снег Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sneg/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 10:12:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png снег Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sneg/ 32 32 Жена загина додека чистеше снег пред својот дом во Њујорк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zhena-zagina-dodeka-chisteshe-sneg-pred-svojot-dom-vo-nujork/ Wed, 14 Feb 2024 10:12:11 +0000 https://republika.mk/?p=743983

Надзорна камера го снимила застрашувачкиот момент кога една постара жена смртно ја удрила тула во главата додека го чистела снегот пред нејзиниот дом во Њујорк, пишува „Дејли мејл“.

Дејл Сингер (74) билa итно пренесенa во болница откако се урнал бетонскиот дел околу влезната врата.

Сведоците рaскажаа дека жената штотуку се свртела да ја заклучи вратата на 6-та авенија во Бруклин кога била згмечена од тулата.

Соседката Мијра Мартинез рече дека Сингер изнајмила дуплекс во градска куќа од 19 век со нејзиниот сопруг и ќерка.

„Таа беше многу фина дама и многу ми е жал што вака почина“, додала таа.

Полицијата која пристигнала на местото на настанот се обидела со да ја спаси, пред жената да биде пренесена во болница во критична состојба. Подоцна била прогласена за почината.

Трагедијата се случила додека Њујорк се бори со една од најлошите зимски бури во последните две години.

The post Жена загина додека чистеше снег пред својот дом во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Надзорна камера го снимила застрашувачкиот момент кога една постара жена смртно ја удрила тула во главата додека го чистела снегот пред нејзиниот дом во Њујорк, пишува „Дејли мејл“. Дејл Сингер (74) билa итно пренесенa во болница откако се урнал бетонскиот дел околу влезната врата. Сведоците рaскажаа дека жената штотуку се свртела да ја заклучи вратата на 6-та авенија во Бруклин кога била згмечена од тулата. Соседката Мијра Мартинез рече дека Сингер изнајмила дуплекс во градска куќа од 19 век со нејзиниот сопруг и ќерка. „Таа беше многу фина дама и многу ми е жал што вака почина“, додала таа. Полицијата која пристигнала на местото на настанот се обидела со да ја спаси, пред жената да биде пренесена во болница во критична состојба. Подоцна била прогласена за почината. Трагедијата се случила додека Њујорк се бори со една од најлошите зимски бури во последните две години.

The post Жена загина додека чистеше снег пред својот дом во Њујорк appeared first on Република.

]]>
Внимателно по патиштата, има снег https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vnimatelno-po-patishtata-ima-sneg/ Sun, 11 Feb 2024 17:45:26 +0000 https://republika.mk/?p=742920

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП Македонијапат.

Сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

The post Внимателно по патиштата, има снег appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП Македонијапат. Сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

The post Внимателно по патиштата, има снег appeared first on Република.

]]>
ЦУК: Наполнете добро гориво ако одите на планина, задолжително имајте зимска опрема https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsuk-napolnete-dobro-gorivo-ako-odite-na-planina-zadolzhitelno-imajte-zimska-oprema/ Sat, 20 Jan 2024 07:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=734784

Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните да патуваат внимателно денеска и во текот на утрешниот ден, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите, а секако и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои, бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да бидат непроодни на повисоките делници. Потсетуваме дека луѓето кои живеат во повисоките места навремено да се снабдат со основни намирници (храна и лекови) и се препорачува внимателно движење на граѓаните пеш, бидејќи е можна појава на голомразица.

Според временска прогноза од Управа за хидрометеоролошки работи, се најавува дека денеска времето ќе биде облачно и студено со врнежи претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 sm), а во пониските места од 3 до 10 sm. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено покрај Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 1 до 8 степени.

The post ЦУК: Наполнете добро гориво ако одите на планина, задолжително имајте зимска опрема appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните да патуваат внимателно денеска и во текот на утрешниот ден, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите, а секако и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои, бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да бидат непроодни на повисоките делници. Потсетуваме дека луѓето кои живеат во повисоките места навремено да се снабдат со основни намирници (храна и лекови) и се препорачува внимателно движење на граѓаните пеш, бидејќи е можна појава на голомразица. Според временска прогноза од Управа за хидрометеоролошки работи, се најавува дека денеска времето ќе биде облачно и студено со врнежи претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 sm), а во пониските места од 3 до 10 sm. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено покрај Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 1 до 8 степени.

The post ЦУК: Наполнете добро гориво ако одите на планина, задолжително имајте зимска опрема appeared first on Република.

]]>
Завеан автопатот Милош Велики во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zavean-avtopatot-milosh-veliki-vo-srbija/ Fri, 19 Jan 2024 20:05:15 +0000 https://republika.mk/?p=734813

Србија денеска ја зафати ненадеен студен бран кој донесе снег и температура од 0°С. Студениот фронт веќе утрото стигна до Бачка, а во текот на денот премина во дожд, кој потоа премина во снег. Обилните снежни врнежи зафатија поголем дел од земјава, а снегот ги завеа автопатот Милош Велики, патот Ваљево-Бајина Башта, но и Белград, каде засега има помала снежна обвивка.

Според прогнозите, формирање на снежна покривка од 1 до 10 сантиметри се очекува во поголемиот дел од Србија во текот на вечерните и ноќните часови. Во сабота се прогнозира дека јужните и централните делови од земјава ќе врнат од 5 до 15 сантиметри снег, додека на планините ќе наврнат дури повеќе од 20 сантиметри снег. Во Белград помала снежна покривка се очекува во пониските делови од градот, додека во повисоките делови може да се наталожат околу 5 сантиметри снег, а на планините како Авалу и Космај локално над 10 сантиметри.

Во текот на ноќта се очекува да престанат врнежите во северните делови на Србија, додека во Војводина врнежите би можеле да стивнат до претпладневните часови. Во останатите делови од земјава во текот на ноќта ќе се задржи облачно време со снег, со температури околу 0°С.

Снежно невреме, но во поголем интензитет ја зафати и Хрватска, каде паѓаа дрва на улици, паркинзи, врз автомобили и на фасади.

The post Завеан автопатот Милош Велики во Србија appeared first on Република.

]]>

Србија денеска ја зафати ненадеен студен бран кој донесе снег и температура од 0°С. Студениот фронт веќе утрото стигна до Бачка, а во текот на денот премина во дожд, кој потоа премина во снег. Обилните снежни врнежи зафатија поголем дел од земјава, а снегот ги завеа автопатот Милош Велики, патот Ваљево-Бајина Башта, но и Белград, каде засега има помала снежна обвивка. Според прогнозите, формирање на снежна покривка од 1 до 10 сантиметри се очекува во поголемиот дел од Србија во текот на вечерните и ноќните часови. Во сабота се прогнозира дека јужните и централните делови од земјава ќе врнат од 5 до 15 сантиметри снег, додека на планините ќе наврнат дури повеќе од 20 сантиметри снег. Во Белград помала снежна покривка се очекува во пониските делови од градот, додека во повисоките делови може да се наталожат околу 5 сантиметри снег, а на планините како Авалу и Космај локално над 10 сантиметри. Во текот на ноќта се очекува да престанат врнежите во северните делови на Србија, додека во Војводина врнежите би можеле да стивнат до претпладневните часови. Во останатите делови од земјава во текот на ноќта ќе се задржи облачно време со снег, со температури околу 0°С. Снежно невреме, но во поголем интензитет ја зафати и Хрватска, каде паѓаа дрва на улици, паркинзи, врз автомобили и на фасади.

The post Завеан автопатот Милош Велики во Србија appeared first on Република.

]]>
Возрасните кои живеат во планински села да се симнат во урбаните средини, ловците да се воздржат од своето хоби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vozrasnite-koi-zhiveat-vo-planinski-sela-da-se-simnat-vo-urbanite-sredini-lovtsite-da-se-vozdrzhat-od-svoeto-hobi/ Fri, 19 Jan 2024 18:14:51 +0000 https://republika.mk/?p=734771

Општина Кавадарци излезе со препорака до возрасните лица кои живеат во планински села да се симнат во урбаните средини, поради најавените екстремно ниски температури.

Во пресрет на најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за екстремно ниски температури и студено време проследено со обилни врнежи од снег, силен ветер и голомразица, Општина Кавадарци информира дека е подготвена успешно да се справи со истите. Се препорачува, старите лица кои моментално живеат во планинските села да се симнат во урбаните средини, препорачаа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Воедно, упатен е и повик до ловците во деновите на очекуваното невреме да се воздржат од своето хоби.

Општина Кавадaрци. исто така, апелира до граѓаните, без посериозна потреба да не се упатуваат кон Бошавијата, мариовскиот дел на Тиквешијата, во ридско - планинскиот села, како и во оддалечените викенд населби на Тиквешкото езеро.

The post Возрасните кои живеат во планински села да се симнат во урбаните средини, ловците да се воздржат од своето хоби appeared first on Република.

]]>

Општина Кавадарци излезе со препорака до возрасните лица кои живеат во планински села да се симнат во урбаните средини, поради најавените екстремно ниски температури.
Во пресрет на најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за екстремно ниски температури и студено време проследено со обилни врнежи од снег, силен ветер и голомразица, Општина Кавадарци информира дека е подготвена успешно да се справи со истите. Се препорачува, старите лица кои моментално живеат во планинските села да се симнат во урбаните средини, препорачаа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Воедно, упатен е и повик до ловците во деновите на очекуваното невреме да се воздржат од своето хоби. Општина Кавадaрци. исто така, апелира до граѓаните, без посериозна потреба да не се упатуваат кон Бошавијата, мариовскиот дел на Тиквешијата, во ридско - планинскиот села, како и во оддалечените викенд населби на Тиквешкото езеро.

The post Возрасните кои живеат во планински села да се симнат во урбаните средини, ловците да се воздржат од своето хоби appeared first on Република.

]]>
Врнежи од снег викендов, од понеделник стабилизација на времето со ниски утрински температури https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vrnezhi-od-sneg-vikendov-od-ponedelnik-stabilizatsija-na-vremeto-so-niski-utrinski-temperaturi/ Fri, 19 Jan 2024 16:21:21 +0000 https://republika.mk/?p=734740

Врнежи од снег утре и во недела претпадне на локално ниво. Од понеделник времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени.

УХМР за утре прогнозира облачно и студено време со врнежи претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 1 до 8 степени.

Во Скопје утре облачно и студено со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 3 степени

The post Врнежи од снег викендов, од понеделник стабилизација на времето со ниски утрински температури appeared first on Република.

]]>

Врнежи од снег утре и во недела претпадне на локално ниво. Од понеделник времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. УХМР за утре прогнозира облачно и студено време со врнежи претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 1 до 8 степени. Во Скопје утре облачно и студено со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 3 степени

The post Врнежи од снег викендов, од понеделник стабилизација на времето со ниски утрински температури appeared first on Република.

]]>
Од сабота постудено и снег https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-sabota-postudeno-i-sneg-2/ Wed, 17 Jan 2024 12:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=734006

На повеќе места утре ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час) што ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе бидат пообилни. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање, соопшти УХМР.

Промена на времето ќе има во сабота, кога под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица.

Во Скопје во сабота времето ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег и ќе се формира помала снежна покривка.

 

The post Од сабота постудено и снег appeared first on Република.

]]>

На повеќе места утре ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час) што ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе бидат пообилни. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање, соопшти УХМР. Промена на времето ќе има во сабота, кога под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица. Во Скопје во сабота времето ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег и ќе се формира помала снежна покривка.  

The post Од сабота постудено и снег appeared first on Република.

]]>
Германија се подготвува за сообраќаен хаос поради очекуваните обилни снежни врнежи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-se-podgotvuva-za-soobrakaen-haos-poradi-ochekuvanite-obilni-snezhni-vrnezhi/ Wed, 17 Jan 2024 08:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=733858

Германија денеска се подготвува за обилни снежни врнежи и голомразица, што се очекува да предизвика проблеми во сообраќајот, јави ДПА.

Според прогнозите на германската метеоролошка служба, состојбата ќе биде особено тешка во централните и јужните делови на земјата.

Аеродромот во Франкфурт очекува денеска да бидат откажани голем број летови. Аеродромот Сарбрикен дури вчера соопшти дека ќе ги откаже сите летови закажани за денеска.

Во некои области на Баварија, наставата е откажана поради временските услови.

 

The post Германија се подготвува за сообраќаен хаос поради очекуваните обилни снежни врнежи appeared first on Република.

]]>

Германија денеска се подготвува за обилни снежни врнежи и голомразица, што се очекува да предизвика проблеми во сообраќајот, јави ДПА. Според прогнозите на германската метеоролошка служба, состојбата ќе биде особено тешка во централните и јужните делови на земјата. Аеродромот во Франкфурт очекува денеска да бидат откажани голем број летови. Аеродромот Сарбрикен дури вчера соопшти дека ќе ги откаже сите летови закажани за денеска. Во некои области на Баварија, наставата е откажана поради временските услови.  

The post Германија се подготвува за сообраќаен хаос поради очекуваните обилни снежни врнежи appeared first on Република.

]]>
Викендов очекувајте и снег https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vikendov-ochekuvajte-i-sneg/ Wed, 17 Jan 2024 08:13:07 +0000 https://republika.mk/?p=733855

Од УХМР највуваат дека во четврток и петок наместа ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува засилен јужен ветер што ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст.

Под влијание на студен и влажен бран во петок кон крајот на денот и во сабота врнежите ќе преминуваат во снег и ќе дува засилен северен ветер.

The post Викендов очекувајте и снег appeared first on Република.

]]>

Од УХМР највуваат дека во четврток и петок наместа ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува засилен јужен ветер што ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст. Под влијание на студен и влажен бран во петок кон крајот на денот и во сабота врнежите ќе преминуваат во снег и ќе дува засилен северен ветер.

The post Викендов очекувајте и снег appeared first on Република.

]]>
Снег на Попова Шапка и Маврово, во Крушево намалена видливост поради магла https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sneg-na-popova-shapka-i-mavrovo-vo-krushevo-namalena-vidlivost-poradi-magla/ Tue, 16 Jan 2024 18:30:34 +0000 https://republika.mk/?p=733755

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Маврово. Во Крушево поради појава на магла видливоста е намалена до 50 метри, информира АМСМ.

Како што најавува АМСМ, поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес - Градско утре и задутре ќе биде затворена за сообраќај  во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување  зимска опрема во возилата.

The post Снег на Попова Шапка и Маврово, во Крушево намалена видливост поради магла appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Маврово. Во Крушево поради појава на магла видливоста е намалена до 50 метри, информира АМСМ. Како што најавува АМСМ, поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес - Градско утре и задутре ќе биде затворена за сообраќај  во периодот од 08:00 до 16:00 часот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Во сила е законската обврска за задолжително поседување  зимска опрема во возилата.

The post Снег на Попова Шапка и Маврово, во Крушево намалена видливост поради магла appeared first on Република.

]]>
Слаб снег на Шапка и во Маврово, магла во Крушево https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/slab-sneg-na-shapka-i-vo-mavrovo-magla-vo-krushevo/ Tue, 16 Jan 2024 11:11:58 +0000 https://republika.mk/?p=733571

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Маврово, а магла со видливост до 50 метри во Крушево, соопшти ЈП Македонијапат.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

 

The post Слаб снег на Шапка и во Маврово, магла во Крушево appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Маврово, а магла со видливост до 50 метри во Крушево, соопшти ЈП Македонијапат. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.  

The post Слаб снег на Шапка и во Маврово, магла во Крушево appeared first on Република.

]]>
Спасени две лица завеани во снег на Галичица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spaseni-dve-litsa-zaveani-vo-sneg-na-galichitsa/ Fri, 12 Jan 2024 19:35:04 +0000 https://republika.mk/?p=732436

Единицата за спасување на планина од Охрид спроведе успешна акција за евакуација на заглавени лица на планината Галичица.

Според соопштението од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), денеска во 12:56 часот од единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за заглавени две лица во снегот со возило „Мерцедес“ на Галичица во близина на црквата Св. Наум, на патниот правец што е затворен за сообраќај.

Од ЦУК веднаш била известена Единицата за спасување на планина од Охрид, од каде во оптимално брзо време биле лоцирани и спасени заглавени две лица во снегот на Галичица, а извлечено е и заглавеното возило .

Акцијата била комплетно и успешно заокружена во 14:15 часот.

The post Спасени две лица завеани во снег на Галичица appeared first on Република.

]]>

Единицата за спасување на планина од Охрид спроведе успешна акција за евакуација на заглавени лица на планината Галичица. Според соопштението од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), денеска во 12:56 часот од единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за заглавени две лица во снегот со возило „Мерцедес“ на Галичица во близина на црквата Св. Наум, на патниот правец што е затворен за сообраќај. Од ЦУК веднаш била известена Единицата за спасување на планина од Охрид, од каде во оптимално брзо време биле лоцирани и спасени заглавени две лица во снегот на Галичица, а извлечено е и заглавеното возило . Акцијата била комплетно и успешно заокружена во 14:15 часот.

The post Спасени две лица завеани во снег на Галичица appeared first on Република.

]]>
Ова е шок, во 55 години не сум видел ваква зима: Канаѓаните се прашуваат каде е снегот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ova-e-shok-vo-55-godini-ne-sum-videl-vakva-zima-kanaganite-se-prashuvaat-kade-e-snegot/ Sat, 23 Dec 2023 12:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=725920

Низ Канада, огромна земја позната по суровите зими и обилните снежни врнежи, луѓето ќе се разбудат овој Божиќ со едноставна мисла: Каде е снегот?

Имено, нема многу од тоа. Од брег до брег, север кон југ, делови од земјата кои треба да бидат ледено бели се наместа зелени и кафеави.

Јас сум синоптичар 55 години и никогаш не сум видел зима како овогодиншниот официјален прв ден на зимата- вели Дејвид Филипс, виш климатолог во федералното министерство за животна средина.

Тоа не изгледа како зима, не се чувствува како зима, но сепак е зима. Мислам дека тоа е шок за мене, додаде тој.

Околу 75 проценти од Канаѓаните обично имаат бел Божиќ, а сега процентот е близу нула. Зимите обично се најтешки во провинциите без излез на море како Алберта, каде што често паѓа снег повеќе од пет месеци.

Меѓутоа, во петокот во Едмонтон, главниот град на Алберта е забележана висока температура од 7 степени Целзиусови, додека лани во истиот период изнесувала -28 Целзиусови степени.

Понатаму на исток во провинцијата Манитоба, пријатното време го погодува дури и градот Винипег, кој традиционално е толку студен во овој период од годината што локалното население го нарекува Винтерпег.

Навистина е чудно, речиси и да нема снег - вели Лин Стадник, која живее во Винипег, истакнувајќи дека сè уште може да ја види тревата во дворот на соседот.

The post Ова е шок, во 55 години не сум видел ваква зима: Канаѓаните се прашуваат каде е снегот appeared first on Република.

]]>

Низ Канада, огромна земја позната по суровите зими и обилните снежни врнежи, луѓето ќе се разбудат овој Божиќ со едноставна мисла: Каде е снегот? Имено, нема многу од тоа. Од брег до брег, север кон југ, делови од земјата кои треба да бидат ледено бели се наместа зелени и кафеави. Јас сум синоптичар 55 години и никогаш не сум видел зима како овогодиншниот официјален прв ден на зимата- вели Дејвид Филипс, виш климатолог во федералното министерство за животна средина. Тоа не изгледа како зима, не се чувствува како зима, но сепак е зима. Мислам дека тоа е шок за мене, додаде тој. Околу 75 проценти од Канаѓаните обично имаат бел Божиќ, а сега процентот е близу нула. Зимите обично се најтешки во провинциите без излез на море како Алберта, каде што често паѓа снег повеќе од пет месеци. Меѓутоа, во петокот во Едмонтон, главниот град на Алберта е забележана висока температура од 7 степени Целзиусови, додека лани во истиот период изнесувала -28 Целзиусови степени. Понатаму на исток во провинцијата Манитоба, пријатното време го погодува дури и градот Винипег, кој традиционално е толку студен во овој период од годината што локалното население го нарекува Винтерпег. Навистина е чудно, речиси и да нема снег - вели Лин Стадник, која живее во Винипег, истакнувајќи дека сè уште може да ја види тревата во дворот на соседот.

The post Ова е шок, во 55 години не сум видел ваква зима: Канаѓаните се прашуваат каде е снегот appeared first on Република.

]]>
Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/najstudeno-vo-berovo-najmnogu-sneg-vo-mavrovi-anovi-3/ Fri, 22 Dec 2023 07:55:17 +0000 https://republika.mk/?p=725514

Во Берово изутрина во 7 часот се измерени -5 степени, -3 во Битола и Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица и Тетово, -1 во Велес, Кавадарци, Попова Шапка и Виница, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Претор, Крушево, Куманово, Гевгелија, 1 во Охрид, 2 во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во Маврови Анови има 35 сантиметри снег, Крушево 20, Попова шапка 14 сантиметри.

Во текот на ноќта, информира УХМР, од запад започнаа врнежи од дожд, на планините од снег. Овие врнежи до изутрина се проширија кон исток особено преку северната страна каде што имаше услови за појава на голомразица, но и појава на снег понекаде и на повисоките места. Утринава понекаде дува слаб променлив ветер.

-Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро со појава на голомразица во северните делови и од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наутро во делови од регионот ќе има услови за појава на голомразица, а преку денот на повисоките места ќе паѓа повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

The post Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови appeared first on Република.

]]>

Во Берово изутрина во 7 часот се измерени -5 степени, -3 во Битола и Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица и Тетово, -1 во Велес, Кавадарци, Попова Шапка и Виница, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Претор, Крушево, Куманово, Гевгелија, 1 во Охрид, 2 во Дојран. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во Маврови Анови има 35 сантиметри снег, Крушево 20, Попова шапка 14 сантиметри. Во текот на ноќта, информира УХМР, од запад започнаа врнежи од дожд, на планините од снег. Овие врнежи до изутрина се проширија кон исток особено преку северната страна каде што имаше услови за појава на голомразица, но и појава на снег понекаде и на повисоките места. Утринава понекаде дува слаб променлив ветер. -Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро со појава на голомразица во северните делови и од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наутро во делови од регионот ќе има услови за појава на голомразица, а преку денот на повисоките места ќе паѓа повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

The post Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови appeared first on Република.

]]>
Човек четири дена е заглавен во викендица во Македонија, одбива помош ако не се спасат и неговите кучиња https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/chovek-chetiri-dena-e-zaglaven-vo-vikenditsa-vo-makedonija-odbiva-pomosh-ako-ne-se-spasat-i-negovite-kuchina/ Mon, 18 Dec 2023 20:00:03 +0000 https://republika.mk/?p=724389

Преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) било добиено известување дека едно лице веќе четири дена е заглавено во неговата викендица во месноста „Гатеново“ над село Радња, кавадаречко, поради големи снежни наноси, и е останато без таблети за притисок и без храна, информираа вечерва од ЦУК.

Оттаму дополнуваат дека Регионалниот ЦУК Кавадарци на 18 декември во 15.15 часот контактирал со зимската служба и добиен е одговор дека во текот на денот исконтактирано е со лице кое се наоѓа во месноста „Гатеново“ до селото Радња.

Од лице од зимската службата му е понудено од таму со „четирицикл“ да го пренесат во Кавадарци. Лицето од викендицата одбило да биде пренесено со „четирицикл“, бидејќи не знаело што да прави со неговите две кучиња. Во 15:35 часот е контактирано со градоначалникот Митко Јанчев и тој во 16:00 часот потврди дека поради лошиот пат и има многу искршени гранки и дрвја од снегот на патот, е ризично вечерва да испратат трактор во месноста „Гатеново“, појаснија од ЦУК.

Од тие причини, било контактирано лицето и договорено е утре во 06:45 часот по него да тргнат со трактор со нож и моторна пила за сечење гранки.

Со нив ќе биде и член од семејството на лицето кое е во местото „Гетеново“ за да им го покаже патот, бидејќи, се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга. Селото Радња е во центарот на мапата, над него повисоко била месноста „Гатеново“, каде што имало само викендички со голема оддалеченост една од друга, појаснуваат од ЦУК.

Според информациите од ЦУК Велес, висината на снежната покривка изнесува до 70 сантиметри во ридско – планинскиот дел на Општина Кавадарци. Зимската служба за одржување на улици и патишта – Општина Кавадарци интервенирала со еден камион кон селата Рожден и Мајдан и патот до село Радња е непрооден.

The post Човек четири дена е заглавен во викендица во Македонија, одбива помош ако не се спасат и неговите кучиња appeared first on Република.

]]>

Преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) било добиено известување дека едно лице веќе четири дена е заглавено во неговата викендица во месноста „Гатеново“ над село Радња, кавадаречко, поради големи снежни наноси, и е останато без таблети за притисок и без храна, информираа вечерва од ЦУК. Оттаму дополнуваат дека Регионалниот ЦУК Кавадарци на 18 декември во 15.15 часот контактирал со зимската служба и добиен е одговор дека во текот на денот исконтактирано е со лице кое се наоѓа во месноста „Гатеново“ до селото Радња.
Од лице од зимската службата му е понудено од таму со „четирицикл“ да го пренесат во Кавадарци. Лицето од викендицата одбило да биде пренесено со „четирицикл“, бидејќи не знаело што да прави со неговите две кучиња. Во 15:35 часот е контактирано со градоначалникот Митко Јанчев и тој во 16:00 часот потврди дека поради лошиот пат и има многу искршени гранки и дрвја од снегот на патот, е ризично вечерва да испратат трактор во месноста „Гатеново“, појаснија од ЦУК.
Од тие причини, било контактирано лицето и договорено е утре во 06:45 часот по него да тргнат со трактор со нож и моторна пила за сечење гранки. Со нив ќе биде и член од семејството на лицето кое е во местото „Гетеново“ за да им го покаже патот, бидејќи, се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга. Селото Радња е во центарот на мапата, над него повисоко била месноста „Гатеново“, каде што имало само викендички со голема оддалеченост една од друга, појаснуваат од ЦУК. Според информациите од ЦУК Велес, висината на снежната покривка изнесува до 70 сантиметри во ридско – планинскиот дел на Општина Кавадарци. Зимската служба за одржување на улици и патишта – Општина Кавадарци интервенирала со еден камион кон селата Рожден и Мајдан и патот до село Радња е непрооден.

The post Човек четири дена е заглавен во викендица во Македонија, одбива помош ако не се спасат и неговите кучиња appeared first on Република.

]]>
Снежни врнежи на југот од Kина, рекордно ниски температури на северот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/snezhni-vrnezhi-na-jugot-od-kina-rekordno-niski-temperaturi-na-severot/ Mon, 18 Dec 2023 10:41:24 +0000 https://republika.mk/?p=724262

Студениот бран што ја зафати Кина донесе ретки снежни врнежи денеска во јужната провинција Гуангдонг, додека температурата на северот на Кина падна на најниско ниво од почетокот на евиденцијата за месец декември.

Температурите паднаа до под нула степени Целзиусови на северот од земјата оваа недела, што го наруши патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај и предизвикаа дефект на сопирачките на воз во Пекинг.

На почетокот на ноември, метеоролозите предвидуваа потопла зима оваа година поради феноменот Ел Нињо, но предупредија дека температурите би можеле да варираат откако овој октомври беше еден од најтоплите во изминатите неколку децении.

The post Снежни врнежи на југот од Kина, рекордно ниски температури на северот appeared first on Република.

]]>

Студениот бран што ја зафати Кина донесе ретки снежни врнежи денеска во јужната провинција Гуангдонг, додека температурата на северот на Кина падна на најниско ниво од почетокот на евиденцијата за месец декември. Температурите паднаа до под нула степени Целзиусови на северот од земјата оваа недела, што го наруши патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај и предизвикаа дефект на сопирачките на воз во Пекинг. На почетокот на ноември, метеоролозите предвидуваа потопла зима оваа година поради феноменот Ел Нињо, но предупредија дека температурите би можеле да варираат откако овој октомври беше еден од најтоплите во изминатите неколку децении.

The post Снежни врнежи на југот од Kина, рекордно ниски температури на северот appeared first on Република.

]]>
Забрана за камиони на патните правци Маврово-Маврови Анови и Берово-Струмица https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/zabrana-za-kamioni-na-patnite-pravtsi-mavrovo-mavrovi-anovi-i-berovo-strumitsa/ Sun, 17 Dec 2023 08:08:57 +0000 https://republika.mk/?p=723826

На патните правци Маврово-Маврови Анови и Струмица-Берово останува забраната за сообраќај за тешки товарни возила.

Забраната беше воведена од вчера поради обилните врнежи од снег. На патот Струмица-Берово, тим на јавното претпријатие „Македонијапат“ во текот на вчерашниот ден работеше и на отстранување на паднатите дрвја на овој патен правец.

На останатите патишта низ државата, според утринските информации на Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Синоптичарите за денеска највауваат променливо облачно и студено време претпладне, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура е во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени Целзиусови.

The post Забрана за камиони на патните правци Маврово-Маврови Анови и Берово-Струмица appeared first on Република.

]]>

На патните правци Маврово-Маврови Анови и Струмица-Берово останува забраната за сообраќај за тешки товарни возила. Забраната беше воведена од вчера поради обилните врнежи од снег. На патот Струмица-Берово, тим на јавното претпријатие „Македонијапат“ во текот на вчерашниот ден работеше и на отстранување на паднатите дрвја на овој патен правец. На останатите патишта низ државата, според утринските информации на Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Синоптичарите за денеска највауваат променливо облачно и студено време претпладне, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура е во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени Целзиусови.

The post Забрана за камиони на патните правци Маврово-Маврови Анови и Берово-Струмица appeared first on Република.

]]>
Патиштата непроодни, село во Тетово поради снегот отсечено https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/patishtata-neproodni-selo-vo-tetovo-poradi-snegot-otsecheno/ Sat, 16 Dec 2023 19:17:43 +0000 https://republika.mk/?p=723752

Жителите на планинското село Луковица на Сува Гора велат дека патот не е прооден и дека се отсечени поради снежната покривка. Снегот, според нив, почнал да врне во петокот околу 16:30 часот, а се соочиле и со повеќечасовен прекин на електричната енергија.

– Снегот врнеше цела вечер и цел ден денес. Последен пат кога бев излезен околу 17 часот патот не беше прооден. Сега околу 19 часот има околу 40 сантиметри. Струјата беше во прекин од вчера во 19 часот до денес до 14 часот, информира Ќирко Милошевски, жител на селото и член на месната заедница.

Околу пладне, градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу на социјалните мрежи постави фотографии и објава дека се чистат патиштата во планинските села.

-Нашите машини работат на терен чистејќи ги патиштата во вечерните часови. Бидејќи снежните врнежи сè уште не престанале, апелираме до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, освен во случаи кои се апсолутно неопходно, се вели во објавата.

Од Општината во изјава за МИА велат дека патот до селото се чисти, но дека проблем е големата снежна покривка и силниот ветер.

-Од вчера механизацијата е на терен, работат интензивно на расчистување на патот, но има многу снег на некои места и дува ветер. Се работи без прекин Крстец-Луковица-Седларево, велат од Општина Желино.

Поради високата снежна покривка не можеше да се стигне до селото Луковица на планината Сува Гора и во февруари 2022 година. Луковица е меѓу ретките села во државата до кое нема асфалтиран пат. Годинава почна делумно асфалтирање на дел од 5,5 километри, односно на делницата од месноста Крстец до Луковица.

The post Патиштата непроодни, село во Тетово поради снегот отсечено appeared first on Република.

]]>

Жителите на планинското село Луковица на Сува Гора велат дека патот не е прооден и дека се отсечени поради снежната покривка. Снегот, според нив, почнал да врне во петокот околу 16:30 часот, а се соочиле и со повеќечасовен прекин на електричната енергија.
– Снегот врнеше цела вечер и цел ден денес. Последен пат кога бев излезен околу 17 часот патот не беше прооден. Сега околу 19 часот има околу 40 сантиметри. Струјата беше во прекин од вчера во 19 часот до денес до 14 часот, информира Ќирко Милошевски, жител на селото и член на месната заедница.
Околу пладне, градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу на социјалните мрежи постави фотографии и објава дека се чистат патиштата во планинските села.
-Нашите машини работат на терен чистејќи ги патиштата во вечерните часови. Бидејќи снежните врнежи сè уште не престанале, апелираме до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, освен во случаи кои се апсолутно неопходно, се вели во објавата.
Од Општината во изјава за МИА велат дека патот до селото се чисти, но дека проблем е големата снежна покривка и силниот ветер.
-Од вчера механизацијата е на терен, работат интензивно на расчистување на патот, но има многу снег на некои места и дува ветер. Се работи без прекин Крстец-Луковица-Седларево, велат од Општина Желино.
Поради високата снежна покривка не можеше да се стигне до селото Луковица на планината Сува Гора и во февруари 2022 година. Луковица е меѓу ретките села во државата до кое нема асфалтиран пат. Годинава почна делумно асфалтирање на дел од 5,5 километри, односно на делницата од месноста Крстец до Луковица.

The post Патиштата непроодни, село во Тетово поради снегот отсечено appeared first on Република.

]]>
Снег вечерва паѓа на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Пресек https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/sneg-vecherva-paga-na-popova-shapka-mavrovo-pletvar-i-presek/ Sat, 16 Dec 2023 18:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=723734

Снег со слаб интензитет вечерва паѓа на Попова Шапка, Маврово, Плетвар, Пресека и Железнец, соопшти вечерва јавното претпријатие „Македонијапат“.

Оттаму информираат дека остануваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово-Маврови Анови и на патот Струмица-Берово.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози.

Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината конусловите на патот.

The post Снег вечерва паѓа на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Пресек appeared first on Република.

]]>

Снег со слаб интензитет вечерва паѓа на Попова Шапка, Маврово, Плетвар, Пресека и Железнец, соопшти вечерва јавното претпријатие „Македонијапат“. Оттаму информираат дека остануваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово-Маврови Анови и на патот Струмица-Берово. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози. Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината конусловите на патот.

The post Снег вечерва паѓа на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Пресек appeared first on Република.

]]>
Снег со слаб интензитет вечерва на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Пресека https://arhiva3.republika.mk/vesti/sneg-so-slab-intenzitet-vecherva-na-popova-shapka-mavrovo-pletvar-i-preseka/ Sat, 16 Dec 2023 17:34:07 +0000 https://republika.mk/?p=723723

Снег со слаб интензитет има на Попова Шапка, Маврово, Плетвар, Пресека и Железнец, соопшти вечерва јавното претпријатие „Македонијапат“.

Оттаму информираат дека остануваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово-Маврови Анови и на патот Струмица-Берово.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози.

Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината конусловите на патот.

The post Снег со слаб интензитет вечерва на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Пресека appeared first on Република.

]]>

Снег со слаб интензитет има на Попова Шапка, Маврово, Плетвар, Пресека и Железнец, соопшти вечерва јавното претпријатие „Македонијапат“. Оттаму информираат дека остануваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово-Маврови Анови и на патот Струмица-Берово. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози. Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината конусловите на патот.

The post Снег со слаб интензитет вечерва на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Пресека appeared first on Република.

]]>