собрание никола мицевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sobranie-nikola-micevski/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Feb 2023 14:08:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png собрание никола мицевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sobranie-nikola-micevski/ 32 32 Mицевски: Оваа Влада за една година нема ниту еден успех, нема ниту една реформа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-ovaa-vlada-za-edna-godina-nema-nitu-eden-uspeh-nema-nitu-edna-reforma/ Tue, 14 Feb 2023 14:08:22 +0000 https://republika.mk/?p=608936

„Денес по само една година од изборот на оваа Влада повторно сме тука и повторно ќе гледаме нов театар за избор на нова Влада. Денес пак ќе слушаме лаги, пак ќе слушаме ветувања, пак ќе го слушаме фамозното и претпознатливо „ЌЕ“, пак ќе слушаме разно разни изговори. Но бидете сигурни дека нема да слушнеме ни збор за одговорност и отчетност за сите проблеми, криминали и порази и неуспеси кои што ни ги донесе оваа најнеуспешна и најкорумпирана Влада досега“, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница.

Мицевски додаде дека од власта ќе зборуваат за се и сешто, но нема да зборуваат ниту за успеси, ниту пак за напредок, ниту пак за реформи.

„Оваа Влада оваа година нема ниту еден успех, нема ниту една реформа со која што може да се пофали. Напротив Владата реди порази, реди пораз до пораз, реди неуспех до неуспех. Дури и со она малку со што се обидува да се пофали преку својот скапо платен ПР, граѓаните ниту го прифаќаат, ниту му веруваат“, нагласи координаторот на пратеничката група Мицевски.

„Денес можеме и треба да зборуваме за се, освен за неуспесите и неспособноста на Владата и ништо друго. Се останато се ќе биде мачкање на очи, замајување на јавноста и трошење на драгоцено време. Имено, тогашниот мандатар, а сега премиер Ковачевски во својот говор ветуваше многу, но до денес не реализираше ама баш ништо во интерес на граѓаните. И еве повторно премиерот Ковачевски вчера во своето излагање очигледно немајќи со што да се пофали и немајќи за што да говори го потврди тоа што го кажав пред малку, а тоа е дека пак ќе не убедуваат дека во Македонија нема никаков криминал, нема делење на семејно партиски тендери, нема лично богатење врз грбот на граѓаните, нема незадоволни граѓани, нема злоупотреби и скандали, нема недостиг на лекари, нема масовно иселување на младите, нема економска криза, нема енергетска криза итн.“, рече Мицевски.

Тој посочи дека за премиерот и министрите во Македонија тече мед и млеко и се е како подмачкано.

„И затоа ние денес не сме тука за ставање на крај на неуспесите на оваа Влада и на сите проблеми, сите криминали и скандали со кои што се соочува оваа Влада и проблемите кои што ни ги донесе. Туку сме тука да дискутираме за реконструкција на Влада само поради редовно освежување и замена на кадрите со нови“, рече Мицевски.

Мицевски укажа дека целата македонска јавност беше сведок на изјавите на високи функционери на Социјалдемократскиот сојуз каде што изјавуваа дека ќе се залагаат за ставањето на државните пред партнерските интереси. Но тоа не се случи, се што беше ветено не се оствари.

„Владата самата си ги покажа своите абнормалии, неспособноста и фалинки.  Секој ден излегуваат на површина низа недостатоци, разно разни бирократски процедури поради кои што ни умираат пациенти, општеството е закочено од криминал, а корупцијата едноставно царува. Граѓаните се разочарани и едвај врзуваат крај со крај. А, ветувањата за зголемени плати и пензии остануваат само на хартија“, рече Мицевски.

The post Mицевски: Оваа Влада за една година нема ниту еден успех, нема ниту една реформа appeared first on Република.

]]>

„Денес по само една година од изборот на оваа Влада повторно сме тука и повторно ќе гледаме нов театар за избор на нова Влада. Денес пак ќе слушаме лаги, пак ќе слушаме ветувања, пак ќе го слушаме фамозното и претпознатливо „ЌЕ“, пак ќе слушаме разно разни изговори. Но бидете сигурни дека нема да слушнеме ни збор за одговорност и отчетност за сите проблеми, криминали и порази и неуспеси кои што ни ги донесе оваа најнеуспешна и најкорумпирана Влада досега“, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница. Мицевски додаде дека од власта ќе зборуваат за се и сешто, но нема да зборуваат ниту за успеси, ниту пак за напредок, ниту пак за реформи. „Оваа Влада оваа година нема ниту еден успех, нема ниту една реформа со која што може да се пофали. Напротив Владата реди порази, реди пораз до пораз, реди неуспех до неуспех. Дури и со она малку со што се обидува да се пофали преку својот скапо платен ПР, граѓаните ниту го прифаќаат, ниту му веруваат“, нагласи координаторот на пратеничката група Мицевски.
„Денес можеме и треба да зборуваме за се, освен за неуспесите и неспособноста на Владата и ништо друго. Се останато се ќе биде мачкање на очи, замајување на јавноста и трошење на драгоцено време. Имено, тогашниот мандатар, а сега премиер Ковачевски во својот говор ветуваше многу, но до денес не реализираше ама баш ништо во интерес на граѓаните. И еве повторно премиерот Ковачевски вчера во своето излагање очигледно немајќи со што да се пофали и немајќи за што да говори го потврди тоа што го кажав пред малку, а тоа е дека пак ќе не убедуваат дека во Македонија нема никаков криминал, нема делење на семејно партиски тендери, нема лично богатење врз грбот на граѓаните, нема незадоволни граѓани, нема злоупотреби и скандали, нема недостиг на лекари, нема масовно иселување на младите, нема економска криза, нема енергетска криза итн.“, рече Мицевски.
Тој посочи дека за премиерот и министрите во Македонија тече мед и млеко и се е како подмачкано.
„И затоа ние денес не сме тука за ставање на крај на неуспесите на оваа Влада и на сите проблеми, сите криминали и скандали со кои што се соочува оваа Влада и проблемите кои што ни ги донесе. Туку сме тука да дискутираме за реконструкција на Влада само поради редовно освежување и замена на кадрите со нови“, рече Мицевски.
Мицевски укажа дека целата македонска јавност беше сведок на изјавите на високи функционери на Социјалдемократскиот сојуз каде што изјавуваа дека ќе се залагаат за ставањето на државните пред партнерските интереси. Но тоа не се случи, се што беше ветено не се оствари. „Владата самата си ги покажа своите абнормалии, неспособноста и фалинки.  Секој ден излегуваат на површина низа недостатоци, разно разни бирократски процедури поради кои што ни умираат пациенти, општеството е закочено од криминал, а корупцијата едноставно царува. Граѓаните се разочарани и едвај врзуваат крај со крај. А, ветувањата за зголемени плати и пензии остануваат само на хартија“, рече Мицевски.

The post Mицевски: Оваа Влада за една година нема ниту еден успех, нема ниту една реформа appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Уставни измени нема да има и ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за промена на Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/micevski-ustavni-izmeni-nema-da-ima-i-vmro-dpmne-nema-da-glasa-za-promena-na-ustavot/ Sun, 18 Sep 2022 11:09:27 +0000 https://republika.mk/?p=551914

Уставни измени нема да има и ПГ на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за промена на Уставот. Најостро и најкатегорично ја отфрлам грубата манипулција и извртување на вистината која што одредени портали пред малку ја пласираа во јавноста, oбјаснува координаторот Никола Мицевски.

Имено, станува збор за мое интервју дадено за "Радио Слободна Европа", во кое што јасно и недвосмислено говорам за негаторските и асимилаторските политики и негативни последици од штетниот договор со Бугарија. Во ова интервју многу јасно се гледа кои се моите одговори на новинарските прашања, и многу јасно се гледа и слуша дека тие целосно се извадени од контекст и пренесени во јавноста, со делумно изменета и скратена содржина.

Искрено, не би сакал да се мешам во новинарската професија, но можам да заклучам дека ваквиот проблематичен наслов е изваден од контекст и креиран од пола реченица кој асоцира на нешто друго, без притоа да се пренесе и вториот дел од реченицата, каде што велам дека ние "сме против условувњата кои доаѓаат од Договорот со Бугарија..."

Нагласувам, вакво тенденциозно и непрофесионално новинарско однесување и пренесување на моите ставови, нема да ги дозволам и прифатам.

Дека се работи за оркестриран напад врз мене како пратеник и Координатор на П.Г на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, но како и врз ВМРО-ДПМНЕ, потврдува тоа што изминативе денови целата македонска јавност е сведок на паничните и очајните обиди за креирање раздор и дефокусирање на вниманието од реалните проблеми и криминали на власта.

The post Мицевски: Уставни измени нема да има и ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за промена на Уставот appeared first on Република.