соборен авион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/soboren-avion/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jan 2024 20:15:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png соборен авион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/soboren-avion/ 32 32 ОН: Немаме информации за соборениот авион Ил-76 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/on-nemame-informatsii-za-soboreniot-avion-il-76/ Wed, 24 Jan 2024 20:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=736497

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации Стефан Дижарик денеска изјави дека ОН немаат информации за соборениот авион Ил-76, освен она што го прочитале во медиумите.

Видовме извештаи за соборување на авионот. Немаме никакви информации, освен она што е објавено во печатот. Се разбира, жал ни е за смртта на сите во авионот, но немаме апсолутно никакви дополнителни информации, изјави Дижарик.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно денеска изјави дека Русија побарала итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации поради соборувањето на авионот во регионот на Белгород.

Лавров изјави дека во соборениот авион имало украински воени заробеници кои биле префрлени во Белгородската област, каде што денеска требало да се изврши размената на заробените војници, за која претходно се договориле Москва и Киев.

Наместо размена, украинската армија го нападна авионот од областа Харков со противвоздушни ракети и тоа имаше фатален исход, рече Лавров.

Украинската воена разузнавачка служба претходно соопшти дека немаат веродостојни и сеопфатни информации за тоа кој точно се наоѓал во авионот и колку патници имало и оти руската страна морала да ја гарантира безбедноста на украинските војници.

Во исто време, украинската страна не беше информирана за потребата од обезбедување на воздушниот простор во областа на градот Белгород одреден временски период, како што тоа се правеше неколку пати во минатото. Украина не беше информирана за бројот на возила, маршрутите и начините на испорака на затворениците. Познато е дека затворениците се носат со воздушен, железнички и патен транспорт. Ова може да укаже на намерни дејствија на Русија насочени кон создавање закана за животот и безбедноста на затворениците, наведе службата.

Слетувањето на транспортен авион во воена зона од 30 километри не може да биде безбедно и за тоа во секој случај мора да разговараат двете страни, бидејќи во спротивно го доведува во опасност целиот процес на размена, нагласи украинската воена разузнавачка служба.

The post ОН: Немаме информации за соборениот авион Ил-76 appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации Стефан Дижарик денеска изјави дека ОН немаат информации за соборениот авион Ил-76, освен она што го прочитале во медиумите.
Видовме извештаи за соборување на авионот. Немаме никакви информации, освен она што е објавено во печатот. Се разбира, жал ни е за смртта на сите во авионот, но немаме апсолутно никакви дополнителни информации, изјави Дижарик.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно денеска изјави дека Русија побарала итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации поради соборувањето на авионот во регионот на Белгород. Лавров изјави дека во соборениот авион имало украински воени заробеници кои биле префрлени во Белгородската област, каде што денеска требало да се изврши размената на заробените војници, за која претходно се договориле Москва и Киев.
Наместо размена, украинската армија го нападна авионот од областа Харков со противвоздушни ракети и тоа имаше фатален исход, рече Лавров.
Украинската воена разузнавачка служба претходно соопшти дека немаат веродостојни и сеопфатни информации за тоа кој точно се наоѓал во авионот и колку патници имало и оти руската страна морала да ја гарантира безбедноста на украинските војници.
Во исто време, украинската страна не беше информирана за потребата од обезбедување на воздушниот простор во областа на градот Белгород одреден временски период, како што тоа се правеше неколку пати во минатото. Украина не беше информирана за бројот на возила, маршрутите и начините на испорака на затворениците. Познато е дека затворениците се носат со воздушен, железнички и патен транспорт. Ова може да укаже на намерни дејствија на Русија насочени кон создавање закана за животот и безбедноста на затворениците, наведе службата.
Слетувањето на транспортен авион во воена зона од 30 километри не може да биде безбедно и за тоа во секој случај мора да разговараат двете страни, бидејќи во спротивно го доведува во опасност целиот процес на размена, нагласи украинската воена разузнавачка служба.  

The post ОН: Немаме информации за соборениот авион Ил-76 appeared first on Република.

]]>
Поранешниот италијански премиер тврди дека Франција соборила патнички авион https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraneshniot-italijanski-premier-tvrdi-deka-frantsija-soborila-patnichki-avion/ Sun, 03 Sep 2023 08:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=678309

Поранешниот италијански премиер Џулијано Амато во ново интервју тврди дека инцидентот со „масакрот во Уштица“ во 1980 година бил предизвикан од неуспешниот обид на Франција и САД да соборат авион за кој тие верувале дека го превезувал починатиот либиски лидер.

Точната причина за смртоносниот инцидент со летот 870 на Итавија од Болоња до Сицилија на 27 јуни 1980 година сè уште е мистерија, а сторителите остануваат неидентификувани. Мекдонел Даглас ДЦ-9 се урна меѓу островите Понца и Устика, при што загинаа сите 81 лице во него.

Некои веруваат дека тоа е предизвикано од терористички бомбашки напад, но критичарите укажуваат на недостиг на докази за остатоци од експлозив во остатоците што беа пронајдени. Друга теорија тврди дека авионот бил соборен случајно во наводна престрелка меѓу либиски, француски и американски борбени авиони во обид на НАТО за атентат врз „важен“ либиски политичар.

„Најверодостојната верзија е онаа за одговорноста на француските воздухопловни сили, во соучесништво со Американците и кои учествуваа во војна на небото таа вечер на 27 јуни“, тврди Амато во експлозивното интервју за La Repubblica објавено во саботата

.

„Планот беше да се погоди авионот со кој леташе Гадафи“, тврди Амато, инсистирајќи дека НАТО се обидувал да „симулира вежба, со многу авиони во акција, за време кога требало да биде истрелан проектил“.

Гадафи, наводно, требало да се врати од состанокот во Југославија со воен авион преку истиот воздушен простор, но според Амато, Италија го предупредила, а либискиот лидер ги променил плановите. Претставници на НАТО негираа каква било воена активност во областа ноќта на трагедијата.

Елисејската палата одби да ги коментира изјавите на Амато во саботата. Актуелната премиерка на Италија, Џорџија Мелони, рече дека тврдењата на нејзиниот претходник „заслужуваат внимание“, но го повика да сподели докази доколку ги има.

Амато во интервјуто призна дека нема цврсти докази, но го повика францускиот претседател Емануел Макрон или да ги потврди или да ги отфрли наводите, со цел „да се отстрани срамот што го носи Франција“.

Наводите за француска вмешаност не се нови, бидејќи италијанскиот претседател и премиер во моментот на инцидентот, Франческо Косига, исто така за падот на авионот посочи француски проектил и рече дека италијанските шпиони навистина го информирале Гадафи за обид за атентат.

Моамер Гадафи на крајот беше брутално убиен од бунтовнички борци поддржани од Западот среде бомбардирањето на НАТО, спроведено под изговор за зона на забранети летови за време на граѓанската војна во Либија во 2011 година.

The post Поранешниот италијански премиер тврди дека Франција соборила патнички авион appeared first on Република.

]]>

Поранешниот италијански премиер Џулијано Амато во ново интервју тврди дека инцидентот со „масакрот во Уштица“ во 1980 година бил предизвикан од неуспешниот обид на Франција и САД да соборат авион за кој тие верувале дека го превезувал починатиот либиски лидер. Точната причина за смртоносниот инцидент со летот 870 на Итавија од Болоња до Сицилија на 27 јуни 1980 година сè уште е мистерија, а сторителите остануваат неидентификувани. Мекдонел Даглас ДЦ-9 се урна меѓу островите Понца и Устика, при што загинаа сите 81 лице во него. Некои веруваат дека тоа е предизвикано од терористички бомбашки напад, но критичарите укажуваат на недостиг на докази за остатоци од експлозив во остатоците што беа пронајдени. Друга теорија тврди дека авионот бил соборен случајно во наводна престрелка меѓу либиски, француски и американски борбени авиони во обид на НАТО за атентат врз „важен“ либиски политичар.
„Најверодостојната верзија е онаа за одговорноста на француските воздухопловни сили, во соучесништво со Американците и кои учествуваа во војна на небото таа вечер на 27 јуни“, тврди Амато во експлозивното интервју за La Repubblica објавено во саботата
. „Планот беше да се погоди авионот со кој леташе Гадафи“, тврди Амато, инсистирајќи дека НАТО се обидувал да „симулира вежба, со многу авиони во акција, за време кога требало да биде истрелан проектил“. Гадафи, наводно, требало да се врати од состанокот во Југославија со воен авион преку истиот воздушен простор, но според Амато, Италија го предупредила, а либискиот лидер ги променил плановите. Претставници на НАТО негираа каква било воена активност во областа ноќта на трагедијата. Елисејската палата одби да ги коментира изјавите на Амато во саботата. Актуелната премиерка на Италија, Џорџија Мелони, рече дека тврдењата на нејзиниот претходник „заслужуваат внимание“, но го повика да сподели докази доколку ги има. Амато во интервјуто призна дека нема цврсти докази, но го повика францускиот претседател Емануел Макрон или да ги потврди или да ги отфрли наводите, со цел „да се отстрани срамот што го носи Франција“. Наводите за француска вмешаност не се нови, бидејќи италијанскиот претседател и премиер во моментот на инцидентот, Франческо Косига, исто така за падот на авионот посочи француски проектил и рече дека италијанските шпиони навистина го информирале Гадафи за обид за атентат. Моамер Гадафи на крајот беше брутално убиен од бунтовнички борци поддржани од Западот среде бомбардирањето на НАТО, спроведено под изговор за зона на забранети летови за време на граѓанската војна во Либија во 2011 година.

The post Поранешниот италијански премиер тврди дека Франција соборила патнички авион appeared first on Република.

]]>
Британски разузнавачи: Заробен пилот на „Вагнер“ чиј авион бил соборен од украинските сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanski-razuznavachi-zaroben-pilot-na-vagner-chij-avion-bil-soboren-od-ukrainskite-sili/ Fri, 24 Jun 2022 14:00:40 +0000 https://republika.mk/?p=519369

Британското министерство за одбрана, споделувајќи го најновиот разузнавачки извештај за состојбата на фронтот во Украина, соопшти дека украинските сили заробиле пилот на соборен руски авион Су-25.

Во извештајот се додава дека авионото бил урнат на 17 јуни, а пилотот бил заробен брзо потоа.

Пилотот признал дека е поранешен мајор на руските воздухопловни сили, кој се вработил како воен изведувач на групата „Вагнер“ и летал неколку мисии за време на конфликтот.

Употребата на пензиониран персонал, кои сега работат како платеници на „Вагнер“ за спроведување мисии за блиска воздушна поддршка укажува на тоа дека руските воздухопловни сили веројатно се мачат да ја поддржат инвазијата на Украина со доволно воздушен екипаж.

Ова најверојатно се должи на комбинацијата на недоволниот број на соодветно обучен персонал во Русија и нејзините борбени загуби.

Додека ги извршувал своите мисии, рускиот пилот наводно користел комерцијални ГПС уреди наместо руска воена навигациска опрема.

Ова веројатно укажува дека авионите што ги користи „Вагнер“ се постари модели на Су-25 и дека руската авијација не му обезбедува на „Вагнер“ современа авионска опрема - се наведува во извештајот на британските разузнавачи..

https://twitter.com/DefenceHQ/status/1540192701819256834?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1540192701819256834%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fukrajina%2Fvesti%2F643831%2Fukrajina-uzivo-ukrajinci-se-povlace-iz-severnodonjecka-rusi-zauzeli-nikolajevku-fotovideo%2Fvest

The post Британски разузнавачи: Заробен пилот на „Вагнер“ чиј авион бил соборен од украинските сили appeared first on Република.

]]>

Британското министерство за одбрана, споделувајќи го најновиот разузнавачки извештај за состојбата на фронтот во Украина, соопшти дека украинските сили заробиле пилот на соборен руски авион Су-25. Во извештајот се додава дека авионото бил урнат на 17 јуни, а пилотот бил заробен брзо потоа.
Пилотот признал дека е поранешен мајор на руските воздухопловни сили, кој се вработил како воен изведувач на групата „Вагнер“ и летал неколку мисии за време на конфликтот.   Употребата на пензиониран персонал, кои сега работат како платеници на „Вагнер“ за спроведување мисии за блиска воздушна поддршка укажува на тоа дека руските воздухопловни сили веројатно се мачат да ја поддржат инвазијата на Украина со доволно воздушен екипаж.   Ова најверојатно се должи на комбинацијата на недоволниот број на соодветно обучен персонал во Русија и нејзините борбени загуби.   Додека ги извршувал своите мисии, рускиот пилот наводно користел комерцијални ГПС уреди наместо руска воена навигациска опрема.   Ова веројатно укажува дека авионите што ги користи „Вагнер“ се постари модели на Су-25 и дека руската авијација не му обезбедува на „Вагнер“ современа авионска опрема - се наведува во извештајот на британските разузнавачи..