сочувство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sochuvstvo/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Nov 2024 07:43:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сочувство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sochuvstvo/ 32 32 Мицкоски со сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-sochuvstvo-do-semejstvata-na-zaginatite-vo-nesrekata-vo-novi-sad/ Sat, 02 Nov 2024 07:43:02 +0000 https://republika.mk/?p=833362

Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство до семејствата чии членови загинаа во вчерашната несреќа во Нови Сад.

Со длабока тага ја примив веста за трагичната несреќа во Нови Сад, која одзеде човечки животи и остави многу семејства во болка. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и со сите повредени. Од името на Владата и од мое лично име, упатувам најискрено сочувство до семејствата на настраданите. Нека им биде лесна земјата на оние кои ги загубија своите животи, а на повредените им посакувам брзо и целосно закрепнување. Во овие моменти на тага, стоиме заедно со нашите соседи и пријатели од Србија. Нека оваа трагедија не потсети на важноста од меѓусебна поддршка и солидарност, пишува Мицкоски на Фејсбук.

На железничката станица во Нови Сад вчера во 11:50 часот се урна бетонската настрешница на зградата на станицата. Под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани.

Во Србија денеска е прогласен Ден на жалост.

The post Мицкоски со сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

ЕУ изрази сочувство за смртта на иранскиот претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-izrazi-sochuvstvo-za-smrtta-na-iranskiot-pretsedatel/ Mon, 20 May 2024 08:03:37 +0000 https://republika.mk/?p=779992

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изрази сочувство во име на Европската унија по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа.

ЕУ го изразува своето искрено сочувство за смртта на претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Абдолахиан, како и другите членови на нивната делегација и екипажот во хеликоптерска несреќа, напиша Мишел на Х.

Нашите мисли се со семејствата, додаде тој.

Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан беа меѓу деветте лица кои загинаа кога нивниот хеликоптер се урна во планинскиот северозападен дел на Иран при лоши временски услови.

The post ЕУ изрази сочувство за смртта на иранскиот претседател appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изрази сочувство во име на Европската унија по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа. ЕУ го изразува своето искрено сочувство за смртта на претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Абдолахиан, како и другите членови на нивната делегација и екипажот во хеликоптерска несреќа, напиша Мишел на Х. Нашите мисли се со семејствата, додаде тој. Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан беа меѓу деветте лица кои загинаа кога нивниот хеликоптер се урна во планинскиот северозападен дел на Иран при лоши временски услови.

The post ЕУ изрази сочувство за смртта на иранскиот претседател appeared first on Република.

]]>
Летонија им забрани на граѓаните да оставаат цвеќе пред руската амбасада за жртвите во терористичкиот напад во Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/letonija-im-zabrani-na-graganite-da-ostavaat-tsveke-pred-ruskata-ambasada-za-zhrtvite-vo-teroristichkiot-napad-vo-moskva/ Sat, 23 Mar 2024 20:12:43 +0000 https://republika.mk/?p=757924

Во Летонија, властите во Рига им забранија на своите граѓани да полагаат цвеќе пред руската амбасада во спомен на жртвите од терористичкиот напад на „Крокус сити хол“ во Москва, нешто што се случува пред руските амбасади ширум светот.

Како резултат на таквата одлука на летонските власти, граѓаните коишто сакаа да изразат сочувство со невините жртви на крвавиот терористички напад, беа принудени да ги остават своите цвеќиња преку улицата, спроти амбасадата.

The post Летонија им забрани на граѓаните да оставаат цвеќе пред руската амбасада за жртвите во терористичкиот напад во Москва appeared first on Република.

]]>

Во Летонија, властите во Рига им забранија на своите граѓани да полагаат цвеќе пред руската амбасада во спомен на жртвите од терористичкиот напад на „Крокус сити хол“ во Москва, нешто што се случува пред руските амбасади ширум светот. Како резултат на таквата одлука на летонските власти, граѓаните коишто сакаа да изразат сочувство со невините жртви на крвавиот терористички напад, беа принудени да ги остават своите цвеќиња преку улицата, спроти амбасадата.

The post Летонија им забрани на граѓаните да оставаат цвеќе пред руската амбасада за жртвите во терористичкиот напад во Москва appeared first on Република.

]]>
Американската амбасада во Москва издаде соопштение во кое се вели дека е шокирана од нападот и изрази искрено сочувство до рускиот народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanskata-ambasada-vo-moskva-izdade-soopshtenie-vo-koe-se-veli-deka-e-shokirana-od-napadot-i-izrazi-iskreno-sochuvstvo-do-ruskiot-narod/ Fri, 22 Mar 2024 22:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=757652

Американската амбасада во Москва издаде соопштение во кое се вели дека е шокирана од нападот и изрази искрено сочувство до рускиот народ.

Таа, исто така, предупреди дека способноста на американската влада да им помогне на своите граѓани во Русија кои се далеку од амбасадата во Москва е „сериозно ограничена“. Тие рекоа дека руската влада ја ограничила можноста на американскиот персонал да патува.

Соединетите Американски Држави издадоа предупредување до своите граѓани пред две недели во кое се вели дека официјалните лица „ги следат извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови да таргетираат големи собири во Москва, вклучително и концерти“. Предупредувањето ги повика Американците да избегнуваат големи собири 48 часа. Тој временски период помина, но сличностите меѓу предупредувањето и денешните настани укажуваат на можна поврзаност. Амбасадата ги советува американските граѓани да ја избегнуваат областа каде што се случи нападот.

The post Американската амбасада во Москва издаде соопштение во кое се вели дека е шокирана од нападот и изрази искрено сочувство до рускиот народ appeared first on Република.

]]>

Американската амбасада во Москва издаде соопштение во кое се вели дека е шокирана од нападот и изрази искрено сочувство до рускиот народ. Таа, исто така, предупреди дека способноста на американската влада да им помогне на своите граѓани во Русија кои се далеку од амбасадата во Москва е „сериозно ограничена“. Тие рекоа дека руската влада ја ограничила можноста на американскиот персонал да патува. Соединетите Американски Држави издадоа предупредување до своите граѓани пред две недели во кое се вели дека официјалните лица „ги следат извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови да таргетираат големи собири во Москва, вклучително и концерти“. Предупредувањето ги повика Американците да избегнуваат големи собири 48 часа. Тој временски период помина, но сличностите меѓу предупредувањето и денешните настани укажуваат на можна поврзаност. Амбасадата ги советува американските граѓани да ја избегнуваат областа каде што се случи нападот.

The post Американската амбасада во Москва издаде соопштение во кое се вели дека е шокирана од нападот и изрази искрено сочувство до рускиот народ appeared first on Република.

]]>
Османи му изрази сочувство на Коен за жртвите и последиците, силно осудувајќи ги континуираните напади врз Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-mu-izrazi-sochuvstvo-na-koen-za-zhrtvite-i-posleditsite-silno-osuduvajki-gi-kontinuiranite-napadi-vrz-izrael/ Sun, 08 Oct 2023 10:13:04 +0000 https://republika.mk/?p=689175

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, на својот колега, министерот Ели Коен, му изрази сочувство за жртвите и последиците, притоа силно осудувајќи ги континуираните напади врз Израел, кои започнаа со вчерашниот напад од страна на Хамас. Османи го реафирмираше ставот на Министерството, за итно ослободување на сите цивили кои се држат во заложништво од страна на Хамас, како и итно прекинување на било какви насилни дејствија врз Израел.

Со оглед на влошената безбедносна состојба утрово, министерот за надворешни работи, Бујар Османи по итна постапка оформи кризен штаб во рамките на Министерството, чија задача е да ги следи, координира и систематизира сите постапки поврзани со нашите државјани кои се наоѓаат во и околу загрозените подрачја, и на кои им биде потребна помош или асистенција за нивно безбедно евакуирање.

Според информациите на Амбасадата на Република Македонија во Тел Авив, како и според јавувањата на СОС телефонот во Министерството за надворешни работи во Скопје, во Израел и на Западниот Брег постојано се зголемува бројот на наши државјани кои се пријавуваат дека се затечени во и околу загрозените подрачја. Со сите пријавени наши државјани се одржува постојан контакт од страна на Амбасадата, при што се преземаат подготвителни мерки за евентуална асистенција за нивната безбедна евакуација.

Покрај активностите на Амбасадата во Израел, утрово е испратена итна инструкција до дипломатско-конзуларната мрежа на Република Македонија во околните земји, за нивна посебна подготовка за евентуални активности и нивна 24 часовна достапност како за централата во Скопје, така и за евентуалната комуникација со граѓаните. Дипломатската мрежа е во контакт и со колегите од дипломатските претставништва на пријателските земји, кои исто така се во подготовка за организирана асистенција на затекнатите граѓани во и околу загрозените подрачја.

Уште еднаш ги повикуваме нашите граѓани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, како и да се пријават во амбасадата во Тел Авив или на дежурните телефони во централата во Скопје.

Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx   

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378

The post Османи му изрази сочувство на Коен за жртвите и последиците, силно осудувајќи ги континуираните напади врз Израел appeared first on Република.

Македонското МНР изразува сочувство за жртвите од невремето во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskoto-mnr-izrazuva-sochuvstvo-za-zhrtvite-od-nevremeto-vo-grtsija/ Wed, 06 Sep 2023 15:18:26 +0000 https://republika.mk/?p=679391

Министерството за надворешни работи (МНР) изразува сочувство до семејствата на жртвите од големото невреме што ја зафатија Грција.

Информираме дека дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел пружање асистенција на нашите граѓани кои се наоѓаат во загрозените подрачја.

Според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со 6 септември, еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел.

Апелираме, сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја и останат на сигурно се до евентуална евакуација, се наведува во соопштение на МНР.

На располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.

https://republika.mk/vesti/balkan/vtora-zhrtva-vo-nevremeto-vo-grtsija/

The post Македонското МНР изразува сочувство за жртвите од невремето во Грција appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи (МНР) изразува сочувство до семејствата на жртвите од големото невреме што ја зафатија Грција.
Информираме дека дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел пружање асистенција на нашите граѓани кои се наоѓаат во загрозените подрачја.   Според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со 6 септември, еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел.   Апелираме, сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја и останат на сигурно се до евентуална евакуација, се наведува во соопштение на МНР.
На располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410. https://republika.mk/vesti/balkan/vtora-zhrtva-vo-nevremeto-vo-grtsija/

The post Македонското МНР изразува сочувство за жртвите од невремето во Грција appeared first on Република.

]]>
Сочувство од светничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sochuvstvo-od-svetnichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalitsijata-vo-grad-skopje-za-zhrtvite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/ Mon, 06 Feb 2023 12:57:40 +0000 https://republika.mk/?p=605478

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија изразува длабоко жалење за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Изразуваме сочувство до семејствата на настраданите и до пријателските народи опфатени со смртоносниот земјотрес.

Скопје како град на солидарноста и како град кој ја има почувствувано жестината на последиците од оваа природна катастрофа треба да испрати помош во рамките на своите можности.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ќе поведе иницијатива за вонредна седница во Градот Скопје за доделување на еднократна помош за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.

The post Сочувство од светничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија изразува длабоко жалење за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Изразуваме сочувство до семејствата на настраданите и до пријателските народи опфатени со смртоносниот земјотрес. Скопје како град на солидарноста и како град кој ја има почувствувано жестината на последиците од оваа природна катастрофа треба да испрати помош во рамките на своите можности. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ќе поведе иницијатива за вонредна седница во Градот Скопје за доделување на еднократна помош за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.  

The post Сочувство од светничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>
Длабоко жалење и искрено сочувство до пријателскиот народ во Турција за жртвите во земјотрсот испрати ВМРО ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dlaboko-zhalene-i-iskreno-sochuvstvo-do-prijatelskiot-narod-vo-turtsija-za-zhrtvite-vo-zemjotrsot-isprati-vmro-dpmne/ Mon, 06 Feb 2023 09:16:52 +0000 https://republika.mk/?p=605269

ВМРО ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски изрази длабоко жалење и искрено сочувство до пријателскиот турски народ и до Република Турција за жртвите од страотниот земјотрес кој го погоди реонот на градот Газиантеп.

Нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите, во надеж дека надлежните ќе успеат да спасат што е можно повеќе луѓе во акциите на извлекување.
Тешко е да се изберат зборови за утеха во вакви трагични мигови, но сум уверен дека солидарноста и хуманоста на луѓето ќе помогнат што побрзо да се обединат и насочат сите капацитети кон обновување и санирање на погодените места од разорниот земјотрес, напиша Мицкоски на Фејсбук.

The post Длабоко жалење и искрено сочувство до пријателскиот народ во Турција за жртвите во земјотрсот испрати ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

ВМРО ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски изрази длабоко жалење и искрено сочувство до пријателскиот турски народ и до Република Турција за жртвите од страотниот земјотрес кој го погоди реонот на градот Газиантеп.
Нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите, во надеж дека надлежните ќе успеат да спасат што е можно повеќе луѓе во акциите на извлекување. Тешко е да се изберат зборови за утеха во вакви трагични мигови, но сум уверен дека солидарноста и хуманоста на луѓето ќе помогнат што побрзо да се обединат и насочат сите капацитети кон обновување и санирање на погодените места од разорниот земјотрес, напиша Мицкоски на Фејсбук.

The post Длабоко жалење и искрено сочувство до пријателскиот народ во Турција за жртвите во земјотрсот испрати ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Сочувство од Ковачевски и Пендаровски до турскиот народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sochuvstvo-od-kovachevski-i-pendarovski-do-turskiot-narod/ Sun, 13 Nov 2022 17:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=573340

Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски упатија сочуство до турскиот народ за загинатите во денешната експлозија во Истанбул.

Упатувам длабоко сочуство до братскиот турски народ, до семејствата на загинатите, до градоначалникот на Истанбул и до турскиот претседател по денешната експлозија во срцето на Истанбул, напиша Ковачевски на Твитер.

Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Тајип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по денешната стравична експлозија во Истанбул. На повредените им посакувам брзо закрепнување, порача Пендаровски.

The post Сочувство од Ковачевски и Пендаровски до турскиот народ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски упатија сочуство до турскиот народ за загинатите во денешната експлозија во Истанбул.
Упатувам длабоко сочуство до братскиот турски народ, до семејствата на загинатите, до градоначалникот на Истанбул и до турскиот претседател по денешната експлозија во срцето на Истанбул, напиша Ковачевски на Твитер.   Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Тајип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по денешната стравична експлозија во Истанбул. На повредените им посакувам брзо закрепнување, порача Пендаровски.

The post Сочувство од Ковачевски и Пендаровски до турскиот народ appeared first on Република.

]]>
Макрон со бела роза му изрази сочувство на британскиот народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makron-so-bela-roza-mu-izrazi-sochuvstvo-na-britanskiot-narod/ Fri, 09 Sep 2022 16:25:45 +0000 https://republika.mk/?p=549233

Претседателот на Франција, Емануел Макрон отиде во британската амбасада во Париз, каде се потпиша во книгата со сочувство, јави дописникот на МИА.

Претседателот Емануел Макрон, во таа прилика пред портретот на кралицата, постави бела роза, симбол на британскиот народ.

Во видеото објавено кон крајот на утрото, претседателот Емануел Макрон и оддаде почит на кралицата Елизабета Втора.

„Почитувани граѓани на Обединетото Кралство и Комонвелтот, многу сме тажни“, рече шефот на државата пред да зборува на англиски.

„Нејзината мудрост и симпоатии ни помогнаа да тргнеме по патот меѓу каприците на историјата во изминатите 70 години. Нејзината смрт ни остава чувство на празнина “, рече тој.

Емануел Макрон, исто така, ги пофали силните врски што ги имаше кралицата со Франција, преку нејзината љубов кон културата, нејзиното владеење на јазикот и „нејзината длабока наклонетост кон Франција“.

„Ниту една друга земја немаше привилегија да ја прима толку често како ние. Со неа, Франција и Обединетото Кралство не само што споделија срдечно разбирање, туку и лојално, искрено и топло партнерство“, нагласи францускиот претседател.

По претседателот на Републиката, премиерката Елизабет Борн исто така отиде во британската амбасада во Франција за да го потпише регистарот на сочувство.

The post Макрон со бела роза му изрази сочувство на британскиот народ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Франција, Емануел Макрон отиде во британската амбасада во Париз, каде се потпиша во книгата со сочувство, јави дописникот на МИА. Претседателот Емануел Макрон, во таа прилика пред портретот на кралицата, постави бела роза, симбол на британскиот народ. Во видеото објавено кон крајот на утрото, претседателот Емануел Макрон и оддаде почит на кралицата Елизабета Втора. „Почитувани граѓани на Обединетото Кралство и Комонвелтот, многу сме тажни“, рече шефот на државата пред да зборува на англиски. „Нејзината мудрост и симпоатии ни помогнаа да тргнеме по патот меѓу каприците на историјата во изминатите 70 години. Нејзината смрт ни остава чувство на празнина “, рече тој. Емануел Макрон, исто така, ги пофали силните врски што ги имаше кралицата со Франција, преку нејзината љубов кон културата, нејзиното владеење на јазикот и „нејзината длабока наклонетост кон Франција“. „Ниту една друга земја немаше привилегија да ја прима толку често како ние. Со неа, Франција и Обединетото Кралство не само што споделија срдечно разбирање, туку и лојално, искрено и топло партнерство“, нагласи францускиот претседател. По претседателот на Републиката, премиерката Елизабет Борн исто така отиде во британската амбасада во Франција за да го потпише регистарот на сочувство.

The post Макрон со бела роза му изрази сочувство на британскиот народ appeared first on Република.

]]>
Путин, Зеленски, Обама, папата Франциск, па и НАСА упатија сочувство по повод смртта на кралицата Елизабета Втора https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-zelenski-obama-papata-francisk-pa-i-nasa-upatija-sochuvstvo-po-povod-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora/ Thu, 08 Sep 2022 20:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=548860

Папата Франциск порача дека е длабоко погоден поради смртта на кралицата Елизабета Втора. Тој и оддаде почит на нејзината „неуморна служба за доброто на Британија и Комонвелтот“.

Кралицата се сретна со папата Франциск во Ватикан во април 2014 година и му даде корпа со храна полна со локални деликатеси и шише виски Балморал. За време на нејзиното долго владеење, кралицата се сретна со пет папи.

Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел и оддадоа искрена почит на кралицата, опишувајќи ја како „светилник на надеж и стабилност“. Имавме среќа што ја запознавме и таа ни значеше многу“, велат тие. „Кога самошто ги започнувавме нашите должности како претседател и прва дама, таа не пречека на светската сцена со раширени раце и беше исклучително дарежлива“, велат тие. „Постојано бевме воодушевени од нејзината топлина, начинот на кој ги смируваше луѓето и како го внесуваше својот посебен хумор и шарм во моментите на голема помпа.“, истакнаа Барак и Мишел Обама.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се заблагодари на „необичниот живот на покојната кралица“. „За време на нејзиното извонредно 70-годишно владеење, таа ја водеше Британија низ трансформации со непрекината благодат, достоинство и искрена грижа за благосостојбата на целиот нејзин народ“, истакна Клинтон.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изрази сочувство за смртта на британската кралица Елизабета Втора, велејќи дека монархот оставил наследство на мир и просперитет за Обединетото Кралство. Според него, Елизабета Втора со своите напори „ги зајакнала сојузничките врски со САД и со другите земји во светот“.

Воедно, Трамп го пофали новиот крал Чарлс Трети. „Кралот Чарлс Трети, кого добро го запознав, ќе биде голем и прекрасен крал“, напиша тој на социјалните мрежи. „Тој има голема љубов кон Обединетото Кралство и сето она што го претставува за светот. Тој ќе се покаже како инспирација за сите. „Кралицата Елизабета беше, и ќе биде многу горда на кралот Чарлс Трети“.

По повод смртта. се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Со длабока тага ја примивме вестта за смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Во име на народот, изразуваме искрено сочувство до кралското семејство, целото Обединето Кралство и Комонвелтот за оваа ненадоместлива загуба. Нашите мисли и молитви се со вас“, истакна Зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин, во пораката со сочувство во врска со смртта на кралицата Елизабета Втора, го истакна нејзиниот авторитет на меѓународната сцена, како и љубовта и почитта на нејзините поданици. „Најважните настани во поновата историја на Обединетото Кралство се нераскинливо поврзани со името на Нејзиното Височество. Многу децении, Елизабета Втора со право уживаше во љубовта и почитта на своите поданици, како и авторитет на светската сцена“, рече рускиот лидер во пораката до кралот Чарлс Трети.

„Елизабета Втора беше историска личност, нејзината смрт означува крај на една ера“. изјави израелскиот претседател Јицак Херцог, изразувајќи сочувство до британскиот народ за смртта на монархот.

„Владеењето на кралицата Елизабета Втора ги опфати вселенските летови пред Спутник и Експлорер 1. Додека му се придружуваме на светот во одбележувањето на нејзиното заминување, трогнати сме од љубопитноста што Нејзиното кралско височество им ја покажуваше на нашите истражувачи низ годините“, објави на Твитер НАСА.

The post Путин, Зеленски, Обама, папата Франциск, па и НАСА упатија сочувство по повод смртта на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск порача дека е длабоко погоден поради смртта на кралицата Елизабета Втора. Тој и оддаде почит на нејзината „неуморна служба за доброто на Британија и Комонвелтот“. Кралицата се сретна со папата Франциск во Ватикан во април 2014 година и му даде корпа со храна полна со локални деликатеси и шише виски Балморал. За време на нејзиното долго владеење, кралицата се сретна со пет папи. Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел и оддадоа искрена почит на кралицата, опишувајќи ја како „светилник на надеж и стабилност“. Имавме среќа што ја запознавме и таа ни значеше многу“, велат тие. „Кога самошто ги започнувавме нашите должности како претседател и прва дама, таа не пречека на светската сцена со раширени раце и беше исклучително дарежлива“, велат тие. „Постојано бевме воодушевени од нејзината топлина, начинот на кој ги смируваше луѓето и како го внесуваше својот посебен хумор и шарм во моментите на голема помпа.“, истакнаа Барак и Мишел Обама. Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се заблагодари на „необичниот живот на покојната кралица“. „За време на нејзиното извонредно 70-годишно владеење, таа ја водеше Британија низ трансформации со непрекината благодат, достоинство и искрена грижа за благосостојбата на целиот нејзин народ“, истакна Клинтон. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изрази сочувство за смртта на британската кралица Елизабета Втора, велејќи дека монархот оставил наследство на мир и просперитет за Обединетото Кралство. Според него, Елизабета Втора со своите напори „ги зајакнала сојузничките врски со САД и со другите земји во светот“. Воедно, Трамп го пофали новиот крал Чарлс Трети. „Кралот Чарлс Трети, кого добро го запознав, ќе биде голем и прекрасен крал“, напиша тој на социјалните мрежи. „Тој има голема љубов кон Обединетото Кралство и сето она што го претставува за светот. Тој ќе се покаже како инспирација за сите. „Кралицата Елизабета беше, и ќе биде многу горда на кралот Чарлс Трети“. По повод смртта. се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Со длабока тага ја примивме вестта за смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Во име на народот, изразуваме искрено сочувство до кралското семејство, целото Обединето Кралство и Комонвелтот за оваа ненадоместлива загуба. Нашите мисли и молитви се со вас“, истакна Зеленски. Рускиот претседател Владимир Путин, во пораката со сочувство во врска со смртта на кралицата Елизабета Втора, го истакна нејзиниот авторитет на меѓународната сцена, како и љубовта и почитта на нејзините поданици. „Најважните настани во поновата историја на Обединетото Кралство се нераскинливо поврзани со името на Нејзиното Височество. Многу децении, Елизабета Втора со право уживаше во љубовта и почитта на своите поданици, како и авторитет на светската сцена“, рече рускиот лидер во пораката до кралот Чарлс Трети. „Елизабета Втора беше историска личност, нејзината смрт означува крај на една ера“. изјави израелскиот претседател Јицак Херцог, изразувајќи сочувство до британскиот народ за смртта на монархот. „Владеењето на кралицата Елизабета Втора ги опфати вселенските летови пред Спутник и Експлорер 1. Додека му се придружуваме на светот во одбележувањето на нејзиното заминување, трогнати сме од љубопитноста што Нејзиното кралско височество им ја покажуваше на нашите истражувачи низ годините“, објави на Твитер НАСА.

The post Путин, Зеленски, Обама, папата Франциск, па и НАСА упатија сочувство по повод смртта на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>
Сочувство од Владата на Република Македонија до Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sochuvstvo-od-vladata-na-republika-severna-makedonija-do-obedineto-kralstvo-na-velika-britanija-i-severna-irska/ Thu, 08 Sep 2022 20:30:31 +0000 https://republika.mk/?p=548853

Во името на граѓаните и Владата на Република Македонија оддаваме почит и длабоко сочувство до Владата на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиниот народ по повод смртта на нејзиното височество Кралицата Елизабета II, стои во пораката со сочувство упатена вечерва од Владата.

Кралицата Елизабета II, беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години. Нејзиното владеење беше сведок и светол факел врз планетарното освестување и транзиција кон демократски системи ширум светот.

Истовремено во овие трезвени моменти даваме почит и поддршка за нашиот долгогодишен пријател, Кралот Чарлс III, заедно со новата Влада предводена од нејзината екселенција Лиз Трус, со надеж за понатамошна уште поинтензивна соработка помеѓу нашите пријателски народи.

The post Сочувство од Владата на Република Македонија до Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска appeared first on Република.

]]>

Во името на граѓаните и Владата на Република Македонија оддаваме почит и длабоко сочувство до Владата на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиниот народ по повод смртта на нејзиното височество Кралицата Елизабета II, стои во пораката со сочувство упатена вечерва од Владата.
Кралицата Елизабета II, беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години. Нејзиното владеење беше сведок и светол факел врз планетарното освестување и транзиција кон демократски системи ширум светот. Истовремено во овие трезвени моменти даваме почит и поддршка за нашиот долгогодишен пријател, Кралот Чарлс III, заедно со новата Влада предводена од нејзината екселенција Лиз Трус, со надеж за понатамошна уште поинтензивна соработка помеѓу нашите пријателски народи.

The post Сочувство од Владата на Република Македонија до Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска appeared first on Република.

]]>
Мицкоски го посети семјеството на момчето кое загина во сообраќајка во Македонска Каменица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-go-poseti-semjestvoto-na-momcheto-koe-zagina-vo-soobrakjajka-vo-makedonska-kamenica/ Sun, 28 Aug 2022 13:28:01 +0000 https://republika.mk/?p=544951

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги пости рударите од Македонска Каменица, а се сретна и со семејството на 13-годишното момче кое го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Денеска бев во посета на рударскиот град Македонска Каменица каде што на граѓаните им изразив длабоко сочувство за трагичниот настан во кој животот го загуби 13 годишно момче.

The post Мицкоски го посети семјеството на момчето кое загина во сообраќајка во Македонска Каменица appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги пости рударите од Македонска Каменица, а се сретна и со семејството на 13-годишното момче кое го загуби животот во сообраќајна несреќа. Денеска бев во посета на рударскиот град Македонска Каменица каде што на граѓаните им изразив длабоко сочувство за трагичниот настан во кој животот го загуби 13 годишно момче.

The post Мицкоски го посети семјеството на момчето кое загина во сообраќајка во Македонска Каменица appeared first on Република.

]]>
Елен Деџенерис се прости со поранешната девојка: Им ја испраќам сета моја љубов на децата и семејството на Ен Хеч https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/elen-dedzeneris-se-prosti-so-poraneshnata-devojka-im-ja-isprakjam-seta-moja-ljubov-na-decata-i-semejstvoto-na-en-hech/ Sat, 13 Aug 2022 09:12:03 +0000 https://republika.mk/?p=539829

Пред околу една недела, актерката Ен Хеч имаше тешка сообраќајна несреќа, по што беше хоспитализирана. За жал, актерката им подлегна на повредите и во петокот на 12 август, беше прогласена за мртва.

Лекарите ја одржуваа Ен во живот со помош на машини, а по прогнозата дека веројатно нема да преживее, нејзиното семејство донесе одлука машините да бидат исклучени, а нејзините органи донирани.

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ne-se-ochekuva-akterkata-da-prezivee-se-oglasi-semejstvoto-na-en-hech/

Кратко пред веста да биде споделена со јавноста, поранешната партнерка на Ен, Елен Деџенерис, го искажа своето сочувство.

Ова е тажен ден. Им ја испраќам целата моја љубов на децата, семејството и пријателите на Ен - порача Елен на социјалните мрежи.

https://twitter.com/TheEllenShow/status/1558142678822309888?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1558142678822309888%7Ctwgr%5E4af9145e30172028ceab5627d9d0c1aad603feb8%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.crnobelo.com%2Fnovosti%2Fshou-biznis-i-trac%2F95300-elen-dedzheneris-se-zboguvashe-so-poraneshnata-devojka-en-hech-po-nejzinata-smrt-ova-e-tazhen-den

Елен и актерката беа во врска од 1997 до 2000 година. Нивната врска беше сериозна и тие чекаа да се легализираат истополовите бракови за да се венчаат.

Сепак, тие се разделија, а наводно поради оваа врска, Ен го заладила односот со нејзината мајка.

Претходно, Елен откри дека не била во никаков контакт со Ен пред несреќата. Нo, на прашањето дали има информации за состојбата на Ен, водителката ја покажа нејзината загриженост.

Не сме во контакт, па не би знаела. Не сакам никој да биде повреден - изјави Елен.

The post Елен Деџенерис се прости со поранешната девојка: Им ја испраќам сета моја љубов на децата и семејството на Ен Хеч appeared first on Република.

]]>

Пред околу една недела, актерката Ен Хеч имаше тешка сообраќајна несреќа, по што беше хоспитализирана. За жал, актерката им подлегна на повредите и во петокот на 12 август, беше прогласена за мртва. Лекарите ја одржуваа Ен во живот со помош на машини, а по прогнозата дека веројатно нема да преживее, нејзиното семејство донесе одлука машините да бидат исклучени, а нејзините органи донирани. https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ne-se-ochekuva-akterkata-da-prezivee-se-oglasi-semejstvoto-na-en-hech/ Кратко пред веста да биде споделена со јавноста, поранешната партнерка на Ен, Елен Деџенерис, го искажа своето сочувство.

Ова е тажен ден. Им ја испраќам целата моја љубов на децата, семејството и пријателите на Ен - порача Елен на социјалните мрежи.

https://twitter.com/TheEllenShow/status/1558142678822309888?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1558142678822309888%7Ctwgr%5E4af9145e30172028ceab5627d9d0c1aad603feb8%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.crnobelo.com%2Fnovosti%2Fshou-biznis-i-trac%2F95300-elen-dedzheneris-se-zboguvashe-so-poraneshnata-devojka-en-hech-po-nejzinata-smrt-ova-e-tazhen-den Елен и актерката беа во врска од 1997 до 2000 година. Нивната врска беше сериозна и тие чекаа да се легализираат истополовите бракови за да се венчаат. Сепак, тие се разделија, а наводно поради оваа врска, Ен го заладила односот со нејзината мајка. Претходно, Елен откри дека не била во никаков контакт со Ен пред несреќата. Нo, на прашањето дали има информации за состојбата на Ен, водителката ја покажа нејзината загриженост.
Не сме во контакт, па не би знаела. Не сакам никој да биде повреден - изјави Елен.

The post Елен Деџенерис се прости со поранешната девојка: Им ја испраќам сета моја љубов на децата и семејството на Ен Хеч appeared first on Република.

]]>
Ковачевски изрази сочувство по повод смртта на Илинка Митрева https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-izrazi-sochuvstvo-po-povod-smrtta-na-ilinka-mitreva/ Mon, 01 Aug 2022 18:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=535873

Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на една од најуспешните жени во македонската историја, Илинка Митревa. Искрено сочувство до нејзиното семејство.
Делото и придонесот на Митрева во креирањето на македонската државност останува трајно богатство за државата и македонската дипломатија, но и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон земјата и кон граѓаните.
Нека почива во мир, напиша на Фејсбук, Димитар Ковачевски.

The post Ковачевски изрази сочувство по повод смртта на Илинка Митрева appeared first on Република.

]]>

Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на една од најуспешните жени во македонската историја, Илинка Митревa. Искрено сочувство до нејзиното семејство. Делото и придонесот на Митрева во креирањето на македонската државност останува трајно богатство за државата и македонската дипломатија, но и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон земјата и кон граѓаните. Нека почива во мир, напиша на Фејсбук, Димитар Ковачевски.

The post Ковачевски изрази сочувство по повод смртта на Илинка Митрева appeared first on Република.

]]>
Сочувство од Османи за семејството на прерано починатиот Мемети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sochuvstvo-od-osmani-za-semejstvoto-na-prerano-pochinatiot-memeti/ Fri, 01 Apr 2022 19:41:32 +0000 https://republika.mk/?p=482115

Со длабока тага ја примив веста за прераното напуштање на овој свет на поранешниот амбасадор Наим Мемети, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој испраќа сочувство до неговата фамилија, пријатели и колеги.

Поранешниот амбасадор на Македонија во Данска, денеска доживеал срцев удар додека бил на петочната молитва во џамија во родното Тетово. Тој имаше 44 години.

Мемети беше амбасадор на Македонија во Данска во периодот од 2014 до 2018 година. По професија правник, Мемети беше испратен за амбасадор како кадар на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

The post Сочувство од Османи за семејството на прерано починатиот Мемети appeared first on Република.

]]>

Со длабока тага ја примив веста за прераното напуштање на овој свет на поранешниот амбасадор Наим Мемети, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој испраќа сочувство до неговата фамилија, пријатели и колеги. Поранешниот амбасадор на Македонија во Данска, денеска доживеал срцев удар додека бил на петочната молитва во џамија во родното Тетово. Тој имаше 44 години. Мемети беше амбасадор на Македонија во Данска во периодот од 2014 до 2018 година. По професија правник, Мемети беше испратен за амбасадор како кадар на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

The post Сочувство од Османи за семејството на прерано починатиот Мемети appeared first on Република.

]]>