СНС Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sns/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jun 2024 19:43:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СНС Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sns/ 32 32 Партијата на Вучиќ имала кол центар во новосадскиот саем каде што се броеле гласовите? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/partijata-na-vuchik-imala-kol-tsentar-vo-novosadskiot-saem-kade-shto-se-broele-glasovite/ Tue, 04 Jun 2024 19:38:18 +0000 https://republika.mk/?p=784786

 Новосадската полиција во неделата на денот на локалните изборите добила наредба од „врвот“ да не одговара на пријавите на членови на опозицијата и граѓани за настаните на Новосадскиот саем, каде беше откриен еден од најголемите т.н.„кол-центри“ на СНС.

Штом претставниците на опозициските листи во Нови Сад го забележале тој кол-центар кој се наоѓал на новосадскиот саем, на истото место каде што ГИК требало да ги преброи гласовите по изборите, повикале полиција. Тие побараа полицијата да излезе на местото на настанот, да влезе во просторијата каде што стотина млади луѓе беа заклучени и да провери што навистина се случува.

Одговорот што го добиле од дежурниот полицаец бил ист: „Ќе ги известам колегите“.

Полицијата се појавила дури по час и половина, кога на саемот пристигнале три возила на интервентната единица, а во едно од нив бил и командантот на единицата за интервенција Никола Крајиновиќ. Кога до возилото се приближиле активисти и граѓани и побарале од полицајците да излезат надвор и да влезат во „кол-центарот“ за да видат што се случува внатре, тие одговориле дека за тоа не се одговорни тие, туку регионалната редовна патрола.

Како што се зголемуваа тензиите, полицијата само седеше во своите возила, додека активистите не се обидоа насилно да влезат во просторијата каде што беа стотина активисти на СНС.

Во тој момент полициските службеници излегле од возилото и направиле кордон пред вратата. Потоа дошло до физички конфликт со полицијата.

Извор од врвот на МВР во Нови Сад за Данас вели дека новосадската полиција имала наредба „од врвот“ да не одговара на пријавите на граѓаните и да не влегува во кол центарот.

„На новосадската полиција строго и беше наредено да не постапува кога почнаа да пристигнуваат извештаи дека на саемот се случуваат изборни нерегуларности. Одлучено е максимално да се одложи пристигнувањето на саемот, а строго е наложено во случај на пристигнување на местото да не се влегува во просторијата каде што се активистите на СНС. Не знам кој точно го нарачал и дали бил некој од врвот на МВР или од политичките структури, знам само дека до мене стигна дека наредбата е од „врвот“, изјави за Данас извор од МВР на Србија.

Ннекои мажи почнале да трчаат кон главниот влез на новосадскиот саем со кутии полни документи, додека на излезот ги чекал автомобил со кој се оддалечиле

Изборниот ден во Нови Сад беше многу бурен, а најголем инцидент беше случајот со кол центарот на Новосадскиот саем. Министерството за внатрешни работи соопшти дека за време на изборите немало поголеми инциденти, освен дека на саемот биле нападнати припадници на полицијата, како и дека е причинета голема материјална штета на просторот на Новосадскиот саем.

The post Партијата на Вучиќ имала кол центар во новосадскиот саем каде што се броеле гласовите? appeared first on Република.

]]>

 Новосадската полиција во неделата на денот на локалните изборите добила наредба од „врвот“ да не одговара на пријавите на членови на опозицијата и граѓани за настаните на Новосадскиот саем, каде беше откриен еден од најголемите т.н.„кол-центри“ на СНС. Штом претставниците на опозициските листи во Нови Сад го забележале тој кол-центар кој се наоѓал на новосадскиот саем, на истото место каде што ГИК требало да ги преброи гласовите по изборите, повикале полиција. Тие побараа полицијата да излезе на местото на настанот, да влезе во просторијата каде што стотина млади луѓе беа заклучени и да провери што навистина се случува. Одговорот што го добиле од дежурниот полицаец бил ист: „Ќе ги известам колегите“. Полицијата се појавила дури по час и половина, кога на саемот пристигнале три возила на интервентната единица, а во едно од нив бил и командантот на единицата за интервенција Никола Крајиновиќ. Кога до возилото се приближиле активисти и граѓани и побарале од полицајците да излезат надвор и да влезат во „кол-центарот“ за да видат што се случува внатре, тие одговориле дека за тоа не се одговорни тие, туку регионалната редовна патрола. Како што се зголемуваа тензиите, полицијата само седеше во своите возила, додека активистите не се обидоа насилно да влезат во просторијата каде што беа стотина активисти на СНС. Во тој момент полициските службеници излегле од возилото и направиле кордон пред вратата. Потоа дошло до физички конфликт со полицијата. Извор од врвот на МВР во Нови Сад за Данас вели дека новосадската полиција имала наредба „од врвот“ да не одговара на пријавите на граѓаните и да не влегува во кол центарот.
„На новосадската полиција строго и беше наредено да не постапува кога почнаа да пристигнуваат извештаи дека на саемот се случуваат изборни нерегуларности. Одлучено е максимално да се одложи пристигнувањето на саемот, а строго е наложено во случај на пристигнување на местото да не се влегува во просторијата каде што се активистите на СНС. Не знам кој точно го нарачал и дали бил некој од врвот на МВР или од политичките структури, знам само дека до мене стигна дека наредбата е од „врвот“, изјави за Данас извор од МВР на Србија.
Ннекои мажи почнале да трчаат кон главниот влез на новосадскиот саем со кутии полни документи, додека на излезот ги чекал автомобил со кој се оддалечиле Изборниот ден во Нови Сад беше многу бурен, а најголем инцидент беше случајот со кол центарот на Новосадскиот саем. Министерството за внатрешни работи соопшти дека за време на изборите немало поголеми инциденти, освен дека на саемот биле нападнати припадници на полицијата, како и дека е причинета голема материјална штета на просторот на Новосадскиот саем.

The post Партијата на Вучиќ имала кол центар во новосадскиот саем каде што се броеле гласовите? appeared first on Република.

]]>
Во Ниш опозицијата во борба за зачувување на „изборната воља на граѓаните“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-nish-opozitsijata-vo-borba-za-zachuvuvane-na-izbornata-vola-na-graganite/ Mon, 03 Jun 2024 18:16:35 +0000 https://republika.mk/?p=784480

По локалните избори во Србија и големата победа на СНС, најнеизвесен исход од гласањето е во градот Ниш, каде според прелиминарните резултати на Цесид и Ипсос, СНС не однесе победа и има освено 29 одборници од потребните 31, а според ГИК освоила 30 пратеници, јави дописникот на МИА од Белград.

ГИК на Ниш денес соопшти дека, според првичните изборни резултати, листата „Александар Вучиќ - Ниш утре“ добила 30 мандати во градскиот парламент, листата на Руската странка еден мандат, а сите листи на опозицијата вкупно 30. По соопштување на овие резултати, одборникот на Руската странка реши да се приклучи на коалицијата на СНС-СПС во овој град, со што напредњаците со 31 одборник во Ниш прогласија победа.

Откако Градската изборна комисија (ГИК) во Ниш и додели нов мандат на СНС, претставници на коалицијата „Го бираме Ниш - Ѓорѓе Станковиќ“ поднесоа барање за увид во изборниот материјал за одборници на градот Ниш.

Пред просториите на ГИК во Ниш се и претставници на опозицијата, а таму пристигнала и полиција. Најавија дека следните чекори ќе ги објават дури откако ќе добијат увид во гласачките материјали.

Според информациите на Нова.рс, во Ниш се очекува доаѓање и на опозициските лидери, меѓу кои е и претседателот Мирослав Алексиќ од Народното движење на Србија.

Потпретседателот на Демократската партија (ДС), Срѓан Миливојевиќ, изјави дека победата во Ниш „ќе мора да се брани на улица“.

Се чини дека Александар Вучиќ ја повикува цела Србија да ја одбрани победата на опозицијата во Ниш. Ќе мора победата на слободата да ја браниме на улиците на Ниш, напиша Миливојевиќ на социјалната мрежа Х.

Саво Манојловиќ од движењето Крени-промени изјави дека опозицијата победила во Ниш и во Нов Белград и дека власта ги „штелува“ резултатите од изборите.

Властите се обидуваат да ја украдат победата на граѓаните во Ниш и Нов Белград. Крени-промени е подготвен да ја брани волјата на граѓаните. Ќе ги поддржиме понатамошните чекори на д-р Милиќ и другите опозициски листи во Ниш, меѓу кои е и нишката екипа Крени-промени. Го чекаме местото и времето. И се за Ниш. Ќе јавувиме и за Нов Белград, напиша Саво Манојловиќ на социјалната мрежа Х.

Копретседателот на Зелено-левиот фронт, Радомир Лазовиќ, денеска изјави дека претставниците на таа партија во Ниш ќе се борат заедно со граѓаните за зачувување на изборната волја изразена на локалните избори во недела - за промената навистина да започне од југ.

The post Во Ниш опозицијата во борба за зачувување на „изборната воља на граѓаните“ appeared first on Република.

]]>

По локалните избори во Србија и големата победа на СНС, најнеизвесен исход од гласањето е во градот Ниш, каде според прелиминарните резултати на Цесид и Ипсос, СНС не однесе победа и има освено 29 одборници од потребните 31, а според ГИК освоила 30 пратеници, јави дописникот на МИА од Белград. ГИК на Ниш денес соопшти дека, според првичните изборни резултати, листата „Александар Вучиќ - Ниш утре“ добила 30 мандати во градскиот парламент, листата на Руската странка еден мандат, а сите листи на опозицијата вкупно 30. По соопштување на овие резултати, одборникот на Руската странка реши да се приклучи на коалицијата на СНС-СПС во овој град, со што напредњаците со 31 одборник во Ниш прогласија победа. Откако Градската изборна комисија (ГИК) во Ниш и додели нов мандат на СНС, претставници на коалицијата „Го бираме Ниш - Ѓорѓе Станковиќ“ поднесоа барање за увид во изборниот материјал за одборници на градот Ниш. Пред просториите на ГИК во Ниш се и претставници на опозицијата, а таму пристигнала и полиција. Најавија дека следните чекори ќе ги објават дури откако ќе добијат увид во гласачките материјали. Според информациите на Нова.рс, во Ниш се очекува доаѓање и на опозициските лидери, меѓу кои е и претседателот Мирослав Алексиќ од Народното движење на Србија. Потпретседателот на Демократската партија (ДС), Срѓан Миливојевиќ, изјави дека победата во Ниш „ќе мора да се брани на улица“.
Се чини дека Александар Вучиќ ја повикува цела Србија да ја одбрани победата на опозицијата во Ниш. Ќе мора победата на слободата да ја браниме на улиците на Ниш, напиша Миливојевиќ на социјалната мрежа Х.
Саво Манојловиќ од движењето Крени-промени изјави дека опозицијата победила во Ниш и во Нов Белград и дека власта ги „штелува“ резултатите од изборите.
Властите се обидуваат да ја украдат победата на граѓаните во Ниш и Нов Белград. Крени-промени е подготвен да ја брани волјата на граѓаните. Ќе ги поддржиме понатамошните чекори на д-р Милиќ и другите опозициски листи во Ниш, меѓу кои е и нишката екипа Крени-промени. Го чекаме местото и времето. И се за Ниш. Ќе јавувиме и за Нов Белград, напиша Саво Манојловиќ на социјалната мрежа Х.
Копретседателот на Зелено-левиот фронт, Радомир Лазовиќ, денеска изјави дека претставниците на таа партија во Ниш ќе се борат заедно со граѓаните за зачувување на изборната волја изразена на локалните избори во недела - за промената навистина да започне од југ.

The post Во Ниш опозицијата во борба за зачувување на „изборната воља на граѓаните“ appeared first on Република.

]]>
Антиќ се потпиша и го поддржа Вучиќ на изборите во Србија https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/antik-se-potpisha-i-go-poddrzha-vuchik-na-izborite-vo-srbija/ Thu, 02 Nov 2023 15:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=697522

Претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ се вклучи во изборната кампања во Србија и ја поддржа листата на „Српската напредна странка“ на претстојните избори кај нашиот северен сосед.

На профилот на артијата на социјалната мрежа Х е објавена негова фотографија со претседателот на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ.

„Кошаркарската легенда Перо Антиќ денеска ја поддржа листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“. Фала ти легендо“, пишува на профилот на СНС.

„Српската напредна странка“ денеска ја доставила листата до тамошната Републичка изборна комисија, заедно со 92.637 потписи како поддршка од српските граѓани.

Носител на листата е претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ, а прв на листата е Милош Вучевиќ.

The post Антиќ се потпиша и го поддржа Вучиќ на изборите во Србија appeared first on Република.

]]>

Претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ се вклучи во изборната кампања во Србија и ја поддржа листата на „Српската напредна странка“ на претстојните избори кај нашиот северен сосед. На профилот на артијата на социјалната мрежа Х е објавена негова фотографија со претседателот на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ.
„Кошаркарската легенда Перо Антиќ денеска ја поддржа листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“. Фала ти легендо“, пишува на профилот на СНС.
„Српската напредна странка“ денеска ја доставила листата до тамошната Републичка изборна комисија, заедно со 92.637 потписи како поддршка од српските граѓани. Носител на листата е претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ, а прв на листата е Милош Вучевиќ.

The post Антиќ се потпиша и го поддржа Вучиќ на изборите во Србија appeared first on Република.

]]>
Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ за свој наследник https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-go-predlozhi-milosh-vuchevik-za-svoj-naslednik/ Sat, 27 May 2023 11:53:05 +0000 https://republika.mk/?p=645174

Предлагам да се избере Милош Вучевиќ за претседател на Српската напредна партија (СНС), изјави денеска Александар Вучиќ на отворениот дел од седницата на вонредното собрание на СНС во Крагуевац.

Тој нагласи дека во моментот кога се наоѓа на истото место каде што бил Томислав Николиќ, кој му ја предал палката на партијата, не може да изрази колку е горд што ја водел најдобрата партија во државата.

Нема да одам никаде со тебе, горд сум на тебе! Не можам да ви кажам колку сум горд што ја водев најдобрата партија сите овие години. Ви благодарам за овие 11 години, јас сум најгорд што ја водев СНС, многу ве сакам сите - рече Вучиќ.

Тој изјави дека кога објавил дека повеќе нема да биде претседател на СНС опозицијата го обвинила дека лаже и дека е подготвен да ја задржи фотелјата до смрт.

Не, премногу го сакам СНС и оваа забава заедно со моите деца е мојот живот. Никогаш нема да ја напуштам оваа партија и вас додека сум жив, што и да правите – додаде Вучиќ.

Само мислам, додаде тој, дека е потребен малку поинаков пристап, обединување на поголем број сили за победа на успешна Србија, која ќе се грижи за своите граѓани.

The post Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ за свој наследник appeared first on Република.

]]>

Предлагам да се избере Милош Вучевиќ за претседател на Српската напредна партија (СНС), изјави денеска Александар Вучиќ на отворениот дел од седницата на вонредното собрание на СНС во Крагуевац. Тој нагласи дека во моментот кога се наоѓа на истото место каде што бил Томислав Николиќ, кој му ја предал палката на партијата, не може да изрази колку е горд што ја водел најдобрата партија во државата.
Нема да одам никаде со тебе, горд сум на тебе! Не можам да ви кажам колку сум горд што ја водев најдобрата партија сите овие години. Ви благодарам за овие 11 години, јас сум најгорд што ја водев СНС, многу ве сакам сите - рече Вучиќ.
Тој изјави дека кога објавил дека повеќе нема да биде претседател на СНС опозицијата го обвинила дека лаже и дека е подготвен да ја задржи фотелјата до смрт.
Не, премногу го сакам СНС и оваа забава заедно со моите деца е мојот живот. Никогаш нема да ја напуштам оваа партија и вас додека сум жив, што и да правите – додаде Вучиќ.
Само мислам, додаде тој, дека е потребен малку поинаков пристап, обединување на поголем број сили за победа на успешна Србија, која ќе се грижи за своите граѓани.

The post Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ за свој наследник appeared first on Република.

]]>
Кој ќе го замени Вучиќ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/koj-ke-go-zameni-vuchik/ Sat, 27 May 2023 07:26:36 +0000 https://republika.mk/?p=645109

Вонредното партиско собрание на Српската напредна партија денеска во 12 часот во Крагуевац ќе собери 4.000 делегати кои ќе одлучуваат кој ќе раководи со партијата, откако вчера српскиот претседател Александар Вучиќ на собирот во Белград соопшти дека од денеска повеќе нема да биде претседател на СНС.

Вучиќ вчера кажа дека ова е последната вечер кога се обраќа како претседател на СНС, чиј „верен член ќе продолжи биде, но од утре ќе биде само претседател на Србија, но не и на партијата“.

Единаесет години верно и лојално служев им служев на мојата земја и народ. Можеби поверно и полојални отколку што некои од вас можат да замислат. Единаесет години сум на чело на СНС, најдобрата, најголемата партија на прекрасни домаќини, чесни луѓе, рече тој.

Како што дознава „Н1“ од членовите на СНС кои ќе учествуваат на собранието на партијата, никој не го добил дневниот ред пред собранието, како и листата на кандидати за потенцијални наследници на Вучиќ.

Неофицијално се споменува дека воопшто нема да се избира еден претседател на партија, туку дека со партијата ќе раководи колективно тело составено од три или пет члена.

Меѓу кандидатите кои се споменуваат прв како најсигурен е министерот за одбрана Милош Вучевиќ. Потенцијално во тоа колективно тело би можеле да бидат министерот за финансии Синиша Мали, како и премиерката Ана Брнабиќ, пишува „Н1“.

Сепак, иако Брнабиќ важеше за еден од кандидатите, некои членови на СНС се повеќе веруваат дека таа ќе се откаже од трката по нејзините недамнешни јавни настапи.

The post Кој ќе го замени Вучиќ? appeared first on Република.

]]>

Вонредното партиско собрание на Српската напредна партија денеска во 12 часот во Крагуевац ќе собери 4.000 делегати кои ќе одлучуваат кој ќе раководи со партијата, откако вчера српскиот претседател Александар Вучиќ на собирот во Белград соопшти дека од денеска повеќе нема да биде претседател на СНС. Вучиќ вчера кажа дека ова е последната вечер кога се обраќа како претседател на СНС, чиј „верен член ќе продолжи биде, но од утре ќе биде само претседател на Србија, но не и на партијата“.
Единаесет години верно и лојално служев им служев на мојата земја и народ. Можеби поверно и полојални отколку што некои од вас можат да замислат. Единаесет години сум на чело на СНС, најдобрата, најголемата партија на прекрасни домаќини, чесни луѓе, рече тој.
Како што дознава „Н1“ од членовите на СНС кои ќе учествуваат на собранието на партијата, никој не го добил дневниот ред пред собранието, како и листата на кандидати за потенцијални наследници на Вучиќ. Неофицијално се споменува дека воопшто нема да се избира еден претседател на партија, туку дека со партијата ќе раководи колективно тело составено од три или пет члена. Меѓу кандидатите кои се споменуваат прв како најсигурен е министерот за одбрана Милош Вучевиќ. Потенцијално во тоа колективно тело би можеле да бидат министерот за финансии Синиша Мали, како и премиерката Ана Брнабиќ, пишува „Н1“. Сепак, иако Брнабиќ важеше за еден од кандидатите, некои членови на СНС се повеќе веруваат дека таа ќе се откаже од трката по нејзините недамнешни јавни настапи.

The post Кој ќе го замени Вучиќ? appeared first on Република.

]]>
Вучиќ најавил дека ќе се повлече од чело на партијата! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-najavil-deka-ke-se-povleche-od-chelo-na-partijata/ Mon, 23 Jan 2023 07:21:33 +0000 https://republika.mk/?p=599724

Претседателот на Извршниот комитет на Српската напредна партија (СНС), Дарко Глишиќ синоќа изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ најавил оставка на партиската функција и  доколку остане на своите ставови тоа ќе биде крај на СНС.

Медиумите во Србија претходно објавија дека на средбата во седиштето на СНС имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите со САД и ЕУ за Косово. Според информациите, Вучиќ реагирал на тие несогласувања и рекол дека ако некој мисли дека може да ја води државата подобро од него, тој е подготвен да им го остави тоа на нив, а потоа ја напуштил средбата, јави Бета.

Глишиќ смета дека потоа ќе следи нешто што, како што рече, е „најцрното и најлошото сценарио за Србија“ што не може ниту да го замисли. Иако не објасни дали Вучиќ кажал под кои околности ќе поднесе оставка, дали на функцијата претседател на партијата или на државата, тој повтори дека „ако поднесе оставка и ако се држи до неа, ќе биде најлошото нешто што ќе и се случи на Србија“, јави РТС на својата веб-страница.

Вучиќ, како што претходно беше најавено, во понеделник ќе присуствува на седницата на Владата на Србија, што почнува во 11 часот, а ќе се обрати пред граѓаните во 20 часот.

The post Вучиќ најавил дека ќе се повлече од чело на партијата! appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Извршниот комитет на Српската напредна партија (СНС), Дарко Глишиќ синоќа изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ најавил оставка на партиската функција и  доколку остане на своите ставови тоа ќе биде крај на СНС. Медиумите во Србија претходно објавија дека на средбата во седиштето на СНС имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите со САД и ЕУ за Косово. Според информациите, Вучиќ реагирал на тие несогласувања и рекол дека ако некој мисли дека може да ја води државата подобро од него, тој е подготвен да им го остави тоа на нив, а потоа ја напуштил средбата, јави Бета. Глишиќ смета дека потоа ќе следи нешто што, како што рече, е „најцрното и најлошото сценарио за Србија“ што не може ниту да го замисли. Иако не објасни дали Вучиќ кажал под кои околности ќе поднесе оставка, дали на функцијата претседател на партијата или на државата, тој повтори дека „ако поднесе оставка и ако се држи до неа, ќе биде најлошото нешто што ќе и се случи на Србија“, јави РТС на својата веб-страница. Вучиќ, како што претходно беше најавено, во понеделник ќе присуствува на седницата на Владата на Србија, што почнува во 11 часот, а ќе се обрати пред граѓаните во 20 часот.

The post Вучиќ најавил дека ќе се повлече од чело на партијата! appeared first on Република.

]]>
Вучиќ го кандидира Владимир Орлиќ да го замени Дачиќ како претседател на српското Собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-go-kandidira-vladimir-orlikj-da-go-zameni-dachikj-kako-pretsedatel-na-srpskoto-sobranie/ Sat, 30 Jul 2022 11:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=535068

Српската напредна странка (СНС) одржа седница на Претседателството на која беше одлучено нивен кандидат за нов претседател на Народното собрание да биде Владимир Орлиќ (39). Досегашниот пратеник е едногласно избран на предлог на претседателот на СНС, Александар Вучиќ.

Партијата на српскиот претседател, донесе одлука и да се подмлади раководството и на Собранието и на Владата на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Орлиќ ги извршуваше должностите заменик-претседател на пратеничката група на СНС и потпретседател на Собранието. Станува збор за исклучителен млад човек, остварен и образовен, на научен, професионален и политички план. Зад него стојат над 80 научни и стручни трудови. Фантастична биографија, не само за еден млад човек кој сè уште не наполнил четириесет години, туку и за исклучителен борец за демократијата - изјави членот на Преседателството на СНС, Никола Селаковиќ, по завршување на седницата.

Претседателството на СНС донесе одлука и да го стесни изборот на четворица кандидати за идното раководство на пратеничката група на СНС и да го скрати изборот на потпретседател или генерален секретар на Народното собрание на четири кандидати и тоа на Миленко Јованов, Марина Рагуш, Невена Ѓуриќ и Сандра Божиќ.

Еден од заклучоците на седницата е дека Александар Вучиќ е овластен да води разговори за коалицијата за идната Влада на Србија и дека за 10 дена ќе одржиме нова седница на која ќе ги разгледаме кадровските решенија - изјави Селаковиќ.

Досегашниот претседател на Собранието и лидер на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, вчера изјави дека договорот со претседателот на Србија Александар Вучиќ е новиот претседател на српското собрание да биде од Српската напредна партија (СНС) и дека сè уште е рано да се зборува за кадровски решенија за идната влада.

Членот на Претседателството на СНС, Горан Весиќ, вчера изјави дека е сосема извесно дека СНС ќе формира влада, бидејќи таа партија на изборите освоила 120 пратенички мандати.

Со нашиот традиционален коалициски партнер СВМ (Сојузот на унгарците во Војводина) имаме вкупно 127 пратеници, што е доволно мнозинство за формирање влада - изјави Весиќ и додаде дека СНС на консултациите го известила претседателот Александар Вучиќ дека има до 160 пратеници, што значи удобно мнозинство за формирање влада.

Конститутивната седница на новото свикување на српското Собрание е закажана за понеделник, на 1 август.

The post Вучиќ го кандидира Владимир Орлиќ да го замени Дачиќ како претседател на српското Собрание appeared first on Република.

]]>

Српската напредна странка (СНС) одржа седница на Претседателството на која беше одлучено нивен кандидат за нов претседател на Народното собрание да биде Владимир Орлиќ (39). Досегашниот пратеник е едногласно избран на предлог на претседателот на СНС, Александар Вучиќ. Партијата на српскиот претседател, донесе одлука и да се подмлади раководството и на Собранието и на Владата на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Орлиќ ги извршуваше должностите заменик-претседател на пратеничката група на СНС и потпретседател на Собранието. Станува збор за исклучителен млад човек, остварен и образовен, на научен, професионален и политички план. Зад него стојат над 80 научни и стручни трудови. Фантастична биографија, не само за еден млад човек кој сè уште не наполнил четириесет години, туку и за исклучителен борец за демократијата - изјави членот на Преседателството на СНС, Никола Селаковиќ, по завршување на седницата.
Претседателството на СНС донесе одлука и да го стесни изборот на четворица кандидати за идното раководство на пратеничката група на СНС и да го скрати изборот на потпретседател или генерален секретар на Народното собрание на четири кандидати и тоа на Миленко Јованов, Марина Рагуш, Невена Ѓуриќ и Сандра Божиќ.
Еден од заклучоците на седницата е дека Александар Вучиќ е овластен да води разговори за коалицијата за идната Влада на Србија и дека за 10 дена ќе одржиме нова седница на која ќе ги разгледаме кадровските решенија - изјави Селаковиќ.
Досегашниот претседател на Собранието и лидер на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, вчера изјави дека договорот со претседателот на Србија Александар Вучиќ е новиот претседател на српското собрание да биде од Српската напредна партија (СНС) и дека сè уште е рано да се зборува за кадровски решенија за идната влада. Членот на Претседателството на СНС, Горан Весиќ, вчера изјави дека е сосема извесно дека СНС ќе формира влада, бидејќи таа партија на изборите освоила 120 пратенички мандати.