Сообраќајниците околу Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје утре од 10.30 часот ќе бидат затворени поради настан со кој ќе се одбележи празникот Бадник.
МВР соопшти дека посебниот сообраќаен режим во тој дел од градот ќе важи до завршување на настанот пред храмот.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќајот на околните сообраќајници, информира Министерството за внатрешни работи.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
The post Сообраќајниците околу Соборниот храм утре затворени од 10.30 часот поради празнување на Бадник appeared first on Република.
]]>The post Сообраќајниците околу Соборниот храм утре затворени од 10.30 часот поради празнување на Бадник appeared first on Република.
]]>Нашиот Соборен храм, од каде штотуку доаѓам, ни го затворија пред нос во 19 часот. На нашиот најголем празник, објави на својот фејсбук профил Солза Грчева, лидерката на Глас за Македонија,
Сите што чекаа да влезат и купат свеќи и остават пари и ја помагаат со тоа и црквата, бевме избркани со зборовите:” Ајде тргајте се од тука”.
На Велигден затворен главниот храм. Цел свет прошетав, ниту една црква затворена на празник не сум начекала.
А се жалат дека се намалил бројот на верници.
Срамота за црквата, греота за луѓето!
The post Солза Грчева: На Велигден затворен главниот храм, ни го затворија пред нос во 19 часот appeared first on Република.

]]>Сообраќајниците околу соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, утре од 10 часот ќе бидат затворени за сообраќај поради одбележување на Бадник, известува Министерството за внатрешни работи.
– Утре (06.01.2023) поради најавено одржување на настан за одбележување на Бадник во Скопје, од 10 часот, па се до завршување на настанот, за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајниците околу соборниот храм “Св.Климент Охридски“ и тоа од објектот на „Пошта на РСМ“ до крстосницата кај Соборниот храм и од крстосницата кај Соборниот храм до зградата на Владата на РСМ, се вели во соопштението на МВР.
Оттаму велат дека Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќајот на околните сообраќајници
The post Утре не одете со возило околу Соборниот храм appeared first on Република.
]]>The post Утре не одете со возило околу Соборниот храм appeared first on Република.
]]>Три лица се поврдени во во сообраќајната незгода меѓу два автомобила којашто рано утрото во неделата се случила пред Собрниот храм во центарот на Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во скопската полиција околу 4 часот утрово било пријавено дека на крстосницата од булеварите „Партизански одреди“ и „Свети Климент Охридски“ се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б., на 25 години од скопското село Црн Врв, и „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Б.Т. од Скопје.
По несреќата, возачот А.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а возачот Б.Т. и неговиот сопатник, 53-годишниот Т.В. од Скопје биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар на Б.Т. му биле констатирани телесни повреди, а на сопатникот Т.В. му биле констатирани тешки телесни повреди.
The post Тројца повредени во судар пред Соборниот храм во центарот на Скопје appeared first on Република.
]]>The post Тројца повредени во судар пред Соборниот храм во центарот на Скопје appeared first on Република.
]]>Патријархот Порфириј и Архиепископот охридски и македонски Стефан, на празникот Свети Кирил и Методиј, ќе отслужат света архиерејска литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Литургијата почнува во 9 часот и е отворена за сите верници кои сакаат да присустуваат.
Делегација на српската православна црква предводена од Патријархот Профирије вчера попладне пристигна во канонска посета на МПЦ-ОА, каде се сретнаа и со Архиепископот Стефан.
Поради денешната втора заедничка литургија на поглаварите на двете цркви, во Скопје ќе има посебен режим на сообраќајот. За сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Партизански одреди” од крстосница со улицата „Аминта Трети” до крстосница со булевар „ВМРО”, како и улицата „Св. Климент Охридски” од крстосница со булевар „Илинден” до крстосница со улица „Димитрие Чуповски”.
На оваа посета на поглаварот на СПЦ, Порфириј, и претходеше заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19 мај во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, а со која чиноначалствуваа патријархот Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски Стефан.
Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која беше ставен крај на 55-годишниот раскол, само неколку дена по одлуката на Фанар да ја прифати Охридската архиепископија во канонска и евхаристичка заедница.
Вселенската патријаршија на 9 мај ја призна канонската природа на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, со што по 55 години му се даде можност на македонското свештенство да има заеднички богослужби со другите православни цркви. Таа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на црквата, туку е „израз на татковската љубов и грижа на Вселенската патријаршија“ и најава дека МПЦ повеќе не е во раскол со целиот православен свет и оти македонските свештеници можат да служат со свештениците од другите православни цркви.
The post Скопје со посебен сообраќаен режим, верниците кои сакаат, можат да присустуваат на заедничката литургија на МПЦ и СПЦ во Соборниот храм appeared first on Република.
]]>The post Скопје со посебен сообраќаен режим, верниците кои сакаат, можат да присустуваат на заедничката литургија на МПЦ и СПЦ во Соборниот храм appeared first on Република.
]]>Во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ се одржа концертот насловен „Слобода“ со кој оркестарот на Филхармонија го заокружи официјалниот дел од програмата на концертната сезона „Филхармонија во движење“. За првпат ќе биде изведено грандиозното вокално -инструментално дело „Реквием за војната“ од Бенџамин Бритн под диригентската палка на маестралниот Бенџамин Шварц (Израел/САД).
Во изведбата учествуваат Камерниот и симфонскиот оркестар на Филхармонија, Хорот на Софиската филхармонија, Детскиот хор при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и солистите Весна Ѓиновска – Илкова, Стеван Каранац (Србија) и Горан Начевски.
Концертот им е посветен на сите жртви во војните кои се водат низ светот, а музиката е порака за мир!
„Реквием за војната“ Бенџамин Бритн го напишал како нарачка од Англиската катедрална црква „Св. Михаил“ во Вест Мидлендс, која повторно била изградена, откако целосно била разрушена по бомбардирањата во Втората светска војна. Ова дело претставува остварување на долгогодишниот сон на Бритн, во кое ја реализирал својата желба да напише вокално инструментално дело и воедно да ја инкорпорира во него сопствената верба во хуманоста и да го изрази своето длабоко сочувство кон жртвите во војните. Како што самиот изјавил “Реквием за војната“ е акт на помирување.
Во „Реквием за војната“ Бенџамин Бритн инкорпирира фрагменти од поетот Вилфред Овен (1893-1918), кој според него бил еден од „најголемите воени поети, еден од најоригиналните во 20 век.
Првата изведба на ова грандиозно дело била на 30 мај, 1962 година во Катердалната црква „Св. Михаил“. Реакциите од изведбата биле одлични – делото било декларирано како монументален музички тестамент против војната, конфликтите и насилството.
„Бенџамин Шварц е сензација. Со неговата чиста енергија, перфектна техника, во комбинација со мотивиран орекстар, тој успева да продуцира возбудлив и култивиран звук“. Ова се дел од зборовите со критичарите го опишуваат харизматичниот диригент Бенџамин Шварц кој како што оценуваат „има јасна визија во своите интерпретации“. Овие квалитети, заедно со широкиот репертоар на дела произлегуваат од неговата постојано присутна желба за истражување и проширување на индивидуалните звучни хоризонти. Следната сезона Шварц ќе работи како шеф диригент на државниот оркестар на Рајнската филхармонија. Од 2013-2016 година работи како музички директор на Филхармонискиот оркестар на Вроцлав, Полска. Со својата работа во овој оркестар тој беше вклучен и во голем број од настаните кои се реализираа во 2016 година кога Вроцлав беше Европска престолнина на културата. Работел и како гостин -диригент на Филхармонијата на Дисбург (2019-2020), бил гостин диригент на Симфонискиот оркестар на Сан Франциско и музички директор на Младинскиот оркестар во овој американски град. Репертоарот на Шварц го рефлектира неговиот анти-догматски, отворен однос кон програмата и делата од различни епохи и стилови – од делата на Џон Адамс, до Малер, Брамс, Барток… Бил вклучен и во проектот „Години на вознемиреност“ во соработка со скулпторот, сликар и сценограф Александар Ползин, продукција која се базира на поезијата на англо-американскиот поет В.Х. Оден, во која преку музика и слики се прикажуваат настани од раниот 20 век.
Како гостин диригент Шварц настапувал во Кралската филхамонија на Стокхолм, Филхармонијата на Лос Анѓелес, Кралскиот шкотски симфониски оркестар, симфонискиот оркестар на Токиот, Националниот оркестар на Лил и многу други. Работел и оперски продукции во Шведската кралска опера, Операта во Келн, Вајнмар… Работел и балетски продукции, меѓу кои и кореографијата на Пина Бауш на „Посветување на пролетта“.
Во неговата дискоградија се делата од Алберт Шнелцер кои ги сними до симфонискиот оркестар на Готенбург, делата на Поул Рудерс со Симфонискиот оркестар на Оденсе и музиката на Васо Мендонца со оркестарот на Гулбенкиан.
фото: Маја Аргакиева
The post „Реквием за војната“ од Бенџамин Бритн под диригентската палка на Бенџамин Шварц ја заокружи концертната сезона на Македонската филхармонија appeared first on Република.

]]>Лично верувам дека помирувањето помеѓу Македонската и Српската православна црква е возможно. Тоа впрочен беше и најавено од српскиот владика Фотије, дека на Соборот на СПЦ, Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија ќе ја прифати во канонското единство, вели за Алфа српскиот аналитичар Драшко Ѓеновиќ. Она што е неопходно сега да се вратиме на канонскиот поредок.
„Епископи и свештеници од МПЦ ОА имаат апостолско наследување и со тоа не постои разлог да не се прифати во канонско единство и евхаристичкото заедништво не само од страна на СПЦ туку на целиот православен света преку СПЦ. Дури од таквиот поредок и со таква автономија МПЦ-ОА еден ден може да очекува да добие автокефалност“ – вели Драшко Ѓеновиќ, српски верски аналитичар.
Српските аналитичари сметаат дека Вселенскиот Патријарх Вартоломеј со признавањето на МПЦ-Охридска Архиепископија, но дека неговиот збор не е последен и дека конечната одлука треба да ја донесе СПЦ.
„Иако канонски тој (Вселенскиот патријарх Вартоломеј) има статус на прв помеѓу еднаквите, мнозинството од православниот свет не ги признава неговите одлуки, па тоа сигурно ќе се однесува и на МПЦ доколку дадеше томос (акт на автокефалнсот) иако тоа не го направи“ – вели Ѓеновиќ.
Синодот на МПЦ најави дека разговорите со СПЦ продолжуваат во позитивна насока но подалеку од очите на јавноста. Тие се оптимисти и велат сме блиску до добивање автокефалност.
„Во случајот на МПЦ, хиерархија добиваме преку Српска православна црква. Значи треба СПЦ да предложи до останатите православни цркви, а потоа томосот да го потпишат заедно и српскиот и евентуално цариградскиот патријарх или цариградскиот и останатите. Но кога ќе биди тоа, не зависи од нас. Ние се молиме и работиме на тоа“ – вели Владиката Тимотеј, портпарол на Синодот на МПЦ..
СПЦ засега не коментира. Единствен официјален став е оној од Руската црква која соопшти дека автокефалноста на Македонската црква може единствено да дојде преку Српската.
Инаку, утре започнува одржувањето на Саборот на Српската православна црква во Сремски Карловци на која меѓу другото ќе се дискутира и за примањето на МПЦ-Охридска Архиепископија во канонското единство.
The post Утре сабор на Српската православна црква – ќе се дискутира за примањето на МПЦ-ОА во канонското единство appeared first on Република.
]]>„Епископи и свештеници од МПЦ ОА имаат апостолско наследување и со тоа не постои разлог да не се прифати во канонско единство и евхаристичкото заедништво не само од страна на СПЦ туку на целиот православен света преку СПЦ. Дури од таквиот поредок и со таква автономија МПЦ-ОА еден ден може да очекува да добие автокефалност“ – вели Драшко Ѓеновиќ, српски верски аналитичар.Српските аналитичари сметаат дека Вселенскиот Патријарх Вартоломеј со признавањето на МПЦ-Охридска Архиепископија, но дека неговиот збор не е последен и дека конечната одлука треба да ја донесе СПЦ.
„Иако канонски тој (Вселенскиот патријарх Вартоломеј) има статус на прв помеѓу еднаквите, мнозинството од православниот свет не ги признава неговите одлуки, па тоа сигурно ќе се однесува и на МПЦ доколку дадеше томос (акт на автокефалнсот) иако тоа не го направи“ – вели Ѓеновиќ.Синодот на МПЦ најави дека разговорите со СПЦ продолжуваат во позитивна насока но подалеку од очите на јавноста. Тие се оптимисти и велат сме блиску до добивање автокефалност.
„Во случајот на МПЦ, хиерархија добиваме преку Српска православна црква. Значи треба СПЦ да предложи до останатите православни цркви, а потоа томосот да го потпишат заедно и српскиот и евентуално цариградскиот патријарх или цариградскиот и останатите. Но кога ќе биди тоа, не зависи од нас. Ние се молиме и работиме на тоа“ – вели Владиката Тимотеј, портпарол на Синодот на МПЦ..СПЦ засега не коментира. Единствен официјален став е оној од Руската црква која соопшти дека автокефалноста на Македонската црква може единствено да дојде преку Српската. Инаку, утре започнува одржувањето на Саборот на Српската православна црква во Сремски Карловци на која меѓу другото ќе се дискутира и за примањето на МПЦ-Охридска Архиепископија во канонското единство.
The post Утре сабор на Српската православна црква – ќе се дискутира за примањето на МПЦ-ОА во канонското единство appeared first on Република.
]]>Владината делегација во состав заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, денеска присуствуваше на свечената литургија по повод најголемиот православен празник Христово Воскресение – Велигден, во соборниот храм Св. „Климент Охридски“ во Скопје.
Со свечената Велигденска литургија, во сослужение со членови на Архијерејскиот Синод и со свештенството на соборниот храм, чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Тој пред верниците меѓу другото порача: „Повикани сме да се чуваме од зло, да правиме добро, да градиме и да го чуваме мирот. Љубовта е единствениот лек против злото“.
Членовите на владината делегација на крајот од Велигденската служба му го честитаа празникот на Архиепископот Охридски и Македонски на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, како и на присутните свештеници и верници со традиционалниот Велигденски поздрав „Христос воскресна – навистина воскресна“.
The post Владина делегација присуствуваше на свечената Велигденска литургија во соборниот храм Св. „Климент Охридски“ во Скопје appeared first on Република.
]]>The post Владина делегација присуствуваше на свечената Велигденска литургија во соборниот храм Св. „Климент Охридски“ во Скопје appeared first on Република.
]]>Во организација на Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска по 30. пат на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски” ќе се одржи манифестацијата Бадник 2022 со почитување на сите протоколи и мерки за заштита на здравјето на граѓаните и на бадникарите.
Според најавите од организаторите, како и минатата година делењето бадникови гранчиња ќе се одвива на двата влеза во дворот на Храмот од страната на булеварите „Партизански одреди“ и „Св. Климент Охридски”.
Веднаш по осветувањето на гранчињата, подигањето на Бадникарското знаме и исполнувањето на нашата химна нешто по 10 часот кумовите Драган Спасов – Дац и Александар Митевски и здравичарот Живко Поповски – Цветин заедно со претставници на Одборот ќе престојуваат во Домот за стари лица во Злокуќани при што ќе врачат пригодни подароци на штитениците за да им ја доловат атмосферата во пресрет на големиот христијански празник Божик и заедно со сограѓаните и персоналот да ги споделат радоста и среќата што ги носи претстојниот голем празник, велат организаторите.
Посочуваат дека новите кумови и здравичарот по престојот во Злокуќани по 10:30 часот заедно со другите високи гости ќе се упатат кон Соборниот храм, каде претходно со пајтон ќе пристигнат стариот кум д-р Никола Пановски и минатогодишниот здравичар д-р Миодраг Врчаковски. Потоа во присуство на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и свештенослужители ќе се одвива чинот на предавањето на Бадникарскиот ќуп на новите кумови, по што ќе се обрати поглаварот на МПЦ и ќе се освети погачата. Целата церемноија директно ќе биде пренесувана на Првата програма на Македонското Радио.
По завршувањето на церемонијата новите кумови со ќупот заедно со здравичарот со пајтон ќе го напуштат храмот „Свети Климент Охридски” и ќе се упатат кон своите домови поздравени од скопјани.
The post Пред Соборниот храм во Скопје 30. традиционална прослава на Бадник appeared first on Република.
]]>Веднаш по осветувањето на гранчињата, подигањето на Бадникарското знаме и исполнувањето на нашата химна нешто по 10 часот кумовите Драган Спасов – Дац и Александар Митевски и здравичарот Живко Поповски – Цветин заедно со претставници на Одборот ќе престојуваат во Домот за стари лица во Злокуќани при што ќе врачат пригодни подароци на штитениците за да им ја доловат атмосферата во пресрет на големиот христијански празник Божик и заедно со сограѓаните и персоналот да ги споделат радоста и среќата што ги носи претстојниот голем празник, велат организаторите.Посочуваат дека новите кумови и здравичарот по престојот во Злокуќани по 10:30 часот заедно со другите високи гости ќе се упатат кон Соборниот храм, каде претходно со пајтон ќе пристигнат стариот кум д-р Никола Пановски и минатогодишниот здравичар д-р Миодраг Врчаковски. Потоа во присуство на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и свештенослужители ќе се одвива чинот на предавањето на Бадникарскиот ќуп на новите кумови, по што ќе се обрати поглаварот на МПЦ и ќе се освети погачата. Целата церемноија директно ќе биде пренесувана на Првата програма на Македонското Радио. По завршувањето на церемонијата новите кумови со ќупот заедно со здравичарот со пајтон ќе го напуштат храмот „Свети Климент Охридски” и ќе се упатат кон своите домови поздравени од скопјани.
The post Пред Соборниот храм во Скопје 30. традиционална прослава на Бадник appeared first on Република.
]]>