смс пораки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sms-poraki/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Feb 2023 10:32:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png смс пораки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sms-poraki/ 32 32 По УЈП, лажни пораки се праќаат и во име на МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-ujp-lazhni-poraki-se-prakaat-i-vo-ime-na-mvr/ Mon, 13 Feb 2023 10:12:34 +0000 https://republika.mk/?p=608328

Во однос на пристигнати пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на министерот за внатрешни работи, во соработка со полициската канцеларија на Европол, во која во вид на повик за појавување во суд од страна на Сектор за прекршоци, примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, ниту од било која институција за спроведување на законот.

Притоа, во испратените мејлови, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку Вибер линк. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани.
Исто така, предупредуваме да не ги отворате линковите и датотеките кои се испратени во прилог на е-мејл пораката која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.
Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот, соопштија од МВР.

Претходно, за измама со пораки предупредија и од Управата за јавни приходи:

https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-gi-otvorajte-porakite-od-ujp-lazhni-se/

The post По УЈП, лажни пораки се праќаат и во име на МВР appeared first on Република.

]]>

Во однос на пристигнати пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на министерот за внатрешни работи, во соработка со полициската канцеларија на Европол, во која во вид на повик за појавување во суд од страна на Сектор за прекршоци, примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, ниту од било која институција за спроведување на законот.
Притоа, во испратените мејлови, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку Вибер линк. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани. Исто така, предупредуваме да не ги отворате линковите и датотеките кои се испратени во прилог на е-мејл пораката која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер. Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот, соопштија од МВР.
Претходно, за измама со пораки предупредија и од Управата за јавни приходи: https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-gi-otvorajte-porakite-od-ujp-lazhni-se/

The post По УЈП, лажни пораки се праќаат и во име на МВР appeared first on Република.

]]>
Не отворајте ги пораките од УЈП, лажни се https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ne-gi-otvorajte-porakite-od-ujp-lazhni-se/ Mon, 13 Feb 2023 10:01:52 +0000 https://republika.mk/?p=608322

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека вчера и денеска непознат испраќач, користејќи го нејзиното лого, преку СМС-пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички.

Пораките се испраќани од телефонскиот број +389 79 212 628 со следната содржина: „Извршете ја задолжителната  пријава на УЈП  https://ujp.mk/verifikacija

Овој линк е лажен и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи, соопшти УЈП и апелира да не се отвораат таквите СМС-пораки и да не се отвора линкот.

Доколку некој го отворил линкот пратен во порака, УЈП повикува да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните, затоа што може да бидат злоупотребени.

Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација, се наведува во соопштението. 

The post Не отворајте ги пораките од УЈП, лажни се appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека вчера и денеска непознат испраќач, користејќи го нејзиното лого, преку СМС-пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички.

Пораките се испраќани од телефонскиот број +389 79 212 628 со следната содржина: „Извршете ја задолжителната  пријава на УЈП  https://ujp.mk/verifikacija

Овој линк е лажен и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи, соопшти УЈП и апелира да не се отвораат таквите СМС-пораки и да не се отвора линкот.

Доколку некој го отворил линкот пратен во порака, УЈП повикува да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните, затоа што може да бидат злоупотребени.

Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација, се наведува во соопштението. 

The post Не отворајте ги пораките од УЈП, лажни се appeared first on Република.

]]>
Вечерва кога ќе честитате Нова година, прескокнете ги бившите https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/vecherva-koga-ke-chestitate-nova-godina-preskoknete-gi-bivshite/ Sat, 31 Dec 2022 19:34:43 +0000 https://republika.mk/?p=591163

Не дека треба да има цела листа на причини зошто не треба да им честитате среќна Нова година на бившите, ама ние сепак ја направивме.

Сепак минатото е минато со причина, особено ако не контактирате веќе подолго време.

Оваа листа не треба да ја занемарат ни оние кои раскинале во текот на оваа година.

Зошто да си ставате трн во здрава нога?

Имате конкретна цел или само се чувствувате малку осамено околу празниците?

Нели е крајно време да почнете да гледате кон иднината наместо да го „верглате“ минатото одново и одново?

Нема да бидете „подобриот“ ако пратите порака за бидете фини, а другата страна ја протолкува како покана за нешто повеќе (а тоа не ви била намерата).

Пишувањето 84 различни верзии на пораката штотуку одзеде најмалку 84 минути од вашиот живот што никогаш нема да ги вратите.

На крајот на краиштата, не ли беше 2022 година доволно тешка?

И затоа што секогаш постои шанса да добиете одговор, а не знаете што понатаму.

The post Вечерва кога ќе честитате Нова година, прескокнете ги бившите appeared first on Република.

]]>

Не дека треба да има цела листа на причини зошто не треба да им честитате среќна Нова година на бившите, ама ние сепак ја направивме. Сепак минатото е минато со причина, особено ако не контактирате веќе подолго време. Оваа листа не треба да ја занемарат ни оние кои раскинале во текот на оваа година.
Зошто да си ставате трн во здрава нога? Имате конкретна цел или само се чувствувате малку осамено околу празниците? Нели е крајно време да почнете да гледате кон иднината наместо да го „верглате“ минатото одново и одново? Нема да бидете „подобриот“ ако пратите порака за бидете фини, а другата страна ја протолкува како покана за нешто повеќе (а тоа не ви била намерата). Пишувањето 84 различни верзии на пораката штотуку одзеде најмалку 84 минути од вашиот живот што никогаш нема да ги вратите. На крајот на краиштата, не ли беше 2022 година доволно тешка? И затоа што секогаш постои шанса да добиете одговор, а не знаете што понатаму.

The post Вечерва кога ќе честитате Нова година, прескокнете ги бившите appeared first on Република.

]]>
МЗ почна да испраќа смс-пораки до жени над 45 години за ехо и мамографија на дојки https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mz-pochna-da-isprakja-sms-poraki-do-zeni-nad-45-godini-za-eho-i-mamografija-na-dojki/ Fri, 11 Nov 2022 12:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=572733

Министерството за здравство соопшти дека започнало со испраќање на смс-пораки до жени на возраст над 45 години кои се евидентирани во системот Мој термин за ехо и мамографија на дојки. Во пораките кои се испратени се дадени насоки и како да откажат или да го преместат терминот, доколку за тоа имаат потреба.

Медиумите објавија дека во сите шест јавни здравствени установи во Скопје каде може да се направи мамографија нема термин во наредни три месеци.

https://republika.mk/vesti/makedonija/termin-za-mamografija-vo-skopje-nema-vo-narednite-tri-meseci/

Целна популација на скрининг програмата се жените на возраст од 45 до 69 години, кои не извршиле преглед во изминатите две години, или никогаш не направиле мамографски преглед.

Во скрининг програмата за дојка може да се пријават жени на возраст од 40 до 44 години, доколку имаат позитивна семејна анамнеза кај еден или повеќе членови во семејството, и тоа со: рак на дојка, овариуми, дебело црево или панкреас.

Кај матичните лекари е изработен посебен модул во кој тие може да ги видат информациите за своите пациентки (дали им е закажан преглед и кога), за што дополнително ќе бидат информирани сите матични лекари по пат на е-маил известување од Управата за електронско здравство, велат од МЗ.

Сите учесници во скринингот може да ги видат закажаните пациентки во своите центри.

Ова значи дека жените со потврден карцином на биопсија во рок од една недела од изготвениот радиолошки извештај и хистопатолошки наод според патеката ќе се упатуваат на торакална хирургија со упат од специјалист радиолог, за што Управата за електронско здравство креира амбуланта за жена од скрининг програмата.

За жените, пак, кои сакаат да направат мамографија и ехо или имаат потреба пред и по операција или онколошка терапија, Националната комисија при МЗ направи патека како жената да стигне на преглед, со цел жената да стигне соодветно на ехо и мамографија согласно здравствената состојба.

За жените во скрининг, кои имаат потреба од дополнителни прегледи е овозможено радиологот да издава упат за ехо преглед, биопсија, торакална хирургија и тоа е најбрзиот пат од суспектен карцином до операција.

Од МЗ велат дека од први ноември годинава продолжиле со националната скрининг програма за рано откривање рак на дојка, имајќи предвид дека за време на ковид пандемијата беше отежнат пристапот до оваа дијагностичка процедура.

Мамографско снимање, односно скрининг мамографија, во моментот се врши во следните ЈЗУ:
Универзитетски институт за радиологија, ГОБ „8-ми Септември“, Универзитетска клиника за хируршки болести Свети Наум Охридски, клиничките болници во Тетово, Штип, Битола, Општа болница со проширена дејност Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Општа болница Охрид, Велес, Здравствен дом Скопје - поликлиника Букурешт и поликлиника Чаир, како и во Здравствен дом Радовиш.

Согласно податоците од електронската евиденција на Управата Мојтермин, само за илустрација, во ГОБ „8 Септември“ во октомври се закажани вкупно 149 термини за дијагностика, од кои 94 се реализирани , а 55 жени закажаниот термин не го искористиле. Исто така, во Здравствен дом Скопје- Поликлиника Букурешт за месец октомври, од закажани 208 термини за мамографија, реализирани биле 173 термини, додека 35 жени закажаниот термин не го искористиле.

Преку скрининг програмата дополнително се овозможуваат термини за прегледи на навидум здрави жени и тоа во истите болници каде има и паралелно термини за дијагностика. При што, вкупно, во ноември им е овозможено на 2.499 жени да направат мамографски преглед со скрининг програмата. Од 1 до 10 ноември, 2022 година, вкупно се закажани 963 жени за мамографија, а од нив терминот го искористиле вкупно 390 жени, додека закажаниот термин не го искористиле вкупно 573 жени.

https://republika.mk/vesti/makedonija/od-januari-nema-da-razgovarame-dali-kje-ima-mamografija-vo-negotino-ili-pacientite-kje-se-snimaat-vo-skopje-reche-ministerot-za-zdravstvo/

The post МЗ почна да испраќа смс-пораки до жени над 45 години за ехо и мамографија на дојки appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство соопшти дека започнало со испраќање на смс-пораки до жени на возраст над 45 години кои се евидентирани во системот Мој термин за ехо и мамографија на дојки. Во пораките кои се испратени се дадени насоки и како да откажат или да го преместат терминот, доколку за тоа имаат потреба. Медиумите објавија дека во сите шест јавни здравствени установи во Скопје каде може да се направи мамографија нема термин во наредни три месеци. https://republika.mk/vesti/makedonija/termin-za-mamografija-vo-skopje-nema-vo-narednite-tri-meseci/ Целна популација на скрининг програмата се жените на возраст од 45 до 69 години, кои не извршиле преглед во изминатите две години, или никогаш не направиле мамографски преглед. Во скрининг програмата за дојка може да се пријават жени на возраст од 40 до 44 години, доколку имаат позитивна семејна анамнеза кај еден или повеќе членови во семејството, и тоа со: рак на дојка, овариуми, дебело црево или панкреас.
Кај матичните лекари е изработен посебен модул во кој тие може да ги видат информациите за своите пациентки (дали им е закажан преглед и кога), за што дополнително ќе бидат информирани сите матични лекари по пат на е-маил известување од Управата за електронско здравство, велат од МЗ.
Сите учесници во скринингот може да ги видат закажаните пациентки во своите центри. Ова значи дека жените со потврден карцином на биопсија во рок од една недела од изготвениот радиолошки извештај и хистопатолошки наод според патеката ќе се упатуваат на торакална хирургија со упат од специјалист радиолог, за што Управата за електронско здравство креира амбуланта за жена од скрининг програмата. За жените, пак, кои сакаат да направат мамографија и ехо или имаат потреба пред и по операција или онколошка терапија, Националната комисија при МЗ направи патека како жената да стигне на преглед, со цел жената да стигне соодветно на ехо и мамографија согласно здравствената состојба. За жените во скрининг, кои имаат потреба од дополнителни прегледи е овозможено радиологот да издава упат за ехо преглед, биопсија, торакална хирургија и тоа е најбрзиот пат од суспектен карцином до операција. Од МЗ велат дека од први ноември годинава продолжиле со националната скрининг програма за рано откривање рак на дојка, имајќи предвид дека за време на ковид пандемијата беше отежнат пристапот до оваа дијагностичка процедура. Мамографско снимање, односно скрининг мамографија, во моментот се врши во следните ЈЗУ: Универзитетски институт за радиологија, ГОБ „8-ми Септември“, Универзитетска клиника за хируршки болести Свети Наум Охридски, клиничките болници во Тетово, Штип, Битола, Општа болница со проширена дејност Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Општа болница Охрид, Велес, Здравствен дом Скопје - поликлиника Букурешт и поликлиника Чаир, како и во Здравствен дом Радовиш. Согласно податоците од електронската евиденција на Управата Мојтермин, само за илустрација, во ГОБ „8 Септември“ во октомври се закажани вкупно 149 термини за дијагностика, од кои 94 се реализирани , а 55 жени закажаниот термин не го искористиле. Исто така, во Здравствен дом Скопје- Поликлиника Букурешт за месец октомври, од закажани 208 термини за мамографија, реализирани биле 173 термини, додека 35 жени закажаниот термин не го искористиле. Преку скрининг програмата дополнително се овозможуваат термини за прегледи на навидум здрави жени и тоа во истите болници каде има и паралелно термини за дијагностика. При што, вкупно, во ноември им е овозможено на 2.499 жени да направат мамографски преглед со скрининг програмата. Од 1 до 10 ноември, 2022 година, вкупно се закажани 963 жени за мамографија, а од нив терминот го искористиле вкупно 390 жени, додека закажаниот термин не го искористиле вкупно 573 жени. https://republika.mk/vesti/makedonija/od-januari-nema-da-razgovarame-dali-kje-ima-mamografija-vo-negotino-ili-pacientite-kje-se-snimaat-vo-skopje-reche-ministerot-za-zdravstvo/

The post МЗ почна да испраќа смс-пораки до жени над 45 години за ехо и мамографија на дојки appeared first on Република.

]]>