Снежана на крајот умира Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/snezana-na-krajot-umira/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Nov 2022 08:56:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Снежана на крајот умира Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/snezana-na-krajot-umira/ 32 32 Поголемиот дел од екипата на филмот „Снежана на крајот умира“ утре во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pogolemiot-del-od-ekipata-na-filmot-snezana-na-krajot-umira-utre-vo-kinoteka/ Wed, 16 Nov 2022 08:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=574367

На проекцијата на филмот „Снежана на крајот умира“ на 17 ноември во 20 часот, една од десетте проекции на овој филм закажани на ноемврискиот репертоар во Кинотеката, ќе присуствува поголемиот дел од екипата.

Публиката ќе има можност да разговара со режисерот и сценарист Кристијан Ристески, и со актерите Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев.

Проекциите на филмот може да се проследат на :
14 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.
15 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч.
16 НОЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч.
17 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.
18 НОЕМВРИ (ПЕТОК) 18:00 ч.
21 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
22 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.
23 НОЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч.
28 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
29 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.
Влезница: 100 денари

The post Поголемиот дел од екипата на филмот „Снежана на крајот умира“ утре во Кинотека appeared first on Република.

]]>

На проекцијата на филмот „Снежана на крајот умира“ на 17 ноември во 20 часот, една од десетте проекции на овој филм закажани на ноемврискиот репертоар во Кинотеката, ќе присуствува поголемиот дел од екипата. Публиката ќе има можност да разговара со режисерот и сценарист Кристијан Ристески, и со актерите Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев. Проекциите на филмот може да се проследат на : 14 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч. 15 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч. 16 НОЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч. 17 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч. 18 НОЕМВРИ (ПЕТОК) 18:00 ч. 21 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч. 22 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч. 23 НОЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч. 28 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч. 29 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч. Влезница: 100 денари

The post Поголемиот дел од екипата на филмот „Снежана на крајот умира“ утре во Кинотека appeared first on Република.

]]>
„Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески дел од ноемвриската програмата во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/snezana-na-krajot-umira-na-kristijan-risteski-del-od-noemvriskata-programata-vo-kinoteka/ Tue, 08 Nov 2022 08:11:30 +0000 https://republika.mk/?p=571232

„Снежана на крајот умира“ е дебитантски филм на Кристијан Ристески, а со неговата премиера се затвори годинешново 43-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

Филмот на Ристески е дел од програмата за месец ноември во Кинотека на Македонија. Имено, филмот ќе се прикажува во следниве термини:

-17 ноември (четврток) 20:00 ч.

-18 ноември (петок) 18:00 ч.

-21 ноември (понеделник) 20:00 ч.

-22 ноември (вторник) 20:00 ч.

-23 ноември (среда) 18:00 ч.

Улогите ги толкуваат: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски, Давид Јанакиев.

Седум луѓе живеат во време и простор кои се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“ на Боби, 20-годишен arkoman. Маја е „волк самотник“, не комуницира „очи в очи“ со луѓе, а Игор е „риба надвор од вода“, има Аспергер синдром. Иако не би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детство, „маалска екипа“ која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизацијата на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи - се вели во описот на филмот.

 

The post „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески дел од ноемвриската програмата во Кинотека appeared first on Република.

]]>

„Снежана на крајот умира“ е дебитантски филм на Кристијан Ристески, а со неговата премиера се затвори годинешново 43-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Филмот на Ристески е дел од програмата за месец ноември во Кинотека на Македонија. Имено, филмот ќе се прикажува во следниве термини:
-17 ноември (четврток) 20:00 ч. -18 ноември (петок) 18:00 ч. -21 ноември (понеделник) 20:00 ч. -22 ноември (вторник) 20:00 ч. -23 ноември (среда) 18:00 ч. Улогите ги толкуваат: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски, Давид Јанакиев.
Седум луѓе живеат во време и простор кои се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“ на Боби, 20-годишен arkoman. Маја е „волк самотник“, не комуницира „очи в очи“ со луѓе, а Игор е „риба надвор од вода“, има Аспергер синдром. Иако не би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детство, „маалска екипа“ која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизацијата на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи - се вели во описот на филмот.
 

The post „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески дел од ноемвриската програмата во Кинотека appeared first on Република.

]]>
„Снежана на крајот умира“ е филм за добрината, вели режисерот Кристијан Ристески со чиј филм се затвора 43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/snezana-na-krajot-umira-e-film-za-dobrinata-veli-reziserot-kristijan-risteski-so-chij-film-se-zatvora-43-izdanie-na-iffk-brakja-manaki/ Fri, 26 Aug 2022 13:39:31 +0000 https://republika.mk/?p=544488

„Снежана на крајот умира“ е филм за добрината, заборавивме да бидеме добри со луѓето околу нас, вели режисерот Кристијан Ристески, чиј дебитантски долгометражен филм вечерва го затвора 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

„Снежана на крајот умира“ имаше светска премиера во јануари, на фестивалот Слемденс во САД. Продукцијата е на „Вертиго визуал“, а продуцент е Дарко Попов. Играат Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев.

По сценарио на Ристески, филмот раскажува за седум луѓе кои живеат во време кога се во конфликт со нивните вредности.

Нешто што ми пречи последниве години во нашето општество, а мислам дека тоа е и глобално прашање, заборавивме да бидеме добри со луѓето околу нас, со другите живи суштества, дури да бидеме добри со самите себе и за себе. Некако ми се чини дека филмот е за неколку луѓе кои успеваат да останат добри, да се заштитат од оваа морална катастрофа што се случува околу нас и успеале да си направат некаква оаза на добрината, по доста висока цена која ја плаќаат во останатите аспекти на нивниот живот, рече режисерот Ристески.

Тој посочи дека филмот добил финансиски сретства во 2017 година од Агенцијата за филм, во текот на развојот бил селектиран во два програми за развој на сценарио, истовремено бил селектиран на два маркети и откако завршиле груба монтажа биле селектирани на три воркинг прогрес програми на филмските фестивали во Карлови Вари, Софија и Рим. Подоцна добиле средства и од Министерството за култура на Кипар, така започнала копродукцијата.

Директори на фотографија се Димо Попов и Севдије Кастрати.

Ова беше еден од моите омилени проекти на кои работев, бидејќи беше една мошне емотивна поетична приказна, секако поради тимот и режисерот Кристијан Ристески кој ми е добар пријател. Ви благодарам што ќе го гледате филмот, се надевам ќе ви се допадне, рече Димо Попов, кој е киноматорафер на филмовите „Панкот не е мртов“, „Три дена во септември“, „Година на мајмунот“, „Ефектот на среќата“....

Тој поради работни обврски, во моментов снима во Момбај, не беше во можност да присуствува на денешната прес конференција, но се вклучи онлајн.

Севдије Кастрати е исто така кинематограферка на филмот, позната е по многу филмови, последен во низата е „Вера сонува за морето“, но и филмовите „Брак“, „Отворена врата“ итн.

Севдије ги сними сите ноќни сцени, а Димо дневните сцени, така што мислам дека тие беа идеална комбинација, бидејќи не можеше ниту едниот ниту другиот да го направи цел филм. Стилот го договоривме сите заедно и воопшто не се забележа дека работеле двајца кинематографери. Доследни беа и едниот и другиот во своите делови, рече Ристески.

Дарко Попов е продуцент на филмот, вклучен е од самиот почеток во проектот.

Филмот почнува да се рекламира на маркетот на филмскиот фестивал во Торонто, веќе имаме агент за продажба, а во македонските кина ќе почне да се прикажува од 6 октомври, најпрвин во скопските кино сали, а потоа и низ цела држава, рече Попов.

Животите на еден самотник што уште живее со родителите, лице со Аспергеров синдром, вработен во видео-клуб, момче од маркетинг агенција, маалски филозоф и гинеколог се испреплетени во три откачени приказни за љубовта, пријателството и посветеноста.

Откако ја видов премиерата на филмот сфатив дека станува збор за комедија. Додека снимавме, Кристијан работеше со нас како да снимаме драма, рече Валентин Костадиновски-Тино.

Дениз Абдула е веќе препознатлив актер и во регионот и рече дека нема некоја голема разлика во поглед на работата со режисерите од регионот.

Во овој филм успеваме да извлечеме посветеност и работа во текот на цело време. Како актери во секоја работа се посветуваме максимално. Сметам дека имаме квалитетни режисери и во областа на филмот сме многу понапред од останатите држави во регионот и тоа е видливо, рече Абдула.

Ивица Димитријевиќ има искуство од двете страни на камерата и ги сподели впечатоците од снимањето на „Снежана на крајот умира“.

Не е важно на која страна од камерата се наоѓаш, туку е важно да си ја сфатиш одговорноста на твојата улога. Сите учесници треба да бидат сериозни и одговорни, а тоа беше случај при снимањето овој филм. Уште од самиот почеток кога отидов на кастинг почувствував дека крајниот резултат ќе биде добар. Имавме одлична соработка, а имавме и проби, нешто што не се практикува многу често кај нас и потоа се одеше мазно и лесно. Осумнаесет снимачки денови поминаа без никакви проблеми. Иако сцените во кои јас учествувам се позахтевни, со добра подготовка и добра мисла се постигнува се, рече Димитријевиќ, кој се заблагодари на ИФФК „Браќа Манаки“ за прикажувањето на филмот.

На актерот Давид Јанакиев ова му е дебитантско појавување во долгометражен филм, толкува лик со нарушување од аутистичен спектар и тој проговори за методот на кој успеал да ја долови улогата.

Уште бев во училиште кога бев информиран дека сум ја добил улогата, не бев свесен, но најпрво се зафатив со психологијата на лицата со нарушување од аутистичен спектар, еден месец читав за тоа, гледав документарни филмови. Сите техники кои ги изучуваме на училиште се исти и потекнуваат од Станиславски, така што сепак сметам дека најважно е што ќе успееш да извлечеш сам од себе, рече Јанакиев.

 

The post „Снежана на крајот умира“ е филм за добрината, вели режисерот Кристијан Ристески со чиј филм се затвора 43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

„Снежана на крајот умира“ е филм за добрината, заборавивме да бидеме добри со луѓето околу нас, вели режисерот Кристијан Ристески, чиј дебитантски долгометражен филм вечерва го затвора 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. „Снежана на крајот умира“ имаше светска премиера во јануари, на фестивалот Слемденс во САД. Продукцијата е на „Вертиго визуал“, а продуцент е Дарко Попов. Играат Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев. По сценарио на Ристески, филмот раскажува за седум луѓе кои живеат во време кога се во конфликт со нивните вредности.
Нешто што ми пречи последниве години во нашето општество, а мислам дека тоа е и глобално прашање, заборавивме да бидеме добри со луѓето околу нас, со другите живи суштества, дури да бидеме добри со самите себе и за себе. Некако ми се чини дека филмот е за неколку луѓе кои успеваат да останат добри, да се заштитат од оваа морална катастрофа што се случува околу нас и успеале да си направат некаква оаза на добрината, по доста висока цена која ја плаќаат во останатите аспекти на нивниот живот, рече режисерот Ристески.
Тој посочи дека филмот добил финансиски сретства во 2017 година од Агенцијата за филм, во текот на развојот бил селектиран во два програми за развој на сценарио, истовремено бил селектиран на два маркети и откако завршиле груба монтажа биле селектирани на три воркинг прогрес програми на филмските фестивали во Карлови Вари, Софија и Рим. Подоцна добиле средства и од Министерството за култура на Кипар, така започнала копродукцијата. Директори на фотографија се Димо Попов и Севдије Кастрати.
Ова беше еден од моите омилени проекти на кои работев, бидејќи беше една мошне емотивна поетична приказна, секако поради тимот и режисерот Кристијан Ристески кој ми е добар пријател. Ви благодарам што ќе го гледате филмот, се надевам ќе ви се допадне, рече Димо Попов, кој е киноматорафер на филмовите „Панкот не е мртов“, „Три дена во септември“, „Година на мајмунот“, „Ефектот на среќата“....
Тој поради работни обврски, во моментов снима во Момбај, не беше во можност да присуствува на денешната прес конференција, но се вклучи онлајн. Севдије Кастрати е исто така кинематограферка на филмот, позната е по многу филмови, последен во низата е „Вера сонува за морето“, но и филмовите „Брак“, „Отворена врата“ итн.
Севдије ги сними сите ноќни сцени, а Димо дневните сцени, така што мислам дека тие беа идеална комбинација, бидејќи не можеше ниту едниот ниту другиот да го направи цел филм. Стилот го договоривме сите заедно и воопшто не се забележа дека работеле двајца кинематографери. Доследни беа и едниот и другиот во своите делови, рече Ристески.
Дарко Попов е продуцент на филмот, вклучен е од самиот почеток во проектот.
Филмот почнува да се рекламира на маркетот на филмскиот фестивал во Торонто, веќе имаме агент за продажба, а во македонските кина ќе почне да се прикажува од 6 октомври, најпрвин во скопските кино сали, а потоа и низ цела држава, рече Попов.
Животите на еден самотник што уште живее со родителите, лице со Аспергеров синдром, вработен во видео-клуб, момче од маркетинг агенција, маалски филозоф и гинеколог се испреплетени во три откачени приказни за љубовта, пријателството и посветеноста.
Откако ја видов премиерата на филмот сфатив дека станува збор за комедија. Додека снимавме, Кристијан работеше со нас како да снимаме драма, рече Валентин Костадиновски-Тино.
Дениз Абдула е веќе препознатлив актер и во регионот и рече дека нема некоја голема разлика во поглед на работата со режисерите од регионот.
Во овој филм успеваме да извлечеме посветеност и работа во текот на цело време. Како актери во секоја работа се посветуваме максимално. Сметам дека имаме квалитетни режисери и во областа на филмот сме многу понапред од останатите држави во регионот и тоа е видливо, рече Абдула.
Ивица Димитријевиќ има искуство од двете страни на камерата и ги сподели впечатоците од снимањето на „Снежана на крајот умира“.
Не е важно на која страна од камерата се наоѓаш, туку е важно да си ја сфатиш одговорноста на твојата улога. Сите учесници треба да бидат сериозни и одговорни, а тоа беше случај при снимањето овој филм. Уште од самиот почеток кога отидов на кастинг почувствував дека крајниот резултат ќе биде добар. Имавме одлична соработка, а имавме и проби, нешто што не се практикува многу често кај нас и потоа се одеше мазно и лесно. Осумнаесет снимачки денови поминаа без никакви проблеми. Иако сцените во кои јас учествувам се позахтевни, со добра подготовка и добра мисла се постигнува се, рече Димитријевиќ, кој се заблагодари на ИФФК „Браќа Манаки“ за прикажувањето на филмот.
На актерот Давид Јанакиев ова му е дебитантско појавување во долгометражен филм, толкува лик со нарушување од аутистичен спектар и тој проговори за методот на кој успеал да ја долови улогата.
Уште бев во училиште кога бев информиран дека сум ја добил улогата, не бев свесен, но најпрво се зафатив со психологијата на лицата со нарушување од аутистичен спектар, еден месец читав за тоа, гледав документарни филмови. Сите техники кои ги изучуваме на училиште се исти и потекнуваат од Станиславски, така што сепак сметам дека најважно е што ќе успееш да извлечеш сам од себе, рече Јанакиев.
 

The post „Снежана на крајот умира“ е филм за добрината, вели режисерот Кристијан Ристески со чиј филм се затвора 43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Со „Раката на господ“ на Паоло Сорентино се отвора, а со „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески се затвора ИФФК „Браќа Манаки“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-rakata-na-gospod-na-paolo-sorentino-se-otvora-a-so-snezana-na-krajot-umira-na-kristijan-risteski-se-zatvora-iffk-brakja-manaki/ Mon, 08 Aug 2022 12:01:27 +0000 https://republika.mk/?p=538000

Со филмот „Раката на господ“ на Паоло Сорентино ќе се отвори 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, што оваа година ќе се одржува од 19 до 26 август. Фестивалот се затвора со премиера на македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ од Кристијан Ристески, објави на денешната прес-конференција во Скопје директорот на Фестивал Симеон Мони Дамевски.

Дамевски кажа дека во Битола ќе пристигне кинематограферката на филмот на Сорентино, Дарија Д‘Антонио, а покрај неа и добитникот на Златната камера 300 за животно дело, Ентони Дод Ментл.

Ги имаме сите предуслови за добар фестивал. Имаме проширена програма. Имаме исклучителни гости кои сами се јавуваат да дојдат на неколку дена во Битола. Имаме неверојатно добра понуда на филмови и ни се доделени доволно пари за да обезбедиме сè што треба. Годинава ќе го имаме Ентони Дод Ментел, директорот на фотографијз и кинематографер како што биле браќата Манаки. Соработувал со одлични режисери, номиниран за Оскар, и тој е првиот кој добил Оскар зашто снимил филм со дигитална камера. Тоа е нашиот лауреат за животно дело. Чекаме да ни потврди и кинематограферот на „Гладијатор“, на „Икс мен“, Џон Метисон. Годинава имаме диџеј од Берлин, по три журки ќе има во Битола секоја вечер. На три локации ќе се одвива фестивалот, во Домот на култура, таму имаме најмногу седишта, втората локација е киното Манаки, каде што ќе се одвива документарната и студентската програма, како и Офицерскиот дом, на летната тераса која ќе биде отворена за Мак корнер програмата. Секоја вечер ќе има филмови, рече директорот на фестивалот Дамовски.

Во четирите натпреварувачки програми ќе се прикажат вкупно 54 филма, од кои 14 во главната, 12 во кратката, 10 во документарната и 18 во студентската.

Во главната програма доминираат наслови од Канскиот фестивал, меѓу кои е и годинашниот победник „Триаголник на тагата“, а само третпат досега се вклучени и два домашни филма, „Мими“ на Даријан Пејовски и „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристевски. „Мими“ имаше македонска премиера на отворањето на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ во Скопје, а „Снежана на крајот умира“, е деби на режисерот Ристески, кој имаше светска премиера на фестивалот Слемденс во САД, лани во декември.

„Снежана на крајот умира“ е продукција на „Вертиго визуал“, а продуцент е Дарко Попов. Играат Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев. По сценарио на Ристески, филмот раскажува за седум луѓе кои живеат во време кога се во конфликт со нивните вредности.

„Ѓаволот се плаши од вода“ на Лидија Мојсовска и „Баскет“ на Димитар Банов ќе бидат македонските претставници во селекцијата на краткометражни филмови.

 

The post Со „Раката на господ“ на Паоло Сорентино се отвора, а со „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески се затвора ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Со филмот „Раката на господ“ на Паоло Сорентино ќе се отвори 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, што оваа година ќе се одржува од 19 до 26 август. Фестивалот се затвора со премиера на македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ од Кристијан Ристески, објави на денешната прес-конференција во Скопје директорот на Фестивал Симеон Мони Дамевски. Дамевски кажа дека во Битола ќе пристигне кинематограферката на филмот на Сорентино, Дарија Д‘Антонио, а покрај неа и добитникот на Златната камера 300 за животно дело, Ентони Дод Ментл.
Ги имаме сите предуслови за добар фестивал. Имаме проширена програма. Имаме исклучителни гости кои сами се јавуваат да дојдат на неколку дена во Битола. Имаме неверојатно добра понуда на филмови и ни се доделени доволно пари за да обезбедиме сè што треба. Годинава ќе го имаме Ентони Дод Ментел, директорот на фотографијз и кинематографер како што биле браќата Манаки. Соработувал со одлични режисери, номиниран за Оскар, и тој е првиот кој добил Оскар зашто снимил филм со дигитална камера. Тоа е нашиот лауреат за животно дело. Чекаме да ни потврди и кинематограферот на „Гладијатор“, на „Икс мен“, Џон Метисон. Годинава имаме диџеј од Берлин, по три журки ќе има во Битола секоја вечер. На три локации ќе се одвива фестивалот, во Домот на култура, таму имаме најмногу седишта, втората локација е киното Манаки, каде што ќе се одвива документарната и студентската програма, како и Офицерскиот дом, на летната тераса која ќе биде отворена за Мак корнер програмата. Секоја вечер ќе има филмови, рече директорот на фестивалот Дамовски.
Во четирите натпреварувачки програми ќе се прикажат вкупно 54 филма, од кои 14 во главната, 12 во кратката, 10 во документарната и 18 во студентската. Во главната програма доминираат наслови од Канскиот фестивал, меѓу кои е и годинашниот победник „Триаголник на тагата“, а само третпат досега се вклучени и два домашни филма, „Мими“ на Даријан Пејовски и „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристевски. „Мими“ имаше македонска премиера на отворањето на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ во Скопје, а „Снежана на крајот умира“, е деби на режисерот Ристески, кој имаше светска премиера на фестивалот Слемденс во САД, лани во декември. „Снежана на крајот умира“ е продукција на „Вертиго визуал“, а продуцент е Дарко Попов. Играат Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев. По сценарио на Ристески, филмот раскажува за седум луѓе кои живеат во време кога се во конфликт со нивните вредности. „Ѓаволот се плаши од вода“ на Лидија Мојсовска и „Баскет“ на Димитар Банов ќе бидат македонските претставници во селекцијата на краткометражни филмови.  

The post Со „Раката на господ“ на Паоло Сорентино се отвора, а со „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески се затвора ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>