собрание на рм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sobranie-na-rm/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Aug 2023 07:45:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png собрание на рм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sobranie-na-rm/ 32 32 Се подготвува нова програма за Собранискиот канал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-podgotvuva-nova-programa-za-sobraniskiot-kanal/ Sat, 12 Aug 2023 07:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=671276

Во Собранието се подготвува Нацрт програма за работата на Собранискиот канал, преку којшто граѓаните ќе се информираат за работата на пратениците, но и за функционирањето на Парламентот. Новото студио од каде што ќе се емитува програмата е опремено, а паралелно со Нацрт програмата, се работи и на доекипирање на Собранискиот канал со новинари и друг персонал. Потоа, како што неодамна најави во интервју за МИА претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе се започне со пробен период на работа.

Донесувањето на програмата на Собранискиот канал е обврска од измените и дополнувањата на Законот за Собранието.

Според Парламентарниот институт, целта е заедно со набавената опрема за модерно ТВ студио на законодавната власт и ангажираните вработени да се развие модерно емитување на агендата на Собранието и да се прикажуваат едукативни емисии за законодавната власт, други знаменитости, ре-емитување на програма од Европскиот парламент и друго.

– Минатиот месец се одржа работилница за подготовка на Нацрт – програмата на Собранискиот канал на која учествуваа 31 вработен од службата на Собранието, генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, како и претставници од МРТ, Националниот демократски институт (НДИ) и економски оператори, информира Парламентарниот институт на „Фејсбук“.

Ова е една од шесте работилници што годинава ги спроведува Парламентарниот институт на Собранието, финансиски помогнати од Националниот демократски институт преку Програмата за парламентарна поддршка (ПСП).

Претседателот на Собранието Талат Џафери во неодамнешното интервју за МИА посочи дека Собранискиот канал според Програмата за поддршка на Собранието во техничка смисла е комплетно опремен.

-Тоа е дамнешна одлука за формирање на Собранискиот канал имајќи предвид дека Собранискиот канал ги пренесува работите на Собранието во живо за работа на пленарните седници и Буџетот кога се работи на Комисија и секако сметам идејата е тој да биде извор за другите медиуми за веднаш да може да дава соодветна информација за работата и активностите на Собранието и на пратениците и да биде дополнување на изворот за информации автентично за она што се случува во Собранието во секој момент, вели Џафери.

Екипирањето на Собранискиот канал е при крај, додава тој, посочувајќи дека огласот бил повторен за дел од местата.

-Тоа е во соработка со Програмата за поддршка на Собранието со швајцарската Влада и со имплементаторот на Програмата. Значи, изборот се врши квалитетно во смисла на она што се пропишани сите критериуми по однос на систематизацијата на работи и работни задачи на соодветните работни места. Од тоа не се отстапува. Нормално, таа процедура поминува и во Агенцијата за администрација за да може да биде транспарентен целиот процес и се надеваме дека после одморите ќе биде екипиран да можеме да работиме на пробна шема за она што би значело и со што би се занимавал, рече Џафери.

Имајќи го предвид тоа, додава претседателот на Собранието, ќе треба да се доекипира Советот на собранискиот канал.

-Според Деловникот и Законот, претседател на Советот е еден од потпретседателите т.е. потпретседателот од опозицијата. За жал, таков немаме веќе во два мандати, но со измените на Законот, направивме можност како преоден период Советот да го води претседателот на Собранието до избор на потпретседател од опозицијата и да може да функционира соодветно, рече Џафери.

Минатата година во функција беше пуштена нова веб-страна, а, како што информираше Џафери, се врши и доопремување на просториите на салите каде што се одржуваат седниците на комисиите за да може да се обезбеди дигитализација и автоматско одлучување и пријавување за говори како што е и во пленарната сала.

Но, предупредува тој, се тоа зависи од постапката што се води, дали ќе биде успешна или не.

-А тоа знаете Законот за јавни набавки е јасен по однос на процедурите за извршување на тоа без оглед – може да биде се ок, меѓутоа ако не е во рамки на она што е потребата и ограничувањето Закон за јавни набавки не можете да одите во понатамошна постапка, вели Џафери.

Во минатото многу граѓани го гледаа Собранискиот канал во живо и директно се информираа за што расправаа пратениците и кои закони се носеа. Последните неофицијални информации за гледаноста на овој канал се дека сега него го гледаат многу малку граѓани односно дека гледаноста е само еден отсто.

The post Се подготвува нова програма за Собранискиот канал appeared first on Република.

]]>

Во Собранието се подготвува Нацрт програма за работата на Собранискиот канал, преку којшто граѓаните ќе се информираат за работата на пратениците, но и за функционирањето на Парламентот. Новото студио од каде што ќе се емитува програмата е опремено, а паралелно со Нацрт програмата, се работи и на доекипирање на Собранискиот канал со новинари и друг персонал. Потоа, како што неодамна најави во интервју за МИА претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе се започне со пробен период на работа.
Донесувањето на програмата на Собранискиот канал е обврска од измените и дополнувањата на Законот за Собранието. Според Парламентарниот институт, целта е заедно со набавената опрема за модерно ТВ студио на законодавната власт и ангажираните вработени да се развие модерно емитување на агендата на Собранието и да се прикажуваат едукативни емисии за законодавната власт, други знаменитости, ре-емитување на програма од Европскиот парламент и друго.
– Минатиот месец се одржа работилница за подготовка на Нацрт – програмата на Собранискиот канал на која учествуваа 31 вработен од службата на Собранието, генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, како и претставници од МРТ, Националниот демократски институт (НДИ) и економски оператори, информира Парламентарниот институт на „Фејсбук“.
Ова е една од шесте работилници што годинава ги спроведува Парламентарниот институт на Собранието, финансиски помогнати од Националниот демократски институт преку Програмата за парламентарна поддршка (ПСП). Претседателот на Собранието Талат Џафери во неодамнешното интервју за МИА посочи дека Собранискиот канал според Програмата за поддршка на Собранието во техничка смисла е комплетно опремен.
-Тоа е дамнешна одлука за формирање на Собранискиот канал имајќи предвид дека Собранискиот канал ги пренесува работите на Собранието во живо за работа на пленарните седници и Буџетот кога се работи на Комисија и секако сметам идејата е тој да биде извор за другите медиуми за веднаш да може да дава соодветна информација за работата и активностите на Собранието и на пратениците и да биде дополнување на изворот за информации автентично за она што се случува во Собранието во секој момент, вели Џафери.
Екипирањето на Собранискиот канал е при крај, додава тој, посочувајќи дека огласот бил повторен за дел од местата.
-Тоа е во соработка со Програмата за поддршка на Собранието со швајцарската Влада и со имплементаторот на Програмата. Значи, изборот се врши квалитетно во смисла на она што се пропишани сите критериуми по однос на систематизацијата на работи и работни задачи на соодветните работни места. Од тоа не се отстапува. Нормално, таа процедура поминува и во Агенцијата за администрација за да може да биде транспарентен целиот процес и се надеваме дека после одморите ќе биде екипиран да можеме да работиме на пробна шема за она што би значело и со што би се занимавал, рече Џафери.
Имајќи го предвид тоа, додава претседателот на Собранието, ќе треба да се доекипира Советот на собранискиот канал.
-Според Деловникот и Законот, претседател на Советот е еден од потпретседателите т.е. потпретседателот од опозицијата. За жал, таков немаме веќе во два мандати, но со измените на Законот, направивме можност како преоден период Советот да го води претседателот на Собранието до избор на потпретседател од опозицијата и да може да функционира соодветно, рече Џафери.
Минатата година во функција беше пуштена нова веб-страна, а, како што информираше Џафери, се врши и доопремување на просториите на салите каде што се одржуваат седниците на комисиите за да може да се обезбеди дигитализација и автоматско одлучување и пријавување за говори како што е и во пленарната сала. Но, предупредува тој, се тоа зависи од постапката што се води, дали ќе биде успешна или не.
-А тоа знаете Законот за јавни набавки е јасен по однос на процедурите за извршување на тоа без оглед – може да биде се ок, меѓутоа ако не е во рамки на она што е потребата и ограничувањето Закон за јавни набавки не можете да одите во понатамошна постапка, вели Џафери.
Во минатото многу граѓани го гледаа Собранискиот канал во живо и директно се информираа за што расправаа пратениците и кои закони се носеа. Последните неофицијални информации за гледаноста на овој канал се дека сега него го гледаат многу малку граѓани односно дека гледаноста е само еден отсто.

The post Се подготвува нова програма за Собранискиот канал appeared first on Република.

]]>
Расправата за законите за „Бехтел и Енка“ ќе трае два дена без разлика колку амандмани ќе бидат поднесени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/raspravata-za-zakonite-za-behtel-i-enka-ke-trae-dva-dena-bez-razlika-kolku-amandmani-ke-bidat-podneseni/ Thu, 11 May 2023 06:42:48 +0000 https://republika.mk/?p=639486

Комисијата за европски прашања денеска ја продолжува својата работа по однос на дневниот ред кој вчера експресно беше изгласан, а на кој на дневен ред ставени се предлог измените на законите поврзани со договорот со Бехтел и Енка, и кои од владата добија европско знаменце.

Бидејќи станува збор за закони на кои им се става приоритет расправата ќе трае два дена без разлика колку амандмани ќе бидат поднесени.

Опозицијата која не учествуваше за време на гласањето најави кривични пријави за кршење на процедурите, злоупотреба на европското знаменце и наметнување на спикерската воља над правото.

На вчерашната седница пратениците реагираа и зошто на предложените измени не се потпишани министри, туку заменици, а на некои од нив и воопшто нема потписи.

Образложението зошто се продолжува работната недела, исто така го даде заменик. Потребата за измени на законите беше изгласана со 62 гласа „за“.

На носењето на законите со европско знаменце претходно реагираше и евроамбасадорот Дејвид Гир кој рече дека ваквата пракса загрижува бидејќи како што посочи системот на европско знаменце се користи за усогласување на домашната легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ. Додаде дека во однос на законите поврзани со коридорите 8 и 10д нема усогласување со европските стандарди.

ВМРО ДПМНЕ ќе упати писмо до Европската комисија, амбасадите и до сите институции за да предупреди дека со криминален тендер ќе почне изградбата на коридорите осум и десет д, и дека се работи за криминално трошење стотици милиони евра за аванси и пенали. Мицкоски се сомнева дека тие се злоупотребени.

The post Расправата за законите за „Бехтел и Енка“ ќе трае два дена без разлика колку амандмани ќе бидат поднесени appeared first on Република.

]]>

Комисијата за европски прашања денеска ја продолжува својата работа по однос на дневниот ред кој вчера експресно беше изгласан, а на кој на дневен ред ставени се предлог измените на законите поврзани со договорот со Бехтел и Енка, и кои од владата добија европско знаменце. Бидејќи станува збор за закони на кои им се става приоритет расправата ќе трае два дена без разлика колку амандмани ќе бидат поднесени. Опозицијата која не учествуваше за време на гласањето најави кривични пријави за кршење на процедурите, злоупотреба на европското знаменце и наметнување на спикерската воља над правото. На вчерашната седница пратениците реагираа и зошто на предложените измени не се потпишани министри, туку заменици, а на некои од нив и воопшто нема потписи. Образложението зошто се продолжува работната недела, исто така го даде заменик. Потребата за измени на законите беше изгласана со 62 гласа „за“. На носењето на законите со европско знаменце претходно реагираше и евроамбасадорот Дејвид Гир кој рече дека ваквата пракса загрижува бидејќи како што посочи системот на европско знаменце се користи за усогласување на домашната легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ. Додаде дека во однос на законите поврзани со коридорите 8 и 10д нема усогласување со европските стандарди. ВМРО ДПМНЕ ќе упати писмо до Европската комисија, амбасадите и до сите институции за да предупреди дека со криминален тендер ќе почне изградбата на коридорите осум и десет д, и дека се работи за криминално трошење стотици милиони евра за аванси и пенали. Мицкоски се сомнева дека тие се злоупотребени.

The post Расправата за законите за „Бехтел и Енка“ ќе трае два дена без разлика колку амандмани ќе бидат поднесени appeared first on Република.

]]>
Собранието изгласа повеќе закони https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-izglasa-poveke-zakoni/ Mon, 20 Mar 2023 19:50:34 +0000 https://republika.mk/?p=621748

Собранието денеска во рамките на 99, 71, 79, 95, 97, 100 и 103 седница донесе повеќе предлог закони од различни области.

Пратениците го изгласаа Предлог законот за изменување на законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, како и Предлог законот за младински додаток, по скратена постапка.

Во рамките на 71 седница, пратениците го изгласаа годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2021, како и годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2021 година.

Исто така, на 79 седница беа усвоени Предлог законот за зоотехника, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за семејство, како и финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2021 година.

Собранието го усвои и барањето за давање на автентично толкување на член 281-6 став (3) од Законот за здравствената заштита и барањето за давање на автентично толкување на член 205 од Законот за облигационите односи, и двете поднесени од пратеникот Јован Митрески, како и барањето за давање на автентично толкување на член 67 од Законот за локалната самоуправа, поднесено од градоначалникот на град Скопје.

Во рамките на 97. седница, пратениците го изгласаа и Предлог на законот за задругите.

The post Собранието изгласа повеќе закони appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска во рамките на 99, 71, 79, 95, 97, 100 и 103 седница донесе повеќе предлог закони од различни области. Пратениците го изгласаа Предлог законот за изменување на законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, како и Предлог законот за младински додаток, по скратена постапка. Во рамките на 71 седница, пратениците го изгласаа годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2021, како и годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2021 година. Исто така, на 79 седница беа усвоени Предлог законот за зоотехника, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за семејство, како и финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2021 година. Собранието го усвои и барањето за давање на автентично толкување на член 281-6 став (3) од Законот за здравствената заштита и барањето за давање на автентично толкување на член 205 од Законот за облигационите односи, и двете поднесени од пратеникот Јован Митрески, како и барањето за давање на автентично толкување на член 67 од Законот за локалната самоуправа, поднесено од градоначалникот на град Скопје. Во рамките на 97. седница, пратениците го изгласаа и Предлог на законот за задругите.

The post Собранието изгласа повеќе закони appeared first on Република.

]]>
Прекината расправата во Собранието, изборот на заменици министри продолжува утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prekinata-raspravata-vo-sobranieto-izborot-na-zamenitsi-ministri-prodolzhuva-utre/ Wed, 01 Mar 2023 19:53:49 +0000 https://republika.mk/?p=614841

По експозето на премиерот Димитар Ковачевски, попладнево во Собранието продолжи 104-тата седница со дебата по четвртата точка на дневниот ред - Предлог за именување на заменици министри во Владата. По околу петчасовна расправа, на која генерално пратениците од опозицијата упатуваа критики за власта во однос на нивните политики во сите сфери, седницата беше прекината и потпретседателот Горан Мисоски најави дека заседанието ќе продолжи утре во 12:00 часот.

Дебатата почна со критики на излагањето на премиерот Ковачевски од страна на опозициските пратеници, кои најмногу го потенцираа неговиот став дека реконструкцијата се прави за да се зголеми владејачкото мнозинство. Опозициските пратеници го обвинија премиерот и за „незаинтересираност“, бидејќи како што посочија „додека тие зборуваат, тој седи со слушалки на ушите и не ги слуша“.

Во рамки на дебатата, пратеникот Хусни Исмаили од Алтернатива за Албанците нагласи дека Ковачевски само пред неколку денови зборувал дека реконструкцијата се случува за зголемување на владејачкото мнозинство, но се докажало дека станува збор за само еден пратеник плус. Тој посочи дека неговото однесување веќе не е ниту „севернокорејско“ и оти и „Ким Џонг Ун“ би се засрамил од такво однесување.

Исмаили нагласи дека прво треба да се решат внатрешните прашања во државата, пред да се решаваат надворешните, односно европскиот пат. Тој го оквалификува како срамно однесувањето на премиерот кон Алтернатива на Албанците.

Пратеникот Мартин Костовски од редовите на владејачката СДСМ посочи дека и антикризните мерки и субвенционирањата кои ги спорела Владата биле навремени.

- Во секоја дојава за бомба симптоматично е што има едно таму како фуснота напишано дека додека е СДСМ на власт нема да престанат овие дојави за бомби и сега ова ме тера да размислувам на се. Гревот што го носите од минатото, гревовите што го правите сега, ќе ве мачат долго време, рече Костовски, обраќајќи се кон пратениците на опозицијата.

Тој посочи дека сега пратениците од опозицијата не зборуваат често за НАТО и за безбедноста, бидејќи некој го решил тоа прашање, како и за меѓуетничките односи за кои се работело да бидат релаксирани.

- Факт е дека сте креатори на негативен наратив - ја жалам државата што има ваква опозиција. Ништо не е сменето, исти луѓе, исти навики, исти политики, заклучи Костовски.

Пратеникот Миле Талевски од СДСМ, осврнувајќи се на субвенциите за земјоделците, рече дека пратениците од опозицијата искажале груби лаги во однос на тоа прашање и посочи дека македонските земјоделци знаат како ВМРО-ДПМНЕ го раководело Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со селективност и уцени, а како го раководи СДСМ. Тој нагласи дека сега субвенциите се исплаќаат навремено, веднаш и без никаква селективност.

Пратеникот Халил Снопче од редовите на Алијанса за Албанците, зборувајќи за кандидатите за нови заменици министри во Владата, посочи дека Тирон Јајага, кој е кандидат за заменик-министер за одбрана зборува поголем број јазици од сите пратеници во Собранието, а кандидатката за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша поседува голем интелектуален капацитет и оти се тоа може да се пребара на Интернет.

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека од говорот на Ковачевски очекувал повеќе, особено по информацијата во јавноста дека „плаќа 36 луѓе за да го фотографираат, снимаат, креваат дронови, пишуваат соопштенија и говори“. - Неколку дена имам можност да ве слушам, но 80 проценти од говорот ви е ист, затоа престанале да им давате пари на оние кои ви пишуваат исти говори, рече Стојановски.

- Цело време власта и Ковачевски кажува дека ова е еврокоалиција. Што има европски во тоа да нема леб на рафтовите? Дали е европски да се краде струја од европската преносна мрежа или да не се произведува струја?, запраша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ

Неговиот сопартиец Драган Ковачки рече дека Ковачевски „ја симнал политиката на едно најниско можно ниво“ од формирањето на македонската демократија со тоа што го внел своето семејство и членови на неговото семејство во политичкиот ринг, што е, како што рече, крајно недозволиво и невкусно.

- Видовме дека мнозинството не е зголемено. Пред нас седи човек кој троши 26.000 евра за себепромоција затоа што очигледно дека нема друг начин како да допре до граѓаните па плаќа со народни пари по социјални мрежи сопствено рекламирање. Човек кој ги остави денес маркетите без леб, а за тоа не носи никаква одговорност. Премиерот молчеше за предложените министри и заменици и не кажа ниту позитивен, ниту негативен збор што е непочитување кон народните избраници, рече Ковачки.

Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ осврнувајќи се на кратките биографии на замениците министри рече дека еден од кандидатите навел дека знае да работи на Интернет експлорер.

- За кучињата скитници побаравте помош од Брисел, дали сега побаравте помош за лебот од Брисел. Во една држава во која нема леб на полиците, а килограм кромид е 80 денари ниту една реченица од тука не значи подобар живот, рече Љупчо Пренџов од ГРОМ.

Тој посочи дека премиерот кажал оти мнозинството расте и запраша како расте од 65 на 62 пратеници.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска, праша дали предложениот кандидат за заменик министер Нухиу е вмешан во откривање на акцијата во Грчец за сузбивање на дрога, со оглед дека долги години бил во Министерството за внатрешни работи.

- Ќе се задржам на Агим Нухиу, кој претходно бил во Министерството за внатрешни работи и сега доаѓа во Министерството за образование. Сакам да ја прашам македонската јавност бидејќи тој имал долго искуство во МВР и ја прашувам македонската јавност бидејќи нема кој мене да ме слушне од власта, бидејќи само физички се присутни овде, дали Нухиу има поврзаност со сузбивањето на трговија со дрога во Грчец, за кој Русковска рече дека е пробиена таа акција и тврдеше дека има крт во МВР, истакна таа.

Стаменкоска Трајкоска ги праша пратениците од владејачкото мнозинство дали со поддршка и гласање на Нухиу за министер за образование и наука ќе ги реши проблемите во образованието.
Премиерот во неговото излагање на почетокот на денешната расправа нагласи дека по изборот на заменици на министри ќе се комплетира целосно новиот состав на Владата.

- Но пред сите нас ќе се отвори една сериозна обврска - да донесеме зрели одлуки што ќе ги осигураат перспективите на земјата. Ако за тоа е потребно зголемување на мнозинството - тогаш, со секого ќе разговараме. Владата е отворена за идна соработка со сите кои се подготвени да постапат совесно и да ги поддржат реформите, економските политики и европската агенда, за доброто на граѓаните и на државата, рече Ковачевски.

Според него, се зацврстила политичката стабилност и се отвора пат за зголемена ефикасност на Собранието и на институциите, во насока на непречена реализација на клучните стратешки цели.

Собранието расправа за избор на нови заменици, пријавени за збор се 36 пратеници. Предложени се Тирон Јајага за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ за правда, Вјолца Бериша за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева во за здравство и Агим Нухиу за образование, наука и спорт.

Собранието претходно во рамки на 104. седница со 62 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан ги разреши замениците министри за одбрана Башким Асани, за земјоделство, шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини и за образование и наука Љуљзим Алиу.

Собраниската 104. седница за реконструкција на Владата започна пред три недели. Новите министри во Владата на Ковачевски од АА и СДСМ беа избрани пред полноќ во понеделникот.


Извор: МИА

The post Прекината расправата во Собранието, изборот на заменици министри продолжува утре appeared first on Република.

]]>

По експозето на премиерот Димитар Ковачевски, попладнево во Собранието продолжи 104-тата седница со дебата по четвртата точка на дневниот ред - Предлог за именување на заменици министри во Владата. По околу петчасовна расправа, на која генерално пратениците од опозицијата упатуваа критики за власта во однос на нивните политики во сите сфери, седницата беше прекината и потпретседателот Горан Мисоски најави дека заседанието ќе продолжи утре во 12:00 часот. Дебатата почна со критики на излагањето на премиерот Ковачевски од страна на опозициските пратеници, кои најмногу го потенцираа неговиот став дека реконструкцијата се прави за да се зголеми владејачкото мнозинство. Опозициските пратеници го обвинија премиерот и за „незаинтересираност“, бидејќи како што посочија „додека тие зборуваат, тој седи со слушалки на ушите и не ги слуша“. Во рамки на дебатата, пратеникот Хусни Исмаили од Алтернатива за Албанците нагласи дека Ковачевски само пред неколку денови зборувал дека реконструкцијата се случува за зголемување на владејачкото мнозинство, но се докажало дека станува збор за само еден пратеник плус. Тој посочи дека неговото однесување веќе не е ниту „севернокорејско“ и оти и „Ким Џонг Ун“ би се засрамил од такво однесување. Исмаили нагласи дека прво треба да се решат внатрешните прашања во државата, пред да се решаваат надворешните, односно европскиот пат. Тој го оквалификува како срамно однесувањето на премиерот кон Алтернатива на Албанците. Пратеникот Мартин Костовски од редовите на владејачката СДСМ посочи дека и антикризните мерки и субвенционирањата кои ги спорела Владата биле навремени.
- Во секоја дојава за бомба симптоматично е што има едно таму како фуснота напишано дека додека е СДСМ на власт нема да престанат овие дојави за бомби и сега ова ме тера да размислувам на се. Гревот што го носите од минатото, гревовите што го правите сега, ќе ве мачат долго време, рече Костовски, обраќајќи се кон пратениците на опозицијата.
Тој посочи дека сега пратениците од опозицијата не зборуваат често за НАТО и за безбедноста, бидејќи некој го решил тоа прашање, како и за меѓуетничките односи за кои се работело да бидат релаксирани.
- Факт е дека сте креатори на негативен наратив - ја жалам државата што има ваква опозиција. Ништо не е сменето, исти луѓе, исти навики, исти политики, заклучи Костовски.
Пратеникот Миле Талевски од СДСМ, осврнувајќи се на субвенциите за земјоделците, рече дека пратениците од опозицијата искажале груби лаги во однос на тоа прашање и посочи дека македонските земјоделци знаат како ВМРО-ДПМНЕ го раководело Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со селективност и уцени, а како го раководи СДСМ. Тој нагласи дека сега субвенциите се исплаќаат навремено, веднаш и без никаква селективност. Пратеникот Халил Снопче од редовите на Алијанса за Албанците, зборувајќи за кандидатите за нови заменици министри во Владата, посочи дека Тирон Јајага, кој е кандидат за заменик-министер за одбрана зборува поголем број јазици од сите пратеници во Собранието, а кандидатката за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша поседува голем интелектуален капацитет и оти се тоа може да се пребара на Интернет. Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека од говорот на Ковачевски очекувал повеќе, особено по информацијата во јавноста дека „плаќа 36 луѓе за да го фотографираат, снимаат, креваат дронови, пишуваат соопштенија и говори“. - Неколку дена имам можност да ве слушам, но 80 проценти од говорот ви е ист, затоа престанале да им давате пари на оние кои ви пишуваат исти говори, рече Стојановски.
- Цело време власта и Ковачевски кажува дека ова е еврокоалиција. Што има европски во тоа да нема леб на рафтовите? Дали е европски да се краде струја од европската преносна мрежа или да не се произведува струја?, запраша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ
Неговиот сопартиец Драган Ковачки рече дека Ковачевски „ја симнал политиката на едно најниско можно ниво“ од формирањето на македонската демократија со тоа што го внел своето семејство и членови на неговото семејство во политичкиот ринг, што е, како што рече, крајно недозволиво и невкусно.
- Видовме дека мнозинството не е зголемено. Пред нас седи човек кој троши 26.000 евра за себепромоција затоа што очигледно дека нема друг начин како да допре до граѓаните па плаќа со народни пари по социјални мрежи сопствено рекламирање. Човек кој ги остави денес маркетите без леб, а за тоа не носи никаква одговорност. Премиерот молчеше за предложените министри и заменици и не кажа ниту позитивен, ниту негативен збор што е непочитување кон народните избраници, рече Ковачки.
Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ осврнувајќи се на кратките биографии на замениците министри рече дека еден од кандидатите навел дека знае да работи на Интернет експлорер.
- За кучињата скитници побаравте помош од Брисел, дали сега побаравте помош за лебот од Брисел. Во една држава во која нема леб на полиците, а килограм кромид е 80 денари ниту една реченица од тука не значи подобар живот, рече Љупчо Пренџов од ГРОМ.
Тој посочи дека премиерот кажал оти мнозинството расте и запраша како расте од 65 на 62 пратеници. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска, праша дали предложениот кандидат за заменик министер Нухиу е вмешан во откривање на акцијата во Грчец за сузбивање на дрога, со оглед дека долги години бил во Министерството за внатрешни работи.
- Ќе се задржам на Агим Нухиу, кој претходно бил во Министерството за внатрешни работи и сега доаѓа во Министерството за образование. Сакам да ја прашам македонската јавност бидејќи тој имал долго искуство во МВР и ја прашувам македонската јавност бидејќи нема кој мене да ме слушне од власта, бидејќи само физички се присутни овде, дали Нухиу има поврзаност со сузбивањето на трговија со дрога во Грчец, за кој Русковска рече дека е пробиена таа акција и тврдеше дека има крт во МВР, истакна таа.
Стаменкоска Трајкоска ги праша пратениците од владејачкото мнозинство дали со поддршка и гласање на Нухиу за министер за образование и наука ќе ги реши проблемите во образованието. Премиерот во неговото излагање на почетокот на денешната расправа нагласи дека по изборот на заменици на министри ќе се комплетира целосно новиот состав на Владата.
- Но пред сите нас ќе се отвори една сериозна обврска - да донесеме зрели одлуки што ќе ги осигураат перспективите на земјата. Ако за тоа е потребно зголемување на мнозинството - тогаш, со секого ќе разговараме. Владата е отворена за идна соработка со сите кои се подготвени да постапат совесно и да ги поддржат реформите, економските политики и европската агенда, за доброто на граѓаните и на државата, рече Ковачевски.
Според него, се зацврстила политичката стабилност и се отвора пат за зголемена ефикасност на Собранието и на институциите, во насока на непречена реализација на клучните стратешки цели. Собранието расправа за избор на нови заменици, пријавени за збор се 36 пратеници. Предложени се Тирон Јајага за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ за правда, Вјолца Бериша за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева во за здравство и Агим Нухиу за образование, наука и спорт. Собранието претходно во рамки на 104. седница со 62 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан ги разреши замениците министри за одбрана Башким Асани, за земјоделство, шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини и за образование и наука Љуљзим Алиу. Собраниската 104. седница за реконструкција на Владата започна пред три недели. Новите министри во Владата на Ковачевски од АА и СДСМ беа избрани пред полноќ во понеделникот.
Извор: МИА

The post Прекината расправата во Собранието, изборот на заменици министри продолжува утре appeared first on Република.

]]>
Граѓаните ги оценија пратениците со двојка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gragjanite-gi-ocenija-pratenicite-so-dvojka/ Wed, 13 Jul 2022 13:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=528128

Институт за демократија, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка денеска во Собранието, за пратениците и претставниците на собраниските службите, организираше презентација на резултатите од теренската анкета за работата на Собранието на Република Македонија реализирана во периодот од 19 февруари до 10 март 2022 година.

Марко Трошановски, Претседател на Институт за демократија (ИДСЦС), потенцираше дека ова е најдолготрајното истражување на тема или институција која што постои во земјата.

Веќе 13 години се следи перцепцијата на јавноста за работата на Собранието и мислам дека е бесценета дата база која што покажува како граѓаните гледаат на Собранието. Длабински ако навлеземе во податоците доаѓаме до заклучок дека граѓаните не сметаат дека Собранието во сите свои функции најдобро ја одразува својата цел. Со исклучок на 2010 година, оваа година имаме најниска оценка за работата на Собранието.  Највисоката оценка до сега, од 3,4 покажа извештајот за 2017 година. Од тогаш има тренд на нагло а потоа и поблаго намалување на оценката на граѓаните за работата на Собранието“, нагласи Трошановски.

На скалата од 1 - најлошо, до 5 - најдобро, во 2022 година граѓаните ја оценија работата на Собранието со средна оценка 2,5 која бележи благ пад на скалата, споредено со изминатите четири години.

Перцепцијата на мнозинството граѓани е дека Собранието не ја извршува докрај својата надзорна улога, односно 27% од испитаниците сметаат дека Владата има целосна контрола над Собранието. Дополнително, над една третина (36%) од испитаниците сметаат дека Собранието ја зголемува корупцијата, наместо спротивниот ефект. Имајќи ги предвид пратеничките прашања како една од алатките на Собранието за надзор над извршната власт, граѓаните се поделени во однос на тоа дали тие се користат соодветно или служат само за критика или реклама.

Донесувањето на што поквалитетни закони, надгледувањето над трошењето на буџетот и грижата за имплементирањето на законите и политиките, се посочени како најважни функции на Собранието од страна на најголем дел од граѓаните. Сепак, нивното извршување од страна на Собранието е оценето како незадоволително од страна на мнозинството граѓани.

Извештајот ги анализира перцепциите на граѓаните за работата на Собранието генерално, почнувајќи од довербата во Собранието во споредба со другите власти, надзорната улога на Собранието, кого претставуваат пратениците, функциите на Собранието, информираноста за работата на законодавниот дом, како и други реформски процеси клучни за унапредување на работата на Собранието.

The post Граѓаните ги оценија пратениците со двојка appeared first on Република.

]]>

Институт за демократија, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка денеска во Собранието, за пратениците и претставниците на собраниските службите, организираше презентација на резултатите од теренската анкета за работата на Собранието на Република Македонија реализирана во периодот од 19 февруари до 10 март 2022 година. Марко Трошановски, Претседател на Институт за демократија (ИДСЦС), потенцираше дека ова е најдолготрајното истражување на тема или институција која што постои во земјата.
Веќе 13 години се следи перцепцијата на јавноста за работата на Собранието и мислам дека е бесценета дата база која што покажува како граѓаните гледаат на Собранието. Длабински ако навлеземе во податоците доаѓаме до заклучок дека граѓаните не сметаат дека Собранието во сите свои функции најдобро ја одразува својата цел. Со исклучок на 2010 година, оваа година имаме најниска оценка за работата на Собранието.  Највисоката оценка до сега, од 3,4 покажа извештајот за 2017 година. Од тогаш има тренд на нагло а потоа и поблаго намалување на оценката на граѓаните за работата на Собранието“, нагласи Трошановски.
На скалата од 1 - најлошо, до 5 - најдобро, во 2022 година граѓаните ја оценија работата на Собранието со средна оценка 2,5 која бележи благ пад на скалата, споредено со изминатите четири години. Перцепцијата на мнозинството граѓани е дека Собранието не ја извршува докрај својата надзорна улога, односно 27% од испитаниците сметаат дека Владата има целосна контрола над Собранието. Дополнително, над една третина (36%) од испитаниците сметаат дека Собранието ја зголемува корупцијата, наместо спротивниот ефект. Имајќи ги предвид пратеничките прашања како една од алатките на Собранието за надзор над извршната власт, граѓаните се поделени во однос на тоа дали тие се користат соодветно или служат само за критика или реклама. Донесувањето на што поквалитетни закони, надгледувањето над трошењето на буџетот и грижата за имплементирањето на законите и политиките, се посочени како најважни функции на Собранието од страна на најголем дел од граѓаните. Сепак, нивното извршување од страна на Собранието е оценето како незадоволително од страна на мнозинството граѓани. Извештајот ги анализира перцепциите на граѓаните за работата на Собранието генерално, почнувајќи од довербата во Собранието во споредба со другите власти, надзорната улога на Собранието, кого претставуваат пратениците, функциите на Собранието, информираноста за работата на законодавниот дом, како и други реформски процеси клучни за унапредување на работата на Собранието.

The post Граѓаните ги оценија пратениците со двојка appeared first on Република.

]]>
Последни два часа до избор на нова Влада, Џафери на консултација со координаторите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/posledni-dva-chasa-do-izbor-na-nova-vlada-dzaferi-na-konsultacija-so-koordinatorite/ Sun, 16 Jan 2022 20:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=445472

Во Собранието на Македонија во тек е вториот ден од дискусиите за новата Влада. Во моментов пратениците се на пауза, при што претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се консултира со координаторите на пратеничките групи за текот на последното продолжение на оваа седница, кое треба да заврши со завршните зборови на премиерот.

„Најавувам половина час пауза и ги поканувам координаторите на пратеничките групи на консултации. Со ова, по паузата да ја затвориме дискусијата за предметното прашање. Половина час пауза“, рече Џафери.

Според Деловникот на Собранието, расправата за програмата и за составот на владата се одвива два дена.

Седницата почна вчера, додека гласањето на новата Влада мора да се одржи пред полноќ.

The post Последни два часа до избор на нова Влада, Џафери на консултација со координаторите appeared first on Република.

]]>

Во Собранието на Македонија во тек е вториот ден од дискусиите за новата Влада. Во моментов пратениците се на пауза, при што претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се консултира со координаторите на пратеничките групи за текот на последното продолжение на оваа седница, кое треба да заврши со завршните зборови на премиерот.
„Најавувам половина час пауза и ги поканувам координаторите на пратеничките групи на консултации. Со ова, по паузата да ја затвориме дискусијата за предметното прашање. Половина час пауза“, рече Џафери.
Според Деловникот на Собранието, расправата за програмата и за составот на владата се одвива два дена. Седницата почна вчера, додека гласањето на новата Влада мора да се одржи пред полноќ.

The post Последни два часа до избор на нова Влада, Џафери на консултација со координаторите appeared first on Република.

]]>