снукер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/snuker/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Mar 2024 09:03:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png снукер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/snuker/ 32 32 Богати награди: Саудиска Арабија уште снукер мастерс немаше https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/bogati-nagradi-saudiska-arabija-ushte-snuker-masters-nemashe/ Thu, 07 Mar 2024 09:03:41 +0000 https://republika.mk/?p=752115

Најдобриот снукер играч на сите времиња, Рони О'Саливен го освои Светскиот мастерс турнир во Ријад, откако во финалето го совлада Белгиецот Лука Брасел со 5:2 во фрејмови.

По враќањето од брејк при 2:2, О'Саливен врза три фрејма и стигна до трофејот во Саудиска Арабија.

Покрај трофејот, О'Саливен во финалето освои 250.000 фунти, додека Брасел како финалист заработи 125.000 фунти.

О'Саливен го собори рекордот за заработка на еден играч во една сезона, откако оваа сезона веќе достигна 1.325.000 фунти.

 

https://www.youtube.com/watch?v=42wg6GIIVtc

The post Богати награди: Саудиска Арабија уште снукер мастерс немаше appeared first on Република.

]]>

Најдобриот снукер играч на сите времиња, Рони О'Саливен го освои Светскиот мастерс турнир во Ријад, откако во финалето го совлада Белгиецот Лука Брасел со 5:2 во фрејмови. По враќањето од брејк при 2:2, О'Саливен врза три фрејма и стигна до трофејот во Саудиска Арабија. Покрај трофејот, О'Саливен во финалето освои 250.000 фунти, додека Брасел како финалист заработи 125.000 фунти. О'Саливен го собори рекордот за заработка на еден играч во една сезона, откако оваа сезона веќе достигна 1.325.000 фунти.   https://www.youtube.com/watch?v=42wg6GIIVtc

The post Богати награди: Саудиска Арабија уште снукер мастерс немаше appeared first on Република.

]]>
Петар Панов го освои третиот турнир од снукер првенството https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/petar-panov-go-osvoi-tretiot-turnir-od-snuker-prvenstvoto/ Tue, 27 Jun 2023 16:35:23 +0000 https://republika.mk/?p=655772

Кавадарчанецот Петар Панов на најдобар начин ја искористи укажаната шанса и со триумф на третиот турнир „Алфа Плам Националното првенство во снукер“ го презема првото место во генералниот пласман.

Во отсуство на актуелниот двократен шампион Берат Јашари, Петар Панов во финалето се сретна со Јане Хакинен, натпреварувач од Финска кој има престој во нашата земја, а претходно играл под знамето на неговата татковина на неколку европски првенства.

Финалето беше одлучено во петтиот одлучувачки фрејм, со неефикасна игра од поентерска гледна точка. Панов покажа смиреност во финишот на мечот и успеа да го земе последниот фрејм против Јане Хакинен, по што го подигна и трофејот за победникот на турнирот.

Претходно, беа исто така видени повеќе изедначени дуели кои донесоа возбудливи моменти. По пауза од речиси една година, на турнир од „Алфа Плам Националното првенство во снукер“ играа и тројца јуниори, кои имаа забележителен настап во конкуренција со најискусните и најдобри македонски снукер играчи. Посебно треба да се издвои третиот меч на 14-годишниот Теодор Величковски против репрезентативецот Петар Колоски, каде што една топка го двоеше од победа од 2 спрема 0 и сензација со освојување на првото место во квалификациската група. Теодор немаше среќа во неколкуте обиди за меч топки и остави простор за многу поискусниот охриѓанец да се врати во игра, да победи во фрејмот и на крај да победи во мечот.

Исто така и младите Андреј Чипишков и Марко Велечковски одлично се носеа со постарите противници.

Финецот Хакинен на својот пат до првото финале во Македонија најпрво имаше победа над младиот Марко Величковски, а потоа и со фаворитите во групата, Матоски и Бошески. Во четвртфиналето одигра против Ризов, како по непишано правило: губејќи го првиот фрејм, но победувајќи на крајот. Во полуфиналето имаше најтешка задача против првиот македонски снукер шампион, Павле Данилов, но со 3:1 обезбеди место во завршницата.

Петар Панов се чини дека имаше несигурен старт во мечевите од групната фаза. Влезе во елиминациите како второпласиран во групата, со пораз од секогаш незгодниот Лукревски. Но, победата над Колоски во четвртфиналето му ја даде потребната самодоверба, па потоа во нов меч со Лукревски излезе како победник со максимални 3:0 и го осигура настапот во финалето. Отсуството на Јашари како да беше во ист момент и предизвик за Панов, но и недостаток на „јадец“ за повисок квалитет во играта. Сепак, победата од 3:2 му донесе прво место и поени со кој избива на чело во генералниот пласман, по што ќе има два дуели со Јашари до крајот на сезоната, во кои ќе биде решено прашање на шампионот.

По летните одмори, Снукер Асоцијацијата ќе продолжи со организација на преостанатите турнири во сениорска конкурнција што се бодуваат за државното првенство, како и со јуниорското првенство на Македонија.

 

The post Петар Панов го освои третиот турнир од снукер првенството appeared first on Република.

]]>

Кавадарчанецот Петар Панов на најдобар начин ја искористи укажаната шанса и со триумф на третиот турнир „Алфа Плам Националното првенство во снукер“ го презема првото место во генералниот пласман. Во отсуство на актуелниот двократен шампион Берат Јашари, Петар Панов во финалето се сретна со Јане Хакинен, натпреварувач од Финска кој има престој во нашата земја, а претходно играл под знамето на неговата татковина на неколку европски првенства. Финалето беше одлучено во петтиот одлучувачки фрејм, со неефикасна игра од поентерска гледна точка. Панов покажа смиреност во финишот на мечот и успеа да го земе последниот фрејм против Јане Хакинен, по што го подигна и трофејот за победникот на турнирот. Претходно, беа исто така видени повеќе изедначени дуели кои донесоа возбудливи моменти. По пауза од речиси една година, на турнир од „Алфа Плам Националното првенство во снукер“ играа и тројца јуниори, кои имаа забележителен настап во конкуренција со најискусните и најдобри македонски снукер играчи. Посебно треба да се издвои третиот меч на 14-годишниот Теодор Величковски против репрезентативецот Петар Колоски, каде што една топка го двоеше од победа од 2 спрема 0 и сензација со освојување на првото место во квалификациската група. Теодор немаше среќа во неколкуте обиди за меч топки и остави простор за многу поискусниот охриѓанец да се врати во игра, да победи во фрејмот и на крај да победи во мечот. Исто така и младите Андреј Чипишков и Марко Велечковски одлично се носеа со постарите противници. Финецот Хакинен на својот пат до првото финале во Македонија најпрво имаше победа над младиот Марко Величковски, а потоа и со фаворитите во групата, Матоски и Бошески. Во четвртфиналето одигра против Ризов, како по непишано правило: губејќи го првиот фрејм, но победувајќи на крајот. Во полуфиналето имаше најтешка задача против првиот македонски снукер шампион, Павле Данилов, но со 3:1 обезбеди место во завршницата. Петар Панов се чини дека имаше несигурен старт во мечевите од групната фаза. Влезе во елиминациите како второпласиран во групата, со пораз од секогаш незгодниот Лукревски. Но, победата над Колоски во четвртфиналето му ја даде потребната самодоверба, па потоа во нов меч со Лукревски излезе како победник со максимални 3:0 и го осигура настапот во финалето. Отсуството на Јашари како да беше во ист момент и предизвик за Панов, но и недостаток на „јадец“ за повисок квалитет во играта. Сепак, победата од 3:2 му донесе прво место и поени со кој избива на чело во генералниот пласман, по што ќе има два дуели со Јашари до крајот на сезоната, во кои ќе биде решено прашање на шампионот. По летните одмори, Снукер Асоцијацијата ќе продолжи со организација на преостанатите турнири во сениорска конкурнција што се бодуваат за државното првенство, како и со јуниорското првенство на Македонија.  

The post Петар Панов го освои третиот турнир од снукер првенството appeared first on Република.

]]>
Снукер: Берат Јашари го освои турнирот „6 црвени“ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/snuker-berat-jashari-go-osvoi-turnirot-6-crveni/ Fri, 16 Dec 2022 15:03:56 +0000 https://republika.mk/?p=586591

Снукер федерацијата на Македонија организираше посебен турнир за дисциплината „6 црвени“, која е позната како атрактивна поради покусиот и побрз формат, но им дава шанса на играчите да се истакнат со прецизна и обмислена игра бидејќи не остава простор за грешка.

Штотуку ја освои втората по ред титула во македонското првенство, Берат Јашари успеа да триумфира и на овој турнир, откако во финалето минимално го совлада Петар Панов, кој исто така во државниот шампионат стигна до второто место. Панов беше на чекор до сензација во финалниот меч кој имаше многу пресврти, но Јашари во клучните моменти успеа да ја задржи концентрацијата и да одигра на ниво потребно за победа. Мала утеха за Панов е дека имаше највисок „брејк“ на турнирот од 37 поени, четири повеќе од Јашари (но, во исто време и од Матовски и Јанев).

Меѓу добрите вести кои ги донесе овој турнир беа двете врвни полуфиналиња, во кои Сипковски по доминантната победа од 3:0 против репрезентативниот колега Ставриќ излезе на мегдан со Јашари и успеа да игра рамноправен меч, но освои само еден „фрејм“. Во второто полуфинале Панов играше со Лукревски, кој овој викенд беше расположен за изненадувања, па прво направи исчекор совладувајќи го Владо Матоски во четврфиналето со 3:2, а потоа покажа дека добро се снаоѓа и под притисок во полуфиналниот меч, иако загуби со 3:1. Панов пак, до полуфиналето стигна со тесна победа од 3:2 против Нешкоски, кој со ваквиот резултат покажа дека можеби овој формат повеќе му одговара, отколку класичниот. Исто така добра вест за македонскиот снукер е враќањето на првиот шампион Павле Данаилов, кому ова му беше еден од ретките настапи во 2022 година и со пласманот во четвртфиналето, каде што беше запрен од Јашари, покажа дека може да биде опасен ривал, а тоа е нешто што реално им е потребно на надоаѓачките млади играчи кои мораат да соберат такви искуства.

Имајќи предвид дека во истиот викенд мал дел од играчите паралелно учествуваа и на Екипното државно првенство во билијард (а Сипковски, Ѓурчиновски, Матоски, Лукревски стигнаа до полуфинале во него, што е посебен куриозитет), па треба да се има предвид и нивниот замор. Од друга страна снукер федерацијата ќе мора да размисли за повеќе настани во текот на една година од оваа дисциплина, бидејќи идната сезона во јуни (Албена, Бугарија) ќе се игра Европско првенство само во „6 цревени“ и македонските играчи кои сега стекнаа право на настап, ќе мора засилено да тренираат и да имаат шанса за квалитетни мечеви во пресрет на тие настапи.

На крајот, треба да се одбележи и дека викендов се одржа и свечената церемонија за доделување на трофеите од државното првенство кое се играше и бодуваше преку пет посебни турнири, а носители на најзначајните трофеи беа Јашари, Панов и Матоски.

The post Снукер: Берат Јашари го освои турнирот „6 црвени“ appeared first on Република.

]]>

Снукер федерацијата на Македонија организираше посебен турнир за дисциплината „6 црвени“, која е позната како атрактивна поради покусиот и побрз формат, но им дава шанса на играчите да се истакнат со прецизна и обмислена игра бидејќи не остава простор за грешка. Штотуку ја освои втората по ред титула во македонското првенство, Берат Јашари успеа да триумфира и на овој турнир, откако во финалето минимално го совлада Петар Панов, кој исто така во државниот шампионат стигна до второто место. Панов беше на чекор до сензација во финалниот меч кој имаше многу пресврти, но Јашари во клучните моменти успеа да ја задржи концентрацијата и да одигра на ниво потребно за победа. Мала утеха за Панов е дека имаше највисок „брејк“ на турнирот од 37 поени, четири повеќе од Јашари (но, во исто време и од Матовски и Јанев). Меѓу добрите вести кои ги донесе овој турнир беа двете врвни полуфиналиња, во кои Сипковски по доминантната победа од 3:0 против репрезентативниот колега Ставриќ излезе на мегдан со Јашари и успеа да игра рамноправен меч, но освои само еден „фрејм“. Во второто полуфинале Панов играше со Лукревски, кој овој викенд беше расположен за изненадувања, па прво направи исчекор совладувајќи го Владо Матоски во четврфиналето со 3:2, а потоа покажа дека добро се снаоѓа и под притисок во полуфиналниот меч, иако загуби со 3:1. Панов пак, до полуфиналето стигна со тесна победа од 3:2 против Нешкоски, кој со ваквиот резултат покажа дека можеби овој формат повеќе му одговара, отколку класичниот. Исто така добра вест за македонскиот снукер е враќањето на првиот шампион Павле Данаилов, кому ова му беше еден од ретките настапи во 2022 година и со пласманот во четвртфиналето, каде што беше запрен од Јашари, покажа дека може да биде опасен ривал, а тоа е нешто што реално им е потребно на надоаѓачките млади играчи кои мораат да соберат такви искуства. Имајќи предвид дека во истиот викенд мал дел од играчите паралелно учествуваа и на Екипното државно првенство во билијард (а Сипковски, Ѓурчиновски, Матоски, Лукревски стигнаа до полуфинале во него, што е посебен куриозитет), па треба да се има предвид и нивниот замор. Од друга страна снукер федерацијата ќе мора да размисли за повеќе настани во текот на една година од оваа дисциплина, бидејќи идната сезона во јуни (Албена, Бугарија) ќе се игра Европско првенство само во „6 цревени“ и македонските играчи кои сега стекнаа право на настап, ќе мора засилено да тренираат и да имаат шанса за квалитетни мечеви во пресрет на тие настапи. На крајот, треба да се одбележи и дека викендов се одржа и свечената церемонија за доделување на трофеите од државното првенство кое се играше и бодуваше преку пет посебни турнири, а носители на најзначајните трофеи беа Јашари, Панов и Матоски.

The post Снукер: Берат Јашари го освои турнирот „6 црвени“ appeared first on Република.

]]>
Четворица македонски репрезентативци на ЕП во снукер https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/chetvorica-makedonski-reprezentativci-na-ep-vo-snuker/ Mon, 13 Jun 2022 09:56:58 +0000 https://republika.mk/?p=514433

Четири македонски репрезентативци во сениорска конкуренција денеска ќе го започнат својот настап на Европското првенство кое се игра во Шенѓин, Албанија.

Актуелниот шампион на Македонија, Берат Јашари, заедно со искусниот Дејан Сипковски, ја предводат четворката во која се наоѓаат и надежните Петар Панов и Александар Ставриќ. Ова е прв случај Македонија да се има четири играчи на едно вакво натпреварување, а се должи на поддршката што за овој настан ја даде Агенцијата за млади и спорт.

Ова е второ официјално учество на македонски играчи на еден ваков настан, при што првиот пат во 2020 година наши претставници беа Данилов и Јанев кај сениорите, а Нешковски во кај младинците. Развојот на снукерот во Македонија се огледува низ повеќе параметри, а меѓу нив секако е нашата бројност на ова натпреварување и претходно реализираните подготовки во специјализираната „Гран Клуб Снукер Арена“. Четирите играчи беа во завршницата на второто коло од државното снукер првенство кое се одржа минатата седмица, поради што верувам дека се во добра форма за настап, изјави Лазар Лазаревски, претседател на Снукер Асоцијацијата (САСМ).

Настанот во Шенѓин (Свети Јован) започна минатата седмица кога се одржаа првите натпревари во младинска конкуренција, а во нив наш претставник беше Блендијан Ќазими., кој настапи во конкуренција на играчи до 18 години. Неговите шанси за пласман од групна во елиминациска фаза беа повлијаени од две несреќни завршници со фаул во финишот, но сепак успеа да оствари победа против Украинецот Кирил Баидала, правејќи пресврт од 1:2 за победа од 3:2.

Ждрепката за натпреварите во сениорска конкуренција е веќе направена и е достапна на овој линк.

Во пресрет на натпреварите од сениорска конкуренција беше одржан и конгресот на европската снукер федерација ЕБСА, каде што присуствуваше претседателот на македонската асоцијација, Лазар Лазаревски. Меѓу одлуките што се донесени е организацијата на следното поединечно европско првенство да се довери на Малта, додека екипното првенство ќе се игра во Бугарија во 2023 година, заедно со дисциплината „6 црвени“.

 

The post Четворица македонски репрезентативци на ЕП во снукер appeared first on Република.

]]>

Четири македонски репрезентативци во сениорска конкуренција денеска ќе го започнат својот настап на Европското првенство кое се игра во Шенѓин, Албанија. Актуелниот шампион на Македонија, Берат Јашари, заедно со искусниот Дејан Сипковски, ја предводат четворката во која се наоѓаат и надежните Петар Панов и Александар Ставриќ. Ова е прв случај Македонија да се има четири играчи на едно вакво натпреварување, а се должи на поддршката што за овој настан ја даде Агенцијата за млади и спорт.
Ова е второ официјално учество на македонски играчи на еден ваков настан, при што првиот пат во 2020 година наши претставници беа Данилов и Јанев кај сениорите, а Нешковски во кај младинците. Развојот на снукерот во Македонија се огледува низ повеќе параметри, а меѓу нив секако е нашата бројност на ова натпреварување и претходно реализираните подготовки во специјализираната „Гран Клуб Снукер Арена“. Четирите играчи беа во завршницата на второто коло од државното снукер првенство кое се одржа минатата седмица, поради што верувам дека се во добра форма за настап, изјави Лазар Лазаревски, претседател на Снукер Асоцијацијата (САСМ).
Настанот во Шенѓин (Свети Јован) започна минатата седмица кога се одржаа првите натпревари во младинска конкуренција, а во нив наш претставник беше Блендијан Ќазими., кој настапи во конкуренција на играчи до 18 години. Неговите шанси за пласман од групна во елиминациска фаза беа повлијаени од две несреќни завршници со фаул во финишот, но сепак успеа да оствари победа против Украинецот Кирил Баидала, правејќи пресврт од 1:2 за победа од 3:2. Ждрепката за натпреварите во сениорска конкуренција е веќе направена и е достапна на овој линк. Во пресрет на натпреварите од сениорска конкуренција беше одржан и конгресот на европската снукер федерација ЕБСА, каде што присуствуваше претседателот на македонската асоцијација, Лазар Лазаревски. Меѓу одлуките што се донесени е организацијата на следното поединечно европско првенство да се довери на Малта, додека екипното првенство ќе се игра во Бугарија во 2023 година, заедно со дисциплината „6 црвени“.  

The post Четворица македонски репрезентативци на ЕП во снукер appeared first on Република.

]]>