снабдување со топлинска енергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/snabduvanje-so-toplinska-energija/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Aug 2022 19:04:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png снабдување со топлинска енергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/snabduvanje-so-toplinska-energija/ 32 32 Прогласена кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје и со струја во целата земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/proglasena-krizna-sostojba-vo-snabduvanjeto-so-toplinska-energija-vo-skopje-i-so-struja-na-celata-zemja/ Thu, 25 Aug 2022 19:02:26 +0000 https://republika.mk/?p=544126

Владата денеска ја одржа 74-тата седница, на која донесе одлуки за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Македонија.

-Првата Одлука се донесе заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Додека втората се донесе заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, соопшти владината прес-служба.

Двете одлуки се донесени на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ќе отпочне да се применуваат од 1 септември 2022 година.

Постоењето на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија и на топлинската енергија ќе трае 30 дена од денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки.

-Со денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки, Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија и за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија постојано ја следи, анализира и проценува состојба на пазарите на електрична и топлинска енергија и предлага мерки согласно уредбите кои ги регулираат критериумите и условите за прогласување на кризна состојба, стои во соопштението од Владата.

The post Прогласена кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје и со струја во целата земја appeared first on Република.

]]>

Владата денеска ја одржа 74-тата седница, на која донесе одлуки за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Македонија.
-Првата Одлука се донесе заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Додека втората се донесе заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, соопшти владината прес-служба.
Двете одлуки се донесени на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ќе отпочне да се применуваат од 1 септември 2022 година. Постоењето на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија и на топлинската енергија ќе трае 30 дена од денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки.
-Со денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки, Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија и за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија постојано ја следи, анализира и проценува состојба на пазарите на електрична и топлинска енергија и предлага мерки согласно уредбите кои ги регулираат критериумите и условите за прогласување на кризна состојба, стои во соопштението од Владата.

The post Прогласена кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје и со струја во целата земја appeared first on Република.

]]>
Следните денови ќе бидат објавени јавни повици за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/slednite-denovi-kje-bidat-objaveni-javni-povici-za-proizvodstvo-distribucija-i-snabduvanje-so-toplinska-energija/ Tue, 23 Aug 2022 21:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=543428

Владата најави дека во следните денови ќе ги објави јавните повици за избор на вршители за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.

На седница, Владата ја разгледа и усвои содржината на јавните повици и тендерската документација за спроведување на постапката за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија, на постапката за избор на вршител на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија, како и за спроведување на постапката за избор на вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија - информира владината прес-служба.

Јавните повици ќе бидат објавени на веб-страната на Владата.

The post Следните денови ќе бидат објавени јавни повици за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија appeared first on Република.