снакции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/snakcii/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Sep 2023 17:21:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png снакции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/snakcii/ 32 32 Мустафа: Со ваквото однесување на Курти очекувам заострување на санкциите кон Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mustafa-so-vakvoto-odnesuvane-na-kurti-ochekuvam-zaostruvane-na-sanktsiite-kon-kosovo/ Wed, 06 Sep 2023 18:06:46 +0000 https://republika.mk/?p=679418

Поранешниот косовски премиер, Иса Мустафа, смета дека не може да се очекува меѓународната заедница да падне во замката на игрите на владата на Албин Курти со Административното упатство за вонредни локални избори во општините со мнозинско српско население во северно Косово.

Според Мустафа, популистичките акции во северните општини и бегањето од спроведувањето на договорот за стабилизација на состојбите во тој дел од земјата, го санкционираа Косово за прв пат како држава.

Популистичките акции во северните општини и бегањето од спроведувањето на договорот го санкционираа Косово за прв пат како држава. Не може да се очекува меѓународната заедница да падне во замката на игрите на Владата со Административното упатство, изјави Мустафа за порталот „Газета Блиц“.

Поранешниот косовски премиер смета дека проблемот лежи во имплементацијата на договорот што во Охрид во март годинава го потпишаа Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Сметам дека суштината на проблемот лежи во спроведувањето на Охридскиот договор. Курти го прифати Договорот што го содржи самоуправувањето на српската заедница во Косово – автономија за Србите – како и спроведувањето на сите претходни договори, изјави Мустафа.

Тој вели дека со ваквото однесување на владата на Курти не очекува избори на вонредните избори во четирите општини со мнозинско српско население, туку само заострување на санкциите кон Косово.

Со ваквото однесување на владата не очекувам решение на северот на земјата, ниту пак избори, туку заострување на санкциите против Косово, изјави Мустафа.

Според него, актуелните лидери на државата се избрани со гласовите на граѓаните, односно самите граѓани одлучиле да имаат лидери кои ги игнорираат Европската Унија, САД и НАТО.

Лидерите на државата се избрани со гласовите на граѓаните и затоа е илузорно и претставува политичко слепило да се мисли дека граѓаните не треба да бидат казнети за постапките на лидерите, бидејќи граѓаните имаат своја одговорност. Тие решија да имаат лидери на кои не им е грижа за ЕУ, САД, НАТО, а голем дел од нив, според јавното мислење, сè уште размислуваат на истиот начин, вели Мустафа.

За средбата меѓу Курти и Вучиќ, што се очекува да се одржи во текот на овој месец, Мустафа вели дека „доколку не се смени однесувањето и дискурсот на власта кон државните обврски и сојузниците на Косово од септемвриската средба не може да се очекува ништо конкретно“.

Тоа ќе биде сцена на повторувања на популистичките фрази на Курти за милитантите од (неговата партија) Движење самоуправување (ВВ), како и на Вучиќ за неговите граѓани и за меѓународната заедница, која благодарение на грешките што ги прави нашата влада, сè повеќе застануваат на страната на Србија, изјави Мустафа.

The post Мустафа: Со ваквото однесување на Курти очекувам заострување на санкциите кон Косово appeared first on Република.

]]>

Поранешниот косовски премиер, Иса Мустафа, смета дека не може да се очекува меѓународната заедница да падне во замката на игрите на владата на Албин Курти со Административното упатство за вонредни локални избори во општините со мнозинско српско население во северно Косово. Според Мустафа, популистичките акции во северните општини и бегањето од спроведувањето на договорот за стабилизација на состојбите во тој дел од земјата, го санкционираа Косово за прв пат како држава.
Популистичките акции во северните општини и бегањето од спроведувањето на договорот го санкционираа Косово за прв пат како држава. Не може да се очекува меѓународната заедница да падне во замката на игрите на Владата со Административното упатство, изјави Мустафа за порталот „Газета Блиц“.
Поранешниот косовски премиер смета дека проблемот лежи во имплементацијата на договорот што во Охрид во март годинава го потпишаа Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Сметам дека суштината на проблемот лежи во спроведувањето на Охридскиот договор. Курти го прифати Договорот што го содржи самоуправувањето на српската заедница во Косово – автономија за Србите – како и спроведувањето на сите претходни договори, изјави Мустафа.
Тој вели дека со ваквото однесување на владата на Курти не очекува избори на вонредните избори во четирите општини со мнозинско српско население, туку само заострување на санкциите кон Косово.
Со ваквото однесување на владата не очекувам решение на северот на земјата, ниту пак избори, туку заострување на санкциите против Косово, изјави Мустафа.
Според него, актуелните лидери на државата се избрани со гласовите на граѓаните, односно самите граѓани одлучиле да имаат лидери кои ги игнорираат Европската Унија, САД и НАТО.
Лидерите на државата се избрани со гласовите на граѓаните и затоа е илузорно и претставува политичко слепило да се мисли дека граѓаните не треба да бидат казнети за постапките на лидерите, бидејќи граѓаните имаат своја одговорност. Тие решија да имаат лидери на кои не им е грижа за ЕУ, САД, НАТО, а голем дел од нив, според јавното мислење, сè уште размислуваат на истиот начин, вели Мустафа.
За средбата меѓу Курти и Вучиќ, што се очекува да се одржи во текот на овој месец, Мустафа вели дека „доколку не се смени однесувањето и дискурсот на власта кон државните обврски и сојузниците на Косово од септемвриската средба не може да се очекува ништо конкретно“.
Тоа ќе биде сцена на повторувања на популистичките фрази на Курти за милитантите од (неговата партија) Движење самоуправување (ВВ), како и на Вучиќ за неговите граѓани и за меѓународната заедница, која благодарение на грешките што ги прави нашата влада, сè повеќе застануваат на страната на Србија, изјави Мустафа.

The post Мустафа: Со ваквото однесување на Курти очекувам заострување на санкциите кон Косово appeared first on Република.

]]>
Германија ќе даде 100 милијарди евра помош за компаниите погодени од санкциите кон Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-kje-dade-100-milijardi-evra-pomosh-za-kompaniite-pogodeni-od-sankciite-kon-rusija/ Fri, 08 Apr 2022 17:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=485477

Германија планира да издвои повеќе од 100 милијарди евра за да им помогне на компаниите кои имаат влијание од војната во Украина, се наведува во документот објавен од министерствата за финансии и за економија.

Санкциите воведени против Русија поради нејзината воена акција во Украина силно ја погодуваат руската економија, но исто така ги погодуваат и компаниите во Германија - пишува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството за економија.

Министерот за економија, Роберт Хабек, и министерот за финансии, Кристијан Линднер, подготвија сеопфатен пакет мерки за да им помогнат на компаниите кои се тешко погодени од војната или санкциите.

Во сегашната ситуација, краткорочната ликвидност е пред се важна за компаниите. Затоа Владата првенствено ја поддржува ликвидноста на компаниите и секторите - се вели во соопштението.

Владата преку развојната банка „KfW“ ќе им понуди заеми во вредност од околу седум милијарди евра на компаниите кои беа погодени од војната.

Компаниите од сите големини треба да имаат пристап до кредити со ниски камати, без обврски -  пишува во документот.

The post Германија ќе даде 100 милијарди евра помош за компаниите погодени од санкциите кон Русија appeared first on Република.