снабдување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/snabduvanje/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Mar 2023 13:47:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png снабдување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/snabduvanje/ 32 32 ЈП Водовод со известување за прекини во водоснабдувањето утре и задутре https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/jp-vodovod-so-izvestuvane-za-prekini-vo-vodosnabduvaneto-utre-i-zadutre/ Tue, 07 Mar 2023 13:47:54 +0000 https://republika.mk/?p=616939

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (среда) поради изведување на водоводен приклучок на улица Пролет бб со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улицата Пролет, Светозар Марковиќ и Мирче Ацев.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот. (општина Центар)

Исто така, на ден 09.03.2023 (четврток) поради технички зафат на затворач ф-600 мм во пумпна станица Гази Баба, можен е прекин на водоснабдувањето во следниве населби: Чаир, Топанско Поле, Скопје Север, Бутел 2 и високата зона во Железара и Автокоманда. Со работење ќе се започне во 09:00 часот до завршување со работните активности. (Град Скопје)

 

The post ЈП Водовод со известување за прекини во водоснабдувањето утре и задутре appeared first on Република.

]]>

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (среда) поради изведување на водоводен приклучок на улица Пролет бб со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улицата Пролет, Светозар Марковиќ и Мирче Ацев. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот. (општина Центар) Исто така, на ден 09.03.2023 (четврток) поради технички зафат на затворач ф-600 мм во пумпна станица Гази Баба, можен е прекин на водоснабдувањето во следниве населби: Чаир, Топанско Поле, Скопје Север, Бутел 2 и високата зона во Железара и Автокоманда. Со работење ќе се започне во 09:00 часот до завршување со работните активности. (Град Скопје)  

The post ЈП Водовод со известување за прекини во водоснабдувањето утре и задутре appeared first on Република.

]]>
Без вода делови од „Ист гејт мол“, населбите Ќерамидница и Крњево https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/bez-voda-delovi-od-ist-gejt-mol-naselbite-keramidnitsa-i-krnevo/ Mon, 06 Mar 2023 09:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=616337

Поради дефект на затварач ф 150 мм на улицата „Беласица“ без број, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од „Ист гејт мол“, стопански и нестопански објекти од населба Ќерамидница и улиците „164“, „166“, „171“ и „Хусеин Бајрам“ од населба Крњево, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Овие корисници ќе бидат без вода за пиење до завршување на работите.

The post Без вода делови од „Ист гејт мол“, населбите Ќерамидница и Крњево appeared first on Република.

]]>

Поради дефект на затварач ф 150 мм на улицата „Беласица“ без број, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од „Ист гејт мол“, стопански и нестопански објекти од населба Ќерамидница и улиците „164“, „166“, „171“ и „Хусеин Бајрам“ од населба Крњево, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Овие корисници ќе бидат без вода за пиење до завршување на работите.

The post Без вода делови од „Ист гејт мол“, населбите Ќерамидница и Крњево appeared first on Република.

]]>
Прекинато водоснабдување во МНР и околни објекти поради дефект https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/prekinato-vodosnabduvane-vo-mnr-i-okolni-objekti-poradi-defekt/ Fri, 03 Mar 2023 07:37:24 +0000 https://republika.mk/?p=615316

Прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на МНР, А1 и објектот во кој е сместена Финансиска полиција.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато во 8.30 часот поради уличен дефект Ф-150 мм на ул. „Филип Втори“ бб (пред МНР).

Прекинот ќе трае до отстранување на дефектот.

The post Прекинато водоснабдување во МНР и околни објекти поради дефект appeared first on Република.

]]>

Прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на МНР, А1 и објектот во кој е сместена Финансиска полиција. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато во 8.30 часот поради уличен дефект Ф-150 мм на ул. „Филип Втори“ бб (пред МНР). Прекинот ќе трае до отстранување на дефектот.

The post Прекинато водоснабдување во МНР и околни објекти поради дефект appeared first on Република.

]]>
Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/utre-istekuva-rokot-za-apliciranje-za-snabduvanje-so-struja-po-povlastena-cena/ Tue, 22 Nov 2022 11:00:29 +0000 https://republika.mk/?p=576873

Да се искористи можноста и да се поднесе документација за снабдување со електрична енергија по повластени цена преку „ЕСМ продажба“ од 1 декември со оглед дека рокот истекува утре, апелираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-До 23 ноември е продолжен рокот од страна АД ЕСМ. Околу 1000 компании тоа можат да го направат согласно со податоците од Централен регистар во делот на нивната регистрација со шифра на дејност кои се предвидени во одлуката. До пред два-три дена беше околу 300 бројот на компаниите кои веќе доставиле апликација. Ги повикувам сите компании да ја искористат можноста заради тоа што од 1 декември и во делот на трговијата ќе следат дополнителни мерки кои ќе бидат предложени од страна на Министерството за економија, рече Бектеши, на новинарско прашање по прес-конференцијата на која информираше за остварените заштеди на струја во октомври годинава од страна на државните институции.

Според Бектеши, почнал трендот на намалување на цените на основните прехранбени производи. Тој најави дека ќе бара нивно дополнително намалување од 1 декември, а во случај да нема намалување, како што најави и претходно, ќе следат казни.

Согласно со одлуката на Владата, за снабдување со електрична енергија по повластена цена од 1 декември ќе можат можат да аплицираат дел од компаниите од прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и основните и средните училишта. Целта на одлуката е да се спречи растот на цените на основните прехранбени производи, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата во текот на целиот есенски и зимски период.

Договори со ЕСМ продажба може да склучат физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност со главна приходна шифра – 01.47 oдгледување на живина, 10.11 преработка и конзервирање на месо, 10.12 преработка и конзервирање на живинско месо, 10.13 производство на животинско и живинско месо, 10.41 производство на масла и масти, 10.51 преработка на млеко и производство на млечни производи, 10.61 производство на мелнички производи, 10.71 производство на леб; слатки (колачи и торти) во свежа состојба и бисквити (кекси), и 10.89 производство на останати преxранбени производи, неспомнати на друго место (само за производство на квасец). Исто така, договор може да склучат и потрошувачи на електрична енергија, јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни и/или пречистителни станици и основни и средни јавни училишта.

За физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија ЕСМ ќе нуди повластена цена на електричната енергија од 80 евра за мегават час исклучиво за потрошувачката на броилата за директно извршување на приоритетната дејност, односно исклучиво за производствениот процес. За јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици повластената цена ќе биде 95 евра за мегават час исто како и за 365-те основни и 109-те средни јавни училишта и за јавните здравствени установи

The post Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена appeared first on Република.

]]>

Да се искористи можноста и да се поднесе документација за снабдување со електрична енергија по повластени цена преку „ЕСМ продажба“ од 1 декември со оглед дека рокот истекува утре, апелираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -До 23 ноември е продолжен рокот од страна АД ЕСМ. Околу 1000 компании тоа можат да го направат согласно со податоците од Централен регистар во делот на нивната регистрација со шифра на дејност кои се предвидени во одлуката. До пред два-три дена беше околу 300 бројот на компаниите кои веќе доставиле апликација. Ги повикувам сите компании да ја искористат можноста заради тоа што од 1 декември и во делот на трговијата ќе следат дополнителни мерки кои ќе бидат предложени од страна на Министерството за економија, рече Бектеши, на новинарско прашање по прес-конференцијата на која информираше за остварените заштеди на струја во октомври годинава од страна на државните институции. Според Бектеши, почнал трендот на намалување на цените на основните прехранбени производи. Тој најави дека ќе бара нивно дополнително намалување од 1 декември, а во случај да нема намалување, како што најави и претходно, ќе следат казни. Согласно со одлуката на Владата, за снабдување со електрична енергија по повластена цена од 1 декември ќе можат можат да аплицираат дел од компаниите од прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и основните и средните училишта. Целта на одлуката е да се спречи растот на цените на основните прехранбени производи, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата во текот на целиот есенски и зимски период. Договори со ЕСМ продажба може да склучат физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност со главна приходна шифра – 01.47 oдгледување на живина, 10.11 преработка и конзервирање на месо, 10.12 преработка и конзервирање на живинско месо, 10.13 производство на животинско и живинско месо, 10.41 производство на масла и масти, 10.51 преработка на млеко и производство на млечни производи, 10.61 производство на мелнички производи, 10.71 производство на леб; слатки (колачи и торти) во свежа состојба и бисквити (кекси), и 10.89 производство на останати преxранбени производи, неспомнати на друго место (само за производство на квасец). Исто така, договор може да склучат и потрошувачи на електрична енергија, јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни и/или пречистителни станици и основни и средни јавни училишта. За физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија ЕСМ ќе нуди повластена цена на електричната енергија од 80 евра за мегават час исклучиво за потрошувачката на броилата за директно извршување на приоритетната дејност, односно исклучиво за производствениот процес. За јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици повластената цена ќе биде 95 евра за мегават час исто како и за 365-те основни и 109-те средни јавни училишта и за јавните здравствени установи

The post Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена appeared first on Република.

]]>
Денеска речиси половина Скопје без струја, ќе има прекини и во водоснабдувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/deneska-rechisi-polovina-skopje-bez-struja-kje-ima-prekini-i-vo-vodosnabduvanjeto/ Wed, 06 Apr 2022 06:42:49 +0000 https://republika.mk/?p=483834

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија на ден денеска (среда) ќе останат:

од 11:30 до 12:30 часот, Граничен премин и Терминал „Блаце“, село Блаце и Караула „Блаце“. (Општина Бутел)

од 09.00 до 14:00 часот, дел од ул. Румена Хаџипанзова бр. 16 и 18. (Општина Кисела Вода)

од 08:00 до 15:00 часот, дел од с. Ракотинци. (Општина Сопиште)

од 09:50 до 12:00 часот, нас.Катланово, Кочкова Населба, Катлановска бања, Месна Река и с. Градманци. (Општина Петровец)

од 09:00 до 15:00 часот, дел од улица Тетовска. (Општина Центар)

од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од Булевар Партизански Одреди, подулици 4 и 10, (во близина на мост Обединети Нации). (Општина Карпош)

Во однос на прекинот на водата, на ден 06.04.2022 година (среда):

Поради отстранување дефект на водоводен затварач (шибер) со пречник од Ф80 мм на улица Прохор Пчински 7, од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Прохор Пчињски и ул. Самоилова. (Општина Центар и Чаир)

Поради дефект на водоводен затварач (шибер)Ф150мм.на улица Питу Гули 6 до Американската резиденција со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица Питу Гули, Ганчо Хаџипанзов, Капиштец, Димитар Пандилови дел од Загребска, дел од Караорман и дел од Леринска. Ќе има обезбедено и цистерна со питка вода. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на дефектот.

Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100мм на улица Димитрие Чуповски бб. до гимназијата Јосип Брос Тито. Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Димитрие Чуповски од гимназијата Јосип Брос Тито до министерството за Правда и дел од улицата Даме Груев. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.

The post Денеска речиси половина Скопје без струја, ќе има прекини и во водоснабдувањето appeared first on Република.

]]>

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија на ден денеска (среда) ќе останат: од 11:30 до 12:30 часот, Граничен премин и Терминал „Блаце“, село Блаце и Караула „Блаце“. (Општина Бутел) од 09.00 до 14:00 часот, дел од ул. Румена Хаџипанзова бр. 16 и 18. (Општина Кисела Вода) од 08:00 до 15:00 часот, дел од с. Ракотинци. (Општина Сопиште) од 09:50 до 12:00 часот, нас.Катланово, Кочкова Населба, Катлановска бања, Месна Река и с. Градманци. (Општина Петровец) од 09:00 до 15:00 часот, дел од улица Тетовска. (Општина Центар) од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од Булевар Партизански Одреди, подулици 4 и 10, (во близина на мост Обединети Нации). (Општина Карпош) Во однос на прекинот на водата, на ден 06.04.2022 година (среда): Поради отстранување дефект на водоводен затварач (шибер) со пречник од Ф80 мм на улица Прохор Пчински 7, од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Прохор Пчињски и ул. Самоилова. (Општина Центар и Чаир) Поради дефект на водоводен затварач (шибер)Ф150мм.на улица Питу Гули 6 до Американската резиденција со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица Питу Гули, Ганчо Хаџипанзов, Капиштец, Димитар Пандилови дел од Загребска, дел од Караорман и дел од Леринска. Ќе има обезбедено и цистерна со питка вода. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на дефектот. Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100мм на улица Димитрие Чуповски бб. до гимназијата Јосип Брос Тито. Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Димитрие Чуповски од гимназијата Јосип Брос Тито до министерството за Правда и дел од улицата Даме Груев. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.

The post Денеска речиси половина Скопје без струја, ќе има прекини и во водоснабдувањето appeared first on Република.

]]>
ЕЦБ предупреди на последиците од прекин на снабдување со гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ecb-predupredi-na-posledicite-od-prekin-na-snabduvanje-so-gas/ Tue, 15 Feb 2022 12:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=458839

Прекинот на снабдување со гас би предизвикал шок, што ќе ги намали вредностите на стоката и услугите произведени во еврозоната, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ).

Цените на енергијата достигнаа рекордно ниво, поради стравови од евентуален руски напад врз Украина, што би довел до прекин на снабдувањето на Европа со руски енергенси, откако Западот ѝ се закани на Москва со санкции. Се стравува дека тие санкции може да ги опфатат и нафтата и гасот.

Русија ги негира тврдењата дека подготвува инвазија врз Украина.

Високите цени на енергијата ќе го намалат БДП-то на еврозоната годинава за околу 0.2 отсто во однос на неутрално сценарио. Најголемо влијание се очекува во првите три месеци, процени ЕЦБ во денешниот напис, објавен во Економскиот билтен.

Над 90 отсто гас, што еврозоната го троши, доаѓа од увоз, што значи дека притисокот врз економијата ќе се засили, доколку остане без дел од увезениот гас, предупреди ЕЦБ.

Се проценува дека бруто додадената вредност на еврозоната се намалила за 0.7 отсто, поради директни и индиректни последици од шокот, што во корпоративниот сектор би предизвикал хипотетска 10-процентна рационализација на потрошувачката на гас, пресметаа од банката.

Вистинскиот пад може да биде уште поголем, со оглед на тоа што во калкулациите не е вклучен ефектот од променетата цена на енергија, нагласуваат од банката.

Во такво сценарио, најтешки последици би претрпеле Австрија и Словачка, а меѓу индустриските сектори, веројатно најмногу би бил погоден секторот на основни метали, оценува ЕЦБ.

The post ЕЦБ предупреди на последиците од прекин на снабдување со гас appeared first on Република.

]]>

Прекинот на снабдување со гас би предизвикал шок, што ќе ги намали вредностите на стоката и услугите произведени во еврозоната, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). Цените на енергијата достигнаа рекордно ниво, поради стравови од евентуален руски напад врз Украина, што би довел до прекин на снабдувањето на Европа со руски енергенси, откако Западот ѝ се закани на Москва со санкции. Се стравува дека тие санкции може да ги опфатат и нафтата и гасот. Русија ги негира тврдењата дека подготвува инвазија врз Украина. Високите цени на енергијата ќе го намалат БДП-то на еврозоната годинава за околу 0.2 отсто во однос на неутрално сценарио. Најголемо влијание се очекува во првите три месеци, процени ЕЦБ во денешниот напис, објавен во Економскиот билтен. Над 90 отсто гас, што еврозоната го троши, доаѓа од увоз, што значи дека притисокот врз економијата ќе се засили, доколку остане без дел од увезениот гас, предупреди ЕЦБ. Се проценува дека бруто додадената вредност на еврозоната се намалила за 0.7 отсто, поради директни и индиректни последици од шокот, што во корпоративниот сектор би предизвикал хипотетска 10-процентна рационализација на потрошувачката на гас, пресметаа од банката. Вистинскиот пад може да биде уште поголем, со оглед на тоа што во калкулациите не е вклучен ефектот од променетата цена на енергија, нагласуваат од банката. Во такво сценарио, најтешки последици би претрпеле Австрија и Словачка, а меѓу индустриските сектори, веројатно најмногу би бил погоден секторот на основни метали, оценува ЕЦБ.

The post ЕЦБ предупреди на последиците од прекин на снабдување со гас appeared first on Република.

]]>
Митрофанова: Идните испораки на руски гас ќе зависат од позицијата на Бугарија кон Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mitrofanova-idnite-isporaki-na-ruski-gas-kje-zavisat-od-pozicijata-na-bugarija-kon-rusija/ Tue, 01 Feb 2022 10:27:24 +0000 https://republika.mk/?p=452356

Руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, во интервју за ТВ Нова, коментирајќи ги претстојните разговори меѓу „Газпром“ и Бугарија за идните испораки и новиот договор меѓу двете земји, кажа дека не е исклучено конкретните услови да зависат од позицијата на Бугарија кон Русија, јави дописникот на МИА од Софија.

Митрофанова кажа дека Русија секогаш, дури и во најтешките времиња, била доверлив надворешно- трговски доставувач. Според неа, некои се обидуваат да го блокираат и запрат „Северен тек 2“ и беше категорична дека доколку не го пушти гасот, Европа самата себе се казнува.

Амбасадорката Митрофанова посочи дека прекин на снабдувањето со гас за Бугарија може да се случи само во случај на голема војна, во која ќе биде уништена сета гасна инфраструктура. Таа смета дека тоа тешко ќе се случи и нема смисла да се фантазира за тоа.

Во однос на Украина, Митрофанова додаде дека Русија е против членството на Украина во непријателскиот блок кон Русија. Затоа, концентрацијата на војници на границата со Украина е демонстрација на сила за да се смират оние кои би сакале да испровоцираат нешто во Украина. Амбасадорката истакна и дека за Русија кризата околу Украина може да се реши само со дипломатија.

Таа потенцира дека во моментов во Бугарија нема цели на Русија.

-Бугарија би станала цел доколку има воени бази и стратешко оружје насочено кон Русија, објасни Митрофанова.

The post Митрофанова: Идните испораки на руски гас ќе зависат од позицијата на Бугарија кон Русија appeared first on Република.

]]>

Руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, во интервју за ТВ Нова, коментирајќи ги претстојните разговори меѓу „Газпром“ и Бугарија за идните испораки и новиот договор меѓу двете земји, кажа дека не е исклучено конкретните услови да зависат од позицијата на Бугарија кон Русија, јави дописникот на МИА од Софија. Митрофанова кажа дека Русија секогаш, дури и во најтешките времиња, била доверлив надворешно- трговски доставувач. Според неа, некои се обидуваат да го блокираат и запрат „Северен тек 2“ и беше категорична дека доколку не го пушти гасот, Европа самата себе се казнува. Амбасадорката Митрофанова посочи дека прекин на снабдувањето со гас за Бугарија може да се случи само во случај на голема војна, во која ќе биде уништена сета гасна инфраструктура. Таа смета дека тоа тешко ќе се случи и нема смисла да се фантазира за тоа. Во однос на Украина, Митрофанова додаде дека Русија е против членството на Украина во непријателскиот блок кон Русија. Затоа, концентрацијата на војници на границата со Украина е демонстрација на сила за да се смират оние кои би сакале да испровоцираат нешто во Украина. Амбасадорката истакна и дека за Русија кризата околу Украина може да се реши само со дипломатија. Таа потенцира дека во моментов во Бугарија нема цели на Русија. -Бугарија би станала цел доколку има воени бази и стратешко оружје насочено кон Русија, објасни Митрофанова.

The post Митрофанова: Идните испораки на руски гас ќе зависат од позицијата на Бугарија кон Русија appeared first on Република.

]]>