собирање потписи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sobirane-potpisi/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Mar 2024 12:33:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png собирање потписи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sobirane-potpisi/ 32 32 До петок трае собирањето потписи за кандидатите за претседател на претстојните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/do-petok-trae-sobiraneto-potpisi-za-kandidatite-za-pretsedatel-na-pretstojnite-izbori/ Mon, 04 Mar 2024 12:33:30 +0000 https://republika.mk/?p=751063

До петок трае собирањето потписи од граѓаните за кандидатите за претседател на претстојните избори. На листата кандидати кои ги собраа потребните 10 000 потписи, изминатите денови се најдоа и кандидатот од СДСМ Стево Пендаровски и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска.

Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) до овој момент кандидатот Стево Пендаровски има собрано 21 852, а Гордана Силјановска 28 029 гласови.

Претходно, потребниот број на гласови ги собраа и кандидатот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Бујар Османи, Арбен Таравари од опозицискиот блок „Вреди“, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Билјана Ванковска Цветковска кандидат на Левица и претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Димитриевски има освоено 11 601, Османи 11 085, Јакимовски 10 887 потписи, Таравари 10 709 потписи и Ванковска Цветковска 10 432.

Сите останати пријавени кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи - кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 1 596, кандидатот Вело Марковски - 1466 потписи, Ѓорѓи Манасков – 429, Зорица Цветковска – 204, Господин Попоски има 119 потписи. Според податоците од ДИК, во овие пет дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски.

Потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата оставиле вкупно 108 409 граѓани.

Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март до полноќ.

Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

The post До петок трае собирањето потписи за кандидатите за претседател на претстојните избори appeared first on Република.

]]>

До петок трае собирањето потписи од граѓаните за кандидатите за претседател на претстојните избори. На листата кандидати кои ги собраа потребните 10 000 потписи, изминатите денови се најдоа и кандидатот од СДСМ Стево Пендаровски и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска. Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) до овој момент кандидатот Стево Пендаровски има собрано 21 852, а Гордана Силјановска 28 029 гласови. Претходно, потребниот број на гласови ги собраа и кандидатот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Бујар Османи, Арбен Таравари од опозицискиот блок „Вреди“, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Билјана Ванковска Цветковска кандидат на Левица и претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски. Димитриевски има освоено 11 601, Османи 11 085, Јакимовски 10 887 потписи, Таравари 10 709 потписи и Ванковска Цветковска 10 432. Сите останати пријавени кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи - кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 1 596, кандидатот Вело Марковски - 1466 потписи, Ѓорѓи Манасков – 429, Зорица Цветковска – 204, Господин Попоски има 119 потписи. Според податоците од ДИК, во овие пет дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски. Потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата оставиле вкупно 108 409 граѓани. Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март до полноќ. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците. Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

The post До петок трае собирањето потписи за кандидатите за претседател на претстојните избори appeared first on Република.

]]>
Османи, Таравари и Димитриевски ги собраа потребните потписи за претседателска кандидатура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-taravari-i-dimitrievski-gi-sobraa-potrebnite-potpisi-za-pretsedatelska-kandidatura/ Wed, 28 Feb 2024 10:26:07 +0000 https://republika.mk/?p=749198

Бујар Османи кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбен Таравари кандидатот на опозицискиот блок „Вреди“ и Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија ги собраа потребните 10 илјади потписи од граѓаните за претседателската кандидатура.

Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден до 20 часот Османи имал вкупно 11 028, Таравари 10 083 гласови и Димитриевски 10 700 гласови.

Потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата оставиле вкупно 48 624 граѓани.

Според пресекот на ДИК, по по овие тројца кандидати најблиску со собирање на потребните е кандидатката поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска-Цветковска која има собрано 7 876 потписи и кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски со 6676 гласови.

Сите останати на листата од 11 кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи - кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачки демократски сојуз има 887, кандидатот Вело Марковски 924 потписи, Ѓорѓи Манасков – 267, Зорица Цветковска – 140, Господин Попоски има 40 потписи. Според податоците од ДИК, во овие пет дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски.

Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори.

Според објавените досегашни податоци од ДИК, до дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) пристигнале вкупно 185 пријави од државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство за гласање за претседателските избори закажани за 24 парил и за парламентарните избори на 8 мај.

Нашите државјани ќе можат да се пријавуваат за гласање до 18 март електронски или во ДКП-та на нашата држава во земјите каде живеат.

Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

The post Османи, Таравари и Димитриевски ги собраа потребните потписи за претседателска кандидатура appeared first on Република.

]]>

Бујар Османи кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбен Таравари кандидатот на опозицискиот блок „Вреди“ и Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија ги собраа потребните 10 илјади потписи од граѓаните за претседателската кандидатура. Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден до 20 часот Османи имал вкупно 11 028, Таравари 10 083 гласови и Димитриевски 10 700 гласови. Потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата оставиле вкупно 48 624 граѓани. Според пресекот на ДИК, по по овие тројца кандидати најблиску со собирање на потребните е кандидатката поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска-Цветковска која има собрано 7 876 потписи и кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски со 6676 гласови. Сите останати на листата од 11 кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи - кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачки демократски сојуз има 887, кандидатот Вело Марковски 924 потписи, Ѓорѓи Манасков – 267, Зорица Цветковска – 140, Господин Попоски има 40 потписи. Според податоците од ДИК, во овие пет дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски. Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците. Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори. Според објавените досегашни податоци од ДИК, до дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) пристигнале вкупно 185 пријави од државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство за гласање за претседателските избори закажани за 24 парил и за парламентарните избори на 8 мај. Нашите државјани ќе можат да се пријавуваат за гласање до 18 март електронски или во ДКП-та на нашата држава во земјите каде живеат. Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

The post Османи, Таравари и Димитриевски ги собраа потребните потписи за претседателска кандидатура appeared first on Република.

]]>