собраниска расправа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sobraniska-rasprava/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Oct 2022 20:35:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png собраниска расправа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sobraniska-rasprava/ 32 32 Заврши расправата за уставните судии, гласањето ќе биде дополнително закажано https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-raspravata-za-ustavnite-sudii-glasanjeto-kje-bide-dopolnitelno-zakazano/ Wed, 19 Oct 2022 20:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=563316

Претениците во рамки на денешното продолжение на 88-тата седница, кое траеше до доцна вечерва, ја завршија расправата за изборот на судии на Уставниот суд по што заменик-претседателот на Собранието Горан Мисовски најави дека дополнително ќе се закаже седницата на која ќе се гласа.

Во собраниската сала се дебатираше за изборот на Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева за членови на Уставниот суд.

Во попладневниот дел од денешното продолжение на седницата во салата беа присутни мал број пратеници и главно пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ упатуваа критики за компетентноста на Татјана Васиќ Бозаџиева.

– Уставниот суд ќе продолжи да биде партиско собиралиште на членовите на СДСМ и ДУИ. Нема независен уставен суд, ако судиите се зависни, потенцираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ одлуката со која се избрани уставните судии е незаконска. Посочија на Извештајот на ЕК каде, како што велат, за избор и именување на уставен судија се бара стручност и компетентност, а не изборот да се заснова на политичка основа.

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, потенцираа дека ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да функционира судството и зад себе имаат, како што велат, голем криминален багаж. Според нив, целта на ВМРО-ДПМНЕ е да предизвика општа криза во државата, како парламентарна криза, политичка криза и сега сакаат да се предизвикаат и уставна криза.

Извор: МИА

The post Заврши расправата за уставните судии, гласањето ќе биде дополнително закажано appeared first on Република.

]]>

Претениците во рамки на денешното продолжение на 88-тата седница, кое траеше до доцна вечерва, ја завршија расправата за изборот на судии на Уставниот суд по што заменик-претседателот на Собранието Горан Мисовски најави дека дополнително ќе се закаже седницата на која ќе се гласа. Во собраниската сала се дебатираше за изборот на Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева за членови на Уставниот суд. Во попладневниот дел од денешното продолжение на седницата во салата беа присутни мал број пратеници и главно пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ упатуваа критики за компетентноста на Татјана Васиќ Бозаџиева.
– Уставниот суд ќе продолжи да биде партиско собиралиште на членовите на СДСМ и ДУИ. Нема независен уставен суд, ако судиите се зависни, потенцираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ одлуката со која се избрани уставните судии е незаконска. Посочија на Извештајот на ЕК каде, како што велат, за избор и именување на уставен судија се бара стручност и компетентност, а не изборот да се заснова на политичка основа. Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, потенцираа дека ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да функционира судството и зад себе имаат, како што велат, голем криминален багаж. Според нив, целта на ВМРО-ДПМНЕ е да предизвика општа криза во државата, како парламентарна криза, политичка криза и сега сакаат да се предизвикаат и уставна криза.
Извор: МИА

The post Заврши расправата за уставните судии, гласањето ќе биде дополнително закажано appeared first on Република.

]]>
Почна собраниската расправа за продолжување на кризната состојба до 30 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-sobraniskata-rasprava-za-prodolzuvanje-na-kriznata-sostojba-do-30-april/ Fri, 30 Sep 2022 12:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=556024

Со задоцнување од 50 минути, почна продолжението на 86. пленарна седница на која Собранието треба да одлучи дали кризната состојба ќе продолжи уште шест месеци, од денеска до 30 април 2023 година.

Пред пратениците се Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на целата територија на државата заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, како и Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на подрачјето на Град Скопје заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Прв за збор се јави пратеникот Бојан Стојаноски кој обвини дека Владата нема никаков план за надминување на состојбата.

Премиерот Димитар Ковачевски завчера, на вонредната прес-конференција во Владата, апелираше сите пратеници да го поддржат продолжувањето на кризната состојба зашто, сега, како што истакна, не е време за собирање политички поени, туку за разум, солидарност и социјална грижа.

-Сакам да им укажам на Собранието и на пратениците од сите политички партии да се одважиме заедно и конечно да се обединиме за интересот на граѓаните, порача премиерот.

Двете предлог-одлуки претходно се разгледуваа на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. Расправата траеше пет дена, а заврши завчера. Како што образложи министерот за економија Крешник Бектеши, целта на продолжувањето на кризната состојба е да им се помогне на граѓаните, стопанството и институциите.

Предлог-одлуките за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата и во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје беа усвоени од Владата на 12 септември, а ако го поминат собранискиот филтер, треба да почнат да се применуваа од денеска. Одлуките, пак, за прогласување на кризните состојби беа донесени во август и стапија во сила од 1 септември 2022 година.

The post Почна собраниската расправа за продолжување на кризната состојба до 30 април appeared first on Република.

]]>

Со задоцнување од 50 минути, почна продолжението на 86. пленарна седница на која Собранието треба да одлучи дали кризната состојба ќе продолжи уште шест месеци, од денеска до 30 април 2023 година. Пред пратениците се Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на целата територија на државата заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, како и Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на подрачјето на Град Скопје заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Прв за збор се јави пратеникот Бојан Стојаноски кој обвини дека Владата нема никаков план за надминување на состојбата. Премиерот Димитар Ковачевски завчера, на вонредната прес-конференција во Владата, апелираше сите пратеници да го поддржат продолжувањето на кризната состојба зашто, сега, како што истакна, не е време за собирање политички поени, туку за разум, солидарност и социјална грижа. -Сакам да им укажам на Собранието и на пратениците од сите политички партии да се одважиме заедно и конечно да се обединиме за интересот на граѓаните, порача премиерот. Двете предлог-одлуки претходно се разгледуваа на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. Расправата траеше пет дена, а заврши завчера. Како што образложи министерот за економија Крешник Бектеши, целта на продолжувањето на кризната состојба е да им се помогне на граѓаните, стопанството и институциите. Предлог-одлуките за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата и во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје беа усвоени од Владата на 12 септември, а ако го поминат собранискиот филтер, треба да почнат да се применуваа од денеска. Одлуките, пак, за прогласување на кризните состојби беа донесени во август и стапија во сила од 1 септември 2022 година.

The post Почна собраниската расправа за продолжување на кризната состојба до 30 април appeared first on Република.

]]>
Втор ден од собраниската расправа, вечерва ќе се гласа за новата влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vtor-den-od-sobraniskata-rasprava-vecherva-kje-se-glasa-za-novata-vlada/ Sun, 16 Jan 2022 06:10:08 +0000 https://republika.mk/?p=445145

Во собранието денеска на пладне треба да продолжи расправата за избор на нова влада. Ваквата собраниска расправа трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав се гласа по нејзиното завршување, односно најдоцна до 24 часот вториот ден.Тоа значи дека најдоцна до вечерва на полноќ ќе има епилог.

Владата е избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието.

Во текот на вчерашниот ден, пак, имаше жестока расправа со спротивставени ставови на пратениците од власта и од опозицијата. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, поединечните предлог-имиња во новата влада се доказ дека СДСМ нема што да избере од своите редови, ниту иднина на која треба да и се верува, додека од владејачките партии, пак, сметаат дека се реализирани сите ветувања.

Според пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, дискутабилно е прашањето дали станува збор за избор на нова влада, бидејќи, како што рече, изненадувачки е што целата гарнитура на стари ни нови активисти на СДСМ „пеат во еден глас“ дека ова е најдемократски чин по оставката на Зоран Заев.

Таа во своето излагање од собраниската говорница рече дека во владата на Ковачевски има 11 кадри на СДСМ, шест на ДУИ, три на Алтернатива и еден на ЛДП, а додаде дека владата на Ковачевски брои девет нови и 11 стари имиња.

Поединечните предлог-имиња се само доказ дека СДСМ нема избор и иднина на која треба да и се верува и даде шанса. ДУИ, пак, и покрај зелената агенда, докажува дека не е подготовена за никакви промени. Убедена сум дека и самата ДУИ знае дека и тоа како треба да се менува, но и да ги менува ликовите со сомнителни документи за завршено образование. Тоа не се ликови со кои ќе влеземе во Европската Унија. Помалите коалициски партнери во континуитет ја продолжуваат праксата на коалицирање, не смеејќи да не дадат глас и да се спротивстават за сметка на некое семејно вработување или некој тендер - рече Стојаноска.

Пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз во своето излагање нагласи неколку приоритети на кои треба фа се посвети новата влада.

Прво, доста е со говори, стратегии, платформи за реформи во правосудниот систем, да направиме кредибилен судски систем, законите да важат за сите. Да обезбедиме фер судење и правда, да се преиспитаат монтираните судски процеси. Ако нема правда, нема ниту мир. Ако нема правна сигурност, бега капиталот, но и младите. Второ, од понеделник натаму, силна и бескомпромисна борба против тешките облици на криминал и високата корупција - рече Трајанов.

Тој напомена дека седум институции се вклучени во откривање и сузбивање на криминалот, но тие, како што истакна, се партизирани, некоординирани. Затоа пратеникот Трајанов предлага Закон за борба против тешките облици на криминал и висока корупција, како и формирање на независна Агенција за борба против криминалот.

Трето, коренити реформи на изборните правила. Македонија да биде една изборна единица, законски услови за рамноправен политички натпревар. Четврто, имплементација на европските стандарди и реформи согласно поглавјата за членство во ЕУ, независно што и натаму трае блокадата од Бугарија - порача Трајанов.

Исто така, тој напомена дека е потребно да се отвори расправа за системски промени, преку промени на Уставот за јакнење на одговорноста, отворање на расправа за Бадентер, затоа што, како што рече, се злоупотребува или селективно се применува.

Имаме и конкретни идеи за младите, по завршување на високо образование, да можат  да работат година дена во приватен сектор или државни институции, на сметка на Буџетот. За економските аспекти, енергетската криза, пандемијата и други значајни прашања ќе разговараме и во наредниот период. Но мораме да ги департизираме виталните државни институции, да им дадеме шанса на способните и креативните, на младите - додаде Трајанов.

Пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска во рамки на собраниската седница во својата реплика нагласи дека во 2017 година Владата предводена од СДСМ наследи девастиран здравствен систем, и мораше одново да го враќа дигнитетот професијата на лекарите и општо на сите здравствени работници.

Според пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, новата влада има едвај мнозинство во Парламентот, нема политички легитимет и ја нема довербата од граѓаните, ниту пак идеја како да се соочува со проблемите понатаму.

Доказ за тоа е владината програма, плагијат на онаа на Заев. Неверојатни 583 пати се споменува зборот „ќе“. Не верувам во чуда, но ќе ви треба чудо да не извадите од гнилежот на Заев. Луѓето сакаат одговори и одговорност, а не спинови и лаги. Народот сака одговорност за Ласкарци, за пожарите кои се случија во летото, за судството, за обвинителството, за економија, за цените, платата, за Клиничката болница, за образование, за незавршен пат Скопје – Охрид, за воздухот, за сите лаги, за јазикот, историја, и за се што е преговарано со соседите за нацијата - истакна Мизрахи.

The post Втор ден од собраниската расправа, вечерва ќе се гласа за новата влада appeared first on Република.

]]>

Во собранието денеска на пладне треба да продолжи расправата за избор на нова влада. Ваквата собраниска расправа трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав се гласа по нејзиното завршување, односно најдоцна до 24 часот вториот ден.Тоа значи дека најдоцна до вечерва на полноќ ќе има епилог. Владата е избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието. Во текот на вчерашниот ден, пак, имаше жестока расправа со спротивставени ставови на пратениците од власта и од опозицијата. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, поединечните предлог-имиња во новата влада се доказ дека СДСМ нема што да избере од своите редови, ниту иднина на која треба да и се верува, додека од владејачките партии, пак, сметаат дека се реализирани сите ветувања. Според пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, дискутабилно е прашањето дали станува збор за избор на нова влада, бидејќи, како што рече, изненадувачки е што целата гарнитура на стари ни нови активисти на СДСМ „пеат во еден глас“ дека ова е најдемократски чин по оставката на Зоран Заев. Таа во своето излагање од собраниската говорница рече дека во владата на Ковачевски има 11 кадри на СДСМ, шест на ДУИ, три на Алтернатива и еден на ЛДП, а додаде дека владата на Ковачевски брои девет нови и 11 стари имиња.
Поединечните предлог-имиња се само доказ дека СДСМ нема избор и иднина на која треба да и се верува и даде шанса. ДУИ, пак, и покрај зелената агенда, докажува дека не е подготовена за никакви промени. Убедена сум дека и самата ДУИ знае дека и тоа како треба да се менува, но и да ги менува ликовите со сомнителни документи за завршено образование. Тоа не се ликови со кои ќе влеземе во Европската Унија. Помалите коалициски партнери во континуитет ја продолжуваат праксата на коалицирање, не смеејќи да не дадат глас и да се спротивстават за сметка на некое семејно вработување или некој тендер - рече Стојаноска.
Пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз во своето излагање нагласи неколку приоритети на кои треба фа се посвети новата влада.
Прво, доста е со говори, стратегии, платформи за реформи во правосудниот систем, да направиме кредибилен судски систем, законите да важат за сите. Да обезбедиме фер судење и правда, да се преиспитаат монтираните судски процеси. Ако нема правда, нема ниту мир. Ако нема правна сигурност, бега капиталот, но и младите. Второ, од понеделник натаму, силна и бескомпромисна борба против тешките облици на криминал и високата корупција - рече Трајанов.
Тој напомена дека седум институции се вклучени во откривање и сузбивање на криминалот, но тие, како што истакна, се партизирани, некоординирани. Затоа пратеникот Трајанов предлага Закон за борба против тешките облици на криминал и висока корупција, како и формирање на независна Агенција за борба против криминалот.
Трето, коренити реформи на изборните правила. Македонија да биде една изборна единица, законски услови за рамноправен политички натпревар. Четврто, имплементација на европските стандарди и реформи согласно поглавјата за членство во ЕУ, независно што и натаму трае блокадата од Бугарија - порача Трајанов.
Исто така, тој напомена дека е потребно да се отвори расправа за системски промени, преку промени на Уставот за јакнење на одговорноста, отворање на расправа за Бадентер, затоа што, како што рече, се злоупотребува или селективно се применува.
Имаме и конкретни идеи за младите, по завршување на високо образование, да можат  да работат година дена во приватен сектор или државни институции, на сметка на Буџетот. За економските аспекти, енергетската криза, пандемијата и други значајни прашања ќе разговараме и во наредниот период. Но мораме да ги департизираме виталните државни институции, да им дадеме шанса на способните и креативните, на младите - додаде Трајанов.
Пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска во рамки на собраниската седница во својата реплика нагласи дека во 2017 година Владата предводена од СДСМ наследи девастиран здравствен систем, и мораше одново да го враќа дигнитетот професијата на лекарите и општо на сите здравствени работници. Според пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, новата влада има едвај мнозинство во Парламентот, нема политички легитимет и ја нема довербата од граѓаните, ниту пак идеја како да се соочува со проблемите понатаму.