собраниска седница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sobraniska-sednica/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 18:38:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png собраниска седница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sobraniska-sednica/ 32 32 На 20-та собраниска седница, изгласани неколку предлог-закони во прво читање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-20-ta-sobraniska-sednitsa-izglasani-nekolku-predlog-zakoni-vo-prvo-chitane/ Thu, 21 Nov 2024 19:17:43 +0000 https://republika.mk/?p=840539

Собранието  попладнево на 20-тата седница, без пратенички дискусии, ја заврши општата расправа по неколку предлог-закони во прво читање за кои беше изгласан заклучок да бидат проследени во наредна, втора фаза.

Заклучоци дека се прифатливи да преминат во второ читање беа изгласани за: Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите; Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за културата;  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота;  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги и  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности.

Донесени беа Законот за измени и дополнување на Законот за рамномерен регионален развој, по скратена постапка, дополнување на Законот концесии и јавно приватно партнерство и Закон за изменување на Законот за меѓуопштинска соработка, а беше усвоена и Одлука за одобрување Финансиски план на Македонската радио-телевизија за 2025 година.

На продолжение на 20-тата седница, кое ќе биде дополнително закажано, треба да се разгледа и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија.

Од дневниот ред на оваа седница треба да се гласа и за Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво за 2023 година.

Претседателката на Советот, Милка Масникоса, пред пратениците соопшти дека врз основа на 32 индикатора од 87 институции, евидентен е пораст на детско престапништво. Таа апелираше до градоначалниците во нивните локални заедници да формираат општински совети „како алка на сите чинители за спречување на детско престапништво“ со што ќе се придонесе за намалување на бројот на девијантни однесувања на децата.

The post На 20-та собраниска седница, изгласани неколку предлог-закони во прво читање appeared first on Република.

]]>

Собранието  попладнево на 20-тата седница, без пратенички дискусии, ја заврши општата расправа по неколку предлог-закони во прво читање за кои беше изгласан заклучок да бидат проследени во наредна, втора фаза. Заклучоци дека се прифатливи да преминат во второ читање беа изгласани за: Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите; Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за културата;  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота;  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги и  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности. Донесени беа Законот за измени и дополнување на Законот за рамномерен регионален развој, по скратена постапка, дополнување на Законот концесии и јавно приватно партнерство и Закон за изменување на Законот за меѓуопштинска соработка, а беше усвоена и Одлука за одобрување Финансиски план на Македонската радио-телевизија за 2025 година. На продолжение на 20-тата седница, кое ќе биде дополнително закажано, треба да се разгледа и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија. Од дневниот ред на оваа седница треба да се гласа и за Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво за 2023 година. Претседателката на Советот, Милка Масникоса, пред пратениците соопшти дека врз основа на 32 индикатора од 87 институции, евидентен е пораст на детско престапништво. Таа апелираше до градоначалниците во нивните локални заедници да формираат општински совети „како алка на сите чинители за спречување на детско престапништво“ со што ќе се придонесе за намалување на бројот на девијантни однесувања на децата.

The post На 20-та собраниска седница, изгласани неколку предлог-закони во прво читање appeared first on Република.

]]>
Продолжение на 16-тата собраниска седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhenie-na-16-tata-sobraniska-sednitsa/ Thu, 03 Oct 2024 06:18:38 +0000 https://republika.mk/?p=821991

Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 16-тата седница на чиј дневен ред има уште три неразгледани точки.

Пратениците денеска треба да ги разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, двата по скратена постапка.

На дневниот ред е и Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“.

Во рамките на истата седница вчеравечер Собранието донесе девет законски решенија, по скратена постапка.

The post Продолжение на 16-тата собраниска седница appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 16-тата седница на чиј дневен ред има уште три неразгледани точки. Пратениците денеска треба да ги разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, двата по скратена постапка. На дневниот ред е и Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“. Во рамките на истата седница вчеравечер Собранието донесе девет законски решенија, по скратена постапка.

The post Продолжение на 16-тата собраниска седница appeared first on Република.

]]>
Собранието ќе ја започне 16. седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-ke-ja-zapochne-16-sednitsa/ Wed, 02 Oct 2024 05:47:17 +0000 https://republika.mk/?p=821538

Во Собранието денеска треба да започне 16. седница на која на дневен ред има повеќе одлуки и закони. На предложениот дневен ред се и одлуките за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК), како и за избор на нови членови на Комисијата.

Со одлуката за усогласување на составот на ДИК, се предлага претседател да биде Борис Кондарко, досегашен член, кој доаѓа на предлог на СДСМ, а потпретседател Абдуш Демири, кој во ДИК дојде на предлог на Беса. За членови се предлгаат досегашниот претседател Александар Даштевски (ВМРО-ДПМНЕ), потпретседателката Дитмире Шеху (ДУИ) и Оливер Ристевски (СДСМ). Собранието денеска треба да донесе одлука за распишување оглас за избор на двајца нови членови на ДИК. Бобан Стојановски (ВМРО-ДПМНЕ), кој беше член на ДИК стана заменик - генерален секретар на Собранието, додека Радица Ристеска (СДСМ) заминува во пензија. Огласот трае осум дена од објавување во Службен весник.

На дневен ред на оваа седница се предлог одлуките за објавување јавен оглас за именување на член на Комисијата за заштита од конкуренцијата, за избор на заменик- директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, за именување на членовите на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за измена на Одлуката за именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври", предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев" и предлог на одлука за избор на претседател, членови и нивни заменици на Комисијата на Собранието на Република Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.

На седницата на дневен ред се и изменување и дополнување на Законот за експропријација, на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, на Законот за вработените во јавниот сектор, за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, за изменување и дополнување на Законот за постапување по претставки и предлози, за изменување и дополнување на Законот за управната инспекција, за изменување и дополнување на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, за изменување на Законот за јавните претпријатија, сите по скратена постапка.

Пратениците треба да расправаат и за измените и дополнувањата на Законот за заштита на конкуренцијата и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, како и за измени и дополнување на Законот за медиуми, во прво читање.

The post Собранието ќе ја започне 16. седница appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска треба да започне 16. седница на која на дневен ред има повеќе одлуки и закони. На предложениот дневен ред се и одлуките за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК), како и за избор на нови членови на Комисијата. Со одлуката за усогласување на составот на ДИК, се предлага претседател да биде Борис Кондарко, досегашен член, кој доаѓа на предлог на СДСМ, а потпретседател Абдуш Демири, кој во ДИК дојде на предлог на Беса. За членови се предлгаат досегашниот претседател Александар Даштевски (ВМРО-ДПМНЕ), потпретседателката Дитмире Шеху (ДУИ) и Оливер Ристевски (СДСМ). Собранието денеска треба да донесе одлука за распишување оглас за избор на двајца нови членови на ДИК. Бобан Стојановски (ВМРО-ДПМНЕ), кој беше член на ДИК стана заменик - генерален секретар на Собранието, додека Радица Ристеска (СДСМ) заминува во пензија. Огласот трае осум дена од објавување во Службен весник. На дневен ред на оваа седница се предлог одлуките за објавување јавен оглас за именување на член на Комисијата за заштита од конкуренцијата, за избор на заменик- директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, за именување на членовите на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за измена на Одлуката за именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври", предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев" и предлог на одлука за избор на претседател, членови и нивни заменици на Комисијата на Собранието на Република Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници. На седницата на дневен ред се и изменување и дополнување на Законот за експропријација, на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, на Законот за вработените во јавниот сектор, за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, за изменување и дополнување на Законот за постапување по претставки и предлози, за изменување и дополнување на Законот за управната инспекција, за изменување и дополнување на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, за изменување на Законот за јавните претпријатија, сите по скратена постапка. Пратениците треба да расправаат и за измените и дополнувањата на Законот за заштита на конкуренцијата и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, како и за измени и дополнување на Законот за медиуми, во прво читање.

The post Собранието ќе ја започне 16. седница appeared first on Република.

]]>
Собранието ќе ја одржи 12-тата седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-ke-ja-odrzhi-12-tata-sednitsa/ Tue, 13 Aug 2024 05:24:45 +0000 https://republika.mk/?p=805984

Собранието денеска ќе ја одржи 12-тата седница на која се неколку предлог-закони во прво читање од областа на здравството и Предлог-законот за изменување на Законот за здравствената заштита, во второ читање.

На дневниот ред во прво читање се предлозите за изменување на законите за заштита од јонизирачко зрачење и радијациска сигурност, за биомедицинско потпомогнато оплодување, за прекинување на бременоста, за евиденциите во областа на здравството, за забрана на развивање, производство, складирање и употреба на хемиски оружја, предлози за изменување на законите за безбедност во снабдувањето со крв, за ментално здравје, за континуирано стручно усовршување на докторите на медицина и Предлог-закон за изменување на Законот за доброволно здравствено осигурување.

На денешната собраниска седница на дневен ред, меѓу другите точки, се и неколку предлог-закони по скратена постапка: за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за изменување на Законот за културата, за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, за изменување на Законот за дивечот и ловството, за изменување и дополнување на Законот за спортот...

Исто така и предлог-законите во прво читање - за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата и Предлог-закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата.

Пред пратениците ќе биде и Предлог-одлуката за основање Комисија на Собранието на Република Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.

The post Собранието ќе ја одржи 12-тата седница appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска ќе ја одржи 12-тата седница на која се неколку предлог-закони во прво читање од областа на здравството и Предлог-законот за изменување на Законот за здравствената заштита, во второ читање. На дневниот ред во прво читање се предлозите за изменување на законите за заштита од јонизирачко зрачење и радијациска сигурност, за биомедицинско потпомогнато оплодување, за прекинување на бременоста, за евиденциите во областа на здравството, за забрана на развивање, производство, складирање и употреба на хемиски оружја, предлози за изменување на законите за безбедност во снабдувањето со крв, за ментално здравје, за континуирано стручно усовршување на докторите на медицина и Предлог-закон за изменување на Законот за доброволно здравствено осигурување. На денешната собраниска седница на дневен ред, меѓу другите точки, се и неколку предлог-закони по скратена постапка: за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за изменување на Законот за културата, за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, за изменување на Законот за дивечот и ловството, за изменување и дополнување на Законот за спортот... Исто така и предлог-законите во прво читање - за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата и Предлог-закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата. Пред пратениците ќе биде и Предлог-одлуката за основање Комисија на Собранието на Република Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.

The post Собранието ќе ја одржи 12-тата седница appeared first on Република.

]]>
Собранието ќе избира заменици министри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-ke-izbira-zamenitsi-ministri/ Tue, 23 Jul 2024 06:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=799378

Собранието денеска ќе ја одржи 11. седница на која треба да бидат изгласани замениците-министри во Владата, со што целосно би се комплетирал владиниот тим. Седницата е закажана за 11 часот, а на дневен ред е и Предлог на законот за изменување на Законот за здравствената заштита - прво читање, со кои се укинуваат економските директори во јавните здравствени установи и болници  и верификацијата на мандат на пратеник во Собранието.

Претседателот на Владата предлогот за заменици министри го достави до Собрание минатата недела.

За заменик министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили. Исмаили е дипломиран економист. Своето работно искуство го започнува во Фонд за магистрални и регионални патишта. Од 2006 до 2008 била директорка на ГЦПЦ Пошта Скопје 2, а од 2008 до 2019 била вработена во АД Македонска Пошта како соработник за маркетинг. Во 2019 до 2024 година била Придружничка на лице упатено во Делегацијата на РС Македонија при НАТО, Брисел, Кралство Белгија.

За заменик министер во Министерството за внатрешни работи се предлага Астрит Исеини. Исеини завршил на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор на Науки по Кинезиологија, вонреден професор. Во моментот е вонреден професор на Тетовски универзитет и на Факултет за Биотехнички науки во Битола.

За заменик министер во  Министерството за правда се предлага Ален Деребан. Деребан е магистер по право од областа на меѓународно право и меѓународни односи, со завршен правосуден испит. Од 2014-тата година има сопствена адвокатска канцеларија, а во два мандата е и советник во Советот на Општина Струга.

За заменик министер во  Министерството за односи со заедници се предлага Неждeт Мустафа. Мустафа е дипломиран професор по филозофија. Од 1996 до 2002 година бил градоначалник на Општина Шуто Оризари. Потоа бил дел од македонското собрание како пратеник, а од 2006 до 2017 година е назначен за Министер без ресор – Национален координатор на Декадата и Стратегија за Ромите.

За заменик на министерот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се предлага Зоран Димитровски. Димитровски е магистер на политички науки, а има долгогодишно работно искуство во медиумите, како главен и одговорен уредник. Димитриевски од 2020 до 2023 година бил избран за заменик министер за локална самоуправа.

За заменик министер во Министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков. Трајков завршила на Универзитет Св. Климент Охридски Битола, и се здобила со титулата доктор на економски науки. Од 2010 година е вработена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. А од 2019 година е избрана за доцент на Универзитет Скопје.

За заменик на министерот во  Министерството за финансии се предлага Николче Јанкуловски. Јанкуловски е доктор на економски науки, а во моментот е редовен професор на Катедрата за агроекономија на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Има издадено повеќе домашни и меѓународни публикации.

За заменик на министерот во Министерството за економија и труд се предлага Марјан Ристески. Ристески е дипломиран економист, од 2005 до 2017 година бил градоначалник на Општина Прилеп. Добитник е на неколку меѓународни и домашни признанија.

За заменик на министерот во  Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се предлага Мирослав Лабудовиќ. Лабудовиќ е магистер по електротехника и информациски технологии. Од 2022 година е менаџер на инженеринг во Корпорацијата Теламон.

За заменик на министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлага Флакрон Беџети. Беџети е професор по политички науки на Универзитет Мајка Тереза Скопје. Тој има долгогодишно работно искуство во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Република Македонија. Бил државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, а во моментот е раководител на одделение за претставки и предлози, Правен сектор.

За заменик на министерот во Министерството за здравство се предлага Јовица Андовски. Андовски е дипломиран економист, од 2011 до 2017тата година бил заменик министер за здравство. Тој бил В.Д. Директор на Секретаријатот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, како и национален координатор на SEEHN на Република Македонија.

За заменик на министер за образование и наука се предлага Лулзим Алиу. Алиу е доктор на филолошки науки. Тој е редовен професор по предметот Методика на наставата по албански јазик, Литература за деца на Педагошки факултет „Свети Климент Охридски” Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј – Скопје”. Од 2023 до 2024 година бил Продекан.

За заменик на министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади се предлага Ѓоко Велковски. Велковски е дипломиран економист. Има долгогодишно работно искуство во Министерството за труд и социјална политика, бил Секретар на Град Скопје, а во последната техничка Влада беше технички министер за труд и социјална политика. Од 2013 до 2024 година бил советник во Советот на Општина Чаир.

За заменик министер во Министерството за локална самоуправа се предлага Ерџан Селими. Селими е магистер по политички науки. Од 2009 до 2014 година бил советник во кабинетот на министерот без ресор. Од 2014 до 2024 година бил државен службеник во Генералниот секретаријат на Владата, а од 2017 до 2024 година бил советник во Советот на Град Скопје.

За заменик министер во  Министерството за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Сулејмани има завршено Педагошка Теологија на  Универзитет Улудаг – Бурса во Турција. Бил заменик министер за култура, а од 2023 година е вработен во Општина Тетово како советник за стручно административна поддршка на општинскиот инспекторат.

За заменик министер за дигитална трансформација е предложен Радослав Настасијевиќ Варџиски. Настасијевиќ Варџиски е магистер на економски науки  – отсек маркетинг менаџмент, а од 2019 до денес работи во Општина Куманово.

За заменик на министерот кој ќе раководи со Министерството за јавна администрација се предлага Лазе Јаќимоски. Јаќимоски е вонреден професор на Правен факултет – Кичево, Универзитет Св. ,,Климент Охридски” Битола. Има издадено повеќе домашни публикации.

За заменик на министерот во  Министерството за транспорт се предлага Калтрина Зеколи Шаќири. Зеколи Шаќири е доктор на науки. Од 2016 до 2023 година е професор на Универзитетот Мајка Тереза, Факултет за социјални науки, а од 2023 до 2024 година била избрана за в.д декан.

За заменик на министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање се предлага Ане Лашкоска. Лашкоска дипломирала на Природно математичкиот факултет во Скопје и се здобива со титулата инженер по хемија. Лашковска беше долги години пратеник во македонското Собрание.

За заменик на министерот во Министерството за спорт се предлага Сафије Садики Шаини. Садики Шаини е инженер по Информатика на Природно – математичкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, каде што од 2012-2019 била вонреден асистент по информатика. Таа била пратеничка во парламентарниот состав 2020 до 2024 година. Од 2020 година е асистентка по информатика на Универзитетот Мајка Тереза.

The post Собранието ќе избира заменици министри appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска ќе ја одржи 11. седница на која треба да бидат изгласани замениците-министри во Владата, со што целосно би се комплетирал владиниот тим. Седницата е закажана за 11 часот, а на дневен ред е и Предлог на законот за изменување на Законот за здравствената заштита - прво читање, со кои се укинуваат економските директори во јавните здравствени установи и болници  и верификацијата на мандат на пратеник во Собранието. Претседателот на Владата предлогот за заменици министри го достави до Собрание минатата недела. За заменик министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили. Исмаили е дипломиран економист. Своето работно искуство го започнува во Фонд за магистрални и регионални патишта. Од 2006 до 2008 била директорка на ГЦПЦ Пошта Скопје 2, а од 2008 до 2019 била вработена во АД Македонска Пошта како соработник за маркетинг. Во 2019 до 2024 година била Придружничка на лице упатено во Делегацијата на РС Македонија при НАТО, Брисел, Кралство Белгија. За заменик министер во Министерството за внатрешни работи се предлага Астрит Исеини. Исеини завршил на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор на Науки по Кинезиологија, вонреден професор. Во моментот е вонреден професор на Тетовски универзитет и на Факултет за Биотехнички науки во Битола. За заменик министер во  Министерството за правда се предлага Ален Деребан. Деребан е магистер по право од областа на меѓународно право и меѓународни односи, со завршен правосуден испит. Од 2014-тата година има сопствена адвокатска канцеларија, а во два мандата е и советник во Советот на Општина Струга. За заменик министер во  Министерството за односи со заедници се предлага Неждeт Мустафа. Мустафа е дипломиран професор по филозофија. Од 1996 до 2002 година бил градоначалник на Општина Шуто Оризари. Потоа бил дел од македонското собрание како пратеник, а од 2006 до 2017 година е назначен за Министер без ресор – Национален координатор на Декадата и Стратегија за Ромите. За заменик на министерот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се предлага Зоран Димитровски. Димитровски е магистер на политички науки, а има долгогодишно работно искуство во медиумите, како главен и одговорен уредник. Димитриевски од 2020 до 2023 година бил избран за заменик министер за локална самоуправа. За заменик министер во Министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков. Трајков завршила на Универзитет Св. Климент Охридски Битола, и се здобила со титулата доктор на економски науки. Од 2010 година е вработена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. А од 2019 година е избрана за доцент на Универзитет Скопје. За заменик на министерот во  Министерството за финансии се предлага Николче Јанкуловски. Јанкуловски е доктор на економски науки, а во моментот е редовен професор на Катедрата за агроекономија на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Има издадено повеќе домашни и меѓународни публикации. За заменик на министерот во Министерството за економија и труд се предлага Марјан Ристески. Ристески е дипломиран економист, од 2005 до 2017 година бил градоначалник на Општина Прилеп. Добитник е на неколку меѓународни и домашни признанија. За заменик на министерот во  Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се предлага Мирослав Лабудовиќ. Лабудовиќ е магистер по електротехника и информациски технологии. Од 2022 година е менаџер на инженеринг во Корпорацијата Теламон. За заменик на министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлага Флакрон Беџети. Беџети е професор по политички науки на Универзитет Мајка Тереза Скопје. Тој има долгогодишно работно искуство во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Република Македонија. Бил државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, а во моментот е раководител на одделение за претставки и предлози, Правен сектор. За заменик на министерот во Министерството за здравство се предлага Јовица Андовски. Андовски е дипломиран економист, од 2011 до 2017тата година бил заменик министер за здравство. Тој бил В.Д. Директор на Секретаријатот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, како и национален координатор на SEEHN на Република Македонија. За заменик на министер за образование и наука се предлага Лулзим Алиу. Алиу е доктор на филолошки науки. Тој е редовен професор по предметот Методика на наставата по албански јазик, Литература за деца на Педагошки факултет „Свети Климент Охридски” Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј – Скопје”. Од 2023 до 2024 година бил Продекан. За заменик на министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади се предлага Ѓоко Велковски. Велковски е дипломиран економист. Има долгогодишно работно искуство во Министерството за труд и социјална политика, бил Секретар на Град Скопје, а во последната техничка Влада беше технички министер за труд и социјална политика. Од 2013 до 2024 година бил советник во Советот на Општина Чаир. За заменик министер во Министерството за локална самоуправа се предлага Ерџан Селими. Селими е магистер по политички науки. Од 2009 до 2014 година бил советник во кабинетот на министерот без ресор. Од 2014 до 2024 година бил државен службеник во Генералниот секретаријат на Владата, а од 2017 до 2024 година бил советник во Советот на Град Скопје. За заменик министер во  Министерството за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Сулејмани има завршено Педагошка Теологија на  Универзитет Улудаг – Бурса во Турција. Бил заменик министер за култура, а од 2023 година е вработен во Општина Тетово како советник за стручно административна поддршка на општинскиот инспекторат. За заменик министер за дигитална трансформација е предложен Радослав Настасијевиќ Варџиски. Настасијевиќ Варџиски е магистер на економски науки  – отсек маркетинг менаџмент, а од 2019 до денес работи во Општина Куманово. За заменик на министерот кој ќе раководи со Министерството за јавна администрација се предлага Лазе Јаќимоски. Јаќимоски е вонреден професор на Правен факултет – Кичево, Универзитет Св. ,,Климент Охридски” Битола. Има издадено повеќе домашни публикации. За заменик на министерот во  Министерството за транспорт се предлага Калтрина Зеколи Шаќири. Зеколи Шаќири е доктор на науки. Од 2016 до 2023 година е професор на Универзитетот Мајка Тереза, Факултет за социјални науки, а од 2023 до 2024 година била избрана за в.д декан. За заменик на министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање се предлага Ане Лашкоска. Лашкоска дипломирала на Природно математичкиот факултет во Скопје и се здобива со титулата инженер по хемија. Лашковска беше долги години пратеник во македонското Собрание. За заменик на министерот во Министерството за спорт се предлага Сафије Садики Шаини. Садики Шаини е инженер по Информатика на Природно – математичкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, каде што од 2012-2019 била вонреден асистент по информатика. Таа била пратеничка во парламентарниот состав 2020 до 2024 година. Од 2020 година е асистентка по информатика на Универзитетот Мајка Тереза.

The post Собранието ќе избира заменици министри appeared first on Република.

]]>
Собранието на седница ќе се изјасни за потребата за носење на неколку закони по скратена постапка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-na-sednitsa-ke-se-izjasni-za-potrebata-za-nosene-na-nekolku-zakoni-po-skratena-postapka/ Thu, 11 Jul 2024 06:00:53 +0000 https://republika.mk/?p=795586

Собранието денеска треба да ја започне 10. седница на која на дневен ред се повеќе точки, генерално закони по скратена постапка.

На седницата треба да бидат верификувани мандатите на Јане Мицевски од Изборната единица 1 и Малиша Станковиќ од Изборната единица 2, двајцата од коалицијата Твоја Македонија.

На дневен ред се исто така и Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.

По скратена постапка, на дневниот ред се предложени, изменување и дополнување на Законот за енергетика, на Законот за Геолошкиот завод, на Законот за енергетска ефикасност, на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, на Законот за метрологијата, на Законот за минерални суровини, на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за основање на Агенција за енергетика, како и изменување и дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, на Законот за техничката инспекција.

The post Собранието на седница ќе се изјасни за потребата за носење на неколку закони по скратена постапка appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска треба да ја започне 10. седница на која на дневен ред се повеќе точки, генерално закони по скратена постапка. На седницата треба да бидат верификувани мандатите на Јане Мицевски од Изборната единица 1 и Малиша Станковиќ од Изборната единица 2, двајцата од коалицијата Твоја Македонија. На дневен ред се исто така и Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан. По скратена постапка, на дневниот ред се предложени, изменување и дополнување на Законот за енергетика, на Законот за Геолошкиот завод, на Законот за енергетска ефикасност, на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, на Законот за метрологијата, на Законот за минерални суровини, на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за основање на Агенција за енергетика, како и изменување и дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, на Законот за техничката инспекција.

The post Собранието на седница ќе се изјасни за потребата за носење на неколку закони по скратена постапка appeared first on Република.

]]>
Собранието ќе ја одржи 9. седница, на дневен ред собраниските делегации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-ke-ja-odrzhi-9-sednitsa-na-dneven-red-sobraniskite-delegatsii/ Fri, 05 Jul 2024 05:30:36 +0000 https://republika.mk/?p=793576

Собранието денеска ќе ја одржи 9. седница на чиј дневен ред се предлог-одлуки за формирање собраниски делегации во повеќе меѓународни организации и годишни изврештаи за работата на неколку македонски институции.

На седницата треба да се расправа по Предлог на одлука за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), како и на Делегација во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ).

Пратениците треба да ги разгледаат предлог одлуките за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), како и за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот).

На дневен ред на оваа седница се и Предлог на одлука за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), Предлог на одлука за избор на шеф и членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК), како и Предлог на одлука за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици - членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

На седницата ќе се расправа и по годишните извештаи за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2023 година, на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2023 година, за работата на Советот на јавните обвинители за 2023 година, за работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад во 2023 година, за работа на Фондот за здравствено осигурување за 2023 година, како и за работата на Агенцијата за администрација за 2023 година.

Според најавата, пратениците ќе ги разгледаат и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2023 година и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2023 година.

The post Собранието ќе ја одржи 9. седница, на дневен ред собраниските делегации appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска ќе ја одржи 9. седница на чиј дневен ред се предлог-одлуки за формирање собраниски делегации во повеќе меѓународни организации и годишни изврештаи за работата на неколку македонски институции. На седницата треба да се расправа по Предлог на одлука за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), како и на Делегација во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ). Пратениците треба да ги разгледаат предлог одлуките за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), како и за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот). На дневен ред на оваа седница се и Предлог на одлука за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), Предлог на одлука за избор на шеф и членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК), како и Предлог на одлука за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици - членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација. На седницата ќе се расправа и по годишните извештаи за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2023 година, на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2023 година, за работата на Советот на јавните обвинители за 2023 година, за работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад во 2023 година, за работа на Фондот за здравствено осигурување за 2023 година, како и за работата на Агенцијата за администрација за 2023 година. Според најавата, пратениците ќе ги разгледаат и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2023 година и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2023 година.

The post Собранието ќе ја одржи 9. седница, на дневен ред собраниските делегации appeared first on Република.

]]>
Милошоски: СДСМ кои го потпишаа Преспанскиот договор периодов координирано напаѓаат заедно со грчката страна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-sdsm-koi-go-potpishaa-prespanskiot-dogovor-periodov-koordinirano-napagaat-zaedno-so-grchkata-strana/ Sat, 22 Jun 2024 15:39:21 +0000 https://republika.mk/?p=789789

Се наследува презадолжена држава во која претходните влади ја етаблирале корупцијата, како правило, а владеењето на правото станало селективен исклучок. од граѓаните со полно право ќе има очекувања за подобар животен стандард, а во буџетот има огромна финансиска дупка и презадолженост, изјави пратеникот  Антонијо Милошоски на собраниската седница за нова влада.

Милошоски истакна дека се наследува хаос во сите институции и претпријатија како ЕЛЕМ, Царина, во образование и здравство, Македонски шуми,  Железници, Агенција за водостопанство, Пошта, ФЗО, Судска администрација, се ова е резултат на неуспехот на СДСМ и ДУИ.

Ќе требаат вонредни напори и поддршка од јавноста за државата да се врати во нормален колосек. Мицкоски ќе има тешка задача.  Имаме држава во која доминираат корупција и инфлација, а државата ќе треба да се преобрази во нова, нормална со економска но и правна сигурност, рече Милошоски.

Милошоски додаде дека кога сме кај правосудниот систем видовме до кое ниво на деградација беа турнати  Судскиот совет и советот на јавни обвинители, а  реформите не се само политичка задача туку нужност, доколку сакаме довербата да биде подобрена.

Во надворешната политика, да се продолжи со стратешкото партнерство со САД, ова е начинот преку кој Македонија може да се избори за своите интереси на глобално нив. Министерот во МНР наследува голем неред во институцијата, естрадна дипломатка Бесмира Ејупи стана попопуларна од министерот Османи Треба сериозен тим и луѓе кои ќе знаат на најсоодветен начин да ги пратат пораките до меѓународната јавност, и да се добиваат најдобрите и квалитетни информации од меѓународните центри, а тоа не може да се добие од Љубомир Фрчковски и Весел Мемеди, нагласи Милошоски.

Милошоски потенцираше дека ќе има тешки битки во меѓународната политика имајќи го пристапот кои Грција и Бугарија го имаат кон Македонија.

– Ако забележите во последниве неколку дена има координирани напади едниот од внатре од СДСМ, а вториот од Мицотакис  од Атина по  однос на Преспанскиот договор и тоа да биде биполарноста поизразена, во Македонија нападите доаѓаат од оние кои го потпишаа овој договор. Во однос на Бугарија преговарачката рамка дополнително и непотребно беше оптоварена со Вториот Протокол со кој Османи се согласи историјата да биде критериум и ова ќе биде предизвик со кој ќе треба да се бориме, изјави Милошоски.

The post Милошоски: СДСМ кои го потпишаа Преспанскиот договор периодов координирано напаѓаат заедно со грчката страна appeared first on Република.

]]>

Се наследува презадолжена држава во која претходните влади ја етаблирале корупцијата, како правило, а владеењето на правото станало селективен исклучок. од граѓаните со полно право ќе има очекувања за подобар животен стандард, а во буџетот има огромна финансиска дупка и презадолженост, изјави пратеникот  Антонијо Милошоски на собраниската седница за нова влада. Милошоски истакна дека се наследува хаос во сите институции и претпријатија како ЕЛЕМ, Царина, во образование и здравство, Македонски шуми,  Железници, Агенција за водостопанство, Пошта, ФЗО, Судска администрација, се ова е резултат на неуспехот на СДСМ и ДУИ.
Ќе требаат вонредни напори и поддршка од јавноста за државата да се врати во нормален колосек. Мицкоски ќе има тешка задача.  Имаме држава во која доминираат корупција и инфлација, а државата ќе треба да се преобрази во нова, нормална со економска но и правна сигурност, рече Милошоски.
Милошоски додаде дека кога сме кај правосудниот систем видовме до кое ниво на деградација беа турнати  Судскиот совет и советот на јавни обвинители, а  реформите не се само политичка задача туку нужност, доколку сакаме довербата да биде подобрена.
Во надворешната политика, да се продолжи со стратешкото партнерство со САД, ова е начинот преку кој Македонија може да се избори за своите интереси на глобално нив. Министерот во МНР наследува голем неред во институцијата, естрадна дипломатка Бесмира Ејупи стана попопуларна од министерот Османи Треба сериозен тим и луѓе кои ќе знаат на најсоодветен начин да ги пратат пораките до меѓународната јавност, и да се добиваат најдобрите и квалитетни информации од меѓународните центри, а тоа не може да се добие од Љубомир Фрчковски и Весел Мемеди, нагласи Милошоски.
Милошоски потенцираше дека ќе има тешки битки во меѓународната политика имајќи го пристапот кои Грција и Бугарија го имаат кон Македонија.
– Ако забележите во последниве неколку дена има координирани напади едниот од внатре од СДСМ, а вториот од Мицотакис  од Атина по  однос на Преспанскиот договор и тоа да биде биполарноста поизразена, во Македонија нападите доаѓаат од оние кои го потпишаа овој договор. Во однос на Бугарија преговарачката рамка дополнително и непотребно беше оптоварена со Вториот Протокол со кој Османи се согласи историјата да биде критериум и ова ќе биде предизвик со кој ќе треба да се бориме, изјави Милошоски.

The post Милошоски: СДСМ кои го потпишаа Преспанскиот договор периодов координирано напаѓаат заедно со грчката страна appeared first on Република.

]]>
Гаши: Првата собраниска седница ќе биде за измена на системските закони за формирање нови министерства https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-prvata-sobraniska-sednitsa-ke-bide-za-izmena-na-sistemskite-zakoni-za-formirane-novi-ministerstva/ Thu, 30 May 2024 15:29:59 +0000 https://republika.mk/?p=783277

Претседателот на Собранието Африм Гаши најавува дека на првата седница што ќе ja закаже, уште пред формирањето на Владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства. Но, исто така на дневен ред би можеле да се најдат и измени со кои ќe се избегнат предвремени избори за градоначалници.

- Сега сме исправени пред предизвикот да имаме носители на општините кои ќе се изберат за пет, шест месеци и после за седум, осум месеци пак да има избори. Мислам дека не е во ред и спротивно е на Уставот некој да се избере со четиригодишен мандат, а некој да се избере со исти гласови на избори со мандат од осум месеци. Мислиме дека е неуставно и треба да се поправи со закон кој ќе овозможи тоа да биде можно, вели Гаши во интервју за Радио Слободна Европа.

За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство.

Градоначалниците на Гостивар, Арбен Таравари и на Аеродром, Тимчо Муцунски се меѓу оние кои се споменуваат дека ќе направат трансфер од локалната во извршната власт. Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети стана пратеник од редовите на коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ.

The post Гаши: Првата собраниска седница ќе биде за измена на системските закони за формирање нови министерства appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието Африм Гаши најавува дека на првата седница што ќе ja закаже, уште пред формирањето на Владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства. Но, исто така на дневен ред би можеле да се најдат и измени со кои ќe се избегнат предвремени избори за градоначалници.
- Сега сме исправени пред предизвикот да имаме носители на општините кои ќе се изберат за пет, шест месеци и после за седум, осум месеци пак да има избори. Мислам дека не е во ред и спротивно е на Уставот некој да се избере со четиригодишен мандат, а некој да се избере со исти гласови на избори со мандат од осум месеци. Мислиме дека е неуставно и треба да се поправи со закон кој ќе овозможи тоа да биде можно, вели Гаши во интервју за Радио Слободна Европа.
За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство. Градоначалниците на Гостивар, Арбен Таравари и на Аеродром, Тимчо Муцунски се меѓу оние кои се споменуваат дека ќе направат трансфер од локалната во извршната власт. Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети стана пратеник од редовите на коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ.

The post Гаши: Првата собраниска седница ќе биде за измена на системските закони за формирање нови министерства appeared first on Република.

]]>
Само 32 пратеници Македонци гласаа „за“ уставните измени да бидат на дневен ред на собраниската седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samo-32-pratenitsi-makedontsi-glasaa-za-ustavnite-izmeni-da-bidat-na-dneven-red-na-sobraniskata-sednitsa/ Fri, 18 Aug 2023 14:39:36 +0000 https://republika.mk/?p=673484

Гласањето на дневниот ред за седницата за уставни измени покажа дека нема 80 пратеници за промена на уставот. Од 119 пратеници кои го најавиле своето присуство, само 70 пратеници дадоа поддршка за дневниот ред на седницата на која единствена точка е Предлогот за пристапување кон измени на Уставот, а 47 пратеници гласаа против. Двајца не се изјаснија - Фадил Зендели од БЕСА и Илија Николовски, кој е член на ПОПГМ, партија од коалицијата на СДСМ. Отсутен од денешната седница беше единствен пратеник од владејачката СДСМ, кој не гласеше за заклучоците за „францускиот предлог“, Диме Велковски.

Кој гласаше ЗА?

Од 70 гласови ЗА точката за измена на Уставот, гласале 32 пратеници кои се изјасниле како Македонци. Тоа се останатите пратеници од СДСМ и коалиционите партнери. Останатите 38 пратеници се Албанци, но и Турци, Влав, Србин, Ромка...  Мнозинството македонски пратеници се против уставните измени со кои  Бугарите треба да влезат во македонскиот устав. Сите 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи како и тројца други.

The post Само 32 пратеници Македонци гласаа „за“ уставните измени да бидат на дневен ред на собраниската седница appeared first on Република.

]]>

Гласањето на дневниот ред за седницата за уставни измени покажа дека нема 80 пратеници за промена на уставот. Од 119 пратеници кои го најавиле своето присуство, само 70 пратеници дадоа поддршка за дневниот ред на седницата на која единствена точка е Предлогот за пристапување кон измени на Уставот, а 47 пратеници гласаа против. Двајца не се изјаснија - Фадил Зендели од БЕСА и Илија Николовски, кој е член на ПОПГМ, партија од коалицијата на СДСМ. Отсутен од денешната седница беше единствен пратеник од владејачката СДСМ, кој не гласеше за заклучоците за „францускиот предлог“, Диме Велковски. Кој гласаше ЗА? Од 70 гласови ЗА точката за измена на Уставот, гласале 32 пратеници кои се изјасниле како Македонци. Тоа се останатите пратеници од СДСМ и коалиционите партнери. Останатите 38 пратеници се Албанци, но и Турци, Влав, Србин, Ромка...  Мнозинството македонски пратеници се против уставните измени со кои  Бугарите треба да влезат во македонскиот устав. Сите 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи како и тројца други.

The post Само 32 пратеници Македонци гласаа „за“ уставните измени да бидат на дневен ред на собраниската седница appeared first on Република.

]]>
Продолженија на четири седници на Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhenija-na-chetiri-sednitsi-na-sobranieto/ Tue, 04 Jul 2023 06:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=657872

Во Собранието денеска се закажани продолженија на 103-та, 111-та, 115-та и 117-та седница.

Како што е објавено на веб страницата на законодавниот дом, во рамки на 103-та седница меѓу точките кои треба да се разгледаат се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви, Предлог на закон за данок на солидарност, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, сите по скратена постапка.

На дневниот ред се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Народната банка во прво читање, како и измените на Законот за вработување на инвалидни лица и измените на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, двата по скратена постапка.

Во рамки на 111-та седница меѓу преостанатите точки за разгледување се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за пријавување и евиденција на обврски, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната во прво читање. На оваа седница на дневен се ред и Годишниот извештај на Судскиот совет за 2022 година и Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2021 година.

Според дневниот ред, пак, на 115-та седница, поголем дел од точките треба да бидат реазгледани меѓу нив и годишните извештаи на повеќе институции како што Годишниот извештај за работата на ДКСК за 2022 година, Годишниот извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2022 година, Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2022, Годишен извештај за работа на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2022 година, Извештајот за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година и Годишен извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2022 година.

Предлог на закон за употреба на македонскиот јазик во прво читање, и на Предлог закон за дополнување на Законот за јавните патишта, Предлог на закон за изменување на Законот за здравственото осигурување и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за виното, сите три по скратена постапка, се дел од дневниот ред на 117-та седница.

The post Продолженија на четири седници на Собранието appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска се закажани продолженија на 103-та, 111-та, 115-та и 117-та седница. Како што е објавено на веб страницата на законодавниот дом, во рамки на 103-та седница меѓу точките кои треба да се разгледаат се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви, Предлог на закон за данок на солидарност, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, сите по скратена постапка. На дневниот ред се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Народната банка во прво читање, како и измените на Законот за вработување на инвалидни лица и измените на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, двата по скратена постапка. Во рамки на 111-та седница меѓу преостанатите точки за разгледување се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за пријавување и евиденција на обврски, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната во прво читање. На оваа седница на дневен се ред и Годишниот извештај на Судскиот совет за 2022 година и Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2021 година. Според дневниот ред, пак, на 115-та седница, поголем дел од точките треба да бидат реазгледани меѓу нив и годишните извештаи на повеќе институции како што Годишниот извештај за работата на ДКСК за 2022 година, Годишниот извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2022 година, Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2022, Годишен извештај за работа на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2022 година, Извештајот за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година и Годишен извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2022 година. Предлог на закон за употреба на македонскиот јазик во прво читање, и на Предлог закон за дополнување на Законот за јавните патишта, Предлог на закон за изменување на Законот за здравственото осигурување и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за виното, сите три по скратена постапка, се дел од дневниот ред на 117-та седница.

The post Продолженија на четири седници на Собранието appeared first on Република.

]]>
Пратениците втор ден расправаат за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenicite-vtor-den-raspravaat-za-predlogot-risto-penov-da-bide-nov-minister-za-lokalna-samouprava/ Wed, 26 Oct 2022 12:15:35 +0000 https://republika.mk/?p=565906

Во Собранието денеска продолжи дебатата на пратениците за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. Расправата траеше два часа, по што потпретседателот на Собранието Горан Мисовски даде пауза до 15 часот.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денеска наместо да се разговара за мерки и помош на граѓаните се дискутира за министерски функции и фотелји.

Како да веруваме дека денешниот предлог е квалитетен и дека како што кажа премиерот е предлог кој ќе ја зајакне Владата и ќе ја зголеми ефикасноста и успешноста во нејзиното работење. За да ја зајакне Владата, таа логички треба да е јака, а не е. За да ја зголеми ефикасноста и успешноста во нејзиното работење требаше досега да видиме ефикасност и успешност и работење, а видовме само неефикасност, неуспешност и неработење. Ефектот од неработењето го чувствуваме сите – 30 проценти пад во турзизмот, тој ефект значи и осиромашени граѓани и банкротирани фирми. До каде ви се мерките за справување со енергеската криза?, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петковска.

Петковска посочи дека пратениците треба да ги презентираат досегашните достигнувања на Министерството за локална самоуправа и планот за работа на Министерството и на предлогот за министер Пенов.

Добро ќе беше да кажете во каква состојба Пенов го наследува Министерството во кое врие од непотизам. Сакав да слушнам што планира Пенов да направи за заживување на туризмот во локалните самоуправи, што ќе преземе во насока на порамномерен регионален развој, како ќе го поттикнува развојот на стопански неразвиените подрачја итн., рече Петковска.

На ова реплицираше пратеникот Коле Чаракчиев од СДСМ, кој истакна дека предлогот за нов министер за локална самоуправа, само ќе го зајакне капацитетот на Владата во интерес на граѓаните на државата.

Со такво Си-Ви како на Пенов можеме само да се гордееме. Тој ќе може само да го зајакне капацитетот на Владата во интерес на граѓаните на Република Cеверна Македонија. Мислам дека апсолутно треба да дадеме поддршка и очекувам дека сите заедно ќе ја дадеме таа поддршка, нагласи Чаракчиев.

Според пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, предлогот за нов член на Владата доаѓа од нелигитимен предлагач.

Премиерот има позадина, има една афера со која е поврзан и во моментов нема доволен легитимитет за да биде предлагач. Целосно неуспешна Влада во целина не може да бара поддршка за нов член, туку треба да си даде оставка, потенцира Лефков.

На дневен ред на пленарната седница е и изборот на уставни судии, за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева.

На оваа седница на дневен ред, меѓу останатите, се и закони поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законите за здруженија и за политичките партии.

The post Пратениците втор ден расправаат за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска продолжи дебатата на пратениците за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. Расправата траеше два часа, по што потпретседателот на Собранието Горан Мисовски даде пауза до 15 часот. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денеска наместо да се разговара за мерки и помош на граѓаните се дискутира за министерски функции и фотелји.
Како да веруваме дека денешниот предлог е квалитетен и дека како што кажа премиерот е предлог кој ќе ја зајакне Владата и ќе ја зголеми ефикасноста и успешноста во нејзиното работење. За да ја зајакне Владата, таа логички треба да е јака, а не е. За да ја зголеми ефикасноста и успешноста во нејзиното работење требаше досега да видиме ефикасност и успешност и работење, а видовме само неефикасност, неуспешност и неработење. Ефектот од неработењето го чувствуваме сите – 30 проценти пад во турзизмот, тој ефект значи и осиромашени граѓани и банкротирани фирми. До каде ви се мерките за справување со енергеската криза?, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петковска.
Петковска посочи дека пратениците треба да ги презентираат досегашните достигнувања на Министерството за локална самоуправа и планот за работа на Министерството и на предлогот за министер Пенов.
Добро ќе беше да кажете во каква состојба Пенов го наследува Министерството во кое врие од непотизам. Сакав да слушнам што планира Пенов да направи за заживување на туризмот во локалните самоуправи, што ќе преземе во насока на порамномерен регионален развој, како ќе го поттикнува развојот на стопански неразвиените подрачја итн., рече Петковска.
На ова реплицираше пратеникот Коле Чаракчиев од СДСМ, кој истакна дека предлогот за нов министер за локална самоуправа, само ќе го зајакне капацитетот на Владата во интерес на граѓаните на државата.
Со такво Си-Ви како на Пенов можеме само да се гордееме. Тој ќе може само да го зајакне капацитетот на Владата во интерес на граѓаните на Република Cеверна Македонија. Мислам дека апсолутно треба да дадеме поддршка и очекувам дека сите заедно ќе ја дадеме таа поддршка, нагласи Чаракчиев.
Според пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, предлогот за нов член на Владата доаѓа од нелигитимен предлагач.
Премиерот има позадина, има една афера со која е поврзан и во моментов нема доволен легитимитет за да биде предлагач. Целосно неуспешна Влада во целина не може да бара поддршка за нов член, туку треба да си даде оставка, потенцира Лефков.
На дневен ред на пленарната седница е и изборот на уставни судии, за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. На оваа седница на дневен ред, меѓу останатите, се и закони поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законите за здруженија и за политичките партии.

The post Пратениците втор ден расправаат за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>
Седницата за избор на Пенов за министер за локална самоуправа продолжува утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sednicata-za-izbor-na-penov-za-minister-za-lokalna-samouprava-prodolzuva-utre/ Tue, 25 Oct 2022 15:40:49 +0000 https://republika.mk/?p=565551

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски објави дека 88. седница на која пратениците дискутираат за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа продолжува утре по 12 часот.

Премиерот Димитар Ковачевски во експозето пред пратениците истакна дека е убеден оти Владата со Ристо Пенов во областа на локална самоуправа ќе направи многу повеќе во стратешките политики и на локално и на централно ниво.

Според опозицијата, Владата повторно прави дефокус на јавноста, додека пратениците од власта истакнаа дека Пенов е добар избор и побараа поддршка од опозициските пратеници.

Предлогот Пенов да биде избран за нов министер за локална самоуправа доаѓа откако неговиот сопартиец Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини.

Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88. седница. Пенов е поранешен пратеник и градоначалник на Скопје. Еден од основачите на Либерално-демократската партија и нејзин поранешен претседател. Магистрирал на Правниот факултет во Скопје, а дипломирал на Економскиот факултет.

На дневен ред на 88-та пленарна седница е и изборот на уставни судии за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. За останатите седуммина кандидати, дебатата и изјаснувањето во Комисијата не е завршено.

На дневен ред на оваа седница се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законот за здруженија и за политичките партии и друго.

The post Седницата за избор на Пенов за министер за локална самоуправа продолжува утре appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски објави дека 88. седница на која пратениците дискутираат за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа продолжува утре по 12 часот. Премиерот Димитар Ковачевски во експозето пред пратениците истакна дека е убеден оти Владата со Ристо Пенов во областа на локална самоуправа ќе направи многу повеќе во стратешките политики и на локално и на централно ниво. Според опозицијата, Владата повторно прави дефокус на јавноста, додека пратениците од власта истакнаа дека Пенов е добар избор и побараа поддршка од опозициските пратеници. Предлогот Пенов да биде избран за нов министер за локална самоуправа доаѓа откако неговиот сопартиец Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини. Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88. седница. Пенов е поранешен пратеник и градоначалник на Скопје. Еден од основачите на Либерално-демократската партија и нејзин поранешен претседател. Магистрирал на Правниот факултет во Скопје, а дипломирал на Економскиот факултет. На дневен ред на 88-та пленарна седница е и изборот на уставни судии за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. За останатите седуммина кандидати, дебатата и изјаснувањето во Комисијата не е завршено. На дневен ред на оваа седница се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законот за здруженија и за политичките партии и друго.

The post Седницата за избор на Пенов за министер за локална самоуправа продолжува утре appeared first on Република.

]]>
Седницата ќе доцни поради дефект на електрониката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sednicata-kje-docni-poradi-defekt-na-elektronikata/ Mon, 17 Oct 2022 12:32:57 +0000 https://republika.mk/?p=562089

Собранието не може да ја започне 88. седница поради проблеми со електрониката. Екипите веќе работат на остранување на дефектот, соопштија од кацеларијата на Генералниот секретар на Собранието.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието, посочуваат дека за почетокот ќе информираат во текот на денешниот ден, откако ќе бидат отстранети техничките проблеми.

Седницата првично беше закажана за 11 часот, па одложена за 13 часот, а засега не се знае кога ќе почне.

Во текот на денот дневниот ред на 88. седница постојано се дополнуваше со нови точки. На дневен ред на оваа седница, меѓу останати, се и измени и дополнувања на закони, како дел од меркита за справување со енергетската криза, потоа на законот за здруженија и за политичките партии, како и избор на нов министер за локална самоуправа и на двајца судии во Уставниот суд

The post Седницата ќе доцни поради дефект на електрониката appeared first on Република.

]]>

Собранието не може да ја започне 88. седница поради проблеми со електрониката. Екипите веќе работат на остранување на дефектот, соопштија од кацеларијата на Генералниот секретар на Собранието. Од Кабинетот на претседателот на Собранието, посочуваат дека за почетокот ќе информираат во текот на денешниот ден, откако ќе бидат отстранети техничките проблеми. Седницата првично беше закажана за 11 часот, па одложена за 13 часот, а засега не се знае кога ќе почне. Во текот на денот дневниот ред на 88. седница постојано се дополнуваше со нови точки. На дневен ред на оваа седница, меѓу останати, се и измени и дополнувања на закони, како дел од меркита за справување со енергетската криза, потоа на законот за здруженија и за политичките партии, како и избор на нов министер за локална самоуправа и на двајца судии во Уставниот суд

The post Седницата ќе доцни поради дефект на електрониката appeared first on Република.

]]>
Пренџов: Бадијала фрлаа и кршеа, во Собранието нема место за неуставни закони https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prendzov-badijala-frlaa-i-krshea-vo-sobranieto-nema-mesto-za-neustavni-zakoni/ Thu, 30 Jun 2022 05:58:30 +0000 https://republika.mk/?p=521348

Пратеникот Љупчо Пренџов ја коментира вчерашната собраниска седница, на која не успеа да се донест измените на Законот за работни односи.

Пред да ја затвори седницата, за збор кај Џафери се пријавија 40 пратеници. Практично, сите пратеници од опозицијата во Парламентот, заедно со Алијанса за Албанците. Со правото на 4 реплики, тоа би фатило период од неколки дена, а веќе за утре на дневен ред е интерпелацијата на Џафери, а задутре е први јули, кога околу 60 судии и 13 обвинители ќе се пензионираат со 64, односно 62 години, по актуелниот закон.

Според образложението на предлог-измените на Законот за работните односи, чиј предлагач е Министерството за труд и социјална политика, продолжувањето на работниот век на 60 судии и 13 обвинители до 67 години старост е од суштински јавен интерес и ќе овозможи моментално непречено извршување на судската власт како есенција на владеењето на правото.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ НИкола Мицевски обвини дека власта и претседателот на Собранието Џафери прават ново насилие во Собранието, и праша зошто им се брза со законот и укажа дека ова законско решение се носи да се продолжи мандатот на петнаесетина судии и десетина обвинители.

Пратеникот Димитар Апасиев рече дека Левица ќе гласа против овој закон, бидејќи е „контроверзен закон кој се обидува да се донесе на шверцерски и на силеџиски начин“.

„Судиите со нивниот траен мандат се покажаа како рак рана на ова општество и ни треба драстичен ресет на судството по југословенски критериум, а тоа значи дека судиите не треба да имаат траен мандат и затоа треба да се смени Уставот за тоа да го смениме. Откако ќе се изгласа овој закон ќе може да го оспориме на Уставен суд, а сите овие преседани еден ден ќе ви се удрат од глава“, рече Апасиев.

„Само вие ги знаете причините зошто брзате да ги испратите во пензија овие судии и обвинители. Ние сакаме да им го продолжиме мандатот не за нас, туку за граѓаните. А вие си знаете зошто сакате да го спречите тоа. Се жалите сте биле уморни по целодневна расправа за пратенички прашања. Еве тука ја прекинувам оваа седница, за нејзиното продолжение дополнително ќе бидете известени“, рече Џафери и ја прекина седницата.

The post Пренџов: Бадијала фрлаа и кршеа, во Собранието нема место за неуставни закони appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Љупчо Пренџов ја коментира вчерашната собраниска седница, на која не успеа да се донест измените на Законот за работни односи. Пред да ја затвори седницата, за збор кај Џафери се пријавија 40 пратеници. Практично, сите пратеници од опозицијата во Парламентот, заедно со Алијанса за Албанците. Со правото на 4 реплики, тоа би фатило период од неколки дена, а веќе за утре на дневен ред е интерпелацијата на Џафери, а задутре е први јули, кога околу 60 судии и 13 обвинители ќе се пензионираат со 64, односно 62 години, по актуелниот закон. Според образложението на предлог-измените на Законот за работните односи, чиј предлагач е Министерството за труд и социјална политика, продолжувањето на работниот век на 60 судии и 13 обвинители до 67 години старост е од суштински јавен интерес и ќе овозможи моментално непречено извршување на судската власт како есенција на владеењето на правото. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ НИкола Мицевски обвини дека власта и претседателот на Собранието Џафери прават ново насилие во Собранието, и праша зошто им се брза со законот и укажа дека ова законско решение се носи да се продолжи мандатот на петнаесетина судии и десетина обвинители. Пратеникот Димитар Апасиев рече дека Левица ќе гласа против овој закон, бидејќи е „контроверзен закон кој се обидува да се донесе на шверцерски и на силеџиски начин“. „Судиите со нивниот траен мандат се покажаа како рак рана на ова општество и ни треба драстичен ресет на судството по југословенски критериум, а тоа значи дека судиите не треба да имаат траен мандат и затоа треба да се смени Уставот за тоа да го смениме. Откако ќе се изгласа овој закон ќе може да го оспориме на Уставен суд, а сите овие преседани еден ден ќе ви се удрат од глава“, рече Апасиев. „Само вие ги знаете причините зошто брзате да ги испратите во пензија овие судии и обвинители. Ние сакаме да им го продолжиме мандатот не за нас, туку за граѓаните. А вие си знаете зошто сакате да го спречите тоа. Се жалите сте биле уморни по целодневна расправа за пратенички прашања. Еве тука ја прекинувам оваа седница, за нејзиното продолжение дополнително ќе бидете известени“, рече Џафери и ја прекина седницата.

The post Пренџов: Бадијала фрлаа и кршеа, во Собранието нема место за неуставни закони appeared first on Република.

]]>
Џафери ја прекина собраниската седница за продолжување на ангажманот на судиите и обвинителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-ja-prekina-sobraniskata-sednica-za-prodolzuvanje-na-angazmanot-na-sudiite-i-obvinitelite/ Wed, 29 Jun 2022 20:34:49 +0000 https://republika.mk/?p=521315

Со задоцнување од околу половина час вечерва во Собранието продолжи 75. седница со две точки на дневниот ред, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2022 година и Предлог на закон за дополнување на Законот за работните односи, двата по скратена постапка, но набрзо претседателот Собранието Талат Џафери ја прекина.

Џафери информираше дека нема услови за разгледување на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2022 година зошто сѐ уште не е поминат на соодветната комисија.

Предлог-законот за дополнување на Законот за работните односи се однесува во делот на престанок на договорот за вработување, со предвидување на исклучок за судиите и јавните обвинители и предвидување одредби за продолжување на нивниот мандат. Временската важност на овие одредби, се предлага да трае најмногу до три години сѐ со цел да се постигне пополнетост на местата во судовите и јавните обвинителства.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Мицевски имаше процедурална забелешка. Тој обвини за, како што рече, нов преседан и скандал на власта бидејќи првпат во историјата на Парламентот се закажува седница веднаш по завршувањето на седницата за пратенички прашања и укажа дека седницата доцнела повеќе од 30-тина минути.

Според него, власта и претседателот на Собранието Џафери прават ново насилие во Собранието, праша зошто им се брза со законот и укажа дека ова законско решение се носи да се продолжи мандатот на петнаесетина судии и десетина обвинители.

Пратеникот Димитар Апасиев рече дека Левица ќе гласа против овој закон, бидејќи е „контроверзен закон кој се обидува да се донесе на шверцерски и на силеџиски начин“. Тој кажа дека за тоа предупредил пред неколку дена и потоа следеле немилите сцени. Апасиев вели дека е фалсификувана коресподентната табела која им е приложена на пратениците и најави дека за тоа ќе поднесат кривична пријава. Како што рече, се оди кон тоа да се избегне двотретинското мнозинство и да се прошверцува овој закон, а фалсификувани се и извештаите потпишани од Комисијата за европски прашања, каде настанаа тепачките.

„Судиите со нивниот траен мандат се покажаа како рак рана на ова општество и ни треба драстичен ресет на судството по југословенски критериум, а тоа значи дека судиите не треба да имаат траен мандат и затоа треба да се смени Уставот за тоа да го смениме. Откако ќе се изгласа овој закон ќе може да го оспориме на Уставен суд, а сите овие преседани еден ден ќе ви се удрат од глава“, рече Апасиев.

Претседателот на Собранието, Џафери се повика на Деловникот на Собранието и на почитување на законите, ја прекина седницата и рече дека за нејзиното продолжување пратениците ќе бидат дополнително информирани.

The post Џафери ја прекина собраниската седница за продолжување на ангажманот на судиите и обвинителите appeared first on Република.

]]>

Со задоцнување од околу половина час вечерва во Собранието продолжи 75. седница со две точки на дневниот ред, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2022 година и Предлог на закон за дополнување на Законот за работните односи, двата по скратена постапка, но набрзо претседателот Собранието Талат Џафери ја прекина. Џафери информираше дека нема услови за разгледување на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2022 година зошто сѐ уште не е поминат на соодветната комисија. Предлог-законот за дополнување на Законот за работните односи се однесува во делот на престанок на договорот за вработување, со предвидување на исклучок за судиите и јавните обвинители и предвидување одредби за продолжување на нивниот мандат. Временската важност на овие одредби, се предлага да трае најмногу до три години сѐ со цел да се постигне пополнетост на местата во судовите и јавните обвинителства. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Мицевски имаше процедурална забелешка. Тој обвини за, како што рече, нов преседан и скандал на власта бидејќи првпат во историјата на Парламентот се закажува седница веднаш по завршувањето на седницата за пратенички прашања и укажа дека седницата доцнела повеќе од 30-тина минути. Според него, власта и претседателот на Собранието Џафери прават ново насилие во Собранието, праша зошто им се брза со законот и укажа дека ова законско решение се носи да се продолжи мандатот на петнаесетина судии и десетина обвинители. Пратеникот Димитар Апасиев рече дека Левица ќе гласа против овој закон, бидејќи е „контроверзен закон кој се обидува да се донесе на шверцерски и на силеџиски начин“. Тој кажа дека за тоа предупредил пред неколку дена и потоа следеле немилите сцени. Апасиев вели дека е фалсификувана коресподентната табела која им е приложена на пратениците и најави дека за тоа ќе поднесат кривична пријава. Како што рече, се оди кон тоа да се избегне двотретинското мнозинство и да се прошверцува овој закон, а фалсификувани се и извештаите потпишани од Комисијата за европски прашања, каде настанаа тепачките.
„Судиите со нивниот траен мандат се покажаа како рак рана на ова општество и ни треба драстичен ресет на судството по југословенски критериум, а тоа значи дека судиите не треба да имаат траен мандат и затоа треба да се смени Уставот за тоа да го смениме. Откако ќе се изгласа овој закон ќе може да го оспориме на Уставен суд, а сите овие преседани еден ден ќе ви се удрат од глава“, рече Апасиев.
Претседателот на Собранието, Џафери се повика на Деловникот на Собранието и на почитување на законите, ја прекина седницата и рече дека за нејзиното продолжување пратениците ќе бидат дополнително информирани.

The post Џафери ја прекина собраниската седница за продолжување на ангажманот на судиите и обвинителите appeared first on Република.

]]>
Собранието го донесе дневниот ред на 73-тата седница, ќе продолжи со работа во 21 часот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-go-donese-dnevniot-red-na-73-tata-sednica-kje-prodolzi-so-rabota-vo-21-chasot/ Tue, 07 Jun 2022 17:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=512337

Собранието доцна попладнево едногласно со 64 гласа „за“ го изгласа дневниот ред на 73-тата седница. Претходно во текот на денот, пратениците, главно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, предлагаа законски предлози како точки за дополнување на дневниот ред, за промена на распоредот на точките, односно за повлекување од дневниот ред на предложени законски решенија за 73-тата седница.

На дневниот ред има 12 точки од кои првата за која во моментов е отворена расправа е Предлог-одлука за изменување на Одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина. За збор се пријавени 18 говорници, а поради обврски на претседателот на Собранието Талат Џафери и пречек на делегација седницата ќе продолжи во 21 часот

The post Собранието го донесе дневниот ред на 73-тата седница, ќе продолжи со работа во 21 часот appeared first on Република.

]]>

Собранието доцна попладнево едногласно со 64 гласа „за“ го изгласа дневниот ред на 73-тата седница. Претходно во текот на денот, пратениците, главно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, предлагаа законски предлози како точки за дополнување на дневниот ред, за промена на распоредот на точките, односно за повлекување од дневниот ред на предложени законски решенија за 73-тата седница. На дневниот ред има 12 точки од кои првата за која во моментов е отворена расправа е Предлог-одлука за изменување на Одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина. За збор се пријавени 18 говорници, а поради обврски на претседателот на Собранието Талат Џафери и пречек на делегација седницата ќе продолжи во 21 часот

The post Собранието го донесе дневниот ред на 73-тата седница, ќе продолжи со работа во 21 часот appeared first on Република.

]]>
Собранието се уште го утврдува дневниот ред од новата 73. седница, прогласена едночасовна пауза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-se-ushte-go-utvrduva-dnevniot-red-od-novata-73-sednica-proglasena-ednochasovna-pauza/ Tue, 07 Jun 2022 16:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=512307

Собранието попладнево продолжи со утврдување на дневниот ред од новата 73. седница, која ја започна денеска.

Предлог дневниот ред содржи 12 точки, по кои треба да работат пратениците, меѓу кои, две предлог-одлуки за испраќање на војници во меѓународни операции, две ратификации, измени на Законот за платите на судиите, како и на членовите на Судскиот совет, измени на Законот за сигурност на железничкиот систем, како и измени на Законот за средното образование.

Пратениците, главно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата предлагаа законски предлози како точки за дополнување на дневниот ред, за промена на распоредот на точките, односно за повлекување од дневниот ред на предложени законски решенија за 73. седница.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески процедурално – реагираше во врска со употребата на новиот систем во Собранието во однос на скратувањето на времетраењето на обраќање на пратеник-сопартиец на кој, како што посочи, согласно деловничките можности за предлагање точка на дневен ред му следувале три минути, а му беа ускратени две минути.

Сите сме тука исти. Системот е нов сите го учиме, но не сте вие тој што треба да го злоупотребува и да се крати времето за зборување на пратениците. Продолжувате да ги кршите деловничките одредби и да омаловажувате и се обидувате да ја затраете опозицијата. Ова е еден вид замолчување на опозицијата . Почитувајте го Деловникот, рече Мицески.

На процедурална забелешка од заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска дека не се почитува членот 85 од Деловникот според кој спикерот треба да се грижи пратениците да не бидат прекинувани при говорот и дека се злоупотребува системот, претседателот на Собранието Џафери рече дека нема проблеми по однос на овој член, Деловникот го одредува времето за збор, а процесот на дигитализација на работата на Собранието е согласно планот за развој.

Не сакам на никого да му упаднам во збор, технологијата го мери времето. Тој кој треба да го заврши мислењето пред него може да го види времето бидејќи нема можност да се излезе надвор од софтверот за да се направи преседан со користење на технологијата. Системот е нов не се снаоѓаме најдобро со технологијата, но имаме време, ќе продолжиме да работиме, рече Џафери.

На барање на Стојановска прогласена е пауза од еден час.

The post Собранието се уште го утврдува дневниот ред од новата 73. седница, прогласена едночасовна пауза appeared first on Република.

]]>

Собранието попладнево продолжи со утврдување на дневниот ред од новата 73. седница, која ја започна денеска. Предлог дневниот ред содржи 12 точки, по кои треба да работат пратениците, меѓу кои, две предлог-одлуки за испраќање на војници во меѓународни операции, две ратификации, измени на Законот за платите на судиите, како и на членовите на Судскиот совет, измени на Законот за сигурност на железничкиот систем, како и измени на Законот за средното образование. Пратениците, главно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата предлагаа законски предлози како точки за дополнување на дневниот ред, за промена на распоредот на точките, односно за повлекување од дневниот ред на предложени законски решенија за 73. седница. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески процедурално – реагираше во врска со употребата на новиот систем во Собранието во однос на скратувањето на времетраењето на обраќање на пратеник-сопартиец на кој, како што посочи, согласно деловничките можности за предлагање точка на дневен ред му следувале три минути, а му беа ускратени две минути.
Сите сме тука исти. Системот е нов сите го учиме, но не сте вие тој што треба да го злоупотребува и да се крати времето за зборување на пратениците. Продолжувате да ги кршите деловничките одредби и да омаловажувате и се обидувате да ја затраете опозицијата. Ова е еден вид замолчување на опозицијата . Почитувајте го Деловникот, рече Мицески.
На процедурална забелешка од заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска дека не се почитува членот 85 од Деловникот според кој спикерот треба да се грижи пратениците да не бидат прекинувани при говорот и дека се злоупотребува системот, претседателот на Собранието Џафери рече дека нема проблеми по однос на овој член, Деловникот го одредува времето за збор, а процесот на дигитализација на работата на Собранието е согласно планот за развој.
Не сакам на никого да му упаднам во збор, технологијата го мери времето. Тој кој треба да го заврши мислењето пред него може да го види времето бидејќи нема можност да се излезе надвор од софтверот за да се направи преседан со користење на технологијата. Системот е нов не се снаоѓаме најдобро со технологијата, но имаме време, ќе продолжиме да работиме, рече Џафери.
На барање на Стојановска прогласена е пауза од еден час.

The post Собранието се уште го утврдува дневниот ред од новата 73. седница, прогласена едночасовна пауза appeared first on Република.

]]>
Нема пратеници во салата, нема гласање закони https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-pratenici-vo-salata-nema-glasanje-zakoni/ Thu, 24 Mar 2022 17:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=477854

Собранието попладнево разгледа повеќе точки во рамки на 64.седница, но гласањето по Предлог-законот за изменување на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки по скратена постапка, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полиција во второ читање, дополнет Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи во второ читање и барањето за давање на автентично толкување на член 15 став (2), а во врска со став (4) од Законот за спречување и заштита од дискриминација поднесено од пратеничката Маја Морачанин, ќе биде дополнително закажано, поради немање доволен број пратеници во салата.

За останатите точки не беа создадени деловнички можности за да можат денеска да се разгледуваат и поради тоа седницата беше прекината, а за нејзиното продолжение пратениците ќе бидат дополнително информирани.

Во образложението на дополнетиот предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи во второ читање, пратеничката Даниела Николова од СДСМ рече дека извршено е ревидирање на конкретни одредби на Законот за внатрешни работи и се предвидени значајни измени и дополнувања кои се однесуваат не неколку суштински моменти.

Посочи дека со дополнувањето на овој закон се предвидува воведување на тест за интегритет на лицата кои се вработени во МВР и нивна континуирана проверка на интегритетот и тој тест има за цел спречување на корупцијата и злоупотреба на службената должност, извршување на работните задачи од страна на работниците на МВР на политички неутрален начин, допрецизирање на одредбите за засновање работен однос во МВР без јавен оглас, воведување обврска за поднесување изјава за имотната состојба и интереси, ревидирање на дисциплинските процедури, како и оперативна независност на полицијата.

Во образложението на делот кој се однесува на воведувањето тест за интегритет на лицата кои се вработени во МВР, таа посочи дека тој тестот претставува контрола на постапување на работникот во МВР и тоа во симулирана ситуација која е идентична на неговите работни задачи и активности без обврска претходно да биде известена организациската единица во која работи работникот.

– Негативниот резултат на тој тест претставува основа за поведува дисциплинска постапка против работникот бидејќи тоа би значело дека тестираниот работник не го докал својот професионален интегритет при извршување на задачите кои се во неговиот делокруг, не постапувал согласно законот и покажал склоности кон корупција…, додаде Николова.

Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека се работи за законско решение со кое се сака да се партизира МВР. Со ова законско решение, посочи таа, може да има унапредувања три скалила во МВР без потребни услови, јавни огласи ќе нема…

Пратеничката Маја Морачанин во образложението на барањето за давање на автентично толкување на член 15 став (2), а во врска со став (4) од Законот за спречување и заштита од дискриминација рече дека согласно членот 15 од Законот, се вели дека средствата за работа на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се обезбедуваат од буџетот, дека ги утврдува Собранието и дека со нив таа располага самостојно, но имало дилеми околу тоа дали во одредувањето на буџетот Комисијата своето предлог барање за одредена сума за буџетот треба да го доставува како и сите други буџетски институции до Министерството за финансии.

Посочи дека дилема поради која се побара ова автентично толкување е за начинот на вработување на луѓето кои ќе работат во Комисијата.

– Согласно Законот ние одредивме дека треба да има посебна служба која ќе може да работи во интерес на ефикасна заштита и спречување од дискриминација. Вработувањата за овие луѓе подлежат на спрведување на законот за административни службеници. Согласно тој закон секое барање за вработување мора претходно да биде одобрено од Министерството за финансии, потоа оди и во Министерството за информатичко општество…Тука се отвора дилема дали следејќи ги овие законски одредби навистина се постигнува потполна финансиска независност на Комисијата, потенцира Морачанин.

The post Нема пратеници во салата, нема гласање закони appeared first on Република.

]]>

Собранието попладнево разгледа повеќе точки во рамки на 64.седница, но гласањето по Предлог-законот за изменување на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки по скратена постапка, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полиција во второ читање, дополнет Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи во второ читање и барањето за давање на автентично толкување на член 15 став (2), а во врска со став (4) од Законот за спречување и заштита од дискриминација поднесено од пратеничката Маја Морачанин, ќе биде дополнително закажано, поради немање доволен број пратеници во салата. За останатите точки не беа создадени деловнички можности за да можат денеска да се разгледуваат и поради тоа седницата беше прекината, а за нејзиното продолжение пратениците ќе бидат дополнително информирани. Во образложението на дополнетиот предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи во второ читање, пратеничката Даниела Николова од СДСМ рече дека извршено е ревидирање на конкретни одредби на Законот за внатрешни работи и се предвидени значајни измени и дополнувања кои се однесуваат не неколку суштински моменти. Посочи дека со дополнувањето на овој закон се предвидува воведување на тест за интегритет на лицата кои се вработени во МВР и нивна континуирана проверка на интегритетот и тој тест има за цел спречување на корупцијата и злоупотреба на службената должност, извршување на работните задачи од страна на работниците на МВР на политички неутрален начин, допрецизирање на одредбите за засновање работен однос во МВР без јавен оглас, воведување обврска за поднесување изјава за имотната состојба и интереси, ревидирање на дисциплинските процедури, како и оперативна независност на полицијата. Во образложението на делот кој се однесува на воведувањето тест за интегритет на лицата кои се вработени во МВР, таа посочи дека тој тестот претставува контрола на постапување на работникот во МВР и тоа во симулирана ситуација која е идентична на неговите работни задачи и активности без обврска претходно да биде известена организациската единица во која работи работникот.
– Негативниот резултат на тој тест претставува основа за поведува дисциплинска постапка против работникот бидејќи тоа би значело дека тестираниот работник не го докал својот професионален интегритет при извршување на задачите кои се во неговиот делокруг, не постапувал согласно законот и покажал склоности кон корупција…, додаде Николова.
Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека се работи за законско решение со кое се сака да се партизира МВР. Со ова законско решение, посочи таа, може да има унапредувања три скалила во МВР без потребни услови, јавни огласи ќе нема… Пратеничката Маја Морачанин во образложението на барањето за давање на автентично толкување на член 15 став (2), а во врска со став (4) од Законот за спречување и заштита од дискриминација рече дека согласно членот 15 од Законот, се вели дека средствата за работа на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се обезбедуваат од буџетот, дека ги утврдува Собранието и дека со нив таа располага самостојно, но имало дилеми околу тоа дали во одредувањето на буџетот Комисијата своето предлог барање за одредена сума за буџетот треба да го доставува како и сите други буџетски институции до Министерството за финансии. Посочи дека дилема поради која се побара ова автентично толкување е за начинот на вработување на луѓето кои ќе работат во Комисијата.
– Согласно Законот ние одредивме дека треба да има посебна служба која ќе може да работи во интерес на ефикасна заштита и спречување од дискриминација. Вработувањата за овие луѓе подлежат на спрведување на законот за административни службеници. Согласно тој закон секое барање за вработување мора претходно да биде одобрено од Министерството за финансии, потоа оди и во Министерството за информатичко општество…Тука се отвора дилема дали следејќи ги овие законски одредби навистина се постигнува потполна финансиска независност на Комисијата, потенцира Морачанин.

The post Нема пратеници во салата, нема гласање закони appeared first on Република.

]]>
Собранието ќе ја одржи 64. седница: Пратениците со полни раце работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-kje-ja-odrzi-64-sednica-pratenicite-so-polni-race-rabota/ Tue, 01 Mar 2022 07:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=465595

Собранието денеска ќе ја одржи 64. седница, на чиј дневен ред се Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, како и Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, сите во второ читање.

Пратениците ќе расправаат и по Предлог законот за дополнување на Законот за Јавното обвинителство, по Предлог законот за дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, по Предлог законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, како и по Предлог законот за дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, сите по скратена постапка.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета во прво читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој,  Предлог законот за изменување на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, сите по скратена постапка. 

 

The post Собранието ќе ја одржи 64. седница: Пратениците со полни раце работа appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска ќе ја одржи 64. седница, на чиј дневен ред се Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, како и Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, сите во второ читање. Пратениците ќе расправаат и по Предлог законот за дополнување на Законот за Јавното обвинителство, по Предлог законот за дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, по Предлог законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, како и по Предлог законот за дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, сите по скратена постапка. На дневен ред на оваа седница се и Предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета во прво читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој,  Предлог законот за изменување на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, сите по скратена постапка.   

The post Собранието ќе ја одржи 64. седница: Пратениците со полни раце работа appeared first on Република.

]]>