с.Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „загрозување на сигурноста“.

Во периодот од 24.02.2024 до 28.02.2024, преку социјална мрежа, пријавениот во повеќе наврати испратил пораки со заканувачки содржини кон тројца полициски службеници.

 

The post Кривична пријава против кочанчанец, кој на социјалните мрежи им се заканувал на полицајци appeared first on Република.

]]>

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од с.Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „загрозување на сигурноста“. Во периодот од 24.02.2024 до 28.02.2024, преку социјална мрежа, пријавениот во повеќе наврати испратил пораки со заканувачки содржини кон тројца полициски службеници.  

The post Кривична пријава против кочанчанец, кој на социјалните мрежи им се заканувал на полицајци appeared first on Република.

]]>
Пенов го нема на ниедна социјална мрежа, политичарите најмногу користат „Фејсбук“, го избегнуваат „Твитер“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/penov-go-nema-na-niedna-sotsijalna-mrezha-politicharite-najmnogu-koristat-fejsbuk-go-izbegnuvaat-tviter/ Thu, 05 Jan 2023 11:07:40 +0000 https://republika.mk/?p=593831

Македонските политичари во својата работа активно го користат потенцијалот на социјалните мрежи но домашните политички елити во однос на комуникацијата на Интернет со граѓаните не се ни близу до нивото на своите колеги од Западна Европа и светот. Ова меѓудругото е заклучокот од последното истражување на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) спроведено врз македонските функционери во насока на нивното активно присуство на социјалните медиуми како важен сегмент од транспарентноста и отчетноста на принципот на добро управување.

Според анализата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП), во текот на минатата година од вкупно 120 пратеници, дури 115 биле присутни на социјалните медиуми. Онлајн биле и шефот на државата, премиерот, Владата, градоначалниците…

Речиси секој пратеник или пратеничка во Собранието биле активни на Фејсбук минатата година. Анализата покажува дигиталено зголемување на овој пратенички состав, споредено со претходниот. Па така минатата 2022 година вкупно 115 од вкупно 120 пратеници биле онлајн, на Фејсбук. Следи Инстаграм каде свои онлајн активности во 2022 година имале 34 пратеници, па Твитер кој за свој начин на комуникација со граѓаните го користат 18 народни избраници. Сепак, на социјалните мрежи ги нема пратениците Панчо Минов, Драгољуб Филипоски, Мерита Колчи-Коџаџику и Стојан Миланов, а според истражувањето пратеникот од ДПА Мендух Тачи е активен само на Твитер.

Анализата покажува дека вкупно 10 од 120 пратеници истовремено користеле Фејсбук, Твитер и Инстаграм, додека само двајца народни избраници немале свој профил/страна или канал на било кој од социјалните медиуми во 2022 година.

Сепак, политичарите и јавните институции како полека да забораваат дека нивното активно присуство на социјалните медиуми е важен сегмент од транспарентноста и отчетноста кои се нераскинлив дел од принципот на добро управување. Токму изложувањето на властите и институциите на коментарите, критиките и мислењата на граѓаните преку ваквите дигитални алатки треба сериозно да се земе како уште еден фактор за тоа дали тие се вистински подготвени да се справат со корупцијата, клиентелизмот и одлучувањето само во тесни партиски кругови – се наведува во годишната Анализа на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП).

Раст на онлајн комуникацијата со граѓаните преку социјалните медиуми најмногу се забележува во Владата. Премиерот и 20 министри биле активни на Фејсбук во 2022 година. Твитер бил изборот на 11, додека Инстаграм на 16 министри. Половината од вкупниот број членови на владиниот кабинет, односно 12 министри биле истовремено активни на сите наведени платформи. Единствен министер кој не поседува ниедна социјална мрежа е министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

Во исто време истражувањето покажува дека Претседателот на Републиката Стево Пендаровски, во 2022 година бил истовремено присутен со своја официјална веб страна, како и онлајн активности на Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Слични се податоците и за Премиерот Димитар Ковачевски но и Талат Џафери.

Од друга страна во истражувањето се забележува стагнација на транспарентноста односно во користењето на социјалните медиум кај единиците на локалната самоуправа. 80 од вкупно 81 градоначалник биле активни на Фејсбук во 2022 година.

На Твитер во 2022 година биле активни само 6 градоначалници, додека на Инстаграм тој број изнесувал 32. Изминатата година само 5 градоначалници користеле Твитер, а 40 биле на Инстаграм.

The post Пенов го нема на ниедна социјална мрежа, политичарите најмногу користат „Фејсбук“, го избегнуваат „Твитер“ appeared first on Република.

]]>

Македонските политичари во својата работа активно го користат потенцијалот на социјалните мрежи но домашните политички елити во однос на комуникацијата на Интернет со граѓаните не се ни близу до нивото на своите колеги од Западна Европа и светот. Ова меѓудругото е заклучокот од последното истражување на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) спроведено врз македонските функционери во насока на нивното активно присуство на социјалните медиуми како важен сегмент од транспарентноста и отчетноста на принципот на добро управување. Според анализата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП), во текот на минатата година од вкупно 120 пратеници, дури 115 биле присутни на социјалните медиуми. Онлајн биле и шефот на државата, премиерот, Владата, градоначалниците… Речиси секој пратеник или пратеничка во Собранието биле активни на Фејсбук минатата година. Анализата покажува дигиталено зголемување на овој пратенички состав, споредено со претходниот. Па така минатата 2022 година вкупно 115 од вкупно 120 пратеници биле онлајн, на Фејсбук. Следи Инстаграм каде свои онлајн активности во 2022 година имале 34 пратеници, па Твитер кој за свој начин на комуникација со граѓаните го користат 18 народни избраници. Сепак, на социјалните мрежи ги нема пратениците Панчо Минов, Драгољуб Филипоски, Мерита Колчи-Коџаџику и Стојан Миланов, а според истражувањето пратеникот од ДПА Мендух Тачи е активен само на Твитер. Анализата покажува дека вкупно 10 од 120 пратеници истовремено користеле Фејсбук, Твитер и Инстаграм, додека само двајца народни избраници немале свој профил/страна или канал на било кој од социјалните медиуми во 2022 година. Сепак, политичарите и јавните институции како полека да забораваат дека нивното активно присуство на социјалните медиуми е важен сегмент од транспарентноста и отчетноста кои се нераскинлив дел од принципот на добро управување. Токму изложувањето на властите и институциите на коментарите, критиките и мислењата на граѓаните преку ваквите дигитални алатки треба сериозно да се земе како уште еден фактор за тоа дали тие се вистински подготвени да се справат со корупцијата, клиентелизмот и одлучувањето само во тесни партиски кругови – се наведува во годишната Анализа на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). Раст на онлајн комуникацијата со граѓаните преку социјалните медиуми најмногу се забележува во Владата. Премиерот и 20 министри биле активни на Фејсбук во 2022 година. Твитер бил изборот на 11, додека Инстаграм на 16 министри. Половината од вкупниот број членови на владиниот кабинет, односно 12 министри биле истовремено активни на сите наведени платформи. Единствен министер кој не поседува ниедна социјална мрежа е министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. Во исто време истражувањето покажува дека Претседателот на Републиката Стево Пендаровски, во 2022 година бил истовремено присутен со своја официјална веб страна, како и онлајн активности на Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Слични се податоците и за Премиерот Димитар Ковачевски но и Талат Џафери. Од друга страна во истражувањето се забележува стагнација на транспарентноста односно во користењето на социјалните медиум кај единиците на локалната самоуправа. 80 од вкупно 81 градоначалник биле активни на Фејсбук во 2022 година. На Твитер во 2022 година биле активни само 6 градоначалници, додека на Инстаграм тој број изнесувал 32. Изминатата година само 5 градоначалници користеле Твитер, а 40 биле на Инстаграм.

The post Пенов го нема на ниедна социјална мрежа, политичарите најмногу користат „Фејсбук“, го избегнуваат „Твитер“ appeared first on Република.

]]>