социјалистичка партија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/socijalistichka-partija/ За подобро да се разбереме Thu, 30 May 2024 13:14:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png социјалистичка партија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/socijalistichka-partija/ 32 32 Научен собир во Социјалистичката партија: АСНОМ и македонската државност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nauchen-sobir-vo-sotsijalistichkata-partija-asnom-i-makedonskata-drzhavnost/ Thu, 30 May 2024 13:14:09 +0000 https://republika.mk/?p=783234

Социјалистичката партија повикува на пристуство на научниот собир „АСНОМ и македонската државност.

Собирот ќе се одржи во седиштето на партијата во среда на петти јуни од 12 часот.

The post Научен собир во Социјалистичката партија: АСНОМ и македонската државност appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија повикува на пристуство на научниот собир „АСНОМ и македонската државност. Собирот ќе се одржи во седиштето на партијата во среда на петти јуни од 12 часот.

The post Научен собир во Социјалистичката партија: АСНОМ и македонската државност appeared first on Република.

]]>
Социјалистичка партија: Времето на ДУИ поминува, останаа криминалите и корупцијата што ги направија https://arhiva3.republika.mk/vesti/sotsijalistichka-partija-vremeto-na-dui-pominuva-ostanaa-kriminalite-i-koruptsijata-shto-gi-napravija/ Tue, 09 Apr 2024 13:50:29 +0000 https://republika.mk/?p=764313

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека изјавата на кандидатот за претседател Бујар Османи дека целта на Европскиот фронт е Рамковниот договор да го претвори во политичко движење е смешна илузија.

Османи заборава дека после 23 години и внесување на одредбите од Рамковниот во Уставот на Македонија овој договор е завршен и исполнет.

Повторното отварање на потрошениот рамковен значи воено поттикнување за повторно да се преговара и да се измени карактерот на државата според мерила и интересите на ДУИ и Османи.

Времето на ДУИ поминува, останаа криминалите и корупцијата што ги направија, што ги прави некредибилна партија и несоодветно е нивното залагање за власт и за политички манипулации во државата. Османи се залага за губење на македонскиот идентитет и за прифаќање на бугарските империјални барања против македонизмот.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека ваквите идеи на ДУИ поддржани од СДС се уште еден начин за измена на унитарниот карактер на државата и градење на систем во кој, како до сега, малцинството ќе управува со мнозинството, додека апатридниот СДС има обврска за сериозно објаснување пред македонскиот народ за антимакедонските политики.

Тоа македонскиот народ нема да го прифати и нема да го дозволи, а на изборите ќе се потврдат македонските интереси и европските стремежи.

The post Социјалистичка партија: Времето на ДУИ поминува, останаа криминалите и корупцијата што ги направија appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека изјавата на кандидатот за претседател Бујар Османи дека целта на Европскиот фронт е Рамковниот договор да го претвори во политичко движење е смешна илузија. Османи заборава дека после 23 години и внесување на одредбите од Рамковниот во Уставот на Македонија овој договор е завршен и исполнет. Повторното отварање на потрошениот рамковен значи воено поттикнување за повторно да се преговара и да се измени карактерот на државата според мерила и интересите на ДУИ и Османи.
Времето на ДУИ поминува, останаа криминалите и корупцијата што ги направија, што ги прави некредибилна партија и несоодветно е нивното залагање за власт и за политички манипулации во државата. Османи се залага за губење на македонскиот идентитет и за прифаќање на бугарските империјални барања против македонизмот.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека ваквите идеи на ДУИ поддржани од СДС се уште еден начин за измена на унитарниот карактер на државата и градење на систем во кој, како до сега, малцинството ќе управува со мнозинството, додека апатридниот СДС има обврска за сериозно објаснување пред македонскиот народ за антимакедонските политики. Тоа македонскиот народ нема да го прифати и нема да го дозволи, а на изборите ќе се потврдат македонските интереси и европските стремежи.

The post Социјалистичка партија: Времето на ДУИ поминува, останаа криминалите и корупцијата што ги направија appeared first on Република.

]]>
СП ја поздравува искрената намера на САД и на Ескобар да помогнат за зачленување во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sp-ja-pozdravuva-iskrenata-namera-na-sad-i-na-eskobar-da-pomognat-za-zachlenuvane-vo-eu/ Fri, 25 Aug 2023 16:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=675844

Социјалистичка Партија на Македонија проследувајќи ги средбите на Заменикот помошник на државениот секретар на САД укажува на спротивставеноста на ставовите за уставни измени кај неговите соговорници, стои во соопштението на СПМ.

Истовремено како крајно штетна ја оценуваме изјавата на Ковачевски дека мора, по секоја цена да се прифати штетниот договор.

Со искажаниот став дека наводната дебата за Уставни измени ќе трае „онолку колку што треба“ тој ја потенцира нескриената намера на власта да ги искористи сите методи, надвор од Деловникот на Собранието, да врши притисок врз опозициските пратеници во намера да се обезбеди изгласување на уставните измени.

На Ковачевски му укажуваме дека листата на пријавени говорници е исцрпена, а со тоа и дебатата е завршена, но Деловникот е прекршен и погазен, за што се сноси одговорност и политичка и кривична.

Истовремено непримерено изјавувајќи ги овие ставови на заедничката конференција за медиумите не значи дека високиот гостин се согласува со тоа, односно очигледна е манипулацијата на Ковачевски и во оваа пригода, како и до сега.

Социјалистичката партија на Македонија ја поздравува искрената намера на САД и личните заложби на г-дин Ескобар да и помогнат на Република Македонија на нејзиниот пат кон зачленување во ЕУ. Како заеднички партнери убедени сме во демократското и логично размислување дека до таа цел може да се дојде само преку брзи предвремени парламентарни избори. САД е изразено демократска држава и оттаму без сомнение сме убедени во нивното разбирање на внатрешната состојба и расположението во јавноста, подеднакво во нивното поттикнување граѓаните да одлучуваат, а најдемократски граѓаните одлучуваат на избори.

Социјалистичката партија на Македонија и укажува на македонската јавност дека единственото решение од оваа политичка, економска и уставна криза се исклучиво предвремените парламентарни избори, на кои заедно со Македонскиот народ ќе извојуваме уште една победа и ќе ја сочуваме македонската сувереност.

The post СП ја поздравува искрената намера на САД и на Ескобар да помогнат за зачленување во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Социјалистичка Партија на Македонија проследувајќи ги средбите на Заменикот помошник на државениот секретар на САД укажува на спротивставеноста на ставовите за уставни измени кај неговите соговорници, стои во соопштението на СПМ.
Истовремено како крајно штетна ја оценуваме изјавата на Ковачевски дека мора, по секоја цена да се прифати штетниот договор. Со искажаниот став дека наводната дебата за Уставни измени ќе трае „онолку колку што треба“ тој ја потенцира нескриената намера на власта да ги искористи сите методи, надвор од Деловникот на Собранието, да врши притисок врз опозициските пратеници во намера да се обезбеди изгласување на уставните измени. На Ковачевски му укажуваме дека листата на пријавени говорници е исцрпена, а со тоа и дебатата е завршена, но Деловникот е прекршен и погазен, за што се сноси одговорност и политичка и кривична. Истовремено непримерено изјавувајќи ги овие ставови на заедничката конференција за медиумите не значи дека високиот гостин се согласува со тоа, односно очигледна е манипулацијата на Ковачевски и во оваа пригода, како и до сега. Социјалистичката партија на Македонија ја поздравува искрената намера на САД и личните заложби на г-дин Ескобар да и помогнат на Република Македонија на нејзиниот пат кон зачленување во ЕУ. Како заеднички партнери убедени сме во демократското и логично размислување дека до таа цел може да се дојде само преку брзи предвремени парламентарни избори. САД е изразено демократска држава и оттаму без сомнение сме убедени во нивното разбирање на внатрешната состојба и расположението во јавноста, подеднакво во нивното поттикнување граѓаните да одлучуваат, а најдемократски граѓаните одлучуваат на избори. Социјалистичката партија на Македонија и укажува на македонската јавност дека единственото решение од оваа политичка, економска и уставна криза се исклучиво предвремените парламентарни избори, на кои заедно со Македонскиот народ ќе извојуваме уште една победа и ќе ја сочуваме македонската сувереност.

The post СП ја поздравува искрената намера на САД и на Ескобар да помогнат за зачленување во ЕУ appeared first on Република.

]]>
СПМ: Не постојат притисоци и закани на кои опозициските пратеници не се подготвени да им се спротивстават https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spm-ne-postojat-pritisotsi-i-zakani-na-koi-opozitsiskite-pratenitsi-ne-se-podgotveni-da-im-se-sprotivstavat/ Wed, 23 Aug 2023 09:47:29 +0000 https://republika.mk/?p=674879

Социјалистичката партија на Македонија реагира на изјавите на премиерот Ковачевски и неговото толкување на начинот на спроведување на уставините измени сметајќи го за крајно неодговорно, како и неговото поминање за демократијата, па макар тоа се однесува и за Македонија која секојдневно сè повеќе се претвора во авторитарен режим на една апатридна и самонабедена политичка елита.

Ковачевски е свесен дека во Собранието тој и останатите од власта доживеаа целосен фијаско и во надворешната политика од суштинско значење за опставок на Владата, со што сите нивни очекувања и нереални надежи пропаднаа во вода.

Социјалистичката партија на Македонија изразува загриженост за оценката на премиерот за собранискиот процес на уставните измени пред зачленувањето во НАТО. Кршењето на основните демократски права Ковачевски си зема за слобода да го оценува како успешен процес, како и промената на државното име со непочитување на референдумската волја на граѓаните, како и со жестокиот притисок врз опозициските пратеници со примена на насилство, закани, уцени, подмитувања и изигрување на законите. Ова е срамна изјава на човек кој не е достоен за местото на кое се наоѓа.

Оттаму, тој со изјавата дека процесот за уставни измени само што започнал, веројатно мисли и најавува повторување на чинот на непочитување на народната волја кој исклучува секакво право на слобода на мислењето и делувањето и што може да се цени како негова отворена закана кон опозициските пратеници.

Социјалистичката партија на Македонија цени дека овие неодмерени, несериозни и непромеислени изјави за рушење на ионака многу малку постоечката македонската демократија преставуваат сериозна опасност за крајно политичко дестабилизирање на државата и дополнителна подделба во општеството, но тие претставуваат и реална основа за вклучување за надлежните институции од самиот Ковачевски да добијат одговор што точно тој мислел.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека не постојат притисоци и закани на кои опозициските паретници не се подготвени да им се спротивстават. Нивната цврста поврзаност со македонскиот народ и поддршката која секојдневно ја добиваат се причина повеќе за политичко војување сè до рушење на ова тиранска, авторитарна и ненародна власт на СДС и ДУИ, велат од Социјалистичката партија на Македонија.

 

The post СПМ: Не постојат притисоци и закани на кои опозициските пратеници не се подготвени да им се спротивстават appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија реагира на изјавите на премиерот Ковачевски и неговото толкување на начинот на спроведување на уставините измени сметајќи го за крајно неодговорно, како и неговото поминање за демократијата, па макар тоа се однесува и за Македонија која секојдневно сè повеќе се претвора во авторитарен режим на една апатридна и самонабедена политичка елита. Ковачевски е свесен дека во Собранието тој и останатите од власта доживеаа целосен фијаско и во надворешната политика од суштинско значење за опставок на Владата, со што сите нивни очекувања и нереални надежи пропаднаа во вода. Социјалистичката партија на Македонија изразува загриженост за оценката на премиерот за собранискиот процес на уставните измени пред зачленувањето во НАТО. Кршењето на основните демократски права Ковачевски си зема за слобода да го оценува како успешен процес, како и промената на државното име со непочитување на референдумската волја на граѓаните, како и со жестокиот притисок врз опозициските пратеници со примена на насилство, закани, уцени, подмитувања и изигрување на законите. Ова е срамна изјава на човек кој не е достоен за местото на кое се наоѓа. Оттаму, тој со изјавата дека процесот за уставни измени само што започнал, веројатно мисли и најавува повторување на чинот на непочитување на народната волја кој исклучува секакво право на слобода на мислењето и делувањето и што може да се цени како негова отворена закана кон опозициските пратеници. Социјалистичката партија на Македонија цени дека овие неодмерени, несериозни и непромеислени изјави за рушење на ионака многу малку постоечката македонската демократија преставуваат сериозна опасност за крајно политичко дестабилизирање на државата и дополнителна подделба во општеството, но тие претставуваат и реална основа за вклучување за надлежните институции од самиот Ковачевски да добијат одговор што точно тој мислел. Социјалистичката партија на Македонија укажува дека не постојат притисоци и закани на кои опозициските паретници не се подготвени да им се спротивстават. Нивната цврста поврзаност со македонскиот народ и поддршката која секојдневно ја добиваат се причина повеќе за политичко војување сè до рушење на ова тиранска, авторитарна и ненародна власт на СДС и ДУИ, велат од Социјалистичката партија на Македонија.  

The post СПМ: Не постојат притисоци и закани на кои опозициските пратеници не се подготвени да им се спротивстават appeared first on Република.

]]>
Ниското ниво на однесување на преставниците на партиите од власта ја девалвира државата и нејзиниот углед https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/niskoto-nivo-na-odnesuvane-na-prestavnitsite-na-partiite-od-vlasta-ja-devalvira-drzhavata-i-nejziniot-ugled/ Wed, 14 Jun 2023 19:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=651483

Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) порачува дека воопшто не е изненадена од лицитирањето кое го спроведуваат СДС и ДУИ нудејќи разни политички функции за опозицијата само за да се спроведе нивната идеја за измени на Уставот.

Отсуството на морал кај премиерот кој нуди фунции и места во власта се потврдува заедно со лагите дека опозицијата е убедена да прифати уставни измени. Тој не се изјаснува за предлозите од опозицијата и со тоа потврдува дека намерите не му се чесни ниту пак реално остварливи.

 

Ковачевски никогаш непосредно не бил избран од граѓаните, нема мандат и легитимитет но сака да се пазари и со несвојствен начин за одговорност лажно нуди места кои се добиваат само и исклучиво во изборниот процес.

 

Иако нема никаква основа Бујар Османи од ДУИ, заедно со Артан Груби нудат премиерско место за лидерот од опозицијата само да ја прифати стапицата наречена бугаризација на Македонија.

 

Маричиќ, од друга страна, безобразно најавува притисок и пазарење со пратениците за да гласаат како што сака власта. Пендаровски останува во зоната дека сите се во право и никој не е во право, ама не е реално и затоа е недораснат за својата функција, реагираат од СПМ.

Од партијата додаваат дека Алијансата на Албаницте се вмешува во лицитацијата иако нема мандат за ниту една понуда, но тие ја потврдуваат корупцијата која владее на оваа срамна агенда.

Оттаму, Социјалистичката партија на Македонија оценува дека ниското ниво на однесување на преставниците на партиите од власта ја девалвира државата Македонија и нејзиниот углед со што и нанесуваат долгорочна штета за што треба да сносат одговарност.

 

Затоа, само со итни избори овие матни корумпирани ликови ќе ја напуштат политичката сцена за да бидат избрани национално определени лидери кои знаат да ги бранат интересите на државата и граѓаните, се вели во реакцијата на СПМ.

The post Ниското ниво на однесување на преставниците на партиите од власта ја девалвира државата и нејзиниот углед appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) порачува дека воопшто не е изненадена од лицитирањето кое го спроведуваат СДС и ДУИ нудејќи разни политички функции за опозицијата само за да се спроведе нивната идеја за измени на Уставот.
Отсуството на морал кај премиерот кој нуди фунции и места во власта се потврдува заедно со лагите дека опозицијата е убедена да прифати уставни измени. Тој не се изјаснува за предлозите од опозицијата и со тоа потврдува дека намерите не му се чесни ниту пак реално остварливи.   Ковачевски никогаш непосредно не бил избран од граѓаните, нема мандат и легитимитет но сака да се пазари и со несвојствен начин за одговорност лажно нуди места кои се добиваат само и исклучиво во изборниот процес.   Иако нема никаква основа Бујар Османи од ДУИ, заедно со Артан Груби нудат премиерско место за лидерот од опозицијата само да ја прифати стапицата наречена бугаризација на Македонија.   Маричиќ, од друга страна, безобразно најавува притисок и пазарење со пратениците за да гласаат како што сака власта. Пендаровски останува во зоната дека сите се во право и никој не е во право, ама не е реално и затоа е недораснат за својата функција, реагираат од СПМ.
Од партијата додаваат дека Алијансата на Албаницте се вмешува во лицитацијата иако нема мандат за ниту една понуда, но тие ја потврдуваат корупцијата која владее на оваа срамна агенда.
Оттаму, Социјалистичката партија на Македонија оценува дека ниското ниво на однесување на преставниците на партиите од власта ја девалвира државата Македонија и нејзиниот углед со што и нанесуваат долгорочна штета за што треба да сносат одговарност.   Затоа, само со итни избори овие матни корумпирани ликови ќе ја напуштат политичката сцена за да бидат избрани национално определени лидери кои знаат да ги бранат интересите на државата и граѓаните, се вели во реакцијата на СПМ.

The post Ниското ниво на однесување на преставниците на партиите од власта ја девалвира државата и нејзиниот углед appeared first on Република.

]]>
Социјалистичка партија: Како потврден непочитувач на својот народ и држава Ковачевски ги упростува нештата за нему да му станат појасни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sotsijalistichka-partija-kako-potvrden-nepochituvach-na-svojot-narod-i-drzhava-kovachevski-gi-uprostuva-neshtata-za-nemu-da-mu-stanat-pojasni/ Wed, 19 Apr 2023 14:15:18 +0000 https://republika.mk/?p=632158

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека со „трето одделенската изјава премиерот Димитар Ковачевски открива дека не ги разбира ставовите на опозицијата, ги омаловажува и понижува“.

Социјалистичката партија на Македонија и Коалицијата „Обнова на Македонија" имаат цврсти државнички ставови што ги застапуваат и бранат на кои тој не им е дораснат.

 

Како потврден непочитувач на својот народ и држава Ковачевски ги упростува нештата за нему да му станат појасни, а со тоа покажува дека е несоодветен за позицијата на која се наоѓа. Тој свесно го уништува достоинството и гордоста на Македонскиот народ и се гордее со тоа што им слугува на ДУИ и на бугарските империјални барања.

 

Манипулирајќи со релните состојби и лажејќи го народот за факти, Ковачевски упорно тврди дека се водат преговори со ЕУ и само што не сме влегле во сојузот.

 

Тој бара опозицијата да учествува во процес за уставни измени кој е нелегитимно започнат и за кој има надлежни органи утврдени со Уставот и законите. Процес кој уште минатата година со игнорирањето на опозициските ставови и барања, но и со нејзиното лишување од елементарни информации, е осуден на неуспех, за што исклучива вина има власта и самиот Ковачевски.

 

Тој и сега не го почитува уставниот поредок и работи против него. Безочно лаже дека се е легитимно, а всушност ниту тој ниту власта имаат мандат и легитимитет да вршат промени на Уставот и на изборниот закон.

 

Со ваквиот однос нелегитимниот премиер го руши системот на државата и ги подјадува темелите на уставното одлучување, за што тој мора да одговара. Немоќта да ја убеди опозицијата да гласа за неговите бугарофилски ветувања го прави смешен и со насилничко однесување за промена на уставниот поредок.

 

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека оваа ненародна корумпирана власт и Ковачевски мора што поскоро да си одат за да се изберат лојални граѓани и патриоти кои ќе се грижат и ќе ја браната државата Македонија и нејзините интереси, се наведува во реакцијата на партијата.

The post Социјалистичка партија: Како потврден непочитувач на својот народ и држава Ковачевски ги упростува нештата за нему да му станат појасни appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека со „трето одделенската изјава премиерот Димитар Ковачевски открива дека не ги разбира ставовите на опозицијата, ги омаловажува и понижува“.
Социјалистичката партија на Македонија и Коалицијата „Обнова на Македонија" имаат цврсти државнички ставови што ги застапуваат и бранат на кои тој не им е дораснат.   Како потврден непочитувач на својот народ и држава Ковачевски ги упростува нештата за нему да му станат појасни, а со тоа покажува дека е несоодветен за позицијата на која се наоѓа. Тој свесно го уништува достоинството и гордоста на Македонскиот народ и се гордее со тоа што им слугува на ДУИ и на бугарските империјални барања.   Манипулирајќи со релните состојби и лажејќи го народот за факти, Ковачевски упорно тврди дека се водат преговори со ЕУ и само што не сме влегле во сојузот.   Тој бара опозицијата да учествува во процес за уставни измени кој е нелегитимно започнат и за кој има надлежни органи утврдени со Уставот и законите. Процес кој уште минатата година со игнорирањето на опозициските ставови и барања, но и со нејзиното лишување од елементарни информации, е осуден на неуспех, за што исклучива вина има власта и самиот Ковачевски.   Тој и сега не го почитува уставниот поредок и работи против него. Безочно лаже дека се е легитимно, а всушност ниту тој ниту власта имаат мандат и легитимитет да вршат промени на Уставот и на изборниот закон.   Со ваквиот однос нелегитимниот премиер го руши системот на државата и ги подјадува темелите на уставното одлучување, за што тој мора да одговара. Немоќта да ја убеди опозицијата да гласа за неговите бугарофилски ветувања го прави смешен и со насилничко однесување за промена на уставниот поредок.   Социјалистичката партија на Македонија укажува дека оваа ненародна корумпирана власт и Ковачевски мора што поскоро да си одат за да се изберат лојални граѓани и патриоти кои ќе се грижат и ќе ја браната државата Македонија и нејзините интереси, се наведува во реакцијата на партијата.

The post Социјалистичка партија: Како потврден непочитувач на својот народ и држава Ковачевски ги упростува нештата за нему да му станат појасни appeared first on Република.

]]>
СПМ: Инсистирањето од власта за уставни измени e неприфатливо за пратениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spm-insistiraneto-od-vlasta-za-ustavni-izmeni-e-neprifatlivo-za-pratenitsite/ Sat, 11 Mar 2023 14:22:57 +0000 https://republika.mk/?p=618430

Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) ја проследи дискусијата на заменик петседателот на владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во македонското Собрание, по што реагира дека зачудува што на расправа за Извештајот од Европската комисија за напредокот на земјата во 2022 година, Маричиќ настојува да ја прикаже власта како успешна во евроинтеграциските процеси, иако фактите не го потврдуваат тоа, ниту тој има противаргументи и како што се покажа уште помалку и капацитет.

СПМ оценува дека Извештајот е најнеповолен во однос на другите години со оглед дека државата Македонија е оценета со заостанување во бројни области и не се движи напред со остварените резултати па оттаму за небулозни може да се сметаат зборовите на заменикот премиер.

 

Не е прв пат Маричиќ со неразбирлив арогантен однос кон пратениците бара тие да се однесуваат како што тој мисли и да ги поддржат сите одлуки и политики што ги предлага власта иако некои се спротивни на интересите на Македонија.

 

Маричиќ несоодветно, грубо и глупаво го прекршува Деловникот на Собранието навредувајќи ги пратениците и барајќи од нив како да се однесуваат и да не го критикуваат неговото негативно работење и неуспесите на власта.

 

Инсистирањето од власта за уставни измени што таа ги прифатила под бугарско влијание е неприфатливо за пратениците на кои насилникот Маричиќ непромислено им се обраќа и бара тие да го сменат својот став.

 

Власта нема мандат да го менува Уставот и оттаму се насилничките однесувања, со закани и уцени сака да ја оствари задачата што ја превзела, а нема можности ниту способност за тоа. По кој знае кој пат, социјалдемократијата во вистинско светло, превртлива, лицемерна и насилничка го покажува своето лице.

 

Социјалистичката партија на Македонија повторува дека излез од вакви несоодветни однесувања е смена на власта преку избори со кои ќе се одберат лица кои се национално определени и кои знаат како да се борат за интересите на државата која ја претставуваат и да ги почитуваат народните избраници, се наведува во реакцијата на СПМ

The post СПМ: Инсистирањето од власта за уставни измени e неприфатливо за пратениците appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) ја проследи дискусијата на заменик петседателот на владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во македонското Собрание, по што реагира дека зачудува што на расправа за Извештајот од Европската комисија за напредокот на земјата во 2022 година, Маричиќ настојува да ја прикаже власта како успешна во евроинтеграциските процеси, иако фактите не го потврдуваат тоа, ниту тој има противаргументи и како што се покажа уште помалку и капацитет.
СПМ оценува дека Извештајот е најнеповолен во однос на другите години со оглед дека државата Македонија е оценета со заостанување во бројни области и не се движи напред со остварените резултати па оттаму за небулозни може да се сметаат зборовите на заменикот премиер.   Не е прв пат Маричиќ со неразбирлив арогантен однос кон пратениците бара тие да се однесуваат како што тој мисли и да ги поддржат сите одлуки и политики што ги предлага власта иако некои се спротивни на интересите на Македонија.   Маричиќ несоодветно, грубо и глупаво го прекршува Деловникот на Собранието навредувајќи ги пратениците и барајќи од нив како да се однесуваат и да не го критикуваат неговото негативно работење и неуспесите на власта.   Инсистирањето од власта за уставни измени што таа ги прифатила под бугарско влијание е неприфатливо за пратениците на кои насилникот Маричиќ непромислено им се обраќа и бара тие да го сменат својот став.   Власта нема мандат да го менува Уставот и оттаму се насилничките однесувања, со закани и уцени сака да ја оствари задачата што ја превзела, а нема можности ниту способност за тоа. По кој знае кој пат, социјалдемократијата во вистинско светло, превртлива, лицемерна и насилничка го покажува своето лице.   Социјалистичката партија на Македонија повторува дека излез од вакви несоодветни однесувања е смена на власта преку избори со кои ќе се одберат лица кои се национално определени и кои знаат како да се борат за интересите на државата која ја претставуваат и да ги почитуваат народните избраници, се наведува во реакцијата на СПМ

The post СПМ: Инсистирањето од власта за уставни измени e неприфатливо за пратениците appeared first on Република.

]]>
СПМ: Иницијативата за започнување на консултации за уставни измени во целост ја одбиваме, единствен излез се предвремени избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spm-initsijativata-za-zapochnuvane-na-konsultatsii-za-ustavni-izmeni-vo-tselost-ja-odbivame-edinstven-izlez-se-predvremeni-izbori/ Tue, 03 Jan 2023 21:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=593339

Социјалистичката партија на Македонија, иницијативата на министерот за надворешни работи за започнување на консултации за уставните измени со формализирање на замислениот процес со јавни дебати и со учество на експерти, ја оценува како крајно несериозна и неодговорна и истата во целост ја одбива.

-Социјалистичката партија на Македонија го повторува принципиелниот став дека ниту една политичка партија застапена со пратеници во Собранието на Република Македонија нема мандат за било какви уставни измени, особено не партиите од власта кои немаат ниту легитимитет во инсистирањето за уставните измени, стои во соопштението на СПМ.

Социјалистичката партија на Македонија јавно го повторува ставот, искажан на средбата на претседателите на политичките партии, дека единствен излез за длабоката политичка криза и сите останати кризни состојби е одржувањето на предвремени парламентарни избори.

-Тие би биле своевидено референдумско изјаснување на македонските граѓани во кој правец да се движи државата и прифаќање или одбивање на дополнителните условувања и остапки од наша страна дефинирани со уставните измени.
Само во случај на собраниски пратенички состав со полн мандат и политичка Влада со целосен легитимитет во демократски услови единствено би можеле да се вршат уставни измени или редефинирање на претходно лесно прифатените условувања, исклучиво во согласност со волјата на бирачите и изборните резултати. Решението не е ниту во формирањето широка влада затоа што тоа претставува бегање од одговорноста на власта и нејзино споделување со опозицијата која беше целосно исклучена од преговарачкиот процес и не консултирана со бугарскиот/францускиот предлог. Социјалистичката партија на Македонија воопшто не е заинтересирана за владините превземени отстапки кои ги смета за штетни по националните и државни интереси, дотолку повеќе тие се дополнителен аргумент за распуштање на Собранието на Република Македонија, формирање на техничка Влада и организирање на предвремени избори на 21-ви мај оваа година кои би значеле спас за Македонија од економското пропаѓање, политичко стабилизирање на државата и заштита на нејзините интереси, се додава во нивното соопштение.

The post СПМ: Иницијативата за започнување на консултации за уставни измени во целост ја одбиваме, единствен излез се предвремени избори appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија, иницијативата на министерот за надворешни работи за започнување на консултации за уставните измени со формализирање на замислениот процес со јавни дебати и со учество на експерти, ја оценува како крајно несериозна и неодговорна и истата во целост ја одбива. -Социјалистичката партија на Македонија го повторува принципиелниот став дека ниту една политичка партија застапена со пратеници во Собранието на Република Македонија нема мандат за било какви уставни измени, особено не партиите од власта кои немаат ниту легитимитет во инсистирањето за уставните измени, стои во соопштението на СПМ. Социјалистичката партија на Македонија јавно го повторува ставот, искажан на средбата на претседателите на политичките партии, дека единствен излез за длабоката политичка криза и сите останати кризни состојби е одржувањето на предвремени парламентарни избори. -Тие би биле своевидено референдумско изјаснување на македонските граѓани во кој правец да се движи државата и прифаќање или одбивање на дополнителните условувања и остапки од наша страна дефинирани со уставните измени. Само во случај на собраниски пратенички состав со полн мандат и политичка Влада со целосен легитимитет во демократски услови единствено би можеле да се вршат уставни измени или редефинирање на претходно лесно прифатените условувања, исклучиво во согласност со волјата на бирачите и изборните резултати. Решението не е ниту во формирањето широка влада затоа што тоа претставува бегање од одговорноста на власта и нејзино споделување со опозицијата која беше целосно исклучена од преговарачкиот процес и не консултирана со бугарскиот/францускиот предлог. Социјалистичката партија на Македонија воопшто не е заинтересирана за владините превземени отстапки кои ги смета за штетни по националните и државни интереси, дотолку повеќе тие се дополнителен аргумент за распуштање на Собранието на Република Македонија, формирање на техничка Влада и организирање на предвремени избори на 21-ви мај оваа година кои би значеле спас за Македонија од економското пропаѓање, политичко стабилизирање на државата и заштита на нејзините интереси, се додава во нивното соопштение.

The post СПМ: Иницијативата за започнување на консултации за уставни измени во целост ја одбиваме, единствен излез се предвремени избори appeared first on Република.

]]>
СПМ: СДСМ, ДУИ и Маричиќ допрва ќе се соочуваат со народниот отпор кој се омасовува и не запира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spm-sdsm-dui-i-marichikj-doprva-kje-se-soochuvaat-so-narodniot-otpor-koj-se-omasovuva-i-ne-zapira/ Sun, 24 Jul 2022 12:53:04 +0000 https://republika.mk/?p=532665

Социјалистичката партија на Македонија изјавата на вицепремиерот Маричиќ за отворениот пат на кој ,,само ќе ги спроведуваме обврските" ја оценува најмалку за несмасна и неодговорна. Едноставно зачудувачка е несериозноста на членовите на, по многу што, делегитимираната Влада.

Очигледно е дека Маричиќ ја потценува опозицијата, дотолку повеќе што воопшто не ги ни зема предвид нејзините ставови и барања, подеднакво и на граѓаните кои се на линија на заштита на државните интереси на Македонија.

Според Маричиќ следи дека патот кон ЕУ за него е отворен што не е точно. Изјавата е лажење на народот со оглед дека патот не само што не е отворен туку е значително условен. Може да се отвори процесот ако се прифатат бугарските неразумни барања што е непримерно за денешно време..

Условот за промена на македонскиот Устав и другите идентитетски прашања, кои тој ги нарекува „наши обврски“, се најсложени барања што и се поставуваат на Македонија.

Затоа што се бара таа да се самоуништи и да се обезличи заради ескалацијата на бугарската освојувачка политика и нејзиниот санстефански фашизоиден сон.

Опозицијата со право не го прифаќа срамниот ЕУ бугаризиран предлог и затоа бара промени со кои ќе се понесе одговорност од министрите кои како Маричиќ лажат и ја потценуваат опозицијата и интелигенцијата на народот.

Народната воља за Маричиќ, но и за сите во ненародната Влада, е непостоечка, тој ги навредува сите и пратениците и граѓаните кои масовно се противат токму на исполнувањето на тие „обврски“ кои се понижувачки за секого освен за него, СДС и ДУИ.

Социјалистичката партија на Македонија цени дека овие партии и самиот Маричиќ допрва ќе се соочуваат со народниот отпор кој се омасовува и не запира.

Македонските социјалисти заедно со народот ги осудуваат неумерените и навредливи изјави кои и нанесуваат штета на угледот на државата. Предавниците мора да си одат и да одговараат за велепредавство.

The post СПМ: СДСМ, ДУИ и Маричиќ допрва ќе се соочуваат со народниот отпор кој се омасовува и не запира appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија изјавата на вицепремиерот Маричиќ за отворениот пат на кој ,,само ќе ги спроведуваме обврските" ја оценува најмалку за несмасна и неодговорна. Едноставно зачудувачка е несериозноста на членовите на, по многу што, делегитимираната Влада.

Очигледно е дека Маричиќ ја потценува опозицијата, дотолку повеќе што воопшто не ги ни зема предвид нејзините ставови и барања, подеднакво и на граѓаните кои се на линија на заштита на државните интереси на Македонија.

Според Маричиќ следи дека патот кон ЕУ за него е отворен што не е точно. Изјавата е лажење на народот со оглед дека патот не само што не е отворен туку е значително условен. Може да се отвори процесот ако се прифатат бугарските неразумни барања што е непримерно за денешно време..

Условот за промена на македонскиот Устав и другите идентитетски прашања, кои тој ги нарекува „наши обврски“, се најсложени барања што и се поставуваат на Македонија.

Затоа што се бара таа да се самоуништи и да се обезличи заради ескалацијата на бугарската освојувачка политика и нејзиниот санстефански фашизоиден сон.

Опозицијата со право не го прифаќа срамниот ЕУ бугаризиран предлог и затоа бара промени со кои ќе се понесе одговорност од министрите кои како Маричиќ лажат и ја потценуваат опозицијата и интелигенцијата на народот.

Народната воља за Маричиќ, но и за сите во ненародната Влада, е непостоечка, тој ги навредува сите и пратениците и граѓаните кои масовно се противат токму на исполнувањето на тие „обврски“ кои се понижувачки за секого освен за него, СДС и ДУИ.

Социјалистичката партија на Македонија цени дека овие партии и самиот Маричиќ допрва ќе се соочуваат со народниот отпор кој се омасовува и не запира.

Македонските социјалисти заедно со народот ги осудуваат неумерените и навредливи изјави кои и нанесуваат штета на угледот на државата. Предавниците мора да си одат и да одговараат за велепредавство.

The post СПМ: СДСМ, ДУИ и Маричиќ допрва ќе се соочуваат со народниот отпор кој се омасовува и не запира appeared first on Република.

]]>