собраниска комисија за надворешна политика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sobraniska-komisija-za-nadvoreshna-politika/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Feb 2022 12:22:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png собраниска комисија за надворешна политика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sobraniska-komisija-za-nadvoreshna-politika/ 32 32 Милошоски ќе ги повика премиерот и МНР да реферираат пред собраниската Комисија за разговорите со Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-kje-gi-povika-premierot-i-mnr-da-referiraat-pred-sobraniskata-komisija-za-razgovorite-so-sofija/ Mon, 28 Feb 2022 12:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=465268

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски најави дека ќе го повика премиерот Димитар Ковачевски и претставник на МНР да реферираат на седница на Комисијата за разговорите со Софија и документот кој е на маса, изразувајќи сомневање дека Владата има намера да го заобиколи Собранието.

По однос на македонско-бугарските прашања коишто официјална Софија ги претставува како пречка во односите на Македонија со ЕУ и почетокот на преговорите. како претседател на Комисијата за надворешна политика ќе го повикам премиерот и претставник од МНР како што реферираа во 2017 во јули така и сега да закажеме една седница на Комисијата да ни дадат образложение и писмени документи што во моментот се разговара со Софија и која е намерата, кои писмени гаранции се бараат или се добиени од страна на Брисел за отпочнување на преговорите без да има дополнително мешање во уставните работи на Македонија како држава, рече Милошоски на новинарско прашање во Собранието.

Според него, постапката се води нетранспарентно.

Од страна на Владата гледам дека е многу нетранспарентна постапка. Се подготвува текст кој што го нарекуваат сеопфатен документ за македонско-бугарските односи и она во што се сомневаме е дека Владата има намера да го заобиколи Собранието. Овој текст да биде доставен до Брисел каде што бугарските условувања би станале дел од европската рамка без за тоа пратениците коишто се избрани од народот да имаат можност да дадат забелешки или да го подобрат истиот. Сметам дека таквиот начин не е демократски и затоа ќе ги повикаме и премиерот и Министерството за надворешни работи да дојдат во Собранието и да дадат отчет за тоа што го разговараат во моментот и дали истото е на линија на уставните одредници во Македонија, рече Милошоски по средбата со претседателката на Комисијата за надворешна политика на Државниот збор на Словенија, Моника Грегорчиќ која предводи словенечка делегација во посета на земјава.

The post Милошоски ќе ги повика премиерот и МНР да реферираат пред собраниската Комисија за разговорите со Софија appeared first on Република.

]]>