собраниски седници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sobraniski-sednitsi/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 05:54:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png собраниски седници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sobraniski-sednitsi/ 32 32 Седници на две собраниски комисии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sednitsi-na-dve-sobraniski-komisii/ Mon, 23 Sep 2024 05:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=818828

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Предлог-одлуката за објавување оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен и Предлог-одлуката за именување  претседател и членови на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.

Членовите на Комисијата ќе разгледаат и барање од заменик-министeр во Владата и барање од пратеник за утврдување надоместок на закупнина на стан.

На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на дневниот ред е Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2023 година.

The post Седници на две собраниски комисии appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Предлог-одлуката за објавување оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен и Предлог-одлуката за именување  претседател и членови на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор. Членовите на Комисијата ќе разгледаат и барање од заменик-министeр во Владата и барање од пратеник за утврдување надоместок на закупнина на стан. На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на дневниот ред е Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2023 година.

The post Седници на две собраниски комисии appeared first on Република.

]]>
Седници на пет собраниски комисии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sednitsi-na-pet-sobraniski-komisii/ Tue, 13 Aug 2024 05:23:25 +0000 https://republika.mk/?p=805982

Пет собраниски комисии денеска ќе имаат седници и за четири од нив тие ќе бидат први од конституирањето на новиот парламентарен состав - комисиите за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за култура и туризам, за образование, наука и спорт и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

По една точка на дневниот ред ќе имаат Комисијата за култура и туризам – Предлог-закон за изменување на Законот за културата, по скратена постапка, Комисијата за образование, наука и спорт – Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за спортот, по скратена постапка, и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство – Предлог-закон за изменување на Законот за дивечот и ловството, по скратена постапка.

На седницата на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе се разгледуваат предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај и за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, сите по скратена постапка, како и три предлог-закони во прво читање: за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата и Предлог-закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да ја одржи шестата седница на која на дневен ред се: утврдување Предлог-одлука за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември"; разгледување барања за остварување на плата по престанок на функцијата заменик министер во Влада на Република Македонија; разгледување барања за остварување на плата по престанок на функцијата заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија; разгледување на барање од пратеник за утврдување надомест на закупнина на стан и разгледување барање за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешен пратеник.

The post Седници на пет собраниски комисии appeared first on Република.

]]>

Пет собраниски комисии денеска ќе имаат седници и за четири од нив тие ќе бидат први од конституирањето на новиот парламентарен состав - комисиите за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за култура и туризам, за образование, наука и спорт и за земјоделство, шумарство и водостопанство. По една точка на дневниот ред ќе имаат Комисијата за култура и туризам – Предлог-закон за изменување на Законот за културата, по скратена постапка, Комисијата за образование, наука и спорт – Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за спортот, по скратена постапка, и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство – Предлог-закон за изменување на Законот за дивечот и ловството, по скратена постапка. На седницата на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе се разгледуваат предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај и за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, сите по скратена постапка, како и три предлог-закони во прво читање: за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата и Предлог-закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата. Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да ја одржи шестата седница на која на дневен ред се: утврдување Предлог-одлука за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември"; разгледување барања за остварување на плата по престанок на функцијата заменик министер во Влада на Република Македонија; разгледување барања за остварување на плата по престанок на функцијата заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија; разгледување на барање од пратеник за утврдување надомест на закупнина на стан и разгледување барање за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешен пратеник.

The post Седници на пет собраниски комисии appeared first on Република.

]]>
Утре ќе се формираат собраниските комисии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-ke-se-formiraat-sobraniskite-komisii/ Mon, 03 Jun 2024 14:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=784442

Собранието за утре на пладне закажа седница на Комисијата за изборите и именувањата.

Како што стои на собраниската веб-страна, на дневен ред на првата седница на оваа Комисија се Утврдувањето Предлог - одлука за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, Разгледувањето барање од поранешниот претседател Стево Пендаровски, за мирување на правото на пензија по престанување на функцијата и Разгледувањето на барања за остварување на плата по престанок на функцијата пратеник.

За изборот на претседателите и членовите на собраниската Законодавно правната комисија и на Комисијата за политички систем е разговарано и на денешната прва редовна координација на собранискиот спикер Африм Гаши со претставници на сите политчките партии во новиот собраниски состав.

The post Утре ќе се формираат собраниските комисии appeared first on Република.

]]>

Собранието за утре на пладне закажа седница на Комисијата за изборите и именувањата. Како што стои на собраниската веб-страна, на дневен ред на првата седница на оваа Комисија се Утврдувањето Предлог - одлука за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, Разгледувањето барање од поранешниот претседател Стево Пендаровски, за мирување на правото на пензија по престанување на функцијата и Разгледувањето на барања за остварување на плата по престанок на функцијата пратеник. За изборот на претседателите и членовите на собраниската Законодавно правната комисија и на Комисијата за политички систем е разговарано и на денешната прва редовна координација на собранискиот спикер Африм Гаши со претставници на сите политчките партии во новиот собраниски состав.

The post Утре ќе се формираат собраниските комисии appeared first on Република.

]]>