социјална помош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/socijalna-pomosh/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 14:07:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png социјална помош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/socijalna-pomosh/ 32 32 Си купувале луксуз и недвижнини: Штипска фамилија на социјална помош фатена за перење пари и приредување на игри на среќа без лиценца https://arhiva3.republika.mk/vesti/si-kupuvale-luksuz-i-nedvizhnini-shtipska-familija-na-sotsijalna-pomosh-fatena-za-perene-pari-i-prireduvane-na-igri-na-sreka-bez-litsentsa/ Thu, 28 Nov 2024 14:07:50 +0000 https://republika.mk/?p=842829

Единицата за финансиски истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР во координација со истражителите од истражниот центар на Основното јавно обвинителство за ГОКК вчера (27.11.), поради постоење на основани сомненија за сторени кривични дела до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против четири лица и тоа: Ф.Д. (41) и Е.Д. (43) од Штип за сторено кривично дела по член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и за забавни игри а во врска со член 22 од КЗ, и по член 273 од КЗ („перење пари и други приноси од казниво дело“), како и против лицата Е.Д.(19) и Ф.Р (34) исто така од Штип, по член 273 став 4 во врска со став 1 и 2 од КЗ.

Како што додаваат од МВР, во рамки на вчерашните активности на Единицата, во содејство со ОЈО ГОКК, беа преземени и заокружени сите неопходни оперативни мерки за целосно документирање на случајот, при што беа обезбедени бројни материјални докази, а извршени се и претреси кај осомничените, и притоа беа пронајдени и одземени златен накит, четири луксузни патнички моторни возила, пет моторцикли и еден четирицикл.

Прво и второосомничените како соизвршители во периодот од 01.01.2020 година па наваму заеднички и по претходен договор, спротивно на одредбите од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во нивната семејна куќа во Штип, недозволено, преку глобална интернет мрежа, организирале и приредувале интернет игри на среќа. Сопружниците Ф.Д. и Е.Д. откако обезбедиле средства и компјутерска опрема, ангажирале лица коишто првоосомничената ги обучувала за користење на платформа за опслужување на заинтересирани клиенти, а второосомничениот им давал совети и обезбедувал електронска опрема, телефонски мобилни уреди и СИМ картички за вработените со што дал особен придонес во незаконските дејствија. Со клиентите, кои морало да бидат турски државјани, комуницирале преку апликациите за контакт Skype и Whatsapp нудејќи им поволности за обложување и игри на среќа за што, според првичните сознанија, осомничените добивале одреден процент во криптовалути на „Електронски паричник“, сопственост на првоосомничената. Со намера да го прикријат изворот на парите, нелегално остварените приходи што ги примале во криптовалути, потоа ги претварале во странска валута – долари или евра и ги пренесувале на „Електронски паричник“ сопственост на менувачница за размена на криптовалути.
Оттаму парите ги подигнувале во готовина, помал дел ги пуштале во промет трансферирајќи ги кон странски државјани со кои немале воспоставено должничко доверителски односи, а поголемиот дел ги внесувале во легални финансиски текови, ги уплаќале на своите денарски сметки и купувале движен и недвижен имот водејќи луксузен живот иако биле невработени, а дополнително и приматели на социјална помош.
Во прикривањето на изворот на парите учествувале и нивната ќерка и четвртопријавеното лице, така што примиле парични средства за кои биле должни и можеле да знаат дека се прибавени од казниво дело со приредување на игри на среќа преку глобална интернет мрежа, и ги пуштиле во оптек набавувајќи две патнички моторни возила, соопшти МВР.

The post Си купувале луксуз и недвижнини: Штипска фамилија на социјална помош фатена за перење пари и приредување на игри на среќа без лиценца appeared first on Република.

]]>

Единицата за финансиски истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР во координација со истражителите од истражниот центар на Основното јавно обвинителство за ГОКК вчера (27.11.), поради постоење на основани сомненија за сторени кривични дела до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против четири лица и тоа: Ф.Д. (41) и Е.Д. (43) од Штип за сторено кривично дела по член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и за забавни игри а во врска со член 22 од КЗ, и по член 273 од КЗ („перење пари и други приноси од казниво дело“), како и против лицата Е.Д.(19) и Ф.Р (34) исто така од Штип, по член 273 став 4 во врска со став 1 и 2 од КЗ. Како што додаваат од МВР, во рамки на вчерашните активности на Единицата, во содејство со ОЈО ГОКК, беа преземени и заокружени сите неопходни оперативни мерки за целосно документирање на случајот, при што беа обезбедени бројни материјални докази, а извршени се и претреси кај осомничените, и притоа беа пронајдени и одземени златен накит, четири луксузни патнички моторни возила, пет моторцикли и еден четирицикл.
Прво и второосомничените како соизвршители во периодот од 01.01.2020 година па наваму заеднички и по претходен договор, спротивно на одредбите од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во нивната семејна куќа во Штип, недозволено, преку глобална интернет мрежа, организирале и приредувале интернет игри на среќа. Сопружниците Ф.Д. и Е.Д. откако обезбедиле средства и компјутерска опрема, ангажирале лица коишто првоосомничената ги обучувала за користење на платформа за опслужување на заинтересирани клиенти, а второосомничениот им давал совети и обезбедувал електронска опрема, телефонски мобилни уреди и СИМ картички за вработените со што дал особен придонес во незаконските дејствија. Со клиентите, кои морало да бидат турски државјани, комуницирале преку апликациите за контакт Skype и Whatsapp нудејќи им поволности за обложување и игри на среќа за што, според првичните сознанија, осомничените добивале одреден процент во криптовалути на „Електронски паричник“, сопственост на првоосомничената. Со намера да го прикријат изворот на парите, нелегално остварените приходи што ги примале во криптовалути, потоа ги претварале во странска валута – долари или евра и ги пренесувале на „Електронски паричник“ сопственост на менувачница за размена на криптовалути. Оттаму парите ги подигнувале во готовина, помал дел ги пуштале во промет трансферирајќи ги кон странски државјани со кои немале воспоставено должничко доверителски односи, а поголемиот дел ги внесувале во легални финансиски текови, ги уплаќале на своите денарски сметки и купувале движен и недвижен имот водејќи луксузен живот иако биле невработени, а дополнително и приматели на социјална помош. Во прикривањето на изворот на парите учествувале и нивната ќерка и четвртопријавеното лице, така што примиле парични средства за кои биле должни и можеле да знаат дека се прибавени од казниво дело со приредување на игри на среќа преку глобална интернет мрежа, и ги пуштиле во оптек набавувајќи две патнички моторни возила, соопшти МВР.

The post Си купувале луксуз и недвижнини: Штипска фамилија на социјална помош фатена за перење пари и приредување на игри на среќа без лиценца appeared first on Република.

]]>
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-tek-e-isplatata-na-pravata-od-sotsijalna-i-detska-zashtita-5/ Mon, 05 Aug 2024 13:05:53 +0000 https://republika.mk/?p=803569

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2024 година.

 

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 август 2024 година.

 

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

 

-05.08.2024 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;

-06.08.2024 – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

 

 

The post Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита appeared first on Република.

]]>

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2024 година.   Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 август 2024 година.   Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:   -05.08.2024 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ; -06.08.2024 – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.  
 

The post Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита appeared first on Република.

]]>
Министерот откри како незаконски се потрошени 2,5 милиони евра во име на социјална помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-otkri-kako-nezakonski-se-potrosheni-2-5-milioni-evra-vo-ime-na-sotsijalna-pomosh/ Mon, 15 Apr 2024 11:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=766290

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска на прес-конференција посочи дека во период од јуни 2022 година до минатиот месец се дадени незаконски парични средства на над 1000 граѓани во име на социјална помош. Со ова, како што рече, е оштетен буџетот на Министерството за над 2.5 милиони евра.

Тој потенцираше дека во моментов се изготвени и донесени 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, со забрана за користење на правото во наредните 12 месеци.

Велковски подвлече дека граѓаните имаат право на редовен правен лек до второстепените органи па дури потоа центрите за социјална работа ќе склучат спогодби за враќање на неосновано примените парични средства.

Ја искористиле ковид кризата кога се олесниле условите за користење на социјалните права од аспект на поседување регистрирано моторно возило и во системот влегле сите возила постари од пет години. Иако официјално ковид кризата завршила на 30.06.2022 година, ништо не се преземено за преиспитување на предметите на корисниците што поседуваат регистрирано моторно возило и истите останале во системот на социјалната заштита и неосновано ги користеле правата, изјави Велковски.

Според Велковски, во Законот за социјална заштита од 2019 година и подзаконските акти е определено дека доколку подносителот/корисникот поседува регистрирано моторно возило не може да го оствари и користи правото на ГМП.

Оттука се поставува прашањето што работеле раководните структури на министерството во овие 18 месеци, додаде Велковски.

Тој посочи дека на 20 јануари оваа година е склучен договорот за размена на податоци на дата базите по електронски пат помеѓу тогашните министри Тренчевска и Спасовски.

Првата размена на податоци е направена дури на 5 март оваа година што го поставува прашањето: Зошто се чекало? А што правела министерката до 20 јануари 2024 година? Дали се обезбедувале податоци секој месец како што предвидува законот или пак размената на податоци преку CD или USB е доставувано во нереално време односно со задоцнување од неколку месеци со што се овозможило во системот да влезат лица на кој не им следуваат овие права. Се уште останува енигма и прашањето, зошто се чекало моето назначување како технички министер за да почне размената на податоците кога истата можела да се направи и веќе наредниот ден а тоа е 10 дена пред моето назначување за министер, посочи Велковски.

The post Министерот откри како незаконски се потрошени 2,5 милиони евра во име на социјална помош appeared first on Република.

]]>

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска на прес-конференција посочи дека во период од јуни 2022 година до минатиот месец се дадени незаконски парични средства на над 1000 граѓани во име на социјална помош. Со ова, како што рече, е оштетен буџетот на Министерството за над 2.5 милиони евра. Тој потенцираше дека во моментов се изготвени и донесени 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, со забрана за користење на правото во наредните 12 месеци. Велковски подвлече дека граѓаните имаат право на редовен правен лек до второстепените органи па дури потоа центрите за социјална работа ќе склучат спогодби за враќање на неосновано примените парични средства.
Ја искористиле ковид кризата кога се олесниле условите за користење на социјалните права од аспект на поседување регистрирано моторно возило и во системот влегле сите возила постари од пет години. Иако официјално ковид кризата завршила на 30.06.2022 година, ништо не се преземено за преиспитување на предметите на корисниците што поседуваат регистрирано моторно возило и истите останале во системот на социјалната заштита и неосновано ги користеле правата, изјави Велковски.
Според Велковски, во Законот за социјална заштита од 2019 година и подзаконските акти е определено дека доколку подносителот/корисникот поседува регистрирано моторно возило не може да го оствари и користи правото на ГМП.
Оттука се поставува прашањето што работеле раководните структури на министерството во овие 18 месеци, додаде Велковски.
Тој посочи дека на 20 јануари оваа година е склучен договорот за размена на податоци на дата базите по електронски пат помеѓу тогашните министри Тренчевска и Спасовски.
Првата размена на податоци е направена дури на 5 март оваа година што го поставува прашањето: Зошто се чекало? А што правела министерката до 20 јануари 2024 година? Дали се обезбедувале податоци секој месец како што предвидува законот или пак размената на податоци преку CD или USB е доставувано во нереално време односно со задоцнување од неколку месеци со што се овозможило во системот да влезат лица на кој не им следуваат овие права. Се уште останува енигма и прашањето, зошто се чекало моето назначување како технички министер за да почне размената на податоците кога истата можела да се направи и веќе наредниот ден а тоа е 10 дена пред моето назначување за министер, посочи Велковски.

The post Министерот откри како незаконски се потрошени 2,5 милиони евра во име на социјална помош appeared first on Република.

]]>
Бугари во Лондон имале „фабрика“ за изработка на лажни лекарски уверенија, проневериле 54 милиони фунти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugari-vo-london-imale-fabrika-za-izrabotka-na-lazhni-lekarski-uverenija-proneverile-54-milioni-funti/ Thu, 11 Apr 2024 08:00:38 +0000 https://republika.mk/?p=764806

Петмина бугарски државјани се обвинети дека се најголемите крадци на социјални бенефиции во криминалната историја на Велика Британија, јавува Скај њуз.

Осомничените се на возраст меѓу 26 и 52 години. Тие во Лондон имале „фабрика“ за изработка на лажни лекарски уверенија и фалсификувани документи, поради што во мај ќе им се суди за измама и перење пари.

 

Вкупниот износ на украдени средства е над 50 милиони фунти. Полицијата заплени и видео снимка како еден член на бандата фрла банкноти од 20 фунти на патосот во очигледна радост, а друг ги собира.

Бандата за измами со бенефиции направи илјадници лажни тврдења за Universal Credit користејќи или вистински луѓе или киднапирани идентитети и ги поткрепувала со низа фалсификувани документи, вклучувајќи фалсификувани уплатници и лажни писма од лекар.

За време на рациите, полицијата пронашла парчиња готовина полнета во шопинг торби и куфери, луксузен автомобил и дизајнерска стока, вклучувајќи часовници, јакни и чаши.

Бугарските државјани Галина Николова (38 години), Стојан Стојанов (27 години), Цветка Тодорова (52 години), Ѓунеш Али (33 години) и Патриција Панева (26 години) признале дека сториле кривични дела поврзани со измама и перење на пари.

Обвинителот Бен Рид ја опиша истрагата како „сложена и предизвикувачка“, бидејќи бара ефективна соработка меѓу властите на ОК и меѓународните партнери во Бугарија и агенцијата на Европската унија за борба против криминалот, Еуроџаст.

„Ова е најголемиот случај на измама за социјална помош што некогаш бил изведен пред судовите во Англија и Велс“, рече тој.

„Во текот на неколку години, обвинетите биле вмешани во заговор за извршување на масовна измама против системот за универзална кредитна помош, што го чинела даночниот обврзник повеќе од 50 милиони фунти“, рече обвинителот.

Пратеничката Мел Страјд, која е државен секретар за Одделот за работа и пензии, рече дека е неизмерно горда на работата на истражителите за разбивање на оваа организирана криминална група.

„Мојата порака е едноставна – ако правите измама со бенефиции, го измамувате даночниот обврзник и ние ќе ве фатиме“, вели Страјд.

Бандата оперирала четири и пол години, помеѓу октомври 2016 и мај 2021 година, кога осомничените првпат биле уапсени.

Откако бил пуштен од притвор, обвинетиот Али побегнал назад во Бугарија. Во февруари минатата година, по соработката со бугарските власти, тој беше екстрадиран назад во Обединетото Кралство за да се соочи со правдата. Сите петмина обвинети ќе се појават за изрекување на пресудата во судот во мај.

The post Бугари во Лондон имале „фабрика“ за изработка на лажни лекарски уверенија, проневериле 54 милиони фунти appeared first on Република.

]]>

Петмина бугарски државјани се обвинети дека се најголемите крадци на социјални бенефиции во криминалната историја на Велика Британија, јавува Скај њуз. Осомничените се на возраст меѓу 26 и 52 години. Тие во Лондон имале „фабрика“ за изработка на лажни лекарски уверенија и фалсификувани документи, поради што во мај ќе им се суди за измама и перење пари.   Вкупниот износ на украдени средства е над 50 милиони фунти. Полицијата заплени и видео снимка како еден член на бандата фрла банкноти од 20 фунти на патосот во очигледна радост, а друг ги собира. Бандата за измами со бенефиции направи илјадници лажни тврдења за Universal Credit користејќи или вистински луѓе или киднапирани идентитети и ги поткрепувала со низа фалсификувани документи, вклучувајќи фалсификувани уплатници и лажни писма од лекар. За време на рациите, полицијата пронашла парчиња готовина полнета во шопинг торби и куфери, луксузен автомобил и дизајнерска стока, вклучувајќи часовници, јакни и чаши. Бугарските државјани Галина Николова (38 години), Стојан Стојанов (27 години), Цветка Тодорова (52 години), Ѓунеш Али (33 години) и Патриција Панева (26 години) признале дека сториле кривични дела поврзани со измама и перење на пари. Обвинителот Бен Рид ја опиша истрагата како „сложена и предизвикувачка“, бидејќи бара ефективна соработка меѓу властите на ОК и меѓународните партнери во Бугарија и агенцијата на Европската унија за борба против криминалот, Еуроџаст.
„Ова е најголемиот случај на измама за социјална помош што некогаш бил изведен пред судовите во Англија и Велс“, рече тој.
„Во текот на неколку години, обвинетите биле вмешани во заговор за извршување на масовна измама против системот за универзална кредитна помош, што го чинела даночниот обврзник повеќе од 50 милиони фунти“, рече обвинителот. Пратеничката Мел Страјд, која е државен секретар за Одделот за работа и пензии, рече дека е неизмерно горда на работата на истражителите за разбивање на оваа организирана криминална група.
„Мојата порака е едноставна – ако правите измама со бенефиции, го измамувате даночниот обврзник и ние ќе ве фатиме“, вели Страјд.
Бандата оперирала четири и пол години, помеѓу октомври 2016 и мај 2021 година, кога осомничените првпат биле уапсени. Откако бил пуштен од притвор, обвинетиот Али побегнал назад во Бугарија. Во февруари минатата година, по соработката со бугарските власти, тој беше екстрадиран назад во Обединетото Кралство за да се соочи со правдата. Сите петмина обвинети ќе се појават за изрекување на пресудата во судот во мај.

The post Бугари во Лондон имале „фабрика“ за изработка на лажни лекарски уверенија, проневериле 54 милиони фунти appeared first on Република.

]]>
МТСП: Јавноста мора знае криминалите од директорите на СДСМ со исплаќањето на социјална помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mtsp-javnosta-mora-znae-kriminalite-od-direktorite-na-sdsm-so-isplakaneto-na-sotsijalna-pomosh/ Tue, 19 Mar 2024 13:56:50 +0000 https://republika.mk/?p=756354

Откако вчера министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, обзнани дека 2.252 незаконски исплаќања биле направени на сметките на корисници на средства за гарантирана минимална помош, со што е направен милионски криминал во МТСП преку злоупотреба на системот за социјална заштита и незаконско и противправно исплаќање на овие средства, пристигнаа низа на реакции, прво од поранешната министерка Јованка Тренчевска, а денеска и од директорите на Центрите за социјална работа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-velkovski-otkri-milionski-kriminal-vo-mtsp-so-sotsijalnata-pomosh/

Навредите на еден министер кон сите вработени и повредата на достоинството на директорите е неприфатливо однесување за предводник кој треба да влева доверба и сигурност кај граѓаните!

Како директори јавно го искажуваме своето незадоволство од непромислените изјави на техничкиот министер, Велковски на вчерашната прес-конференција. За еден професионалец да работи во социјална заштита потребна е посветеност, толеранција и емпатија, чиста професионалност и информираност, а пред се знаење. Министер што не ги проверува информациите пред да ги каже во јавност а притоа ги навредува сите вработени во институцијата каде моментално тој е на чело е целосно неприфатливо.

Бараме извинување за нарушување на интегритетот на нашите вработени, како директори го цениме трудот на вработените и никакви политички игри не смеат да ја навредат нивната професионалност!

Човек што не ги почитува вработените, не може да води едно од најголемите министерства во државата!, се вели во нивната реакција.

Од МТСП, пак, порачаа дека овој „оркестриран напад на вчерашните објави за сторен криминал од страна на раководни лица во ЦСР“ нема да ги поколеба јавноста да ја дознае вистината за тоа како се исплаќала социјална помош и социјални пензии.

Овој атак има име и презиме а јавноста многу добро знае кое е тоа. После вчерашната прес-конференција на повидок излезе грубата партизација на Министерството од изминатите министри. Од вчера сме сведоци и на притисоци кон вработени и инспектори да не се доставуваат податоци за откриените злоупотреби.

Директорите на центрите за социјална работа, кои се поставени од претходните министри на СДСМ, откривањето на противправни исплати на социјална помош го престават како навреда кон вработените.

Во прес-конференцијата во ниеден момент не се потенцира кои се одговорни лица вмешани во овие злоупотреби, туку се посочуваат дека во ова се вклучени повеќе лица кои понатамошните постапки ќе ја утврдат одговорноста.

Почитувани директори на центрите за социјална работа, Доколку се докаже дека по откривањето на овој скандал направите макар еден прекин на социјална помош по основот кој го наведовме дали ќе ја преземете комплетната одговорност за злоупотреба на исплата на средства на лица кои не исполнувале законски услови со месеци или години назад?, велат од МТСП.

 

The post МТСП: Јавноста мора знае криминалите од директорите на СДСМ со исплаќањето на социјална помош appeared first on Република.

]]>

Откако вчера министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, обзнани дека 2.252 незаконски исплаќања биле направени на сметките на корисници на средства за гарантирана минимална помош, со што е направен милионски криминал во МТСП преку злоупотреба на системот за социјална заштита и незаконско и противправно исплаќање на овие средства, пристигнаа низа на реакции, прво од поранешната министерка Јованка Тренчевска, а денеска и од директорите на Центрите за социјална работа. https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-velkovski-otkri-milionski-kriminal-vo-mtsp-so-sotsijalnata-pomosh/
Навредите на еден министер кон сите вработени и повредата на достоинството на директорите е неприфатливо однесување за предводник кој треба да влева доверба и сигурност кај граѓаните! Како директори јавно го искажуваме своето незадоволство од непромислените изјави на техничкиот министер, Велковски на вчерашната прес-конференција. За еден професионалец да работи во социјална заштита потребна е посветеност, толеранција и емпатија, чиста професионалност и информираност, а пред се знаење. Министер што не ги проверува информациите пред да ги каже во јавност а притоа ги навредува сите вработени во институцијата каде моментално тој е на чело е целосно неприфатливо. Бараме извинување за нарушување на интегритетот на нашите вработени, како директори го цениме трудот на вработените и никакви политички игри не смеат да ја навредат нивната професионалност! Човек што не ги почитува вработените, не може да води едно од најголемите министерства во државата!, се вели во нивната реакција.
Од МТСП, пак, порачаа дека овој „оркестриран напад на вчерашните објави за сторен криминал од страна на раководни лица во ЦСР“ нема да ги поколеба јавноста да ја дознае вистината за тоа како се исплаќала социјална помош и социјални пензии.
Овој атак има име и презиме а јавноста многу добро знае кое е тоа. После вчерашната прес-конференција на повидок излезе грубата партизација на Министерството од изминатите министри. Од вчера сме сведоци и на притисоци кон вработени и инспектори да не се доставуваат податоци за откриените злоупотреби. Директорите на центрите за социјална работа, кои се поставени од претходните министри на СДСМ, откривањето на противправни исплати на социјална помош го престават како навреда кон вработените. Во прес-конференцијата во ниеден момент не се потенцира кои се одговорни лица вмешани во овие злоупотреби, туку се посочуваат дека во ова се вклучени повеќе лица кои понатамошните постапки ќе ја утврдат одговорноста. Почитувани директори на центрите за социјална работа, Доколку се докаже дека по откривањето на овој скандал направите макар еден прекин на социјална помош по основот кој го наведовме дали ќе ја преземете комплетната одговорност за злоупотреба на исплата на средства на лица кои не исполнувале законски услови со месеци или години назад?, велат од МТСП.
 

The post МТСП: Јавноста мора знае криминалите од директорите на СДСМ со исплаќањето на социјална помош appeared first on Република.

]]>
Германија воведува драстични промени: Тие кои ќе одбијат да работат нема да добиват социјална помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-voveduva-drastichni-promeni-tie-koi-ke-odbijat-da-rabotat-nema-da-dobivat-sotsijalna-pomosh/ Sun, 31 Dec 2023 13:31:35 +0000 https://republika.mk/?p=728381

Германскиот министер за труд, Хубертус Хајл, порача дека оние кои ќе одбијат работа во Германија повеќе нема да добиваат помош во форма на граѓански надомест. Според неговиот план, на сите оние кои целосно ќе одбијат да работат ќе им бидат укинати бенефициите до два месеци.

Сепак, државата ќе продолжи да им го плаќа станот за да го спречи бездомништвото, информира „Феникс Магазин“.

Планираната уредба за е насочена кон оние кои неразумно и произволно одбиваат да прифатат разумна работа што им е понудена. Регулативата ќе биде во согласност со пресудата на Сојузниот уставен суд за финансиски санкции против граѓаните“, се наведува во соопштението од Министерството.

Се укинува и граѓанскиот додаток, но останува основната идеја за подобро вклучување на луѓето на пазарот на труд преку обука.

Надоместокот за обука и додатокот за дополнителна обука ќе продолжи да се плаќа на учесниците на курсевите за стручна обука. Секој кој почнал подобна мерка ќе го добие бонусот додека не ја напушти или заврши мерката.

Германската федерална влада сака да го одобри ова ново правило до 2 јануари, а потоа треба да се примени што е можно поскоро.

The post Германија воведува драстични промени: Тие кои ќе одбијат да работат нема да добиват социјална помош appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за труд, Хубертус Хајл, порача дека оние кои ќе одбијат работа во Германија повеќе нема да добиваат помош во форма на граѓански надомест. Според неговиот план, на сите оние кои целосно ќе одбијат да работат ќе им бидат укинати бенефициите до два месеци. Сепак, државата ќе продолжи да им го плаќа станот за да го спречи бездомништвото, информира „Феникс Магазин“.
Планираната уредба за е насочена кон оние кои неразумно и произволно одбиваат да прифатат разумна работа што им е понудена. Регулативата ќе биде во согласност со пресудата на Сојузниот уставен суд за финансиски санкции против граѓаните“, се наведува во соопштението од Министерството.
Се укинува и граѓанскиот додаток, но останува основната идеја за подобро вклучување на луѓето на пазарот на труд преку обука. Надоместокот за обука и додатокот за дополнителна обука ќе продолжи да се плаќа на учесниците на курсевите за стручна обука. Секој кој почнал подобна мерка ќе го добие бонусот додека не ја напушти или заврши мерката. Германската федерална влада сака да го одобри ова ново правило до 2 јануари, а потоа треба да се примени што е можно поскоро.

The post Германија воведува драстични промени: Тие кои ќе одбијат да работат нема да добиват социјална помош appeared first on Република.

]]>
Нов социјален пакет за помош на социјално загрозените граѓани во Гази Баба https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nov-sotsijalen-paket-za-pomosh-na-sotsijalno-zagrozenite-gragani-vo-gazi-baba/ Fri, 10 Feb 2023 09:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=607269

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски го објави новиот социјален пакет за помош на социјално загрозените граѓани. Општина Гази Баба ќе исплаќа паричната помош за социјално загрозени граѓани погодени од енергетската и финансиската криза како месечен надомест за месеците јануари и февруари 2023 година.

Во социјалниот пакет се опфатени две категории и тоа:
Паричната помош за месечна субвенција за електрична енергија за социјално загрозени граѓани, жители на Општина Гази Баба. За оваа парична помош може да поднесат барање членови на домаќинства кои се корисници на парична помош од социјална заштита (гарантирана минимална помош).
Месечна парична помош за корисници на пензија до најмногу 15.000,00 денари, жители на Општина Гази Баба. За оваа парична помош барање може да поднесат сите приматели на ниски пензии во висина до најмногу 15.000 денари, жители на Општина Гази Баба.
Јавниот повик е во тек и ги повикувам граѓаните да аплицираат, објави Стефковски.

Ова е втор социјален пакет кој го реализира општина Гази Баба за помош на своите граѓани.

Јавниот повик погледнете го тука  

The post Нов социјален пакет за помош на социјално загрозените граѓани во Гази Баба appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски го објави новиот социјален пакет за помош на социјално загрозените граѓани. Општина Гази Баба ќе исплаќа паричната помош за социјално загрозени граѓани погодени од енергетската и финансиската криза како месечен надомест за месеците јануари и февруари 2023 година.
Во социјалниот пакет се опфатени две категории и тоа: Паричната помош за месечна субвенција за електрична енергија за социјално загрозени граѓани, жители на Општина Гази Баба. За оваа парична помош може да поднесат барање членови на домаќинства кои се корисници на парична помош од социјална заштита (гарантирана минимална помош). Месечна парична помош за корисници на пензија до најмногу 15.000,00 денари, жители на Општина Гази Баба. За оваа парична помош барање може да поднесат сите приматели на ниски пензии во висина до најмногу 15.000 денари, жители на Општина Гази Баба. Јавниот повик е во тек и ги повикувам граѓаните да аплицираат, објави Стефковски.
Ова е втор социјален пакет кој го реализира општина Гази Баба за помош на своите граѓани. Јавниот повик погледнете го тука  

The post Нов социјален пакет за помош на социјално загрозените граѓани во Гази Баба appeared first on Република.

]]>
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-tek-e-isplatata-na-pravata-od-socijalna-i-detska-zashtita/ Mon, 04 Jul 2022 07:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=523410

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2022 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 јули 2022 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

·              04.07.2022– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ

·              05.07.2022– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

The post Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2022 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 јули 2022 година. Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа: ·              04.07.2022– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ ·              05.07.2022– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

The post Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита appeared first on Република.

]]>
МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mtsp-vo-tek-e-isplatata-na-pravata-od-socijalna-i-detska-zashtita-4/ Thu, 03 Feb 2022 10:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=453499

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2022 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 3 февруари 2022 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

-  03.02.2022– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ

-  04.02.2022– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

 

The post МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2022 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 3 февруари 2022 година. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа: -  03.02.2022– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ -  04.02.2022– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.  

The post МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита appeared first on Република.

]]>