Собрание Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sobranie/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Feb 2024 07:56:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Собрание Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sobranie/ 32 32 Најголем дел од партиите се против предлогот претседателот на државата да се бира во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/najgolem-del-od-partiite-se-protiv-predlogot-pretsedatelot-na-drzhavata-da-se-bira-vo-sobranieto/ Sun, 25 Feb 2024 07:56:36 +0000 https://republika.mk/?p=748010

Предлогот на ДУИ за избор на претседател на државата во Собранието со двотретинско мнозинство, а кое го истакна и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, е неприфатлив за најголем дел од политичките партии.

Од СДСМ, која е коалициски партнер на ДУИ, завчера преку соопштение информираа дека оваа идеја не е нова, туку дека станува збор за реафирмирање на барањето на ДУИ од 2019 година. Социјалдемократите посочуваат дека тоа тогаш не било прифатено од нивна страна и дека остануваат на ставот дека моделот на избор на претседател на државата не треба да се менува.

null

Не треба да се оди назад во демократските процеси. СДСМ останува на ставот дека Претседателот на државата треба да го бираат граѓаните на директни, непосредни избори како врвно демократско право на граѓаните. Претседателот на државата треба да биде претставник не само на мнозинската волја на граѓаните туку и на сите граѓани, без разлика на нивната политичка, етничка или друга припадност. Претседателот на државата е човек кој е над партиските и над етничките определби, ги претставува сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, сите. Само Претседател избран директно од страна на граѓаните има толку широк потенцијал, да може да делува во обединување на општественото, на граѓаните, на партиите и да придонесе за остварување на врвните стратешки и национални цели, наведуваат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека ДУИ во недостиг на реални аргументи и проекти излегува со национал-романтистички барања, како што е изборот на претседател на државата во Собранието.

Она што е наш став е дека ВМРО-ДПМНЕ под уцени ниту разговара, ниту преговара, а најмалку пак прифаќа уцени. Ние само ќе ги повикаме граѓаните да го следат ова однесување на ДУИ и да биде тоа дополнителен мотив за сите граѓани на наредните избори да докажат дека оваа држава не е заложник на една политичка партија и дека ДУИ, како што се однесува изминативе 20 години, очигледно ќе продолжи да се однесува и наредните години, изјави вчера на прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Скопје, 13 мај 2021

На прашањето дали со условувањата е доведен во прашање цензусот за претседател, Петрушевски вели дека таквото однесување на ДУИ дополнително ќе ги мотивира граѓаните да кажат „доста е“.

Претседателот на ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски, кој најави кандидатура за претседател, за телевизија Сител изјави дека нема да поддржат избор на претседател на државата во Собранието, затоа што тоа би ја усложнило државата и би ја намалило моќта на институцијата Претседател.

Градоначалникот на општина Куманово Макрим Димитриевски апелира до граѓаните на максијмално почитување на мерките за заштита, укажувајќи дека информациите на Општински штаб за заштита и спасу

Вакви барања секогаш доаѓаат во предизборен период и наводно се политичка пропаганда во функција на изборите. Но, секогаш постои една голема доза на вистинитост и искрен пристап во заложбите од страна на тој етнички блок. Македонија не може да биде заложник на никој...Она што ме загрижува првенствено како граѓанин, но и како човек што носи одговорна функција и претендира за одговорна функција во општеството, заветот на г. Ахмети. Јас од овде, давам завет дека ЗНАМ никогаш нема да дозволи во Парламентот да помине такво решение, затоа што тоа ја усложнува државата, дополнително ја намалува моќта на институцијата Претседател, која всушност треба да биде заштитник на обичниот граѓанин. Претседателот ја црпи својата сила од самите граѓани и всушност тој ги претставува покрај државата и сите ингеренции кои му се согласно Уставот и законот доверени, и граѓаните и се грижи за граѓаните, вели Димитриевски.

Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција, Арбр Адеми, пак, вчера, на прес-конференција рече дека од сите политички партии очекува позитивно да одговарат на нивната идеја претседателот на државата да се избира во Собранието.

Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција, Арбр Адеми на денешната прес-конференција информира дека неговата партија почна со собирањето на потписи за претседателскио

Ако пристапиме рационално кон ова прашање, имајќи ги предвид сите ризици и тешкотии за реализирање на успешен претседателски изборен циклус, разумно сите политички партии би требало да се согласат со ова - да биде избран претседателот во Собрание и тоа не би било никаква уцена и пречка во реализирање и на тоа што следи како обврска во нашиот евро-интегративен пат. Цениме дека разумно и рационално ќе пристапуваат сите политички партии. Кога ќе се отвори Уставот, треба да дадеме одговор и за начинот на избор на претседател во Собрание, а тоа е најдобро да се реализира поради визијата на Али Ахмети, рече Адеми.

The post Најголем дел од партиите се против предлогот претседателот на државата да се бира во Собранието appeared first on Република.

]]>

Предлогот на ДУИ за избор на претседател на државата во Собранието со двотретинско мнозинство, а кое го истакна и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, е неприфатлив за најголем дел од политичките партии. Од СДСМ, која е коалициски партнер на ДУИ, завчера преку соопштение информираа дека оваа идеја не е нова, туку дека станува збор за реафирмирање на барањето на ДУИ од 2019 година. Социјалдемократите посочуваат дека тоа тогаш не било прифатено од нивна страна и дека остануваат на ставот дека моделот на избор на претседател на државата не треба да се менува. null
Не треба да се оди назад во демократските процеси. СДСМ останува на ставот дека Претседателот на државата треба да го бираат граѓаните на директни, непосредни избори како врвно демократско право на граѓаните. Претседателот на државата треба да биде претставник не само на мнозинската волја на граѓаните туку и на сите граѓани, без разлика на нивната политичка, етничка или друга припадност. Претседателот на државата е човек кој е над партиските и над етничките определби, ги претставува сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, сите. Само Претседател избран директно од страна на граѓаните има толку широк потенцијал, да може да делува во обединување на општественото, на граѓаните, на партиите и да придонесе за остварување на врвните стратешки и национални цели, наведуваат од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека ДУИ во недостиг на реални аргументи и проекти излегува со национал-романтистички барања, како што е изборот на претседател на државата во Собранието.
Она што е наш став е дека ВМРО-ДПМНЕ под уцени ниту разговара, ниту преговара, а најмалку пак прифаќа уцени. Ние само ќе ги повикаме граѓаните да го следат ова однесување на ДУИ и да биде тоа дополнителен мотив за сите граѓани на наредните избори да докажат дека оваа држава не е заложник на една политичка партија и дека ДУИ, како што се однесува изминативе 20 години, очигледно ќе продолжи да се однесува и наредните години, изјави вчера на прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.
Скопје, 13 мај 2021 На прашањето дали со условувањата е доведен во прашање цензусот за претседател, Петрушевски вели дека таквото однесување на ДУИ дополнително ќе ги мотивира граѓаните да кажат „доста е“. Претседателот на ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски, кој најави кандидатура за претседател, за телевизија Сител изјави дека нема да поддржат избор на претседател на државата во Собранието, затоа што тоа би ја усложнило државата и би ја намалило моќта на институцијата Претседател. Градоначалникот на општина Куманово Макрим Димитриевски апелира до граѓаните на максијмално почитување на мерките за заштита, укажувајќи дека информациите на Општински штаб за заштита и спасу
Вакви барања секогаш доаѓаат во предизборен период и наводно се политичка пропаганда во функција на изборите. Но, секогаш постои една голема доза на вистинитост и искрен пристап во заложбите од страна на тој етнички блок. Македонија не може да биде заложник на никој...Она што ме загрижува првенствено како граѓанин, но и како човек што носи одговорна функција и претендира за одговорна функција во општеството, заветот на г. Ахмети. Јас од овде, давам завет дека ЗНАМ никогаш нема да дозволи во Парламентот да помине такво решение, затоа што тоа ја усложнува државата, дополнително ја намалува моќта на институцијата Претседател, која всушност треба да биде заштитник на обичниот граѓанин. Претседателот ја црпи својата сила од самите граѓани и всушност тој ги претставува покрај државата и сите ингеренции кои му се согласно Уставот и законот доверени, и граѓаните и се грижи за граѓаните, вели Димитриевски.
Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција, Арбр Адеми, пак, вчера, на прес-конференција рече дека од сите политички партии очекува позитивно да одговарат на нивната идеја претседателот на државата да се избира во Собранието. Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција, Арбр Адеми на денешната прес-конференција информира дека неговата партија почна со собирањето на потписи за претседателскио
Ако пристапиме рационално кон ова прашање, имајќи ги предвид сите ризици и тешкотии за реализирање на успешен претседателски изборен циклус, разумно сите политички партии би требало да се согласат со ова - да биде избран претседателот во Собрание и тоа не би било никаква уцена и пречка во реализирање и на тоа што следи како обврска во нашиот евро-интегративен пат. Цениме дека разумно и рационално ќе пристапуваат сите политички партии. Кога ќе се отвори Уставот, треба да дадеме одговор и за начинот на избор на претседател во Собрание, а тоа е најдобро да се реализира поради визијата на Али Ахмети, рече Адеми.

The post Најголем дел од партиите се против предлогот претседателот на државата да се бира во Собранието appeared first on Република.

]]>
Адеми: Од сите политички партии очекуваме позитивно да одговараат на идејата претседателот на државата да се бира во Собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ademi-od-site-politichki-partii-ochekuvame-pozitivno-da-odgovaraat-na-idejata-pretsedatelot-na-drzhavata-da-se-bira-vo-sobranie/ Sat, 24 Feb 2024 15:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=747880

Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција, Арбр Адеми на денешната прес-конференција рече дека од сите политички партии очекува позитивно да одговараат на нивната идеја претседателот на државата да се бира во Собранието.

Ако пристапиме рационално кон ова прашање, имајќи ги предвид сите ризици и тешкотии за реализирање на успешен претседателски изборен циклус, разумно сите политички партии би требало да се согласат со ова – да биде избран претседателот во Собрание и тоа не би било никаква уцена и пречка во реализирање и на тоа што следи како обврска во нашиот евро-интегративен пат. Цениме дека разумно и рационално ќе пристапуваат сите политички партии. Кога ќе се отвори Уставот, треба да дадеме одговор и за начинот на избор на претседател во Собрание, а тоа е најдобро да се реализира поради визијата на Али Ахмети, рече Адеми.

Адеми посочи примери дека и во Албанија и во Косово се избира шеф на државата во Собранието, иако, како што рече, претседателот во овие земји има поголеми надлежности.

Имајќи предвид дека личноста на претседателот треба да биде обединувачка и кај нас како хетерогено општество, цениме дека со двотретинско мнозинство и Бадентерово мнозинство, ќе се обезбеди тоа обединување што треба да го отсликува претседателот на државата, а граѓаните ќе бидат поштедени од милионските буџетски средства што ќе се потрошат за претседателските избори, рече Адеми.

Во однос на собирањето потписи за нивниот претседателски кандидат Бујар Османи, Адеми соопшти дека до вчера попладне собрани се околу четири илјади потписи.

The post Адеми: Од сите политички партии очекуваме позитивно да одговараат на идејата претседателот на државата да се бира во Собрание appeared first on Република.

Собранието ја заврши општата расправа по неколку предлог-закони https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-ja-zavrshi-opshtata-rasprava-po-nekolku-predlog-zakoni/ Thu, 22 Feb 2024 18:06:31 +0000 https://republika.mk/?p=747130

Собранието попладнево ја заврши општата расправа по неколку предлог-закони во рамки на продолженијата на неколку пленарни седници – 140, 138, 129, 131, 143 и 125. Собранието заклучи дека предлог-законите се прифатливи и да бидат проследени на натамошна собраниска процедура, односно второ читање. Дополнително ќе се одржи гласањето по точките кои ја поминаа општата расправа.

Во рамки на 140-та седница, Собранието ја заврши општата расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за академија за судии и јавни обвинители, Предлог на законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Предлог на законот за Канцеларија за поврат на имот.

Општиот претрес заврши и по Предлог на законот за правда за децата, кој беше на дневен ред на 138-седница. На оваа седница беше повлечен материјалот за Предлог на законот за изменување на Законот за спорт, по скратена постапка.

На 129-та седница заврши општата расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка. На оваа седница на дневен ред беше и Интерпелацијата за работата на Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески. За оваа точка, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски рече со оглед на тоа дека мандатот на јавниот обвинител му истекол на 25 декември 2023 година констатира дека интерпелацијата за работата на Јовески е беспредметна и за тоа постапката по ова точка е завршена.

Во рамки на 131. седница заврши општата расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права.

Потпретседателот на Собранието, Мисковски информира дека е повлечен материјалот по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за државното правобранителство, по скратена постапка, кој беше ставен на 143. седница.

На 125-та седница заврши општата расправа по Предлог на закон за изменување на Законот за хартии од вредност по скратена постапка.

The post Собранието ја заврши општата расправа по неколку предлог-закони appeared first on Република.

]]>

Собранието попладнево ја заврши општата расправа по неколку предлог-закони во рамки на продолженијата на неколку пленарни седници – 140, 138, 129, 131, 143 и 125. Собранието заклучи дека предлог-законите се прифатливи и да бидат проследени на натамошна собраниска процедура, односно второ читање. Дополнително ќе се одржи гласањето по точките кои ја поминаа општата расправа. Во рамки на 140-та седница, Собранието ја заврши општата расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за академија за судии и јавни обвинители, Предлог на законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Предлог на законот за Канцеларија за поврат на имот. Општиот претрес заврши и по Предлог на законот за правда за децата, кој беше на дневен ред на 138-седница. На оваа седница беше повлечен материјалот за Предлог на законот за изменување на Законот за спорт, по скратена постапка. На 129-та седница заврши општата расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка. На оваа седница на дневен ред беше и Интерпелацијата за работата на Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески. За оваа точка, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски рече со оглед на тоа дека мандатот на јавниот обвинител му истекол на 25 декември 2023 година констатира дека интерпелацијата за работата на Јовески е беспредметна и за тоа постапката по ова точка е завршена. Во рамки на 131. седница заврши општата расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права. Потпретседателот на Собранието, Мисковски информира дека е повлечен материјалот по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за државното правобранителство, по скратена постапка, кој беше ставен на 143. седница. На 125-та седница заврши општата расправа по Предлог на закон за изменување на Законот за хартии од вредност по скратена постапка.

The post Собранието ја заврши општата расправа по неколку предлог-закони appeared first on Република.

]]>
Манолева: Ги поддржувам и стојам на располагање на родителите на Леонид Индов за секаква помош https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/manoleva-gi-poddrzhuvam-i-stojam-na-raspolagane-na-roditelite-na-leonid-indov-za-sekakva-pomosh/ Thu, 22 Feb 2024 12:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=746977

Родителите воопшто немаат побарано никакво мислење од соодветна институција за можноста или неможноста за завршување на лекувањето, односно за рехабилитација на тоа дете во нашите установи. Прво да се изоди тој пат и дури потоа да кажеме, да ја прегледаме целата медицинска документација, да го видиме клинички пациентот и дури потоа стручниот колегиум на соодветните клиники да даде свое мислење и да каже дали има или нема можност за продолжување на лекувањето или на рехабилитација во нашите институции.

Ова го одговори заменик-министерката за здравство Маја Манолева, на новинарско прашање дали детално е запознаена со случајот со пациентот Леонид Индов, кој на 6 февруари замина во Виена за да добие третман со кој ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да дише.

Прашана дали ќе има законски измени за тоа како ќе се постапува во иднина со вакви случаи, таа кажа дека како Министерство треба да постапат на иницијатива на пратеници и на граѓани, но посочи дека во земјава има здравствен систем којшто во последниве години во однос на апаратурата е напреднат.

- Треба да се испочитува здравствениот систем што го имаме, сите можности тука да се исцрпат па дури потоа нашите пациенти да бидат упатувани на лекување во странство. Секако, треба да се разгледа и оваа опција и да се предложи до Собранието некаква измена, односно откако ќе бидат исцрпени можностите во државава за лекување, пациентите да бидат упатени за лекување во странство и за рехабилитација и надвор од земјава, рече Манолева.

На новинарско прашање дали имала комуникација со Владата и со директорите за испраќањето на Леонид со хеликоптер во Виена, рече дека неговото заминување било на индивидуално барање на родителот упатено до ЦУК, којшто информацијата ја има споделено до МВР, а МВР, заради потпишаниот меморандум за соработка со Министерството за здравство овозможило хеликоптерски транспорт на тежок пациент од Скопје до Виена.

Во однос на тоа зошто тогаш не посочила за можноста за рехабилитација во земјава, рече дека уште пред неколку месеци имала средба со родителите на пациентот, на којашто им образложила, како специјалист од областа, каков треба да биде патот на детето.

-Не е точно дека не сме се заинтересирале, дека не сме овозможиле ништо досега. Одлуката беше нивна. Не можете да влијаете на ничија одлука да го бара она што смета дека е најдобро за некого. Апсолутно ги поддржувам и се уште стојам на располагање на родителите за секаква помош што би можела да ја укажам и лично како лекар и како заменик-министер, но и како специјалист по физикална медицина и рехабилитација, рече Манолева.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера на прес-конференција во врска со лекувањето на Леонид Индов во Виена посочи оти нема дилеми дека требало да се изврши медицинскиот транспорт.

Појасни дека на 4 јануари до ЦУК стигнал мејл од таткото на Леонид, Бранко Индов, во кој побарал медицински транспорт со хеликоптер од Скопје до Виена во Австрија, за неговиот син кој е болен од параплегија и кажа дека воедно таткото укажал дека е подготвен транспортот да го плати приватно, нешто што стои во прилог на самото негово барање.

Леонид на 6 февруари замина во Виена за да добие третман со кој ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да диши. Тој беше првиот пациент транспортиран со полициски хеликоптер до Виена. Меѓутоа, од ФЗО го одбија барањето образложувајќи дека не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување.

The post Манолева: Ги поддржувам и стојам на располагање на родителите на Леонид Индов за секаква помош appeared first on Република.

]]>

Родителите воопшто немаат побарано никакво мислење од соодветна институција за можноста или неможноста за завршување на лекувањето, односно за рехабилитација на тоа дете во нашите установи. Прво да се изоди тој пат и дури потоа да кажеме, да ја прегледаме целата медицинска документација, да го видиме клинички пациентот и дури потоа стручниот колегиум на соодветните клиники да даде свое мислење и да каже дали има или нема можност за продолжување на лекувањето или на рехабилитација во нашите институции. Ова го одговори заменик-министерката за здравство Маја Манолева, на новинарско прашање дали детално е запознаена со случајот со пациентот Леонид Индов, кој на 6 февруари замина во Виена за да добие третман со кој ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да дише. Прашана дали ќе има законски измени за тоа како ќе се постапува во иднина со вакви случаи, таа кажа дека како Министерство треба да постапат на иницијатива на пратеници и на граѓани, но посочи дека во земјава има здравствен систем којшто во последниве години во однос на апаратурата е напреднат. - Треба да се испочитува здравствениот систем што го имаме, сите можности тука да се исцрпат па дури потоа нашите пациенти да бидат упатувани на лекување во странство. Секако, треба да се разгледа и оваа опција и да се предложи до Собранието некаква измена, односно откако ќе бидат исцрпени можностите во државава за лекување, пациентите да бидат упатени за лекување во странство и за рехабилитација и надвор од земјава, рече Манолева. На новинарско прашање дали имала комуникација со Владата и со директорите за испраќањето на Леонид со хеликоптер во Виена, рече дека неговото заминување било на индивидуално барање на родителот упатено до ЦУК, којшто информацијата ја има споделено до МВР, а МВР, заради потпишаниот меморандум за соработка со Министерството за здравство овозможило хеликоптерски транспорт на тежок пациент од Скопје до Виена. Во однос на тоа зошто тогаш не посочила за можноста за рехабилитација во земјава, рече дека уште пред неколку месеци имала средба со родителите на пациентот, на којашто им образложила, како специјалист од областа, каков треба да биде патот на детето. -Не е точно дека не сме се заинтересирале, дека не сме овозможиле ништо досега. Одлуката беше нивна. Не можете да влијаете на ничија одлука да го бара она што смета дека е најдобро за некого. Апсолутно ги поддржувам и се уште стојам на располагање на родителите за секаква помош што би можела да ја укажам и лично како лекар и како заменик-министер, но и како специјалист по физикална медицина и рехабилитација, рече Манолева. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера на прес-конференција во врска со лекувањето на Леонид Индов во Виена посочи оти нема дилеми дека требало да се изврши медицинскиот транспорт. Појасни дека на 4 јануари до ЦУК стигнал мејл од таткото на Леонид, Бранко Индов, во кој побарал медицински транспорт со хеликоптер од Скопје до Виена во Австрија, за неговиот син кој е болен од параплегија и кажа дека воедно таткото укажал дека е подготвен транспортот да го плати приватно, нешто што стои во прилог на самото негово барање. Леонид на 6 февруари замина во Виена за да добие третман со кој ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да диши. Тој беше првиот пациент транспортиран со полициски хеликоптер до Виена. Меѓутоа, од ФЗО го одбија барањето образложувајќи дека не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување.  

The post Манолева: Ги поддржувам и стојам на располагање на родителите на Леонид Индов за секаква помош appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ и министерот Тошковски поднесоа законски измени за пасошите и возачките дозволи во Собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-i-ministerot-toshkovski-podnesoa-zakonski-izmeni-za-pasoshite-i-vozachkite-dozvoli-vo-sobranie/ Mon, 12 Feb 2024 11:11:54 +0000 https://republika.mk/?p=743169

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски на денешната прес-конференција прее Собранието соопшти дека утрово до Владата поднел законски измени на Предлог на законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на законот за изменување на Законот за патни исправи на државјаните, по скратена постапка. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ овие законски измени утрово ги поднесе до архивата на Собранието и барање за свикување на итна седница за оваа прашање со потписи од 20 пратеници.

Тошковски објасни дека во законските измени треба пермутација на четири бројки во двата закони.

Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на самите законски решенија се работи за измена на одредбите од двата закона коишто предвидуваат завршување на роковите по однос на ова законско решение за патните исправи и за возачките дозволи. Со оваа измена, рече тој, ќе се продолжи одредбата за да можат да важат и во наредниот период.

Тошковски нагласи дека нема доволен број на обрасци за пасоши и возачки дозволи за да се задоволат потребите на граѓаните.

-Сакам македонските граѓани да знаат една работа која што се лажени упорно во континуитет. Лажени се од сите. Прво, само матична држава која што издала документ може да го поништи тој документ. Прво, многу е просто. Второ, одговорно тврдам дека со овие Предлог-измени не кршиме принцип на пакта сунцер ванда прво поврзано со меѓународно право и билатерални договори. Втора бона фиде – добро однесување го гарантираме во одреден временски период. Трето, ова се рокови во коишто е возможно согласно објективни, технички, нормални, возможни итн. капацитети да ги издадеме во соодветен број и едните и другите документи. Ова е реалноста. Значи, сакам да знаат македонските граѓани дека нема ниту пасоши како обрасци физички, ниту има возачки дозволи во доволен број за да се задоволат потребите на граѓаните и тоа е факт. Тоа е факт. Ова е единствено нормално возможно и системско решение кое што може да ги реши проблемите од една страна, а од друга страна да не предизвика кршење на човекови права флагрантно и од трета страна да не повредува ниту одредби од меѓународен билатерален договор. Ова е единственото соломонско решение. Се’ друго е козметика, шминка и популизам, рече Тошковски.

The post ВМРО-ДПМНЕ и министерот Тошковски поднесоа законски измени за пасошите и возачките дозволи во Собрание appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски на денешната прес-конференција прее Собранието соопшти дека утрово до Владата поднел законски измени на Предлог на законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на законот за изменување на Законот за патни исправи на државјаните, по скратена постапка. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ овие законски измени утрово ги поднесе до архивата на Собранието и барање за свикување на итна седница за оваа прашање со потписи од 20 пратеници. Тошковски објасни дека во законските измени треба пермутација на четири бројки во двата закони. Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на самите законски решенија се работи за измена на одредбите од двата закона коишто предвидуваат завршување на роковите по однос на ова законско решение за патните исправи и за возачките дозволи. Со оваа измена, рече тој, ќе се продолжи одредбата за да можат да важат и во наредниот период. Тошковски нагласи дека нема доволен број на обрасци за пасоши и возачки дозволи за да се задоволат потребите на граѓаните.
-Сакам македонските граѓани да знаат една работа која што се лажени упорно во континуитет. Лажени се од сите. Прво, само матична држава која што издала документ може да го поништи тој документ. Прво, многу е просто. Второ, одговорно тврдам дека со овие Предлог-измени не кршиме принцип на пакта сунцер ванда прво поврзано со меѓународно право и билатерални договори. Втора бона фиде – добро однесување го гарантираме во одреден временски период. Трето, ова се рокови во коишто е возможно согласно објективни, технички, нормални, возможни итн. капацитети да ги издадеме во соодветен број и едните и другите документи. Ова е реалноста. Значи, сакам да знаат македонските граѓани дека нема ниту пасоши како обрасци физички, ниту има возачки дозволи во доволен број за да се задоволат потребите на граѓаните и тоа е факт. Тоа е факт. Ова е единствено нормално возможно и системско решение кое што може да ги реши проблемите од една страна, а од друга страна да не предизвика кршење на човекови права флагрантно и од трета страна да не повредува ниту одредби од меѓународен билатерален договор. Ова е единственото соломонско решение. Се’ друго е козметика, шминка и популизам, рече Тошковски.
 
The post ВМРО-ДПМНЕ и министерот Тошковски поднесоа законски измени за пасошите и возачките дозволи во Собрание appeared first on Република.

]]>
Собранието ќе избира нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-ke-izbira-novi-ministri-za-zdravstvo-i-za-informatichko-opshtestvo-i-administratsija/ Mon, 12 Feb 2024 08:02:25 +0000 https://republika.mk/?p=743025

Собранието денеска треба да ја продолжи 143. седница на чиј дневен ред, меѓу другото е и изборот на нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација.

За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами.

Собранието минатата недела со 62 гласа „за“ и ниту еден глас „против“ ги разреши министрите од Алијанса за Албанците Фатмир Меџити и Азир Алиу. На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Меџити и Алиу беа разрешени по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери кој од собраниската говорница, образложувајќи го предлогот за разрешување рече дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и дека тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на двајцата министри.

Разрешувањето на двајцата министри уследи по расколот во Алијанса за Албанците откако актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари побара поддршка од членството за коалиција со албанскиот опозициски блок на претстојните избори, со што не се согласува претседателот на Централното собрание Зијадин Села.

На дневен ред на 143. седница на Собранието, се повеќе предлог закони по скратена постапка, меѓу кои Предлог на закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, Предлог на закон за дополнување на законот за заштита на децата, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за социjалната заштита.

Во прво читање пред пратениците, е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки.

The post Собранието ќе избира нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска треба да ја продолжи 143. седница на чиј дневен ред, меѓу другото е и изборот на нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација. За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами. Собранието минатата недела со 62 гласа „за“ и ниту еден глас „против“ ги разреши министрите од Алијанса за Албанците Фатмир Меџити и Азир Алиу. На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Меџити и Алиу беа разрешени по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери кој од собраниската говорница, образложувајќи го предлогот за разрешување рече дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и дека тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на двајцата министри. Разрешувањето на двајцата министри уследи по расколот во Алијанса за Албанците откако актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари побара поддршка од членството за коалиција со албанскиот опозициски блок на претстојните избори, со што не се согласува претседателот на Централното собрание Зијадин Села. На дневен ред на 143. седница на Собранието, се повеќе предлог закони по скратена постапка, меѓу кои Предлог на закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, Предлог на закон за дополнување на законот за заштита на децата, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за социjалната заштита. Во прво читање пред пратениците, е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки.

The post Собранието ќе избира нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација appeared first on Република.

]]>
Со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“ Собранието ги разреши министрите Меџити и Алиу https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-62-glasa-za-i-nitu-eden-protiv-sobranieto-gi-razreshi-ministrite-medhiti-i-aliu/ Sat, 10 Feb 2024 07:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=742388

Меџити и Алиу се разрешени по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери кој од собраниската говорница денеска образложувајќи го предлогот за разрешување рече дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и дека тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на двајцата министри.

„Воопшто не станува збор за нивната стручност и професионалност кон што имам исклучителна почит“, рече Џафери.

Разрешувањето на двајцата министри уследи по расколот во Алијанса за Албанците откако актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари побара поддршка од членството за коалиција со албанскиот опозициски блок на претстојните избори, со што не се согласува претседателот на Централното собрание Зијадин Села.

За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами.

Пред гласањето вечерва се обрати министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу кој изнесе повеќе информации за опструкции што ги имал, како што рече, од страна на ДУИ, но и за тоа што се случувало изминатата недела по објавувањето на информацијата дека Алијанса на Албаците ќе ја поддржи опозицијата. Ние, потенцира Алиу, уште кога влеговме во Владата кажавме дека ќе бидеме опозиција во Владата и се гордееме со тоа.

Тој го обвини министерот за политички систем од редовите на ДУИ Артан Груби дека ги носел одлуките за разрешување на кадрите на Алијансата на Албанците кои не ја поддржувале ДУИ.

„На 5 февруари 2024 знаете ли која беше првата одлука на Артан Груби? – Разрешување на лицата од Алијанса за Албанците. Истиот ден тие почнаа да ги разрешуваат членовите на АА каде што биле вработени. Во вторникот одиме на Влада, влегува премиерот, од неговата лева страна седи Артан Груби и гледаме дека на дневен ред има уште двајца директори од АА и после денеска сме петок и сме тука за разрешување на двајца министри“, рече Алиу.

До вчера, рече Алиу, се зборуваше дека ДУИ ги контролира албанските партии, но денеска се гледа дека ДУИ ги контролира и отворено тие одлучуваат кој ќе биде министер во една друга партија, но тоа е пуч.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми му реплицираше на Алиу, но и на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека жали што опозоцијата си оди од салата и дека исто така верува дека и на 8 мај ќе бегаат.

„ВМРО-ДПМНЕ го реализира планот за раскол. Тие зборуваат за спам, за меил, фолдер, акаунт, додека на нив одамна им е изгорен хардискот“, рече Адеми.

The post Со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“ Собранието ги разреши министрите Меџити и Алиу appeared first on Република.

]]>

Меџити и Алиу се разрешени по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери кој од собраниската говорница денеска образложувајќи го предлогот за разрешување рече дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и дека тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на двајцата министри. „Воопшто не станува збор за нивната стручност и професионалност кон што имам исклучителна почит“, рече Џафери. Разрешувањето на двајцата министри уследи по расколот во Алијанса за Албанците откако актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари побара поддршка од членството за коалиција со албанскиот опозициски блок на претстојните избори, со што не се согласува претседателот на Централното собрание Зијадин Села. За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами. Пред гласањето вечерва се обрати министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу кој изнесе повеќе информации за опструкции што ги имал, како што рече, од страна на ДУИ, но и за тоа што се случувало изминатата недела по објавувањето на информацијата дека Алијанса на Албаците ќе ја поддржи опозицијата. Ние, потенцира Алиу, уште кога влеговме во Владата кажавме дека ќе бидеме опозиција во Владата и се гордееме со тоа. Тој го обвини министерот за политички систем од редовите на ДУИ Артан Груби дека ги носел одлуките за разрешување на кадрите на Алијансата на Албанците кои не ја поддржувале ДУИ. „На 5 февруари 2024 знаете ли која беше првата одлука на Артан Груби? – Разрешување на лицата од Алијанса за Албанците. Истиот ден тие почнаа да ги разрешуваат членовите на АА каде што биле вработени. Во вторникот одиме на Влада, влегува премиерот, од неговата лева страна седи Артан Груби и гледаме дека на дневен ред има уште двајца директори од АА и после денеска сме петок и сме тука за разрешување на двајца министри“, рече Алиу. До вчера, рече Алиу, се зборуваше дека ДУИ ги контролира албанските партии, но денеска се гледа дека ДУИ ги контролира и отворено тие одлучуваат кој ќе биде министер во една друга партија, но тоа е пуч. Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми му реплицираше на Алиу, но и на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека жали што опозоцијата си оди од салата и дека исто така верува дека и на 8 мај ќе бегаат. „ВМРО-ДПМНЕ го реализира планот за раскол. Тие зборуваат за спам, за меил, фолдер, акаунт, додека на нив одамна им е изгорен хардискот“, рече Адеми.

The post Со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“ Собранието ги разреши министрите Меџити и Алиу appeared first on Република.

]]>
Не се избра државен јавен обвинител, не се знае кога пратениците ќе ја продолжат расправата во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-se-izbra-drzhaven-javen-obvinitel-ne-se-znae-koga-pratenitsite-ke-ja-prodolzhat-raspravata-vo-sobranieto/ Thu, 08 Feb 2024 18:47:22 +0000 https://republika.mk/?p=741974

Собранието во рамките на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 140-тата седница расправаше по Предлогот за именување на јавен обвинител на Република Македонија. За продолжението на седницата пратениците дополнително ќе бидат известени.

Во текот на расправата за збор се јавуваа само пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие обвинија за бројни злоупотреби во Јавното обвинителство од претходниот јавен обвинител Љубомир Јовески кој, како што рекоа, застапувал само партиски интереси и значајно придонел за урнисувањето на довербата во судството.

Според нив, на власта и се брза пред изборите да ја пополнат и оваа висока јавна позиција со партиски кандидат. Како што посочија, за функцијата се јавиле тројца кандидати од кои само еден – Љупчо Коцевски го поминал филтерот на партијата на власт. Тој сега е единствен кандидат за избор на оваа висока позиција иако е сосема непознат за јавноста и не се знае ништо за неговата стручност за функцијата што треба да ја извршува во наредните шест години. Покрај тоа, додадоа, е веќе и пред пензија, а и експертската јавност даде препорака дека не ги исполнува критериумите за позицијата државен јавен обвинител.

Ниту еден од пратениците од владејачкото мнозинство не се јави за збор или за реплика.

The post Не се избра државен јавен обвинител, не се знае кога пратениците ќе ја продолжат расправата во Собранието appeared first on Република.

]]>

Собранието во рамките на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 140-тата седница расправаше по Предлогот за именување на јавен обвинител на Република Македонија. За продолжението на седницата пратениците дополнително ќе бидат известени. Во текот на расправата за збор се јавуваа само пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие обвинија за бројни злоупотреби во Јавното обвинителство од претходниот јавен обвинител Љубомир Јовески кој, како што рекоа, застапувал само партиски интереси и значајно придонел за урнисувањето на довербата во судството. Според нив, на власта и се брза пред изборите да ја пополнат и оваа висока јавна позиција со партиски кандидат. Како што посочија, за функцијата се јавиле тројца кандидати од кои само еден – Љупчо Коцевски го поминал филтерот на партијата на власт. Тој сега е единствен кандидат за избор на оваа висока позиција иако е сосема непознат за јавноста и не се знае ништо за неговата стручност за функцијата што треба да ја извршува во наредните шест години. Покрај тоа, додадоа, е веќе и пред пензија, а и експертската јавност даде препорака дека не ги исполнува критериумите за позицијата државен јавен обвинител. Ниту еден од пратениците од владејачкото мнозинство не се јави за збор или за реплика.  

The post Не се избра државен јавен обвинител, не се знае кога пратениците ќе ја продолжат расправата во Собранието appeared first on Република.

]]>
Џафери достави предлог до Собранието за разрешување на министрите на Алијанса и именување нови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-dostavi-predlog-do-sobranieto-za-razreshuvane-na-ministrite-na-alijansa-i-imenuvane-novi/ Thu, 08 Feb 2024 12:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=741847

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, достави допис до претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот на Република Македонија, предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши: Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација.

Премиерот Џафери достави и допис до собранискиот претседател, Митрески, согласно горенаведениот член од Уставот, Собранието на Република Македонија да ги избере: Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.

The post Џафери достави предлог до Собранието за разрешување на министрите на Алијанса и именување нови appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, достави допис до претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот на Република Македонија, предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши: Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација. Премиерот Џафери достави и допис до собранискиот претседател, Митрески, согласно горенаведениот член од Уставот, Собранието на Република Македонија да ги избере: Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.

The post Џафери достави предлог до Собранието за разрешување на министрите на Алијанса и именување нови appeared first on Република.

]]>
Митрески: На 14 февруари ќе ги распишам претседателските и парламентарните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/mitreski-na-14-fevruari-ke-gi-raspisham-pretsedatelskite-i-parlamentarnite-izbori/ Tue, 06 Feb 2024 09:26:29 +0000 https://republika.mk/?p=740860

Станува збор за почитување на Уставот и уставните рокови предвидени за одржување на избори, зашто станува збор за редовни парламентарни избори кои се случуваат првпат по 16 години. Постои мала забуна во јавноста во смисла на функционирањето на Собранието затоа што кога се одржуваат предвремени парламентарни избори, парламентот се распушта со одлука за распуштање којашто ја гласаат пратениците, а во овој случај Собранието работи до крајот на својот мандат. Впрочем, ако ја земаме таа пракса за работа на Собранието до пред почеток на кампања, значи Собранието би функционирало некаде до крајот на месец март или првите денови на месец април - рече претседателот на Собранието на Република  Македонија, Јован Митрески во емисијата „360 степени“ на МРТ 1,во однос на тоа до кога ќе работи Собранието.

Во однос на распишувањето на изборите, Митрески посочи дека во Уставот е наведено дека од 70 до 90 дена пред одржувањето на изборите, се распишуваат. Тоа значи дека, 24 април е првиот круг за претседателските избори, враќајќи наназад од 70 до 90 дена, доаѓа некаде средина на февруари.

Направив консултација и со ДИК во смисла на броење на деновите што би значело тоа. Денес имам конечен заклучок дека претседателските избори ќе ги распишам на 14 февруари и планот ми е на истиот ден да ги распишам и парламентарните избори - посочи Митрески.

Митрески во врска со прашањето техничка влада- редовно собрание истакна дека Собранието мора да функционира.

Заради граѓаните, бизнисите да се движат, работите што се надлежност на Собранието. Вие велите техничка влада или преодна влада, којашто, исто така, има можност да пушта во процедура како овластен предлагач закони, извештаи, точки на дневен ред. Примарната задача е обезбедување на фер и демократски избори, меѓутоа државата мора да функционира и овој период од 100 дена на техничка влада - истакна Митрески.

The post Митрески: На 14 февруари ќе ги распишам претседателските и парламентарните избори appeared first on Република.

Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/donesen-zakonot-za-upotreba-na-makedonskiot-jazik-koj-ke-go-zameni-dosegashniot-star-25-godini/ Fri, 26 Jan 2024 13:10:59 +0000 https://republika.mk/?p=737108

Пратениците го донесоа Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот од 1998 година. Законот беше дополнет со прифатени амандмани на матичната собраниска Комисија за култура и донесен во целина со гласовите на сите 96 присутни пратеници на 139-та седница, која ја водеше новоизбраниот претседател на Собранието Јован Митрески, без против и без воздржани гласови.

Законот пропишува задолжително лекторирање на сите материјали, со објавување на името на лекторот, задолжително вработување лектори во сите јавни институции и органите на власта, во државни институции, училишта, издавачки куќи, медиуми, со што се очекува да се зголеми и интересот за студирање македонски јазик. Ќе се формира и Инспекторат за надзор над примената на законот.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во излагањето пред гласањето рече дека со многу труд, посветеност и ентузијазам успеале да ги исполнат заложбите за заштита и унапредување на македонскиот јазик. Посочи дека по неколку незначителни измени на досегашниот закон, стар 25 години, новиот закон нуди решенија и механизми за градење соодветна јазична политика, дополнителни механизми во функција на зајакнувањето на почитување на македонскиот стандарден јазик и неговата правилна употреба.

Денес правиме вистински потфат во унапредување на јазикот и зајакнување на македонскиот идентитет. Односот кон јазикот јасно ги покажува нашите намери и на сите оние кои учествуваа во транспарентната постапка на негова подготовка. И на јазикот се кршеа копја и се водеше политикантство, но покажавме дека со јазикот, културата и македонскиот идентитет нема компромиси. Со изгласувањето на овој закон, не добиваме само нов и современ закон за македонскиот јазик, туку и пример како треба да се изработува еден правен акт кој е од заеднички интерес, а тоа е со широка јавна дискусија и соработка на сите засегнати страни - истакна Костадиновска-Стојчевска.

Рече и дека новиот закон дава правна основа за да се донесе национална стратегија за македонскиот јазик, а од него произлегуваат и важни иницијативи, како стипендирање ученици од четврта година средно образование и студенти на додипломски, магистерски и докторски студии со што смета дека се прави голем исчекор кон мотивирање на младите за проучување на македонскиот јазик.

Гордана Силјановска-Давкова од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во расправата кажа дека е направен „голем чекор напред“ и дека „ова е почеток на успешна приказна“ затоа што, како што рече, секојдневно се соочуваме со непочитување на македонскиот јазик во државни институции и дека новиот закон „ќе нѐ насочи кон потребата од негово зачувување“.

Посочи дека во дискусијата се прифатени амандмани, но остануваат, рече, недовршени работи. Смета дека е многу подобро членовите на Советот за македонски јазик „да се регрутираат“ од најважните институции за заштита на јазикот, и самите тие да го избираат претседателот на Советот, а не тоа да го прави Владата. Исто така, рече дека „нема разбирање од бегањето од поимот македонистика“.

Силјановска-Давкова рече и дека била восхитена од изјавата на бугарскиот преведувач на македонска современа литература Пламен Тотев дека „неверојатно уживал во читање и споредување на македонската и бугарската белетристика“ и дека „во македонскиот јазик препознава и признава европски тенденции од зачетоците до денес“.

Тоа е добра волја и сѐ додека има вакви изјави има надеж за меѓусебно разбирање. За жал, претседателот на Собранието извештајот за негова работа го презентираше прво напишан на албански, отпечатен од Собранието, потоа на македонски јазик. Не очекувам од него уставен патриотизам, но очекувам почитување на Уставот и Рамковниот договор каде пишува дека македонскиот јазик е службен на целата територија на државата и во меѓународните односи - рече Силјановска-Давкова.

Ѝ реплицираше пратеничката Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ која рече дека тие „не бегаат од поимот македонистика“ и дека се надева дека „ќе остане во минатото и нема да се повтори газењето на македонскиот јазик, целосна непочит кон творецот, таткото на современиот македонски јазик Блаже Конески, кој не така одамна беше нарекуван ’џуџето од Небрегово’“.

Ја потсети и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласале за Договорот Фронтекс, како што рече, „прв договор на македонски јазик потпишан од 26 земји членки на ЕУ“.

Не бегаме од поимот македонистика и никогаш нема да доживееме однесување на целосно непочитување на сопствена историја и јазик кој го признава Европската Унија - рече Калеска-Ванчева.

The post Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години appeared first on Република.

]]>

Пратениците го донесоа Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот од 1998 година. Законот беше дополнет со прифатени амандмани на матичната собраниска Комисија за култура и донесен во целина со гласовите на сите 96 присутни пратеници на 139-та седница, која ја водеше новоизбраниот претседател на Собранието Јован Митрески, без против и без воздржани гласови. Законот пропишува задолжително лекторирање на сите материјали, со објавување на името на лекторот, задолжително вработување лектори во сите јавни институции и органите на власта, во државни институции, училишта, издавачки куќи, медиуми, со што се очекува да се зголеми и интересот за студирање македонски јазик. Ќе се формира и Инспекторат за надзор над примената на законот. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во излагањето пред гласањето рече дека со многу труд, посветеност и ентузијазам успеале да ги исполнат заложбите за заштита и унапредување на македонскиот јазик. Посочи дека по неколку незначителни измени на досегашниот закон, стар 25 години, новиот закон нуди решенија и механизми за градење соодветна јазична политика, дополнителни механизми во функција на зајакнувањето на почитување на македонскиот стандарден јазик и неговата правилна употреба.
Денес правиме вистински потфат во унапредување на јазикот и зајакнување на македонскиот идентитет. Односот кон јазикот јасно ги покажува нашите намери и на сите оние кои учествуваа во транспарентната постапка на негова подготовка. И на јазикот се кршеа копја и се водеше политикантство, но покажавме дека со јазикот, културата и македонскиот идентитет нема компромиси. Со изгласувањето на овој закон, не добиваме само нов и современ закон за македонскиот јазик, туку и пример како треба да се изработува еден правен акт кој е од заеднички интерес, а тоа е со широка јавна дискусија и соработка на сите засегнати страни - истакна Костадиновска-Стојчевска.
Рече и дека новиот закон дава правна основа за да се донесе национална стратегија за македонскиот јазик, а од него произлегуваат и важни иницијативи, како стипендирање ученици од четврта година средно образование и студенти на додипломски, магистерски и докторски студии со што смета дека се прави голем исчекор кон мотивирање на младите за проучување на македонскиот јазик. Гордана Силјановска-Давкова од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во расправата кажа дека е направен „голем чекор напред“ и дека „ова е почеток на успешна приказна“ затоа што, како што рече, секојдневно се соочуваме со непочитување на македонскиот јазик во државни институции и дека новиот закон „ќе нѐ насочи кон потребата од негово зачувување“. Посочи дека во дискусијата се прифатени амандмани, но остануваат, рече, недовршени работи. Смета дека е многу подобро членовите на Советот за македонски јазик „да се регрутираат“ од најважните институции за заштита на јазикот, и самите тие да го избираат претседателот на Советот, а не тоа да го прави Владата. Исто така, рече дека „нема разбирање од бегањето од поимот македонистика“. Силјановска-Давкова рече и дека била восхитена од изјавата на бугарскиот преведувач на македонска современа литература Пламен Тотев дека „неверојатно уживал во читање и споредување на македонската и бугарската белетристика“ и дека „во македонскиот јазик препознава и признава европски тенденции од зачетоците до денес“.
Тоа е добра волја и сѐ додека има вакви изјави има надеж за меѓусебно разбирање. За жал, претседателот на Собранието извештајот за негова работа го презентираше прво напишан на албански, отпечатен од Собранието, потоа на македонски јазик. Не очекувам од него уставен патриотизам, но очекувам почитување на Уставот и Рамковниот договор каде пишува дека македонскиот јазик е службен на целата територија на државата и во меѓународните односи - рече Силјановска-Давкова.
Ѝ реплицираше пратеничката Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ која рече дека тие „не бегаат од поимот македонистика“ и дека се надева дека „ќе остане во минатото и нема да се повтори газењето на македонскиот јазик, целосна непочит кон творецот, таткото на современиот македонски јазик Блаже Конески, кој не така одамна беше нарекуван ’џуџето од Небрегово’“. Ја потсети и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласале за Договорот Фронтекс, како што рече, „прв договор на македонски јазик потпишан од 26 земји членки на ЕУ“.
Не бегаме од поимот македонистика и никогаш нема да доживееме однесување на целосно непочитување на сопствена историја и јазик кој го признава Европската Унија - рече Калеска-Ванчева.

The post Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години appeared first on Република.

]]>
Денеска во Собрание нема седница, но има две комисии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-vo-sobranie-nema-sednitsa-no-ima-dve-komisii/ Thu, 11 Jan 2024 06:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=731757

Во Собранието денеска седница ќе одржат  Законодавно правната комисија и Комисијата за здравство.

На дневен ред на 25. седница на Комисијата за здравство е Јавната расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка, поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

Членовите на Законодавно правната комисија во рамки на  213. седница ќе дискутираат за Предлог на законот за употреба на македонскиот јазик, во второ читање.

Додека, на 124.седница на Законодавно правната комисија се неколку точки - Статутот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје ( I фаза), Предлог на законот за изменување на Законот за сигурност во железничкиот систем, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, по скратена постапка, Предлог на законот за воздухопловство во второ читање, Предлог на законот за дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка и Барањето за давање на автентично толкување на членовите 124 и 125 од Закон за општата управна постапка („Службен весник на РМ" бр. 124/2015), поднесено од градоначалникот на Општина Центар

The post Денеска во Собрание нема седница, но има две комисии appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска седница ќе одржат  Законодавно правната комисија и Комисијата за здравство. На дневен ред на 25. седница на Комисијата за здравство е Јавната расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка, поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Членовите на Законодавно правната комисија во рамки на  213. седница ќе дискутираат за Предлог на законот за употреба на македонскиот јазик, во второ читање. Додека, на 124.седница на Законодавно правната комисија се неколку точки - Статутот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје ( I фаза), Предлог на законот за изменување на Законот за сигурност во железничкиот систем, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, по скратена постапка, Предлог на законот за воздухопловство во второ читање, Предлог на законот за дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка и Барањето за давање на автентично толкување на членовите 124 и 125 од Закон за општата управна постапка („Службен весник на РМ" бр. 124/2015), поднесено од градоначалникот на Општина Центар

The post Денеска во Собрание нема седница, но има две комисии appeared first on Република.

]]>
Првата нова редовна седница на Собранието закажана за 16 јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvata-nova-redovna-sednitsa-na-sobranieto-zakazhana-za-16-januari/ Fri, 29 Dec 2023 13:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=727889

Првата нова пленарна седница во 2024 година е закажана за 16 јануари, информираат од Собранието. На дневен ред се повеќе точки со пристигнати нови материјали.

Засега на оваа 138. седница на дневен се Предлогот на закон за дополнување на Законот за државно правобранителство, Предлогот на закон за административни службеници, Предлогот на закон за вработените во јавниот сектор, Предлогот на закон за стручно усовршување и обука на административните службеници, Предлогот на закон за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, Предлогот на закон за изменување и дополнување на законот за електронско управување и електронски услуги, Предлогот на закон за рибарство и аквакултура и Предлогот на закон за гаранција на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, сите по скратена постапка.

Пратениците треба да ги разгледаат и Предлогот на закон за правда на децата и Предлогот на закон за изменување на законот за управување со дополнителни текови на отпад, двата во прво читање, како и Барањето за давање на автентично толкување на член 62 од Законот за високото образование, поднесено од пратеникот Фиснике Бектеши Шаќири.

По новогодишните празници, како што е најавено, Собранието ќе започне со работа на 9 јануари со редовна координативна седница на претседателот на Собранието со првите луѓе на пратеничките групи. За 9-ти е закажана и седница на собраниската Комисија за локална самоуправа, а на 11-ти јануари седница на Комисијата за здравство.

Седницата за техничката Влада, како што изјави претседателот на Собранието Талат Џафери, кој ќе биде и премиер на преодната Влада, ќе биде закажана за 27 јануари.

The post Првата нова редовна седница на Собранието закажана за 16 јануари appeared first on Република.

]]>

Првата нова пленарна седница во 2024 година е закажана за 16 јануари, информираат од Собранието. На дневен ред се повеќе точки со пристигнати нови материјали. Засега на оваа 138. седница на дневен се Предлогот на закон за дополнување на Законот за државно правобранителство, Предлогот на закон за административни службеници, Предлогот на закон за вработените во јавниот сектор, Предлогот на закон за стручно усовршување и обука на административните службеници, Предлогот на закон за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, Предлогот на закон за изменување и дополнување на законот за електронско управување и електронски услуги, Предлогот на закон за рибарство и аквакултура и Предлогот на закон за гаранција на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, сите по скратена постапка. Пратениците треба да ги разгледаат и Предлогот на закон за правда на децата и Предлогот на закон за изменување на законот за управување со дополнителни текови на отпад, двата во прво читање, како и Барањето за давање на автентично толкување на член 62 од Законот за високото образование, поднесено од пратеникот Фиснике Бектеши Шаќири. По новогодишните празници, како што е најавено, Собранието ќе започне со работа на 9 јануари со редовна координативна седница на претседателот на Собранието со првите луѓе на пратеничките групи. За 9-ти е закажана и седница на собраниската Комисија за локална самоуправа, а на 11-ти јануари седница на Комисијата за здравство. Седницата за техничката Влада, како што изјави претседателот на Собранието Талат Џафери, кој ќе биде и премиер на преодната Влада, ќе биде закажана за 27 јануари.

The post Првата нова редовна седница на Собранието закажана за 16 јануари appeared first on Република.

]]>
Со димни бомби и расфрлани столици изгласан Буџетот на Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/so-dimni-bombi-i-rasfrlani-stolitsi-izglasan-budhetot-na-albanija/ Thu, 07 Dec 2023 12:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=720739

Во веќе видена атмосфера, предизвикана од приврзаниците на Сали Бериша, запалени димни бомби, обиди за напад врз обезбедувањето, пратениците од владејачкото мнозинство со 74 гласови „за“ го усвоија буџетот за 2024 година.

Буџетот, поради хаосот во собраниската сала, мина без расправа а истата траеше само осум минути.

На седницата присуствуваше премиерот Еди Рама, но отсутен беше, судски признаениот претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, зад кого се помал број демократски пратеници.

Сали Бериша, кој го предводи побројното крило во ДП, заедно со 5 пратеници кои го поддржуваат, Фламур Нока, Елда Хоти, Албана Вокши, Газмент Барди и Еди Палока, поради насилничките однесувања на минатата седница, Советот за етика ги исклучи од работата на законодавниот дом во период од 10 дена.

Како што изјави министерот за финансии и економија, Ервин Мете, буџетот тежи над 7 милијарди евра, поддржува натамошен економски развој, унапредување на вработувањето и социјална заштита, рече тој.

Во нашите проекции предвидуваме економски раст од 3,8 отсто, натамошна фискална консолидација, зголемување на вработеноста и намалување на инфлацијата. Посебен акцент се става на зголемувањето на пензиите и платите и овозможување да се постигне целта поставена од владата просечна плата да достигне 900 евра, најави Мете.

Со буџетот, според него за првпат ќе биде испочитувано потребното ниво поврзано со обврските за членство во НАТО, со 2 отсто од бруто домашниот производ.

The post Со димни бомби и расфрлани столици изгласан Буџетот на Албанија appeared first on Република.

]]>

Во веќе видена атмосфера, предизвикана од приврзаниците на Сали Бериша, запалени димни бомби, обиди за напад врз обезбедувањето, пратениците од владејачкото мнозинство со 74 гласови „за“ го усвоија буџетот за 2024 година. Буџетот, поради хаосот во собраниската сала, мина без расправа а истата траеше само осум минути. На седницата присуствуваше премиерот Еди Рама, но отсутен беше, судски признаениот претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, зад кого се помал број демократски пратеници. Сали Бериша, кој го предводи побројното крило во ДП, заедно со 5 пратеници кои го поддржуваат, Фламур Нока, Елда Хоти, Албана Вокши, Газмент Барди и Еди Палока, поради насилничките однесувања на минатата седница, Советот за етика ги исклучи од работата на законодавниот дом во период од 10 дена. Како што изјави министерот за финансии и економија, Ервин Мете, буџетот тежи над 7 милијарди евра, поддржува натамошен економски развој, унапредување на вработувањето и социјална заштита, рече тој.
Во нашите проекции предвидуваме економски раст од 3,8 отсто, натамошна фискална консолидација, зголемување на вработеноста и намалување на инфлацијата. Посебен акцент се става на зголемувањето на пензиите и платите и овозможување да се постигне целта поставена од владата просечна плата да достигне 900 евра, најави Мете.
Со буџетот, според него за првпат ќе биде испочитувано потребното ниво поврзано со обврските за членство во НАТО, со 2 отсто од бруто домашниот производ.

The post Со димни бомби и расфрлани столици изгласан Буџетот на Албанија appeared first on Република.

]]>
Лидерската средба ќе се одржи денеска напладне во Кристалната сала во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/liderskata-sredba-ke-se-odrzhi-deneska-napladne-vo-kristalnata-sala-vo-sobranieto/ Mon, 04 Dec 2023 10:25:27 +0000 https://republika.mk/?p=719300

Денеска, 4.12.2023 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, на покана на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии, соопшти владината прес служба.

Лидерската средба ќе се одржи во Кристалната сала, во Собранието на Република Македонија.

Снимателите и фотографите ќе имаат можност да направат фотографии и видео инсерти на почеток на средбата. По завршувањето на средбата е предвидена изјава за медиумите на премиерот Димитар Ковачевски, која исто така ќе се одржи во Кристалната сала во Собранието.

The post Лидерската средба ќе се одржи денеска напладне во Кристалната сала во Собранието appeared first on Република.

]]>

Денеска, 4.12.2023 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, на покана на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии, соопшти владината прес служба.
Лидерската средба ќе се одржи во Кристалната сала, во Собранието на Република Македонија. Снимателите и фотографите ќе имаат можност да направат фотографии и видео инсерти на почеток на средбата. По завршувањето на средбата е предвидена изјава за медиумите на премиерот Димитар Ковачевски, која исто така ќе се одржи во Кристалната сала во Собранието.

The post Лидерската средба ќе се одржи денеска напладне во Кристалната сала во Собранието appeared first on Република.

]]>
Мицевски обвини за злоупотреба на пратеничките прашања, Џафери побара толеранција до примена на новиот деловник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-obvini-za-zloupotreba-na-pratenichkite-prashana-dhaferi-pobara-tolerantsija-do-primena-na-noviot-delovnik/ Fri, 01 Dec 2023 12:03:01 +0000 https://republika.mk/?p=718329

Поставувањето пратенички прашања се злоупотребува, обвини координаторот на пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната Собраниска седница наменета за поставување пратенички прашања.

Според него, од вкупно 33 писмено одоговорени пратенички прашања, поставени на минатата седница, 23 се на власта, а само 10 на цела опозиција, односно шест на ВМРО - ДПМНЕ и четири на другите опозициски пратеници.

И повторно имаме изигрување на институтот пратенички прашања и повторно алатката за поставување пратенички прашања од опозицијата се злоупотребува. Повторно од 33 одговори на писмени пратенички прашања, од кои 23 се одговори на пратеници на власта. Станува иронично и смешно ова што се случува, пратеници од власта кои имаат директен пристап до министерствата и министрите, бидејќи доаѓаат од нивните редови, пратеничките прашања да ги поставуваат писмено и на тоа веднаш да добиваат одговори. А прашања поставени усно на минатата седница на колешка од опозицијата на која и беше речено дека трите одговори ќе ги добие писмено за оваа седница има добиено само еден одговор - рече Мицевски од собраниската говорница.

Тој забележа дека пратеничка од власта, која, според него, има поставено меѓу 100 и 120 писмени прашања, бара поединечно да се каже до каде е постапката за секој за добивање државјанство.

Иако согласно закон тоа е управна постапка која се води во МВР, за кое треба да се направат соодветни проверки, документација и да исполнуваат услови за добивање државјанство. Дали ако се смени власта може јас како пратеник за сите 5-6 илјади легализации во Општина Штип да побарам поединечно пратеничко прашање. Се злоупотребува институтот и алармирам до власта да не ги злоупотребува пратеничките прашања со вакви одговори - додаде Мицевски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, побара да се стрпат до следниот собраниски мандат од кога треба да почне со примена новиот деловник и оти сега пратениците имаат такво деловничко право.

Да се стрпите до примена на новиот деловник, кога ќе нема таква можност. Не е злоупотребено, ова е деловничко право на пратеник, не кажува опозиција, власт. Меѓу две седници пратеникот зборува за пратениците не за опозиција и власт, има право да поднесува и поставува пратеничко прашање до соодветното министерство, односно институција. Ќе се стрпите уште пет-шест седници, од наредниот мандат тоа е дефинирано прецизирано во крајна инстанца. Тоа е доказ плус за потребата што го донесовме деловникот - рече Џафери

The post Мицевски обвини за злоупотреба на пратеничките прашања, Џафери побара толеранција до примена на новиот деловник appeared first on Република.

]]>

Поставувањето пратенички прашања се злоупотребува, обвини координаторот на пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната Собраниска седница наменета за поставување пратенички прашања. Според него, од вкупно 33 писмено одоговорени пратенички прашања, поставени на минатата седница, 23 се на власта, а само 10 на цела опозиција, односно шест на ВМРО - ДПМНЕ и четири на другите опозициски пратеници.
И повторно имаме изигрување на институтот пратенички прашања и повторно алатката за поставување пратенички прашања од опозицијата се злоупотребува. Повторно од 33 одговори на писмени пратенички прашања, од кои 23 се одговори на пратеници на власта. Станува иронично и смешно ова што се случува, пратеници од власта кои имаат директен пристап до министерствата и министрите, бидејќи доаѓаат од нивните редови, пратеничките прашања да ги поставуваат писмено и на тоа веднаш да добиваат одговори. А прашања поставени усно на минатата седница на колешка од опозицијата на која и беше речено дека трите одговори ќе ги добие писмено за оваа седница има добиено само еден одговор - рече Мицевски од собраниската говорница.
Тој забележа дека пратеничка од власта, која, според него, има поставено меѓу 100 и 120 писмени прашања, бара поединечно да се каже до каде е постапката за секој за добивање државјанство.
Иако согласно закон тоа е управна постапка која се води во МВР, за кое треба да се направат соодветни проверки, документација и да исполнуваат услови за добивање државјанство. Дали ако се смени власта може јас како пратеник за сите 5-6 илјади легализации во Општина Штип да побарам поединечно пратеничко прашање. Се злоупотребува институтот и алармирам до власта да не ги злоупотребува пратеничките прашања со вакви одговори - додаде Мицевски.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, побара да се стрпат до следниот собраниски мандат од кога треба да почне со примена новиот деловник и оти сега пратениците имаат такво деловничко право.
Да се стрпите до примена на новиот деловник, кога ќе нема таква можност. Не е злоупотребено, ова е деловничко право на пратеник, не кажува опозиција, власт. Меѓу две седници пратеникот зборува за пратениците не за опозиција и власт, има право да поднесува и поставува пратеничко прашање до соодветното министерство, односно институција. Ќе се стрпите уште пет-шест седници, од наредниот мандат тоа е дефинирано прецизирано во крајна инстанца. Тоа е доказ плус за потребата што го донесовме деловникот - рече Џафери

The post Мицевски обвини за злоупотреба на пратеничките прашања, Џафери побара толеранција до примена на новиот деловник appeared first on Република.

]]>
На 27 јануари седница на вонредно изборно Собрание на ДПМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-27-januari-sednitsa-na-vonredno-izborno-sobranie-na-dpm/ Mon, 27 Nov 2023 08:35:59 +0000 https://republika.mk/?p=716569

Претседателката на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Кристина Николовска соопшти дека на 27 јануари ќе закаже продолжување на седницата за вонредното изборно Собрание, поради тоа што на претходната седница немаше кворум за работа.

Новиот датум доаѓа откако писателите не го избраа новото раководство, поради немање кворум за да се одржи вонредната седница закажана за сабота, 25 ноември. Од вкупно 286 члена на ДПМ, беа присутни 73, а за кворум на работа на седницата беа потребни 96, објави претседателството на ДПМ. Беше избрана Верификациона комисија, а Вонредното изборно собрание немаше кворум за работа.

Почитувани членови на ДПМ, ве известувам дека закажувам продолжување на седницата за вонредното изборно собрание на ДПМ за 27.01.2024 година во 11 часот во просториите на ДПМ, поради тоа што на закажаната седница за 25.11.2023 година немаше кворум за работа, соопшти Николовска на фесјбук страница на Друштвото.

За претседател на Друштвото остануваат кандидатурите на Миневски Блаже и Нешовски Мирче, а кандидатите за претседател на Собранието на ДПМ се Антоновски Иван и Марковски Стефан.

Мнозинството од присутните писатели со писмо до јавноста реагираа дека актуелното раководство во заминување направило удар. Своерачно потпишани 64-ца писатели присутни во текот на дискусијата, гласаа за заедничките заклучоци.

Ударот врз ДПМ беше подготвуван изминатиот период од претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска со тоа што: и покрај барањето на членови за увид и прочистување на Избирачкиот список, таа не го овозможи тоа и во списокот останаа починати лица. Таа оневозможи членовите на ДПМ што живеат надвор од земјата да гласаат на Вонредното изборно собрание, без да прифати и понуди решение нивното очекувано отсуство да не влијае на кворумот на седницата. Повеќе од половина од членството на ДПМ според јавно објавениот список на веб-страницата на ДПМ, што не користи електронска пошта, воопшто не беше информирано за одржувањето на Вонредото изборно собрание, и покрај обврската на претседателот на Собранието преку други начини на комуникација да ги информира и да им ги достави материјалите за седницата, стои меѓудругото во нивната реакција.

Дел од членовите на ДПМ бараат од Николовска итно да организира продолжение на седницата на Собранието на 27 јануари 2024 година и итно да го прочисти списокот на ДПМ од починати членови и да овозможи јавен увид во списокот. Тие велат дека отсега натаму, секое соопштение испратено од официјалната адреса на ДПМ зад коешто стојат Христо Петрески и Кристина Николовска, освен соопштение во врска со продолжението на Вонредното изборно собрание, се смета нелегитимно.

[caption id="attachment_716587" align="alignnone" width="534"] mde[/caption]

Вонредното собрание беше закажано откако на 9 октомври претседателот Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка поради здравствени причини, по што Кристина Николовска, претседателка на Собранието свика Вонредно изборно собрание. На 14 октомври, Петрески ја повлече неотповикливата оставка и рече дека била „изнудена поради притисоци, уцени и закани“. На 15 октомври, 21 проминентен член од различни генерации на Друштвото на писателите на Македонија јавно ја повикаа Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, да подготви и да испрати до членството Дневен ред како и Деловник за Вонредното изборно собрание.

The post На 27 јануари седница на вонредно изборно Собрание на ДПМ appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Кристина Николовска соопшти дека на 27 јануари ќе закаже продолжување на седницата за вонредното изборно Собрание, поради тоа што на претходната седница немаше кворум за работа. Новиот датум доаѓа откако писателите не го избраа новото раководство, поради немање кворум за да се одржи вонредната седница закажана за сабота, 25 ноември. Од вкупно 286 члена на ДПМ, беа присутни 73, а за кворум на работа на седницата беа потребни 96, објави претседателството на ДПМ. Беше избрана Верификациона комисија, а Вонредното изборно собрание немаше кворум за работа.
Почитувани членови на ДПМ, ве известувам дека закажувам продолжување на седницата за вонредното изборно собрание на ДПМ за 27.01.2024 година во 11 часот во просториите на ДПМ, поради тоа што на закажаната седница за 25.11.2023 година немаше кворум за работа, соопшти Николовска на фесјбук страница на Друштвото.
За претседател на Друштвото остануваат кандидатурите на Миневски Блаже и Нешовски Мирче, а кандидатите за претседател на Собранието на ДПМ се Антоновски Иван и Марковски Стефан. Мнозинството од присутните писатели со писмо до јавноста реагираа дека актуелното раководство во заминување направило удар. Своерачно потпишани 64-ца писатели присутни во текот на дискусијата, гласаа за заедничките заклучоци.
Ударот врз ДПМ беше подготвуван изминатиот период од претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска со тоа што: и покрај барањето на членови за увид и прочистување на Избирачкиот список, таа не го овозможи тоа и во списокот останаа починати лица. Таа оневозможи членовите на ДПМ што живеат надвор од земјата да гласаат на Вонредното изборно собрание, без да прифати и понуди решение нивното очекувано отсуство да не влијае на кворумот на седницата. Повеќе од половина од членството на ДПМ според јавно објавениот список на веб-страницата на ДПМ, што не користи електронска пошта, воопшто не беше информирано за одржувањето на Вонредото изборно собрание, и покрај обврската на претседателот на Собранието преку други начини на комуникација да ги информира и да им ги достави материјалите за седницата, стои меѓудругото во нивната реакција.
Дел од членовите на ДПМ бараат од Николовска итно да организира продолжение на седницата на Собранието на 27 јануари 2024 година и итно да го прочисти списокот на ДПМ од починати членови и да овозможи јавен увид во списокот. Тие велат дека отсега натаму, секое соопштение испратено од официјалната адреса на ДПМ зад коешто стојат Христо Петрески и Кристина Николовска, освен соопштение во врска со продолжението на Вонредното изборно собрание, се смета нелегитимно. [caption id="attachment_716587" align="alignnone" width="534"] mde[/caption] Вонредното собрание беше закажано откако на 9 октомври претседателот Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка поради здравствени причини, по што Кристина Николовска, претседателка на Собранието свика Вонредно изборно собрание. На 14 октомври, Петрески ја повлече неотповикливата оставка и рече дека била „изнудена поради притисоци, уцени и закани“. На 15 октомври, 21 проминентен член од различни генерации на Друштвото на писателите на Македонија јавно ја повикаа Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, да подготви и да испрати до членството Дневен ред како и Деловник за Вонредното изборно собрание.  

The post На 27 јануари седница на вонредно изборно Собрание на ДПМ appeared first on Република.

]]>
Заради кршењето, Столтенберг ќе се обрати во „Голема Купола“ наместо во салата „Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaradi-krsheneto-stoltenberg-ke-se-obrati-vo-golema-kupola-namesto-vo-salata-makedonija/ Tue, 21 Nov 2023 13:52:58 +0000 https://republika.mk/?p=714812

Поради неможноста да се одржуваат седници во пленарната сала „Македонија“ во Собранието до санирање на штетата предизвикана вчера од пратеникот на Левица, Борислав Крмов, идните седници ќе се одржуваат во салата „Голема купола“, вклучително и денешното закажано обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг до пратениците.

Синоќа Министерството за внатрешни работи извршило увид на штетите во пленарната сала. Претседателот на Собранието, Талат Џафери информира дека висината на материјалната штета дополнително ќе биде соопштена, но таа мора да биде покриена од страна на пратеникот Борислав Крмов.

Вчера на расправата за измените на новиот деловник за работа на парламентот, пратениците од опозициската партија Левица три пати ја прекинаа седницата, а Крмов и лидерот на Левица, Димитар Апасиев ги искршија мониторот и микрофоните од местото на претседателот на Собранието.

The post Заради кршењето, Столтенберг ќе се обрати во „Голема Купола“ наместо во салата „Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Поради неможноста да се одржуваат седници во пленарната сала „Македонија“ во Собранието до санирање на штетата предизвикана вчера од пратеникот на Левица, Борислав Крмов, идните седници ќе се одржуваат во салата „Голема купола“, вклучително и денешното закажано обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг до пратениците. Синоќа Министерството за внатрешни работи извршило увид на штетите во пленарната сала. Претседателот на Собранието, Талат Џафери информира дека висината на материјалната штета дополнително ќе биде соопштена, но таа мора да биде покриена од страна на пратеникот Борислав Крмов. Вчера на расправата за измените на новиот деловник за работа на парламентот, пратениците од опозициската партија Левица три пати ја прекинаа седницата, а Крмов и лидерот на Левица, Димитар Апасиев ги искршија мониторот и микрофоните од местото на претседателот на Собранието.

The post Заради кршењето, Столтенберг ќе се обрати во „Голема Купола“ наместо во салата „Македонија“ appeared first on Република.

]]>
УНИЦЕФ и Собранието ќе го одбележат Светскиот ден на детето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/unitsef-i-sobranieto-ke-go-odbelezhat-svetskiot-den-na-deteto/ Mon, 20 Nov 2023 09:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=714295

По повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември, Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Собранието на Република Македонија ќе организираат настан насловен „Децата го преземаат Собранието“.

На настанот ќе се обратат претседателот на Собранието Талат Џафери и претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани, а потоа е предвидено децата да ја преземат собраниската седница на која ќе се говори на теми кои тие ги избрале како најважни.

Меѓу нив се прашањата за квалитетно образование, учество во донесувањето одлуки што го засегаат нивниот живот и состојбата со менталното здравје.

Целта на настанот, кој на децата и младите ќе им даде простор да ги споделат своите гледишта, е пратениците одблизу да слушнат за напредокот поврзан со нивните права. Децата и младите пред народните избраници ќе ги претстават нивните најгорливи прашања, потреби и загрижености. „Децата го преземаат Собранието“ претставува можност да се зборува и за некои од препораките од последните Заклучни согледувања на Комитетот за правата на децата, наведуваат Собранието и УНИЦЕФ.

Оваа година земјава одбележува 30 години од ратификувањето на Конвенцијата за правата на децата и 30 години од работата на УНИЦЕФ.

За датум на Светскиот ден на детето е избран 20 ноември кога е годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на децата. Се одбележува како ден за акција од децата за децата на глобално ниво.

The post УНИЦЕФ и Собранието ќе го одбележат Светскиот ден на детето appeared first on Република.

]]>

По повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември, Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Собранието на Република Македонија ќе организираат настан насловен „Децата го преземаат Собранието“. На настанот ќе се обратат претседателот на Собранието Талат Џафери и претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани, а потоа е предвидено децата да ја преземат собраниската седница на која ќе се говори на теми кои тие ги избрале како најважни. Меѓу нив се прашањата за квалитетно образование, учество во донесувањето одлуки што го засегаат нивниот живот и состојбата со менталното здравје.
Целта на настанот, кој на децата и младите ќе им даде простор да ги споделат своите гледишта, е пратениците одблизу да слушнат за напредокот поврзан со нивните права. Децата и младите пред народните избраници ќе ги претстават нивните најгорливи прашања, потреби и загрижености. „Децата го преземаат Собранието“ претставува можност да се зборува и за некои од препораките од последните Заклучни согледувања на Комитетот за правата на децата, наведуваат Собранието и УНИЦЕФ.
Оваа година земјава одбележува 30 години од ратификувањето на Конвенцијата за правата на децата и 30 години од работата на УНИЦЕФ. За датум на Светскиот ден на детето е избран 20 ноември кога е годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на децата. Се одбележува како ден за акција од децата за децата на глобално ниво.

The post УНИЦЕФ и Собранието ќе го одбележат Светскиот ден на детето appeared first on Република.

]]>
Предлог законот за употребата на македонскиот јазик се уште е во Собрание, не е променет од 1998 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/predlog-zakonot-za-upotrebata-na-makedonskiot-jazik-se-ushte-e-vo-sobranie-ne-e-promenet-od-1998-godina/ Fri, 03 Nov 2023 21:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=697969

Предлог законот за употребата на македонскиот јазик се уште е во Собрание. Овој закон не е променет уште од 1998 година. Јас постојано апелирам до пратениците и не можам да поверувам дека еден ваков закон наидува на какви било препреки, посочи на брифинг со новинарите министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Таа потенцираше дека испратила апел и до претседателот на Комисијата за култура да закаже седница, но уште нема повратен одговор.

Не можам да поверувам дека еден ваков закон наидува на какви било препреки. Ќе разберев да беше некој друг закон, да се соберат политички поени, но за овој Предлог закон, особено во време кога за јазикот како жива материја гледаме дека имаме се понеправилна употреба и дека имаме потреба од лектори и од поинаков механизам, но и од Инспекторатот кој што треба да се направи. Секоја друга мерка која ќе предложиме да ја правиме како Влада, ќе биде залудна доколку не се изгласа овој закон. Додека не се донесе законот, ние сме во една непријатна статус кво ситуација, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа се надева дека час поскоро законот ќе се стави на дневен ред, ќе оди на амандманска расправа и ќе се изгласа.

Во однос на Стратегијата за култура, министерката извести дека е завршено лекторирањето и ќе биде испратена до Владата, а потоа во Собрание.

При крај е и Стратегијата за заштита на културното наследство. Од тие два документи, потоа произлегуваат Законот за култура и Законот за заштита на културното наследство. Работната група работи по однос на Законот за заштита на културно наследство, нив не ги брзаме, не сакаме да биде закон кој ќе биде донесен преку ноќ. Тој Закон ќе се работи бидејќи мора да се усогласи со Законот за Охрид, иако годинава имавме позитивна одлука од УНЕСКО, тој остана на листата, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа потсети дека од 19 забелешки од УНЕСКО, само две беа за нас, а 17 за Албанија.

Оваа година првпат поднесувавме заеднички со Албанија, за да покажеме дека можеме заеднички да управуваме едно природно културно наследство кое што е го делиме, додаде министерката на брифингот со новинарите.

The post Предлог законот за употребата на македонскиот јазик се уште е во Собрание, не е променет од 1998 година appeared first on Република.

]]>

Предлог законот за употребата на македонскиот јазик се уште е во Собрание. Овој закон не е променет уште од 1998 година. Јас постојано апелирам до пратениците и не можам да поверувам дека еден ваков закон наидува на какви било препреки, посочи на брифинг со новинарите министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Таа потенцираше дека испратила апел и до претседателот на Комисијата за култура да закаже седница, но уште нема повратен одговор.
Не можам да поверувам дека еден ваков закон наидува на какви било препреки. Ќе разберев да беше некој друг закон, да се соберат политички поени, но за овој Предлог закон, особено во време кога за јазикот како жива материја гледаме дека имаме се понеправилна употреба и дека имаме потреба од лектори и од поинаков механизам, но и од Инспекторатот кој што треба да се направи. Секоја друга мерка која ќе предложиме да ја правиме како Влада, ќе биде залудна доколку не се изгласа овој закон. Додека не се донесе законот, ние сме во една непријатна статус кво ситуација, рече Костадиновска Стојчевска.
Таа се надева дека час поскоро законот ќе се стави на дневен ред, ќе оди на амандманска расправа и ќе се изгласа. Во однос на Стратегијата за култура, министерката извести дека е завршено лекторирањето и ќе биде испратена до Владата, а потоа во Собрание.